Училишта за готвење

Сподели го ова:

Дело со најголемо значење

  1. Во нашите големи градови во кои се извршува здравствено-мисионска дејност треба да се одржуваат училишта за готвење; и секаде каде што воспитно-мисионското дело силно напредува треба да се формира некој вид здравствен ресторан, кој ќе ја даде вистинската слика на вистинското одбирање и здравото подготвување на храната.  (1902) 7Т 55
  1. Треба да се одржуваат училишта за готвење. Народот треба да се поучи како да подготвува здрава храна. Треба да му се укаже од потребата за напуштање на нездравата храна. Но никогаш не смееме да се залагаме за сиромашна исхрана. Можно е да се подготви здрава храна со голема вредност без користење на чај, кафе е месо. Делото на подучување на луѓето како да подготват храна која истовремено ќе биде и здрава и вкусна е од најголема важност. (1909) 9Т 112
  2. Некои, откако ја прифатиле вегетаријанската исхрана, се враќаат на употреба на месната храна. Тоа е навистина бесмислено, непромислено и открива недостиг на знаење за тоа како да се обезбеди правилна храна која ќе го замени месото. (1902) 7Т 126
  3. Реформата на исхраната треба да биде постепена. Бидејќи се умножуваат

заболувањата кај животните, упоребата на млекото и јајцата ќе станува се понесигурна. Треба да се вложат напори наместо нив да се обезбедат други продукти кои ќе бидат здрави и ефтини. Луѓето насекаде треба да се поучат да готват без млеко и јајца, колку е тоа можно, а нивната храна сепак да биде здрава и вкусна.         (1905) МН 320, 321

  1. Оние кои можат да ги ползуваат предимствата на правилно водените училишта за готвење ќе го сметаат тоа за голема придобивка како за своите секојдневни потреби, така и за поучувањето на другите.    (1890) с.т.в.н. 119

Во секоја црква, верско училиште и мисионско поле

  1. Секоја црква треба да биде училиште за обука на христијански работници. Нејзините верници треба да се поучуваат како да држат библиски часови, како да водат и подучуваат во класовите на библиската поука, како најдобро да им помогнат на сиромасите и да се грижат за болните, како да работат за необратените. Тука треба да постојат здравствени училишта, училишта за готвење и предавања од разни области на христијанската дејност и укажување помош. Не треба само да се одржуваат предавања, туку треба да се спроведе практична работа под надзор на искусни учители.  (1905) МН 149
  1. Секој здравствен ресторан треба да биде училиште за работниците поврзани со него. Оваа гранка може многу пошироко да се развива во градовите отколку во помалите места. Но во секое место во кое постои црква и верско училиште треба да се даваат поуки за подготвување едноставна, здрава храна што ќе ја користат оние кои сакаат да живеат во согласност со принципите на здравствената реформа. Во сите наши мисионски полиња може да се изврши слична работа.

Работата на комбинирање овошје, семки, житарки и корења за добивање здрава храна е Вожјо дело. Во секое место во кое е основана црква верниците треба понизно да одат пред Господа. Треба да се стремат да го просветлат народот за принципите на здравствената реформа.

МЅ 79, 1900

Нивното вистинско место

  1. Колку е тоа можно, нашите собори треба да бидат целосно посветени на духовното добро… За деловните работи треба да се грижат оние кои се посебно одредени за таа работа. Колку е тоа можно, тие прашања треба да му се изнесуваат на народот во некоја друга пригода, а не на соборите. Упатствата за повикување на другите, за работата на саботното училиште и за детаљите од колпортажата и мисионската работа треба да се даваат во матичните цркви или на состаноци кои се посебно одредени за тоа. Истиот принцип важи и за училиштата за готвење. Иако ова е сосема во ред и умесно, сепак не треба да одземе премногу време на нашите соборни состаноци. (1900) 6Т 44, 45

Средство за реформа

  1. Училишта за готвење треба да се формираат во многу места. Оваа работа може да почне скромно, но откако мудрите готвачки ќе сторат се за да ги просветат другите, Господ ќе им даде умешност и разбирање. Господовиот збор гласи: “Не бранете им; зашто лично Јас ќе им се откријам како нивни Учител”. Тој ќе работи со оние кои ќе ги спроведуваат Неговите планови учејќи ги другите како да ја внесуваат реформата во својата исхрана подготвувајќи здрава, ефтина храна. На тој начин и сиромасите ќе се охрабрат да ги прифатат принципите на здравствената реформа; тоа ќе им помогне да станат вредни и да се потпрат на себеси.

Прикажано ми е дека Bог ги поучува способните мажи и жени како да приготвуваат здрава, вкусна храна на прифатлив начин. Мнозина од нив беа млади, но имаше и такви кои се на позрела возраст. Добив упатство да ги охрабрам водачите на училиштата за готвење во сите места во кои се вршела здравствено -мисионска работа. Мораме на луѓето да им ги дадеме сите докази кои ќе ги водат кон реформата. На нив треба да падне колку е можно повеќе светлина. Подучете ги колку што можат да го подобрат начинот на кој ја приготвуваат храната и поттикнете ги да го пренесуваат она што ќе го научат и на другите.

Зарем нема да сториме се што е во наша моќ да го унапредиме делото во сите наши големи градови? На илјадници луѓе кои живеат околу нас им е потребна нашата помош во најразлична форма. Весниците на Евангелието треба да се сетат дека Господ Исус Христос им рекол на Своите ученици: “Вие сте светлина на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв на планина”. “Вие сте солта на земјата. Но, ако солта ја загуби силата, со што ќе се осоли?” (Матеј 5:14,13).       (1902) 7Т 113, 114

Поучување од куќа до куќа

  1. Затоа што тиранинот – предрасуда – ги затворил приодите кон душата, мнозина и не ги познаваат принципите на здравиот начин на живот. Со поучувањето на луѓето како да подготвуваат здрава храна се врши добра служба. Овој вид работа е исто толку важен како и секоја друга служба што би можела да се преземе. Треба да се формираат повеќе училишта за готвење, а некои треба да работат од куќа до куќа, давајќи упатства за умешноста на подготвувањето здрава храна. Мнозина, мнозина ќе се спасат од физичката, умна и морална изопаченост благодарение на влијанието на здравствената реформа. Овие принципи ќе се преорачаат самите себеси кај оние што ја бараат светлината И таквите ќе напредуваат и целосно ќе ја примат вистината за ова време.

Bог сака Неговиот народ да прими за да дава. Како непристрасни, несебични сведоци, тие треба да им го даваат на другите она што Bог ним им го дал. А кога ќе отпочнете со ваква работа и кога со секакви среќа кои се во ваша моќ, сакате да допрете до срцата, работете сигурно и на начин кој ќе ги отргне предрасудите наместо да ги создава. Постојано проучувајте го Христовиот живот и работете како што работел Тој, одејќи по Неговиот пример. R. & H, June 6, 1912

Поуките од здравствената реформа на празничните собири и на посебни општествени состаноци

  1. Кога светлината на здравствената реформа за прв пат допре до нас, ние имавме обичај за време на празниците да понесеме шпорети надвор од градот, каде што се собираа луѓето, и токму таму да печеме бесквасен леб. Земички и кифли. Сметам дека исходот од нашите напори беше добар, иако немавме толку здрави јадења како денес. Во тоа време штотуку почнувавме да учиме како да живееме изоставувајќи ја месната храна.

Понекогаш подготвувавме општествени состаноци и водевме голема грижа за тоа што е подготвено за трпезата да биде убава и вкусна. За време на сезоната на овошје добивавме свежи боровинки, малини од грмушки и свежи јагоди. Ние од менито направивме очигледна поука која на присутните им укажуваше на тоа дека нашата исхрана, иако во согласност со принципите на здравствената реорма е далеку од тоа да биде сиромашна.

Понекогаш на овие општествени состаноци беше одржано по некое кусо предавање за умереноста, па на тој начин го запознавме народот со нашите животни принципи. Колку што ни е познато, сите беа задоволни и просветлени. Секогаш имавме што да кажеме за потребата од обезбедување здрава храна и за нејзината едноставна подговотвка, која сепак ќе биде вкусна и привлечна што оние кои ја јадеа секогаш беа задоволни.

Светот е полн со искушенија кои водат кон попуштање на апетитот; зборовите на предупредување, сериозни и одредени, направија прекрасни промени во семејствата и меѓу поединци. Letter 166, 1903

Предимствата и опасностите на нашите ресторани

  1. Дадена ни е светлина дека во градовите ќе има можности за работа слична на онаа што ја извршивме на саемот во Ватл Крик. Во согласност со оваа светлина беа формирани здравствени ресторани. Меѓутоа, постои голема опасност дека нашите работници во рестораните ќе бидат толку обземени од трговски дух, што ќе пропуштат на народот да му ја дадат потребната светлина. Нашите ресторани не доведуваат во допир со многу луѓе, но ако допуштиме нашиот дух да биде толку обземен со помислата за финансиска добивка, ние нема да ја исполниме Вожјата намера. Тој би сакал да ја искористиме секоја можност за изнесување на вистината која треба да ги спаси мажите и жените од вечна смрт.

Се обидов да утврдам колку души се обратиле кон вистината со работата на нашиот ресторан тука во  ________      Некои се, можеби, спасени, но многу повеќе можеа да бидат обратени кон Bога, да беа превземени сите напори работата да се воид според Bожјиот налог и ако и се дозволеше на светлината да заблеска на патот на другите.

Јас би им кажала на работниците кои се во врска со рестораните: “Немојте да продолжувате да работите како до сега. Настојувајте од ресторанот да направите средство за пренесување на светлината на сегашната вистина на другите. Нашите ресторани се формирани само за оваа цел…”

Работниците во ресторанот во  ———– и верниците на нашата црква во ————— треба целосно да се обратат. На секој од нив му е даден дар на разум. Дали добивте сила да победите заедно со Вога? “А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Вожји” (Јован 1:12)    МЅ 27, 1906

Од воспитувачите се бара разбирање и разумност

  1. Треба да се вложат поголеми напори за поучување на луѓето на принципите на здравствената реформа. Треба да се формираат училишта за готвење, и од куќа до куќа да се поучува умешноста на готвење здрава храна. И старите и младите треба да научат како да говтат поедноставно. Секаде каде што се изнесува вистината, народот треба да се подучува како да ја посготвува храната едноставно, но вкусно. Треба да им се покаже дека може да се обезбеди храна со голема вредност и без употреба на месо…

Потребно е многу разбирање и разумност за да се подготви храна со голема вредност наместо онаа која претходно ја сочинувала исхраната на оние научиле да бидат застапници на здравствената реформа. Се бара вера во Вога, сериозност на целта и желба д аим се помогне на другите. Исхраната од која се одземени вистинските хранливи состојки му нанесува срам на делото на здравствената реформа. Ние сме смртници и мораме да се обезбедиме со храна која ќе овозможи правилна исхрана на нашите тела.        (1909) 9Т 161

Часови по готвење во сите наши училишта

  1. Во сите наши училишта треба да постојат лица подобни за настава по готвење. Треба да се одржуваат часови по овој предмет. Оние кои се подготвуваат за служба претрпуваат голема загуба доколку несе здобијат со знаење за тоа како се подготвува здрава и вкусна храна.

Да се знае да се готви не е беззначајно. Умешното подготвување на храната е една од најважните умешности. Таа треба да се смета за една од најскапоцените од сите умешности, бидејќи е толку тесно поврзана со животот. И физичката и умната сила во голема мерка зависат од храната што ја јадеме; затоа оној што ја подготвува храната зазема значајна и возвишена положба.

И момчињата и девојките треба да се поучат како економично да готват за да можат да живеат без се што е поврзано со месото. Не треба да се поттикнува подготвувањето јадења кои се и во најмала мерка составени од месо, затоа што тоа повеќе укажува на темнината и незнаењето во Египет, отколку на чистотата на здравствената реформа.

Особено жените треба да научат како да готват. Која гранка од воспитувањето на девојката е толку значајна како оваа? Какви и да се нејзините животни околности, таа ќе може да го примени ова знаење во секојдневниот живот. Тоа е гранка на воспитувањето која има најнепосредено влијание на здравјето и среќата. Во добро подготвениот леб се наоѓа практичната вера.

(1913) СТ 312, 313

  1. Многу млади луѓе ќе дојдат во училиштето со желба да се обучуваат во индустриските области. Таквото подучување треба да опфати книговодство, дрводелство и се што има врска со земјоделието. Исто така, треба да се прават подготовки за учење на ковачкиот, молерскиот, чевларскиот и пекарскиот занает. Треба да се учи готвење, крпење, перење и пеглање, чукање на машина и печатење. Во оваа работа на поучување треба да се искористат сите расположиви сили за учениците да бидат добро подготвени за обврските на секојдневниот живот.

(1900) 6Т 182

  1. Поврзани со нашите санаториуми и училишта, треба да постојат и училишта за

готвење во кои ќе се учи правилно приготвување на храната. Во сите наши училишта треба да постојат лица кои ќе ги подучуваат учениците, и момчињата и девојчињата на умешноста на готвење. Особено жените треба да научат како се готви. МЅ 95, 1901

  1. Учениците во нашите училишта треба да учат да готват. Во оваа гранка од воспитувањето треба да се внесе истенчено разбирање и умешност. Со измамата на неправдата сатаната работи на тоа да ги скршне стапките на младината кон патот на искушението кој води во пропаст. Ние мораме да ги зајакнеме и да им помогнеме да им се спротивстават на искушенијата насочени кон попуштање на апетитот и кои се сретнуваат на секој чекор. Да ги упатиме кон науката на здравиот начин на живот, значи да извршуваме мисионерска должност за Учителот. 7Т 113
  2. На физичката работа треба да & се посвети многу поголемо внимание отколку што & е

посветувано. Треба да се формираат училишта кои, со моралната и ментална култура, ќе обезбедат најдобри можности за физички развој и обука во практичната работа. Треба да се даваат поуки од областа на земјоделството, производствениот процесс – опфаќајќи што повеќе полезни занаети – но и од домашната економија, здравото готвење, шиењето, кроење добри фустани, нега на болни и сродни гранки.          (1903) Е^ 218

Верност во секојдневните обврски

  1. Многу гранки од студиите, кои му одземаат време на ученикот, не се важни за животот или среќата; меѓутоа, за секој млад човек е важно да биде целосно запознает со секојдневните обврски. Доколку е тоа потребно, младата жена може да помине без знаење на француски јазик и алгебра, па дури и клавир, но незамисливо е да не научи да прави добар леб, да шие фустани кои убаво стојат и успешно да извршува многу должности кои припаѓаат на домаќинството.

Ништо не е од поголемо значење за здравјето и среќата на целото семејство од умешноста и мудроста на готвачката. Со лошо подготвената, нездрава храна таа може да ги спречи, па дури и

да ги упропасти способностите на возрасните, но и развојот на децата. Со обезбедување храна која ќе биде прилагодена на потребите на телото. А истовремено привлечна и вкусна, таа може да направи толку многу добро, колку што може да постигне и во лошата насока. Животната среќа е на толку многу начини поврзана со верноста во секојдневните должности.

Бидејќи мажите и жените имаат удел во создавањето на домот, момчињата, исто како и девојчињата, треба да се здобијат со знаење за домашните обврски. Местењето на постелата, суредувањето на собата, миењето садови, подготвувањето оброци, перење и поправање на сопствената облека е обука која нема од момчето да направи слаб маж; таа ќе го направи посреќен и пополезен.         (1903) Е^ 216

[Секоја жена треба да стане мајстор на готвачката вештина – 385]

[Важна и возвишена положба на готвачката – 763, 764]

[Готвачки демонстрации да бидат прикажани при црковните собори – 763, 764]

[Луѓето да бидат поучувани да ги користат локалните продукти – 376, 407]

Сподели го ова:

Similar Posts