Зачини и слично
Дел 1 – Зачини
- Зачините, кои што денес светот толку често ги употребува се уништувачки за
варењето. ^еНег 142, 1900
- Помеѓу мноштвото стимуланси и наркотици се вбројуваат и многу артикли кои, земани како храна или пијалак, го надразнуваат стомакот, ја загадуваат крвта и ги вознемируваат нервите. Нивното користење е сигурно зло. Луѓето се стремат кон возбудата што им ја овозможуваат стимулансите затоа што, за одредено време, резултатите се пријатни. Но, секогаш постои реакција. Употребата на неприродните стимуланси секогаш води кон претерување и е активен фактор за физичка дегенерација и пропаѓање.
Во ова брзо време, колку е храната помалку надразнувачка, толку подобро. Зачините се штетни по својата природа. Сенфот, црниот пипер, зачините, туршиите и другите нешта со сличен карактер, го иритираат стомакот и ја заболуваат и загадуваат крвта. За да се прикаже ефектот на алкохолните пијалоци, често пати се користи илустрацијата на пијаница со воспален желудник. Слична воспалителна состојба се добива со употребата на надразнувачките зачини. Наскоро, обичната храна не го задоволува апетитот. Организмот чувствува желба, копнеж за нешто постимулативно. (1905) мн 325
- Зачините кои што се употребуваат во подготовката на храната го помагаат варењето на истиот начин на кој што чајот, кафето и алкохолот наводно му помагаат на човекот во извршувањето на обврските. Откако моменталните ефекти ќе исчезнат, опаѓањето на силата е сразмерно со онаа што ја добиле од овие надразнувачки супстанци. Организмот е ослабнат. Крвта е загадена, а воспалението е сигурен резултат. (1896) Е. ѓгот ит. 6
Зачините го надразнуваат желудникот и предизвикуваат неприроден апетит
- На нашите трпези треба да се изнесува само најздрава храна, ослободена од сите
надразнувачки супстанции. Подготвувањето на храна со зачини ја поттикнува желба за алкохол. Тоа предизвикува трескавична состојба на организмот, која што бара пијалок за да се потисне надразнетоста. На моите чести патувања низ континентот, јас не посетувам ресторани, вагон- ресторани или хотели, од проста причина што не можам да ја јадам храната што тие ја нудат. Јадењата им се многу зачинети со сол и пипер, што причинува речиси неподнослива жед… Тие ќе ја надразнат и воспалат нежната слузокожа на желудникот… Таква е и храната која вообичаено се сервира на современите трпези и им се дава на децата. Ефектот од неа е нервоза и жед која што водата не може да ја згасне… Храната треба да биде приготвена на наједноставниот можен начин, без зачини и додатоци, па дури и без претерано количество сол. Р. & Н., N0^. 6, 1883
[Зачинетата храна создава потреба за пиење во текот на оброкот – 570]
- Некои толку му попуштале на својот вкус што, доколку не го добијат токму она јадење што тој го бара, не наоѓаат задоволство во јадењето. Доколку пред нив поставите зачинета и “збогатена” храна, тие го приморуваат желудникот да работи со помош на овој силен камшик, бидејќи со него до сега се постапувало така што тој не прима храна која што не надразнува.
^еМег 53, 1898
- Пред децата се изнесуваат раскошни јадења – зачинета храна, богати сосови, слатки и колачи. Оваа многу зачинета храна го надразнува желудникот и предизвикува потреба за уште посилни стимуланси. Не само што апетитот е искушан со несоодветна храна, која што на децата слободно им се допушта да ја јадат во текот на оброците, туку им е дозволено да јадат и меѓу оброци; и додека да наполнат 12 или 14 години, тие често веќе станале болни од слабо варење на храната.
Можеби сте виделе слика од желудник на човек зависен од жестоки пијалоци. Слична состојба се добива под надразнувачкото влијание на силните зачини. Со таков желудник, се соочувате со потреба за нешто повеќе што би го задоволило вашиот апетит, секогаш се посилно и посилно. (1890) С.Т.В.Н. 17 [За контекст види 355]
Нивната употреба предизвикува слабост
- Постои класа луѓе која што тврди дека верува во вистината, која не употребува тутун,
бурмут, чај или кафе, а сепак е виновна за попуштање на апетитот на еден поинаков начин. Тие копнеат по богато зачинети меса, со богати сосови, а нивниот апетит станал толку изопачен што тие не можат да се задоволат дури ниту со месо, доколку не е подготвено на најштетниот можен начин. Желудникот е трескавичен, органите за варење преоптоварени, а сепак принудени тешко да работат под товарот што им е наметнат. Откако желудникот ќе ја исполни својата обврска, тој станува исцрпен, што пак предизвикува слабост на организмот. Тоа прелажува мнозина да мислат дека всушност се работи за потреба од храна и, без да му овозможат на желудникот време да се одмори, земаат уште храна, која што, времено ја отстранува слабоста. И, колку повеќе му се удоволува на апетитот, неговите барања ќе бидат поголеми. Ѕр. Оѓѓѓѕ IV, 129, 1864
- Зачините, прво, ја надразнуваат нежната слузокожа на желудникот, додека конечно не
ја уништат природната чувствителност на оваа нежна мембрана. Крвта станува трескавична, оживуваат животинските склоности, додека моралните и интелектуалните способности ослабнуваат и стануваат слуги на основните страсти. Мајката треба да учи да приготвува едноставни и хранливи јадења за нејзиното семејство. (1890) СН 114
- Лицата кои му удоволувале на апетитот слободно јадејќи месо, богато зачинети сосови и разни видови колачи и вшеќерено овошје не можат веднаш да преминат на едноставна, здрава и хранлива исхрана. Нивниот вкус е толку изопачен што тие немаат желба за здрава исхрана составена од овошје, леб од интергрални житарки и зеленчук. Тие не треба да очекуваат
дека веднаш ќе можат да уживаат во храна која што толку се разликува од онаа што дотогаш ја употребувале. Ѕр. ѕичѕ IV, 130, 1864
- Покрај сета скапоцена светлина која постојано ни се дава преку списанијата за здравјето, не можеме да си допуштиме да живееме безгрижни и немарни животи, да јадеме и пиеме кога ќе ни се присака, и да уживаме во стимуланси, наркотици и зачини. Да го земеме предвид фактот дека ние треба да ја спасуваме или изгубиме својата душа и дека од животно значење е нашиот однос кон воздржувањето. Многу е важно секој од нас, поединечно, добро да ја одигра својата улога и да има свесно разбирање за она што треба да го јадеме и пиеме и како да живееме за да го зачуваме здравјето. Секој од нас е испитан за да се види дали ќе ги прифати принципите на здравствената реформа или ќе го следи патот на самоугодувањето. МЅ 33, 1909
[Реформаторите во умереноста треба да бидат свесни за лошите последици од употребата на зачини
– 747]
[Иако питите со месо, зачините итн се исфрлени, храната треба грижливо да се подготвува – 389] [Загубено време при подготовка на зачинета храна која го уништува здравјето, раздразнува темпераментот и го заматува разумот – 234]
[Зачини и додатоци допуштени на децата – 348, 351, 354, 360]
[Вогато зачинетата храна доведува до прејадување и предизвикува трескавична состојба – 351) [Нервозно и раздразливо дете кое јаде туршија и збогатена храна – 574]
[Не може да се смени во добра крв – 576]
[Одбивањето на слатки, богато зачинети јадења итн. е доказ дека работниците се вистински здравствени реформатори – 227]
[Животински нагони разбудени од зачинета храна – 348]
[Храната што се јаде на соборите треба да биде ослободена од сите зачини и мрснотии – 124] [Зачините не беа користени во домот на Вајтови – Додаток 1:4]
[Зачинетата и збогатена храна ги раздразнуваат нервите и го ослабнуваат интелектот – 356] [Влагослов од исхраната без зачини – 119]
[Едноставната храна, без зачини, е најдобра – 187]
[Оние кои копнеаат по зачини треба да бидат просветлени – 779]