С л а т к и

Сподели го ова:

Дел 1 – Шеќер

  1. Шеќерот не е добар за желудникот. Тој предизвикува врие-ње, а тоа го помрачува мозокот, создавајќи мрзеливо расположение. МЅ 93, 1901
  1. Вообичаено во храната се употребува премногу шеќер. Тортите, слатките пудинзи, печивата, слаткото и џемовите, се активни причинители за слабото варење. Посебно се штетни преливите и пудинзите во кои главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилна употреба на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува. (1905) МН 302

[Види “Млеко и шеќер” – 533, 536]

[Употребете само малку во конзервирањето на овошјето – 476]

[Малку шеќер – дозволено – 550]

  1. Шеќерот му пречи на телото. Тој ја попречува работата на живата машина. Знам за еден случај во Монткал, Мичиген, на што кој сакам да се повикам. Тој беше прекрасен човек. Имаше 188см и беше убав изглед. Вев повикана да го посетам за време на неговата болест. Јас порано имав разговарано со него за начинот на исхраната. “Не ми се допаѓа изгледот на твоите очи”, му реков. Тој јадеше големо количество на шеќер. Го прашав зошто го прави тоа. Ми рече дека го оставил месото и дека не знаел ништо друго што подобро би го заменило истото како шеќерот. Неговата храна не го задоволувала, едноставно затоа што неговата жена не знаеше да готви.

Некои помеѓу вас ги праќаат своите ќерки, кои се речиси возрасни девојки, во школо за да учат разни предмети пред да научат да готват, иако ова треба да биде првостепено. Тука беше една жена што не знаеше да готви; таа не научила како да подготвува здрава храна. На сопругите и мајките им недостасува овој важен дел од образованието; кој што предизвикал лошо подготвување на храна, која што не е доволна да ги исполни барањата на телото, па шеќерот неумерено се употребувал, а тоа го довело целото тело во болна состоба. Животот на овој човек непотребно му бил жртвуван на лошото готвење.

Кога отидов да го посетам болниот човек, се обидував да им кажам најдобро што знаев, како да се хранат и тој набрзо почна да зкрепнува. Меѓутоа, тој неразумно ја трошеше својата сила додека сеуште небеше целосно закрепнат и повторно заболе. Овој пат за него веќе немаше помош. Неговото тело живо се распаѓаше. Умре како жртва на лошото готвење. Тој се обиде со шеќерот да го замени доброто готвење, но само ја влоши состојбата.

Честопати седам на маса со браќа и сестри и гледам дека тие употербуваат големо количесетво на млеко и шеќер. Тоа му штети на телото, ги надразнува органите за варење и штетно влијае на на мозокот. Сетоа она што го попречува активно движење на живата машина, влијае непосредно на мозокот. Врз основа на светлината која што ми е дадена, шеќерот, кога многу се употребува, е многу поштетен од месото. Овие промени мораат да се вршат внимателно и овој предмет треба да се анализира на таков начин да не создаде одбивност и предрасуди кај оние кои што сакаме да ги поучиме и да им помогнеме.          (1870) 2Т 369, 370

[Влаг леб и кекс – 410, 507, 508]

  1. Не треба да прифаќаме наговор, без оглед на тоа колку тоа го сакаме, и да ставиме што и да е во уста кое во нашето тело ќе создаде нездрава состојба. Зошто? – Затоа што сме ние Вожја сопственост. Вие треба да добиете венец, да добиете Небо, да избегнете пропаѓање. Тогаш, заради Христа, ве прашувам: “Сакате ли светлината да сјае пред вас со јасни зраци и тогаш да се свртите од неа и да речете: Јас сакам ова, јас сакам она?,” Вог го повикува секој од нас да почне да планира соработка со Него во Неговата голема љубов и грижа, да ги воздигнете, и облагородите целата душа, тело и дух за да можете да бидете Вожји соработници. . .

Подобро да не ги допираме слатките. Не служете се со слатки, со десертни јадења кој се изнесени на трпезата. Тие не ви се потребни. Вие сакате бистар ум кој што ќе размислува за Вожјите наредби.            Р. & Н., Јапиагу 7, 1902

[Види Дел 3 – Пити, колачи, торти и пудинзи]

[Слатки да не се даваат на деца – 346]

Продавање на местото за состаноци под шатор

  1. Пред многу години имав сведоштво за прекор на управникот од нашите состаноци под шаторите што носеа и им продаваа на нашите луѓе на местото за состаноци под шаторите сирење и други штетни намирници. Изложија за продавање слатки тогаш кога се трудев да ги поучувам

младите и старите попрво да ги ставаат своите пари во кутијата за мисионство отколку да ги потрошат за слатки и на тој начин да ги учат своите деца на самоодречување. ^еНег 25а, 1889

  1. Ми беше дадена светлина за храната на нашите состаноци под шаторот. Понекогаш таму каде што се одржуваа состаноци, се носеше храна која не беше во склад со здравствената реформа.

Дко треба да живееме според светлината која што Вог ни ја дал, ние мораме да ги воспитуваме нашите верници, млади и стари, да престаната да ја користат оваа храна која што се јаде само заради попуштање на апетитот. Треба да се поучуваат нашите деца да се одречат од таквите непотребности како што се слатки, гума за жвакање, сладолед и останати ситници, за да можат заштедените пари да ги стават во кутијата за самоодречување која треба да се наоѓа во секој дом. На овој начин би можеле да се заштедат големи и мали суми на пари за Вожјето дело.

Не е мал бројот на оние меѓу нас, на кој што им е потребна поука за начелата на здравствената реформа. Постојат разни слатки кои извесни производители на здрава храна ги изнеле и кој се препорачуваат како сосема нештетни; меѓутоа, јас имам спротивно сведоштво за нив. Тие се нездрави и нивната употреба не смее да се дозволи. Потребно е многу строго да се држиме до едноставната исхрана од овошје, зрнести плодови, житарки и зеленчук.

Нека на местото каде што се одржуваат состаноците не се носат слатки и храна која ќе работи против светлоста која е дадена на нашиот народ за здравствената реформа. Да не му попуштаме на апетитот, умирувајќи ја совеста, говорејќи дека парите што ќе се добијат од продавање на таквите производи ќе се искористат за покривање на некое добро дело. На сите тие искушенија кои не водат кон попуштање треба цврсто да им се спротиставиме. Немојте да се убедувате себеси дека иако го правите она што му е некорисно на некој поединец, дека од тоа ќе излезе добро. Нека секој од нас самостојно учи што значи да се биде активен мисионер полн со самоодречување, а сепак здрав.            МЅ 87, 1908

Шеќерот во исхраната на сестра Вајт

  1. Се е едноставно, а сепак здраво, затоа што тоа не е сето заедно измешано. На нашата

трпеза нема шеќер. Нашиот сос со кој се храниме е јаболки, печени или варени на пареа, засладени онолку колку што е потребно пред да се изнесат на трпеза.     ^еИег 5, 1870

  1. Секогаш сме употребувале малку млеко и малку шеќер. Ние тоа никогаш не сме го

порекнувале ниту во нашите списанија ниту во нашите проповеди. Веруваме дека стоката ќе биде толку болна што овие производи ќе бидат напуштени, но за шеќерот и млекото, сеуште не стигнало времето во потполност да се тргнат од нашите трпези. ^еКег 1, 1873

Сподели го ова:

Слични објави