Глава 23 Љубовта божествен, вечен принцип

Сподели го ова:

Љубовта, начело на акција. Кога небесниот принцип на вечната љубов го исполнува срцето, таа ќе се излева и на другите… затоа што љубовта е начело на акција, и таа го оформува каракгерот, владее со побудите, ги контролира страстите, ја гуши омразата и ги воздига и облагородува склоностите.

Различна од сите други начела. Чистата љубов е едноставна во своето делување и различна од секое друго начело на акција.

Нежна билка која мора да се култивира и негува. Љубовта е нежна билка и таа мора да се култивира и негува, а секој горчлив корен околу неа треба да се извади за да има место за растење, и дури тогаш таа ќе ги доведе под свое влијание сите сили на умот, целото срце, така што највеќе ќе го сакаме Бога и своите најблиски како што се сакаме самите себе.

Сатанска замена себичност за љубов. Преку непослушноста се изопачиле човечките способности, а себичноста го зазела местото на љубовта. Неговата природа станала толку слаба што му било невозможно да ги одбие силите на злото; и искушувачот видел дека му се исполнила замислата да го спречи божествениот план на човековото создавање и да ја исполни земјата со беда и пусгош.

Љубовта спонтано извира кога своето ,јас“ е потиснато. Кога своето ,јас“ ќе му се потчини на Христа, вистинската љубов спонтано извира. Таа не е емоција или импулстуку одлука на посветената волја. Таа не се содржи во чувствата туку во преобразување на целото срце, душа и карактер, кои се мртви за себе, аживи за Бога. Нашиот Господ и Спасител бара да му се предадеме. Покорувањето на своето ,јас“ е се што бара Тој, предавајќи му се себеси за да не вработи со таква работа која Тој ја смета за прикпадна. Се додека не дојдеме до оваа точка на потчинување, никаде нема да работиме среќно, корисно, или успешно.

Љубовта не е нагон туку божествен принцип. Најголема љубов кон Бога и несебична меѓусебна љубов тоа е најголемиот подарок кој може да ни го даде нашиот небесен Татко. Оваа љубов не е нагон, туку божествен принцип, перманентна сила. Непосветеното срце не може да ја оживотвори или да ја произведе. Таа се наоѓа само во срцето во кое владее Исус. „Ние го љубиме, зашто прво Тој не возљуби нас“ (1. Јованово 4:19). Во срцето коешто е обновено од божествената благодат, љубовта е владеачко начело на акција.

Љубовта интелектуална и морална сила. Љубовта е сила. Интелектуалната и моралната сила се содржани во овој принцип, и не можат да се одделат од неа. Моќта на богатството копнее по расипување и уништување; моќга на силата е силна да повреди; но одликата и вредноста на чистата љубов се состои во нејзината готовност да прави добро, и само добро. Што и да се направи од чистаљубов, колкутоа и да е мапо или достојно за презир во човечките очи, во целост е плодоносно; затоа што Бог повеќе гледа со колкава љубов некој работи отколку на тоа колку работа свршил. Љубовта е од Бога. Необратеното срце не може да ја зачне или да ја произведе оваа билка од небесно потекло којаживее и цвета само таму кај што владее Христос.

Љубовта, мирисна атмосфера. Секоја душа е опкружена со своја посебна атмосфера со атмосфера која може да биде исполнета со животодавна, силна вера, со храброст и надеж, и со сладок мир на љубовта. Или може да биде студена и тешка, полна со незадоволство и со себичност, отруена со смртоносна зараза на омилените гревови. Со атмосферата што не опкружува, ние, свесно или несвесно, влијаеме врз секое лице со кое доаѓаме во контакг.

Да се искоренатсебичноста и нетрпението. Златниот синџир наљубовта, кој ги поврзува срцата на верниците во единство, во оковите на братството и љубовта, во единство со Христос и Таткото, ја праваттаа врска совршена и посведочува пред светот за силата на христијанството која не може да се оспори… Тогаш ќе се искорени себичноста и неверноста повеќе нема да постои. Нема да има раздори и поделби. Нема да има тврдоглавост за оние кои се поврзани со Христа. Никој нема да покажува упорна независност и своеволност и изигрува избувливо дете кое ја испушта раката која го води и избира да се сопнува и оди по сопствените патишта.

Плодот на чистата љубов. „Се што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така“ (Матеј 7:12). Како плод на таквиот курс ќе се покажат благословени резултати. „Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери“ (Стих 2). Еве јаки мотиви кои ќе не натераат да се сакаме еден со друг постојано со чиста љубов. Христос е наш пример. Тој одел правејќи добро. Тојживеел на благослов на другите. Љубовта ги разубавила и ги облагородила сите Негови дела.

Не ни е заповедано да си го правиме на себе она што сакаме другите да ни го прават нам; ние мораме да им го правиме на другите она што сакаме тие да ни го прават на нас под такви околности. Мерата со која мериме секогаш ќе ни се враќа…

Љубовта кон влијанието и желбата за почитување од другите можат да произведат уреден живот а често и беспрекорен разговор. Самопочитувањето може да не наведе да ја избегнеме појавата на злото. Себичното срце може да прави великодушни дела, да ја признае сегашната вистина, и да покаже понизност и приврзаност надворешно гледано, а побудите сепакда бидат лажни и нечисти; делата кои потекнуваат од таквото срце можат да бидат лишени од вкусот на животот и од плодовите на вистинската светлина, од причина што се лишени од начелата на чистата љубов. Љубовта треба да се култивира и негува, затоа што нејзиното влијание е божествено.

Љубовта прави отстапки. Христовата љубов е длабока и сериозна, и тече како незадржпив порој кон сите оние кои сакаат да ја прифатат. Нема себичност во Неговата љубов. Кога оваа одозгора родена љубов е правило кое е постојано присутно во срцето, таа ќе се препознае, не само кон оние кои ги сметаме за најцраги во светиот однос, туку и кон сите оние со кои доаѓаме во контакт. Таа ќе не води да правиме мали дела на љубезност, да правиме исклучоци, да чиниме љубезни дела, да зборуваме нежни, искрени, охрабрувачки зборови. Таа ќе не води да сочувствуваме со оние срца кои се гладни за сожалување.

Љубовта владее со побудите и постапките. Најголемото внимание кон надворешниот пристоен живот не е доволно да го оневозможи пристапот на секоја раздразливост, погрешен суд и непристоен говор. Вистинската префинетост никогаш нема да се открие се додека своето ,јас“ се смета како најголема цел. Љубовта мора да пребива во срцето. Темелниотхристијанин ги црпи своите побуди за акција од длабоката љубов кон својот Учител. Од самиот корен на неговата приврзаност со Христа извира несебичен интерес за неговите браќа. Љубовта на својот поседник му пренесува благодат, пристојност и прифатливо однесување. Таа го осветлува изразот на лицето и го ублажува гласот; го прочистува и воздигнува целото битие.

Љубовта благонаклонето ги толкува побудите на другите. Љубовта „не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува, не мисли зло“ (1. Коринтјаните 13:5). Христијанската љубов создава најповолни претпоставки за побудите и постапките на другите. Таа не укажува без потреба на нивните грешки, не слуша со задоволство неповолни гласови, туку се труди да потсети на добрите особини на другите.

Љубовта го разубавува целиотживот. Оние кои го сакаат Бога не можат да негуваат омраза или завист. Кога небесното начело на вечната љубов го исполнува срцето, таа се излива на другите…

Оваа љубов не е стеснета само на тоа да ме вклучува „мене и моето“ туку е распространета како светот и е висока како небото, и е во склад сотаа на ангелските работници. Оваа љубов негувана во душата го разубавува целиот живот и шири префинето влијание на се околу себе. Кога ја поседуваме, не можеме да не сме среќни, без разлика на околностите.

Ако го сакаме Бога со целото наше срце, ние исто така мораме да ги сакаме и Неговите деца. Оваа љубов е Божјиот Дух. Тоа е небесен накит кој и дава вистинска благородност и достоинство на душата и ги привикнува нашите животи со животот на Учителот. Без разлика какви добри особини може да имаме, колку и да сме се сметале себеси за чесни и префинети, ако душата не е крстена со небесната благодат наљубов кон Бога и на едни спрема други, ние сме лишени од вистинската добрина и не сме достојни за на небото, каде што владеат само љубов и единство.

Вистинската љубов е духовна. -Љубовта, воздигната над царството на страстите и импулсивноста, станува продуховена и се открива преку зборовите и делата. Хрисгијанинот мора да има посветена нежност и љубов, во која нема нетрпеливост и раздразливост; грубите и непријатни манири мораат да бидат омекнати преку на Христовата благодат.

Љубовта живее од акција. Љубовта не може да живее без акција, а секој чин само ја зголемува, зацврстува и проширува. Љубовта победува тогаш кога доказите и авторитетот се немоќни. Љубовта не работи за корист ниту пакза награда; но сепак Бог одредил дека на секое дело на љубов, резултатот повеќе од извесно е секогаш голема добивка. Таа по природа се шири и е тивка во своето делување, па сепак силна и моќна во својата намера да ги надвладее големите зла. Љубовта е омекнувачка и преобразувачка во своето влијание и делува на грешниците допирајќи ги нивните срца тогаш кога секое друго средство ќе се покаже како неуспешно.

Онаму каде што се користи моќта на интелектот, авторитетот или силата, а љубовта нејасно се покажува, чувствата и волјата на оние до кои се обидуваме да допреме заземаат одбранбен, одбоен став, а нивната отпорна сила се зголемува. Исус бил Кнез на мирот. Тој дошол на светот да ги потчини противењето и авторитетот. Тој можел да заповеда со мудрост и сила, но средствата со коишто се служел во совладувањето на злото биле мудроста и силата на љубовта.

Докази за новото животно начело. Кога луѓето се меѓусебно поврзани, не со сила или со лични интереси, туку со љубов, покажуваат дека дејствува едно влијание што е повозвишено од секое човечко влијание. Таму каде што постои такво единство, тоа е доказ дека во човечкиот род е обновен Божјиот лик и дека им е всадено ново животно начело. Тоа покажува дека во божествената природа постои сила што може да им се спротивстави на природните сили на злото и дека Божјата благодат ја потчинува себичноста својствена на природата на човечкото срце.

Сподели го ова:

Similar Posts