Зеленчук

Сподели го ова:

Свеж зеленчук, едноставно подготвен

  1. Сите треба да се запознаат со посебната вредност на свежото овошје и зеленчукот од овоштарниците и градините. МЅ 13, 1911

[Нагласете употреба на овошје – 490]

[Нема повеќе наслади – 503]

  1. Овошје, житарки и зеленчук, подготвени едноставно, без зачини и маснотии од било кој вид, со млеко и павлака претставуваат најздрава храна. Тие го хранат телото, давајќи му сила, издржливост и бистрина на умот што неможе да се добие од надразнувачката храна. (1890) СН 115

[Овошје, житарки и зеленчук добра храна за посетителите – 129]

[Опасност од употреба на скапано овошје – 469]

[Расипана употреба на животински масти во подготвувањето храна – 320]

[Исхрана според изборот на Творецот – 471]

[Состојка на здравата храна – 403, 404, 407, 810]

  1. За оние кои што можат да употребуваат, добар зеленук, приготвен на здрав начин,

подобар е од мекиот качамак или кашата.           МЅ 3, 1897

  1. Зеленчукот треба да се подготви вкусно, со малку млеко или павлака или нешто што

соодветствува.         (1909) 9Т 162

Дел од комплетната исхрана

  1. Едноставните житарки, овошјето од дрвјата и зеленчукот имаат свои хранливи состојки

потребни за создавање добра крв. Месната храна ова неможе да го направи.         ^еКег 70, 1896

[Соодветна исхрана – 483, 484, 486]

Изобилие на зеленчук

  1. Ние сме создадени од она што јадеме. ќе ги зајакнуваме ли животинските страсти со

јадење храна од животинско потекло? Наместо да го развиваме својот вкус да ја сака оваа месна храна, крајно време е самите себеси да се воспитаме да се храниме со овошје, житарки и зеленчук . .. Разновидност на едноставните јадења, совршено здрави и хранливи, може да се обезбеди со изоставувањето на месото. Силните луѓе мораат во изобилие да имаат зеленчук, овошје и житарки.            ^еИег 3, 1884

[За трпезата на помошните луѓе – 444, 651]

[Наместо месна исхрана – 492, 649, 765, 795]

[Наместо богата храна – 312]

[Не им се допаѓа на оние кои што навикнале да ги престапуваат природните закони – 504, 563]

[Месна храна, зеленчук од втора рака – 482]

  1. Господ има намера да го врати својот народ да живее од едноставно овошје, зеленчук и

житарки.         ^еНег 72, 1896

Некој не може да употребува зеленчук

  1. Во медицинските институции треба да се задоволат разни апетити. Некои сакаат добро

подготвен зеленчук за да се задоволи нивната посебна природа. Некои не можат да употребуваат зеленчук, а да не поднесат последици.    ^еИег 45, 1903

Компир

  1. Не сметаме дека пржениот компир е здрав, затоа што се употребува помалку или повеќе животинска маст и путер во неговата подготовка. Добро печен или варен компир е најздрав кога се служи со малку павлака и малку сол. Останатиот бел или сладок компир се подготвува со малку павлака и сол, и повторно се пече, но не се пржи; тој е прекрасен. ^еКег 322, 1905

Г рав – здраво јадење

  1. Едно друго многу едноставно, но сепак, здраво јадење е варениот или печениот грав. Стави извесна количина во вода, додади млеко или павлака и направи чорба. (1871) 2Т 603

Одгледување и чување зеленчук

  1. Мнозина не ја согледуваат важноста за поседување на земјиште за обработување и

чување овошје и зеленчук, за да бидат нивните трпези снабдени со овие производи. Добив упатства да му кажам на секое смејство и на секоја црква дека Вог ќе ве благослови кога го изградувате вашето спасение со страв и трепет, плашејќи се од лошите постапки со своето тело за да не го попречите Вожјиот план за вас. ^еКег 5, 1904

[Сите треба да бидат запознаени со вредноста на свежото овошје и зеленчукот од овоштарниците и градините – 480]

  1. Потребно е да се превземат мерки за да се изврши снабдување со блага, сува пченка. Класјето може да се исуши и добро искористете го во време на зима за правење пита.

^еИег 195, 1905

Зеленчукот и доматот во исхраната на Е. Г. Вајт

  1. Вие зборувате за мојата исхрана. Не сум така приврзана само за еден производ за да не

бидам во состојба да јадам нешто друго. Но што се однесува до зеленчукот вие не треба да се грижите; затоа што врз основа на моето сигурно знаење во пределот во кој живеете има разни видови на зеленчук кои што можам да ги користам. Јас ќе можам да добијам листови од полско зелје, младо глуварче и лист од истото. Тоа ќе биде многу побогато снабдување и со подобар квалитет одколку што можевме да го добиеме во Австралија. А ако нема ништо друго, има житарки. ^еИег31, 1901

  1. Јас изгубив апетит кратко време пред да отпатувам на исток. Меѓутоа, сега ми се врати и многу сум гладна кога ќе дојде време за јадење. Зелени листови од чичка, добро сварени и зачинети со стерилизирана павлака и сок од лимон е многу вкусно. За еден оброк јадам супа од домати во парчиња и зеленчук за друг. Повторно почнав да јадам компир. Целата моја храна ми годи. Слична сум на изгладнет болен кој имал треска; и сега сум во опасност да се прејадам. ^еИег 10, 1902
  2. Доматот кој го пративте беше многу убав и вкусен. Јас заклучив дека доматот е најдобар

продукт за моја употреба.   ^еИег 70, 1900

  1. Произведовме доста жито и грашок за нас и своите соседи. Ние сушиме блага пченка за зима, па кога ние потребна, ја мелеме во машина и ја вариме. Од неа правиме највкусни чорби и јадења…

Кога е време за нив, имаме гројзе во изобилие, а исто така сливи и јаболки, малку цреши, праски, круши и маслинки кој што ги подготвуваме за себе. Исто така чуваме големи количество домати. Јас никогаш не се извинувам за храната што е на мојата маса. Мислам дека Вог не е незадоволен кога така правиме. Нашите посетители јадат она што ние го јадеме и изгледа дека уживаат во нашето мени.  ^еКег 363, 1907

[Употреба на пченката од страна на Елена Вајт – Додаток 1:22, 23]

[Претпазливост во употреба на овошје – 188, 190]

[Претпазливост во користење зеленчук со слатки – 189, 722]

[Во исхраната на Елена Вајт – Додаток 1:4, 8, 15]

Сподели го ова:

Слични објави