Глава 56 Гнев

Сподели го ова:

Гневот го отвора срцето на сатаната. Оние кои во некоја претпоставена провокативна ситуација чувствуваат слобода да се препуштат на гневот или лутината, го отвораат срцето на сатаната. Горчината и омразата морат да се отргнат од душата ако сакаме да бидеме во скпад со небото.

Слуги на гревот. „Слуги сте му на кому му се покорувате” (Римјаните 6:16. Ако се препуштиме на гневот, страста, алчноста, омразата, себичноста или некој друг грев, ние стануваме слуги на гревот. „Никој не може да им служи на два господара” (Матеј 6:24). Ако служиме на гревот, не можеме да му служиме на Христа. Христијаните ќе чувствуваат поттик на грев, бидејќи телото се бори против Духот; но и Духот се бори против телото, одржувајќи постојана војна. Овде е потребна Христова помош. Човековата слабост се соединува со божествената сила и верата извикнува: „Фала му на Бога, кој ни дава победа преку нашиот Господ ИсусХристос” (1. Коринтјаните 15:57)!

Гневот произлезен од истенчените морални начела. Вистина е дека постои гнев кој може да се оправда, дури и кај Христовите следбеници. Кога ќе видат дека Бог е обесчестен и Неговата служба омаловажена, кога ќе видат угнетување на недолжните, праведен гнев ја возбудува душата. Таквиот гнев, произлезен од истенчените морапни начела, не е грев.

Мојсеевиот гнев. Кршењето на камените плочи било само репрезентација на фактот дека Израел го прекршил заветот кој неодамна го направил со Бога. Праведната огорченост против гревот, која потекнува од ревноста за Божјата слава, а не оној гнев кој е поттикнат со самозаљубеноста или ранетата амбиција, е она на кое се однесува стихот од Светото Писмо: „Гневете се но не грешете.11 Таков бил гневот на Мојсеј.

Христовиот свет гнев. Христовата огорченост била упатена на лицемерствата, тешките гревови, кои на луѓето им т разоруваат душите, измамувајќи го народот и обесчестувајќи го Бога. Во длабокото измамно расудување на свештениците и поглаварите, Тој го препознал делувањето на сатанските орудија. Неговото осудување на гревот било остро и поттикнувало на преиспитување, но Тој не изрекол зборови на одмазда. Тој бил исполнет со свет гнев кон кнезот на темнината, но не покажал никакво раздразливо расположение. Така и христијаниноткојживее во склад со Бога и се одликува со драгоцените особини на љубовта и милоста, ќе чувствува праведен гнев кон гревот; но нема да биде поттикнат со страст да ги навредува оние што го навредуваат него. Тој во Христа ќе го сочува мирот и власта на себе, дури и тогаш кога ќе се сретне со оние што, поттикнати од силите одоздола, ја бранат невистината.

Некои луѓе негуваат гнев. Многумина гледаат кон работите на нивната мрачна страна; тие ги зголемуваат своите замислени жалости, негуваат гнев и се исполнети со чувства на одмаздољубивост и омраза, додека во реалноста немаат вистинска причина за овие чувства… Противете им се на овие погрешни чувства, и ќе доживеете голема промена во дружењето со своите ближни.

Нетрпението предизвикува катастрофална жетва. Каква штета се прави во семејниот круг со изговарање на нетрпеливи зборови, бидејќи изразеното нетрпение од една страна ја наведува другата да одговори во ист дух и на ист начин. Тогаш доаѓаат зборовите на одмазда, зборовите на самооправдување, и со таквите зборови правите тежок, горчлив јарем за својот врат, бидејќи сите тие горчливи зборови ќе се вратат во катастрофална жетва за вашата душа.

Тешките зборови паѓаат преку увото на срцето, будејќи ги во животот најлошите страсти, искушувајќи ги мажите и жените да ги кршат Божјите заповеди… Зборовите се како семе кое се сее.

Меѓу членовите на многу семејства се практикува навика на искажување на немарни, безгрижни работи; и таа навика на мачење (дразнење), зборување на остри зборови, станува се појака и појака како што и се попушта, и така се изговараат многу непријатни зборови кои се според сатанскиот ред, а не според Божјиот… Огнени страствени зборови никогаш не треба да се зборуваат, бидејќи во очите на Бога и светите ангели тие се како една врста на заколнување.

Првата година на детскиот живот. Ако себичноста, гневот и самоволието заземаат замав во првите три години од детскиотживот, ќе биде тешко тоа да се подреди на целосна дисциплина. Неговата диспозиција станува раздразлива; тоа ужива во сопствениот пат и родителската контрола е непожелна. Овие лоши тенденции растат со неговото растење, се до поголемата возраст кога надмоќната себичност и недостаток на самоконтрола не го постават него на милст и немилост на злите сили кои беснеат во нашата земја.

Никогаш не дисциплинирајте во гнев. Бог е полн со нежни обѕири кон децата. Тој сака секојцневно да победуваат. Да се потрудиме да им помогнеме на децата да бидат победници. Не дозволувајте до нив да дојде соблазна од членовите на нивното семејство. Не дозволувајте вашите зборови и дела да бидат од таква природа што ќе предизвикаат гнев кај децата. Сепактие мора верно да се дисциплинираат и да се поправат кога грешат, но никогаш во гнев.

Родителите се оддаваат на раздразливоста пред децата и тогаш им е чудно зошто е така тешко да ги контролираат. Но што можеле да очекуваат? Децата сакаат да имитираат, и децата ги спроведуваат во дело поуките на кои ги научиле родителите во нивните изливи на гнев…

Можеби ќе морате да го казните своето дете со стап. Тоа некогаш е неопходно. Но никогаш, никогаш не удирајте го во гнев. Да го поправите на тој начин значи да направите две грешки во обид да се исправи една. Одложете ја казната додека не позборувате со себе и со Бога. Запрашајте се: „Дали ја подредив својата волја на Божјата волја? Дали сум на местото каде Тој може да ме контролира? Побарајте од Бога прошка што на детето му пренесовте диспозиции кои тешко се контролираат. Барајте Тој да ви даде мудрост да можете со своето заталкано дете да постапувате на начин со кој ќе го привлечете поблизу до вас и до неговиот Небесен Татко.

Неконтролираните емоции го загрозуваат животот. Оддавањето на неконтролирани чуства го загрозува животот. Многумина умираат под изливи на бес и страсти. Многумина се воспитуваат да имаат напади на гнев. Тие тоа можат да го спречат ако сакаат, но потребна е силна волја да се совлада погрешниот курс на дејствување. Сето тоа мора да биде дел на воспитувањето кое се прима во училиштето, бидејќи ние сме Божја сопственост. Светиот храм на телото мора да се чува чист и незагаден, за да може Божјиот Свет Дух да пребива во него.

Резултати на секој излив на гнев. Една група пораснала без самоконтрола; тие го зауздувале својот темперамент и јазик, и некои од нив тврдат дека се Христови следбеници, а не се. Исус не им оставил таков пример… Тие се неразумни и не е лесно да се осведочат или убедат. Тие не се психички здрави; Сатаната повремено има целосна контрола. Секое вакво искажување на гнев го слабее нервниот систем и моралните сили и го отежнува зауздувањето на гневот на провокација на другите.

Затруеност со гревот. Како само сатаната ликува кога му се овозможува да ја доведе душата до усвитен гнев! Брз поглед, гест, интонација можат да се одземат и да се искористат како сатански стрели да го ранат и отрујат срцето кое е отворено да ги прими.

Ако некој еднаш му даде место на гневниот дух, тој е исто толку затруен како човек кој става чаша алкохол на своите усни.

Христос го третира гневот како убиство… Страствените зборови се мирис на смртта за смрт. Оној којшто ги изговара не соработува со Бога за спасување на своите ближни. На небото овие зли грдења се ставаат на ист список како вообичајните клетви. Додека во душата се негува омразата во неа нема ниту една јота на Божјата љубов.

Лесно раздразливиот човек е ретко задоволен. Никој друг не може да го намали нашето влијание колку што можеме ние самите низ попуштање на неконтролираниоттемперамент. Природно лесно раздразливиот човек не ја познава вистинската среќа и ретко е задоволен. Тој секогаш се надева дека ќе дојде во подобра положба или така да го промени своето опкружување за да има мир и умствен одмор. Неговиот живот како да е преоптоварен со тешки крстови и неволји, додека, кога би го контролирал својоттемпрамент и зауздал својот јазик, многу од овие неприлики би биле избегнати. „Благиот одговор” е она што „го одвратува гневот.“ Одмаздата никогаш не го победува непријателот. Добро прилагодениот темперамент врши позитивно влијание насекаде наоколу; но „оној кој нема власт над својот дух, е како разурнат град, без ѕидови.”

Секогаш е полесно да се биде несопирлив пред гонење. Лошо, далеку полошо е да се препуштиш на чувствата во голем собир пукајќи на било кого и секого, отколку да се отидеш кај поединци кои можеби погрешно постапиле и лично да ги укориш. Нападносга на овие остри, тешки, пресилни обвинувачки говори на големите собири е од толку многу потежок карактер во Божјите очи отколку личното индивидуално укорување колку што е поголем бројот и осудата поопшта. Секогаш е полесно да се даде израз на тие чувства пред собирот, затоа што се присутни многу, отколку да се отиде кај престапникот и лице во лице со него, отворено, искрено и јасно да се констатира неговиот погрешен правец.

Но внесувањето на силни чувства во Божјиот дом против поединци и правењето и сите недолжни да страдаат како виновникот е начин на работа кој Бог не го одобрува и кој прави поголема штета отколку корист. Премногу чест беше случајот на излагање на критички и обвинувачки говори пред заедницата. Тоа не го потикнува духот на љубов кај браќата. Тие не тежнеат да ги направат духовни и да ги водат кон светост и небо, туку пробудуваат дух на огорченост во срцата. Овие многу силни проповеди кои го сосечуваат човекот на парчиња понекогаш се позитивно потребни, да подигнат, алармираат и да сведочат. Но ако не носат посебни обележја по упатите на Божјиот дух тие прават многу поголема штета отколку добрина.

Одмаздата носи само зло. За нас би било многу подобро да ги поднесуваме лажните обвинувања отколку да го навлекуваме на себе бремето на одмаздољубивост кон нашите непријатели. Духот на омраза и одмазда потекнува од сатаната и може да донесе само зло на оној кој ја негува. Понизноста на срцето, онаа кроткост која е плод на пребивањето во Христа е вистинска тајна на благословот. „Тој ќе ги украси кротките со спасение” (Псалм 149:4).

Кога сте вознемирени, одбијте да зборувате. Оние кои лесно се раздразнуваат нека одбијат да се одмаздуваат кога им се изговараат зборови кои дразнат. Некои го бараат Господа во молитви, молејќи го да им покаже како да работат за душите кои гинат во грев. Оној кој е зафатен со оваа работа ќе биде така целосно исполнет со Божјиот Дух, што неговите постапки, неговиот глас, неговиот цел живот ќе биде откривение на Христос. Пробајте го тоа, браќа, пробајте. Распнете се себе си, наместо да настојувате да ги распнете браќата. „Ако некој сака да оди по Мене,“ рекол Христос, „нека се одрекне од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене“ (Матеј 16:24).

Гнев дочекан со молчење. Постои прекрасна моќ во молчењето. Кога ви се упатуваат зборови на нетрпеливост, не возвраќајте во иста мера. Зборовите искажани на оној кој е гневен обично делуваат како камшик, камшикувајќи го карактерот на уште поголем гнев. Но гневот дочекан со молчење набрзо изумира. Нека христијаните го зауздуваат својот јазик, цврсто решени да не изговараат, груби, нетрпеливи зборови. Со зауздан јазик можат да бидат победници во секоја проба на трпеливоста низ која се повикани да пројдат.

Негувајте дух на помирливост. Што се однесува до вашите сегашни односи со црквата би ви советувала да направете се што можете од своја страна да дојдете во хармонија со своите браќа. Негувајте помирлив, љубезен дух и нека чувствата на омраза не влегуваат во вашите умови и срца. Имаме само малку време на овој свет, и да работиме за сегашноста и за вечноста. Бидете внимателни уште повеќе да го зацврстите својот повик и избор. Гледајте да не правите грешка во поглед на својата сопственост на дом во Христовото царство. Ако вашето име е запишано во книгата на животот на Јагнето, тогаш со вас ќе биде се во ред. Бидете подготвени и желни да ги признаете своите грешки и да гм оставите, за да можат вашите погрешки и гревови да излезат претходно на суд и да бидат избришани.

Неконтролираниот темперамент може да се победи. Христовите учења спроведени воживотот ќе гм воздигнат луѓето, колку и да паднале на Божјата скала на моралните вредности. Оние кои се боратда ги потчинат своите природни карактерни мани не можат да бидат крунисани доколку не се борат прописно; но тие кои се често затекнати во молитва, барајќи мудрост која доаѓа одозгора, ќе се соединат со боженственото. Грубите манири, неконтролираниоттемпераментќе ги доведат во покорност на божествениот закон.

Да се одбијат гневните чувства. Постои само еден лек позитивна самоконтрола под сите околности, Обидот да се дојде на погодно место, каде своето јас нема да биде вознемирувано, може да успее за некое време; но сатаната знае каде ќе ги најде овие јадни души и ќе ги нападне одново и одново на нивните слаби точки. Тие постојано ќе бидат во неприлики се додека толку размислуваат за себе… Но постои надежза нив. Нека овој животтолку бурен со судири и грижи, го доведат во поврзаносст

со Христос, и тогаш своето јас нема да вика за надмоќ… Тие треба да се понижат, зборувајќи искрено: „Погрешив. Ќе сакате ли да ми простите? Бидејќи Бог рекол дека несмееме да дозволиме сонцето да зајде во нашиот грев.“ Ова е единствена патека до победа. Многу… го негуваат својот гнев и се исполнети со чувства на реваншизам и омраза… Одбијте ги овие погрешни чувства и ќе почувствувате голема промена во дружењето со своите ближни.

Сподели го ова:

Similar Posts