Глава 53 Судир позитивно и негативно

Сподели го ова:

Заедништвото со Бога резултира во единство. Бог е олицетворение на добродетелност, милост и љубов. Оние кои се вистински поврзани со Него не можат меѓусебно да се несогласуваат. Неговиот Дух кој владее во срцето ќе создаде хармонија, љубов и единство. Спротивноста на ова е забележителна меѓу децата на сатаната. Негова работа е да побуди завист, раздор и љубомора. Во име на својот Господар ги прашувам оние кои се изјаснуваат како Христови следбеници: Каков род носите?

Сеење и жнеење неслога. Оној кој го сее семето на неслогата и раздорот ќе ожнее во сопствената душа плодови на смртта. Самиот чин на барање на злото во другите го развива злото во оние кои го бараат.

Сатаната ужива во препирките. Сатаната постојано настојува да предизвика недоверба, отуѓеност и злоба помеѓу Божјиот народ. Многупати ќе бидеме искушувани дека нашите права се нарушени кога всушност не постои вистинска причина за такви чувства… Препирките, раздорот и судењата помеѓу браќата се срамни за делото на вистината. Оние кои постапувааттака, ја изложуваат црквата на потсмев на нејзините непријатели и предизвикувааттриумф на силите на темнината. Тие наново ги прободуваат Христовите рани и го изложуваат на отворен срам.

Судирот води во воинственост. Посебна, измамлива работа на сатаната е да предизвикува несогласувања, кои би довеле до бескорисни борби на зборови. Тој добро знае дека ова ќе го окупира умот и времето. Тоа предизвикува воинственост и го гаси духот на осведочување на умовите на многумина, одвлекувајќи ги во различни мисли, обвинувања и предрасуди кои ја затвораат вратата на вистината.

Несогласувањето помеѓу браќата го одложува второто доаѓање.

Четириесетте години на неверие, негодувања и побуни го спречиле влегувањето на древниот Израел во Хананската земја… Неверието, световноста, непосветеноста и раздорите помеѓу Господовиот народ е тоа што не задржува во овој свет на грев и тага толку многу години.

Не е време за несогласувања и препирки. Мажи и жени кои изјавуваат дека служат на Господа се задоволуваат да посветуваат време и внимание на прашања од мала важност. Тие се задоволни што меѓусебно се разликуваат. Кога би биле посветени на Господовото дело, не би се судрувале и карале како семејство на распуштени деца. Секоја рака би била запослена во служба. Секој би стоел на своето место на должноста,

работејќи со срце и душа како мисионер на Христовиот крст… Работниците би ги носеле со себе, во својата служба молитвите и сочувството на разбудената црква. Тие би ги примиле своите упатства од Христа и не би наоѓале време за несогласувања и препирки.

Нека не се подигнува судир заради безначајни работи. Духот на љубовта и благодатта на нашиот Господ ИсусХристос ќе гм врзе срцата меѓусебно ако секој ги отвори прозорците на своето срце кон небото а ги затвори кон земјата.

Судирот треба да се смири. Силата на Божјата благодат ќе направи повеќе за душата отколку судирот за цел живот. Со силата на вистината колку многу работи можат да се поправат и судирите кои траат со години можат да најдат мир со допуштањето на подобри начини. Големото возвишено начело: „Мир на земјата и меѓу луѓето добра волја”, многу повеќе би се искажувало кога оние кои веруваат во Христа би работеле заедно со Бога. Тогаш сите тие работи за кои некои секогаш зборуваат, а кои не се авторитативно поставени во Божјата Реч, нема да се величат во важните прашања.

Судирот поттикнува самодоверба. Во своето постапување со Тома, Исус им дал поука на Своите следбеници. Неговиот пример покажува како треба да се однесуваме кон оние чија вера е слаба и кои ги истакнуваат своите сомнежи. Исус не го засипал Тома со укор, ниту се впуштил во судир со него. Тој се открил Себеси на сомневачот. Тома бил многу неразумен диктирајќи ги условите на својата вера. Но Исус со својата великодушна љубов и обѕир, ги срушил сите препреки. Неверието ретко се победува со судир. Тогаш тоа преминува во самоодбрана и наоѓа нова поткрепа и оправдување. Но нека Исус, во Својата љубов и милост, се открие како распнат Спасител, и од многу усни што се противеле ќе се чуе признавањето на Тома: „Господ мој и Бог мој“.

Не зборувај зборови на судир на болните. Крај болничкиот кревет не треба да се зборуваат ни зборови за основните доктрини на црквата ниту на судир. Упатете го страдалникот на Оној кој сака да ги спаси сите кои му доаѓаат со вера. Сериозно и нежно трудете се да и помогнете на душата која лебди помеѓу животот и смртта.

Судирот е бескорисен. Ние не сме повикани да влегуваме во судир со оние кои се држат за лажни теории. Судирот е бескорисен. Христос никогаш не се впуштал во судир со нив. „Пишано е“ било оружјето кое го користеше Откупителот на светот. Цврсто да се држиме до Речта. Да му дозволиме на Господ Исус и Неговите гласници да сведочат. Ние знаеме дека нивното сведоштво е вистинито.

Судирот ретко омекнува. Многу аргументивни проповеди кои се проповедани ретко можат да ја омекнат и потчинат душата.

Позитивниот пристап е помоќен. Немојте да негувате дух на судир. Малку добра се постигнуваат со разобличувачки говори. Најсигурен начин да се уништи лажната доктрина е да се проповеда вистината. Држете се до она што е позитивно. Драгоцената вистина на евангелието нека ја убие силата на злото. Покажете нежен, сочувствителен дух кон оние кои грешат. Приближете се со срцата.

Судир кој ги буди умовите. Во сите векови Божјите избрани гласници биле омаловажувани и прогонувани, па сепакниз нивните непогоди се ширело знаењето за Бога. Секој Христов ученик мора да влезе во редовите и да извршува исто дело, знаејќи дека неговите непријатели не можат да направат ништо против вистината, туку за вистината. Бог замислил вистината да се истакне и да стане предмет на испитување и дискусија, дури и низ презирот кој ја следи. Умовите на луѓето мора да се агитираат; секој судир, секој укор, секој напор да се ограничи слободата на совеста, е Божје средство за будење на умовите кои во спротивно би останале заспани.

Влијанието на родителските несогласувања кај децата. Во голема мера родителите создаваат атмосфера во кругот на семејството, и кога постои несогласување помеѓу таткото и мајката, децата учествуваат во истиот дух. Направете ја атмосферата во својот дом пријатна и со нежна промисленост. Ако сте се отуѓиле и не сте успеале да бидете библиски христијани, обратете се; бидејќи карактерот кој го носите во времето на пробата (милоста) ќе биде карактер кој ќе го имате при Христовото доаѓање.

Кавгата донесува неволја. Како семејство вие можете да бидете среќни или мизерни. Тоа зависи од вас самите. Вашиот сопствен начин на постапување ќеја одреди иднината. На двајцата ви е потребнода ги омекнете острите црти на карактерот и да зборувате такви зборови да не се засрамите од нив во денот на Божјиот суд… Вие можете да се препирате околу мали работи кои не се вредни за кавга, и последицата ќе биде неволја. Патот за праведникот е патека на мирот. Таа е така чиста што понизниот, богобојазлив човек може да оди по неа без сопнување и без правење кривини. Тоа е тесна патека, но луѓе со различни карактери можат да одат еден до друг само ако го следат Началникот на своето спасение.

Кудењето и раздразнувањата создаваат побуни. Грубите, гневни зборови не се од небесно потекло. Кудењето и раздразнувањата никогаш не помагаат. Наместо тоа, тие ги разбудуваат најлошите чувства на човечките срца. Кога вашите децата погрешно постапуваат и кога се исполнети со бунтовништво, а вие сте искушувани да зборувате и да постапувате фубо, почекајте пред да ги корегирате. Дајте им прилика да размислат, и дозволете да ви се олади карактерот.

Кога со своите деца постапувате љубезно и нежно, и тие и вие ќе примите Господов благослов. И мислите ли дека во денот на Господовиот суд некој ќе се кае што бил трпелив и љубезен со своите деца?

Близината кон Христа донесува единство. Причина за поделба и неслога во семејството и во црквата е одвојувањето од Христа. Доаѓајќи близу до Христа значи да се приближите меѓусебно. Тајната на вистинското заедништво во црквата и семејството не е дипломатија, не е управа, не е натчовечки напор да се победат потешкотиите иако многу од ова мора да се направи туку во заедница со Христа.

Нацртајте голем круг, од чии краеви многу линии водат кон центарот. Колку овие линии одат поблизу до центарот, поблиску се една до друга.

Така е и во христијанскиот живот. Колку поблиску доаѓаме до Христа, ќе бидеме поблиску едни до други. Бог се прославува кога Неговиот народ се соединува во хармонична акција.

Неопходна хармонија помеѓу родителите. Треба да постои совршена доверба помеѓу мажот и жената. Тие заедно треба да ги разгледуваат своите одговорности. Заедно треба да работат за најголемото добро на своите деца. Никогаш не треба во присуство на децата да се критикуваат плановите еден на друг или да се доведе во прашање судот на другиот. Жената нека внимава да не ја отежнува работата на мажот со децата. Мажот нека ја потпира раката на својата жена, давајќи и мудар совет и љубезно охрабрување.

Без разлики. Ако татковците и мајките не се согласуваат, ако едниот работи против другиот да го неутрализира неговото влијание, семејството ќе биде во деморализирачка состојба, и нитутаткото ниту мајката ќе добијат почит и доверба кои се неопходни за правилно управување со семејството… Децата брзо забележуваат се што фрла сенка на правилата и одредбите на домаќинството, посебно на оние одредби кои го ограничуваат нивното дејствување.

Позитивно водење на домот. Немате право да навлекувате мрачни облаци над среќата на вашите деца со приговори или строги укори за безначајни грешки. Реалната грешка треба да се прикаже толку грешна колку што е, и потребно е да се заземе цврст, одлучен курс за да се спречи нејзиното повторување, но сепакдецата не треба да се оставаат во безнадежна состојба на умот, туку со одредена доза на охрабрување да можат да ја унапредат и здобијат вашата доверба и одобрување. Децата можеби сакаат да постапуваат правилно, можеби во своите срца имаат намера да бидат послушни; но им е потребна помош и охрабрување.

Мир во црквата. Нека биде мир во домот, и ќе постои мир во црквата. Ова драгоцено искуство воведено во црквата ќе биде средство за создавање меѓусебни љубезни накпоности. Кавгите ќе престанат. Вистинската христијанска учтивост ќе се забележи меѓу членовите на црквата. Светот ќе знае дека тие биле со Исуса и дека се поучиле од Него. Каков само впечаток би оставила црквата на светот кога нејзините членови би живееле христијански живот!

Смртта ги брише чувствата на неусогласеност. Кога смрта ќе ги затвори очите, кога рацете ќе се положат на неподвижните гради, како чувствата на неусогласеност брзо се менуваат! Нема непријателства, нема горчина; омаловажувањето и грешките се простуваат, забораваат. Колку зборови од љубов се изговараат за покојникот! Колку добри работи во неговиотживот доаѓаат на ум! Пофалбите сега слободно се искажуваат, но тие паѓаат на уши кои не слушаат, срце кое не чувствува… Колку од нив додека стојат тивко и со стравопочит кај покојникот, се отповикуваат на срамот и жалосните зборови и дела кои внеле тага во срцето кое сега почива!

Да внесеме сега се што е убаво, драго, и љубезно во нашиотживот. Да бидеме промислени, благодарни, трпеливи и подносливи во своето однесување со другите. Нека мислите и чувствата кои наоѓаат израз покрај оние кои умираат и се мртви се внесат во секојдневното дружење со нашите браќа и сестри во животот.

На небото нема раздор (неслога). Нека никој не чувствува, дури и ако е теоретски убеден во сегашната вистина, дека не прави грешки. Но ако грешките се направат, треба да постои подготвеност да се исправат. И да избегнуваме се што личи на создавање на разидување и раздор; бидејќи пред нас е небото, и помеѓу жителите на небото нема да има раздор.

Потребно е повеќе љубов, а помалку критикување. Разлики во мислењата секогаш ќе постојат, бидејќи секој ум не е создаден да се потопува во ист канал. Наследните и стекнати тенденции треба да се пазат, за да не создадат судири за мапи работи. Христовите работници мора да се зближат заедно во нежно сочувство и љубов. Никој нека не мисли дека е доблест да се прикажуваат сопствените претпоставки и да се претпоставува дека е единствен на кој Бог му дал проникливост и интуиција. Христијанското милосрдие покрива многу работи кои некој би можел да ги смета за мани кај друг. Постои потреба за повеќе љубов, а помалку каприциозност. Кога Светиот Дух работи во срцата на проповедниците и на помошниците, тие ке ја откријат Христовата нежност и љубов.

Не напаѓајте ги поединците. Некои од нашите браќа изговараа и напишаа многу работи кои се протолкувани како изразување на антагонизам против власта и законот. Погрешно е така да се изложуваме на погрешно разбирање. Не е мудро постојано да се наоѓаат приговори на она што го прават луѓето од власта. Не е наша задача да ги напаѓаме поединците или институциите. Мораме да обрнеме многу внимание да не бидеме погрешно сфатени како опозиција на граѓанските власти. Вистина е дека нашата борба е агресивна но нашето оружје мора да биде тоа кое се наоѓа во јасното „Така вели Господ.“ Наша задача е да се подготви народот да опстане до големиот Божји ден. Ние не треба да се престојуваме во линиите кои ќе поттикнат судир или ќе побудат противење во оние кои не се од нашата вера.

Дочекување на неверието и различните учења. Покажано ми е дека зли ангели во облик на верници ќе работат во нашите редови да внесат силен дух на неверие. Нека ова не ве обесхрабрува, туку нека го доведе искреното срце пред Господа за помош против силите на сатанските орудија. Овие сили на злото ќе се собираат на нашите состаноци, не да примат благослов, туку да го осуетат влијанието на Божјиот Дух. Не ги прифаќајте примедбите што тие можат да т направат, туку повторувајте ги богатите Божји ветувања, кои се да и амин во Исус Христос. Ние никогаш не смееме да гм фаќаме зборовите кои човечките усни можат да ги зборуваат во потврдување на злите ангели во нивната работа, туку треба да ги повторуваме Христовите зборови.

Сподели го ова:

Слични објави