Глава 42 Умот и здравјето

Сподели го ова:

Умот го контролира целиот човек. Умот го контролира целиот човек. Секоја наша постапка, била добра или лоша, има свој извор во умот. Умот е тој кој му служи на Бога и не поврзува со небесните суштества… Сите физички органи се слуги на умот, а нервите се гласници кои ги пренесуваат неговите наредби до секој дел на телото, раководејќи ги движењата на живата машинерија…

Скпадната акција на сите делови мозокот, коските и мускулите е неопходна за целосен и здрав развој на целиот човечки организам.

Електричната сила го оживува целиот систем Електричната сила на мозокот која е поттикната од менталната активност, го оживува целиот систем и така е од непроценлива помош во пружање отпор кон болестите.

Малку луѓе ја сфаќаат моќта на умот над телото. Но малку луѓе ја сфаќаат моќта која умот ја има над телото. Добар дел од болестите кои го напаѓаат човештвото имаат свое потекло во умот, и може да се излечат единствено со обновување на умот во здравје. Има многу повеќе луѓе отколку што ние мислиме кои се ментално болни. Жалоста на срцето многумина ги прави да боледуваат од лошо варење, бидејќи менталниот проблем има парализирачко влијание врз органите за варење.

Жртви на болна имагинација. Умот треба да се контролира, бидејќи тој има најмоќно влијание врз здравјето. Имагинацијата често пати води на погрешен правец, и кога и се попушта, таа донесува сериозни облици на болест врз несреќникот…

Годишното време од кое најмногу треба да се плаши оној кој оди да ги посети овие инвалиди е зимата. И навистина е зима, но не само надвор туку и внатре, за оние кои се принудени да живеат во иста куќа и да спијат во иста соба. Овиежртви на болна имагинација се затвораат внатре и ги затвораат прозорците, бидејќи воздухот влијае на нивните дробови и главата. Иматнацијата е активна; тие очекуваат да настинат, и ќе настинат. Никакви причини не можатда ги натераатда поверуваатдека не ја разбираат филозофијата на целата работа. Нели тоа самите го искусиле тоа? ќе се препираат тие.

Вистина е дека докажале една страна на ова прашање преку истрајување во сопствениот курс сепактие настинуваат ако и најмалку се изложат. Нежни како бебиња, тие ништо не можат да поднесат; сепак продолжуваат да живеат по старо, и понатаму ги затвораат прозорците и вратите, се надвиснуваат над печката и уживаат во својата мизерија.

Тие сигурно докажаа дека нивното однесување не ги донесе на добро, туку им ги зголеми потешкотиите. Зошто таквите не му дозволуваат на разумотда влијае врз расудување и да ја контролира имагинацијата? Зошто сега не пробаат спротивен курс, и на разумен начин да се изложат на вежби (физичка активност) и воздух на отворен простор?

Умот ја попречува циркулацијата (совет на една плашлива душа).

Ако умот ви е под влијание и уверение дека капењето ќе ви наштети, таа ментална импресија се пренесува на сите нерви на телото. Нервите ја контролираат циркулацијата на крвта, поради тоа крвта, низ умствениот впечаток, се ограничува во крвните садови, и позитивниот ефект на капењето се губи. А сето ова затоа што умот и волјата пречат на редовната циркулација на крвта и спречуваат нејзиниот доток на површината да го стимулира, поттикне и подобри нејзиниот тек.

На пример, вие сте под впечаток дека ако се искапете ќе ви биде ладно. Мозокот ги праќа овие информации до нервите на телото, и крвните садови, кои се држат во покорност на вашата волја, не можат да ја извршат својата задача и да предизвикаат реакција по капењето.

Занесувачкиот ум, плод на рамнодушноста (совет на една млада жена). Ти имаш болна имагинација. Си мислела за себе дека си болна, но тоа било повеќе имагинација отколку стварност. Си била неискрена кон себе… Си се покажала како личност без рбетен столб. Половично си се потпирала на друт, што е погрешен став кој една дама треба да го зазема во присуство на друт. Доколку само си мислела така, можеше да одиш и да седиш исправено како многу друт.

Состојбата на твојотум води кон мрзливост и ужасување од физичка активност, додека тоа ќе се покаже како едно од најдобрите средства за твоето оздравување. Никогаш нема да оздравиш доколку не се ослободиш од таа мрзлива, успиена состојба на умот, и не се поттикнеш на акција, на работа додека трае денот. Дејствувај, како што замислуваш и планираш. Отргни го својотум од романтични проекти. Ти со својата религија мешаш романтичен, болен сентиментализам кој копнее пољубов, кој не воздигнува, туку само понижува. Не си само ти од ова зафатена; твојот пример и влијание и на другите им нанесуваат штета.

Здравјето жртвувано на чувствата (совет на една жена со силна волја). Драга, ти имаш болна имагинација; и ти го обесчесту- ваш Бога дозволувајќи им на своите чувства да имаат целосна контрола над твојот разум и расудување. Ти имаш одлучна волја, која предизвикува реакција на умот над телото, што доведува до нерамномерна циркулација и произведува презаситеност со крв во некои органи; и ти го жртвуваш здравјето на своите чувства.

Ментална болест произведена од непосветен јазик (коментар по повод смртта на жената на еден раководител). Сестрата беше толку притисната со жалост така што го изгуби разумот. Ве прашувам, кој на судниот ден ќе биде одговорен за протерување на светлината од тој ум кој би требало денес да блеска? Кој на судниот ден ќе биде одговорен за делото кое ја предизвикало болката која ја донела оваа болест? Таа страдала со месеци, и сопругот страдал со неа. А сега таа сирота жена си замина, оставајќи две деца без мајка. И се тоа поради делото кое го направиле непосветените јазици.

Преоптоварениот ум му штети на здравјето. Браќата вложиле средства во патентни права и друт потфати и навеле други да се заинтересираат, кои не можеле да ги поднесат тешкотиите и грижите на таа работа. Нивните загрижени, преоптоварени умови сериозно влијаеле на веќе заболеното тело и тие потоа подлегнале на потиштеноста, која се зголемувала до очај. Тие потполно изгубиле доверба во себе и мислеле дека Бог т оставил, и тие не се осмелуваатда веруваат дека Тој ќе биде милостив кон нив.

Менталната активност произведува здравје. Бог сака Неговите ополномоштени слуги да бидат добри проповедници, а за да го направат тоа тие мора да бидаттрудољубиви ученици… Навиките на учење и цврст стисок (влијание) одозгора, ќе ги оспособи за нивната положба на проповедници на Христовото евангелие. Менталната активност ќе произведе здравје, и ова е подобро од тромав, неуреден, неувежбан ум. Многумина стануваат безвредни како проповедници во своите постари години… Да го користеле мозокот, ќе беа плодни во староста.

Електричната сила на мозокот ја одбива болеста Умовите на мислителите работат напорно. Тие честопати расипнички ги користат своите ментални сили, додека постои друга група на луѓе чија највозвишена цел во животот е физичката работа. Втората класа не го вежба умот. Нивните мускули се тренираат додека мозокот им е лишен од интелектуалната сила, токму како што умовите на мислителите работат додека телата им се лишени од сила и крепост поради запоставување на вежбите на мускулите…

Нивното влијание за добро е мало во споредба со она какво би можело да биде ако го користеа и мозокот онолку колку и мускулите. Оваа група полесно подлегнува ако е нападната од болест; организмот се витализира преку електричната сила на мозокот да ја одбие болеста.

Незадоволното жалење донесува болест. Она што главно донесува болест на телото и умот се чувствата на незадоволство и јадикување. Тие го немаат Бога; тие ја немаат таа надеж која достига до зад завесата, која е како сигурно и цврсто сидро за душата. Сите кои ја имаат оваа надеж ќе се очистат како што Тој е чист. Таквите се ослободени од немирни желби, лелекања и незадоволства; тие не бараат постојано зло

и не размислуваат за замислени неволји. Но гледаме многумина на кои само неволјите им се пред очите; загриженоста е втисната на секоја црта од лицето, тие изгледаат како да не наоѓаат утеха, туку полни со страв чекаат некое ужасно зло.

Вознемирениот став му штети на здравјето (совет до една вознемирена жена). Господ има љубов кон тебе и се грижи за тебе, и кога твојот сопруг не е со тебе, сепак имаш одлично друштво токму на просторот каде ви е изградена куќата. Немој да го држиш својот ум во напната состојба, бидејќи тоа му штети на здравјето. Мораш да сфатиш дека никој не може да го смири твојот ум освен ти самата.

Премногу си спремна да гледаш на обесхрабрувачката страна. Ова беше слабост во твојот карактер. Тоа го повредува твоето искуство и дава тажен тон на искуството на твојот маж.

Ти премногу се грижиш. Сето она што можеш да го правиш за да го свртиш својот ум од твоето јас, во било кој правец на запосленост, чини го. Ти мора да го цениш големиот дар на нашиот свет во Исуса Христа, и можеш да очекуваш многу мир и утеха и искажана љубов кои ќе го чуваат твојот ум во совршен мир. Секој верник треба да се облече со Христовата праведност, а таа праведност зборува подобро од Авеловата крв.

Неспособност за рационапно резонирање. Ученикот може да ги посвети сите свои сили во стекнување на знаење, но доколку нема знаење за Бога, ако не се покорува на законите кои управуваат со неговото битие, тој ќе се упропасти себеси. Преку лошите навики ја губи моќга за самовреднување, ја губи самоконтролата. Тој не може правилно да резонира за прашањата кои најмногу го засегаат. Тој е непромислен и нерационален во својот третман на умот и телото. Преку занемарување да ги култивира вистинските начела, тој се упропастува себеси како за овој свет, така и за оној кој доаѓа.

Егоцентричноста, пречка во оздравувањето Една од најголемите пречки за заздравување на болните е насочување на вниманието кон себе. Многу инвалиди чувствуваат дека секој треба да им укажува сочувство и помош, додека она што им е потребно е да го одвратат вниманието од себеси, да размислуваат и да се грижат за другите.

Отргнете го умот од себе. Физичката активност ќе му помогне на варењето. Шетањето по оброкот, со држење на главата во исправена положба и повлечени рамења и умереното вежбање ќе биде од голема корист. Умот ќе биде отргнат од себе кон убавините на природата. Колку помалку внимание му се подарува на желудникот по јадењето, дотолку подобро. Ако сте во постојан страв дека вашата храна ќе ви нанесе зло, тоа најверојатно и ќе се случи. Заборавете на себе и мислете на нешто весело.

Правењето добро ослободува позитивна сила. Задоволството од правење добро го оживува умот и вибрира низ целото тело. Додека лицата на добротворните луѓе се озарени со бодрост и нивниот изглед изразува морална возвишеност на умот, лицата на себичните, скржави луѓе се потиштени, нерасположени и намрштени. Нивните морални недостатоци се видливи на изразот на нивните лица.

Сигурноста го унапредува здравјето. Кога луѓето кои се оддавале на лоши навики и грешни обичаи ќе се покорат на силата на Божјата вистина, примањето на вистината во срцето ги обновува морапните сили кои изгледале како да се парализирани. Примателот, поседува посилно, појасно разбирање отколку што имал порано пред да ја прицврсти својата душа на Вечната Карпа. Дури и неговото физичко здравје се подобрува со спознавањето на својата сигурност во Христа. Посебниот Божји благослов кој мирува на примателот е сам по себе здравје и сила.

Смирувачките ефекти на добрите работни услови (совет на еден раководител кој бил под преголем стрес). Не е мое да ти поставам одреден правец на работа. Но треба да работиш, ако е можно, на некое место каде што умот ќе ти биде сочуван во мирна рамнотежа, каде што ќе бидеш мирен и спокоен, каде што нема да бидеш советуван за многу прашања. Не е најдобро за тебе да имаш надзор над многу работи. Не треба да го преоптоваруваш умот. Тоа ќе ти биде на голема штета. Кога премногу потешкотии ќе се постават на тебе, крвта брза кон главата, ти се предаваш на интензитетот на чувствата што го доведува во опасност твоето здравје.

Постави се себеси, ако е можно, таму каде што ќе имаш малку причина да се грижиш за работата на другите… Ако ги преземеш на себе обврските во кои се вкпучени големи интереси, конфузијата која ќе дојде како резултат на планирањето за раководење со многу работи нема да биде за твое добро ниту во најдобар интерес за Божјето дело.

Оние кои би те натовариле со разни должности барајќи од тебе најгрижливо раководење прават грешка. На твојотум му е потребен спокојство. Ти треба да го работиш она што нема да причини триење во умот. Мора да ја чуваш својата совест во страв Божји, според библиското мерило и треба постојано да напредуваш, за да на некој начин не се онеспособиш за задачата која Бог ти ја дал да ја вршиш.

Спокојниотум е патека која води кон здравје. Свеста за чинењето на она што е право е најдобар лек за болните тела и умови. Посебниот Божји благослов кој почива на примателот претставува здравје и сила. Личноста чиј ум е спокоен и задоволен во Бога е на пат кон здравјето. Да се биде свесен дека окото Господово е над нас и Неговите уши се отворени да ги чујат нашите молитви навистина претставува задоволство. Знаењето дека имаме пријател кој никогаш нема да не изневери, на кој можеме да му ги довериме сите тајни на својата душа е привилегија која не може да се изрази со зборови.

Љубовта, надежта и радоста се неопходни за здравјето. За да имаме совршено здравје нашите срца мора да бидат исполнети со надеж, љубов и радост.

Христос е одговорот. Многумина страдаат од болести на душата многу повеќе отколку од болести на телото, и не наоѓаат олеснување се додека не дојдат кај Христос, изворот на животот. Жалењето за истоштеноста, осаменоста и незадоволството тогаш исчезнуваат. Задоволната радост ќе даде свежина на умот, а здравје и витална енергија на телото.

Сподели го ова:

Слични објави