Пити, торти, колачи, пудинзи

Сподели го ова:
  1. Многу слатки, кои одземаат толку многу време за подготовка, се штетни по здравјето.

(1893) РЕ 227

Попуштање на искушението

  1. На многу маси дури и тогаш, кога желудникот го примил сето она што му е потребно правилно да го исполни својот дел во исхраната на телото, се изнесува друго јадење кое што се состои од пита, пудинг и многу омилени сосови. . . Мнозина иако доволно јаделе, ги преминуваат границите и јадат слатки кои доведуваат во искушение, и кои што за нив претставуваат се друго само не добро. . . Ако сосема се ослободиме од посебните додатоци кои го подразбираат десертот, тогаш тоа би било на благослов. ^еКег 73а, 1896
  2. Затоа што е тоа мода, во согласнност со болниот апетит, во желудникот се трупаат богати колачи, пити, пудинзи и се она што е штетно. Масата мора да биде преполна со разновидна храна затоашто изопачениот апетит ќе остане незадоволен. Наутро овие робови на апетитот често пати имаат непријатен здив и сув јазик. Тие не се здрави и се чудат зошто поднесуваат болки, главоболки и разни болести. Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 130, 1864
  3. Човечкото семејство & попушта на зголемената желба за храна, се додека не станало мода да се трупаат во желудникот сите можни слатки. Особено на седенките неограничено се попушта на апетитот. Се служат богати ручеци и доцни вечери кои што се состојат од многу зачинето месо, со богати сосови, богати колачи, пити, сладоледи и слично. (1865) Н. ѓо С, сИ.1, р.53
  4. Затоашто е тоа модерно, мнозина сиромашни и оние кои што зависат од својата секојдневна заработувачка, се изложуваат на трошоци подготвувајќи разновидни, богати колачи, компоти, пити и многу друга модерна храна за гостите, која само им штети на оние кои се послужуваат. Парите кои што вака се трошат во исто време им се потребни за набавка на облека за себе и своите деца. Времето кое се троши за подготовка на храна, за да се задоволи вкусот на штета на желудникот, треба да се посвети на морално и верско поучување на нивните деца. (1865) Н. ѓо В, сИ.1, р.54

[За контекст види – 128]

[Вогатата храна создава желба за надразнувачки средства – 203]

Не преставува дел од здравата и корисна храна

  1. Мнозина знаат да направат разни видови на колачи, но колачите не се најдобрата храна

која што треба да се изнесува на маса. Влагите колачи и пудинзи и преливи ќе ги пореметат органите за варење. Зошто тогаш би ги искушувале оние кои се собрале и седат на трпеза со изнесување на ваквите јадења пред нив?   У.1., Мау 31, 1894

  1. Месо, богати колачи и пити подготовени со разновидни зачини, не се најздрава и

најкорисна храна.     (1870) 2Т 400

  1. Слатките кои што се земаат во вид на преливи прават многу повеќе штета одколку добро.

Овошјето, ако може да се добие, е најдобра намирница.          ^еНег 91, 1898

  1. Вообичаено во храната се употребува премногу шеќер. Тортите, слатките пудинзи,

печивата, слаткото и џемовите, се активни причинители за слабото варење. Посебно се штетни преливите и пудинзите во кои главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилно употребување на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува.   (1905) МН 302

  1. Нека оние кои што ја застапуваат здрваствената реформа, серизоно се трудат да ја издигнат така што во се да бидат она што тврдат дека се. Нека го одфрлат сето она што им штети на здравјето. Користете едноставна, здрава храна. Овошјето е прекрасно и штеди многу варење. Отфрлете ги богатите торти, колачи, наслади и други јадења подготовени да го искушуваат апетитот. Јадете помалку видови на храна за еден оброк и јадете со благодарност. ^еИег 135, 1902

Едноставните десерти не се забранети

  1. Едноставната пита може да се служи како десерт, но кога некој би земал две или три парчиња само за да му удоволи на неумерениот апетит, тогаш таквиот сам себеси се онеспособува за Вожјата служба. Некои, бидејќи добро си се послужиле со друга храна, си го земаат десертот не затоашто им е потребен, туку затоашто убаво им доаѓа. Ако бидат понудени да земат и второ парче, искушението е многу големо за да можат да му одолеат, и така уште две или три парчиња му се додаваат врз бремето кое е веќе ставено во преоптоварениот желудник. Оној кој го прави ова никогаш не се воспитувал себеси во самоодречување. Жртвата на апетитот е така соединета со својот начин на живот и неможе да ја види штетата која ја нанесува самата на себеси. ^еИег 17, 1895
  2. Тогаш кога & било потребно посебна храна и посебна облека, едноставна но со добар

квалитет, тоа не и било дозволено. Нејзиното тело & барало материјал за да го претвори во крв; но не го добило. Умерените количества на млеко и шеќер, малку сол, бел леб направен со квасец, за промена, црно грахам-брашно подготовено на разни начини со други раце, а не со нејзините, едноставен колач со суво гројзе, пудинг од ориз со суво гројзе, суви сливи и смокви од време на време, и многу други јадења кои би можела да ги наведам, би одговарале на барањата на апетитот.            (1870) 2Т 383, 384

  1. Храната која што се изнесува пред болните би требало да биде таква за да може да влијае

поволно врз нив. Јајцата можат да се подготват на разни начини. Питата од лимон не треба да се забрани.         ^еНег 127, 1904

[Пита од лимони во исхраната на Елена Вајт – Додаток 1:22]

  1. Десертите треба да се изнесат на трпеза и да се служат заедно со останатата храна; затоа

што често пати, кога стомакот добил се што му било потребно, се внесуваат десертите, тие се тогаш навистина непотребни.        ^еИег 53, 1898

За бистар ум и силно тело

  1. Ви сакала сите да ја прифатиме здравствената реформа. Се противам на употербата на

колачи. Овие мешавини се нездрави. Никој кој што јаде многу благи колачи, колачи со кремови и сите видови на пити со разни јадења за еден оброк, неможе да има добри органи за варење и бистар ум. Кога така работиме и потоа ќе настинеме, целото тело е така парализирано и ослабено што не е во состојба да се бори против болести. Јас повеќе би сакала месна исхрана отколку колачи и торти кои што така често се употребуваат.   ^еИег 10, 1891

  1. Нека поборниците на здравствената реформа мислат на тоа дека можат да направат многу штета со тоа што ќе објават рецепти кои што не ја препорачуваат здравствената реформа. Големо внимание треба да им се посвети на давањето рецепти за колачи со преливи. Ако како слатка се јаде торта со млеко и павлака, во стомакот ќе настане вриење и тогаш чувствителните делови на

телото први ќе бидат нападнати. Мозокот ќе биде под влијание на пореметувањето на желудникот. Ова би можело лесно да се излечи кога луѓето би ги проучувале причините и последиците, изоставувајќи од својата исхрана се што им штети на органите за варење и предизвикува главоболка. Со неразумното јадење луѓето се онеспособуваат за работа која што би можеле да ја вршат, за разлика од едноставната храна, која што може да им наштети.          ^еНег 142, 1900

  1. Јас сум убедена дека никој не треба да се разболи подготвувајќи се за под шаторите, ако води сметка за законите на здравјето при готвењето. Ако не прават колачи и пити, туку печат обичен црн, грахан-леб и ако се хранат со овошје, конзервирано или суво, тие не треба да бидат болни од подготовувањето за состанок. (1871) 2Т 602
  2. Најдобро е да се остават слатките. Немојте да ги допирате оние слатки кои што се изнесуваат на трпезата. На вас не ви се потребни. На вас ви е потребен бистар ум да размислувате за Божјиот налог. Ние сега треба да се изедначиме со начелата на здравствената реформа. Р. & Н., Јапиагу 7, 1902

[Колачи, пити, сладолед, послужени со богати ручеци и доцни вечери – 233]

[Подготовки за модерни седенки – 128]

[Воспитување на апетитот да ја прифати едноставната храна – 245]

[Пост – помош за совладување на изопачениот апетит – 312]

[Иако се одфрлени месните пити, зачини и слично, храната треба грижливо да се подготви – 389]

[Колачи или пити не треба да се подготвуваат за состаноците под шаторот – 57, 74]

[Во домот на Вајтови не беше послучувана богата храна и десерти – Додаток 1:4, 13]

[Колку помалку зачини и слатки, толку подобро – 193]

[Богати слатки служени со зеленчук – 722]

[Вогатите колачи го пореметуваат желудникот и ги надразнуваат нервите – 356]

[Опасното влијание на слатките во исхраната кај децата – 288, 350, 355, 360]

[Вогатата храна не е најдобра за работниците кои што работат седејќи – 225]

[Заветување на Вога за напуштање на богатата храна – 41]

Сподели го ова:

Слични објави