Исхраната во детството
Совет заснован врз божествено упатство
- Татковците и мајките треба да се запрашаат: ”Што ќе правиме со детето кое ќе ни се роди?” Ние изнесовме пред читателите што Вог рекол за животот на мајката пред раѓањето на децата. Меѓутоа тоа не е се. Ангелот Гаврил бил пратен од небесните дворови да даде упатства за грижата за децата по нивното раѓање, со цел родителите во потполност да ја разберат својата должност.
За време на Христовото прво доаѓање, ангелот Гаврил дошол до Захарија со порака која била слична на таа дадена до Маное. На стариот свештеник му било речено дека неговата жена ќе роди син, чиешто име треба да биде Јован. “И,” рекол ангелот, “ти ќе бидеш радосна и ќе се веселиш; затоа што многумина ќе се израдуваат за неговото раѓање. Затоа што ќе биде голем пред Господа, нема да пие вино и сикер и ќе се исполни со Светиот Дух.” Ова дете на ветувањето требало да се воспитува со цел да има строго умерени навики. Нему требало да му се довери значајно дело на реформа, и да го подготви патот за Христа.
Меѓу луѓето постоела неумереност во сите облици. Попуштањето на виното и раскошната храна ја намалувало телесната храна, намалувајќи го моралот до таква мерка така што најодвратните престапи не изгледале грешни. Јовановиот глас требало да одекне од пустината со строг укор заради грешното попуштање на народот, а неговите умерени навики требало да бидат прекор за неумереноста во неговото време.
Вистински почеток на реформата
Напорите на нашите работници во воздигнувањето на умереноста не допираат толку далеку како целосно би се искоренило проклетството заради неумереноста во нашата земја. (САД) Еднаш создадените навики тешко е да се искоренат. Реформата на мајката треба да започне пред раѓањето на нејзинате деца; и доколку Вожјите упатства верно би се извршувале, неумереноста не би постоела.
Треба да постои постојан напор на секоја мајка зада ги усогла-си своите навики со Вожјата волја, како би можела да работи во согласност со Него и на тој начин ги запази своите деца од современите пороци кои го уништуваат здравјето и животот. Нека мајките, без двоумење, воспостават вистинска врска со својот Создател, како би можеле да изградат, преку Неговата благодат која помага, бедем околу своите деца против распуштеноста и неумереноста. Кога мајките би оделе по овој пат, тогаш тие би можеле да ги видат своите деца, како младиот Даниел, како достигнуваат високо мерило на моралните и умствените достигнувања и како стануваат благослов за општеството и за чест на својот Создател. Ѕ^дпѕ, Ѕерѓ. 13, 1910
Доенчето
- Најдобра храна за детето е онаа што ни ја дава природата. Тоа не треба да биде лишено од неа непотребно. Вездушно е од мајката да се обидува да се ослободи од нежната грижа за своите малечки заради лична удобност или забава.
Мајката која дозволува детето да биде хрането од други треба добро да размисли какви можат да бидат последиците од тоа. Негувателката, во поголема или помала мерка, го вградува својот карактер и темперамент во детето за кое се грижи. (1905) МН 383
- Кога се оди во чекор со модата, се злоупотребува природата, наместо да се води сметка за неа. Мајките понекогаш зависат од платени доилки, или од шише за прихранување кое треба да ги замени мајчините гради. Една од најнежните и најпријатните должности која што мајката може да ја врши за своето дете кое зависи од неа, при што се стопуваат два живота и се будат најсвети чувства во срцето на жената, се жртвуваат на убиствената лудост на модата.
Постојат мајки кои што сакаат да ги жртвуваат своите мајчински должности во доењето на децата едноставно затоа што за нив е многу тешко да се биде притиснат од сопствените деца кои што се плод на нивното тело. Салите за бал и возбудливите сцени на задоволството влијаеле на одумирањето на највозвишените чувства на душата. Тоа е многу попривлечно за мајката која што повеќе е привлечена од модата отколку од мајчинските должности кон своите деца. Можеби таа ќе ги предаде своите деца на платена дадилка за да ги врши тие должности кои исклучително и припаѓаат на неа. Нејзините лоши навики прават овие нежни должности, кои што би требало радосно да ги изврши, да и бидат непријатни затоа што се смета дека грижата за децата ќе се
судри барањата на модерниот живот. На тој начин непозната личност ја врши должноста на мајката, и од своите гради дава храна како би го одржала животот на детето.
Меѓутоа тоа не е се. Таа исто така ги пренесува своите наклонетости и карактер на детето кое што го дои. Животот на детето е поврзан со нејзиниот живот. Доколку најмената личност е груба, страствена и неразумна жена; и доколку не внимава на својот морал, доенчето најверојатно ќе биде со ист или сличен карактер. Истиот квалитет на лоша крв, која што тече низ вените на најмената доилка, тече и во вените на детето. Мајките кои што на овој начин ги даваат своите деца од своите прегратки и така ги одбиваат мајчинските должности затоа што тоа е бреме кое што тие не можат добро да го носат, додека & го посветуваат својот живот на модата, се недостојни за името на мајката. Тие ги понижуваат благородните наклонетости и светите особини на жената, и повеќе сакаат да бидат пеперутки кои што ќе живеат од задоволствата на модата, имајќи помалку чувства на одговорност кон своето потомство отколку немите животни. Многу мајки ги заменуваат градите со шише за прихранување. Тоа е неопходно затоа што тие немаат храна за своите деца. Меѓутоа во девет случаеви од десет нивните лоши навики во облекувањето и јадењето, почнувајќи од младоста, ги довеле до неспособност да ги вршат должностите кои што природата им ги доделила . . .
Секогаш ми изгледало дека е студена и бездушна постапката на оние мајки, кои што можеле да го дојат своето дете, меѓутоа сепак, го отфрлиле од своите мајчински гради и му давале шише за прихранување. Во тој случај, најголемата грижа треба да биде во тоа да се добие млеко од здрава крава, а бутилката како и млекото мораат да бидат совршено чисти. Ова често се занемарува, и како резултат на тоа, детето непотребно страда. Во таа ситуација доаѓа до пореметување во желудникот и цревата, и детето кое треба да биде многу сожалувано, се разболува и покрај тоа што е родено здраво. НеаИМ Веѓогтег, ЅерѓетРег, 1871
- Временскиот период во кое детето прима храна од мајката е критичен. На многу мајки додека ги дојат своите деца, им е дозволено претерано да работат и да ја загреваат својата крв при готвењето. Доенчето тогаш е сериозно загрозено не само со трескавичната храна од мајчинските гради, туку исто така неговата крв е затруена со нездравата исхрана на мајката, која што целото свое тело го има доведено во трескавична состојба, со што ја расипала и храната на детето. Детето, исто така ќе биде погодено и со состојбата на духот на мајката. Доколку мајката е несреќна, лесно раздразлива, возбудена, давајќи им место на изливот на страстите, храната која детето ја прима од неа ќе биде штетна, предизвикувајќи чести грчеви и проливи, а во некои случаеви на жестоки возбудувања и напади.
Врз карактерот на детето помалку или повеќе исто така влијае и природата на храната која што ја прима од мајката. Колку е тогаш значајно додека мајката го дои своето дете да го запази доброто расположение, имајќи совршена контрола над својот ум. Доколку прави така, храната нема да му наштети на детето, а благиот и мирен начин на кој мајката се однесува со своето дете, ќе влијае врз обликувањето на неговиот ум. Доколку детето е нервозно и лесно раздразливо, мајчината внимателна и неизбрзана постапка ќе делува смирувачки така да здравјето на детето многу ќе се поправи.
Со неправилно негување многу деца претрпеле штета. Доколку детето е раздразливо, обично се храни за да биде мирно, додека – во многу случаеви, вистинска причина за раздразливоста е во примањето на премногу храна, која станала штетна со лошите навики на мајката. Со давањето на повеќе храна ситуацијата само се влошува, затоа што желудникот на детето е веќе преоптоварен.
(1865) Н. ѓо С, СЃ1.2, рр. 39, 40
Редовност во јадењето
- Првото воспитување кое децата треба да го примат од мајката во раното детство, треба да се однесува на нивното телесно здравје. Ним треба да им се дава едноставна храна од таков квалитет која ќе им ја запази најдобрата здравствена состојба и која треба да се зема само во редовни временски периоди, не почесто од три пати на ден, но сепак два оброка би биле подобри отколку три. Доколку децата се правилно воспитани, тие наскоро ќе разберат дека нема да можат да добијат ништо со плачење или со негодување. Разумната мајка ќе работи на воспитувањето на своите деца, не само гледајќи ја нивната сегашна удобност, туку и нивното идно добро. Со таа цел таа треба на своите деца да им даде важна поука за владеењето над апетитот и за
самоодрекнувањето, учејќи ги за влијанието врз здравјето кое го имаат јадењето, пиењето и облекувањето. (1865) Н. ѓо С, Сп.2, рр. 47
- На своите деца не смеете да им дозволите да јадат слатки, овошје, зрнести плодови или
каква и да е друга храна помеѓу оброци. Два оброка на ден за нив се подобри отколку три. Доколку родителите им дадат пример, и работат според начелото, децата наскоро ќе влезат во колосек. Нередовноста во јадењето ја попречува здравата работа на органите за варење и кога вашите деца ќе дојдат до трпезата, тие не уживаат во здравата храна. Нивната желба за јадење го бара она што е најштетно за нив. Многу пати вашите деца страдале од треска која што врз себе ја навлекле со неправилно јадење. Во такви случаеви родителите се одговорни за нивните болести. Должност на родителите е да се грижат нивните деца да создадат навики кои водат кон здравјето, затоа што со тоа одбегнуваат многу неволји. (1880) 4Т 502
- Децата се хранат премногу често, а тоа предизвикува треска и страдања од различен вид. Желудникот не треба постојано да работи, туку во одредени растојанија треба да има свое време за одмор. Вез тоа децата ќе бидат мрзоволни, раздразливи и често пати болни. НеаИИ Веѓогтег, ЅерѓетРег, 1866
[Децата треба да бидат поучувани кога и како да јадат – 288]
[Раното воспитување на Даниел – 241]
[Погледни во отсекот IX, “Редовност во јадењето” ]
Рано воспитување на апетитот
- Тешко може да се процени важноста на создавање правилни навики во исхраната кај детето. Малечките треба да научат дека јадат за да живеат, а не живеат за да јадат. Ова поучување треба да започне уште додека малечкото е во прегратките на мајката. Детето треба да се храни само во правилни интервали чие растојание ќе се зголемува со развојот на детето. Не треба да му се даваат слатки, или храна за повозрасни која тие не можат да ја преработат. Грижата и редовноста во исхраната на малечките нема само да го подобри нивното здравје, со што ќе ги наведе да бидат тивки и смирени, туку ќе ги постави и темелите на навиките кои ќе бидат благослов за нив во подоцнежните години.
Кога детето ќе излезе од пелени треба да се води голема сметка тоа да развие добар вкус и правилен апетит. На децата често им се дозволува да јадат кога сакаат без да се води сметка за нивното здравје. Маката и парите кои толку често се вложуваат во нездрави јадења, ги наведуваат децата да мислат дека највисоката цел во животот, која донесува најмногу среќа е да бидат во состојба да му попуштаат на апетитот. Резултатот од ваквото воспитување е лакомост, а потоа доаѓа и болест, која често е проследена со земање отровни лекови.
Родителите треба да го изградуваат апетитот на детето и не смеат да дозволат тоа да употребува нездрава храна. Но, во напорите да се регулира исхраната, треба да внимаваме да не згрешиме со тоа што ќе бараме од децата да јадат невкусни нешта или повеќе од потребното. Децата имаат права и предимства, кои доколку се разумни треба да се почитуваат. . .
Мајките кои им попуштаат на желбите на своите деца за сметка на здравјето и доброто расположение, сеат семе на зло кое ќе израсне и ќе донесе плод. Како што растат децата, така ќе расте и нивната попустливост кон себеси и тие ќе ја жртвуваат менталната и физичката виталност. Мајките кои го направиле тоа со горчина ќе го пожнеат она што го посеале. Ќе ги гледаат своите деца како израснуваат со несоодветен ум и карактер за да превземат благородна или полезна работа во општеството или домот. Духовните, умствените и телесните сили слабеат под влијание на нездравата храна. Совеста отапува, а чувствителноста за добрите работи е послаба.
Иако децата треба да се учат да го контролираат апетитот и да јадат во согласност со здравјето, мора да им биде јасно дека се откажуваат само од она што може да им наштети. Тие се откажуваат од штетни нешта поради нешто подобро. Нека вашата трпеза биде привлечна и убава – полна со добри нешта со кои Вог обилно не дарувал. Оброкот нека биде пријатно и среќно време. И додека уживаме во Вожјите дарови, да одговориме со благодарно прославување на Дародавецот. (1905) мн 383-385
- Многу родители, со цел да ја одбегнат задачата на стрпливо воспитување на своите деца, учејќи ги на самоодрекнување и правилно користење на сите Божји благослови, им попуштаат дозволувајќи им да јадат и пијат кога тие ќе посакаат. Како напредува возраста растат и се зајакнуваат со сила апетитот и себичното попуштање. Кога овие деца отпочнуваат самостоен живот и кога го завземаат своето место во општеството, не се моќни да му се спротивстават на искушението. Морална нечистотија и голема неправда преовладуваат насекаде. Искушението да му се попушти на апетитот и да се задоволат наклонетостите не се намалува со годините, и младината во главно се раководи со нагоните, робувајќи му на апетитот. Во неумерениот јадач, пушач и пијаница ние го гледаме лошиот резултат на погрешното воспитување. (1875) 3Т 564
Попуштање и изопаченост
- Децата кои што јадат неправилно често пати се слаби, бледи, закржлавени, нервозни и раздразливи. Сето она што е благородно му се жртвува на апетитот при што преовладуваат животинските страсти . Животите на многу деца од пет до десет па и до петнаесет години, како да се обележани со изопаченост. Тие го познаваат скоро секој порок. Родителите се, во голема мерка виновни за тоа и ним ќе им се препишат гревовите на нивните деца, затоа што со својот неправилен живот непосредно ги воделе да ги сторат. Тие ги искушуваат своите деца да му попуштаат на апетитот со тоа што на трпезата изнесуваат месна и друга храна подготвена со зачини кои имаат тенденција да ги будат животинските страсти. Со својот пример тие ги учат своите деца на неумереност во јадењето. Ним им се дозволува да јадат скоро секој час во денот, што постојано ги оптоварува нивните органи за варење. Мајките имаат малку време за поучување на своите деца. Нивното драгоцено време е посветено на подготвување на разни видови на нездрава храна која ќе се изнесе на трпеза.
Многу родители им дозволувале на своите деца да одат во пропаст, додека се труделе својот живот да го усогласат со модата. Кога треба да дојдат посетители, тие сакаат да бидат повикани на исто толку добра трпеза каква би нашле кај кој & да е од кругот на своите познаници. Многу време и трошоци се жртвува на овој обичај. Заради надворешниот изглед и задоволување на апетитот се подготвува богата храна. Дури и оние кои тврдат дека се христијани толку се расфрлаат, повикувајќи при себеси таква група на луѓе, чиишто најважен мотив за посета се деликатесите кои што ќе ги јадат. Христијаните мора во тоа да се променат. Иако треба љубезно да се однесуваат кон своите посетители, сепак не треба да бидат такви робови на модата и апетитот. Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 132, 133, 1864
Проучувајте ја едноставноста
- Храната треба да биде така едноставна што нејзината подготовка на мајката не & го одзема целото нејзино време. Навистина, треба да се обрне внимание на трпезата да се изнесе здрава храна подготвена на здрав и вкусен начин. Немојте да сметате дека онаа храна што сте ја подготвиле немарно ќе им послужи на децата како доволно добра храна. Меѓутоа, помалку време треба да се посвети на подготвување на нездрави јадења за трпезата, за да му се угоди на изопачениот вкус, а повеќе време на воспитување и поучување на децата. Нека силата, која што сега се вложува за непотребно планирање на она што ќе го јадете или пиете, или во што ќе се облечете, се управи кон одржување на лична чистота и уредност на облеката. (1890) С.Т.В.Н. 141
- Многу зачинети меса, придружени со богати колачи ги ослабнуваат виталните органи за варење кај децата. Ако тие се навикнати на едноставна, здрава храна, нивниот апетит нема да го бара неприродниот луксуз и мешаните јадења. . . Месото кое што се дава на децата не е најдоброто што може да им се даде, за да се обезбеди успех . . . За децата би било штетно да се воспитаат да живеат од месна храна. Многу е полесно да се создаде неприроден апетит за јадење отколку да се поправи и реформира вкусот од кога еднаш станал втора природа. ^еКег 72, 1896
Поттикнување на неумереноста
- Многу мајки кои ја осудуваат неумереноста која насекаде постои, не гледаат доволно внимателно за да можат да ја воочат причината. Тие подготвуваат разновидни и многу зачинети јадења кои го искушуваат апетитот и поттикнуваат на неумерено јадење. Трпезите на американците се претежно направени за да создадат пијаници. Апетитот е начело кое владее со широките слоеви. Оние кои што му попуштаат на апетитот, јадејќи многу често и тоа храна која не е од најдобар квалитет, ја слабеат својата моќ да му се спротивстават на апетитот и страста во пропорција со која ја зајакнувал својата наклонетост кон неправилните навики во јадењето. Потребно е на мајките да им се истакне нивната обврска кон Бога и светот, а на општеството да им дадат деца кои ќе имаат добро обликуван карактер. Луѓето и жените кои со цврсти начела излегуваат на сцената на животот, ќе бидат подготвени да бидат неизвалкани среде моралната нечистотија на овој расипан век . .
Трпезите на многу христијанки, од ден на ден се поставени со разновидна храна која го надразнува желудникот и предизвикува трескавична состојба на организмот. Месната храна претставува главен продукт на трпезата на некои семејства, додека нивната крв не се наполни со канцерозни сокови и сокови од туберкулоза на лимфните жлезди. Нивното тело е составено од она што тие го јадат. Меѓутоа кога страдањето и болеста наидат на нив, тогаш тоа се смета за неволја која доаѓа од Провидението.
Ние повторуваме: неумереноста почнува на вашите трпези. На апетитот му се попушта се додека попуштањето не стане втора природа. Со употребата на чајот и кафето, се создава желба за тутун, а тој пак ја поттикнува желбата за жесток пијалок. (1875) 3Т 563
- Нека родителите започнат света војна против неумерено-ста во сопствените домови,
поучувајќи ги своите деца од најраното детство да ги следат начелата, и тогаш можат да се надеваат на успех. (1905) МН 334
- Првата задача на родителите треба да се состои во напор-от да станат разумни во поглед на правилниот начин на постапување со децата, како би им го запазиле здравиот дух во здравото тело. Начелата на умереност треба да се спроведат во сите поединости на домашниот живот. Децата треба доследно да се учат на самоодрекнување од најраната возраст. (1890) СН 113
[Надразнувачката храна која предизвикала жед, која водата не може да ја згасне – 558]
- Многу родители го воспитуваат вкусот на своите деца и го обликуваат неговиот апетит. Тие им попуштаат во јадењето на месна храна, и во пиењето на чај и кафе. Многу зачинета месна храна, чај и кафе на кое мајките ги поттикнуваат своите деца, подготвуваат пат за да се посакаат појаки надразнувачки средства како што е тутунот. Употребата на тутунот ја поттикнува желбата за жестоки пијалоци; а употребата на тутунот и жестоките пијалоци непрестано ја намалува силата на нервите.
Кога моралната чувствителност на христијаните би се разбудила и задвижила за овој предмет на умереноста во сите нешта, тие би можеле со својот пример, почнувајќи од својата трпеза, да им помогнат на оние кои што се слаби во владеењето со себеси и кои што се скоро немоќни да им се спротивстават на силните желби на апетитот. Кога би можеле да сфатиме дека навиките кои ги создаваме во овој живот влијаат врз нашите вечни интереси, дека нашата вечна судбина зависи од строго умерените навики, ние би се труделе да постигнеме строга умереност во јадењето и пиењето.
Со својот пример и личните напори можеме да станеме средст-ва за спасување на многу души од деградацијата на неумереноста, порокот и смртта. Нашите сестри можат многу да сторат во ова големо дело на спасување на другите, со тоа што ќе ги постелат своите трпези само со здрава храна од голема хранлива вредност. Тие би можеле да го употребат своето драгоцено време во воспитувањето на вкусот и апетитот на своите деца, во создавањето на навиките на умереноста во сите нешта, и во поттикнување на самоодрекнување и добродетел за доброто на другите.
Вез оглед на примерот кој што Христос ни го оставил нам во пустињата на искушението со одрекнувањето на апетитот и совладувањето на неговата сила, постојат многу мајки христијанки кои со својот пример и воспитување ги подготвуваат своите деца да бидат ждерачи и пијаници. На децата често им се попушта да јадат она што го избираат и се гурмански воспитани од своето најрано детство. Со попуштањето на апетитот тие од рана возраст заболеле од лошо варење. Самопопуштањето на апетитот и неумереноста во јадањето растат со нивната возраст и се
засилува нивната сила. Умствената и телесната сила се жртвува со попуштањето на родителите. Се создава посебен вкус кон одредени продукти од кои се нема никаква корист, туку само штета; и заради тоа што телото е оптоварено, организмот е ослабен. (1875) 3Т 488, 489
[Темелот на неумереноста – 203]
Подучувајте одвратност кон надразнувачките средства
- Подучувајте ги своите деца да чувствуваат одвратност кон надразнувачките средства. Колку многу луѓе во незнаење негуваат во себеси желба за овие средства! Во Европа видов негувателки кои на усните на невините деца ставаат чаша со вино или пиво, и на тој начин во нив го развиваат вкусот кон надразнувачките средства. Колку повеќе стареат, тие се навикнуваат се повеќе и повеќе да бидат зависни од овие средства, додека малку по малку тие не бидат совладани и фрлени надвор од дофатот на помошта, за на крај да стигнат во гроб како пијаница.
Меѓутоа, апетитот за храна не само што на тој начин е извитоперен туку исто така станал и стапица. Често храната е таква, што создава желба за надразнувачки пијалоци. На децата им се изнесуваат раскошни, зачинети јадења, богати сосови, колачи и торти. Оваа високо зачинета храна го надразнува желудникот и предизвикува голема желба за уште посилни надразнувачки средства. Не само што апетитот е ставен во искушение со несоодветна храна, од која на децата слободно им се дозволува да јадат за време на оброците, туку ним им е дозволено да јадат и помеѓу оброците така што веќе од дванаесетата или од четиринаесетата година тие се хронично болни со слабо варење.
Можеби сте виделе слика на желудник на човек кој што се оддал на жестоки пијалоци. Слична состојба се создава со надразнувачкото дејство на жестоките пијалоци. Со желудник во таква состојба, се тежнее за нешто уште посилно за да се задоволат барањата на апетитот. После сето тоа ќе ги видете своите синови на улица како учат да пушат. (1890) С.Т.В.Н. 17
Храна која што е посебно штетна за децата
- Невозможно е за оние кои ги попуштаат уздите на апетитот да го достигнат
христијанското совршенство. Моралноста на вашите деца не може лесно да се подигне, доколку не сте грижливи во изборот на нивната храна. Многу мајки поставуваат трпеза која што е стапица за нејзиното семејство. Месната храна, путерот и сирењето, богатите колачи, зачинетите јадења и зачините обилно ги користат и старите и младите. Сето тоа го пореметува желудникот, ги надразнува нервите и го слабее умот. Органите кои произведуваат крв не можат да ги претворат овие продукти во добра крв. Храната подготвена со животинска маст е тешка за варење. Влијанието на сирењето е штетно. Лебот од префинетото брашно не му ги дава на телото оние хранливи состојки кои што можат да се најдат во лебот од непросеаното пченично брашно. Неговата распространета употреба нема да го запази телото во најдобра состојба. Зачините најпрво ја надразнуваат нежната слузокожа на желудникот, и на крајот ја разоруваат природната чувствителност на оваа нежна мембрана. Крвта станува трескавична, животинските склоности се пробудени, додека моралната и умната сила слабее и станува слуга на страстите. Мајката треба да научи на своето семејство да му поставува едноставна, но здрава храна од голема хранлива вредност. (1890) СН 114
Спречување на злите тенденции
- Дали мајките од ова време ќе ја сфатат светоста на својата мисија и ќе престанат да се натпреваруваат со своите богати соседи тежнеејќи да ги надминат во верното извршување на работата која што се состои во подготвување на сопствените деца за подобар живот? Кога децата и младите би биле подучувани и воспитувани на навиките на самоодрекнување и владеење над самите себе, кога би биле подучувани да јадат за да живеат, наместо да живеат за да јадат, тогаш би постоеле помалку болести и помалку морална расипаност. Кога во младината, која го обликува општеството, би биле всадени вистинските начела на умереноста, тогаш би имало помалку потреба за исклучителни напори со кои инаку малку се постигнува во полза на реформата. Тие тогаш ќе поседуваат морална вредност и морална честитост, за да во Христова сила им се спротивстават на нечистотиите во последните денови. . . Можеби родителите на своите деца им
имаат пренесено наклонетости кон апетитот и страстите, што ќе им го отежнее воспитувањето на овие деца за да бидат строго умерени и да имаат чисти и морални навики. Доколку желбата за нездрава храна и за надразнувачки средства и наркотици им била предадена како наследство од родителите, колку голема и свечена одговорност почива врз родителите да ги потиснат лошите наклонетости кои што им ги предале на своите деца! Колку сериозно и внимателно родителите треба во вера и надеж, да ја извршуваат својата должност кон своите несреќни деца!
Родителите треба да ја сметаат за своја најважна работа разбирањето на законите на животот и здравјето, за да во подготвувањето на храната или во другите навики не сторат ништо што би развило зли тенденции кај своите деца. Колку внимателно мајките треба да проучуваат за да ги подготвуваат своите трпези со наједноставна и здрава храна, со цел органите за варење да не ослабнат, силата на нервите да не стане неурамнотежени и упатствата кои што треба да им ги дадат на своите деца да не се спротивставуваат со храната поставена пред нив. Оваа храна или ќе ги ослабне или зајакне стомачните органи и ќе придонесе за надгледување на телесното и моралното здравје на децата кои што се Вожја сопственост преку крвта на откупувањето! Каква света доверба им е укажана на родителите, со тоа што треба да го запазат телесниот и моралниот лик на своите деца, со цел нервниот систем да може да биде урамнотежен, а душата да не дојде во опасност! Оние кои му попуштаат на апетитот на своите деца и кои не ги надгледуваат нивните страсти, ќе воочат голема грешка која што ја направиле – кај љубителите на тутунот, кај робот на жестокиот пијалак, чиишто сетила отапеле и чиишто усни зборуваат лага и безбожност. (1875) 3Т 567, 568
Суровата љубезност на попуштањето
- Ми беше покажано дека една голема причина за постоечката жална состојба е таа дека родителите не чувствуваат обврска да ги воспитаат своите деца за тие да бидат во хармонија со физичките закони. Мајките ги сакаат своите деца со идолопоклоничка љубов и им попуштаат на нивниот апетит, иако не знаат дека тоа ќе им наштети на нивното здравје и со тоа ќе навлечат врз нив болест и несреќа. Оваа свирепа љубезност се исполува во голема мерка во сегашната генерација. На желбите на децата им се удоволува по цена на здравјето и доброто расположение, затоа што на мајката и е полесно во ова сегашно време, да им попушта отколку да им скрати она што тие бучно го побаруваат.
На тој начин мајките го сеат семето кое ќе изникне и донесе род. Децата не се воспитуваат да се одрекнат од апетитот и да ги ограничат своите желби. Тие стануваат себични, самоволни, непослушни, неблагодарни и несвети. Мајките кои ја вршат оваа работа, ќе ги пожнеат со горчина плодовите од семето кое тие го посеале. Тие згрешиле против Небото и против своите деца и Вог ќе ги смета одговорни за тоа. (1873) 3Т 141
- Каква сцена ќе се прикаже, кога родителите и децата ќе се сретнат при конечното пресметување! Илјадници деца кои им станале робови на апетитот и на понижувачките пороци, чиишто животи биле морална пропаст, ќе стојат лице в лице со родителите кои што од нив направиле она што тие се. Кој друг, освен родителите ќе мора да ја сноси таа страшна одговорност? Дали Господ ја расипа таа младина? О, не! Кој, тогаш го извршил тоа страшно дело? Зарем гревовите на родителите не се пренесени на децата во изопачениот апетит и страстите? И зарем тоа дело не го завршиле оние кои што занемариле да ги воспитаат според примерот кој што Вог го дал? Како што е сигурно дека тие постојат, така е сигурно дека сите овие родители ќе бидат испитани пред Вога. (1890) с.т.в.н. 76, 77
Запазувања за време на патувањата
- Додека седев во вагонот, слушав како родителите забележуваат дека апетитот на нивните деца е многу префинет, и доколку немаат месо и колачи тие не можат да јадат. Кога се земаше пладневен оброк, јас го набљудував квалитетот на храната која што им беше давана на тие деца. Тоа беше леб од фино брашно, исечена шунка посолена со црн бибер, зачинета туршија, колачи и компоти. Вледата и потемнетата боја на кожата кај лицето на овие деца, јасно укажуваше на злоупотребата на желудникот кој пател. Две од овие деца забележаа како деца од едно друго семејство јадат сирење со својата храна, и веднаш изгубија апетит за она што беше пред нив, се
додека нивната мајка која им попуштала, не замолила за парче сирење за да им даде на своите деца плашејќи се нејзините драги деца да не не го завршат својот оброк. Мајката даде забелешка: “Моите деца го сакаат ова или она толку многу, и јас им го давам она што го бараат; затоа што апетитот го бара оној вид на храна кое телото го побарува.”
Тоа би било точно кога апетитот не би бил никогаш изобли-чен. Постои природен и изобличен апетит. Родителите кои што ги навикнале своите деца да јадат нездрава, надразнувачка храна целиот свој живот, се додека вкусот толку не им се изобличил така што почнале да бараат глина, молив од графит, изгорено кафе, талог од чај, цимет, каранфилче и зачини, не можат да тврдат дека она што апетитот го бара му е потребно на телото. Апетитот се изопачува со погрешно воспитување. Совршените стомачни органите се надразнуваат и се оштетуваат се додека не ја изгубат својата фина чувствителност. Едноставната, здрава храна им се чини блуткава. Злоупотребуваниот желудник нема да ја изврши доверената задача, додека не се поттикне со средства кои многу надразнуваат. Доколку овие деца од најрано детство биле воспитувани за да земаат само здрава храна подготвена на наједноставен начин, која во голема мерка ги запазила своите природни својства, да одбегнуваат месна храна, животинска маст и сите зачини, вкусот и апетитот би им останале неизопачени. Во својата природна состојба тој може да укаже, во голема мерка, на храната која највеќе одговара на потребите на телото.
Додека децата и родителите ги јадеа своите деликатеси, мојот сопруг и јас јадевме од својот едноставен оброк, во вообичаното време, во еден часот попладне, кој се состоеше од брашно грахам без путер и многу овошје. Ние го јадевме својот оброк со големо задоволство и со благодарни срца затоа што не бевме приморани со нас да носиме цела бакалница како би му задоволиле на изопачениот апетит. Ние јадевме срдечно и немавме чувство на глад се до следното утро. Продавачот на портокалите, зрнестите плодови, пуканките и слатките во нас имаше слаби муштерии.
Квалитетот на храната кои што ја јадеа родителите и децата не можеше да создаде добра крв и добро расположение. Децата беа бледи. Некои имаат одвратни рани на лицето и рацете. Други пак беа скоро слепи од очни заболувања, што многу им го расипуваше изгледот. Други, пак немаа никакво заболување на кожата, меѓутоа страдаа од кашлица, воспаление или потешкотии со грлото и градите. Забележав едно тригодишно момче како патеше од пролив. Тој имаше треска, меѓутоа изгледаше како да мисли дека храната му е се она што му е потребно. Тој бараше на секои неколку минути, колачи, пилешко и туршија. Мајката одговараше на секој негов повик како послушен роб; а кога побаруваната храна не пристигаше веднаш, кога беше посакувана, и кога викотниците и барањата стануваа непријатно итни, мајката одговараше: “Да, да, драго дете ќе добиеш.” Кога храната му беше ставена во рацете, страсно беше фрлана на подот, затоа што не стигнала доволно брзо. Едно девојченце јадеше готвена шунка и зачинета туршија, леб и путер, и ја гледаше чинијата од која што јас јадев. Таму имаше нешто кое таа го немаше за јадење, и таа одби да јаде. Девојчето од шест години рече дека сака чинија. Помислив дека го сакаше убавото црвено јаболко кое што јас го јадев, и покрај тоа што имавме ограничено количество, мене ми беше жал за родителите и затоа и дадов едно убаво јаболко. Таа го зграпчи од мојата рака и со презир го фрли на подот од вагонот. Јас помислив, доколку на ова дете му се дозволува да биде така самоволно, тоа навистина ќе & нанесе срам на својата мајка.
Ова исполување на страстите беше резултат на мајчинскиот начин на попуштање. Квалитетот на храната која му ја даваше на своето дете, беше постојано оптоварување на органите за варење. Крвта беше нечиста, а детето болникаво и раздразливо. Квалитетот на храната која што секој ден му беше давана на детето била од таква природа како би ги возбудувало ниските страсти а воедно би го потиснувало она што било морално и умно. Родителите ги обликувале навиките на своето дете. Тие го направиле себично и непријатно. Тие не ги зауздиле нејзините желби и не ги надгледувале нејзините страсти. што може да се очекува од такво дете кога ќе дојде во својата зрелост? Многумина изгледа не ја разбираат врската со која умот го потпомага телото. Доколку телото е пореметено со нездрава храна, мозокот и нервите се вознемируваат а страстите лесно се возбудени.
Едно дете од десет години патеше од треска и немаше волја за јадење. Мајката го притискаше: “Јади малку од овие сунѓерести колачи. Еве малку убаво пилешко. Нема ли да го вкусиш овој компот?” Детето на крајот изеде голем оброк како за здрава личност. Храната која што му беше понудена не беше добра ниту за здрав желудник, и никако не требаше да ја јаде за време на болеста. Мајката во времетраење од два часа, ставаше облоги врз главата на детето,
зборувајќи дека не може да разбере зошто има толкава треска со голема температура. Таа додаваше гориво врз огнот и се чудеше зошто огнот гори. Доколку на ова дете беше оставено самата природа да оди по својот тек, желудникот би добил одмор кој што толку му беше потребен, а неговите страдања ќе беа многу помали. Овие мајки не беа подготвени за подигнување на деца. Најголема причина за човечките страдања е непознавање на односот и начинот на постапување со сопствените тела.
Многумина го поставуваат прашањето: “Што да јадам и како да живеам, за денес што подобро да уживам?” Должноста и начелата се оттурнати настрана заради сегашното уживање. Доколку посакуваме здравје, мораме да живееме за него. Доколку усовршуваме христијански карактер, ние мораме да живееме за него. Родителите во голема мерка се одговорни за телесното здравје и моралот на своите деца. Тие треба да ги поучуваат своите деца, поттикнувајќи ги заради себеси да се доведат во хармонија со законите на здравјето и така спасат од несреќа и страдања. Колку е чудно што мајките мораат да им попуштаат на своите деца во упропастувањето на телесното, умственото и моралното здравје! Од каков карактер ли е таквата љубов! Овие мајки ги онеспособуваат своите деца за среќата во овој живот, чинејќи ги изгледите за идниот живот многу несигурни. НеаИИ РеГогтег, ^есетбег, 1870
Причина за раздразливости нервоза
- Редовноста треба да стане правило во сите навики кај децата. Мајките прават голема грешка дозволувајќи им на децата да јадат помеѓу оброци. Желудникот се пореметува со оваа навика и така се поставува темел на идните страдања. Неговата раздразливост можеби е предизвикана со нездрава храна, сеуште не сварена, меѓутоа мајката смета дека не може да губи време, да размислува за тоа и да го исправи своето штетно постапување. Таа дури не е ни во можност да го смири нивното нестрпливо досадување. Таа им дала на малечките страдалници парче колач или некој друг деликатес за да ги смири, меѓутоа тоа само го зголемува злото. Некои мајки во својата загриженост при работата, толку се возбудуваат во таа нервозна брзина така што се пораздразливи од своите деца, така што ги караат па дури и тепаат во обид да ги заплашат малечките да бидат мирни.
Мајките често се жалат на нежното здравје на своите деца советувајќи се со лекар, меѓутоа само доколку би покажале малку здраво расудување, тие би виделе дека неволјата е предизвикана со грешки во исхраната.
Ние живееме во векот на прејадувањето и навиките кои младите ги стекнуваат преку воспитувањето, дури и меѓу некои адвентисти на седмиот ден, се во непосредна спротивност со природните закони. Еднаш седев на трпеза со неколку деца помлади од дванаесет години. Месото беше сервирано во изобилство, а потоа едно нежно, нервозно девојче побара туршија. И беше подадена тегла со мешана туршија, лута со сенф и преполна со зачини, од која таа слободно се послужи. Детето беше познато по својата нервозност и раздразливост, а ваквите штетни јадења како да беа добро осмислени да предизвикаат токму таква состојба. . Најстарото дете сметаше дека не може да јаде безмесен оброк и покажа големо незадоволство, па дури и непочитување, кога тоа не му беше обезбедено. Мајката му го задоволуваше сето она што детето го сакаше или она што не го сакаше, се додека не стана ништо други освен роб на неговата каприциозност. Момчето ништо не работеше и поголемиот дел од времето го поминуваше во читање на она што беше некорисно или полошо од некорисно. Тоа постојано се жалеше на главоболка и не уживаше во едноставна храна.
Родителите треба да се погрижат да ги вработат своите деца. Безделничењето е посигурен извор на злото отколку тромоста. Телесната работа која донесува здрав замор за мускулите, ќе создаде желба за едноставна, здрава храна и младината која е правилно вработена нема да стане од трпезата мрморејќи затоа што пред себе не виделе чинија со месо и разни примамливи јадења кои го доведуваат апетитот во искушение.
Исус, Божјиот Син, работејќи го дрводелскиот занает со свои-те раце, им дал пример на сите млади. Нека сите оние кои го презираат превземањето на обичните животни обврски се сетат дека Исус им се покорувал на своите родители и така давал свој дел за издржување на семејството. Раскошот не можел да се види на трпезата кај Јосиф и Марија, затоа што тие припаѓале на сиромашните и скромните. (1890) РЕ 150, 151
Односот помеѓу исхраната и моралниот развој
- Страшна е сатанската сила врз младината на овој век. Ако умот на нашите деца е цврсто урамнотежен со верските начела, нивниот морал ќе се расипе преку примерите на порок со кој доаѓаат во допир. Најголема опасност на младината & се заканува од недостатокот на самоконтрола. Попустливите родители не ги учат своите деца на самоодрекнување. Храната која што ја изнесуваат пред нив е токму таа што го надразнува желудникот. Така произведеното надразнување се пренесува на мозокот, а последицата од тоа е распламнување на страстите. Невозможно е доволно да се нагласи дека сето она што се внесува во желудникот влијае не само на телото туку исто и на умот. Мрсната и надразнувачка храна ја грозничави крвта, го возбудува нервниот систем и многу често ги затапува моралните сфаќања, оптоварувајќи ги разумот и совеста со сетилните побуди. Тешко е, и скоро невозможно, некој кој што е неумерен во исхраната да покаже трпение и владеење над самиот себеси. Оттука од посебна важност е да им се дава на децата, чиишто карактери не се сеуште обликувани, само таква храна која е здрава и не е надразнувачка. Во својата љубов нашиот небесен Татко ја пратил светлината за здравствената реформа како би не запазил од злата кои произлегуваат од нескротеното попуштање на апетитот.
“Доколку јадете, или пиете, или што и друго да правите, сето тоа на Божја слава чинете го.” Дали тоа го прават родителите кога ја подготвуваат храната и кога го повикуваат семејството да земат учество во оброкот? Дали пред децата го поставуваат само она што знаат дека ќе им даде најдобра крв, она што ќе го одржи телото во најмала трескавична состојба, и што ќе воспостави најдобра врска помеѓу животот и здравјето? Или пак тие, без оглед на идното добро на своите деца, ќе им даваат нездрава и надразнувачка храна? (1890) С.Т.В.Н. 134
- Дури и поборниците на здравствената реформа можат да згрешат во количествата на храна. Тие можат неумерено да јадат храна од здрав квалитет. Некои во оваа куќа грешат во поглед на квалитетот. Тие никогаш не го завземале својот став кон прашањето на здравствената реформа. Тие одбрале да го јадат и пијат она што им се допаѓа и кога им се допаѓа. Тие на тој начин му штетат на своето тело. Не само тоа, туку им штетат и на своите семејства со тоа што на трпезата изнесуваат храна која надразнува, која ќе ги засили животинските страсти на нивните деца, доведувајќи ги до тоа малку да се грижат за небесните нешта. Родителите на тој начин ги зајакнуваат во децата животинските а ги намалуваат нивните духовни сили. Каква тешка казна ќе мораат да платат на крај! И тогаш тие се чудат што децата им се толку морално слаби! (1870) 2Т 365
Изопаченост помеѓу децата
- Ние живееме во време на расипаност. Сатаната во ова време, изгледа како да има совршена контрола над умовите кои што му се целосно посветени на Вога. Заради тоа на родителите и старателите, кои треба да воспитуваат деца, почива многу голема одговорност. Каква е должноста на родителите кои превземале одговорност со тоа што им дале живот на своите деца? Дали да ги пуштат да пораснат како можат, или пак како што тие сакаат? Дозволете да ви кажам, тешка одговорност почива врз тие родители . . .
Ви кажав дека некои од вас се себични, меѓутоа вие не разбравте што мислев. Вие сте проучувале која храна има најдобар вкус. Преовладале вкусот и задоволството, наместо Вожјата слава и желбата да се напредува во божествениот живот и да се воздигне светост во стравот Г осподов. Вие сте се советувале со своето сопствено задоволство, со својот апетит, и додека тоа сте го чинеле, сатаната добил во време, и како што тоа обично се случува, секој пат ги осуетил вашите напори.
Некои од вас, татковци, сте ги одвеле своите деца на лекар за да видите што е со нив. Јас можам за две минути да ви кажам во што е проблемот. Вашите деца се изопачени. Сатаната превзел власт над нив. Тој дошол право, покрај вас, додека вие, кои сте им како Вог, одредени да ги чувате, биле спокојни, занесени, во сон. Вог ви заповедал да ги воспитате во страв и негување Господово. Меѓутоа, сатаната минал токму покрај вас и проткајал цврсти врски околу нив. И сепак, вие сеуште спиете. Нека небото се смилува над вас и вашите деца, затоа што на секој од вас му е потребна Неговото сожалување.
Се можело да биде поинаку
Да сте го зазеле својот став во поглед на здравствената реформа; да сте придале кон својата вера доблест, кон доблеста знаење, а кон знаењето умереност, сето тоа би било поинакво. Меѓутоа, бевте само делумно задвижени со гревот и изопаченоста која постои во вашите куќи . . .
Вие треба да ги проучувате своите деца. Треба да ги учите да ги одбегнуваат пороците и изопаченоста на овој век. Наместо тоа, многумина се грижат за тоа како да се снабдат со нешто добро за јадење. Вие изнесувате на својата трпеза путер, јајца и месо и вашите деца тоа го јадат. Тие се хранат токму со такви намирници кои што ќе ги возбудат нивните животински страсти, и потоа ќе дојдете на богослужение да го молите Вога да ги благослови и спаси вашите деца. Колку високо допираат вашите молитви? Вие најпрво треба да извршите една работа. Кога ќе направите се за своите деца, што Вог оставил за вас да сторите, тогаш можете со доверба да барате посебна помош која што Вог ветил дека ќе ви ја даде.
Треба да ја проучувате умереноста во сите нешта. Морате да проучувате за тоа што ќе јадете или пиете. Па сепак велите: “Не е ничија грижа за тоа што јадам, што пијам или изнесувам на својата трпеза.” Меѓутоа, тоа е нечија грижа, освен доколку не ги земете своите деца и ги заклучите, или пак не отидете во пустиња во која на никој нема да му бидете на бреме и во која вашите непослушни и порочни деца нема да го расипуваат друштвото во кое се мешаат.
(1870) 2Т 359-362
Поучувајте ги децата како да му се спротивстават на искушението
- Поставете стража над апетитот; поучете ги своите деца преку пример како и зборови да користат едноставна храна. Учете ги да бидат работливи, и не само вработени, туку зафатени со корисна работа. Обидете се да ја воздигнете моралната чувствителност. Учете ги од најраните години на своето детство дека Вог полага право на нив. Кажете им дека моралната изопаченост може да се сретне на секој чекор, и дека е потребно да дојдат при Христа, да му се предадат со телото и духот, и дека во Него ќе најдат сила да му се спротивстават на секое искушение. Постојано истакнувајте им дека не се создадени само за да си задоволат себеси, туку да бидат Вожји орудија за извршување на благородни цели. Учете ги дека кога искушенијата ги водат на патеките на себичното попуштање, и кога сатаната се обидува да го засолни Вога од пред нивните очи, да погледаат кон Христа молејќи Го: “Помогни ми Господи, да не бидам надвладеан!” Ангели ќе се соберат околу нив, ќе одговорат на нивните молитви и ќе ги поведат по сигурни патеки.
Христос се молел за Своите ученици, не за да бидат земени од светот, туку да бидат запазени од злото – како би можеле да бидат запазени од попуштање на искушенијата кои ќе ги сретнуваат на секој чекор. Ова е молитва која треба да ја изговара секој татко и мајка. Дали тие така ќе се молат пред Вога за своите деца, а во исто време им дозволуваат да постапуваат онака како што тоа ним им се допаѓа? Дали ќе го галат апетитот, се додека, тој не стане господар и дури тогаш се обидат да ги зауздаат децата? Не, умереноста и владеењето со себеси треба да биде предмет на проучување од самите јасли. На мајката, во голема мерка почива одговорност за оваа работа. Најнежна земска врска постои помеѓу мајката и нејзиното дете. Заради оваа силна и многу понежна врска и единство, на детето многу полесно се влијае со примерот и животот на мајката отколку со тој на таткото. Па сепак, мајчинската одговорност е тешка и треба постојано да биде подржувана од таткото. (1890) РЕ 152, 153
- Мајки, ќе ви се исплати да ги искористите драгоцените часови кои што ви ги дал Вог за да го обликувате карактерот на своите деца и да ги поучите строго да ги држат начелата на умереноста во јадењето и пиењето. . .
Сатаната гледа дека нема да може да има голема моќ над умот доколку апетитот е ставен под контрола, отколку кога му се попушта. Затоа тој постојано работи, наведувајќи ги луѓето на попуштање. Под влијанието на нездравата храна, совеста отапува, умот се замрачува и така се намалува неговата можност за примање на влијанијата. Меѓутоа, вината на престапникот не се намалува, затоа што совеста е повредувана се додека не станала нечувствителна. (1890) РЕ 143
- Татковци и мајки, стражарете во молитва. Строго чувајте се од неумереност во секаков облик. Учете ги своите деца на начелата на вистинската здравствена реформа. Учете ги што треба да одбегнуваат како би го запазиле здравјето. Божјиот гнев веќе почнал да се излева врз децата на непослушноста. Каков криминал, какви гревови, какво безаконие се открива на секој чекор! Како народ мораме да покажеме голема грижа во чувањето на своите деца од морално изопачените другари. (1890) СН 114
[Куќа во природа; нејзината врска со исхраната и моралот – 711]