Јадење помеѓу оброците

Сподели го ова:

Значењето на редовноста

  1. Откако е земен редовниот оброк, на желудникот треба да му се овозможи одмор од пет часови. Ниту трошка храна не треба да се внесе во желудникот до следниот оброк. Во овој временски интервал тој ќе ја изврши својата работа и ќе биде во состојба да прими повеќе храна.

Во никој случај оброците не треба да бидат нередовни. Доколку се руча еден или два часа пред вообичаеното време, желудникот не е подготвен за ново оптоварување, затоа што сеуште ја нема сварено храната која била внесена во претходниот оброк и нема животни сили за нова задача. На тој начин телото се оптоварува.

Оброците не смеат да се одложат еден или два часа за да одговараат на околностите или за да може да се заврши некоја работа. Желудникот бара храна во времето кога е навикнат да ја прима. Доколку тоа време се одложи, животната сила на телото опаѓа и на крајот паѓа толку ниско за апетитот целосно да се изгуби. Доколку храната се земе тогаш, желудникот не е во состојба правилно да ја свари. Храната не може да се претвори во добра крв.

Кога сите би јаделе во редовни временски интервали, не вкусувајќи ништо помеѓу оброците, би биле подготвени за своите оброци и би нашле задоволство во јадењето, кое ќе ги награди за нивното одрекнување.            МЅ 1, 1876

  1. Редовноста во јадењето е од витална важност. За секој оброк треба да постои одредено време. Во тоа време секој нека го јаде она што неговото тело го бара, меѓутоа потоа нека не зема ништо се до следниот оброк. Многумина јадат и тогаш кога организмот нема потреба од храна, во неправилни интервали и помеѓу оброци, бидејќи немаат доволно силна волја за да & се спротивстават на наклонетоста. Некои непрекинато грицкаат кога имаат нешто на дофат додека патуваат. Тоа е многу штетно. Кога патниците би јаделе едноставна и здрава храна во редовни интервали, тогаш не би чувствувале толку голем замор, ниту би страдале толку многу од болести.

(1905) МН 303, 304

  1. Кон редовноста во јадењето треба грижливо да се придржува. Помеѓу оброците не треба ништо да се јаде, никакви слатки, зрнести плодови, овошје или храна од кој и да е вид. Нередовноста во јадењето ја разорува здравата и нормална работа на органите за варење, на штета на здравјето и расположението. Кога приоѓаат на трпезата децата не покажуваат љубов кон

здравата        храна; нивниот апетит копнее за она што е штетно за нив.

(1905) МН 384

  1. Во ова семејство немаше правилно владеење во однос на храната; постоеше нередовност во оброците. Потребно беше да се востанови едно определено време за секој оброк, а храната требаше да биде подготвена на едноставен начин и без животински масти. Меѓутоа, со цел храната да биде добра, здрава и привлечна, мора да се вложат напори. Во ова семејство, како и во многу други, посебно се расфрлувало пред посетителите со многу подготвени јадења, често пати многу богати, така што оние кои што седнувале покрај трпезата паѓале во искушение да јадат премногу. Меѓутоа, кога немало друштво, се чувствувал голем недостиг од разновидна и изобилно подготвена храна која се изнесувала на трпезата. Храната била сиромашна и малку хранлива. Се сметало дека е тоа неважно, затоа што е “само за нас”. Оброците биле така често земани и не се водело грижа за редовното време за јадење. Секој член на семејството бил погоден со таквите постапки. Секоја од нашите сестри чини грев кога прави толку големи подготовки за посетителите, а му нанесува штета на своето семејство со сиромашна храна која што не го храни телото. (1870) 2Т 485
  2. Јас сум изненадена од сознанието, дека покрај сета светлина која што е дадена во ова

место, многумина од вас јадат помеѓу оброци. Вие не смеете да дозволите ниту еден залог да премине преку вашите усни помеѓу вашите редовни оброци. Јадете го она што ви треба, меѓутоа во еден оброк и тогаш чекајте до следниот. (1869) 2Т 373

  1. Многумина се одвратуваат од светлината и знаењето, жртвувајќи му го начелото на вкусот. Тие јадат кога на телото не му е потребна храна и во нередовни временски интервали, затоа што немаат морална сила да се спротистават на наклонетоста. Резултат на тоа е побуна на измачуваниот желудник после која настапува страдање. Редовноста во исхраната е многу важна за здравјето и ведрината на духот. Никогаш ниту еден залак на храна не смее да премине преку усните помеѓу оброците. (1890) СН 118
  2. Ваквиот начин на живот создал болни кои што патат од слабо варење. Наместо да ја

почитуваат редовноста, му дозволиле на апетитот да ги надвладее така што јаделе помеѓу оброците.            (1869) 2Т 374

  1. Децата, воглавно не се поучени за значењето на тоа како и што треба да се јаде. Ним им е

дозволено слободно да му попуштат на својот вкус, да јадат постојано, да се послужат со овошје кога тоа ги доведува во искушение нивните очи и тоа, заедно со питите, колачите, лебот, путерот и слатките кои што речиси постојано ги јадат, од нив прави гурмани и болни со слабо варење. Органите за варење, како воденица која постојано работи, слабеат, животната сила од мозокот е повикана да му помогне на желудникот во неговата претерана работа и така умствените сили слабеат. Неприродното поттикнување и оштетување на животните сили ги прави нервозни, нетрпеливи, самоволни и раздразливи.  НеаИМ Реѓогтег, Мау, 1877

[Важност на редовноста во исхраната на децата – 343, 344, 345, 346, 348]

  1. Со цел да ја одбегнат должноста за трпеливо воспитување на своите деца во

самоодрекнувањето и подучувањето за правилното користење на сите Божји благослови, многу родители им попуштаат во јадењето и пиењето секогаш кога тие тоа ќе го посакаат. Апетитот за јадење и себичното попуштање, освен доколку не се потиснати со напор, растат заедно со возраста и се зајакнуваат со силата.    (1875) 3Т 564

[За контекст види – 347]

  1. Речиси е општа навиката луѓето во светот да јадат три пати на ден, покрај јадењето во нередовните временски интервали, помеѓу оброците. Последниот оброк најчесто е најсилен и често пати се зема непосредно пред заминување на почивка. Ова го нарушува природниот ред. Тежок оброк не смее никогаш да се зема во така доцно време од денот. Доколку таквите личности го променат своето однесување, и почнат да земаат само два оброка на ден, и ништо помеѓу нив,

дури ниту јаболка, зрнест плод или кој и да е друг вид на овошје, резултатот ќе се види во здравиот апетит за јадењето и подобреното здравје.         Р. & н., Ји1у 29, 1884

  1. Кога патуваат, некои скоро непрекинато грицкаат, доколку постои нешто на дофат на нивната рака. Тоа е многу штетна навика. Животните кои што немаат разум и кои што ништо не знаат за умствениот напор, можат тоа да го прават без никаква штета, меѓутоа тие не се мерило за разумните битија, кои што поседуваат силен ум кој што треба да го користат за Вога и човештвото.

Р. & Н., Ји1у 29, 1884

  1. Гозбите за јадење и храната која што се внесува во желудникот во доцните часови, оставаат трага врз секое влакно на телото. НеаИМ Реѓогтег, Јипе, 1878
  2. Многумина јадат во било кое време од денот, без оглед на законите на здравјето. Тогаш темнина го покрива умот. Како можат луѓето почестени со божественото просветлување, да се толку немарни во своите навики, и да бидат толку невнимателни кон светлоста која што Вог им ја дал во поглед на овие нешта? Враќа и сестри, зар не е време да се обратите по овие точки на себичното попуштање? (1892) ЅМ 174
  3. Крајна граница на попуштањето треба да биде три оброка на ден и ништо помеѓу нив – дури ниту едно јаболко. Оние кои што одат подалеку ги кршат природните закони и ќе поднесат казна за тоа. Р. & Н., Мау 8, 1883

[Проповедници кои што не го почитуваат ова правило – 227]

[Јадењето помеѓу оброците на состаноците под шатори – 124]

[Децата не треба да јадат слатки, овошје, зрнести плодови или што и да е друго помеѓу оброците – 344] [Дозволување на децата да јадат во било кој час – 348, 355, 361]

[Последици за студентите – 246]

Сподели го ова:

Слични објави