Глава 38 Рамнотежа во образованието

Сподели го ова:

Образованието има вечна импликација. Образованието е дело чиишто резултати ќе се манифестираат низ бескрајните векови на вечноста.

Обновување на складот кај суштеството. Вистинската цел на образованието е во човековата душа да се обнови Божјиот лик. Во почетокот Бог го создал човекот според Својот лик. Го надарил со благородни особини. Разумот му бил урамнотежен и сите сили на неговото суштество биле хармонично развиени. Но, паѓањето во грев и последиците на гревот ги изопачиле тие дарови. Гревот го извалкал Божјиот лик во човекот и речиси наполно го уништил. А за повторно да се воспостави тој лик, направен е план за спасение и на човекот му е подарено време на милост. Човекот повторно да се врати на оној степен на совршенство на кој се наоѓал при создавањето, тоа е големата цел на животот цел што се наоѓа во основата на сите други цели. Должност на родителите и учителите е во воспитувањето на младите да соработуваат со Бога исполнувајќи ги неговите намери; ако постапувааттака, тогаш тие се „помошници на Бога“ (1. Коринтјаните 3:9).

Мора да се развијат сите способности. Сите различни способности на телото, духот и душата што ги добил човекот од Бога, треба да се искористат на начин на кој ќе се постигне највисок степен на совршенство. Меѓутоа, себичното и еднострано образование не може да претставува совршенство; зашто Божјиот карактер, чијшто лик сакаме да го усвоиме, е добрина и љубов. Секоја способност и секоја особина со која не недарил Творецоттреба да се употребат за прославување на Бога и за издигнување на нашите ближни. А во таквата работа ќе најдеме најчиста и најблагородна радост и среќа.

Вистинското образование е опсежно. Вистинското образование подразбира повеќе од заземање на одреден курс на проучување. Тоа е опсежно. Тоа вклучува складен развој на сите физички сили и ментални способности. Тоа учи на љубов и Божји страв и подготвува на верно исполнување на животните должности.

Сестран развој за секоја должност. Сите кои сакаат да бидат Божји соработници мора да се трудат секој орган на своето тело и секоја способност на својот ум да ги доведат до совршенство. Вистинското образование претставува подготовка на сите телесни, ментални и морални сили за извршување на сите должности; тоа е вежба на телото, умот и душата за божествената служба. Тоа е воспитување што ќе ја задржи својата вредност и во вечниотживот.

Сите сили треба да го достигнат својот најголем потенцијал. Божја замисла за колеџот во Батл Крик била да се достигне поголем стандард на интелектуална и морална просветеност од било која друга установа од тој вид во земјата. Младите треба да се учат за важноста од нега на физичките, менталните и моралните сили за да дојдат не само до најголеми достигнувања во науката, туку преку знаењето за Бога да научат да го прослават, да развијат скпаден карактер, и на тој начин потполно да се подготват за корист на овој свет, а да стекнат и морална подобност за бесмртниот живот.

Знаење на науки од секаков вид е моќ. Училиштата што се основани меѓу нас се прашање на сериозна одговорност, бидејќи тука се вклучени важни интереси. На еден посебен начин нашите училишта се на гледање на ангелите и луѓето. Знаењето на науки од секаков вид е моќ, и Божја цел е напредните науки да се изучуваат во нашитеучилишта како подготовка за делото кое претходи во завршните сцени на историјата на земјата. Вистината мора да се однесе до најодалечените предели на земјата, преку посредници обучени за таа задача. Но иако знаењето на науката е моќ, знаењето кое Исус дојде лично да му го подари на светот беше знаење за евангелието. Светлината на вистината мораше да ги огрее со своите блескави зраци и најкрајните делови на земјата, а прифаќањето или одбивањето на Божјата порака со себе ја повлекува вечната судбина на душите.

Младите мораат да бидат мислители. Секое човечко суштество, создадено според Божјиотлик, е обдарено со способност слична на онаа на Создателот индивидуалност, способност на мислење и дејствување. Луѓето кај кои оваа способност е развиена, се луѓе кои носат одговорности, кои се водачи во потфатите и кои влијаат врз карактерот на другите. Задачата на вистинското воспитување е да ја развива секоја способност, да ги увежбува младите да мислат, а не само да ги одразуваат мислите на другите. Наместо да го ограничиме нивното проучување на она што луѓето го кажале или напишале, да ги упатиме учениците кон изворите на вистината, кон широките подрачја на истражување во природата и откровението. Нека размислуваат за големите факти за должноста и судбината, и нивниот ум ќе се развие и зајакне. Наместо образувани слабаци, од воспитните установи треба да излегуваат луѓе кои ќе бидат способни да мислат и дејствуваат, луѓе кои се господари, а не робови на околностите, луѓе кои се одликуваат со широчина на умот, јасност на мислите и храброст во своите убедувања.

Образованието го развива карактерот. Воспитувањето и обучувањето на младите е важна и свечена задача. Голема цел која мора да се осигура е правилниот развој на карактерот, за човекот да може правилно да се оспособи за исполнување на должностите во сегашниотживот и конечно, да си го осигура влегувањето во идниот бесмртен живот. Вечноста ќе го открие начинот на којшто тоа дело било извршено. Кога и проповедниците и учителите би имале чувство на потполна одговорност, би ги забележале различните состојби на нештата денес во светот. Но тие се со премногу ограничени погледи и цели. Тие не ја разбираат важноста на својата задача или нејзините резултати.

Најголема вредност е да се изгради карактер. Тие ученици (во училиштето Авендејл), работат тешко и напорно. Тие ги засилуваат нервите и добиваат на цврстина и активност на мускулите. Ова е правилно образование кое од нашите училишта ќе изведе млади луѓе кои не се слаби и не ефикасни, кои немаат еднострано образование, туку сестраност во физичката, менталната и моралната обука. Градителите на карактерот не смеат да заборават да го положат темелот кој образованието ќе го направи од голема вредност. Ова бара самопожртвување, но мора да се направи. Физичката обука, ако правилно се насочува, ќе ги подготви за менталните напори. Но едностраната обука секогаш создава некомплетен човек.

Физичкото оптоварување здружено со ментален напор го чува умот и моралот во поздрава состојба, и чини далеку подобра работа. Со ваквата обука од нашите училишта ќе произлезат студенти научени на практичен живот, кои се во состојба најдобро да т корисгат своите интелектуални способности. Физичките и менталните вежби мораатда се комбинираат ако сакаме праведно да постапуваме со своите ученици. Работевме на тој план овде (Австралија) потполно задоволни, без оглед на неповолностите во кои студентите мораат да работат.

Мнозина пропуштаат да ги сфатат вистинските принципи. Многу студенти толку многу брзаат да го потполнат своето образование така што не се втемелуваат во ништо за што ќе се зафатат. Малкумина од нив имаат доволно храброст и самоконтрола да постапуваат водени од принципи. Најголем број на студенти пропуштаат да ја сфатат вистинската цел на образованието, и заради тоа изостанува заземање на таков курс кој би ја осигурал оваа цел. Тие се занимаваат со студии по математика или јазик, а го запоставуваат далеку поважното проучување за среќа и успех воживотот. Многумина кои ги истражуваатземјините длабочини со геолозите или го набљудуваат небото со астрономите не покажуваат ниту најмал интерес за чудесниот механизам на сопственото тело. Други пак знаат да кажат колку коски има на човечкиот скелет и точно да го опишат секој телесен орган, а сепак се неупатени во законите за здравјето и лечењето на болестите како животот да го контролира слепа судбина наместо одреден и непроменет закон.

Образованието не се однесува само на мозокот. Студентите кои се стекнале со умствено знаење без прибирање на знаење за практична работа не можат да имаат скпаден развој. Енергмјата која требала да се посвети на разни работи била занемарена. Образованието не се состои во користење само на мозокот. Физичката активност е неопходен дел од обуката за секој млад човек. Се пропушта важна фаза во образованието ако ученикот не се подучува како да се вкпучи во корисна работа.

Подеднаква физичка и ментална оптовареност. Многу е кажано и напишано во поглед на важноста на обуката на умот за да се оспособи за најголема служба. Ова понекогаш водеше на мислење дека ако разумот се воспита така што ќе ги покаже своите најголеми способности, тоа ќе ја зајакне физичката и моралната природа за развој на целиот човек. Но времето и искуството покажаа дека ова било заблуда. Бевме сведоци на мажи и жени кои излегуваа од колецот како совршени дипломци кои на никаков начин не беа квалификувани за правилно користење на тој чудесен физички организам со кој Бог т обдарил. Целиот организам е осмислен за акција, а не за неактивност.

Ако физичките сили не се подеднакво оптоварени како и менталните, тогаш премногу се оптоваруваат овие последните. Доколку секој дел од човечката машинерија не ги исполнува своите одредени задачи, менталните сили некое време не можат да ги користат своите најголеми способности. Природните сили мора да се управуваат според природните закони, а способностите треба да се развиваат да дејствуваат складно и во согласност со овие закони. Учителите во нашите училишта не смеат да пренабрегнат ниту една од овие поединости без да понесат одговорност за тоа. Гордоста може да ги одведе во потрага по високи светски стандарди на интелектуални достигнувања во кои студентите можат да бидат брилијантни; но кога треба да се покаже цврсто знаење она коешто е неопходно за оспособување на мажите и жените за секоја потреба во практичниот живот таквите студенти се само делумно подготвени за постигнување успех во животот. Нивното непотполно образование често води во неуспех во било која гранка на работа за која ќе се зафатат.

Не избегнувајте ги животните тешкотии. На младите не треба да им се втисне мислата дека образованието ги учи како можат да се избегнат непријатните животни должности и тешките товари; туку како со подобри методи и повозвишени цели може да се олесни работата. Научете ги дека вистинската животна цел не е стекнување најголема добивка за себе, туку оддавање почест за својот Создател преку извршувањето на својот дел од работите во светот и давање рака помошничка на оние кои се послаби или кои имаат помалку знаење.

Потребен е складен развој. Исправното искористување на самиот себе е највредната поука која може да се научи. Ние не смееме да се занимаваме со умствена дејност и тука да застанеме, или да направиме физички напор и тука да застанеме; ние мораме најдобро да ги искористиме различните делови кои ја сочинуваат човечката машинерија мозокот, коските, мускулите, главата и срцето.

Незнаењето не ја зголемува духовноста. Младите луѓе не би смееле да се впуштаат во објаснување на Светото Писмо и во предавања за пророштвата ако немаат знаење за важните библиски вистини кои се обидуваат да им ги објаснат на другите. Тие може да се сиромашни во општите гранки на образованието и затоа не успеваат да направат онолку добра колку што би можеле доколку ја имале предноста на едно добро училиште. Незнаењето нема да ја зголеми понизноста или духовноста на ниедно лице кое се изјаснува како Христов следбеник. Вистините од Божјата реч најдобро може да ги цени христијанин интелектуалец. Христа најдобро ќе го прослават оние кои разумно му служат. Големата цел на образованието е да не оспособи да ги користиме силите кои Бог ни ги дал на начин кој најдобро ќе ја презентира библиската вера и ќе ја промовира Божјата слава.

Образованието бара истрајни напори. Учителите треба да ги поттикнуваат студентите да размислуваат и јасно да ја сфатат вистината за себе. Не е доволно за учителот да објасни или за студентот да верува, мора да се разбуди потреба, и ученикот да се наведе да ја потврди вистината со сопствени зборови, докажувајќи на тој начин дека ја разбира нејзината сила и ја применува. На тој начин, со истрајни напори, животните вистини се втиснуваат во умот. Ова може да биде лесен процес, но поважен од брзањето преку важни предмети без нивно соодветно разгледување. Бог очекува Неговите институции да се издвојуваат од оние световните, бидејќи тие се негови претставништва. Луѓето кои се вистински поврзани со Бога ќе му покажат на светот дека на кормилото стои фактор поголем од човечкиот.

Поставување на видливи меѓници. Младите нека постават видливи меѓници со чија помош по потреба ќе може да се управува. Кога ќе наиде криза која бара активни, добро развиени физички сили и бистар, силен, практичен ум, кога ќе мора да се одработи комплицирана задача каде што секој потег мора да биде точно одреден, и тешкотиите да се дочекаат само со барање мудрост од Бога, тогаш оние млади кои научиле да ги совладуваат проблемите со сериозна работа ќе можат да одговорат на повикот за работници: „Еве ме мене, испрати ме мене.“ Нека срцата на младите мажи и младите жени бидат чисти како кристал. Нека мислите не им бидат секојдневни, туку посветени со доблести и светост. Нема потреба да бидат поинакви. Со чистината на мислите низ посветувањето на Духот, нивните животи можат да се прошират, воздигнат, облагородат.

Важно формирање на исправни навики. Одредена намера на секој млад човектреба високо да се постави во сите негови планови наживотното дело. Прифатете го како свој водач во се стандардот кој го налага Божјата реч. Ова е позитивна должност на еден христијанин, а треба исто така да биде и негово позитивно задоволство. Имајте почитување кон себе затоа што сте Христова откупена сопственост.

Успехот во формирањето на исправните навики, напредокот во она што е добро и благородно, ќе ви даде влијание кое сите ќе го почитуваат. Живејте за нешто друго освен себеси.

Ако намерите ви се чисти и несебични, ако секогаш барате работа која некој мора да ја изврши, ако секогаш сте подготвени да покажете љубезно дело и правите дела на учтивост, вие несвесно самите си градите споменик. Ова е делото на кое Бог ги повикува Своите деца и младината.

Самоиздржувањето важен дел на воспитувањето. Најскапоцено обучување во процесот на образованието на многу ученици би било настојувањето самите да ги покријат трошоците за своето школување. Наместо да создаваат долгови или да се потпираат на жртвите кои ги поднесуваат нивните родители, момчињата и девојките треба да се потпрат врз себеси. Така ќе ја согледааат вредноста на парите, вредноста на времето, силата и можностите, и ќе бидат многу помалку изложени на искушението да станат мрзеливи и расипани. Така усвоените принципи на економичност, трудољубивост, самооткажување, практично управување со работите, цврстина во намерите, ќе се покажат како најважен дел од нивната опрема за животната борба. А принципот на самопомагање, кога учениците ќе го прифатат, многу ќе придонесе за соочување на образовните институции со товарот на долговите, со кој многу училишта се борат и кој толку ја намалува нивната полезност.

Образованието го обликува општественото уредување. Секаде во светот општествата се во неред и потребна им е темелна трансформација. Образованието што ќе им го дадеме на младите ќе го образува ликот на целото општество.

Потреба за земјоделски училишта. Нашите училишта би можеле успешно да придонесатза вработувањето на многу невработени. Илјадници беспомошни и изгладнети суштества, од кои мнозина преминуваат во редовите на престапниците на законот, би можеле сами да се издржуваат и да живеат среќен, здрав и самостоен живот кога би научиле умешно и трудољубиво да ја обработуваат земјата.

Образованито продолжува низ животот. Во Христовото училиште учениците никогаш не ја завршуваат обуката. Меѓу учениците има и стари и млади. Оние кои посветуваат внимание на упатствата на Божествениот

Учител постојано напредуваат во мудроста, убавината и благородноста на душата, и така се подготвува да влезат во едно повисоко училиште каде што развојот ќе продолжи низ сета вечност,

Вистинска амбиција. Драга младино, која е целта на вашиотживот? Дали сакате образование за да стекнете име и положба во светот? Постојат ли мисли кои не се осмелувате да ги изразите, еден ден да застанете на самит меѓу големи и признати интелектуалци; да седнете во одговорен и законодавен совет и да помогнете во донесување закони за нацијата? Нема ништо лошо во таквите ваши аспирации. Секој од вас може да си ја зацрта својата цел, Не задоволувајте се со просечни достигнувања. Поставете си висока цел, и не штедете труд да го достигнете тој стандард.

Најажно знаење, Младите треба да напредуваат колку што можат и до каде можат во стекнување на знаењето… И додека учат, треба да го пренесуваат своето знаење. На тој начин нивните умови ќе се здобијат со дисциплина и сила. Вредноста на нивното образование се одредува според употребата на стекнатото знаење. Се покажало дека долгогодишното учење, без никаков напор за пренесување на наученото често пати е пречка, а не помош во развојот. Ученикот треба да се труди да осознае како да учи и како да го пренесува своето знаење во училиштето и домот. Без оглед на неговата професија, тој треба да биде и ученик и учител се до крајот на животот. Крајот на својот живот.

Најбитното образование за нашата младина денес, она кое ќе ги оспособи за повисок степен на школување од озгора, е образование кое ќе ги научи како да му ја откријат Божјата волја на светот, Најсуштествено знаење е знаењего за Бога и за Оној што Тој го испратил.

Секое дете и секој младинец треба да се познава себеси. Треба да го познава физичкото престојувалиште што Бог му го дал и законите со кои тоа се одржува здраво. Сите мораат да имаат цврста основа во вообичаените гранки од образованието. И треба да имаат стручно образование кое од нив ќе направи мажи и жени со практични способности, способни за секојдневните животни обврски. Кон овааа треба да се придодадат образованието и пракгичната обука од различни области на мисионерската работа.

„Кој сеучилишен курс може да биде еднаков на овој.“ „Големиот Господов ден е бпизу!…” А светот треба да биде предупреден… Илјадници млади мораат да и се посветат на оваа работа… да ги охрабрат младите кои им се доверени и да им помогнат во подготовката да стапат во редовите на оние кои ќе го предупредат светот.

Не постои друга гранка на делото во која на младите би им било овозможено да примат поголеми благослови… Тие се соработници на ангелите; всушност, тоа се човечки орудија преку кои ангелите ја извршуваат својата мисија. Ангелите говорат преку нивниот глас и работат со нивните раце. Човечките суштества, соработувајќи со небесните сили, го уживаат бпагословот на нивното образование и искуство. Која универзитетска настава може да се мери со тоа како средство за образование?

Важно е да се пренесува знаењето. За нивно целосно образование неопходно е на учениците да им се даде време за мисионерска работа, време да се запознаат со духовните потреби на семејствата во својата заедница. Тие не смеат да се претрупаат со студии што ќе немаат време за користење на стекнатото знаење. Треба да се охрабрат да направат сериозен мисионерски напор за оние кои се во заблуда, запознавајќи се со нив и изнесувајќи им ја вистината. Со понизна работа, тражејќи мудрост од Бога, молејќи се и стражарејќи во молитвите, тие можат да им го дадат на другите знаењето кое го збогатило нивниотживот.

Сподели го ова:

Слични објави