Глава 61 Витална функција на божјите закони декалог

Сподели го ова:

Спознавање на вината. Знаењето кое Бог не сакал да го имаат нашите прародители било знаењето за вината. И кога ги прифатиле тврдењата на сатаната, кои биле лажни, непослушноста и престапот биле воведени во нашиот свет. Оваа непослушност на Божјата изразита заповед, ова верување во лагата на сатаната, ја отворило вратата на браната за бедата во светот.

Ослабена природа. Прекршувањето на Божјиот закон донесе со себе несреќа и смрт. Преку непослушноста човечките сили се изопачиле, а себичноста го зазела местото на љубовта. Неговата природа станала така слаба, така што му било невозможно да се спротивстави на силата на злото, и искушувачот видел дека се исполнува неговата намера во расипувањето на божествениот план на создавање на човекот и исполнување на земјата со беда и пустош. Луѓето избрале владател кој ги заврзал за својот караван како робови.

Божјиот закон е лесно да се разбере. Нема никаква мистерија во Божјиот закон. Најслабиот разум може да ги сфати овие правила кои го регулираат животот и го обликуваат каракгерот по Божјиот модел. Кога синовите човечки би сакале, според своите најдобри способности да се покоруваат на овој закон, би стекнале силен разум и проникливост уште повеќе да ги разберат Божјите цели и планови. А овој напредок би продолжил не само во текот на сегашниот живот, туку би се протегнал низ вековите на вечноста.

Прекрасен во едноставноста. Колку е прекрасен во својата едноставност, во својата разбирливост и совршенство законот на Јехова! Во Божјите намери и постапки има мистерија која ограничениот ум не е во состојба да ја разбере. И затоа што не можеме да т откриеме тајните на бесконечната мудрост и сила, ние се исполнуваме со почитувањето кон Највозвишениот.

Совршен склад помеѓу законот и евангелието. Постои совршен склад помеѓу Божјиот закон и евангелието на Исус Христос. „Јас и Таткото сме едно,“ вели Големиот Учител. Христовото евангелие е Добрата Вест на благодатта, или благонакпоноста преку која човекот може да се ослободи од осудувањето на гревот и да се оспособи за покажување послушност на Божјиот закон. Тој закон, низ своите барања за непоколеб-

лива послушност, непрекинато му укажува на грешникот на евангелието за простување и мир.

Големиот апостол рекол: „Го укинуваме ли законот преку верата? Да не даде Господ! Туку уште го утврдуваме” (Римјаните 7:12). И пактој објавува дека „законот е свет, и заповедта света и праведна и добра“ (Римјаните 7:12). Тој ни вели да имаме најголема љубов кон Бога, и еднаква љубов кон нашите ближни, кои се подеднакво неопходни за Божјата слава и човековата среќа.

Целосно правило на животот. Бог му дал на човекот целосно правило за животот во Својот закон. Ако го послуша, ќе живее преку него, низ Христовите заслуги. Ако го прекрши, тој има сила да осуди. Законот ги испраќа луѓето кај Христос, а Христос ги упатува назад кон законот.

Широк во своите барања. Божјиот закон, како што е прикажан во Светото Писмо, е широко во своите барања. Секое правило е свето, праведно и добро. Законот ги поставува луѓето под обврска кон Бога; тој се протега на мислите и чувствата; тој ќе произведе осведочување за гревот во секој кој чувствува дека ги прекршил неговите барања. Ако законот би се дал само на надворешното однесување, луѓето не би биле виновни за своите погрешни мисли, желби и намери. Но законот бара душата да биде чиста а умот свет, за мислите и чувствата да можат да бидат во скпад со стандардот за љубовта и праведноста.

Само човекоте непослушен. Само човекот е непослушен на Јеховиот закон. Кога Господ и заповеда на природата да носи сведоштво за нештата што Тој гм создал, тие веднаш сведочат на Божја слава.

Усогласување со Божјите закони се бара од секој. Христос дојде да даде пример на совршена согласност со законот кое Бог го бара од сите, од Адам, првиот човек, па се до последниот кој ќе живее на земјата. Тој објавил дека Неговата мисија не е да го укине законот туку да го исполни во совршена и целосна послушност. На овој начин Тој го возвеличи законот и го направи славен. Во Својотживот Тој ја открил неговата духовна природа. Во очите на небесните битија, на непаднати светови, и на непослушниот, неблагодарниот, несвет свет, Тој т исполнил далекусежните начела на законот.

Тој дошол да го демонстрира фактот дека човештвото, поврзано преку жива вера со божеството, може да ги држи сите Божјите заповеди. Тој дошол да го објасни непроменливиот карактер на законот, да објави дека непослушноста и престапот никогаш не можат да се наградат со вечен живот. Тој дошол како човек во човечка природа, за да го допре човечкото со човечко, додека божественото беше оставено крај Божјиот престол.

Но Тој во никој случај не дошол да ја намали човечката обврска за совршена послушност. Тој не ја уништил валидноста на старозаветните списи. Тој го исполнил тоа што било проречено од страна на самиот Бог. Тој дошол, не да ги ослободи луѓето од тој закон, туку да отвори пат со кој тие можат да бида послушни на законот и да ги учат другите да го прават истото.

Бог не го поништува Својот закон. Господ не ги спасува грешниците не укинувајќи го Својот закон, темелот на Своето владеење на небото и земјата. Бог е судија, чувар на правдата. Кршењето на Неговиот закон во еден случај, во најмала поединост, е грев. Бог не може да се ослободи (да биде без) Својот закон. Бог не може да укине и најмала ставка од него, за да го прости гревот. Правдата, моралната извонредност на законот може да се одржи и одбрани пред небесната вселена. А тој свет закон не можел да се одржи по помала цена од смртта на Божјиот Син.

Бог не ги поништува Своите закони. Бог не ги поништува Своите закони. Тој не работи наспроти нив. Тој не го отстранил делото на гревот. Но Тој преобразува. Преку Неговата благодат проклетството се претвора во благослов.

А. БОЖЈИОТ ЗАКОН ВО ФИЗИЧКИОТ СВЕТ

Закони кои потекуваат од љубов. Божјите закони имаат свој темел во најпостојаната праведност и така се вообличени што ја промовираат среќата на оние кои ги држат.

Законите кои секое човечко битие мора да т слуша потекуваат од срцето на Бесконечната љубов.

Закон на службата. -Христовите следбеници се откупени за служба. Нашиот Господ учи дека вистинска цел на животот е службата. Самиот Христос бил работник, и на сите свои следбеници Тој им го дава законот на служба служба на Бога и своите ближни. Овде Христос ја изложил на светот возвишената концентрација на животот која никогаш ја знаеле. Живеејќи да им служи на друтте, човекот се доведува во врска со Христос. Законот на служба станува сврзувачка нишка која не поврзува со Бога и со своите ближни.

Закон дека никој не живее за себе. Под Бога, Адам требаше да стои како глава на земното семејство, да ги одржува начелата на небесното семејство. Ова би довело до мир и среќа. Но сатаната решил да се спротистави на законот дека „никој не живее за себе си“. Тој сакал да живее за себе. Настојувал да се направи себе центар на влијание. Тоа било она што предизвикало побуна на небото, и човековото прифаќање на ова начело било она што донело грев на земјата. Кога Адам згрешил, човекот се отцепил од центарот кој го одредил Небото. Еден демон станал централна сила во светот. Таму каде што требало да биде Божјиот престол,

сатаната го поставил својот. Светот го положил своето почитување, како волна жртва, крај нозете на непријателот.

Да се учат децата да се покоруваат на законите на природата и отровението. Вие кои доброто на вашите деца ви лежи на срце, кои би сакале да ги видите како растат со нерасипан вкус и апетит, морате истрајно да го ургирате својот пат наспроти популарните мислења и практики. Ако сакате да ги подготвите да бидат корисни на земјата и да здобијат вечна награда во царството на славата, морате да ги учите да се покоруваат на Божјите закони, како во природата така и во откровението, наместо следење на световните обичаи.

Лек за младешката деликвенција. Доколку татковците и мајките ги следеле Христовите упатства, ние сега не би читале и слушале за гревовите и злосторствата кои ги прават не само возрасните туку дури и мпадите и децата. Лошата состојба во општеството постои затоа што родителите не ги почитувале овие упатства и занемариле да ги обучуваат и воспитуваат своите деца да ги респектираат и почитуваат светите Божји заповеди.

Дури и верските учители пропуштиле да т изложат светите стандарди со кои се мери карактерот, затоа што престанале да ги почитуваат сите прописи кои Бог ги дал, кои се свети, праведни и добри. Луѓето на себе зеле одговорност на подигнување на стандард во склад на своите сопствени замисли, додека Јеховиот закон е обесчестен. Тоа е причината за така големото и распространето безаконие. Затоа и нашето време е како во деновите на Ное и Лот.

Врска помеѓу Божјиот закон и законите во физичкиот свет. Постои блиска врска помеѓу моралниот закон и законите кои Бог ги воспоставил во физичкиот свет. Кога луѓето би биле послушни на Божјиотзакон, спроведувајќи ги во своите животи начелата на десетте одредби, начелата на праведност со кои тој учи, би биле заштитени против лошите навики. Но низ угодувањето на изопачените барања тие отстапиле од доблеста, така што станале слаби преку своите неморални навики и кршење на физичките закони.

Страдањето и болката кои насекаде се забележуваат, изобличеноста, истрошеноста, болеста и малоумноста кои сега го преплавуваат светот, го прават куќа на заразни, одвратни болести во споредба со она што може да биде дури и сега, доколку Божјиот морален закон и законот кој Тој го всадил во нашето битие бил почитуван. Со своето упорно кршење на овие закони, човекот многу т влошил злата кои се последица на престапот во Еденската градина.

Закон на божествено управување. Христијанинот треба да биде на корист за другите. На тој начин тој си користи сам себеси. „Кој напојува други, и самиот ќе биде напоен“ (Изреки 11:25). Тоа е закон на божественото управување, закон со кој Бог одредил реките на добротворност, како водите од големиот океан, постојано да кружат, враќајќи се постојано кон својот извор. Во исполнување на тој закон лежи силата на христијанските мисии.

Закони кои управуваатсо физичките битија. Во Божјото провидение, законите кои управуваат со нашите физички битија, со казните за нивното кршење, така се објаснети што интелегентните суштества можат да ги разберат, и сите се под свечена обврска да го проучуваат овој предмет и да живеат во хармонија со природните закони. Здравствените начела мора да се пропагираат и јавното мислење да се поттикне на длабоко истражување.

Правилните физички навики ја поттикнуваат менталната супериорност. Интелектуалната сила, физичката издржпивост, и должината наживотот зависат од непроменливите закони. Богот на природата нема да се меша да ги сочува луѓето од последиците на кршењето на нејзините барања. Оној кој тежнее кон надмоќ мора да биде умерен во се. Даниеловата чистота на умот и цврстина на намерата, неговата сила во стекнувањето на знаење и во противењето на искушението биле во голема мера врзани за едноставноста на неговата исхрана во поврзаност со неговиот молитвен живот.

Сеење и жнеење. Во Божјите закони во природата последицата ја следи причината со непогрешлива извесност. Жетвата сведочи за тоа каква била сеидбата. Нетрудољубивиот работник го осудува неговото дело. Жетвата носи сведоштво против него. Така е и во духовните работи: верноста на секој работник се мери со резултатите на Неговата работа. Карактерот на неговата работа, дали трудољубиво или немарно, се открива преку жетвата. Така се одлучува и неговата судбина за вечноста.

Некои веруваат само во она што го разбираат. Има луѓе кои гордо се фалат дека веруваат само во тоа што можат да го разберат. Но лудоста на нивната фалбаџиска мудрост е очигледна на секој мисловен ум. Постојат мистерии во човечкиот живот и во манифестациите на Божјата сила во делата на природата мистерии кои ниту најдлабоката филозофија, ниту најопсежното истражување, не се моќни да ги објаснат.

В. ДРУГИ ЗАКОНИ

Закон на послушна акција. Акцијата дава сила. Севкупна хармонија преовладува во Божјата вселена. Сите небесни битија се во постојана активност и Господ Исус во Своето животно дело оставил пример за секого. Тој чекорел „правејќи добро.“ Бог го воспоставил законот на послушна акција. Тивко но непрестано, објектите на Неговото создавање ја извршуваат својата задача. Океанот е во постојано движење. Тревата која никнува, која денес е, а утре се фрла во печка, го извршува својот налог, покривајќи ги полињата со убавина. Листовите се движат, а сепак не се гледа раката која ги допира. Сонцето, месечината и ѕвездите се корисни и славни во исполнувањето на својата мисија.

Универзално владеење на законот. Оној кој се учи така да го разбира неговото учење, целата природа станува просветлена; светот е учебник, а животот училиште. Единството на човекот со природата и со Бога, универзалното владеење на законот, последиците од престапот, неизоставно го импресионираатумот и го обликуваат карактерот.

Престапот на природните закони е престап на Божјиот закон. – Постојаното претстапување на природните закони е постојано претстапување на Божјиот закон. Доколку луѓето секогаш биле послушни на законот на Десетте Божји Заповеди, спроведувајќи ги во своите животи начелата на овие десет одредби, проклетството на болеста која сега го преплавува светот не би постоело.

Престапот донесува ментапно и физичко страдање. Против секој престап на законите на животот природата го искажува својот протест. Таа поднесува злоупотреба додека може; но конечно доаѓа одмазда и страдаат како менталните така и физичките сили. Казната паѓа не само на престапникот, туку ефектите на неговото угодување се забележуваат на неговото потомство, и така злото се пренесува од генерација на генерација, Многумина се жалат на провидението кога нивните пријатели страдаат или т зема смртта; но не е по Божји ред мажите и жените да водат маченички живот и прерано да умрат, оставајќи го своето дело недовршено. Бог би сакал да проживееме целосна мерка на своите денови, со секој орган здрав, вршејќи ја својата одредена работа. Неправедно е да се обвинува Богза последиците кои во најголем број на случаи произлегуваат од прекршувањето на природните закони на таа личност.

Одговор на деизмот. Многумина учат дека материјата поседува витална моќ дека извесни особини и се дадени на материјата, и дека таа потоа е препуштена да дејствува низ својата наследена енергија; и дека случувањата во природата се одвиваат во склад со фиксни закони, во кои ни самиот Бог не може да се замеша. Тоа е лажна наука која Божјата Реч не ја поддржува. Природата е слугинка на својот Создател. Бог не ги поништува Своите закони и не работи наспроти нив, но Тој ги користи непрекинато како Свои инструменти. Природата сведочи за една интелегенција, присуство, активна енергија, која работи во и низ нејзините закони. Во природата постои постојана работа на Таткото и Синот. Христос вели: „Таткото мој досега работи, и Јас работам“ (Јован 5:17).

Послушноста донесува среќа. Додека тие (студентите) учат така да ги проучуваат пораките во се што е создадено и во сите животни искуства, кажете им дека истите закони кои управуваат со работите во природата и случувањата во живототтреба да не контролираат и нас, дека се дадени за наше добро, и дека само со послушност кон нив можеме да ја најдеме вистинската среќа и успех.

Далекусежни начела на законот. Во Своите учења, Христос покажал колку се далекусежни начелата на законот изговорени на Синајската планина. Тој живо го претставил тој закон чии принципи остануваат засекогаш најголем стандард на праведноста стандард по кој ќе се суди во оној голем ден кога судот ќе седне и книгите ќе се отворат. Тој дошол да ја исполни сета праведност и како глава на човештвото, да му покаже на човекот дека и Тој може да го прави истото, угодувајќи на секоја одредба на Божјите барања. По мерка на Неговата благодат со која го снабдил човечкиот посредник, никој не мора да го изгуби Небото. Совршенството на карактерот е достижно на секој кој се бори за него. Ова ја прави самата основа на новозаветното евангелие. Јеховиот закон е дрво, евангелието се мирисни цветови и плодови кои тоа ги носи.

Најгалемо чувство на слобода. Во делото на откупување нема принуда. Никаква надворешна сила не се применува. Под влијание на Божјиот Дух, на човекот се остава слобода на избор на кого ќе му служи. Во промената која се случува кога душата се предава на Христа, постои најголемо чувство на слобода. Истерувањето на гревот е чин на самата душа. Вистина, ние немаме сила да се ослободиме себеси од сатанската контрола; но кога копнееме да бидеме слободни од гревот, и во својата голема потреба повикаме за сила која е надвор и над нас самите, силите на душата се напојуваат со божествената енергија на Светиот Дух, и тие го слушаат налогот на волјата во исполнувањето на Божјата волја.

Сподели го ова:

Слични објави