Масти

Сподели го ова:

Дел 1 – Путер

Прогресивна реформа

  1. Реформата во исхраната треба да биде прогресивна. Научете ги луѓето како да приготвуваат храна без употреба на млеко или путер. Кажете им дека наскоро ќе дојде време кога употребата на јајца, млеко, крем или путер нема да биде сигурна бидејќи болестите кај животните се зголемуваат пропорционално со расипаноста на човекот. Блиску е времето кога, поради грешноста на паднатиот род, целиот животински свет ќе стенка од болестите кои што се проклетство на нашата Земја.

Вог ќе му даде на својот народ способност и умеење да приготви здрава храна без овие состојки. Нашиот народ треба да ги отстрани сите нездрави рецепти.   (1902) 7Т 135

  1. Путерот е помалку штетен кога се јаде намачкан на студен леб, отколку кога се додава во готвењето на храната; но, по правило, најдобро е воопшто да не се употребува. (1905) МН 302

[Топли содини бисквити со путер – 501]

Замена со маслинки, павлака, зрнести плодови и здрава храна

  1. Маслинките можат да се приготват така што ќе бидат полезни со секој оброк.

Предимствата кои што се очекуваат од употребата на путерот можат да се постигнат јадејќи соодветно приготвени маслинки. Маслото во маслинката ја отстранува опстипацијата и е подобро од било каков лек за туберкулозата и за оние кои што страдаат од воспаление и надразнување на желудникот. Како храна, маслинката е подобра од било која маснотија која што од втора рака ја добиваме од животните.     (1902) 7Т 134

  1. Соодветно приготвени, маслинките, како и зрнестите плодови, го заменуваат путерот

и месото. Маслото кое го внесуваме јадејќи ја маслинката е далеку подобро од животинските маснотии. Тоа служи како лаксатив. Маслинката е добра за лицата заболени од туберкулоза како и за оние со заболен и воспален желудник.    (1905) МН 298

  1. Индустријата на здрава храна има потреба од средства и активна соработка од

нашиот народ, за да може да ја изврши својата задача. Нејзина цел е да ги снабди луѓето со храна која што ќе го замени месото, но и млекото и путерот, кои, поради сточните болести, стануваат се повеќе и повеќе штетни.      Ш^оп Сопѓегепсе Ресогб, Јап. 1, 1900

[Замена со павлака – 586, 610]

Не е најдобро за децата

  1. На децата им се дозволува да јадат месо, зачини, путер, сирење, свинско, богати

колачи – општо земено силна храна. Исто така, им се дозволува да јадат нередовно и помеѓу оброците од нездрава храна. Овие нешта го прават своето во нарушувањето на работата на желудникот, надразнувањето на нервите на неприродни активности и заслабнувањето на интелектуалните способности. Родителите не се свесни дека сеат семе кое што ќе роди болести и смрт.   (1873) 3Т 136

[Путерот како стимуланс – 61]

[Слободната употреба на путер кај децата – 288, 356, 364]

[Отфрлување на путерот како принцип – 389]

Слободната употреба го попречува варењето на храната

  1. Путерот не треба да се изнесува на масата; бидејќи доколку го има на маса, некои ќе

го употребуваат толку слободно, што тоа ќе го попречи варењето на храната. Но вие самите, можете повремено да употребувате малку путер на студен леб, доколку тоа ви ја прави храната повкусна. Тоа ќе ви наштети многу помалку доколку да се задоволувате со подготовка на невкусна храна.            ^еКег37, 1901

Кога нема да може да се добие најчист путер

  1. Јас јадам само два оброка дневно, и сеуште ја следам светлината која што ми беше

дадена пред 35 години. Не употребувам месо. Лично го имам решено прашањето со путерот. Не го употребувам. Ова прашање треба лесно да се реши секаде каде што не може да се најде најчист путер. Ние имаме две добри крави кои даваат млеко, Џерси и Холштајн. Употребуваме павлака и сите сме задоволни со тоа.         ^еНег 45, 1903

[Употребат на павлака наместо путер во домот на Вајтови – Додаток 1:20, 23]

[Употребата на путерот во домот на Вајтови – Додаток 1:4]

[Путерот го немаше на трпезата во домот на Вајтови но се користеше за готвење – Додаток 1:14]

[Путерот го немаше на трпезата во домот на Вајтови И не беше користен од страна на Елена Вајт – Додаток 1:5, 8, 9, 16, 20, 21, 22, 23]

Да не се става во иста група со месото

  1. Млекото, јајцата и путерот не треба да се ставаат во иста група со месото. Во некои случаи употребата на јајца е од полза. Не е дојдено времето да се каже дека употребата на млеко и јајца треба сосема да се отфрли. Постојат сиромашни семејства чија исхрана се состои главно од леб и млеко. Тие имаат малку овошје и не можат да си дозволат да купат зрнести плодови. Во подучувањето на здравствената реформа, како и во секоја друга евангелска служба, треба да се сретнеме со луѓето онаму каде што тие се наоѓаат. Додека не бидеме во состојба да ги подучиме како да приготват храна според принципите на здравствената реформа која што е вкусна, хранлива, а сепак ефтина, немаме слобода да ги изнесуваме најнапредните ставови во врска со исхраната поврзана со здравствената реформа. (1902) 7Т 135

Оставете им ги на другите нивните убедувања

  1. Не смееме да заборавиме дека во светот постојат многу различни размислувања и не можеме да очекуваме дека сите ќе го видат истото она што ние го гледаме кога станува збор за исхраната. Умовите не работат по иста шема. Јас не јадам путер, но некои членови на моето семејство го јадат. Него го нема на мојата маса; но не правам пречки поради тоа што некои членови од моето семејство повремено одбираат да го јадат. Многу наши совесни браќа имаат путер на своите трпези и јас не чувствувам никаква обврска да ги принудувам да прават поинаку. Овие работи никогаш не треба да создаваат пречки помеѓу браќата. Јас не гледам потреба од путерот онаму каде што има изобилие на овошје и стерилизирана павлака.

На оние кои Го љубат Вога и Му служат, треба да им биде допуштено да ги следат сопствените убедувања. Ние можеби нема да се чувствуваме оправдани доколку го правиме она

што тие го прават, но не смееме да дозволиме разлика во мислењата да создаде раздор.

ММ 269, 1904

  1. Јас гледам дека давате се од себе за да живеете според принципите на

здравствената реформа. Штедете во се, но не му ја ускратувајте на телото храната која што му е потребна. Во однос на храната од зрнесто потекло, постојат мнозина кои што не можат да ја јадат. Ако вашиот сопруг ужива во млечниот путер, оставете го да го јаде додека самиот не се увери дека тој не е најдобар за неговото здравје.     ^еКег 104, 1901

Чувајте се од крајности

  1. Постои опасност дека во изнесувањето на принципите на здравствената реформа

некои ќе спроведуваат промени кои наместо да водат кон подобро, ќе водат кон полошо. Здравствената реформа не смее да се спроведува на радикален начин. Со оглед на сегашната ситуација, не можеме да кажеме дека млекото, јајцата и путерот треба сосема да се отфрлат. Мораме да внимаваме да не правиме иновации, бидејќи има совесни души кои под влијание на екстремни учења сигурно ќе отидат во крајност. Нивниот физички изглед ќе & наштети на целта на здравствената реформа; затоа што малкумина знаат како соодветно да го заменат она што го исфрлиле од исхраната.     ^еКег 98, 1901

  1. Иако беа дадени предупредувања во врска со болестите кои можат да се добијат од путерот, како и од злото на слободната употреба на јајца од страна на малите деца, сепак употребата на јајца од добро згрижени и соодветно хранети несилки не треба да се смета за кршење на принципите. Јајцата имаат својства кои што делуваат лековито во потиснувањето на одредени отрови.

Некои, воздржувајќи се од млеко, јајца и путер не успеале да го снабдат организмот со потребните хранливи состојки и како последица на тоа станале слаби и неспособни за работа. На тој начин здравствената реформа се доведува на лош глас. Делото кое што се трудиме солидно да го изградиме се измешува со чудни постапки кои што Бог не ги бара, а енергијата на црквата е осакатена. Но Бог ќе се вмеша за да го спречи резултатот на ваквите премногу ревносни идеи. Евангелието треба да го обедини грешниот род. Тоа треба да ги одведе сиромасите и богатите пред Христовите нозе.      (1909) 9Т 162

  1. Кога здравствената реформа се изнесува пред сиромашен човек, тој вели: “Што ќе јадеме? Не можеме да си дозволиме да купиме зрнести плодови!” Кога јас им го проповедам евангелието на сиромасите, упатена сум да им кажам да го јадат она што е најхранливо. Не можам да им кажам: “Не смеете да јадете јајца или млеко или павлака. Не смеете да употребувате путер при готвењето на храната.” Евангелието мора да им се проповеда на сиромашните, но се уште не е дојдено времето да се препише најстрогата диета…

Бог ќе не води

Јас би сакала да кажам дека Бог ќе го открие времето во кое нема веќе да биде безбедна употребата на млекото, павлаката, путерот и јајцата. Не смеат да се застапуваат никакви крајности во здравствената реформа. Прашањето на употребата на млекото, путерот и јајцата ќе се реши само по себе. За сега немаме никаква обврска во овој поглед. Нека вашата умереност им биде позната на сите луѓе.      ^еКег 37, 1901

Сподели го ова:

Similar Posts