Ликер

Сподели го ова:

Дел 4 – Ликер

  1. Ние живееме во време на неумереност и снабдувањето на оние кои сакаат да пијат грев е навреда за Бога. Вие сте се вклучиле заедно со други во оваа работа затоа што не сте ја следеле вистината. Да останевте во светлината, не би можеле да го правите тоа. Секој од нас, кој учествувал во оваа работа, ќе падне под Божјата осуда, освен доколку сосем не ја смените својата работа. Треба најсериозно да размислите. Треба веднаш да почнете да ја чистите својата душа од осудата…

Откако завземавте одлучен став во спротивставувањето на работата на оние кои застапуваат умереност, вие се уште можевте да го сочувате доброто влијание врз другите ако работевте совесно во согласност со светата вера која ја исповедате. Но, со тоа што учествувате во производство на ликер многу му наштетивте на сопственото влијание и, што е уште полошо, ја посрамивте вистината и си ги повредивте сопствените души. Вие подигнавте ограда помеѓу себе и делото на умереноста. Начинот на кој работите ги наведе неверниците да ги испитуваат вашите принципи. Вие немате направено вистинска патека за вашите стапки. А кривите криват и се сопнуваат преку вас на патот до пропаста.

Јас не можам да разберам, во светлината на Божјиот закон, како можат христијаните свесно да се вклучат во одгледување на хмељ, производство на вино или ликер за пазарот. Сето ова може добро да се искористи и да биде благослов, но може и погрешно да се употреби и да биде искушение и проклетство. Ликерот и виното можат да се конзервираат додека се свежи и на тој начин долго да останат благи. Доколку се земаат во непревриена состојба тие нема да го свргнат разумот од неговиот престол…

Умереното пиење – Широк пат кој води кон пијанство

Луѓето можат да се опијат од ликер и вино исто колку и од посилните пијалоци. Најлошиот вид пијанство се предизвикува токму со овие таканаречени послаби пијалаци. Страстите се многу поизопачени, промената на карактерот многу поголема, многу поодлучна и многу поупорна. Неколку литри ликер или вино можат да предизвикаат желба за посилни пијалоци и, во многу случаеви, оние кои подоцна станале потврдни алкохоличари токму вака ги положиле темелите на своето пијанство. За некои не е безбедно да имаат ликер или вино во домот. Тие ја наследиле желбата за стимуланси кои сатаната постојано им ги понудува за да им се препуштат. Доколку се согласат на неговите искушенија тие нема да престанат, бидејќи желбата постојана ќе бара да & се попушта и биде задоволена, а тоа само ја зголемува нивната несреќа. Разумот е помрачен и затапен и веќе не ги држи уздите, туку тие му се препуштени на апетитот. Од попуштањето на желбата за вино и ликер произлегуваат распусност, прељуба и сите видови пороци. Еден таканаречен верник, кој ги сака овие стимуланси и се навикнува на нивната употреба, никогаш нема да расте во благодатта. Тој станува прост и сетилен; кај него животинските страсти владеат со силите на умот и тој не негува доблест.

Умереното пиење е училиште во кое луѓето се вопситуваат за напредување во кариерата на пијаници. На тој начин сатаната постепено ги оддалечува од тврдината на умереноста, при што

безопасното вино и ликерот толку подмолно го извршуваат своето влијание врз вкусот што несомнено се тргнува по патот на пијанството. Се негува вкус кој бара стимуланси;нервниот систем е во безредие; сатаната го држи разумот во немирна сотојба и кутрата жртва, која вообразува дека е совршено сигурна, оди се подалеку и подалеку, додека секоја брана не биде скршена, а секој принцип жртвуван. Најсилните одлуки се поткопани, вечните интереси веќе не се доволно силни да го задржат расипаниот апетит под контрола на разумот.

Некои не се никогаш вистински пијани, но секогаш се под влијание на ликер или превриено вино. Тие се под треска често, со неурамнотежен ум, не вистински луди, но во мошне лоша состојба бидејќи сите благородни сили на умот кај нив се изопачени. Од употребата на превриен ликер произлегуваат склоности кон разни видови заболувања како што се: водена болест, заболувања на црниот дроб, треперење на нервите и стремеж на крвта да се собере во главата. Употребувајќи ликер, мнозина навлекуваат на себе трајни болести. Поради тоа некои умираат од туберкулоза или од инфаркт. Некои страдаат од слабо варење на храната. Секоја животна функција е умртвена и лекарите им велат дека имаат заболен црн дроб. Меѓутоа, кога тие би го скршиле бурето со вино и никогаш повеќе не би го замениле со ново, нивните злоупотребени животни сили би ја повратиле својата енергија.

Пиењето ликер води кон употреба на посилни пијалаци. Желудникот ја губи својата природна сила и му треба нешто посилно да го поттикне на работа… Ние ја гледаме моќта што желбата за жестоките пијалоци ја има над луѓето, гледаме како мнозина, од сите профили и со големи одговорности – луѓе на возвишени положби, со извонредни таленти, со големи достигања, истенчено чувство, силни нерви и моќно расудување – жртвуваат се за да & попуштат на желбата, се додека не се изедначат со животните. Во поголем број случаеви нивниот пад почнува токму со употреба на вино или ликер.

Нашиот пример треба да биде на страната на реформата

Чувствувам жал во срцето кога ќе видам разумни мажи и жени, таканаречени христијани, кои тврдат дека не постои никакво зло во правењето вино или ликер за пазарот, бидејќи тоа не опијанува додека е се уште непревриено. Јас знам дека оваа приказна има и друга страна, страна која тие одбиваат да ја разгледаат, бидејќи себичноста ги затворила нивните очи пред ужасните зла што можат да произлезат од овие стимуланси…

Ние како народ тврдиме дека сме застапници на реформа, дека сме носители на светлина во светот, дека сме верни Божји стражари кои ја чуваат секоја патека по која сатаната може да влезе со своите искушенија и да го изопачи апетитот. Нашиот пример и влиијание треба да бидат сила која ќе & оди во прилог на реформата. Ние мораме да се откажеме од секоја навика која би ја отапела нашата совест или би поттикнала искушение. Не смееме да отвориме ниту една врата преку која сатаната би имал пристап до умот на човекот кој е создаден според Вожјото обличје. Кога сите би стражареле и би биле верни во чувањето на малите премини направени со умерената употреба на таканаречените нештетни вина и ликери, патот до пијанството би бил затворен. Она што & е потребно на секоја заедница е цврста одлука и волја да не се допре, да не се вкуси и да не се тргува со нив и тогаш реформата за умереност ќе биде силна и целосна…

Спасителот на светот, Кој добро ја познава состојбата во општеството на последното време, ги претставува јадењето и пиењето како грев кој го осудува за овој век. Тој ни вели дека кога Синот Човечки ќе се појави ќе биде исто како во времето на Ное: “Како што во деновите пред потопот јадеа и пиеа, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе воковчегот” (Матеј 24:38). Токму ваква состојба ќе постои во последното време и оние кои им веруваат на овие предупредувања ќе обранат најголемо внимание да не живеат со живот кој ќе ги доведе до осудување.

Враќа и сестри, да го набљудуваме ова во светлината на Светото писмо и да извршуваме одлучно влијание за умереност во сите нешта. Јаболката и грозјето се дарови од Вога. Тие можат совршено да се употребат како здрави продукти, но можат и да се злоупотребат со тоа што лошо ќе се користат. Вог веќе ги унишува лозјата и јаболкниците со болест поради грешната навика на човекот. Ние стоиме пред светот како поборници за реформа и не смееме на неверниците да им дадеме можност да & се потсмеваат на вистината. Христос рекол: “Вие сте солта на земјата”, “Вие сте светлина на светот” Да покажеме дека нашата совест и срцето се наоѓаат под преображувачкото влијание на Вожествената милост и дека со нашите животи управуваат

принципите на Божјиот закон, иако овие принципи можеби побаруваат жртвување на минливите придобивки.  (1885) 5Т 354-361

Под микроскоп

  1. Лицата кои што ја наследиле желбата за неприродни стимуланси никако не смеат да имаат вино, пиво или ликер на дофат на рака или пред очите, бидејќи тие за нив претставуваат постојано искушение. што се однесува до благиот ликер, кој се смета за нештетен, мнозина непромислено го купуваат. Но, тој останува таков само кусо време пред да почне да врие. Остриот вкус кој тогаш го добива го прави уште попримамлив за непцата на мнозина и оној кој го пие тешко признава дека станал лут – превриен.

Постои опасност дури и во употребата на непревриениот ликер, и тоа поради начинот на кој се произведува. Кога луѓето би можеле во ликерот што го купуваат да го видат она што се гледа под микроскоп, малкумина од нив би сакале да го пијат. Оние кои произведуваат ликер за пазарот често не водат сметка за квалитетот на употребеното овошје и цедат сок од црвливи и скапани јаболка. А оние кои никогаш не би помислиле дајадат скапани јаболка пијат ликер од нив и го нарекуваат деликатес; но, мискроскопот ќе покаже дека дури и кога е тазе, штотуку излезен од под пресата, овој пријатен напиток е сосем несоодветен за употреба.

Од вино, пиво и ликер можете да се опиете исто како и од жестоки пијалаци. Употребата на овие пијалаци поттикнува желба за посилните и на тој начин се создава навика за пиење жестоки пијалоци. Умереното пиење е училиште во кое луѓето се воспитуваат за кариери на пијаници. Дејството на овие слаби стимулативни пијалоци е толку подмолно што жртвата тргнува по патот на пијанството пред да помисли дека се наоѓа во опасност.         (1905) МН 332, 333

Сподели го ова:

Слични објави