Глава 15 Емоционални фактори

Сподели го ова:

Послушноста кон Бога ослободува од човечките страсти и импулси. Послушноста кон Бога значи ослободување од ропството на гревот, ослободување од страстите и импулси. Човекот може да стане победник над себеси, ослободен од сопствените навики и страсти и од „управителите на темнината од овој век“ и од „поднебесните духови на злобата“ (Ефесјаните 6:12).

Емоциите треба да се контролираат со помош на волјата. Вашиот дел е да ја ставите својата волја на Христовата страна. Кога ќе ја предадете својата волја на Неговата Тој веднаш ве присвојува и прави во вас да сакате и постапувате како што му е на Нему угодно. Вашата природа доаѓа под контрола на Неговиот Дух. Дури и вашите мисли се подредени на Него.

Ако не можете да ги контролирате своите импулси и емоции како што сакате, можете да ја контролирате својата волја, и така ќе се случи целосна промена во вашиотживот. Кога ќе ја покорите својата волја кон Христа, вашиотживот е скриен со Христа во Бога. Таа е поврзана со силата која е над сите поглаварства и власти. Вие имате сила од Бога која ве држи во Негова сила; и можен е нов живот, живот на вера.

Емоциите го контролираат разумот и совеста. Моќта на вистината треба да биде доволна да не поддржи и утеши во сите несреќи. Таа му овозможува на имателот да триумфира над неволјата кога Христовата религија ја открива својата вистинска вредност. Таа ги доведува потребите, страстите и емоциите под контрола на разумот и совеста, и ги дисциплинира мислите да течат по здрав канал. Тогаш јазикот нема да биде оставен да го обесчестува Бога со изрази на грешно јадосување.

Творење на Божјата волја наспроти чувствата и емоциите (совет до еден млад човек). Не се вашите чувства, вашите емоции она што ве прави Божјо дете, туку творењето на Божјата волја. Пред вас е корисен живот ако сакате да ја чините Божјата волја. Тогаш можете да стоите во својата од Бога дадена мажевност, како пример на добри дела.

Тогаш ќе бидете во состојба да ги држите правилата на дисциплина наместо да ги кршите. Тогаш ќе можете да одржувате ред наместо да го презирате и поттикнувате на нередовност во животот преку сопствениот правец на делување.

Ви кажувам со Божји страв: знам што можете да бидете ако се ставите на Божјата страна. „Ние сме помагачи на Бога.“ Вие можете да ја извршувате својата задача за време и вечност на таков начин за да ја из-

држи пробата на судот. Ќе сакате ли да пробате? Ќе сакате ли сега одлучно да се свртите? Вие сте предмет на Христовата љубов и посредништво. Ќе сакате ли сега да се покорите на Бога и со помош на оние кои се поставени како стражари да ги чувате интересите на Неговото дело, или да ги растажите и да ги обесхрабрите?

Неспокојот и незадоволството се отстранети (повик на еден човек на раскрсница). Кога ќе го примите Христос како свој личен Спасител, ќе се случат видливи промени кај вас; ќе бидете обратени и Господ Исус со Својот Свет Дух ќе биде со вас. Тогаш повеќе нема да има неспокој, немир и незадоволство кое ве следи.

Вие сакате да зборувате. Кога вашите зборови би биле такви да го прославувате Бога, не би имало грев во нив. Но вие не го сфаќате мирот, одморот и задоволството во Божјата служба. Вие сигурно не сте обратен човек кој ја твори Божјата волја, и затоа не можете да го почувствувате животодавното, окрепувачко влијание на Светиот Дух.

Кога ќе одлучите дека не можете да бидете христијани и се уште да работите како што вам ви се допаѓа, кога ќе сфатите дека морате да ја покорувате својата волја на Божјата волја, тогаш можете да се поистоветувате со Христовиот повик: „Дојдете кај Мене сите кои сте уморни и натоварени, и Јас ќе ве одморам. Земете го Мојотјарем на себе и научете се од Мене; затоа што Јас сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете одмор за своите души. Затоа што јаремот мој е благ, и моето бреме е лесно“ (Матеј 11:28-30).

Контрола на внатрешните емоции. Вие можете да бидете бодри ако ги доведете дури и своите мисли во подреденост со Христовата волја. Не размислувајте, туку внимателно истражувајте го своето срце и секојдневно умирајте за своето јас.

Можеби ќе се запрашате: како можам да бидам господар на сопствените постапки и да ги контролирам моите внатрешни емоции?

Многумина кои не ја признаваат Божјата љубов го контролираат својот дух во голема мера без помош од Божјата благодат. Тие негуваат самоконтрола. Ова навистина претставува укорза оние кои знаатдека можат да добијат сила и благодат од Бога, а сепак не ги манифестираат благодетите на Духот. Христос е нашисгг пример. Тој бил кроток и понизен. Учете се од Него и следете го Неговиот пример. Божјиот Син бил безгрешен. Ние мораме да копнееме кон ова совршенство и да победиме како Тој што победил за да можеме да седиме со Него од Неговата десна страна.

Емоциите се променливи како облаци. Но ќе чекаме ли додека не почувствуваме дека сме очистени? Не; Христос ветил дека „ако ги признаеме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги опрости нашите гревови, и да не прочисти од секаква неправда” (1. Јованово 1:9). Имате потврда од Бога преку Божјата реч. Не морате да очекувате чудесни емо-

ции пред да поверувате дека ве слушнал Бог; чувствата не треба да бидат наш критериум, затоа што емоциите се променливи како облаци. Морате да имате нешто цврсто за темел на својата вера. Господовиот збор е збор на безгранична сила на која можеме да се потпреме, а Тој рекол: „Барајте и ќе ви се даде“. Погледнете кон Голгота. Нели рекол Исус дека е Тој е наш застапник? Нели Тој рекол ако бараме нешто во Негово име, тоа и ќе добиеме? Не смеете да зависите од сопствената добрина или добрите дела. Потпрете се на Сонцето на праведноста верувајќи дека Христос ги зел вашите гревови и ви ја препишал Својата праведност.

Емоциите не се сигурна заштита. Чувствата се честопати измамливи, емоциите не се сигурна заштита; затоа што тие се променливи и подложни на надворешни прилики. Многумина се излажани при потпирањето на сензационалните впечатоци. Тестот е во следното: Што правите за Христос? Каква жртва поднесувате? Каква победа здобивате? Совладаниот дух на себичноста, спротиставеното искушение да се занемари должноста, потчинетите страсти, и волната, радосна послушност на Христовата волја се многу поголеми докази дека сте Божјо дете од нестабилната побожност и емотивната вера.

Христијаните не треба да се потчинуваат на емоциите. Божјите деца не треба да се подредат на чувствата и емоциите. Кога тие се колебаат помеѓу надежта и стравот, го рануваат Христовото срце; затоа што Тој им дал непогрешливи докази за Својата љубов… Тој сака да ја извршува работата која им ја доверил; тогаш срцата ќе бидат во Негови раце како свети харфи, и од кои секој допир ќе одѕвонува со пофалби и благодарност кон Оној Кој е испратен од Бога да ги земе гревовите на светот.

Христос дава власт над природните склоности. Исус дошол на овој свет и живеел според Божјите закони за човекот да може да се здобие со целосна власт над скпоностите на телесната природа кои ја расипуваат и упропастуваат душата. Лекарот на душата и телото и нам ни овозможува победа над сите телесни желби кои војуваат со душата. Тој се погрижил за се што е потребно за човекот да може да изгради совршен карактер.

Восхитените чувства не се доказ за обратувањето. Сатаната ги наведува луѓето да мислат дека поради тоа што почувствувале восхитеност во своите чувства тие се обратени. Но нивното искуство не се променило. Нивните дела се исти како и пред тоа. Нивните животи не покажуваат добар род. Тие често и долго се молат и постојано се повикуваат на чувствата кои ги имале за тоа време. Но тие не живеат нов живот. Тие се измамени. Нивното искуство не оди подалеку од чувствата. Тие градат на песок, и кога ќе наидат силни ветрови, нивната куќа ќе биде збришана.

Чувството на немир понекогаш е добро. Чувството на немир и копнежот за домот или осаменоста можат да бидат за ваше добро. Вашиот небесен Татко ве повикува да ве научи да најдете пријателство во Него, љубов и утеха која ќе ги задоволи сите ваши најсрдечни надежи и желби… Ваша единствена сигурност и среќа е во држењето на Христос за свој постојан советник. Вие можете да бидете среќни во Него дури и ако немате друг пријател на овој свет.

Господ сака да ги придвижи мислите. Христос ги набљудува луѓето кои се толку зафатени со световните грижи и работни потфати што немаат време да се запознаат со Него. За нив небото е страно место, затоа што го изгубиле од вид. Без блискости со небесните работи, тие се заморуваат слушајќи за нив. Тие не сакаат нивните мисли да бидат попречени во врска со нивните потреби за спасение, давајќи им предност на забавите. Но Господ сака да им ги придвижи умовите, не би ли се фатиле за вечните вистини. Тој е сериозен со нив. Многу, многу скоро сите ќе го запознаат, сакајќи го тоа или не.

Не треба да се задлабочува во самоиспитување на емоциите. – Не е мудро да се размислува само за себе и своите емоции. Ако го правиме тоа непријателот ќе ни предочи потешкотии и искушенија кои ја ослабнуваат верата и ја уништуваат храброста. Постојаното задржување на она што не возбудува и предизвикува излив на емоции значи препуштање и вплеткување во нешто што го збунува духот. Наместо на себе, ние треба постојано да гледаме на Христа.

Сподели го ова:

Similar Posts