Исхраната и Духовноста

Сподели го ова:

Неумереноста е грев

  1. Нека оние кои што исповедаат побожност не се однесуваат рамнодушно кон здравјето на телото, и нека не си ласкаат себеси дека неумереноста не е грев, и дека нема да се одрази на нивната духовност. Постои блиска поврзаност помеѓу телесната и моралната природа. С.Н. 67, 1881
  1. Кај нашите прародители, неумерената желба резултираше во загубата на Едем.

Умереноста во сите нешта многу повеќе придонесува за нашето враќање во Едем отколку што тоа луѓето го сфаќаат.    (1905) МН 129

  1. Престапот на телесниот закон е престап на Божјиот закон. Исус Христос е нашиот Создател. Тој е Создател на нашето битие. Тој ја има создадено човечката структура. Тој е Создател на телесните закони, и Тој е Создател на моралниот закон. Човечкото битие кое е негрижливо и непромислено во навиките и постапките кои се однесуваат за неговиот телесен живот и здравје, греши против Бога. Многумина кои што исповедаат дека го сакаат Исуса Христа не покажуваат правилна стравопочит и почит за Оној, Кој што го даде Својот живот за да ги спаси од вечната смрт. Тој не е ценет, почитуван ниту признаен. Тоа може да се види во штетата која тие му ја нанесуваат на своето тело, престапувајќи ги законите кои владеат со нивните битија.  МЅ 49, 1897
  1. Постојаното престапување на природните закони претставува постојано престапување на Божјиот закон. Сегашната тежина на страдањето и болката кои ние ги гледаме насекаде, сегашната деформација, трошност, болест и слабоумност кои што го преплавуваат светот, во споредба со тоа што можело да биде и што Бог замислил да биде, го прават болница. Денешната генерација е послаба во ментална, морална и физичка сила. Сета оваа мизерија се зголемувала од генерација во генерација заради тоа што паднатиот човек одлучил да го прекршува Вожјиот закон. Гревови од најголема тежина се извршени преку попуштање на изопачениот апетит. (1876) 4Т 30
  1. Неумереноста во јадење, пиење, спиење или гледање е грев. Хармоничната здрава активност на сите телесни и умни сили резултира со среќа; и колку силите се повисоки и почисти, толку среќата е почиста и непоматена. (1880) 4Т 417

[Бог го бележи гревот на попуштањето – 246]

Кога посветувањето е невозможно

  1. Голема пропорција од сите слабости кои што го погаѓаат човечкото семејство, се резултат на неговите сопствени лоши навики, заради нивното намерно незнаење, или заради непочитување на светлината која што Бог ја има дадено во врска со законите на нивното човеково битие. Не е возможно за нас да го прославиме Бога се додека живееме кршејќи ги законите на животот. Срцето не може целосно да се посвети на Бога, се додека му се попушта на апетитот. Заболеното тело и несредениот ум, среде постојано попуштање на штетните похоти, ја чинат посветеноста на телото и умот невозможна. Апостолот ја разбрал важноста на здравата состојба на телото за успешно усовршување на христијанскиот карактер. Тој вели: “Го истоштувам и поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.” Тој ги споменува плодовите на Духот, меѓу кои е и умереноста. “Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.” Healt Reformer, March, 1878

[Невозможност да се достигне Христијанското совршенство додека му се дава власт на апетитот – 356]

Намерната неинформираност го зголемува гревот

  1. Наша обврска е да знаеме како да го запазиме здравјето во најдобра можна состојба, и света должност е да се живее според целосната светлина која што Бог ни ја има милосрдно дадено. Доколку ги затвориме нашите очи за светлината од страв дека ќе ги видиме своите грешки, кои што немаме волја да ги отфрлиме, нашите гревови нема да бидат намалени, туку зголемени. Доколку се отргнеме од светлината во еден случај, таа ќе биде занемарена и во друг. Исто така е грев да се прекршуваат законите на нашето битие како и да се прекрши една од десетте заповеди, затоа што ние не можеме да го чиниме ниту едното ниту другото, а да не го прекршуваме Божјиот закон. Ние не можеме да го сакаме Бога со сето свое срце, ум, душа и сила и да ги сакаме своите апетити и вкусови, далеку повеќе отколку што го сакаме Бога. Ние од ден на ден ја намалуваме својата сила за прославување на Бога, кога во исто време Тој ја бара сета наша сила, сиот наш ум. Преку нашите погрешни навики ние ја намалуваме својата власт над животот, но сепак исповедуваме дека сме следбеници Христови, кои се подготвуваат за завршниот допир на бесмртноста.

Брате и сестро, вие треба да извршите дело кое никој не може да го изврши за вас. Разбудете се од летаргијата, и Христос ќе ви даде живот. Променете го својот начин на живеење, своето јадење, пиење и работа. Се додека чекорите по патот по кој што сте чекореле со години, вие не можете јасно да го воочите светото и вечното. Моќта на вашето сфаќање е отапена и вашиот ум е замрачен. Вие не сте растеле во благодатта и познавањето на вистината онака како што за тоа сте имале предност. Вие не сте напредувале во духовноста, туку се повеќе и повеќе сте паѓале во темнина.    (1868) 2Т 70, 71

  1. Човекот беше круна на Вожјето создавање, создаден според Божјето обличје, и одреден да биде Божја слика . . . . Човекот е многу драг во Божјите очи, затоа што е создаден според Неговото обличје. Овој факт треба во нас да втисне свесност за важноста на поучувањето со зборови и дела, за гревот, кој преку попуштањето на апетитот или преку која и да е друга грешна навика, го сквернува телото, одредено да го представува Бога пред светот. R. & Н, June 18, 1895

[Природниот закон јасно објавен – 97]

Непослушноста на телесниот закон влијае врз умот

  1. Бог бара од Својот народ постојано напредување. Потребно е да знаеме дека попуштањето на апетитот е најголема препрека за умствениот напредок и посветувањето на душата. И покрај сите наши изјаснувања за здравствената реформа, многумина од нас се хранат неправилно. (1909) 9Т 156
  2. За Саботата не треба да се подготви пообилна или поразновидна храна отколку што тоа се чини за останатите денови. Наместо тоа, храната треба да биде многу поедноставна и помалку треба да се јаде, за да умот биде бистар и енергичен, за да ги разбере духовните вистини. Преоптоварен стомак значи и оптеретен мозок. Најдрагоцени зборови можат да се слушнат и да не се ценат правилно, затоа што разумот е поматен преку неправилна исхрана. Прејадувањето во сабота, онеспособува многумина, повеќе отколку што тие мислат, за светите придобивки и можности кои што таа ни ги нуди.  (1905) МН 307
  1. Мене ми беше покажано дека некои наши состаноци под шатори се далеку од тоа да бидат што Бог одредил да бидат. Народот доаѓа неподготвен за примање на Светиот Дух. Кажано воопшто, сестрите посветуваат значајно време пред состанокот за подготвувањето на облеките за надворешно украсување, додека сосема го забораваат внатрешното украсување, кое во Божјите очи има голема вредност. Исто така многу време се троши во непотребно готвење, подготовка на богати пити и колачи и други намирници кои што сигурно им штетат на оние кои што ги употребуваат. Кога нашите сестри би подготвиле добар леб и некој друг вид на здрава храна, тие и нивните семејства би биле подобро подготвени да ги ценат зборовите на животот и многу почувствителни за влијанието на Светиот Дух.

Често пати желудникот е преоптоварен со храна, која е ретко така едноставна како онаа која што се јаде во домот во кој работата која што се извршува е двојно или тројна поголема. Тоа предизвикува таква премреност на умот така што тој тешко може да ги цени вечните вистини, и кога состанокот завршува, остануваат разочарани затоа што не примиле повеќе од Божјиот Дух . . . . Подготовката на јадењето и облеката нека биде на второ место, а длабокото испитување на срцата да започне уште во домот. (1882) 5Т 162-164

[Попуштањето на апетитот го спречува човекот да ја разбере сегашната вистина – 72] [Попуштањето на апетитот ги парализира сетилата – 227]

[Попуштањето на апетитот предизвикува затапеност на умот – 209, 226]

[Попуштањето на апетитот го онеспособува човекот за поставување на планови и советување- 71]

[Попуштањето на апетитот ги слабее духовните, умните и физичките сили на децата – 346] [Спиење за време на важни проповеди – 222]

[Умерената исхрана ја зголемува умствената и моралната сила – 85, 117, 206]

[Влијанието на месото врз моќта на умот – 678, 680, 682, 686]

[Повеќе за исхраната за време на состаноците под шатори – 124]

Влијание кон вреднувањето на вистината

  1. Вам ви е потребен бистар и енергичен ум, за да можете да го вреднувате карактерот на вистината, за да го цените Помирувањето и за да имате правилно вреднување на вечните нешта. Доколку одите по погрешен пат, и им попуштате на лошите навики во јадењето, и на тој начин ги слабеете умните сили, вие нема така високо да го цените спасението и вечниот живот, кое ќе ве инспирира да го согласите својот живот со Христовиот живот; ниту ќе ги направите тие сериозни, пожртвувани напори за да се доведете себеси во целосна согласност со Божјата волја, која Неговата реч ја бара и која ви е неопходна за да ви даде морална подготвеност за завршниот допир на бесмртноста. (1868) 2Т 66
  2. Дури иако сте строги во однос на квалитетот на храната, да ли го прославувате Бога со своите тела и души кои се Негови, со земањето на толкаво количество на храна? Оние кои внесуваат толку многу храна во желудникот и на тој начин го оптоваруваат организмот, не можат да ја ценат вистината која ја слушаат и за која треба да размислуваат. Тие не можат да ја разбудат умртвената чувствителност на умот ниту да ја сфатат вредноста на Помирувањето и големата жртва која што е сторена за паднатиот човек. За таквите е невозможно да ја ценат големата, драгоцена и извонредно богата награда која е наменета за верните победници. На животинскиот дел од нашата природа не смееме никогаш да му дозволиме да управува со моралниот дел и интелектот.   (1870) 2Т 64
  1. Некои му попуштаат на похотниот апетит, кој што војува против душата и кој што е постојана пречка за нивниот духовен напредок. Нивната совест постојано ги обвинува, и тогаш кога се зборува за отворена вистина подготвени се да се навредат. Тие самите се осудуваат и сметаа дека предметите на проповедите се одбрани, со цел да го погодат нивниот случај. Тие се сметаат ожалостени и навредени и се одалечуваат себеси од заедницата на светиите. Тие ги напуштаат богослуженијата, затоа што тогаш совеста не им е така вознемирена. Тие брзо го губат интересот за состаноците и љубовта кон вистината, и доколку целосно не се променат, ќе се вратат и ќе ја заземат својата положба во побунетото мноштво кое стои под црното знаме на сатаната. Кога тие би ги распнале телесните желби кои што војуваат против душата, би се нашле надвор од опасноста и стрелите на вистината не би ги раниле. Меѓутоа, додека тие му попуштаат на похотниот апетит и така ги негуваат своите идоли, стануваат мета на стрелите на вистината и кога и да се зборува вистина, тие мора да бидат ранети. . .

Употребата на неприродните, надразнувачки средства разорно делува врз здравјето и го отапува умот така што на поединецот му е невозможно да ги цени вечните вистини. Оние кои ги негуваат овие идоли не можат правилно да го ценат спасението кое Христос за нив го оствари преку животот на самоодрекнување, непрекинато страдање и понижување и на крајот со жртвување на својот безгрешен живот како би го спасил човекот од смртта. (1867) 1Т 548, 549

  1. Путерот и месото надразнуваат. Тие го имаат оштетено стомакот и го имаат изопачено вкусот. Чувствителните мозочни нерви се умртвени и животинскиот апетит зајакнал на штета на моралните и умствените способности. Тие виши сили кои треба да владеат, слабеат, така што вечните вистини не можат да се распознаат. Парализата ја умртвила духовноста и посветувањето. Сатаната триумфира кога гледа како лесно може да влезе преку апетитот и како може да ги контролира разумните мажи и жени, преку кои Бог сакаше да изврши добро и големо дело. (1870) 2Т 486

[Невозможно е за неумерените да го вреднуваатпомирувањето – 119]

[Неумерените не можат да го прифататпосветувачкото влијание на вистината – 780]

Влијанието врз проникливоста и одлучувањето

  1. Сето она што ги намалува нашите телесни сили го ослабува и умот и го онеспособува да прави разлика помеѓу доброто и злото. Ние стануваме помалку способни да го одбереме доброто и имаме помалку сила на волјата да го чиниме она што знаеме дека е правилно.

Злоупотребата на нашите телесни сили го намалува временскиот период во кој нашиот живот може да се употреби за слава на Бога. Тоа нас не онеспособува да го завршиме делото кое Бог нам ни го дал да го вршиме.    (1900) СОL 346

  1. Оние кои, имајќи светлина за предметот на едноставната исхрана и облекување, во послушноста кон моралните и физичките закони, сепак се одвратуваат од светлината, која укажува на нивната должност, ќе ги одбегнуваат и другите должности. Одбегнувајќи го крстот кој што би требало да го понесат со цел да бидат во хармонија со природните закони, тие ја затапуваат совеста; и за да го одбегнат срамот, тие ќе ги престапат и десетте заповеди. Некои немаат волја да го поднесат крстот и презрат срамот.     (1890) С.Т.В.Н. 159
  1. Оние кои што навлекуваат болест врз себеси, угодувајќи си себеси, немаат здраво тело и ум. Тие не можат да ги оценат доказите во прилог на вистината и сфатат Божјите барања. Нашиот Спасител нема да ја пружи Својата рака толку ниско за да ги подигне таквите од нивната унижена состојба, додека тие упорно истрајуваат по својот пат, паѓајќи се пониско.

Од сите се бара да чинат што можат за да го запазат телото и умот здрави. Доколку тие го задоволуваат својот голем апетит и со тоа ги затапат своите чувства и ја помрачат моќта на запазувањето, така што не можат да го ценат возвишениот Божји карактер или најдат задоволство во проучувањето на Неговата Реч, тие можат да бидат сигурни дека Бог нема да ја прими нивната недостојна жртва, како што не ја прими ни жртвата на Каин. Бог бара од нив да се очистат од секоја нечистотија на телото и духот, посветувајќи се во страв Божји. Откако човекот ќе стори се што стои во негова моќ како би го запазил здравјето, одрекнувајќи се од апетитот и страстите како би можел да има здрав ум и посветени мисли, за да би можел да принесе жртва на Бога во праведност, тогаш е спасен само преку чудото на Божјата благодат, како што беше спасен и ковчегот на бурните големи бранови. Ное го стори тоа што Бог го бараше од него со тоа што направи безбеден ковчег; а потоа Вог го стори тоа што човекот не можеше да го стори – го запази ковчегот со својата чудотворна сила.    (1864) Ѕр. Gifts IV, 148, 149

  1. Измачувањето на желудникот со попуштањето на апетитот е извор на најголемиот број неволји во црквата. Оние кои што неразумно и неумерено јадат и работат, неразумно зборуваат и постапуваат. Неумерениот човек не може да биде трпелив човек. Не е потребно да се пијат алкохолни пијалоци со цел да се биде неумерен. Гревот на неумереното јадење, многу честото јадење, преобилното земање на богатата и нездрава храна, ја нарушува здравата работа на органите за варење, влијае врз мозокот и го изопачува расудувањето, спречувајќи го разумното, смирено и здраво размислување и делување. Ова е непресушен извор на неволји во црквата. Заради тоа, со цел за Божјиот народ да биде во прифатлива состојба со Бога, за да може да го прослави во своите тела и души, кои Нему Му припаѓаат, тој мора со интерес и ентузијазам да се одрекне од угодувањето на својот апетит и да пројави умереност во сите нешта. Тогаш ќе може да ја сфати вистината во сета нејзина убавина и јаснотија, да ја спроведе во својот живот и со разборит, мудар и чесен живот да не му даде на непријателот на нашата вера, можност да ја срамоти вистината. (1867) 1Т 618, 619
  2. Брате и сестро Г., разбудете се ве молам. Вие не сте ја прифатиле светлината на здравствената реформа и не постапувате во согласност со неа. Доколку го бевте ограничиле својот апетит, вие би заштеделе многу посебен труд и трошоци, и она што е од многу поголема важност – би го запазиле подобро своето телесно здравје и умствената сила, и на тој начин подобро би ја ценеле вечната вистина; би имале побистар ум за оценка на доказите во прилог на вистината и би биле поподготвени на другите да им ги изнесете причините за надежта која што е во вас. (1870) 2Т 404
  3. Некои се исмејуваат на ова дело на реформа, зборувајќи дека сето тоа е непотребно, дека тоа било возбудување предизвикано да го одврати умот од сегашната вистина. Тие зборуваа дека се одело во крајност. Таквите не знаат што зборуваат. Како можат побожните мажи и жени болни од глава до петици, додека нивните телесни, умни и морални сили се ослабени преку попуштањето на изопачениот апетит и неумерената работа, да ги оценат доказите во прилог на вистината и разберат Божјите барања? Доколку нивните морални и умни сили се помрачени, тие не можат да ја оценат вредноста на Помирувањето или возвишениот карактер на Божјото дело, ниту можат да најдат задоволство во проучувањето на Неговата реч. Како може еден нервозен човек, кој што пати од слабо варење, да биде подготвен во кротост и страв секогаш да му одговори на секој човек кој ќе го запраша за причината за неговата надеж? Колку брзо таквиот човек ќе се збуни и возбуди, и преку својата болна имагинација ќе биде доведен во состојба да ги посматра поимите во сосема погрешно светло, и среде недостатокот на кротост и благост, која го карактеризираше Христовиот живот, ќе предизвика непочитување на своето именување, додека се оспорува со неразумни луѓе? Набљудувајќи го сето тоа од возвишено верско гледиште, мораме да бидеме целосни реформатори за да бидеме слични на Христа.

Видов дека нашиот небесен Татко има излеано врз нас голем благослов со светлината за здравствената реформа, за да ние би можеле да ги послушаме барањата кои што нам ни ги упатува и да Го прославиме во своите тела и души кои што Нему му припаѓаат, и на крај да застанеме без мана пред Божјиот престол. Нашата вера бара од нас да ги воздигнеме начелата и тргнеме напред. Додека многумина прашуваат за патот по кој чекорат другите здравствени реформатори, тие, како разумни луѓе, треба самите да сторат нешто. Нашиот род е во жална состојба, затоа што страда од многу болести. Многумина имаат наследено болести и се големи страдалници заради лошите навики на своите родители, но сепак продолжуваат по истиот лош пат во однос на себеси и на своите деца. Тие се во незнаење во однос на себеси. Тие се болни и не знаат дека нивните лоши навики им причинуваат огромни страдања.

Постојат само малкумина кои се имаат разбудено доволно да сфатат колку многу нивните навики во исхраната влијаат на нивното здравје, нивниот карактер, нивната корисност во овој свет, и на нивната вечна судбина. Видов дека должноста на оние кои што ја имаат примено светлината од Небото и кои што ја почуствувале благодатта од чекорењето во неа, е да покажат поголемо интересирање за оние кои што сеуште патат заради недостаток на знаење. Оние кои што ја пазат саботата и кои го очекуваат скорото појавување на својот Спасител, треба да бидат последни кои ќе покажат недостаток на интерес за ова големо дело на реформа. Мажите и жените мора да бидат поучени, а проповедниците и народот да чувствуваат дека бремето лежи врз нив да го задвижат ова прашање и да го поттикнат истото кај другите.   (1867) 1Т 487-489

  1. Телесните навики имаат големо влијание на успехот на секоја личност. Колку повнимателни сте во својата исхрана, колку храната, која го одржува телото во хармонична работа, е поедноставна и ненадразнувачка, дотолку појасно ќе биде вашето сфаќање на должноста. Потребно е да се изврши внимателна проверка на секоја навика, секоја постапка, во спротивно, телесната состојба на телото ќе фрли сенка преку сите нешта.   Letter 93, 1898
  1. Нашето телесно здравје се одржува од она што го јадеме. Доколку нашиот апетит не е под власта на посветениот ум, доколку не сме умерени во сето она што го јадеме и пиеме, нема да поседуваме умно и телесно здравје за прочување на Речта со цел да го научиме она што Писмото зборува – што да чинам за да наследам живот вечен? Секоја нездрава навика ќе произведе нездрава состојба на организмот, а чувствителната, жива машина на желудникот ќе се оштети и нема да биде во состојба правилно да ја извршува својата задача. Исхраната е во тесна врска со наклонетоста да се влезе во искушение и да се изврши грев. МЅ 129, 1901
  2. Доколку Спасителот на луѓето во Својата божествена сила, чувствуваше потреба за молитва, колку повеќе слабите, грешни смртници треба да чувствуваат потреба за молитва – за срдечна, постојана молитва! Кога беше во најстрашното искушение, Христос ништо не јадеше. Тој се довери на Бога, и преку сериозна молитва и совршено потчинување на волјата на својот Татко, излезе како победник. Оние кои што веруваат во вистината за овие последни денови, треба повеќе од сите останати луѓе кои исповедаат христијанство, да го следат големиот Пример во молитва.

“Доволно е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар.” На нашите трпези често пати се изнесува раскошна храна, која не е здрава ниту неопходна, затоа што ние тоа го сакаме повеќе од самоодрекнувањето, слобода од болестите и здравјето на умот. Исус сериозно бараше сила од Својот Татко. Тоа Божјиот Син дури и за себеси го сметаше повредно отколку да седи на најраскошните трпези. Тој нам ни покажа дека молитвата е основа за добивање сила за борба против силите на темнината и извршувањето на делото кое нам ни е доделено. Нашата сопствена сила е слабост, меѓутоа онаа која што ни ја дава Бог е силна и секој кој ќе ја прими ќе биде повеќе отколку победник.   (1869)

2Т 202, 203

[Попуштањето на апетитот го растројува умот – 237]

[Попуштањето на апетитот ја затапува совеста – 72]

Ефектите врз влијанието и корисноста

  1. Голема штета е што желудникот често, тогаш кога треба да се покаже најголемо самоодрекнување, е затрупан со куп на нездрава храна која лежи во него и се распаѓа. Страдањата на желудникот влијаат врз разумот. Човекот кој што се храни неразумно, не сфаќа дека се онеспособува себеси за давање на мудри совети, се онеспособува себеси за поставување на планови за најдобар напредок на Божјето дело. Меѓутоа, тоа е така. Тој не може да го разликува духовното, и на состаноците на одборот кога треба да се каже “Да” и “Амин,” тој кажува “Не,” давајќи предлози кои се далеку од целта. Храната која што ја јадел ја умртвила неговата умствена сила.

Угодувањето на самиот себеси го спречува човекот да сведочи за вистината. Влагодарноста која што Му ја изразуваме на Бога за Неговите благослови е во голема мерка под влијанието на храната која ја внесуваме во желудникот. Попуштањето на апетитот е причина за расправии, несогласувања во поглед на размислувањата и многу други зла. Се изговараат нетрпеливи зборови, чинат нељубезни дела, нечесни сплетки, и страстите доаѓаат до израз и сето тоа заради тоа што нервите на мозокот се заболени заради злоупотребата нанесена на желудникот. МЅ 93, 1901

  1. Некои не можат да ја разберат неопходноста на потребата да се јаде и пие на Божја слава. Попуштањето на апетитот влијае на нив во сите релации на животот. Тоа се огледува во нивното семејство, во нивната црква, на молитвените состаноци и во однесувањето на нивните деца. Тоа е проклетство на нивниот живот. Не можете да сторите ништо за да тие ја разберат вистината за овие последни денови. Бог изобилно се погрижил за одржувањето и среќата на сите свои созданија; доколку Неговите закони никогаш не беа престапувани, и ако сите постапуваа во согласност со божествената волја, тогаш би се уживало здравје, мир и среќа наместо несреќата и непрекинатото зло.  (1870) 2Т 368
  1. Спасителот на светот знаеше дека попуштањето на апетитот ќе донесе телесна слабост и дека така ќе го умртви запазувањето и нема да може да се воочи светото и вечното. Христос знаеше дека светот ќе се оддаде на прејадување и дека тоа попуштање ќе ги изопачи моралните сили. Доколку попуштањето на апетитот било толку силно во човечкиот род така што на Вожјиот син, заради човекот, му било потребно да пости скоро шест седмици, со цел да ја скрши неговата моќ, какво дело тогаш му претстои на секој христијанин за да може да победи онака како што Христос победи! Силата на искушението да се попушти на изопачениот апетит може да се мери единствено со неискажливите Христови душевни страдања за време на тој долг пост во пустињата.

Христос знаеше дека, за успешно да го заврши планот на спасението, Тој мора да го започне своето дело на спасение токму таму каде човековата пропаст започна. Адам падна заради своето попуштање на апетитот. Со цел да ја втисне во човекот обврската за послушноста кон Божјиот закон, Христос го започна Своето дело на спасение со реформа на човековите телесни навики. Опаѓањето на доблестите и дегенерацијата на човекот можат воглавно да се препишат на попуштањето на изопачениот апетит.

Посебни одговорности и искушенија на проповедниците

На сите почива свечена обврска да го победат апетитот, а посебно проповедниците кои што ја проповедаат вистината. Нивната корисност ќе биде многу поголема доколку владеат со својот апетит и страсти, а нивните умни и морални сили ќе бидат посилни ако ја поврзат физичката работа со умствениот напор. Со строго умерените навики и здружената умствена и телесна работа, тие би можеле да извршат многу повеќе работа и да ја сочуваат бистрината на умот. Доколку понатаму продолжат со таков начин на живот, нивните мисли и зборови би течеле многу послободно, нивните верски искуства би биле многу поенергични, а влијанието кое би го вршеле на своите слушатели би било многу повпечатливо.

Неумереноста во јадењето, дури и тогаш кога јадењата се од добар квалитет, ќе имаат погубно влијание врз телото и ќе ги затапат многу поострите и свети чувства. (1875) 3Т 486-487

  1. Некои луѓе доаѓаат на состаноците под шатори со храна која е неподесна за такви прилики: богати колачи, пити и разни јадења кои ќе го пореметат варењето на здравиот, работлив човек. Секако, најдоброто се наменува за проповедникот. Луѓето тоа го испраќаат до неговата трпеза или го повикуваат на нивната трпеза. На тој начин проповедниците паѓаат во искушение да јадат премногу штетна храна. Не само што на таков начин нивното делување на состаноците под шатори е намалено, туку многумина заболуваат од лошо варење.

Проповедникот треба да го одбие тоа добронамерно, но немудро гостопримство, дури и тогаш доколку се изложува на опасноста да изгледа неучтив. Луѓето треба да се одликуваат со вистинска љубезност и да не го доведуваат во такво искушение. Тие грешат кога го искушуваат проповедникот со нездрава храна. Драгоцените таленти на тој начин се изгубени за Божјото дело, и многумина до крајот на животот се лишени од половината на крепоста и силата на своите способности. Проповедниците, повеќе од другите, треба да ја штедат силата на умот и нервите. Тие треба да ја одбегнуваат секоја храна и пијалок која може да ги надразни или возбуди нервите. Надразувањето ќе биде пратено со потиштеност; попуштањето на желбата ќе го помрачи умот чинејќи тешки и збркани мисли. Никој не може да стане успешен работник во духовните нешта се додека не се придржува до строгата умереност во своите навики на исхраната. Бог неможе да дозволи Неговиот Свет Дух да почива на оние кои, знаејќи како треба да јадат за да бидат здрави, упорно остануваат на патот кој ќе го ослаби нивниот ум и тело.

(МЅ 88, недатирано)

“Сето тоа правете го за Божја слава”

  1. Инспириран од Божјиот Дух, апостолот Павле пишува дека “Што и да правиме”, дури и природниот акт на јадење и пиење, треба тоа да го чиниме не за да го прославиме изопачениот апетит, туку со чувството на одговорност тоа да “го правиме за Божја слава”. Секој дел на човековото тело треба да се чува; ние треба да внимаваме, да сето она што се внесува во желудникот не ги протера од умот возвишените и свети мисли. Зар јас не можам да постапувам со себеси онака како што тоа мене ми е угодно? прашуваат некои, како да ние тежнееме да ги раздвоиме од големото добро, кога им ја изложуваме потребата за разумно земање на храна и согласување на сите нивни навики со законите кои Бог ги има воспоставено.

Постојат права кои и припаѓаат на секоја индивидуа. Ние поседуваме личност и обележја кои се само наши. Никој не може својата личност да ја поистовети со личноста на некој друг. Секој мора да делува за себеси според упатствата на својата сопствена совест. Што се однесува до нашата одговорност и влијание, ние за тоа сме одговорни на Бога затоа што нашиот живот води потекло од Него. Тоа не сме го добиле од човештвото, туку само од Бога. Ние сме Негови преку создавањето и откупувањето. Дури и нашите тела не се наша сопственост за да би постапувале со нив онака како што тоа нам ние е угодно, за да би ги осакатиле со навиките кои водат кон распаѓање, оневозможувајќи се себеси на Бога да му пружиме совршена служба. Нашите животи и сите наши сопствености му припаѓаат Нему. Тој се грижи за нас секој момент; Тој ја одржува живата машинерија во работа. Кога би ни било дозволено да управуваме со него само еден момент, ние би умреле. Ние целосно зависиме од Бога.

Голема поука е научена кога го разбираме својот однос кон Бога и Неговиот однос кон нас. Зборовите “не си припаѓате на себеси, вие сте скапо купени”, треба да бидат закачени на ѕидовите во нашата меморија, како би можеле секогаш да го признаваме Божјото право на нашите таленти, нашата сопственост, нашето влијание, нашата личност. Ние треба да научиме како да постапуваме со овој Божји дар, во мислите, во душата, во телото, за да како Божја купена сопственост би можеле да Му извршуваме здрава, благопријатна служба. (1896) Ѕреciаl Testimonies, Series А, No. 9. р. 58

  1. Светлина го има осветлувано нашиот пат во однос на здравствената реформа, и должноста која почива врз Божјиот народ во овие последни денови е да покаже умереност во сите нешта. Видов дека бевте во бројот на оние кои ќе се одвратат да ја видат светлината и исправат својот начин на јадење, пиење и работа. Кога светлината на вистината е примена и следена, таа ќе предизвика целосна реформа во животот и карактерот на сите оние кои што преку неа се посветени. (1868) 2Т 60

Односот кон победоносниот живот

  1. Јадењето, пиењето како и облекувањето непосредно влијаат на нашиот духовен напредок. VI, Мау 31, 1894
  2. Многу прехранбени артикли кои незнабожците слободно ги јаделе, биле забранети за Израелците. Разликата не беше неосновано направена. Она што било забрането, било нездраво. Фактот дека тоа било прогласено за нечисто, укажувало на поуката дека употребата на нездрава храна го осквернува човекот. Она што го изопачува телото, тежнее да ја изопачи и душата. Тоа го онеспособува човекот за заедница со Бога и го прави непогоден за возвишена и света служба. (1905) МН, 280
  3. Божјиот Дух не може да ни притекне на помош и да ни помогне во усовршувањето на христијанскиот карактер, се додека ние му попуштаме на апетитот на штета на здравјето, и додека гордоста на животот управува. Healt Reformer, September, 1871
  1. Сите учесници во божествената природа ќе ја одбегнат изопаченоста која преку похотта има дојдено во светот. За оние кои што му попуштаат на апетитот е невозможно да го достигнат христијанското совршенство. (2Т 400, 1870)
  2. Ова е вистинско посветување. Тоа не е само теорија, чувство, или форма на зборови, туку живо, делотворно начело кое влегува во секојдневниот живот. Тоа бара нашите навики во исхраната и облекувањето да бидат такви за да го запазат телесното, умното и моралното здравје, како би можеле на Бога да му ги принесеме своите тела – не како жртва изопачена со лошите навики, туку “жива жртва, света, прифатлива за Бога”. R. & Н., January 25, 1881

[Види исто така – 254]          

  1. Нашите навики во јадењето и пиењето покажуват дали сме од светот, или во бројот на оние кои Господ со Својата моќна вистина ги одвоил од светот.  (1900) 6Т 372
  1. Неумереност во јадењето е таа што предизвикува инвалидност и поткраднување од славата која што му припаѓа на Бога. Заради недостатокот од самоодрекнување, многумина во Божјиот народ се неспособни да го достигнат високиот степен на духовност кој што Тој го поставил пред нив, и покрај тоа што се кајат и што се обратени, целата вечност ќе сведочи за губитокот кој што го претрпеле попуштајќи и на себичноста. Letter 135, 1902
  2. О колкумина ги губат најбогатите благослови во здравјето и духовните дарови кои што Бог ги чува за нив! Постојат многу души кои се борат за посебни победи и посебни благослови како би можеле да вршат нешто големо. Тие сметаат дека за тоа треба да водат мачна борба во молитва и солзи. Кога овие личности го проучуваат Писмото со молитва за да ја дознаат изразената Божја волја и тогаш ја извршуваат со цело срце, без никаква резерва или попуштање на себеси, ќе најдат одмор. Сите мачни борби, сите солзи и напрегања нема да им го донесат благословот за кој тие копнеат. “Јас” мора сосема да се покори. Тие треба да ја извршат работата која ќе се појави, користејќи го изобилието на Божјата благодат која им е ветена на сите кои ја бараат со вера.

“Ако некој сака да врви по мене,” Исус рече, “нека се одрече од себеси, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.” (Лука 9:23) Да го следиме Спасителот во Неговата едноставност и самоодрекнување. Да го воздигнеме Човекот од Голгота со зборови и свет живот! Спасителот приоѓа многу близу до оние кои се посветуваат на Бога. Доколку некогаш постоело време кога ние сме имале потреба од работата на Божјиот Дух во нашите срца и животи, тогаш тоа е денес. Да се држиме цврсто до оваа божествена сила како би имале сила да живееме живот во светост и самопредавање.      (1909) 9Т 165, 166

  1. Како што нашите прародители го изгубија Едем заради попуштањето на апетитот, нашата единствена надеж да го повратиме Едем е во цврстото одрекнување на апетитот и страстите. Воздржувањето во исхраната и контролата над сите страсти ќе го запази умот и ќе им даде ментална и морална енергија, оспособувајќи ги луѓето да ги доведат сите свои склоности под контрола на вишите сили, како и да расудуваат помеѓу доброто и злото, помеѓу светото и обичното. Сите кои што правилно ја сфаќаат жртвата која Исус ја поднесе, напуштајќи го својот дом на небото со доаѓањето на овој свет, за со Својот живот да му покаже на човекот како да му се противставува на искушението, радосно ќе се одрекнат од себеси и ќе одберат да биде соучесници со Христа во Неговите страдања.

Стравот Господов е почеток на мудроста. Оние кои што ќе победат, како што Христос победи, мораат непрекинато да се чуваат од сатанските искушенија. Желбите и страстите треба да бидат ограничени и под контрола на осветлената совест како умот би можел да биде неоштетен, моќта на запазувањето јасна, така што сатанските дела и неговите стапици не се толкуваат како Божје провидение. Многумина копнеат за конечната награда и победа која ќе им се даде на победниците, меѓутоа немаат волја да вложат напор, немаштија и самоодрекнување како што тоа го чинеше нивниот Избавител. Само преку послушност и непрестан напор ние ќе победиме онака како што Христос победи.

Силата која што го контролира апетитот ќе ја потврди пропаста на илјадници, кои, доколку беа победници во тоа искушение, би можеле да стекнат морална сила, со чија помош би извојувале победа над секое друго сатанско искушение. Меѓутоа, оние кои му робуваат на апетитот нема да успеат во усовршувањето на христијанскиот карактер. Постојаното човеково престапување во текот на шесте илјади години има донесено болест, страдање и смрт како плод. Колку повеќе се приближуваме кон крајот на времето, сатанските искушенија да му попуштиме на апетитот ќе бидат се посилни и ќе ни биде се потешко да ги победиме. (1875) 3Т 491,492

  1. Оној кој нежно внимава на светлината која што Бог му ја дал за здравствената реформа, има значајна помош во делото на посветување преку вистината и подготовката за бесмртност. (1890) С.Н. 22

[Поврзаноста помеѓу едноставната храна и духовното расудување – 119]

[Неконтролираниот апетит ја слабее отпорноста кон искушението – 237]

[Ѕидовите на самоконтрола не треба да се рушат – 260]

[Месната храна, пречка за духовното напредување – 655, 656, 657, 660, 682, 683, 684, 688] [Силата за победа над другите искушенија дадена на оние кои што го победиле апетитот – 253] [Обликувањето на карактерот спречено со неправилната грижа за желудникот – 719]

ОДНОСОТ ПОМЕГУ ИСХРАНАТА И МОРАЛОТ

Моралната нечистотија во старо време

  1. Луѓето кои што живееле пред потопот јаделе храна од животинско потекло и им угодувале на своите страсти, се додека чашата на нивното безаконие не се наполнила и Бог со потоп не ја очистил Земјата од моралната нечистотија . . .

Гревот постојано преовладувал од човековиот пад. Додека малкумина му останале верни на Бога, огромно мноштво го имало изопачено својот пат пред Него. Уништувањето на Содом и Гомор дојде заради нивната голема грешност. Тие ги попуштале уздите на својот неумерен апетит, на своите изопачени страсти, се додека не паднале толку ниско и нивните гревови станале толку гнасни така што нивната чаша на безаконие била полна, а тие уништени со оган од небото. (1864) Ѕр. Gifts IV, 121

  1. Истите гревови кои што го имаат навлечено Божјиот гнев врз светот во Ноевото време, постојат и во наше време. Луѓето денес го изедначуваат своето јадење и пиење со ждерење и пијанство. Овој преовладувачки грев, попуштање на изопачениот апетит, ги разгорил страстите на луѓето од Ноевото време и водел до општа расипаност, додека нивното насилство и престап не допреле до Небото, па така Бог со потоп ја испрал Земјата од нејзината морална нечистотија.

Истите гревови на ждерење и пијанство ја умртвиле моралната чувствителност на жителите на Содом, така што злото станало наслада на жителите на тој зол град. Христос заради тоа го предупредува светот: “Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите; така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки.” (Лука 17:28-30)

Христос нам овде ни остави најважна поука. Во сите своите поуки Тој не поттикнуваше рамнодушност. Неговиот пример беше спротивен на тоа. Христос беше сериозен работник. Неговиот живот беше живот на самоодрекнување, работа, истрајност, вредност и штедливост. Тој нам ни укажа на опасноста која настанува тогаш кога јадењето и пиењето ќе ги направиме да се најважни. Тој нам ни открива кој е резултатот од попуштањето на апетитот. Моралните сили се ослабени, така што гревот веќе не изгледа грешен. На гревот му се замижува и ниските страсти управуваат со разумот, додека општата изопаченост не ги искорени добрите начела и побуди и додека не се похули на Бога. Сето тоа е последица на прекумерното јадење и пиење. Тоа е вистински тек на настаните за кои Тој изјавува дека ќе настанат во времето на Неговото второ доаѓање.

Дали мажите и жените ќе бидат предупредени? Дали тие ќе внимаваат на светлината или ќе станат робови на апетитот и ниските страсти? Христос нам ни претставува нешто повозвишено за што треба да се трудиме, а не само за тоа што ќе јадеме, пиеме или во што ќе се облечеме.

Јадењето, пиењето и облекувањето станале израз на таквата претераност која се вброила во гревовите на последните денови, претставувајќи знак за Христовото скоро доаѓање. Времето, парите и силата кои што му припаѓаат на Бога, но кои нам ни се поверени, се растураат на залудни претерувања во облекувањето и за раскошот на изопачениот апетит, кој ги намалува животните сили и донесува страдање и пропаѓање. Не е можно да ги принесеме нашите тела како жива жртва на Бога кога тие се исполнети со расипаности и болести заради нашето грешно попуштање. (1873) 3Т 163, 164

Расипаноста преовладува – резултат на нескротливиот апетит

  1. Многумина се чудат што човечкиот род толку телесно и морално се дегенерирал. Тие не разбираат дека кршењето на Божјиот закон и уредбите, како и кршењето на законите на здравјето ја имаат предизвикано таа жална дегенерација. Прекршувањето на Божјите заповеди предизвикало повлекување на Неговата рака која дава просперитет.

Неумереноста во јадењето и пиењето и во попуштањето на ниските страстите ги имаат умртвено возвишените чувства, така што светото е ставено во ист ред со обичното.

(1864) Ѕр. Gifts IV, 124

  1. Оние кои што дозволиле да станат робови на прејадувањето, често пати одат уште подалеку и се понижуваат себеси со попуштањето на расипаните страсти кои се раздразнети со неумерноста во јадењето и пиењето. Тие ги попуштиле уздите на понижувачките страсти, до точка кога здравјето и умот многу страдаат. Способноста на расудувањето е во голема мерка разурната со лошите навики. (1864) Ѕр. Gifts IV, 131
  2. Нередовноста во јадењето и пиењето и неправилното облекување, го изопачуваат умот,

расипуваат срцето и ги доведуваат благородните карактеристики на душата во ропство на животинските страсти.  Healt Reformer, October, 1871

  1. Нека никој кој што тврди дека е побожен не гледа рамнодушно кон здравјето на телото и не се мами самиот себеси дека неумереноста не е грев и дека нема да влијае на неговата духовност. Помеѓу телесната и моралната природа постои тесна поврзаност. Мерилото на вредноста се воздигнува или снижува со телесните навики. Неумереното јадење дури и на најдобрата храна ќе предизвика морбидна состојба на моралните чувства. Меѓутоа, доколку храната не е најздрава, последиците ќе бидат поштетни. Која и да е навика, која не ја подржува здравата активност во човечкото тело, ги понижува возвишените и благородни способности. Лошите навики во јадењето и пиењето водат до грешки во мислењето и работата. Попуштањето на апетитот ги зајакнува животинските склоности, давајќи им надмоќ над умствените и духовните сили.

“Воздржувајте се од телесните похотти, кои што војуваат против душата,” е јазикот на апостолот Петар. Многумина сметаат дека ова предупредување треба да се однесува само на развратните; меѓутоа таа има пошироко значење. Таа чува од секое штетно попуштање на апетитот или страстите. Тоа е најмоќно предупредување против употребата на надразнувачките и опојните средства какви што се чајот, кафето, тутунот, алкохолот и морфиумот. Овие попуштања можат да се стават во редот на оние похотти кои вршат штетно влијание врз моралот и карактерот. Колку порано тие навики се оформуваат, толку поцврсто ќе ја држат својата жртва во ропството на похотта и многу посигурно ќе го намалат стандардот на духовноста.    R. & Н., January 25, 1881

  1. Вие треба да пројавувате умереност во сите нешта. Негувајте ги највозвишените умствени сили и тогаш ќе постои помала можност за зајакнување на животинското. За вас е невозможно да ја зголемувате духовната сила се додека не ги ставите својот апетит и страсти под совршена контрола. Вдахновениот апостол вели: “Го поробувам телото свое, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.”

Брате, подигни се, те молам, и нека делото на Светиот Дух допре длабоко од надворешноста; нека допре до длабоките извори на секоја активност. Тоа е начелото кое се бара, цврсто начело и сила за работа за духовните како и за земските нешта. На твоите напори им недостига сериозност. О, колкумина се наоѓаат на дното на скалилата на духовноста, само заради тоа што несакаат да се одрекнат од својот апетит! Силата на мозочните нерви е умртвена и скоро парализирана со прекумерено јадење. Кога таквите ќе дојдат во Божјиот дом во сабота, тие не можат да ги држат своите очи отворени. Најсериозните повици не можат да ги задвижат нивните студени, нечувствителни умови. Вистината може да биде изнесена со длабоко чувство; меѓутоа таа нема да може да ја разбуди моралната чувствителност или расветли разбирањето. Дали таквите имаат проучувано како да го прослават Бога во сите нешта?  (1870) 2Т 413, 414

Влијанието на едноставната исхрана

  1. Кога сите кои што велат дека го пазат Божјиот закон би биле без грев, на мојата душа би и олеснело; меѓутоа тие не се. Дури и некои кои велат дека ги пазат сите заповеди Божји, се виновни за гревот на прељубата. Што можам да кажам за да ги разбудам нивните умртвени чувства? Моралното начело кое строго се спроведува, станува единствена заштита за душата. Доколку некогаш постоело време кога исхраната требало да биде наједноставна, тогаш тоа е денес. Месото не треба да се изнесува пред нашите деца. Неговото влијание ги надразнува и засилува ниските страсти и тежнее да ги умртви моралните сили. Житарките и овошјето, подготвени без животинска маст и во најприродна состојба, треба да бидат храна на трпезите на оние кои тврдат дека се подготвуваат за преобразување за Небото. Доколку храната е помалку надразнувачка, дотолку полесно може да се владее со страстите. Задоволувањето на вкусот не смее да се гледа независно од телесното, умствено или моралното здравје.

Попуштањето на пониските страсти ќе доведе до тоа да многумина ги затворат очите пред светлината, затоа што се плашат дека ќе ги видат гревовите кои што не сакаат да ги остават. Сите можат да ги видат доколку сакаат. Доколку попрво ја одберат темнината отколку светлината, нивната вина нема да биде помала. Зошто мажите и жените не читаат за повеќе да знаат за она што така несомнено влијае врз нивната телесна и морална сила? Бог ви го има доверено вашето тело за да се грижите за него и да го запазите во најдобра состојба Нему за служба и слава. (1869) 2Т 352

Умереноста – помош во зачувувањето на моралот

  1. Вашата храна не е едноставна и здрава и затоа не може да обезбеди најдобра крв. Нечистата крв сигурно ќе ги помрачи моралните и умствените сили, будејќи ги и зајакнувајќи ги ниските страстите на вашата природа. Никој од вас не може да ја поднесе храната која надразнува затоа што таа му штети на здравјето на телото и напредокот на вашата душа и душата на вашите деца.

Вие поставувате на трпезата храна која ги оптоварува органите за варење, ги буди животинските страсти и ги слабее моралните и умствените способности. Богатата храна и месните оброци не се корисни за вас… Ве молам, заради Христа, да го доведете својот дом и своите срца во ред. Нека вистината од небесно потекло ве воздигне и посвети вас, душата, телото и духот. “Воздржувајте се од телесните похоти кои војуваат против душата.” Брате Г, твојата исхрана води кон зајакнување на ниските страсти. Ти не владееш со своето тело како што тоа ти е должност, за да усовршиш светост во страв Божји. Мораш да станеш умерен во јадењето за да станеш трпелив човек. (1870) 2Т 404, 405

  1. Светот не треба да биде мерило за нас. Современо е да се попушти на желбата за луксузна храна и неприродните, надразнувачки средства, зајакнувајќи ги така животинските наклонетости, слабеејќи го растењето и развојот на моралните способности. Никаква подршка не е дадена на ниту еден Адамов син или ќерка да станат победници во христијанската борба, доколку не се одлучат да спроведуваат умереност во сите нешта. Доколку тие тоа го сторат, тогаш нема да се борат како оној кој што го удира по ветар.

Доколку христијаните сакаат да го потчинат телото и ги стават своите желби и страсти под надзор на осветлената совест, сметајќи ја послушноста кон законите, кои управуваат со животот и здравјето, за своја должност пред Бога и своите ближни, тогаш ќе го имаат благословот во телесната и моралната сила. Тие ќе имаат морална сила да започнат борба против сатаната; и во името на Оној кој што го победи апетитот наместо нив, тие ќе можат да бидат повеќе од победници. Оваа борба им претстои на сите кои што ќе ја започнат. (1876) 4Т 35, 36

[Влијанието на месната храна врз моралната сила – 658, 683-687]

[Дом во природа – неговата поврзаност со исхраната и моралот – 711]

[Недостатокот на морална сила заради попуштањето на децата во јадењето и пиењето – 347] [Храна која предизвикува раздразливост и нервоза – 556, 558, 562, 574]

[Попуштањето на апетитот ги слабее моралните сили – 231]

Сподели го ова:

Слични објави