Јајца

Сподели го ова:

Употребата на јајца ќе станува с# поопасна

  1. Оние кои живеат во нови земји или во сиромашни предели каде овошјето и зрнестите плодови се реткост, не треба да се охрабруваат да ги остават млекото и јајцата од својата исхрана. Вистина е дека луѓето со зголемена телесна тежина и со засилени животински страсти треба да одбегнуваат стимулативна храна. Особено во семејствата каде децата се препуштени на сензуални навики не треба да се употребуваат јајца. Но во случаеви на лица со слаби органи за создавање на крв – особено доколку не можат да си дозволат друга храна за да ги обезбедат потребните состојки – млекото и јајцата не треба да бидат сосем отфрлени. Сепак, треба да се обрне посебно внмание да се зема млеко од здрави крави и јајца од здрави несилки кои се добро хранети и згрижени; и јајцата да бидат подготвени на начин кој што е најлесно сварлив за организмот.

Здравствената реформа треба да биде прогресивна. Со зголемувањето на болестите кај животните, употребата на млекото и јајцата ќе станува се поопасна. Треба да се направат напори да се замени нивното место со други нешта кои се здрави и ефтини. Луѓето насекаде треба да се подучуваат како да готват без млеко и јајца, колку е тоа можно, а нивната храна сепак да биде здрава и вкусна.  (1905) мн 320, 321

Да не се ставаат во иста категорија со месото

  1. Млекото, јајцата и путерот не треба да се класифицираат заедно со месото. Во некои случаи употребата на јајца е благотворна. Не е дојдено времето да се каже дека употребата на млекото и јајцата треба да биде целосно исфрлена…

Здравствената реформа треба да биде прогресивна. Да ги научиме луѓето како да подготвуваат храна без употреба на млеко или путер. Кажете им дека наскоро ќе дојде време кога ќе биде опасно да се употребуваат јајца, млеко, павлака или путер, бидејќи заболувањата кај животните растат пропорционално со злото на човештвото. Блиску е времето кога, поради гревот на паднатата раса, целиот животински свет ќе стенка под болестите кои се проклетство на нашата земја. Вог ќе му даде на својот народ умешност и мерка да приготвува здрави оброци и без овие продукти. Нашиот народ треба да ги отфрли сите нездрави рецепти. (1902) 7Т 135

Возбудливо за децата

  1. треба да ги поучувате вашите деца. Треба да ги поучувате како да ги избегнат

расипаноста и злото на сегашното време. Наместо тоа, мнозина проучуваат како да дојдат до нешто добро за јадење. На вашите трпези изнесувате путер, јајца и месо, а вашите деца тоа го јадат. Ги храните токму со оние нешта кои ќе ги зголемат нивните животински страсти, а потоа доаѓате на состаноците и барате од Вога да ги благослови и спаси вашите деца. Колку високо одат вашите молитви? Прво треба да завршите една работа. Кога ќе направите за вашите деца се што Вог ви наложил да направите, тогаш со сигурност ќе можете да ја барате посебната помош која Вог ветил дека ќе ви ја даде.    (1870) 2Т 362

Состојките во јајцето се лековити; чувајте се од крајности

  1. Не одете во крајности со здравствената реформа. Некои од нашите луѓе се многу невнимателни во поглед на здравствената реформа. Токму затоа што некои многу заостануваат, вие не смеете, за да бидете пример за нив, да бидете екстремист. Не смеете да се лишите себеси од онаа храна која ја зајакнува крвта. Вашата посветеност на вистинските принципи ве води да се подложите себеси на исхрана која ќе ви овозможи искуство непрепорачано од здравствената реформа. Тоа е вашата опасност. Кога ќе видите дека физички станувате слаби, суштествено е да направите промени и тоа веднаш. Внесете во вашата исхрана нешто што сте исфрлиле од неа. Ваша должност е да го сторите тоа. Набавете јајца од здрави несилки. Користете ги зготвени или живи. Ставете ги така живи во најдоброто неферментирано вино што можете да го најдете. Тоа ќе ви го даде она што му е неопходно на вашиот организам. Ни за миг немојте да помислите дека нема да биде добро да го направите тоа…

Ќе дојде време кога млекото нема да може да се употребува така слободно како денес; но сега не е време за негово отфрлање. А јајцата содржат состојки кои се лековити и ги поништуваат отровите…

Во санаториумската исхрана

Иако би го исфрлила месото како штетно, некои помалку штетни работи можат да се употребуваат, а тоа се јајцата. Не го отстранувајте млекото од трпезата и не забранувајте ја неговата употреба при подготвувањето на храната. Млекото што го употребувате треба да биде добиено од здрави крави и стерилизирано…

Но сакам да кажам дека кога ќе дојде времето кога употребата на млекото, павлаката, путерот и јајцата веќе нема да биде безбедна, Вог ќе го открие тоа. Не треба да се застапуваат никакви крајности во здравствената реформа. Прашањето околу употребата на млекото, путерот и јајцата ќе создаде нови проблеми. Засега немаме друго откровение за ова прашање. Нека вашата умереност им биде позната на сите луѓе. ^еКег 37, 1901

[За контекст види 324]

  1. Кога добив писмо од Куранбонг, во кое пишуваше дека доктор умира, истата

ноќ добив упатство дека тој треба да го смени начинот на исхрана. Живо јајце, земено два или три пати дневно ќе му ги даде хранливите состојки кои му се неопходни. ^еНег 37, 1904

  1. Оние кои доаѓаат во санаториумот мораат да бидат обезбедени со здрава храна подготвена на највкусен начин во согласност со вистинските принципи. Ние не можеме да очекуваме од нив дека ќе живеат како нас… Храната изнесена пред пациентите треба да биде таква што ќе им биде пријатна. Јајцата можат да се подготвуваат на најразлични начини. ^еИег 127, 1904

Неуспех во замената на некои продукти во исхраната

  1. Иако се дадени предупредувања во врска со болестите поврзани со путерот и злото од преголемата употреба на јајца кај малите деца, сепак не треба да сметаме дека употребата на јајца од добро хранети и соодветно чувани несилки е прекршување на принципите. Јајцата содржат состојки кои имаат лековити својства во потиснување на одредени отрови.

Некои, со воздржувањето од млекото, јајцата и путерот не успеале да го обезбедат организмот со потребните хранливи состојки и како последица на тоа станале слаби неспособни за работа. На тој начин се доведува здравствената реформа на лош глас. Делото кое ние се трудевме солидно да го извршиме е помешано со чудни нешта кои Бог не ги бара, и енергијата на црквата е осакатена. Но Бог ќе се вмеша За да ги спречи резултатите од овие премногу ревносни идеи. Евангелието треба да ја хармонизира грешната раса. Тоа треба да ги доведе богатите и сиромасите заедно пред Исусовите нозе.

Ќе дојде време кога можеби ќе треба да отфрлиме некои од артиклите кои денес ги користиме во исхраната, како што се млекото, павлаката и јајцата; но не е неопходно да си навлекуваме неволји со предвремени и екстремни ограничувања. Почекајте додека околносите го побараат тоа, а Бог го подготвува патот за нивно отфрлување.  (1909) 9Т 162

[За контекст види 327]

Сподели го ова:

Слични објави