Сода бикарбона и прашок за печиво

Сподели го ова:

Дел 2 – Сода бикарбона и прашок за печиво

  1. Употребата на сода или прашок за печиво во правењето леб е штетно и непотребно. Содата предизвикува запаление на желудникот и често пати го труе целиот организам. Многу домаќинки мислат дека неможат да направат добар леб без сода, но тоа е заблуда. Ако се потрудат да научат подобри методи, нивниот леб ќе биде поздрав и со попријатен,природен вкус,

(1905) МН 300, 301

  1. Топлите бисквити од кисело тесто со сода или прашок за печиво никогаш не би требале да најдат место на нашите трпези. Тие се несоодветни за да влезат во нашиот желидник. Вило кој топол леб од кисело тесто е тежок за варење.

Земичките од интергрално брашно (црно) кои не се само здрави, туку и вкусни, и можат да се направат од непросеано брашно замешано со чиста студена вода или млеко. Но, нашиот народ тешко се учи на едноставност. Кога ги препорачуваме Грахамовите земички нашите пријатели велат: “О, да, знаеме како да ги приготвиме.” и, колку сме разочарани, кога ќе ги изнесат, нараснати со прашок за печиво или кисело млеко и сода. Тоа не ни дава никакви докази за реформа. Од непросеано брашно, замесено со чиста вода и млеко се добиваат највкусните земички што сум ги пробала. Доколку водата е тврда, користете повеќе млеко, или додате јајце во путерот. Земичките треба внимателно да се испечат во добро загреана релна со постојана топлина.           Р. & Н., Мау 8, 1883

  1. На моите патувања, гледам цели семејства кои страдаат од болести како последица

на лошото готвење. Слаткиот, добар и здрав леб ретко може да се види на нивната трпеза. Жолтите бисквити со сода бикарбона и тешкиот недопечен леб ги уништуваат органите за варење на десетици илјади луѓе.   НеаИИ Реѓогтег, Аидиѕѓ, 1873

  1. Некои не чувствуват дека соодветното приготвување на храната е религиозна

обврска; и затоа не се обидуваат да научат како да го прават тоа. Дозволуваат лебот да им скисне пред печење, а содата што ја додаваат за да ја поправат небрежноста при готвењето гоправи сосема несоодветен за човечкиот желудник.       (1890) СН 117

  1. Секаде каде што одам гледам бледи лица и се повеќе луѓе со слабо варење. Кога ќе

седнам на нивните трпези, јадејќи ја храната која што тие со месеци, а можеби и години ја приготвуваат на истиот начин, се чудам како се воопшто живи. Лебот и бисквитите се жолти од сода бикарбона. Таа служи само како замена за малку повеќе внимание при готвењето; како резултат на негрижа, на лебот често му се дозволува да прескисне пред печењето, а за да се поправи штетата се додава многу сода која го прави сосема неподобен за човечкиот желудник. Содата бикарбона не би требала да се внесува во желудникот во никаква состојба бидејќи ефектот од неа е поразителен. Таа ја нагризува обвивката на желудникот, предизвикува воспаление и често, го загадува целиот организам. Некои се жалат: “Јас не можам да направам добар леб или земички без сода или прашок за печиво!” Секако дека можете доколку станете ученик и научите како. Зарем здравјето на вашето семејство не е доволно важно за да ве инспирира да научите како да готвите и како да јадете?  (1870) 2Т 537

Сподели го ова:

Слични објави