Леб

Сподели го ова:

Подршка на животот

  1. Верата ќе ги доведе мајките до тоа да прават леб со најдобар квалитет. . . Лебот треба добро да се испече однадвор и одвнатре. Здравјето за стомакот бара лебот да биде лесен и сув. Лебот е вистинска поддршка на животот и затоа секоја готвачка треба да се истакне во правење леб. мѕ 34, 1899

Религија во добра векна

  1. Некои не сметаат дека верска должност е да ја подготвуваат храната правилно, затоа и не се обидуваат тоа да го направат. Тие допуштаат лебот да прекисне пред да се испече, а бикарбонската сода која се додава за да се отстрани негрижата на готвачката, го прави потполно недобар за желудникот. За правење добар леб потребно е многу труд и размислување. Во една добра векна леб има многу повеќе практична религија отколку што мнозина мислат. (1890) СН 117
  2. Верска должност е за секоја христијанка, девојка и жена, веднаш да научи на прави добар, вкусен, лесен леб од непросеано пченично брашно. Мајките треба да ги земат своите ќерки во

кујната, додека се многу млади и да ги учат на вештините од подготвување.

(1868) 1Т 684

[Знаење за правењето леб е нужно – 822]

Употреба на сода во лебот

  1. Употребата на сода или прашок за печиво во правењето леб е штетно и непотребно. Содата предизвикува запаление на желудникот и често го труе целиот организам. Многу домаќинки мислат дека неможат да направат добар леб без сода, но тоа е заблуда. Ако се потрудат да научат подобри методи, нивниот леб би бил поздрав и со природен вкус, попријатен.

[Употребата на бикарбонската сода во лебот – Види “Сода и прашок за печиво” – 565, 569]

Употреба на млеко во лебот со квасец

Во правењето леб со квасец, не треба да се употребува млеко наместо вода. Употребата на млеко е дополнителен трошок а тоа го прави лебот многу помалку здрав. Лебот подготвен со млеко не трае толку долго како оној кој е замесен со вода и многу полесно ферментира во стомакот.

Топол леб со квасец

Лебот треба да е лесен и сладок. Не смее да се дозволи ни најмала киселост. Векните треба да се мали и толку добро испечени за да бидат што подобро разорени габите од квасецот. Кога е топол или свеж, лебот со квасец од кој и да е вид е тежок за варење. Тој не треба никогаш не треба да се изнесува на трпеза. Ова правило, меѓутоа, не се однесувана бесквасниот леб. Свежите бесквасни пченични лепчиња испечени во добро загреана релна се здрави и вкусни. . .

Д в о п е к

Двопекот е едно од најлесно сварливите и највкусните проду-кти. Нека обичниот леб биде исечен на кришки и осушен во топла релна, се додека не исчезне и последната трага од влага. Нека кришките незначително заруменат . На суво место ваков леб може да се сочува многу подолго отколку обичниот леб, и ако повторно се загрее пред употреба, тој ќе биде исто така свеж како да е денешен.            (1905) мн 300-302

[Двопек добар вечерни оброци – 273]

[Двопекот во исхраната на Елена Вајт – Додаток 1:22]

Стариот леб е попожелен од свежиот

  1. Лебот кој што е стар два или три дена е многу поздрав одколку свежиот леб. Лебот исушен

во печка е една од најздравите намирници во исхраната.        ^еКег 142, 1900

Зла од киселиот леб

  1. Често наоѓаме дека црниот леб е потежок, кисел и само површно печен. Тоа настанало заради незаинтересираност за учење, грижа и извршување важни должности на домаќинките. Понекогаш наидуваме на колачи со квасец или некои меки бисквити, кој се исушени, а не печени, и други колачи направени на сличен начин. И тогаш готвачката ќе ви рече дека таа знае да подготвува многу добро на стар начин, но дека нивното семејство несака црн грахам – леб и дека би умреле од глад кога така би живееле.

Си реков на самата себе си дека тоа не ме чуди. Вашиот начин на подготовка на храна ја прави истата невкусна. Јадењето на таквата храна сигурно ќе го оптовари човекот со слабо варење. Овие слаби готвачки и оние кои што мораат да ја јадат нивната храна, ќе ви кажат дека не им одговара здравствената реформа.

Желудникот нема сила да го претвори сиромашниот, тежок, кисел леб во добра храна; меѓутоа, овој скапан леб ќе го претвори здравиот желудник во болен. Оние кои што јадат ваква храна знаат

дека нивната сила опаѓа. Има ли за тоа причина? Некои од овие личности сметаат дека ја прифаќаат здравствената реформа, но тие тоа не го прават. Тие не знаат како треба да се подготвува. Тие подготвуваат колачи, компир и црн грахам – леб секогаш на ист начин, со незначителни промени, и организмот неможе да закрепне. Тие го сметаат за изгубено времето ако тоа е посветено на стекнување темелно искуство во подготвување на здрава, вкусна храна…

Во многу семејства, наидуваме на оние со слабо варење, а често причината е нездравиот леб. Домаќинката донесува одлука дека тој не смее да се фрли, и тие го јадат. Дали е тоа начин да се ослободат од расипаниот леб ? Дали ќе го внесете во желудникот да се претвори во крв ? Дали желудникот има сила киселиот леб да го претвори во добар, тешкиот леб во лесен и бајатиот во свеж…?

Многу жени и мајки кои што не добиле вистинско воспитување и на кои им недостасува вештина во готвењето, секој ден изнесуваат пред своите семејства лошо подготвена храна. Таквата храна сигурно и сериозно ги разорува внатрешните органи за варење, дава слаб квалитет на крвта и честопати овозможува силни напади на болети, што предизвикува прерана смрт. Мнозина се доведени до смрт со употреба на тежок кисел леб. Изнесен ми беше еден случај на една девојка, која беше хонорарка и која направила кисел и тежок леб. За да се ослободи од тој леб и да го сокрие, таа го фрлила истиот на две големи свињи. Следното утро домаќинот ги нашол свињите мртви и по испитувањето на кочината нашол парчиња од овој тежок леб. Тој се распрашал и девојката признала што направила. Таа воопшто и не помислила дека вака ќе делува киселиот леб врз свињите. Ако тешкиот, кисел леб ги убива свињите кој можат да прождерат ѕвечарка и речиси се што е одвратно, какво ли делување ќе има ваквиот леб на човековиот желудник кој што е многу понежен орган? (1868) 1Т 681-684

Предноста од употребата на лебот и другата цврста храна

  1. Големо внимание треба да се има кога се преоѓа од месна на вегетаријанска исхрана, затоашто на трпезата треба да се изнесат мудро подготвени и добро сварени намирници. Многу јадење каша е погрешно. Пожелно е јадење цврста храна која што треба да се џвака. Подготвувањето храна во согласност со здравствената реформа претставува благослов во овој поглед. Добриот и црн леб и кифлите ќе бидат здрави ако се подготвени на едноставен начин и со голем труд. Лебот не смее никогаш да има ни најмала трага на киселост. Тој треба да се пече се додека не е добро испечен. На тој начин ќе се избегне да биде недопечен и сиров.

За оние кои што можат да употребат, добро овошје подготвено на здрав начин е подобро од мек качамак и каша. Овошјето кое се јаде со добро испечен леб, кој што е стар два или три дена, е многу поздрав одколку свежиот леб. Таквиот, со лесно и добро џвакање ќе го снабдува целото тело со се што му е потребно. мѕ 3, 1897 [Добар леб наместо богата храна – 312]

Топли бисквити

  1. Топлите бисквити и месната храна се во целосна несогласност со начелата на здравствената реформа. 1884 Е. ѓгот ит. 2
  2. Топлите бисквити со сода често се премачкуваат со путер и се јадат како вкусна храна; но ослабените органи за варење доживуваат само измачување кое им се наметнува.

^еКег 72, 1896

  1. Ние побрзо би се вратиле во Египет отколку што би оделе во Ханан. Зар нема да го промениме текот на нештата? Зошто на своите трпези да немаме добра и здрава храна? Зар неможеме да поминеме без топли бисквити кои предизвикуваат само лошо варење? 1еѓ!ег 3, 1884

[Причина за слабо варење – 720]

Разновидно печиво

  1. Топлите бисквити помешани со сода или прашок за пециво, никогаш не треба да се

појават на нашите трпези. Таквите состојки се несоодветни за внесување во желудник. Топлиот леб со квасец, од било кој тип, тежок е за варење. Пецивото од црното грахам-брашно кое е здраво и вкусно, може да се прави од црно и непросеано брашно, замешано со чиста и мека вода и млеко. Меѓутоа, многу е тешко нашиот народ да се научи на едноставност. Кога препорачуваме грахам-печиво, тие велат: “О, да, ние знаеме како се прави тоа.” Ние сме многу разочарани кога ќе се појави, затоа што е замешано со прашок за печиво, или кисело млеко, или со сода бикарбона. Ова не е никаков доказ за реформа. Непросеаното црно брашно, помешано со чиста мека вода и млеко, е најдобро печиво кое некогаш сме го вкусиле. Ако водата е тврда, употребете повеќе слатко млеко или додатете му на тестото едно јајце. Печивото треба да биде добро испечено во добро загреана релна на постојан оган. За да направите печиво употребете мека вода и млеко или малку павлака; направете цврсто тесто и месете го како за кекс. Печете го во релна. Тоа е добро и вкусно. Тоа бара темелно џвакање што им користи и на забите и на желудникот. Тоа дава добра крв и донесува сила. Со таков леб и обилно овошје, зеленчук и житарки со кој обилува нашата земја, не треба да се бараат поголеми наслади.   Р. & н., Мау 8, 1883

Црниот леб е подобар од белиот

  1. Белиот леб неможе да му даде на телото храна која што можете да ја најдете во црниот

леб. Постојаната употреба на леб од просеано брашно неможе да го одржи телото во здрава состојба. Вие, двајцата, имате црн дроб кој не функционира. Употребата на белото брашно ги зголемува потешкотиите под кои работите.    (1868) 2Т 68

  1. Најфиното бело брашно не е најдобро за правење леб. Неговата употреба не е ни здрава ни економична. Лебот од фино брашно ги нема оние хранлици состојки кои можат да се најдат во лебот од црно, непросеано брашно. Тоа е честа причина за запек и други нездрави состојби.

(1905) МН 300

[Непросеано, црно-грахам брашно најдобро за телото – 171, 495, 499, 503]

[Житарките да се употребуваат во природна состојба – 481]

[Црниот грахам-леб во исхраната за време на состаноците под шаторите – 124]

[Верска должност е да се научи како да се прави добар леб од црно, непросеано брашно – 392]

Житарките во лебот треба да бидат разновидни

  1. Чистото пченично брашно не е најдобро за постојана исхрана. Мешавина на пченица, овес и рж ќе биде многу похранлива од пченицата од која што и се одземени хранливите својства.

^еИег 91, 1898

Слатки лебови

  1. Благите лебови и колачи ретко ги имаме на трпезата. Во колку се јаде помалку блага

храна, толку е подобро, таа предизвикува пореметување на желудникот создавајќи нетрпеливост и раздразнетост кај оние кои навикнале на неа.    ^еИег 363, 1907

  1. Добро е да се запостави шеќерот од кексот. Некој повеќе сака многу сладок кекс, но тој

штетно влијае врз органите за варење.    ^еИег 37, 1901

[Сладок кекс – 410]

[Лебот не им е вкусен на оние кои што навикнале на богата и зачинета храна – 563]

Сподели го ова:

Слични објави