ДОДАТОК
Додаток 1
Лично искуство на сестра Вајт како поддржувач на здравствената реформа
(При читањето на излагањата на сестра Вајт за нејзиниот однос спрема исхраната, внимателниот читател ќе ги препознае следните начела:
Прво: » Реформата во исхраната треба да биде постепена. « (параграф 807). Светлината на почетокот не е дадена во сета своја полнина. Таа е дадена во сила која што одвреме на време се зголемува, во зависност од спремноста на луѓето да ја разберат и да делуваат во склад со неа. Била прилагодена спрема општите навики во исхраната во времето кога е дадена.
Второ: »Во исхраната не одредуваме никаков пат по кој треба да одиме… « (параграф 145). Постојано биле повторувани предупредувања против неки видови посебно штетна храна. Меѓутоа, во повеќето од случаите се поставувале општи начела и деталната примена на ваквите сестрани начела понекогаш се одредувала во склад со постоечките и најдобрите научни заклучоци.
Трето: »Себе си не се сметам за ничие мерило. « (Додаток 1, параграф 25)
Откако после внимателно изведени согледувања прифатила некои правила за себе, сестра Вајт понекогаш го опишувала начинот на исхрана во својот дом, не како правило кон кое мораат другите строго да се придржуваат. (Од компилаторите)
Прва визија за здравствената реформа
- Во куќата на братот А. Хилард во Отсего, во државата Мичиген, 6. јуни 1863 во видение ми
беше откриен големиот предмет за здравствената реформа. Е. & Н. Осѓ. 8. 1867
Откриена како напредно дело
- Во светлината која одамна ми беше дадена (1863) ми беше покажано дека во светот до загрижувачки размери ќе завладее неумереноста и дека секој од Божјиот народ треба да завземе возвишен став спрема реформата на навиките и обичаите… Господ ми изнесе еден општ план. Ми беше покажано дека Бог во својот народ, кој ги држи Неговите заповеди, ќе подигне реформа во исхраната и дека, кога ќе биде прифатена, нивните болести и страдања во голема мера ќе се
намалат. Ми беше покажано дека ова дело ќе напредува. С.Н. 531.
[Постојан напредок кон совршената исхрана – 651]
[Предупредување против пребрз напредок – 803]
Лично прифаќање на веста
- Ја прифатив светлината за здравствената реформа, веднаш штом допре до мене. Тоа беше голем благослов за мене. Денес сум со подобро здравје, и покрај моите 76 години, отколку што бев во помладите години. Му благодарам на Бога за принципите на здравствената реформа. МЅ 50,
1904
После година дена на борба следуваа благослови
- Со години си мислев дека мојата сила зависи од месната исхрана. До пред неколку месеци јадев по три оброци на ден. Ми беше многу тешко да го дочекам следниот оброк, затоа што патев од слабост на желудникот и од вртоглавица. Јадењето ги оттргнуваше таквите слабости. Ретко си дозволував да јадам било што помеѓу оброци и ми стана обичај чеато без вечера да одам на спиење. Меѓутоа многу патев од глад помеѓу појадокот и ручекот, и често чувствував изнемоштеност. Конзумирањето месо за извесно време го оттргнуваше ваквото чувство на премаленост. Така заклучив дека месото е неопходно во мојот случај.
Меѓутоа, откако Господ во јуни 1863, ми го објави овој предмет за јадењето месо и неговата врска со здравјето, го оставив месото. Извесно време ми беше доста тешко својот апетит да го навикнам на леб, што порано не го сакав толку многу. Меѓутоа, бев истрајна и успеав во намерата. Живеев скоро цела година без месо. Бесквасна погача, направена од непросејано пченично брашно и вода со многу малку сол, беше скоро шест месеци единствениот леб на нашата маса.Обилно јадевме овошје и зеленчук. Живеев осум месеци земајќи два оброка на ден.
Повеќе од една година, поголемиот дел од времето го посветив на пишување. Осум месеци се занимавав само со пишување. Мојот мозок беше постојано напрегнат, а малку вежбав. Па сепак моето здравје не беше никогаш подобро отколку за време на изминатите шест месеци. Изнемоштеноста и вртоглавицата што ги имав порано исчезнаа. Секоја пролет патев од губење на апетитот. Минатата пролет во овој поглед немав никакви потешкотии.
Својата едноставна храна, што ја земавме два пати дневно ја јадевме со голем апетит. На својата маса немаме месо, колачи или било каква богата храна. Не употребуваме животинска маст, туку наместо неа користиме млеко, павлака и малку путер. Храната ја подготвуваме само со малку сол, а употребата на зачини од секоја врска ја изоставивме. Појадуваме во седум , а ручаме во еден. Ретко чувствувам изнемоштеност. Мојот апетит е задоволен. Храната сега ја земам со поголемо уживање отколку било кога порано. (1864) Ѕр. Ѕ^ТСѕ IV, 153, 154
[Малку сол е неопходна за крвта – 571, 572]
Борба за победа
- Откако ја прифатив здравствената реформа ни најмалку не го променив својот начин на живот. Откако светлината од Небото по овој предмет за прв пат засветли над мојот животен пат не се вратив ниту еден чекор. Веднаш раскрстив со се – со месото, путерот и со три оброци – и тоа во време кога бев зафатена со исцрпувачка умствена работа, со пишување од рано утро до зајдисонце. Преминав на два оброка на ден, но не го променив начинот на својата работа.
Многу страдав од болести и доживеав пет удари на одземеност. Мојата лева рака со месеци беше врзана, затоа што болката во моето срце беше многу голема. Кога ги направив овие промени
во мојата исхрана, не му се потчинував повеќе на вкусот ниту му дозволував да управува со мене. Дали тоа би ме спречило да добијам поголема сила со која би можела да го прославам Господа? Дали тоа и за миг би ме спречило на мојот пат? Никогаш!
Чувствував силен глад затоа што бев голем љубител на месото. Меѓутоа, кога паѓав, ги ставав своите раце на желудникот и велев: „Нема ни залче да ставам во уста. Ќе јадам едноставна храна или нема воопшто да јадам.“ Лебот не ми беше вкусен. Ретко можев да земам парче леб, кое беше едвај со големина на еден долар. Некои нешта од реформата можев сосема добро да ги спроведувам, но кога стигнав до лебот, бев посебно против. Кога ги извршив овие промени, морав да водам посебна борба. Првите два или три оброка не можев да ги јадам. Му велев на својот желудник: „Ќе чекаш се додека бидеш спремен да примиш леб.“ За кратко време почнав да јадам леб, исто така и леб направен од интегрално брашно. Тоа порано не можев да го вкусам, но сега ми е вкусно и не го изгубив апетитот.
Делување во склад со начелото
Во време кога ги пишував „Духовни дарови“, книга III и IV (1863-64) бев исцрпена од претерана работа. Тогаш увидов дека морам да го променам својот начин на живот и после одмор од неколку дена, повторно се чувствував добро. Сето ова го изоставив од начело. Го поставив своето гледише според начелата на здравствената реформа. Од тогаш, браќа, не сте ме слушнале дека застапувам некаков краен став спрема начелата на здравствената реформа од кого што подоцна би требало да отстапам. Ништо посебно не истакнував, освен она на кое што и денес стојам. Ви препорачував здрава исхрана, богата со хранливи својства.
Не сметам дека многу се лишувам, ако престанам да го употребувам она што создава непријатен здив и лош вкус во устата. Дали е самоодрекување ако го оставам ова и постигнам таква состојба – во која се е така слатко како мед и кога во устата не останува непријатен здив, а во стомакот чувство на изнемоштеност? Ова порано често го чувствував. Често се истоштував со дете во прегратките. Сега сум слободна од сето тоа, и зарем можам тоа да го сметам за лишување, додека стојам пред вас како што тоа денес е случај? Во сто жени нема ниту една која би можела да издржи толку многу работа како мојата. Напредував според начелото, а не според желбите и нагонот. Напредував затоа што верував дека Небото ќе го одобри правецот по кој што тргнав за да си обезбедам најдобра здравствена состојба, и за да би можела да го прославам Бога во телото и духот кои му припаѓаат Нему. (1870)
2Т, 371, 372
Борба против употребата на оцет
- Само што го прочитав твоето писмо. Изгледа дека имаш озбилна желба да го изградиш своето спасение со страв и трепет. Те подржувам во намерите да го постигнеш тоа. Те советувам да оставиш се што би предизвикало половичен труд во барањето на Божјето царство и Неговата правда. Отфрли го секое попуштање кое ќе те спречи во делот на совладувањето. Барај да се молат оние што ја разбираат твојата потреба за да примиш помош.
Имаше прилики кога бев во слична ситуација, која во извесна смисла е сродна на твојата. И попуштав на желбата за оцет. Меѓутоа, одлучив со Божја помош да ја совладам оваа желба. Се борев против искушението, бев одлучна оваа навика да не загосподари со мене.
Со недели бев многу болна, но постојано си велев: „Господ знае се за ова. Ако умрам, нека умрам, ама нема да и попуштам на оваа желба.“ Борбата продолжуваше, а јас многу недели бев тешко болна. Сите мислеа дека нема да преживеам. Те уверувам, го баравме Бога со сета сериозност! Беа упатувани најискрени молитви за моето оздравување. Продолжив да и се спротивставувам на желбата за оцет и на крајот – победив. Сега немам никаква желба да вкусам било што со сличен вкус. Ова искуство беше од повеќекратна корист за мене. Извојував потполна победа.
Ти го пренесувам ова искуство како помош и охрабрување. Сестро, верувам, дека можеш да го победиш ова искушение и да откриеш дека Бог во секој миг е помошник на своите деца. Ако одлучиш да ја совладаш оваа навика, и ако истрајно се молиш, ќе можеш да стекнеш многу вредно искуство. Ако одлучно ја насочиш својата волја со цел да ја скршиш оваа желба за попуштање, ќе ја добиеш потребната помош од Бога. Обиди се, сестро!
Се додека ја признаваш оваа навика со тоа што и попушташ, сатаната ќе ја надгледува твојата волја и ќе ја насочи на послушност кон себе. Меѓутоа, ако одлучиш да победиш, Господ ќе те излечи и ќе ти даде сила да се спротивставиш на секакво искушение. Сети се дека Христос е секогаш твој Спасител, Чувар. Leter 70, 1911
Штедлива но и соодветна исхрана
- Јадам толку колку потполно да ги задоволам потребите на природата, но кога ќе станам од масата, мојот апетит е исто толку добар, како штотуку да сум седнала. Кога ќе дојде следниот оброк, спремна сум да ја земам својата порција и ништо повеќе. Кога повремено би зела двојна количина на храна, затоа што ми е слатка, не знам како би можела после тоа да клекнам и да го помолам Господа да ми помогне во пишувањето, кога не можам да мислам заради претераното уживање во јадењето? Можам ли да го замолам Господа да се грижи за неразумниот товар во мојот желудник? Тоа би Го обесчестило. Тоа би значело да Го молам да ја уништи мојата желба. Сега го јадам она што сметам дека е добро па така можам да Го помолам да ми даде сила да ја извршам задачата што ми ја доверил. Знам дека Небото, кога тоа сум го барала, слушало и одговарало на моите молитви.
(1870) 2Т 373, 374
Добро снабдена трпеза
- Мојата трпеза во секоја прилика беше добро подготвена. Не правев никакви измени за гости,
било да беа верни или неверни. Никогаш ми се нема случено да бидам изненадена и неспремна на својата трпеза да нагостам една или половина дузина гости, кои случајно ќе навратеа. Имам доволно едноставна, здрава храна спремна да ја задоволи гладта и да го нахрани телото. Ако некој сака повеќе од тоа, слободно може да го најде на друго место. На мојата трпеза не се изнесува путер или било каков вид на месна храна. Ретко можат да се најдат колачи. Обично имам доволна залиха на овошје, добар леб и зеленчук. На нашата трпеза секогаш има доволно гости и на сите им се допаѓа нашата храна, од која дури можат и да се поправаат. Сите седат на трпезата без епикурејски апетит уживајќи во изобилието што го дава Творецот. (1870) 2Т 487
[Храна засладена онолку колку што е потребно; на масата нема шеќер – 532]
Во вагон
- Додека децата и родителите ги јадеа своите слатки, јас и мојот сопруг го зедовме својот
едноставен оброк, во вообичаеното време, еден час попладне, кој се состоеше од црн леб без путер и со многу овошје. Го јадевме својот оброк со големо задоволство и со благодарни срца што не бевме принудени да носиме со себе цела продавница за да си го задоволиме својот чуден апетит. Јадевме својствено и немавме никакво чувство на глад се до следното утро. Вевме слаби муштерии за продавачот со неговите портокали, ореви, пуканки и слатки. НеаИМ Реѓогтег,
^есетвег 1870
Справување со тешкотиите и компромисот што резултираше
- Пред повеќе од триесет години често бев многу слаба. Многу молитви беа упатени за мене. Постоеше мислење дека месната исхрана ќе ми даде животна сила па затоа месото беше секогаш на моето мени. Меѓутоа, наместо да станам посилна, станував се послаба и послаба. Често од исцрпеност паѓав во несвест. Светлината што ми беше дадена, укажуваше на штетата што луѓето и жените со употребата на месната исхрана си ја нанесуваа на своите умни, морални и телесни способности. Ми беше покажано дека целото човечко тело е нападнато од употреба на ваквата храна и дека така човекот ги јакне животинските склоности и желбата за пиење.
Веднаш го исфрлив месото од своето мени. После тоа повремено бев приморана да јадам малку месо.
(Бев приморана да јадам по малку месо кога немаше друга храна – 699)
(Забелешка: Уште додека била девојка, на сестра Вајт и било доверено да пишува и да извршува јавна работа па заради тоа била приморана домашните одговорности, во голема мера да им ги отстапи на докаќинките и готвачките. Таа не можела секогаш да ги обезбеди услугите на готвачките, кои знаеле правилно да готват. Така во нејзиниот дом имало моменти, кога требало да се прават најразлични компромиси помеѓу совршените мерила и знаењата, искуствата и мерилата на новата готвачка. Во периодите кога патувала, во начинот на исхраната исто така зависела од оние што ги посетувала. Иако можела да живее и од оскудна храна, понекогаш и се чинело дека треба да јаде по малку месо, за кое што знаела дека не е најдобро за јадење и кое не било по нејзин избор.)
Leter 83, 1901
Проблеми заради недостаток на добра готвачка – 1892.
- Јас сега страдам повеќе заради тоа што немам некого кој е искусен во готвачкиот занает – за да го зготви она што можам да го јадам… Храната се спрема на таков начин што не ми е вкусна и ми ја намалува желбата за јадење. Би платила повеќе за една готвачка отколку за било што друго.
Leter19с, 1892
Конечно определување за трезвена, безмесна храна
- Од состанокот во Брајтон (јануари 1894) потполно го отстранив месото од мојата трпеза. Ова треба да се свати така што било да сум дома или било каде надвор ништо од ова не смее да се употребува во моето семејство или да се најде на мојата трпеза. Во врска со овој предмет ми беше откиено многу во текот на ноќта. Leter 76, 1895
- Имаме доволно добро млеко, овошје и леб. Јас веќе ја посветив својата трпеза. Ја ослободив од секакво месо. За телесното и умно здравје подобро е да се воздржуваме од животинска исхрана. Колку што е можно треба да се вратиме на првобитниот Божји план. Мојата трпеза од сега па понатаму, ќе биде ослободена од месо од заклани животни и ќе биде лишена од продукти и слатки кои одземаат многу време и сила за подготовка. Ние можеме на најразлични начини да употребуваме овошје во изобилие и да не се изложуваме на опасности од болести, кои можат да се појават со употреба на месо од заболени животни. Својот апетит треба да го ставиме под присмотра, за да можеме да уживаме во едноставна, здрава храна, и да имаме доволно та никој да не мора да гладува. МЅ 25, 1894
Една година по напредниот чекор
- Ние сме големо семејство, а освен тоа имаме и многу гости, но на трпезата нема ниту путер ниту месо. Употребуваме павлака и млеко од крави кои самите ги чуваме. Купуваме путер само за готвење од млекар чии што крави се здрави и имаат добра паша. ^еНег 76, 1895.
Две години по напредниот чекор
- Имам големо семејство кое често брои и до 16 члена. Во него се наоѓаат луѓе кои работат со плуг и сечат дрва. Тие работат многу напорно, но на масата не се сервира ниту парче месо. Ние не употребуваме месо од брајтонскиот состанок под шатори. Имав намера никогаш да не го изнесам на трпезата, но, беа упатени итни молби дека некој не може да јаде ништо друго и дека неговиот желудник може да го вари месото подобро од било што друго. Така бев заведена сепак да го принесам на својата трпеза…
Сите кои седнуваат на мојата трпеза се добредојдени но пред нив не сервирам месо. Житарки, зеленчук и свежо или конзервирано овошје се дел од нашето мени. Сега имаме многу добри портокали и лимони во изобилие. Тоа е единственото свежо овошје што можеме да го добиеме во овој дел од годината…
Ова ви го пишувам за да знаете како живееме. Никогаш не сум била со подобро здравје отколку сега и никогаш повеќе не сум пишувала. Станувам во три часот наутро и не спијам преку ден. Често ќе станам во еден часот, а кога нешто посебно ми лежи на срце, станувам и во дванаесет за да ја напишам темата која ми се наметнала во умот. Го фалам Господа со душа, со срце и со глас за Неговата голема милост спрема мене. ^еКег 73а, 1896
Умерена употреба на зрнести плодови
- Ние не јадеме ни месо ни путер, и многу малку млеко употребуваме за готвење. Во овој дел
од годината нема свежо овошје. Доматите ни родија добро, но нашето семејство ги сака оревите подготвени на најразлични начини. Употребуваме само една петтина од она што е назначено според рецептот. ^еКег 73, 1899
[Доматите се посебно добри – 523]
Добра исхрана – но без месо
- Кога бев во Куранбонг, мнозина од оние што јадеа многу месо, доаѓаа во мојата куќа и кога ќе седнеа покрај трпезата, на која немаше воопшто месо, ќе речеа: „Значи, доколку имате ваква храна јас би можел да живеам без месо.“ Сметам дека нашата храна ги задоволува потребите на нашето семејство. Јас им велам на своите: „Било што да работите, никогаш не јадете оскудна храна. Изнесете доволно на трпезата да може телото да се нахрани. Морате така да постапувате. Вие морате да пронаоѓате и да пронаоѓате, и постојано да проучувате, и да ги спремате најдобрите јадења што ги знаете, за да немате оскудна исхрана.“ МЅ 82, 1901
Чајот и кафето
- Со години немам потрошено ниту денар за чај. Познато ми е неговото влијание, затоа не си
дозволувам да го употребувам освен во случаи на јако повраќање, кога го земам како лек, но не и како пијалок…
Не можам да бидам обвинета за пиење на било каков чај, освен на чај од врвовите на црвената детелина, и дури и да ги сакам виното, чајот и кафето, не би ги употребувала овие надразнувачки средства кои го разоруваат здравјето, затоа што многу го ценам здравјето и здравиот пример во се. Сакам на другите да им станам пример на умереност и добри дела..
^еИег 12, 1888
[Изјава за исхраната, година 1902 – 522]
Едноставна храна
- Моето здравје е добро. Мојот апетит е одличен. Забележав дека доколку јадам едноставна
храна и помалку различна храна, дотолку сум посилна. ^еКег 150, 1903
Година 1903, во скалд со светлината што ми беше дадена порано
- Во нашето семејство појадокот е во шест и пол, а ручекот во еден и пол часот. Ние не вечераме. Можеби би можеле да направиме и мали корекции во времето за оброците, но тоа е сепак најпогодното време за некои членови на нашето семејство.
Користам само два оброка дневно и сеуште ја следам светлината, која ми беше дадена уште пред 35 години. Не употребувам месо. Што се однесува до мене, го решив прашањето и за путерот. Јас не го употребувам. Ова прашање вака може да се реши на секое место каде не може да се добие чист путер. Ние имаме две добри крави молзници едната е од расата „џерзи“ а другата е „холштајн“. Употребуваме павлака и сите се задоволни со тоа. ^еНег 45, 1903
- Јас имам седумдесет и пет години, но пишувам исто толку многу како и порано. Моето варење е добро, а мојот мозок е бистар.
Нашето мени е едноставно и здраво. На нашата трпеза немаме ни путер, ни месо, ни сирење, ни масни мешавини во храната. Еден млад човек, кој бил неверен и кој цел живот јадел месо, неколку месеци се хранеше со нас. Не правевме никакви исклучоци во својата исхрана заради него; и додека живееше со нас доби 10 колиграми на својата телесна тежина. Храната што ја спремавме за него беше многу подобра од онаа на која што навикнал. Сите кои што ќе седнат покрај мојата трпеза истакнуваат дека се многу задоволни од послужената храна. ^еКег 62, 1903
Семејството не е врзано со строги правила
- Јас се хранам со наједноставна храна, приготвена на наједноставен начин. Со месеци моја главна храна ми беа готвени „резанци“ заедно со конзервирани домати. Ова го јадев со двопек. Јадев и овошен компот, а понекогаш и овошен колач од лимон. Сува пченка зготвена со млеко и малку павлака е друг вид на јадење кое понекогаш го употребував.
Меѓутоа другите членови од моето семејство не ги јадеа истите јадења што јас ги јадев. Себе си не се сметав како нивно мерило. Им дозволував на секого од нив да го следат своето мислење и што е за нив најдобро. Не врзував ничија совест со својата совест. Една личност не може да биде мерило за друга во погледот на исхраната. Не е можно да се создаде едно правило, кое сите мораат да го следат. Во моето семејство има такви кои сакаат грав, додека тој за мене е отров. Путерот не е присутен на мојата трпеза, но доколку членовите на твоето семејство посакаат да употребуваат малку путер, подалеку од трпепезата, слободни се да го направат тоа. Нашата трпеза се поставува два пати на ден, но доколку има такви кои сакаат да изедат нешто навечер, не
постои правило што би им забранило така да постапат. Никој не се жали, ниту пак станува од трпезата незадоволен. Секогаш има обезбедено разновидна, здрава и вкусна храна. ^еНег 127,
1904
На оние кои поставуваат прашања за начелата на исхрана на сестра Вајт
- Некои зборуваа дека не живеам според начелата на здравствената реформа, онака како што ги застапував со своето перо. Меѓутоа, можам да кажам дека онолку колку јас знам, не сум се оддалечувала од тие начела. Оние кои што јаделе на мојата трпеза знаат дека не ги послужував со месо. …
Поминаа многу години откако на својата трпеза во својот дом немам изнесувано месо. Ние никогаш не употребуваме чај или кафе. Понекогаш употребував чај од цветот на црвената детелина како топол пијалок, но малкумина од моето семејство пијат за време на оброк. Трпезата е снабдена со павлака наместо со путер, дури и кога имаме гости. Јас со години не употребувам путер.
Па сепак немаме оскудна храна. Имаме суво и конзервирано овошје во изобилство. Ако ни снема од нашето овошје, купуваме на пазар. Сестра Греј ми испраќа гроздје без семки, кое зготвено е многу вкусно. Одгледуваме логанбери* и ги јадеме во изобилство. Во овој предел не успеваат баш најдобро јагодите, меѓутоа, од своите соседи купуваме капини, малини, јаболки и круши. Имаме домати во изобилство. Исто така, одгледуваме и прекрасни видови на слатка пченка, што ја сушиме за да ни се најде за време на зимските месеци. Во наша близина има фабрика за храна од каде што можеме да се снабдиме со производи од житарки.
(Употреба на сушена пченка и грашок – 524)
Се трудиме со здраво расудување да одлучиме кој состав на храна најмногу би ни одговарала. Наша должност е мудро да постапуваме во поглед на нашите навики на внесување храна, да бидеме умерени и да научиме да размислуваме причинско-последично. Ако го сториме својот дел, Господ ќе го стори својот дел во зачувување на нашите мозочни и нервни сили.
Повеќе од 40 години јадев само по два оброка дневно. А ако морав да извршам некаква посебно важна работа, ја ограничував количината на внесената храна. Сметав дека е моја должност во желудникот да не внесувам храна за која што имам причина да верувам дека ќе направи проблем. Мојот ум мора да му биде посветен на Вога и морам грижливо да внимавам на секоја навика која може да ја намали мојата умна сила.
Сега сум во осумдесет и првата година и можам да посведочам дека ние, како семејство, не бевме гладни по египетските лонци со месо. Почувствував нешто од придобивките кои следат ако се живее според начелата на здравствената реформа.
Сепак, жалосна сум што има многу наши луѓе кои потполно не ја следат светлината на здравстевната реформа. Оние кои со своите навики ги престапуваат здравствените начела и не внимаваат на светлината која им ја дал Вог, сигурно, ќе сносат последици.
Ви ги опишувам сите поединости, за да можете да знаете како да му одговорите на било кого што ќе ви постави прашање во врска со таквиот начин на исхрана…
Сметам дека една од причините зошто бев во состојба да завршам така голема работа, како со говор така и со перо, е тоа што бев строго умерена во својата исхрана. Ако пред мене се изнесе неколку вида на различна храна, се трудам да ги изберам оние видови за кои знам дека одат заедно. На тој начин можам да ја сочувам бистрината на умот. Одбивам во својот желудник свесно да внесам нешто што може да предизвика вриење. Тоа е должност на сите подржувачи на здравствената реформа. Ние мораме да размислуваме причинско-последично. Наша должност е да бидеме умерени во се. ^еКег 50, 1908
Општи начела на реформата
- Добив голема светлина од Господа по предметот на здравстевната реформа. Не ја барав оваа светлина, не проучував за да ја стекнам; таа ми беше дадена од Господа за да им ја пренесам на другите. Им го изнесував на луѓето овој предмет, држејќи се до општите начела и понекогаш, кога ми поставуваа прашања покрај некоја трпеза на која што бев повикана, одговарав во склад со вистината. Меѓутоа, никогаш не напаѓав било кого за она што се наоѓаше на трпезата. Таквиот начин не го сметам за човечен и исправен. МЅ 29, 1897
Трпеливост спрема другите
- Себе си не се сметам за ничие мерило. Има продукти кои не можам да ги јадам, а да не почувствувам голема нелагодност. Се обидувам да дознаам што е најдобро за мене и тогаш, не зборувајќи му никому, употребувам храна која можам да ја јадам, обично две или три различни вида, кои нема да предизвикаат пореметување во желудникот. ^еИег 45, 1903
- Побарувањата на телото кај различни личности многу се разликуваат, затоа што постои
голема разлика во нивната конституција и темперамент. Она што е храна за едниот, може да биде отров за другиот па заради тоа не можат да се постават точни правила кои би се однесувале на секој случај. Јас не можам да јадам грав затоа што тој е отров за мене, но кога би рекла дека заради тоа никој не смее да јаде тоа би било многу смешно. Јас не можам да јадам пржен леб со млеко, а да немам последици потоа. Меѓутоа, другите членови од моето семејство можат да јадат без никакви проблеми. Затоа го земам она што најдобро му одговара на мојот желудник, а тоа го прават и тие. Кај нас нема судири и немири, во моето големо семејство се тече складно, затоа што не се обидувам било кому да му диктирам што треба или што не треба да јаде. ^еКег 19а, 1891
„Бев верен подржувач на здравствената реформа”
- Кога за прв пат ја добив веста за здравствената реформа, бев слаба и немоќна и често имав напади на несвестица. Го молев Вога за помош и Тој ми ја откри големата тема на здравствената реформа. Тој ми даде упатства дека оние кои ги држат Неговите заповеди стапуваат во света врска со Него и дека со умереноста во јадењето и пиењето мораат да го сочуваат и умот и телото во најдобра состојба за служба. Оваа светлина беше голем благослов за мене. Како подржувач на здравствената реформа завзедов свој став, знаејќи дека Вог ќе ме зајакне. И покрај годините што ги имам денес имам подобро здравје отколку што сум имала на помлади години.
Некои велеа дека не сум ја следела здравствената реформа, како што ги застапував со своето перо, но можам да кажам дека бев верен подржувач на здравствената реформа. Оние кои беа членови на моето семејство знаат дека ова е вистина. (1909) 9Т 158, 159
Додаток II
Изјава на братот Вајт која што се однесува на учењето на здравствената реформа
(Во излагањето на состанокот под шатори во Канзас 1870 година старешината Вајт ја дал следната изјава за постепеното примање на светлината за здравствената реформа, за опсаностите од неразумните методи на учење на овој предмет и за односот на сестра Вајт спрема
крајностите, кои некои ги застапувале во тоа време. Како историско излагање, тоа расветлува некои од нејзините учења забележани во тоа време)
Сестра Вајт зборуваше за здравјето на потполно прифатлив начин. Нејзините примедби беа јасни, убедливи и мудри, така што таа беше носител на расположението во целата Црква. Секогаш ги избегнуваше крајностите по ова прашање и се трудеше да завземе таков став, за кој што можеше целосно да биде сигурна дека нема да предизвика предрасуди.
Луѓето лесно се возбудуваат и создаваат предрасуди по предметот на здравствената реформа, ако оние што го изнесуваат овој предмет несреќно ја избираат приликата или начинот на изнесување, посебно ако се познати во народот како екстремисти. За некои чувствителни прашања како што е „порокот во самотија“ треба ретко да се дискутира, и доколку некогаш се дискутира, тогаш тоа треба да се прави во погодни публикации за ова прашање. Од десет наши проповедници едвај да има еден кој е добро информиран и кој што е внимателен во јавните дискусии по разни прашања од здравствената реформа. Големината на штетата по сегашната вистина што и ја нанеле оние што неразумно ја изнесувале вистината за здравствената реформа во погрешно време, на погрешно место и на погрешен начин, тешко би можела да се процени.
„Уште многу имам да ви кажам“, рекол Исус, „но сега не можете да носите“. Исус знаел да ги води мислите на своите ученици. Господ исто така, знаел како да му ја изнесе на Својот народ големата вистина за здравствената реформа, чекор по чекор, за да може да биде примена и најдобро искористена, а да не го повреди јавното мнение. Сведоштвото на сестра Вајт, дадено пред дваесет и две години есента, ги поттикна нашите умови против штетното влијание на тутунот, чајот и кафето. Вог прекрасно го благослови нашиот труд да ги отфрлиме овие пороци, така што ние како Црква можеме да се радуваме на победата, освен на неколку исклучоци, над овие штетни попуштања на апетитот…
Кога над овие штетни работи извојувавме славна победа и кога Господ виде дека тоа можеме да го поднесеме, дојде нова светлина и го расветли прашањето на исхрана и облекување. Делото на здравствена реформа меѓу нашиот народ постепено напредуваше, а посебно беа направени значителни промени во однос на употребата на свинско месо, до еден извесен момент, кога заради болеста во нашето семејство сестра Вајт престана да зборува и пишува по предметот на здравствената реформа. Од овој момент почнуваат нашите несреќи и грешки како на народ по овој предмет.
Откако повторно почнавме да работиме, сестра Вајт се почесто се чувствува повикана да зборува по предметот на здравствената реформа заради постоечките крајности помеѓу подржувачите на здравствената реформа, а не од некоја друга причина. Фактот што сите или скоро сите постоечки крајности во врска со здравствената реформа меѓу нашиот народ, биле наводно одобрени од нејзина страна е причина што таа се чувствува повикана да проговори за своите вистински чувства. Луѓето мораат да дознаат, и во погодно време ќе го дознаат нејзиниот став по овој предмет.
Во врска со употребата на тутунот, чајот, кафето, месото а исто така и облекувањето постои целосна согласност. Меѓутоа, сега за сега не е спремна да завзеде посебен став во однос на солта, шеќерот и млекото. Ако не би постоеле никакви други причини за внимателен однос кон овие производи за широка потрошувачка, доволна би била причината и фактот што разумот на мнозина не е подготвен, дури ни да ги прифати фактите кои се однесуваат на овие производи. Целосниот пораз на одредени поединци и скоро целосното уништување на некои наши цркви, може јасно да се открие во некои крајности во исхраната, кои беа од неодамна неразумно изнесени во списанието „Преглед и гласник“… Последиците беа тешки. Додека некои ја одбија веста за здравствената реформа затоа што беше изнесена несоодветно, други кои што беа спремни и совесни, завзедоа најекстремни ставови, многу опасно по нивното здравје, а со тоа и по делото на здравствената реформа.
Во еден ваков развој на настаните, колку и да изгледа обесхрабрувачки, сестра Вајт се
почувствува повикана да ја продолжи својата работа на ова поле и така да допринесе во целосното сваќање на нејзините погледи. Меѓутоа, можеби би било добро тука да се изнесе и тоа дека додека таа млекото сеуште не го сметаше за најдобра храна, кое било користено во големи количини и кое по обичај се јадело со леб, нејзиниот ум, како и се до сега, бил насочен на важноста на доброто здравје кај кравите чие што млеко се користело за консумација. Со сегашната светлина што таа ја има по ова прашање, не можела да им се приклучи на оние кои објавиле и ширеле брошура, во која завзеле екстремен став во врска со важното прашање за млекото. Ваква работа можеби би можеле да вршат добро информираните подржувачи на здравствената реформа и можеби тоа би било добар водич во одделението за готвење во нашиот Здравствен институт во Ватл Крик, кога неговата трпезарија ќе биде ослободена од вообичаената употреба на млеко. Ваквата работа би имала поголемо влијание на народот, кога нашите проповедници, кои се силни подржувачи на здравствената реформа, би ја напуштиле обилната употреба на кравјо млеко.
Тука е нашата слабост во врска со ова прашање. Нашите списанија кои допираат до неуките и оние кои се подложни на предрасуди, одат понапред во некои од овие точки во однос на обичаите на оние кои меѓу нас ја претставуваат здравствената реформа. Сестра Вајт моли ова прашање да биде така поставено што нашите списанија слободно ќе пишуваат само за оние мислења за кои се согласни оние кои стојат на чело на здравствената реформа, меѓутоа не на начин што ќе создаде предрасуди и ќе ги стави добрите луѓе вон нашето влијание. Нека заедничките постапки на подржувачите на здравствената реформа одат напред, а нашите списанија нека ги следат и нека слободно зборуваат за добро утврдените мислења за да можат и неуките да ги разберат.
Сестра Вајт мисли дека преминувањето од наједноставните видови на месна храна на обилна употреба на шеќер е од лошо полошо. Таа препорачува многу слаба употреба на шеќер и сол. Што се однесува до солта, храната зготвена со намалина количина на сол можеби ќе му биде блуткава на оној кој се навикнал на обилна употреба на сол. Меѓутоа, после неколку седмици на сосема умерена употреба на сол, поранешната храна на истото тоа лице ќе му биде солена.
Додека тутунот, чајот и кафето можат да се остават веднаш – едно по едно, кај оние што се толку несреќни оти се робови на се, промените во исхраната треба да се вршат внимателно. Една по една. Таа ова сака да им го порача на оние кои се во опасност да направат многу брзи промени, но во исто време сака да им порача и на оние кои се двоумат: „Немојте да заборавите да направите промена“. Наједноставното дело бара промена на општите животни навики, и заради тоа не треба да се спроведуваат така брзо за да не делуваат штетно по здаравјето и телесната градба.
Р. & Н. N0^. 8. 1870
Кога Елена Вајт во 1864 година почна да зборува и пишува за правилната исхрана и за начинот на живеење според природните закони, средниот животен век во Соединетите Држави беше 32 години. Оброците беа сервирани три, четири или пет пати на ден; беа многу зачинети, составени од месо, богати со сосови, пржена храна и голема лепеза на колачи и торти со многу шеќер и маст. Млекото често пати беше земено од слабо згрижени а понекогаш и туберкулозни крави. Анализата беше непозната, а пастеризацијата, децении во иднината. Освен за засолувањето и сушењето, науката за зачувување на храната беше се уште иднина.
Во такво поднебје Елена Вајт, со перо натопено во мудроста и знаењето на Дизајнерот на човечкиот облик и Автор на природните закони, повикуваше за начин на исхрана која беше едноставна, здрава, хранлива и вкусна.
Кон таа цел таа цели 50 години ги изразуваше своите погледи во списанија, книги и преку личен контакт. Нутриционистите денес се свесни за спротивставувањето на луѓето кога промената во нивната исхраната е во прашање.
Сепак нејзините совети ги променија навиките во исхраната на стотици илјади кои денес корисно ги следат овие совети, денес добро подржани од научите истражувања.