Глава 4 Духовните влијанија и умот
Религијата и здравјето. Личната вера е од најголема важност. Јован му напишал на Гај: „Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во се и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа“ (3. Јованово 2). Телесното здравје многу зависи од здравјето на душата; затоа што и да јадете или пиете, или што друго и да правите, правете го на Божја слава. Личната вера се открива преку однесувањето, зборовите и делата. Таа поттикнува раст до крајно совршенство и полага право на Божјата пофалба: „Вие сте целосни во Него” (Колосјаните 2:10).
Чистата вера донесува спокојство, сталоженост и сила. Чистата и неизвалкана вера не е чувство, туку правење на дела на милост и љубов. Ваквата вера е неопходна за добро здравје и среќа. Таа влегува во осквернетиотхрам на душата и како со стап т изгонува грешните натрапници. Заземајќи го престолот, таа посветува се со своето присуство, осветлувајќи го срцето со блескавите зраци на Сонцето на праведноста. Таа ги отвора прозорците на душата кон небото, пуштајќи ја внатре сончевата светлина на Божјата љубов. Со неа заедно доаѓаат спокојството и сталоженоста. Физичката, менталната и моралната сила се зголемува, затоа што небесната атмосфера како жива и делотворна сила ја исполнува душата. Христос се вселува внатре, надежта на славата.
Бог е извор на животот и радоста. Бог е извор на животот, светлината и радоста на целата вселена. Како светлосните зраци од сонцето, како водената струја што избива од живиот извор, од Него се излеваат благослови кон сите Негови созданија. И секаде каде што има живот од Бога во срцата на луѓето, таа ќе се излева врз другите во вид на љубов и благослов.
Се прима живот од Бога. Сите создадени суштества живеат преку Божјата волја и сила. Тие примаатживот преку Божјиот Син. Колку и да се способни и талентирани, колку големи да се нивните способности, тие секогаш одново се исполнуваат со живот од Изворот на целокупниотживот. Тој е изворот на животот. Единствено само Оној кој има бесмртност, кој пребива во светлина и живот, можел да каже: „Имам власт да го дадам Својот живот, и пак да си го земам.“
Сатаната го користи влијанието на умот врз ум. Откако сатаната бил исфрлен од небото, тој своето царство го воспоставил на овој свет и оттогаш неуморно настојува да ги одвлече човечките суштества од верноста кон Бога. Тој ја користи истата сила што ја користел на небото – влијанието на умот врз ум. Луѓето стануваат искушители на своите браќа. Се негуваат силни, расипани сатански чувства кои вршат принудно и незапирливо влијание. Под влијание на таквите чувства, луѓето меѓусебно се поврзуваат во друштва (сојузи), во трговски унии и во тајни здруженија. Во светот владеат сили, кои Бог нема уште многу долго да ги толерира.
Целта на сатанските проучувања е користење на силите за себични намери. Сатаната располага со мрежи и стапици, како оние ловечките, се подготвени да фатат некоја душа. Негова проучена цел е луѓето своите од Бога дадени таленти да ги користат за себични цели, наместо да ги потчинат за слава на Бога. Бог би сакал луѓето да бидат вклучено во дело што ќе им донесе мир и радост и ќе им пружи вечна придобивка; но сатаната сака своите напори да ги насочиме на она што не ни е од корист, на она што е поминливо.
Престапот не донел нов распоред на силите и страстите. Не треба да мислиме дека од Адамовиот престап Бог им дал на човечките суштества нов поредок на сили и страсти, затоа што тогаш би изгледало дека Бог е замешан во всадувањето на грешни скпоности кај човечкиот род. Христос го започнал Своето дело на обратување веднаш штом бил направен првиот престап, за да можеме преку послушноста на Божјиот закон и верата во Христа повторно да го задобиеме Божјиот лик.
Секој мора да избере едно од двете знамиња. Тука се наоѓа главната точка. Тука се судруваат двете големи сили една со друга, Божјиот Кнез, Исус Христос, и кнезот на темнината, сатаната. Се случува отворен судир. Во светот постојат само две групи и секое човечко суштество ќе биде поставено под едно од двете знамиња, под знамето на кнезот на темнината или под знамето на Исуса Христа.
Гревот го опфаќа целото битие. Гревот го опфаќа целото битие, а на ист начин делува и благодатта.
Застранетото срце е она што ги деградира способностите на душата. Сите што ја изучуваат науката за спасение мораат да бидат покорни ученици во Христовото училиште, за да може храмот на душата да биде место каде што ќе пребива Севишниот. Ако сакаме да учиме од Христа, душата мора да се испразни од сите свои суетни нешта, за да може Христос да го втисне Својот лик во неа.
Крстот му го дава вистинското ниво на човечкиот ум. Што му го дава вистинското ниво на човечкиотум? Тоа е Голготскиот крст Гледајќи на Исуса, Зачетникот и Завршителот на нашата вера, сите желби за самопрослава и самовозвишување се положуваат во правта. Тогаш, додека гледаме горе, се исполнуваме со дух на самопонизност, кој ги воздигнува скромноста и понизноста на умот. Додека го набљудуваме крстот, оспо-
собени сме да ја видиме прекрасната провизија која му е обезбедена на секој верник. Бог во Христа, … доколку правилно се согледа, ќе го израмни човечкото воздигање и гордост. Тогаш нема да има самовозвишување, туку вистинска скромност.
Човекот е потполн во Христа. Христос ги донесува Своите ученици во жива заедница со Себе и со Таткото. Преку делувањето на Светиот Дух врз човечкиот ум, човекот се исполнува во Исуса Христа. Заедницата со Христа овозможува синџир на единство на еден со друг. Оваа заедница е најубедливиот доказ на светот за Христовата големина и сила и за Неговата моќ да го отстрани гревот.
Само Бог може да го воздигне човекот до морално достоинство.
Вредноста на човекот онака како што ја цени Бог е преку заедницата со Христа, затоа што Бог е единствениот што може да го воздигне човекот на ниво на морално достоинство преку Христовата праведност. Световната чест и световната големина имаат само онаква вредност каква што им доделил Творецот. Нивната мудрост е лудост, нивната сила слабост.
Себичноста и нејзините плодови. Себичноста е темел на изопаченоста и затоа што човечките суштества и се предале на нејзината сила, денес во светот можат да се видат нејзините резултати, кои се во потполна спротивност со верноста во Бога. Народи, семејства и поединци се исполнети со желба за сосредоточување кон себе. Човекот копнее да владее над своите собраќа. Одвојувајќи се во својот егоизам од Бога и од своите собраќа, тој ги следи своите нескротливи склоности. Тој делува така, како доброто на другите да зависи од нивната потчинетост на неговата превласт.
Победата е можна. Преку негување на праведните начела, човекот може да се здобие со победа над злите склоности, Доколку е послушен на Божјиот закон, чувствата повеќе не се изопачуваат и искривуваат, способностите повеќе не се расипуваат и трошат напразно, искористувајќи ги на предмети кои водат далеку од Бога. Во и преку благодатта дадена од Небото, зборовите, мислите и силите можат да се исчистат; може да се оформи нов карактер, а понижувањето што доаѓа со гревот може да се надвладее.
Колебливиот ум почеток на искушението. Почетокот на предавањето на искушението лежи во гревот на дозволување на умот да се колеба, да не биде доследен со твојата вера во Бога. Сатаната секогаш исчекува можностда го претстави Бога во погрешно светло и да го привлече човечкиот ум кон забранетите нешта.
Ако може, тој ќе го сосредоточи умот на световни работи. Тој ќе настојува да поттикне чувства, да предизвика страсти, да разбуди љубов кон она што не е за ваше добро; но вие сте тие кои треба секоја емоција и копнеж да ги ставите под контрола, во мирна потчинетост на разумот и совеста. Тогаш сатаната ја губи моќта да го контролира умот.
Задачата на којашто не повикува Христос, е задача на прогресивна победа над духовното зло во нашиот карактер. Природните скпоности треба да бидат надвладеани… Мораат да се победат апетитот и страстите, а волјата мора потполно да се стави на Христова страна.
Никој не треба да очајува заради наследените склоности. Сатаната е секогаш подготвен да измами и заведе. Тој ги користи сите сили да ги измами луѓето на широкиот пат на непослушноста. Тој работи на тоа да им ги помати мислите со погрешни чувства и да ги отстранува ориентирите, поставувајќи лажни натписи на патоказите што Бог ги поставил за да го означат вистинскиот пат. Затоа тие зли сили се борат за да го одбијат секој зрак на светлина од душите, за кои небесните суштества се поставени да им служат, да ги водат, чуваат и контролираат оние, кои ќе бидат наследници на спасението. Никој не треба да очајува заради наследените зли скпоности, но кога Божјиот Дух ќе осведочи за грев, грешникот мора да се покори, да признае и да го остави злото. Верните стражари бдеат со цел да ги насочат душите кон вистинските патеки.
Учесници во гревот преку дружење. Душата, која е доведена во заблуда од погрешните влијанија и станала учесник во гревот преку дружење со други, делувајќи спротивно на мислите и на Божјиот карактер, не треба да очајува. „Зашто таков Првосвештеникни требаше и нам: свет, невин непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата11 (Евреите 7:26). Христос не е само свештеники посредникза нашите гревови, туку и жртва. Тој се принесе Себеси еднаш, за сите.
Работата на сатаната е да обесхрабри, а на Христа да ја разбуди надежга. Немојте ниту за момент да ги прифатите сатанските искушенија, како да се во скпад со вашиот сопствен ум. Свртете се од нив, како што тоа би го направиле и спрема самиот непријател. Работата на сатаната е да ја обесхрабри душата. Христово дело пак е да го исполни срцето со вера и надеж. Сатаната настојува да ја збуни нашата вера. Тој ни зборува дека нашите надежи се изградени на лажни претпоставки, а не на сигурното и непроменливо слово на Оној, кој не може да лаже.
Лек за сите видови искушенија. Постои лек за сите видови искушенија. Ние не сме препуштени самите на себе во борбата против своето его и грешната природа на својата ограничена сила. Исус е силен помошник, поддршка којашто никогаш не изостанува… Никој не мора да падне или да се обесхрабри кога е обезбедена толку обилна поддршка за нас.
Христовата крв единствениот лек. Законот на Јехова е многу опсежен. Исус … отворено им објавил на учениците дека овој свет Божји закон може да се прекрши и во мислите, чувствата и желбите, исто како и на зборови и на дело. Срцето коешто над се го сака Бога, нема да тежнее на било каков начин да ги ограничува Неговите правила и до најмалото можно барање, туку послушната, лојална душа радосно ќе пружа потполно духовно покорување кога законот ќе го согледа во целата негова духовна сила. Тогаш заповедите ќе се одомаќинат во душата во својата вистинска сила. Гревот ќе изгледа премногу грешен… Нема повеќе да има самоправедност, самоуважување и самопрославување, Самосигурноста ќе исчезне. Исходот на сето тоа ќе биде длабокото осведочување за гревот и одвратноста кон самите себе, и душата во безнадежното чувство на опасност ќе се фати за крвта на Божјото Јагне како за свој единствен лек.
Пречекување на предизвикот на искушувачот. Сатаната ќе ви дојде велејќи ви: Ти си грешник. Но немојте да му дозволувате да го исполни вашиот ум со мисли дека поради тоа што сте грешник Бог ве отфрла. Кажете му: Да, грешник сум, и затоа ми е потребен Спасител. Потребно ми е простување на гревовите, а Христос вели дека ако му пристапам, нема да загинам. Во Своето писмо што ми го напиша читам вака: „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да не очисти од секоја неправда” (1. Јованово 1:9), Ќе им верувам зборот кој Тој ми го оставил. Ќе бидам послушен на Неговите заповеди. Кога сатаната ви вели дека сте изгубени одговорете му: Да, но Исус дошол да го побара и да го спаси она што е изгубено. Колку што е поголем мојот грев, поголема е и мојата потреба за Спасител,
Свртување на вниманието од збрките кон Божјите депа. Бог ги повикува Своите созданија да го свртат вниманието од збрките и неприликите околу себе и да им се воодушевуваат на Неговите дела. Небесните тела се вредни за набљудување. Бог ги создал за корист на човекот и додека ги проучуваме Неговите дела, Божјите ангели ќе бидат покрај нас, за да ни ги расветлат умовите и да не чуваат од сатанските измами.
Што прави вистинската религија. Вистинската религија го облагородува умот, го префинува вкусот, го посветува судот и од нејзиниот сопственик прави соучесник во чистотата и светоста на Небото. Таа ги приближува ангелите и се повеќе и повеќе не одвојува од духот и влијанието на овој свет. Таа навлегува во сите животни дела и односи и ни дава ,дух на здрав разум“, а резултатот на тоа е среќа и мир.
Зголемување на интелектуалните способности. Како и во случајот со Даниел, во истиот оној сразмер во кој се развива духовниот карактер, растат и интелекгуалните способности.
Подобрување на физичкото здравје. Кога умот ќе стане интелигентен и кога волјата ќе се стави на Христова страна, ќе дојде до чудесно подобрување на физичкото здравје.
Творењето добри дела, најдобар лек. Свеста за исправното постапување е најдобар лек за болното тело и ум. Посебниот Божји благослов што почива врз примателот е здравје и сила. Човекот чиј ум е мирен и задоволен во Бога е на патот кон здравје. Свеста дека Божјото око е над нас и дека Неговото уво е отворено за нашите молитви, е вистинско задоволство. Сознанието дека имаме пријател кој никогаш не разочарува, кому можеме да му ги довериме сите тајни на душата е среќа што никогаш не може да се искаже со зборови.
Исусовата љубов ја опкружува душата со пријатна атмосфера. – Душите на оние, кои го сакаат Исуса ќе бидат опкружени со чиста и пријатна атмосфера. Има такви, кои ја кријат својата духовна глад. Ним многу ќе им значи нежниот збор или љубезниот поздрав. Небесните дарови, кои Бог слободно и изобилно ги нуди, треба да им ги подаруваме на сите оние, кои влегуваат во сферата на нашето влијание. Така ја откривамељубовта којашто потекнува одозгора и којашто ќе расте се додека слободно се користи на благослов на другите. На таков начин го прославуваме Бога.
Резултати од еден момент на непромисленост. Една тргната брана од совеста, попуштање на една зла навика, едно единствено занемарување на високите барања на должноста, може да биде почеток на од по патот на измамата, кој ќе ве одведе до нивото на оние, кои му служат на сатаната, додека за тоа време исповедате љубов кон Бога и Неговото дело. Момент на непромисленост, еден пофешен чекор, можат да го свртат целиот тек на вашиот живот во пофешен правец.
Бог не прави чудо за да ја попречи жетвата. Господ ни праќа предупредувања, совети и укори за да имаме можност да ги исправиме своите фешки пред тие да станат дел од нашата природа. Но доколку одбиваме да се поправиме, Бог не се меша за да ги неутрализира тенденциите на нашето делување. Тој не прави чудо посеаното семе да не порасне и да донесе плодови.
Човекот кој јасно покажува дрско неверство или рамнодушна индиферентност кон божествената вистина, ќе пожнее плодови што самиот си ги посеап. Такво било искуството на многумина. Тие со рамнодушна индиферентност ги слушаат вистините, кои некогаш влијаеле врз нивните души. Тие посеале немарност, рамнодушност и отпор кон вистината; а такви се и плодовите што ги жнеат. Студенилото на мразот, цврстината на железото, непробојната, неприемчива природа на каменот-сетотоанаоѓасвој препис во карактерот на мнозина кои исповедаат христијанска вера.
Токму на таков начин Господ му го стврднал срцето на фараонот. Бог му зборувап на етпетскиот цар спужејќи се преку Мојсеја, давајќи му најсилни докази за божествената моќ; меѓутоа монархот тврдоглаво ја одбивал понудената светлина којашто имала за цел да го доведе до покајание. Бог не испратил натприродна сила за да му го стврдне срцето на бунтовниот цар, но кога фараонотја одбил вистината, Светиот Дух го напуштил, а тој останал вотемнина и неверие, кое сам го избрал. Соупорното отфрлање на влијанието на Светиот Дух, луѓето се отцепуваат од Бога. Тој во резерва нема некоја помоќна сила за да ги расветли нивните умови. Ниедно откривање на Неговата волја не може да гм досете во нивното неверие.
Да го оформиме нашето опкружување наместо тоа да не оформи нас. Постојат зла, кои човекот може да ги намали, но никогаш не може да ги отстрани. Тој треба да ги надминува препреките и да го оформува опкружувањето, наместо тоа да го оформи него. Тој има доволно простор да ги развива своите таленти донесувајќи ред и хармонија од збрката. Во оваа работа тој може да добие божествена помош доколку побара. Тој во борбата со искушенијата и неволјите не им е препуштен на своите сопствени сили. Може да се надева на помош од Оној којшто е силен. Исус ги оставил царските небесни дворови и страдал и умрел во светот понижен од грев, со цел да го научи човекот како да помине низ животните проби и да ги надвладее своите искушенија. Ова е пример за нас.
Бог сака да го обнови умот. Ѓубрето на сомнителните принципи и навики треба да се исчисти. Господ сака да ни го обнови умот и да ни го исполни срцето со богатствата на вистината.
Треба промислено да се постапува со различните умови. Сите ние треба да го проучуваме карактерот и манирите за да знаеме како промислено да постапуваме со различните умови, за да можеме своите најдобри настојувања да ги насочиме на тоа да им помогнеме подобро да ја разберат Божјата Реч и значењето на вистинскиот христијански живот. Треба со нив да ја читаме Библијата и да им ги пренасочуваме умовите од световните работи, кон оние што се од вечен интерес. Должност на Божјите деца е да бидеме Негови мисионери и да се изедначуваме со оние на кои им е потребна помош. Ако некој потпаѓа под искушенија, неговиот случај треба внимателно да се разгледа и мудро да се води; затоа што во прашање е неговиот вечен интерес, а зборовите и постапките во работата со таквиот, можатда бидатживотен мирисзаживот, или смртен мирис за смрт.
Непоколебливото начело е обележје на Исусовите ученици. Непоколебливо начело ќе го одбележува патот на оние кои седат покрај Исусовите нозе и учат од Него.