Неправилното јадење, причина за болеста

Сподели го ова:

Наследена дегенерација

  1. Човекот излезе од рацете на Создателот со совршен организам и прекрасен изглед. Фактот дека тој се има спротивставувано на тежината на болестите и гревот кои што постојано растеле во текот на шест илјади години е уверлив доказ за силата на издржливоста, со која што бил првобитно даруван. И покрај тоа што претпотопниот свет се оддал на грев без какво и да е ограничување, требало да поминат повеќе од две илјади години за видливо да се почувствува прекршокот на природниот закон. Доколку Адам првобитно не поседувал поголема телесна сила од денешните луѓе, човечкиот род одамна би изумрел.

Почнувајќи од падот во грев, во генерациите кои доаѓале една по друга, постојано се покажувала наклонетост кон слабеењето. Болестите се пренесувани од родителите на децата, од поколение во поколение. Дури и децата во колевките патат од неволјите предизвикани заради гревовите на своите родители.

Мојсеј, првиот историчар, дава многу одредено известување за општествениот и индивидуалниот живот во првите денови од историјата на светот. Меѓутоа, во тоа исвестување не можеме да најдеме ниту еден запис дека некое дете било родено слепо, глуво, сакато или малоумно. Не можеме да забележиме ниту еден случај на природна смрт во раното детство, детството или младата мажевственост. Посмртните огласи во првата книга Мојсеева гласат вака: “И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа девестотини и триесет години; и тој умре,” “И сите денови на Сит беа девестотини и дванаесет години; и тој умре.” Во поглед на другите известувањето вели: “Умре во добра старост, стар и сит од животот.” Било многу ретко синот да умре пред таткото така што таквиот настан бил вреден да се забележи: “Аран умре пред својот татко Тара.” Патријарсите од Адам до Ное, со неколку исклучоци, живееле скоро по илјада години. Од тогаш, просекот на должината на животот постепено опаѓал.

Во времето на Христовото прво доаѓање, човештвото веќе толку се дегенерирало, така што не само старите, туку средновечните и младите луѓе биле доведувани кај Спасителот од секој град, за да бидат исцелени од својата болест. Многумина пателе под бремето на неискажливата беда.

Престапот на телесниот закон со своите страдања и прераната смрт како последица, толку долго владеел така што овие резултати биле сметани како одредена судбина за човечкиот род. Меѓутоа, Бог не го создаде човечкиот род во таква лоша состојба. Таа состојба не е дело на Провидението, туку на човекот. Тоа дошло со лошите навики – кршењето на законот кој што Бог го има дадено да управува со постоењето на човекот. Постојаното престапување на природните закони е непрекинат престап на Божјиот закон. Доколку луѓето биле секогаш послушни на законот од Десетте заповеди, спроведувајќи ги во својот живот принципите на тие правила, проклетството на болестите кое сега го преплавува светот, не би постоело.

“Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не си припаѓате на себеси? Скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.” Кога луѓето чекорат по кој и да е пат кој што непотребно ги троши нивните животни сили или го помрачува нивниот ум, тогаш грешат против Бога; тие не Го прославуваат во своите тела и дух, кои што се Негови.

Но сепак, и покрај тоа што човекот го навредува Бога, Божјата љубов е сеуште пружена кон човечкиот род. Тој дозволува светлината да засветли, како би му овозможил на човекот да согледа дека доколку сака да живее совршен живот, мора да им биде послушен на природните закони кои што владеат со неговото битие. Колку е важно тогаш, човекот да чекори во таа светлина, да ги развива сите свои сили, како телесните така и умствените за да бидат на слава Божја!

Живееме во свет кој што е против праведноста и чистотата на карактерот, а посебно против растењето во благодатта. Каде и да погледаме, гледаме нечистотија и расипаност, изопаченост и грев. Колку е сето тоа во спротивност со делото кое треба да се изврши во нас пред да го добиеме дарот на бесмртноста! Божјите одбраници мораат да стојат неизвалкани среде изопаченоста која се умножува околу нив во овие последни денови. Нивните тела треба да станат свети, нивниот дух

чист. Доколку ова дело треба да се изврши, тогаш треба да се превземе веднаш, сериозно и разумно. Божјиот Дух треба да има совршена контрола, делувајќи врз секој акт. . .

Луѓето го имаат осквернато храмот на душата и Господ повикува кон нив да се разбудат, и да настојуваат со сите свои сили да ги повратат своите од Вога дадени човечки карактеристики. Ништо друго освен Вожјата благодат не може да го убеди и обрати срцето; само од Него, робовите на навиките можат да добијат сила да ги скршат оковите кои што ги врзуваат. Не е возможно човекот да го принесе своето тело како жива жртва, света, угодна пред Вога, се додека продолжува да им попушта на своите навики кои го лишуваат од телесната, умствената и моралната сила. Апостолот повторно вели: “Не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Вожја.”    (1890) СН 19-23

Свесно незнаење на законите на животот

  1. Зачудувачко е отсуството на начелата кои што ја карактеризираат оваа генерација и кои се покажуваат во непочитувањето на законите на животот и здравјето. Незнаењето во овој предмет преовладува, додека светлината светли насекаде околу нив. Најважна грижа на мноштвото е, “Што ќе јадам, што ќе пијам и во што ќе се облечам.” И покрај се она што е кажано и напишано во поглед на постапувањето со нашето тело, апетитот е, во главно кажано, голем закон кој што управува со мажите и жените.

Моралните сили се ослабени, затоа што луѓето не сакаат да живеат во послушност со законите на здравјето, и не сакаат од овие значајни теми да направат своја должност. Родителите ги оставаат во наследство на своето потомство своите изопачени навики, а тешките болести & штетат на крвта и го ослабнуваат мозокот. Мнозинството мажи и жени остануваат во непознавање на законот на своето битие и му попуштаат на апетитот и страстите по цена на својот ум и морал, како да сакаат да останат во незнаење за последиците од прекршувањето на природните закони. Тие му попуштаат на изопачениот апетит користејќи отрови кои што споро делуваат, кои што ја ослабнуваат крвта и ја поткопуваат силата на нервите, навлекувајќи така врз себеси болести и смрт. Нивните пријатели го нарекуваат резултатот на таквиот живот, закон на Провидението. Со тоа тие го навредуваат небото. Тие бунтуваат против природните закони и сносат казна заради злоупотребата на истите. Страдањата и смртноста сега преовладуваат насекаде, посебно меѓу децата. Колку е голема спротивноста помеѓу оваа генерација и оние генерации кои што живееле во текот на првите две илјада години!           (1872) 3Т 140, 141

Општествени последици од неконтролираниот апетит

  1. Природата ќе се побунтува против секој прекршок на законите на животот. Таа трпи злоупотреба се додека може; но на крајот доаѓа плата која ги погаѓа умствените и телесните сили. Меѓутоа, тоа не завршува со престапникот; дејството на попуштањето се гледа и на неговото потомство и на тој начин злото преоѓа од генерација во генерација.

Денешната младина е сигурен показател на иднината на општеството; и кога ја набљудуваме, на што можеме да се надеваме од иднината? Мноштвото сака забава и покажува одбивност кон работата. Ним им недостасува морална храброст да се откажат од самите себеси и да одговорат на барањето на должноста. Тие имаат многу малку самоконтрола и во наједноставна прилика стануваат надразливи и лути. Многумина од секоја возраст и положба во животот се без начела или совест; и со својата неработливост и расипништво лекомислено му се оддаваат на порокот и го расипуваат општеството, се додека нашиот свет не стане втор Содом. Доколку желбите и страстите се наоѓаат под надзор на разумот и верата, општеството би пружило сосема друга слика. Вог никогаш не го одредил постоењето на оваа сегашна жална состојба, туку до тоа дошло заради големото кршење на природните закони. (1890) СН 112

Прекршени закони – природни и духовни

  1. На многу болни, кои што примија исцелување, Христос им рече: “Не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо.” На тој начин Тој учеше дека болеста е резултат на прекршокот на

Божјиот закон, како природниот така и духовниот. Во светот не би постоела голема беда кога луѓето би живееле во согласност со планот на Создателот.

Христос беше водач и учител на стариот Израел и Тој ги поучуваше дека здравјето е награда за послушноста на Божјите закони. Големиот Лекар, кој што ги исцелуваше болните во Палестина, му зборуваше на својот народ од столбот од облак, укажувајќи им на тоа што мора да прават и што Вог ќе направи за нив. “Доколку го послушаш грижливо гласот на Господа твојот Вог,” Тој рече, “Ако чиниш, што е угодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови, ако ги пазиш сите одредби Негови, нема да ти пратам ниту една од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.” Христос му даде на Израелот одредени упатства во однос на нивните животни навики истакнувајќи: “И ќе ја отстрани од тебе Господ, твојот Вог, секоја немоќ.” Кога ги исполниле условите, ветувањето беше извршено над нив. “И немаше ниту еден болежлив во племињата нивни.”

Тие поуки се за нас. Постојат услови кои треба да ги исполнуваат сите оние кои што сакаат да го запазат здравјето. Сите треба да ги дознаат кои се тие услови. На Господа не му е угодно незнаењето кое постои во однос на Неговите закони, како природните така и духовните. Ние треба да бидеме Вожји соработници во обновувањето на здравјето како на телото така и на душата.

(1898) ^А 824

Страдања кои што самите си ги нанесуваме

  1. Човечкото семејство на себеси има навлечено со своите лоши навики разни видови на болести. Тие го немаат проучувано здравиот начин на живеење и кршењето на законите на животот предизвикало жална состојба. Луѓето ретко ги припишуваат страдањата на вистинската причина – својот лош начин на живеење. Тие имаат попуштано на неумереноста во јадењето и од својот апетит сториле бог. Во сите свои навики покажале негрижа во однос на здравјето и животот; и кога, како резултат болеста дошла на нив, поверувале дека тоа Вог го има сторено, иако нивниот лош начин на живот предизвикал сигурни последици. (1866) Н. ѓо в, сИ.3, р. 49
  2. Волеста никогаш не доаѓа без причина. Патот е подготвен и болеста е повикана со непочитување на законите на здравјето. Многумина страдаат поднесувајќи ги последиците од прекршокот на своите родители. Додека тие не се одговорни за тоа што нивните родители го имаат сторено, нивна должност е да утврдат што е, а што не е прекршок на законите на здравјето. Тие треба да ги одбегнуваат лошите навики на своите родители и со правилен живот да се стават себеси во подобра положба.

Голем број, како и да е, страда, заради својот лош начин на живот. Тие ги занемаруваат здравствените начела со своите навики во јадењето, пиењето, облекувањето и работата. Нивниот престап на природните закони донесува сигурни последици; и кога ќе ги снајде болест, многумина не ги припишуваат својите страдања на вистинската причина, туку негодуваат против Вога заради своите неволји. Меѓутоа, Вог не е одговорен за страдањата кои што настануваат како непочитување на природниот закон. . .

Неумереното јадење често пати е причина за болеста, и тоа што на телото му е најпотребно е да се ослободи од непотребното бреме кое што е ставено на него.  (1905) МН 234, 235

[Родители кои сејат семе на болест и смрт – 635]

[Неизбежна казна – 11, 29, 30, 221, 227, 228, 250, 251, 294]

Попуштањето на апетитот донесува болест

  1. Многумина си навлекуваат болести попуштајќи си самите себеси. Тие не живееле во согласност со природниот закон на здравјето или начелата на строгата чистота. Други пак ги имаат непопочитувано законите на здравјето со своите навики во јадењето, пиењето, облекувањето или работата. (1905) МН 227
  2. Разумот не така често се исцрпува, или опаѓа од грижли-ва работа или вредно учење, како од употребата на неправилната храна во неправилни временски интервали и од рамнодушно непочитување на законите на здравјето. . . Вредното учење не е главна причина за опаѓањето на умствените сили. Главната причина е неправилната исхрана, нередовните оброци и недостигот на

телесните вежби. Нередовноста во јадењето и спиењето ги поткопуваат умствените сили. VI,

Мау 31, 1894

  1. Многумина страдаат и заминуваат во гроб заради попуштањето на апетитот. Тие јадат она што одговара на нивниот изопачен вкус, слабеејќи ги така органите за варење и намалувајќи ја нивната способност за впивање на хранливите состојки кои што го одржуваат животот. Тоа доведува до акутни заболувања, а многу често на тоа следи и смрт. Нежниот организам е исцрпен со самоубиствени навики на оние кои требаше да знаат повеќе.

Црквите треба да се цврсти и верни на светлината која Вог ја има дадено. Секој верник треба да работи мудро и да ја отфрли од своите животни навики секоја изопачена желба за јадење.

(1900) 6Т 372, 373

[Волести предизвикани од сиромашна исхрана е тешко да се лечат – 315]

[Влијанието на неправилната исхрана врз карактерот и домашната атмосфера – 234]

[Влијанието на погрешната реформа – 316]

Подготвување на патот за пијанството

  1. Неумереноста често пати започнува во домот. Со употребата на богатата и нездрава

храна, органите за варење слабеат и се создава желба за храна која надразнува уште повеќе. На тој начин апетитот се воспитува постојано да бара нешто посилно. Желбата за надразнувачки средства станува почеста и се потешко е да & се пружи отпор. Телото станува помалку или повеќе исполнето со отрови и доколку повеќе слабее, дотолку е поголема желбата за овие наздразнувачки средства. Еден чекор во погрешна насока, го подготвува патот за друг. Многумина кои не би биле виновни за изнесување на вино или друг алкохолен пијалак на своите трпези, ги оптоваруваат своите трпези со храна која што предизвикува толку силна желба за жесток пијалак што е речиси невозможно да & се спротивстави. Лошите навики во јадењето и пиењето го разоруваат здравјето и го подготвуваат патот за пијанството.          (1905) МН 334

Заболен црн дроб заради погрешна исхрана

  1. Минатата сабота, додека зборував, вашите бледи лица онака како што ми беа прикажани јасно се појавија пред мене. Јас ја видов вашата здравствена состојба и болеста од која што долго сте страдале. Ми беше покажано дека не сте живееле здраво. Вашата желба за јадење беше нездрава и вие сте го задоволувале вашиот вкус на штета на желудникот. Сте внесувале во својот желудник такви намирници кои е невозможно да се претворат во добра крв. Тоа беше тешко оптоварување за црниот дроб заради тоа што органите за варење беа пореметени. Двајцата имате заболен црн дроб. Здравствената реформа за вас двајцата ќе биде голем благослов, доколку строго ја спроведувате. Но вие тоа пропуштивте да го сторите. Вашиот апетит е морбиден, и заради тоа што не уживате во обичната и едноставна храна составена од непросејано пченично брашно, овошје и зеленчук подготвени без зачини и животински масла; постојано ги кршите законите кои што Вог ги има воспоставено во вашето битие. Се додека така чините, вие мора да поднесете казна, затоа што за секој прекршок е одредено казна. Но сепак, вие се чудите на тоа што вашето здравје е така слабо. Видете сигурни дека Вог нема да направи никакво чудо за да ве ослободи од последиците на вашиот начин на живот.

Вогата храна и треска

Не постои никаков начин на лечење кој би ве ослободил од сегашните тешкотии се додека јадете и пиете како до сега. Можете сами за себеси да го сторите она што дури ни најискусниот лекар никогаш неможе да го стори. Регулирајте ја својата исхрана. Со цел да му угодите на вкусот, често пати тешко ги оптоварувате органите за варење со тоа што во желудникот внесувате храна која што не е најздрава, а понекогаш и во неумерени количества. Тоа го исцрпува желудникот и го онеспособува за примање и на најздравата храна. Вашиот желудник е постојано исцрпен заради вашите лоши навики во јадењето. Вашата храна е многу богато подготвена. Таа не е подготвена на едноставен, природен начин, туку е целосно несоодветна за желудникот затоа што сте ја подготвиле да одговара на вашиот вкус. Природата е оптоварена и настојува да се ослободи од

бремето кое е ставено врз неа. Настинките и треските се последица на тие обиди на природата да се ослободи од бремето кое е ставено врз неа. Вие треба да ја претрпите казната заради прекршокот на природните закони. Вог воспоставил закони во вашето тело кои што не можете да ги прекршувате, а да не ја претрпите казната. Вие за совет сте го прашале вкусот не земајќи го во предвид здравјето. Имате направено некоја промена, но тоа се само првите чекори во реформата на исхраната. Вог од вас бара умереност во сите нешта. “Јадете ли, пиете ли или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Вожја.”

Фрлање вина врз Провидението

Од сите семејства кои што ги познавам, на ниту едно како на вашето, не и е толку потребно благотворното дејство на здравствената реформа. Вие негодувате заради болките и исцрпеноста чија причина не знаете на што да му ја препишете и се трудите тоа да го поднесете што потрпеливо, мислејќи дека страдањето е дел од вашата судбина и дека Провидението тоа така го има одредно. Кога би можеле да ги имате отворено очите, и кога би можеле да ги согледате чекорите кои што ги имате направено во текот на својот живот, и кои ве имаат доведено до сегашната состојба на лошо здравје, би биле изненадени со своето слепило и невозможноста порано да ја согледате својата вистинска состојба. Вие имате создадено неприродни апетити и не чувствувате ни половина од задоволствата од својата храна, кои би сте ги почувствувале да не сте го користеле погрешно својот апетит. Вие сте ја изопачиле телесната природа и затоа ги поднесувате болните последици.

Цената на “добриот оброк”

Телесната природа без спротивставување го трпи суровото постапување се додека може; потоа се побунува и прави огромен напор да се ослободи од тешкотиите и лошото постапување кое го има поднесувано. Тогаш доаѓаат главоболката, настинките, треската, нервозата, фатеноста и другите зла кои што неможат да се набројат. Лошиот начин на јадење и пиење го разорува здравјето, а со тоа и убавината на животот. 0, колку пати имате подготвено, како што тоа вие го нарекувате, добар оброк по цена на трескавичната состојба на телото, губењето на желбата за јадење и губитокот на сон! Неспособноста на уживање во јадењето, непроспиената ноќ, часовите на страдање – сето тоа за еден оброк со кој му се има угодено на вкусот!

Илјадници имаат попуштано на својот изопачен апетит. Имаат јадено таканаречен добар оброк, а како последица на тоа имаат навлечено треска, или некое друго акутно заболување, а некои дури и смрт. Тоа беше уживањето платено со огромна цена. Но сепак многумина кои што тоа го имаат сторено; и овие самоубијци биле величани од страна на своите пријатели и проповедникот и однесени директно на небото кога умреле. Каква мисла! Ждерачи на небото! Не, не, таквите нема никогаш да поминат низ бисерната врата на Вожјиот златен град. Таквите нема никогаш да стојат од десната страна на Христа, драгиот Спасител; Човекот на болката од Голгота, чиишто живот беше живот со постојано самоодрекнување и жртва. Постои место кое е одредно за сите такви – меѓу недостојните кои не можат да имаат дел во подобриот живот, и во бесмртното наследство.        (1868) 2Т 67-70

Влијанието на неправилното јадење врз расположението

  1. Многумина го расипуваат своето расположение со неправилно јадење. Ние треба да бидеме исто така внимателни во проучувањето на поуките од здравствената реформа, како што треба совршено да ги подготвиме своите студии, затоа што навиките кои што ги прифаќаме во оваа насока ни помагаат во обликувањето на нашиот карактер за идниот живот. Можно е некој да го расипе своето духовно искуство со злоупотреба на желудникот. ^еИег 274, 1908

Повици за реформа

  1. Таму каде што се попушта на лошите навики во исхраната, не треба да има никакво одлагање на реформата. Кога измачувањето на желудникот ќе предизвика лошо варење, треба да се направат напори да се запази преостаната моќ на животните сили, со тоа што ќе се отстрани

секое бреме. Желудникот можеби нема никогаш да го поврати здравјето по долгата злоупотреба, но правилниот начин на исхрана ќе го запази од понатамошно слабеење и многумина помалку или повеќе целосно ќе закрепнат. Не е лесно да се пропишат правила која што ќе одговараат на секој случај, меѓутоа доколку се внимава на вистинските начела на исхраната, големи реформи можат да се спроведат и готвачката нема да има потреба постојано тешко да работи, искушувајќи го апетитот.

Умереноста во исхраната наградена е со умствена и морална сила и помага во владеењето над страстите. (1905) мн 308

  1. Треба да ја одбереме онаа храна која содржи најмногу елементи потребни за изградба на телото. Во овој избор апетитот не е сигурен водач. Со лошите навики во исхраната апетитот се има изопачено. Тој често бара таква храна која што го нарушува здравјето и создава слабост на местото на силата. Ние не можеме безбедно да бидеме водени од општествените обичаи. Болестите и страдањата кои насекаде преовладуваат главно настанале заради популарните заблуди во поглед на исхраната. (1905) мн 295
  2. Само кога сме мудри во однос на начелата на здравиот начин на живеење, можеме целосно да се подигнеме и да ги видиме злата кои произлегуваат од неправилната исхрана. Оние кои, откако ги имаат видено своите грешки, имаат храброст да ги променат своите навики, ќе согледаат дека реформаторскиот процес бара борба и многу истрајност. Меѓутоа, кога еднаш ќе се создаде правилен вкус, тие ќе согледаат дека употребата на храната која што некогаш ја сметале за безопасна, полека но сигурно води кон слабо варење и други болести. (1909) 9Т 160
  3. Бог бара од Својот народ постојано напредување. Потребно е да научиме дека попуштањето на апетитот е најголема пречка за умственото напредување и посветување на душата. Со сето свое исповедање на здравствената реформа, сепак многумина од нас јадат неправилно. Попуштањето на апетитот е најголема причина за телесна и умствената неспособност и се наоѓа во основата на слабоста и прераната смрт. Нека секој кој што тежнее кон чистота на духот, има на ум дека во Христос се наоѓа силата за владеење над апетитот. (1909) 9Т 156 [Неумереното јадење причина за болеста: Види отсек VII “Неумереност во јадењето” и Отсек VIII, “Владеење со апетитот” ]

[Однос меѓу месната храна и болестите – 668, 677, 689, 690, 691, 692, 713, 722]

[Болести предизвикани со употребата на чајот и кафето – 734, 736, 737, 741]

Сподели го ова:

Слични објави