Глава 44 Закони кои управуваат со умот
Човекот бил создаден со совршено урамнотежен ум. Господ го создал човекот праведен во почетокот. Тој бил создаден со совршено урамнотежен ум; големината и силата на сите негови органи биле совршено развиени. Адам бил совршен тип на човек. Секоја умствена особина била сразмерна, и секоја имала своја одредена служба, но сепак сите биле меѓусебно зависни за целосно и правилно искористување на секоја од нив.
Создателот ги поставил законите на умот. Тој кој го создал умот и ги поставил неговите закони му обезбедил и развој во скпад со нив.
Големите Божји закони. Постојат големи закони кои управуваат со светот на природата, и духовните работи т контролираат подеднакво извесни начела. Мора да се искористат средства за одредена цел за да се постигне саканиот резултат. Бог на секој човек му одредил задача според неговите способности. Преку образование и пракса луѓето се оспособуваат да ја дочекаат секоја нужда која може да се појави, и потребно е мудро планирање секој да се стави во својата одговарачка сфера како би стекнал искуство кое ќе го оспособи за носење на одговорност.
Прекршување на природните закони е грев. Постојаното прекршување на природните закони е постојано прекршување на Божјиотзакон. Сегашната тежина на страдања и болки кои ги забележуваме насекаде, сегашниот деформитет, истрошеност, болест и слабоумност кои го преплавуваат светот, го прават во споредба со тоа што можеше да биде и што Богзамислил да биде, куќа на заразни (ужасни) болести; денешното поколение е слабо во ментална, морална и физичка сила. Сета оваа беда се зголемува од генерација во генерација затоа што паднатиот човек го крши Божјиот закон. Гревовите од најголемо значење се извршуваат преку оддавање на изопачениот апетит.
Престапот ја нарушува хармонијата. Истата сила која ја одржува природата работи исто така и во човекот. Истите големи закони кои ја водат ѕвездата и атомот го контролираат човечкиотживот. Законите кои управуваат со работата на срцето, регулирајќи го протокот на струја на животот во телото, се закони на моќната Интелегенција која има јурисдикација над душата. Од Него потекнува целиотживот и само во склад со Него може да се најде неговата вистинска сфера на дејствувањето. За сите објекти на Неговото создавање условот е ист живот кој се одржува преку примање на Божјиотживот, живот кој се живее во скпад со волјата на Создателот. Да се прекрши Неговиот закон физички, ментален или морален значи човек да се стави надвор од хармонијата со вселената, да се воведе неред, анархија и пропаст.
Последицата ја следи причината со извесност. Преку Божјите закони во природата, последицата ја следи причината со непроменлива сигурност, Жетвата сведочи за сеидбата. Тука не се толерира никаква измама. Луѓето можат да т измамат своите ближни и да примат пофалба и награда за службата која неја извршиле. Но во природата нема измама. На неверниот домаќин жетвата му изрекува осуда. А во највозвишена смисла ова е исто така вистина на духовен план.
Само навидум, а не и во стварноста, злото успева. Детето кое изостанува од училиште, младите кои се мрзеливи во своите студии, службеникот или помошникот кои не служат на интересите на својот работодавец, човекот кој во било која работа или професија е неверен кон своите најголеми одговорносги, може да си ласка на себе дека се додека се прикрива грешката, тој придобива предимство. Но не е така; тој се мами себеси. Животната жетва е карактерот; и тоа е она што ја одредува судбината, како за овој живот така и за оној кој доаѓа.
Моќта на самоизмамувањето. Страшна е моќта на самоизмамувањето врз човечкиотум!
Умот има моќ да прави разлика. Човечкиот ум е обдарен со сила да прави разлика помеѓу правилното и пофешното. Богзамислил мажите и жените да не донесуваат одлуки импулсивно, туку од тежината на доказите, внимателно споредувајќи библиски стих со библиски стих. Да ги оставеа Евреите своите предрасуди, и да ги споредеа пишаните пророштва со доказите кои го карактеризирале Исусовиот живот, би забележале одличен склад помеѓу тие пророштва и нивното исполнување во животот и службата на понизниот Галилеец.
Дисциплиниранитеумови имаатзголемена моќна запаметување.
Навиките на немарноста треба одлучно да се совладааат. Многумина мислат дека доволно оправдување за најголемите грешки е да се изговараат со заборавеносг. Но немаат ли тие, како и останатите, интелекгуални способности? Тогаш треба да ги дисциплинираат своите умови да паметат. Грев е да се заборава, грев е да се биде немарен. Ако формирате навика на немарност, вие можете да го занемарите сопственото спасение на душата и на крајот ќе откриете дека сте неподготвени за Божјото царство.
Умот се прилагодува на димензиите на она што му е близу. Закон на умот е тој да се стеснува или шири според димензиите на она со што станува близок. Менталните сили сигурно ќе станат ограничени и ќе ја изгубат способноста на разбирање на длабинското значење на Божјата Реч доколку крепко и истрајно не се насочат во задача на барање на вистината, Умот се прилагодува на она со што се занимава. Закон на умот е постепено да се прилагодува на предметите на кои е научен да се занимава. Ако е преокупиран само со вообичаени работи, тој станува закржлавен и ослабен. Ако од него никогаш не се бара да се бори со тешки проблеми, тој по извесно време скоро и ќе ја изгуби моќта на растење.
Како образовна сила, Библијата е без конкуренција. Во Божјата Реч умот наоѓа предмети за најдлабоко размислување, за највозвишено тежнеење. Библијата е најпоучна историја која луѓето ја имаат. Таа доаѓа свежа од изворот на вечната вистина, и божествената рака ја сочувала нејзината чистота низ сите векови…
Овде се откриваат големите проблеми на должноста и судбината, Завесата која го разделува видливиот од невидливиот свет се крева, и ние го гледаме судирот на спротивставените сили на доброто и злото, од првата појава на гревот до конечниот триумф на праведноста и вистината; и сето тоа е само откривање на Божјиот карактер. Во размислување со стравопочит за вистината која е изложена во Неговата Реч, умот на ученикот доаѓа во заедница со бесконечниотум. Таквото проучување не само што ќе го прочисти и облагороди карактерот, туку сигурно ќе ги прошири и зајакне менталните сили.
Преку набљудување ние се менуваме. Закон на интелектуалната како и на духовната природа е дека ние преку набљудување се менуваме. Умот постепено се прилагодува на предметите со кои му е дозволено да се занимава. Тој станува сличен со она што е научен да го сака и почитува. Човек никогаш нема да се воздигне повисоко од своите стандарди на чистота, побожност или вистина. Ако неговото ,јас“ е најголем идеал, тој никогаш нема да постигне нешто возвишено. Наместо тоа постојано ќе тоне се подлабоко и подлабоко. Само Божјата благодат има сила да го воздигне човекот. Ако биде оставен самиот на себеси, неговиот животен пат неизбежно ќе оди надоле.
Цврсто одрекување на желбата. Голема штета се прави заради недостаток на цврстина и одлучност. Слушнав како некои родители велат: не можеш да го имаш ова или она, и тогаш попуштаат мислејќи дека можеби се престроги, и му го даваат на детето всушност она што го одбивале. Така се прави доживотна штета. Важен закон на умот е оној кој не смее да се превиди, кога саканиот објект така одлучно се одрекува како би се отстранила секоја надеж, умот наскоро ќе престане да копнее за него и ќе се окупира со други работи, Но се додека има било каква надеж саканиот објект да се добие, ќе се прави напор тоа да се постигне.
Убедувањето бара изразување. Божји закон е да секој кој верува во вистината каква што е во Исуса, истата и да ја објави. Замислите и убедувањата на човечкиот ум бараат изразување. Кој и да негува неверие и критицизам, кој и да се смета подготвен да го суди делото на Светиот Дух, ќе го шири истиот дух со кој е вдахнат. Природата на неверувањето, неверството и противењето на Божјата благодат, прави тие да сакаат да бидат почувствувани и слушнати. Умот поттикнат од овие принципи секогаш настојува да се избори за положба за себе и да стекне истомисленици. Сите кои одат покрај отпадникот ќе бидат исполнети со неговиот дух да ги поделат со другите своите мисли и резултатот на своите сопствени истражувања и чувства кои ја поттикнале нивната акција; бидејќи не е лесно да се угушат начелата според кои дејствуваме.
Изразувањето ги зајакнува мислите и чувствата. Природен е законот според кој нашите мисли и чувства се поттикнуваат и зајакнуваат ако ги изговараме. Додека зборовите ги изразуваат мислите, исто така е вистина дека мислите ги пратат зборовите. Ако на својата вера би и дале повеќе изразување, ако повеќе се радуваме на благословите кои знаеме дека ги имаме големата милост и љубов Божја би имале повеќе вера и поголема радост. Ниеден јазик не може да ги изрази, ниеден ограничен ум не може да ги разбере оние благослови кои произлегуваатод ценењето на Божјата добрина и љубов. Дури и на земјата ние можеме да имаме радост како извор кој никогаш не пресушува, затоа што се напојува од потоците кои течат од Божјиот престол.
Умот има моќ на избор. Бог ни дал моќ на избор; наше е да ја користиме. Ние не можеме да ги промениме своите срца, ние не можеме да ги контролираме своите мисли, своите нагони, своите склоности. Ние не можеме да се очистиме себеси, да се оспособиме за Божја служба. Но можеме да одбираме да Му служиме на Бога, можеме да му ја предадеме Нему својата волја; тогаш Тој ќе делува во нас да сакаме и правиме како е што му е Нему угодно. На тој начин целата наша природа ќе биде доведена под Христова контрола.
Искушувачот не може никогаш да не присили да правиме зло. Тој не може да ги контролира умовите доколку тие не се потчинат на негова контрола. Волјата мора да се согласи, верата мора да се отпушти од Христа пред сатаната да може да ја искаже својата моќ над нас. Но секоја грешна желба која ја негуваме му дава упориште. Секоја точка на која пропуштаме да го достигнеме божествениот стандард претставува отворена врата на која тој влегува да не искушува и да не уништи. Секоја мана и недостаток од наша страна му дава можност да му префрла на Христа.
Човекот слободно морално суштество. За да предизвика побуна во паднатото човечанство, тој (сатаната) сега го претставува Бога како неправеден затоа што му дозволува на човекот да го крши Неговиот за-
кон. „Зашто,” вели вештиот искушувач, „кога Бог знаеше каков ќе биде резултатот, Тој дозволи човекот да биде ставен на проба, да згреши и да донесе беда и смрт во светот?“…
Денес постојат илјадници кои го повторуваат истото побунувачко обвинување против Бога. Тие не согледуваат дека ако човекот се лиши од слободата на избор, тоа би значело да му се одземе правото на интелегентно суштество и би го претворило во автомат. Не е Божја намера да се принудува волјата. Човекот е создаден како слободно, морално битие. Како жителите на сите други светови, тој мора да подлегне на тестот на послушноста; но тој никогаш не е доведен во таква положба попуштањето на злото да биде неопходност. Не е дозволено на него да дојде ниедно искушение и проба на кои тој не може да пружи отпор. Бог обезбедил голема помош така што човекот никогаш не мора да биде поразен во судирот со сатаната.
Сегашните тежнеења идни одлуки. Патот кој сега го одбирате ќе делува на добро или зло во целата ваша иднина.
Предност на водењето кон самозависност. Бог никогаш не замислил еден човечки ум да биде под целосна контрола на друг… Тие кои за цел си поставуваат така да ги образуваат своите ученици, како би можеле да видат и почувствуваат дека силата лежи во нив самите за да бидат мажи и жени од цврст карактер, способни за секоја положба во животот, се најкорисни учители чиј успех ќе биде траен. Нивната работа можеби нема да се покаже како најголема предност кај невнимателните набљудувачи, нивните напори можеби нема да се вреднуваат високо како кај оние учители кои го потчинуваатумот и волјата на своите ученици преку апсолутен авторитет; но идните животи на тие ученици ќе ги покажат плодовите на подобриот план на образование.
Неконтролираниот ум станува слаб. Менталните сили треба да се развиваат до крајност; треба да се зајакнат и облагородат преку занимавање со духовна вистина. Ако се дозволи умот скоро целосно да се занимава со безначајни нешта и обични работи од секојдневниотживот, тој, во склад со еден од неговите непроменливи закони, ќе стане слаб и површен и во недостаток од духовна сила.
Предрасудите го спречуват просветлувањето. Оние кои дозволуваат предрасудите да го одвратат умот од примање на вистината не можат да го примат боженственото просветлување. Сепак кога се изнесуваат ставови од Светото Писмо многумина не прашуваат: Дали е тоа вистина дали е во скпад со Божјиот Збор? туку, кој ја застапува? И доколку не доаѓа преку оној канал кој им се допаѓа, тие не ја прифаќаат. Тие се целосно задоволени со сопствените идеи така што нема да ги истражуваат доказите на Светото Писмо, со желба да научат, туку одбиваат да се заинтересираат, просто заради своите предрасуди.
Среќата зависи од совршениот склад со Божјите закони. Законот на љубовта е темел на Божјата управа и среќата на сите создадени суштества зависи од нивната совршена ускладеност со нејзините големи принципи на праведноста. Бог сака од сите Свои созданија служба од љубов почитување кое потекнува од разумното вреднување на Неговиот карактер. Тој не наоѓа задоволство во изнудената верност, и на сите Тој им дава слободна волја, за да можат доброволно да му служат.