Причини за Реформа
Заради слава Божја
- Нам ни е подарен само еден животен век и прашањето кое што секој треба да си го постави гласи: “Како да ги вложам своите сили така да тие донесат најголема полза? Како можам најмногу да придонесам за славата Божја и за користа на своите ближни?” Животот е вреден само тогаш кога се употребува за достигнување на овие цели.
Личното напредување е нашата прва должност кон Бога и ближните. Секоја способност со која што Создателот не обдарил треба да се негува до највисоко совршенство, како би биле во можност, според своите способности, да сториме најмногу добро. Заради тоа времето кое што се користи за утврдување и чување на телесното и умното здравје, е добро потрошено време. Не можеме да дозволиме да се спречи во развојот или онеспособи која и да е телесна или умна активност. Доколку пак тоа го чиниме, мораме да ги сносиме последиците.
Избор на живот или смрт
Секој човек, има можност, во голем степен да стане она што самиот ќе одбере да биде. Благословите на овој живот, како и на бесмртноста, се наоѓаат на дофатот на раката. Тој може да изгради карактер од постојана вредност, придобивајќи нова сила на секој чекор. Тој може да напредува секојдневно во знаењето и мудроста, доживувајќи нови радости во напредувањето, додавајќи доблест на доблеста, вредност на вредноста. Неговите способности ќе се усовршуваат преку употребата; колку повеќе мудрост тој придобива, толку поголем ќе биде неговиот капацитет за стекнување знаење. Неговата интелигенција, знаење и доблест на таков начин ќе се развиваат во поголема сила и многу посовршена симетрија.
Од друга страна, човекот може да дозволи неговите сили да ослабнат заради тоа што не ги употребува, или пак да се изопачат преку лоши навики, недостаток на самоконтрола, или морална и религиозна цврстина. Неговото напредување тогаш назадува; тој живее во непочитување на Божјиот закон и законите на здравјето. Апетитот го освојува и наклонетоста го одвлекува. За него е полесно да дозволи секогаш активните сили на злото да го влечат наназад, отколку да се бори против нив и да чекори напред. Следат неумереноста, болеста и смртта. Ова е историјата на многу животи кои можеле да бидат корисни за Божјето дело и човештвото. (1890) С.Н. 107,108
Барање на совршенство
- Бог копнее да ние го достигнеме стандардот на совршенството кој што ни е овозможен преку Христовиот дар. Тој не повикува да ја одбереме вистинската страна, да се поврземе со небесните сили и да ги прифатиме начелата кои што во нас ќе го обноват божественото обличје. Во Својата пишана Реч и во големата книга на природата Тој ги открил начелата на животот. До нас стои да се здобиеме со знаење за тие начела, и преку послушноста да соработуваме со Него во обновувањето на здравјето на телото и душата. (1905) МН 114, 115
- Живиот организам е Божја сопственост. Тој нему му припаѓа преку создавањето и преку откупувањето. Со злоупотреба на која и да е од своите сили, ние го поткрадуваме Бога од честа која што нему Му припаѓа. Letter 73a, 1896
Прашање на послушноста
- Обврските кои му ги должиме на Бога и кои што се состојат во тоа да Му посветиме чисто и здраво тело, не се сфатени. МЅ 49, 1897
- Недостатокот на грижа за живиот организам е навреда за Создателот. Постојат правила кои што Бог ги одредил, и кои, доколку се почитуваат, ќе ги запазат човечките битија од болести и предвремена смрт. Letter 120, 1901
- Една од причините зошто ние не уживаме повеќе благослови од Господа, е заради тоа што ние не внимаваме на светлината за законот на животот и здравјето, која што Нему му беше угодно да ни ја даде. R. & H., May 8, 1883
- Бог е автор на физичките закони, како што е автор и на моралниот закон. Неговиот закон е напишан со Неговиот прст на секој нерв, секој мускул и секоја способност, која што му е доверена на човекот. (1900) COL 347, 348
- Создателот на човекот ја обликувал живата машина на нашето тело. Секоја функција е прекрасно и мудро воспоставена. Бог се заветувал дека ќе ја чува оваа човечка машина да работи во добро здравје, доколку човекот биде послушен на Неговите закони и доколку соработува со Него. Секој закон кој што управува со човечката машина треба да биде сметан толку вистински божествен по своето потекло, карактер, и важност како и Божјата реч. Секое негрижливо, невнимателно постапување, секоја злоупотреба на прекрасниот организам кој што е Божји, преку непочитување на Неговите одредени закони во човечкиот организам, претставува престапување на Божјиот закон. Ние можеме да го набљудуваме и да се восхитуваме на делото Божје во светот на природата, но човечкото тело е најпрекрасно. MS 3,MS 3,1897
[Грешност во непотребното трошење на животните сили и умствените способности – 194]
- Престапувањето на законите на нашето тело претставува грев, како што е грев престапувањето на десетте заповеди. Да се чини едното или другото, претставува кршење на Божјите закони. Оние кои што го престапуваат Божјиот закон во своето тело, ќе бидат наклонети да го престапуваат и Божјиот закон изговорен на Синај. [Види исто 63]
Нашиот Спасител ги предупредил Своите ученици дека токму пред Неговото второ доаѓање ќе настане состојба која ќе биде многу слична на она што му претстоеше на потопот. Ќе се претерува во јадењето и пиењето, и светот ќе се оддаде на задоволството. Таа состојба постои во сегашно време. Светот во голема мерка се има предадено на попуштање на апетитот; наклонетоста кон следењето на световните обичаи ќе не донесе во робување на изопачените навики – навики кои што се повеќе и повеќе ќе не направат слични на осудените жители на Содом. Јас се чудам што жителите на Земјата не се уништени како народот од Содом и Гомор. Јас гледам доволно причини за сегашата состојба на дегенерација и смртност во светот. Слепите страсти управуваат со разумот, така што кај многумина сите возвишени побуди се жртвувани на похотта.
Нашето животно тежнеење треба да биде одржување на телото во здрава состојба, со цел сите органи од живиот организам да можат совршено да работат. Божјите деца не можат да го прослават Вога со болни тела или закржлавени умови. Оние кои што попуштаат на кој и да е вид неумереност, дали во јадењето или пиењето, ги растураат своите телесни сили и ја ослабнуваат моралната сила. (1890) C.T.B.H. 53
- Заради тоа што законите на природата се Божји закони, јасно е дека нашата должност е да се посветиме на грижливо проучување на тие закони. Ние треба да ги проучуваме нивните барања во однос на своето тело и да постапуваме во согласност со нив. Непознавањето на тие нешта претставува грев.
[Свесното незнаење го зголемува гревот – 53]
“Зар не знаете, дека телата ваши се Христови членови? Или дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не си припаѓате на самите себеси? Скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.” (1 Коринтјаните 6:15, 19, 20). Нашите тела се Христова откупена сопственост, и нам не ни е дадена слобода да постапуваме со нив како што тоа нам ни е угодно. Човекот го има направено тоа. Тој постапувал така со своето тело како законите на телото да не казнуваат. Преку изопачениот апетит неговите органи стануваат заболени и онеспособени, а силите ослабени. Сите тие последици кои што ги има предизвикано со своите измамливи искушенија, сатаната ги употребува за да му се потсмева на Вога. Тој го презентира пред Бога, човечкото тело кое Христос го има купено како лична сопственост; и колку е човекот неугледна слика за својот Создател! Бог е обесчестен со тоа што човекот има згрешено против своето тело, и ги има изопачено своите патишта.
Кога мажите и жените се вистински обратени, тие свесно ќе ги почитуваат законите на животот кои Вог ги има воспоставено во нивното битие, настојувајќи така да ја одбегнат телесната, умната и моралната слабост. Послушноста на тие закони треба да стане должност на секој поединец. Ние самите мораме да ги сносиме лошите последици на прекршениот закон. Ние мораме да одговараме пред Бога за своите навики и дела. Заради тоа, прашањето за нас не гласи: “Што светот ќе каже?”, туку, “Како јас, кој што тврдам дека сум христијанин, ќе постапувам со животот кој што Бог ми го дал? Ќе работам ли за своето најголемо земско и духовно добро, чувајќи го своето тело како храм во кој пребива Светиот Дух, или себеси ќе се жртвувам на световните сфаќања и начинот на живот?” (1900) 6T 369, 370
Казна заради незнаење
- Бог воспоставил закони кои што управуваат со нашите тела и тие закони кои што Тој ги има воспоставено во нашите битија се божествени и за секое престапување постои казна, која што порано или подоцна мора да биде реализирана. Мноштвото од болестите од кои што човечкото семејство страдало и се уште страда, настанале преку непознавањето на законите кои што владеат во човековото тело. Изгледа како да луѓето се незаинтересирани за прашањето на здравјето, и истрајно работат на тоа целосно да го разорат своето тело, а кога се скршени и ослабени во телото и духот, бараат лекар и се трујат со лекови до смрт. Health Reformer, October, 1866
Не секогаш во незнаење
- Кога зборуваат за здравјето, луѓето често пати велат: “Ние знаеме многу повеќе од она што правиме.” Тие не сфаќаат дека се одговорни за секој зрак на светлината во однос на своето телесно добро, и дека Бог секогаш ја надѕира секоја нивна навика. Со телесниот живот не треба да се постапува немарно. Секој орган, секое влакно на нашето тело, треба свето да биде чувано од штетните навики. (1900) 6T 372
Одговорност за светлината
- Во времето кога светлината за здравствената реформа не осветли, и од тоа време, секој ден се поставуваат прашања: “Практикувам ли умереност во сите нешта?” “Дали мојата е исхрана таква како би ме довела во таква состојба да можам да извршам најмногу добра?” Доколку не можеме да одговориме потврдно на тие прашања ние стоиме осудени пред Вога, затоа што Тој ќе не смета сите нас одговорни за секоја светлина која што светела на нашата патека. Бог не гледа на времето на незнаењето, но штом светлината ќе не осветли, Тој бара ние да ги промениме нашите навики кои што го уништуваат здравјето и да воспоставиме правилен однос кон физичките закони. Good Health, November, 1880
- Здравјето е богатство. Од сите поминливи добра, тоа е најдрагоцено. Богатството, образованието, и честа скапо се стекнуваат со губитокот на силата на здравјето. Ниту едно од нив не може да ни обезбеди среќа доколку здравјето недостасува. Злоупотребата на здравјето, кое што Бог ни го дал, е страшен грев. Таквата злоупотреба не ослабува нас за животот, од нас прави губитници, дури и тогаш, кога со таквите средства достигнеме кој и да е степен на образование. (1890) C.T.B.H. 150
[Примери на страдање заради потценување на светлината – 119, 204]
- Бог дарежливо се погрижил за одржувањето и среќата на сите Свои созданија; и доколку Неговите закони никогаш не беа престапувани, доколку сите постапуваа во хармонија со Божјата волја, тогаш резултатот би бил – здравје, мир, и среќа, на местото на мизеријата и постојаното зло. (1890) C.T.B.H. 151
- Внимателна усогласенот со законите, кои Бог ги има всадено во нашите битија, ќе ни обезбеди здравје, и ќе го запази организмот од лом. Health Reformer, August, 1866
[Реформата и Божјите начини за намалување на страдањата – 788]
Жртва без мана
- Во поранешната Еврејска служба било барано секоја жртва да биде без мана. Во стихот ни е кажано да ги дадеме своите тела во жива жртва, света, прифатлива за Бога која е нашата разумна служба. Ние сме Божји созданија. Псалмистот, размислувајќи за чудесното Божје дело во човечкото тело, извикнува: “Колку сум прекрасно создаден!” Постојат многумина кои што имаат научно образование, и ја познаваат теоријата на вистината, а кои не ги разбираат законите кои што владеат со нивните тела. Бог ни има дадено способности и таленти и наша обврска е како Негови синови и ќерки, најдобро да ги искористиме. Доколку ние ги ослабнуваме силите на духот и телото преку лоши навики или попуштање на изопачениот апетит, би било невозможно за нас да го почитуваме Бога онака како што тоа би требало. (1890) C.T.B.H. 15
- Бог бара телото да му се принесе во жива жртва, а не во мртва или жртва на умирање. Жртвите на тогашните Евреи морале да бидат без мана, и зар би Му било угодно на Бога да прифати човечка жртва полна со болести и распаѓање? Тој нам ни вели дека нашето тело е храм на Светиот Дух и Тој бара од нас да се грижиме за тој храм, за да истиот би можел да стане погодно живеалиште за Неговиот Дух. Апостолот Павле не предупредува: “Не си припаѓате на самите себеси; скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.” Сите треба да бидат многу внимателни како би го запазиле своето тело во најдобро здравје, како би можеле да вршат совршена служба на Бога, и ги извршуваат своите обврски во семејството и општеството. (1890) C.H. 121
Бедна жртва
- Потребно е да се стекне знаење за јадењето, пиењето и облекувањето, како би се запазило здравјето. Болеста е предизвикана преку кршење на здравствените закони; таа е резултат на кршењето на природните закони. Наша прва должност, која што Му ја должиме на Бога, на самите себеси, и на своите ближни, е послушноста на Божјите закони, кои ги опфаќаат и законите на здравјето. Доколку сме болни, ние ставаме бреме кое ги оптоварува нашите пријатели а себеси се онеспособуваме за извршување на своите должности кон своите семејства и кон своите ближни. А кога прераната смрт стане последица на нашето прекршување на природните закони, тогаш нанесуваме болка и страдање на другите; ние ги лишуваме своите ближни од помошта која треба да им ја пружиме додека сме живи, ги лишуваме своите семејства од утехата и помошта која што би можеле да им ја пружиме и го крадеме Бога во службата која што Тој ја побарува од нас за напредокот на Неговата слава. Зар ние, тогаш не сме престапници на Божјиот закон во најлоша смисла?
Меѓутоа Бог е многумилостив, жалостив и нежен и кога светлината допре до оние кои што го нарушиле своето здравје преку грешни попуштања, кога ќе се осведочат за гревот, се покајат и бараат прошка, Тој ја прифаќа таа бедна жртва која Му се дарува и ги прима нив. О, каква е таа нежна милосрдност што Тој не го одбива остатокот на злоупотребениот живот на грешникот кој што страда и кој се кае! Во својата величествена милост, Тој ги спасува овие души како од оган. Меѓутоа, каква слаба, жалосна жртва се принесува на чистиот и свет Бог! Благородните способности биле парализирани преку грешните навики на грешното попуштање. Стремежите се изопачени, а душата и телото обезличени. (1872) 3T 164, 165
Зошто светлина за Здравствената Реформа?
- Господ дозволил во овие последни денови да не осветли Неговата светлина за да можат мракот и темнината, кои се насобрале во текот на изминатите генерации среде грешното попуштање, до некаде да бидат растерани и за да можат да се намалат злата кои што се последица на неумереноста во јадењето и пиењето.
Господ во Својата мудрост има создадено план како да го доведе Својот народ во состојба во која би бил одвоен од светот во духот и делата, за нивните деца да не бидат така лесно одведени во идолопоклонство, и да не станат извалкани од изопаченоста која владее во овој век. Божји план е верните родители и нивните деца, да истапат како живи Христови претставници, кандидати за вечен живот. Сите оние кои што имаат удел во божествената природа ќе ја одбегнат изопаченоста која во светот е предизвикана преку похотта. Не е возможно за оние кои што му угодуваат на апетитот да го достигнат христијанското совршенство. (1870) 2T 399, 400
- Бог дозволил светлината за здравствената реформа да не осветли во овие последни денови, за да можеме да чекориме во светлината и ги одбегнеме многуте опасности на кои што ќе бидеме изложени. Сатаната работи со голема сила за да ги наведе луѓето да му попуштаат на апетитот, да ги задоволуваат своите наклонетости и да ги поминуваат своите денови во безгрижна неразумност. Тој нуди привлечност во животот исполнет со себично уживање и попуштање на страстите. Неумереноста ги поткопува силите на умот и телото. Оној кој што е совладан на таков начин, се наоѓа на сатанско тло на кое ќе биде искушуван и вознемируван, и на крај целосно управуван на задоволство од непријателот на сета праведност. (1890) С.Т.В.Н. 75
- Со цел да се запази здравјето, неопходна е умереност во сите нешта – умереност во работата, умереност во јадењето и пиењето. Нашиот небесен Татко испратил светлина за здравствената реформа како штит од злата кои што се резултат од изопачениот апетит, и за оние кои што ја сакаат чистотата и светоста да сознаат како разумно да ги користат добрата кои што Тој им ги дал, и преку исполување на умереност во секојдневниот живот, да можат да бидат посветени преку вистината. (1890) С.Н. 120, 121
- Секогаш да имаме на ум дака големата цел на здравствената реформа е постигнување на целосен развој на умот, душата и телото. Сите закони на природата – кои што се Божји закони – се одредени за наше добро. Послушноста кон тие закони ќе ја зголемат нашата среќа во овој живот, и ќе ни помогне во подготовката за вечниот живот. (1890) С.Т.В.Н. 120
Значењето на здравствените начела
- Мене ми беше покажано дека начелата, кои што ни беа дадени во првите денови на Пораката, денес се исто така важни и треба да се сметаат исто така значајни како тогаш кога беа дадени. Постојат некои кои што никогаш не ја следеле светлината дадена во поглед на прашањето за исхраната. Сега е време да се воздигне светлината, за да засвети со јасни, сјајни зраци.
Начелата на здравиот начин на живеење за нас поединечно и како народ, значат многу. . . .
Сега сите се на проба и на испит. Ние сме крстени во Христа, и доколку го извршуваме својот дел, во одвојувањето од сето она што може да не задржува доле и да не направи нас тоа што ние не би требало да бидеме, ќе добиеме сила да пораснеме во Христа, кој што е наш жив Поглавар и ќе го видиме Божјето спасение.
Единствено кога сме разумни во поглед на начелата на здравиот начин на живеење, ќе можеме целосно да станеме свесни за злата кои што произлегуваат од неправилната исхрана. Оние, кои откако ги увиделе своите грешки, имаат храброст да ги променат своите навики, ќе сфатат дека реформниот процес побарува борба и многу истрајност; но кога еднаш ќе се обликува правилниот вкус, ќе сфатат дека храната која што порано ја употребувале и ја сметале за нештетна, полека но сигурно поставила темел на диспепсија (слабо варење) и други заболувања. (1909) 9Т 158-160
Во првите редови на реформаторите
- Адвентистите на седмиот ден располагаат со вистини од голема важност. Пред повеќе од четириесет години, Господ ни даде посебна светлина во поглед на здравствената реформа, но како чекориме ние во таа светлина? Колкумина имаат одбиено да живеат во хармонија со Вожјите совети! Како народ ние треба да напредуваме пропорционално според добиената светлина. Наша должност е да ги разбереме и почитуваме начелата на здравствената реформа. Во поглед на умереноста ние треба да сме пред сите други луѓе; но сепак меѓу нас постојат добро упатени верници, а дури и проповедници на Евангелието, кои што имаат малку почит кон светлината која што Бог ни ја има дал во врска со овој предмет. Тие јадат како што им се допаѓа и работат како што тоа им е угодно.
Нека оние кои што се учители и водачи во нашето дело цврсто го заземат својот став врз темелот на Библијата во поглед на здравствената реформа и нека дадат вистинско сведоштво до оние за кои што ние веруваме, дека живеат во последните денови од историјата на оваа Земја. Мора да се повлече линија која ќе ги одвои оние кои што му служат на Вога од оние кои што си служат на самите себеси. (1909) 9Т 158
- Зар оние кои што “чекаат да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и нашиот Спасител, Исуса Христа, Кој се даде самиот Себеси за нас, за да не избави од секое беззаконие и да не очисти, та да Му бидеме народ избран, ревностен кон добри дела,” бидат зад верските занесеници на ова време кои што немаат вера во скорото доаѓање на нашиот Спасител? Посебниот народ кој што Тој го чисти за себе, за да биде одведен на Небо без да види смрт, не смее да назадува во однос на другите во добрите дела. Во своите напори да се очистат себеси од сета расипаност на телото и духот, усовршувајќи светост во страв Божји, тие треба да бидат исто толку пред сите останати луѓе на Земјата, како што е и нивното име многу повозвишено од тоа на другите. (1867) 1Т 487
Здравствената реформа и молитвата за болните
- Со цел да бидат исчистени и да останат чисти, адвентистите на седмиот ден мора да го имаат Светиот Дух во своите срца и во своите домови. Господ ми даде светлина дека, кога современиот Израел ќе се понизи пред Него и го исчисти храмот на својата душа од секоја нечистотија, Тој ќе ги вослиши нивните молитви за болните и ќе ја благослови употребата на Неговите лекови за болеста. Кога во вера човекот чини се што може за да ја совлада болеста, користејќи едноставни методи на лечење кои што Бог ги има дадено, тогаш неговите напори ќе бидат од Бога благословени.
Доколку, после толку многу светлина, која што Бог ја дал, Божјиот народ негува лоши навики, попуштајќи си себеси и одбивајќи да се реформира, ќе претрпи неминовни последици од престапот. Доколку одлучат да по секоја цена го задоволуваат изопачениот апетит, Бог нема на чудесен начин да ги спаси нив од последиците на нивното попуштање. Тие “ќе лежат во маки.” (Исаија 50:11).
Оние кои што ќе ја одберат воображеноста, велејќи: “Бог ме исцели, и не е потребно да ја ограничувам својата исхрана; јас ќе јадам и пијам како што тоа ми е угодно,” наскоро во телото и душата ќе ја почувствуваат потребата за Божјата исцелителна сила. Заради тоа што Бог милостиво ве исцелил, не треба да мислите дека можете да ги следите навиките на светот во попуштањето на самите себеси. Чинете го она што Христос го заповеда по Своето дело на исцелување: “Оди и не греши повеќе.” (Јован 8:11). Апетитот не смее да биде ваш бог. (1909) 9Т 164, 165
- Здравствената реформа е гранка на посебното Божје дело за благослов на Неговиот народ. . .
Јас видов дека причината зошто Бог потполно не ги вослишува молитвите на Своите слуги за болните меѓу нас, беше таа дека Тој со тоа не би можел да се прослави, затоа што истите ги престапуваа законите на здравјето. Исто така видов дека Тој предвидел план за здравствената реформа и Здравствениот Институт, како подготовка на патот за целосно вослишување на молитвите од вера. Верата и добрите дела треба да одат рака под рака во помагањето на заболените меѓу нас, и во нивното оспособување за прославување на Бога во овој свет, и да бидат спасени при Христовото доаѓање. (1867) 1Т 560, 561
- Многумина имаат очекување дека Бог ќе ги запази од болеста само заради тоа што тие Го молеле Тој тоа да го направи. Меѓутоа, Бог не ги вослишил нивните молитви, заради тоа што нивната вера не беше усовршена преку дела. Бог нема да работи на чудесен начин за да ги запази од болеста оние кои што не се грижат за себеси, туку постојано ги прекршуваат законите на здравјето, и не прават никакви напори за да ја спречат болеста. Кога ние од своја страна правиме се што можеме за да имаме добро здравје, тогаш можеме да очекуваме дека благословените резултати ќе следат, и можеме да го молиме Бога во вера да ги благослови нашите напори за запазување на здравјето. Тој тогаш ќе ги вослиши нашите молитви, доколку Неговото име биде прославено преку тоа. Меѓутоа, сите нека разберат дека треба и да извршат одредена работа. Бог нема со чуда да го запази здравјето на оние кои тргнале по сигурен пат на болеста со своето безгрижно непочитување на здравствените закони.
Оние кои што ќе го задоволуваат својот апетит, и потоа страдаат заради својата неумереност, и земаат лекови за да тоа го ублажат, можат да бидат сигурни дека Бог нема да се заземе да го спаси нивното здравје и живот кој што така непромислено се доведени во опасност. Причината ја предизвикала последицата. Многумина, како свое последено прибежиште ги прифаќаат упатствата од Божјата реч, и бараат од старешините на црквата да се молат за обновување на нивното здравје. Бог не смета за угодно да одговори на молитвите кои што се упатени за таквите, затоа што Тој знае дека, доколку здравјето им се обнови, тие повторно ќе го жртвуваат на олтарот на нездравиот апетит. (1864) Sp. Gifts IV, 144,(1864) Sp. Gifts IV, 144,145
[Види – 713]
Поука од неуспехот на Израел
- Бог му вети на тогашниот израелски народ дека, доколку строго се придржуваат до Него, и ги извршуваат сите Негови барања, Тој ќе ги запази од сите болести какви што им нанесе на Египтјаните; но тоа ветување беше дадено под услов на послушноста. Доколку Израелците ги почитуваа дадените упатства, и ги користеле своите предности, тие би биле за светот поука за здравјето и просперитетот. Израелците не успеаа да ја исполнат Божјата цел, и затоа не успеаа да ги примат благословите кои што можеа да ги добијат. Меѓутоа, Јосиф, Даниел, Мојсеј и Илија, и многу други се за нас благородни примери за правилниот начин на живеење. Истата верност и денес ќе донесе исти резултати. За нас е запишано: “Вие сте род избран, царско свештенство, света нација, посебен народ, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој што ве повикал од темнината во Својата чудесна светлина.” (1. Петрово 2:9) (1909) 9Т 165
- Доколку Израелците беа послушни на примените инструкции и се ползуваа од своите предности, тие би биле за светот очигледна поука за здравјето и просперитетот. Доколку како народ тие живееле во согласност со Божјиот план, би биле запазени од болестите кои ги напаѓале другите нации. Би поседувале телесна и умствена сила со која би ги надминувале сите други народи. (1905) МН 283
[Види исто 641-644]
Христијанската трка
- “Не знаете ли, дека оние кои што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Така трчајте и вие, за да добиете. Секој што се бори, од се се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние – траен.”
Овде се изложени добрите резултати на самоконтролата и умерените навики. Разните игри меѓу античките Грци кои биле одржувани во чест на нивните богови, се претставени пред нас преку апостолот Павле за да ни ја прикажат духовната борба и нејзината награда. Оние кои што учествувале во таквите игри биле подготвувани под најстрога дисциплина. Секое попуштање кое би можело да ги ослаби физичките сили било забрането. Раскошната храна и виното не биле дозволени, се со цел да се унапредат телесната сила, духовната моќ и цврстината.
Да се добие наградата за која што тие се бореле – венец од цвеќиња кои венат, поставен среде аплаузот на мноштвото – било сметано за најголема чест. Доколку толку многу можело да се трпи, доколку се покажало толку многу самоодрекнување во надеж да се добие безвредна награда, која што само најдобриот можел да ја освои, колку многу поголема треба да биде жртвата, колку многу повеќе треба да се има волја за самоодрекнување за нераспадливата круна, и вечниот живот!
Пред нас постои дело кое што треба да се изврши – важно и сериозно. Сите наши навики, вкусови, и наклонетости мора да се воспитуваат во хармонија со законите на животот и здравјето. На тој начин ние ќе можеме да си обезбедиме најдобра физичка состојба, и бистрина на умот како би можеле да правиме разлика меѓу злото и доброто. (1890) С.Т.В.Н. 25
Примерот на Даниел
- Со цел правилно да го разбереме предметот на умереноста, мораме да го разгледуваме од Библиска ретроспектива; никаде нема да можеме да најдеме така опсежен и силен приказ за вистинската умереност и благословите кои што ја пратат, како што ни е тоа дадено во животот на пророкот Даниел и неговите еврејски другари, во дворовите на Вавилон. . .
Бог секогаш ги почитува исправните. Младичите од земјите кои беа потчинети од големиот освојувач, и кои ветуваа најмногу, биле собрани во Вавилон, но меѓу сите нив, еврејските заробеници немаа конкурент. Исправената става, сигурниот, еластичен чекор, убавиот изглед, здравите сетила, чистиот здив – сите тие беа многубројни сведоштва во полза на добрите навики – особини на благородност со која што природата ги почестува оние кои што се послушни на нејзините закони.
Историјата за Даниел и неговите другари е запишана на страниците на вдахновената Реч во полза на младите во сите подоцнежни векови. Тоа што тие го имаат направено, луѓето можат да го чинат. Стоеа ли овие млади Евреи цврсто среде големите искушенија, понесувајќи благородно сведоштво во полза на вистинската умереност? Денешните млади можат да дадат слично сведоштво.
Поуката која што тука ни е дадена е таква, за добро да размислуваме за неа. Нашата опасност не е од немаштијата туку од изобилството. Ние сме постојано искушувани да бидеме неумерени. Оние кои што сакаат да ги запазат своите сили неослабени за Божјата служба, мораат да водат сметка за строгата умереност во користењето на Неговите дарови како и целосно воздржување од секое штетно или понижувачко попуштање.
Генерацијата која сега се подига е опкружена со мамки подготвени да го искушуваат апетитот. Посебно во големите градови, секој облик на попуштање е примамлив и предизвикувачки. Оние кои што, како Даниел, ќе го одбијат искушението, ќе пожнеат награда за своите умерени навики. Со својата поголема телесна сила и зголемена издржливост, тие создаваат заштеда кој што можат да ја користат во случај на потреба.
Правилните физички навики ја унапредуваат умната супериорност. Умната моќ, телесната сила и долгиот живот зависат од непроменливите закони. Тука не постои случајност. Богот на природата нема да интервенира за да ги запази луѓето од последиците на прекршувањето на природните закони. Има многу вистина во изреката: ”Секој човек е ковач на својата среќа.” Додека родителите се одговорни за обликувањето на карактерот, како и за образувањето и воспитувањето на своите синови и ќерки, сепак е вистина дека нашата положба и корисност во светот во голема мерка зависат од нашата насока на делување. Даниел и неговите другари ги уживаа предностите од правилното воспитување и образование во раната младост, но само тие предности не би направиле од нив тоа што тие беа. Дојде времето кога морале самите за себеси да делуваат – кога нивната иднина зависеше од нивното сопствено владеење. Тогаш тие одлучија да бидат доследни кон поуките кои што им беа дадени во детството. Стравот Божји, кој што е почеток на мудроста, беше основа на нивната големина. Неговиот Дух ја зајакнуваше секоја добра намера, секоја благородна одлука. (1890) С.Т.В.Н. 25-28
- На младите [Даниел, Ананија, Михаел и Азарија] во тоа училиште не само што им бил дозволен пристап во царската палата, туку беше и одредено да се хранат од месото и пијат од виното, кое што доаѓаше од царската трпеза. Во сето тоа царот сметаше дека не само што им укажал голема чест, туку им обезбедил најдобар телесен и ментален развој кој што можеше да се постигне.
Во храната која била изнесувана пред царот имаше и свинско и друг вид на месо, кое било прогласено за нечисто преку Мојсеевиот закон, и кое за Евреите беше посебно забрането за јадење. Тука Даниел беше доведен пред серизна проба. Ќе биде ли верен на учењата на своите татковци во поглед на храната и пијалоците, навредувајќи го царот, и така губејќи ја веројатно не само положбата туку и животот, или ќе ја прегази Божјата заповед и ја задржи царевата благонаклонетост, на таков начин обезбедувајќи се со големи интелектуални предности и најласкав светски успех.
Даниел долго не се колебаше. Тој одлучил цврсто да стои во својата честитост, без оглед на резултатите. Тој “науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното, што го пиеше царот.”
Меѓу оние кои денес исповедаат дека се христијани, има многумина кои што би донеле заклучок дека Даниел бил премногу посебен и би го прогласеле за тесноград и фанатик. Тие сметаа дека прашањето за јадењето и пиењето е од многу мало значење за да побарува така одлучен став – став кој вовлекува веројатна жртва на секоја земска предност. Меѓутоа, оние кои што така мислат ќе востановат на судниот ден дека се одвратиле од Божјите јасни барања, и дека го прогласиле своето мислење како мерило за доброто и злото. Тие ќе утврдат дека тоа што за нив изгледало безначајно не било така во Божјите очи. Неговите барања треба верно да се послушаат. Оние кои што прифаќаат и почитуваат едно од Неговите начела, бидејќи им е угодно така да чинат, а ќе отфрлат друго заради тоа што неговото почитување бара извесна жртва, го снижуваат мерилото на правдата и преку својот пример ги водат другите лесно да гледаат на Божјиот свет закон. “Така вели Господ,” треба да биде наше правило во сите нешта . . .
Карактерот на Даниел е претставен пред светот како изразит пример за она што Божјата благодат може да направи од луѓето паднати по природа и изопачени од гревот. Записот за неговиот благороден живот на самоодрекнување е охрабрување за целиот човечки род. Од него ние можеме да собереме сила за да можеме успешно да се спротивставиме на искушението, и цврсто, во кротост, да стоиме за правдата под најтешките искушенија.
Даниел можел да најде уверливо оправдување за да се одвои од своите строги умерени навики; но Божјето одобрение беше подраго за него отколку наклоноста од најмоќниот земски владетел – подраго дури и од самиот живот. Бидејќи со своето пристојно однесување стекнал наклонетост од Дмелсар, службеникот задолжен за еврејските момчиња, Даниел го замолил да им дозволи да не јадат од царското јадење и да не пијат од неговото вино. Дмелсар се плашеше дека доколку се согласи со тоа барање, би можел да го предизвика царевото незадоволството и така го доведе својот живот во опасност. Како и многумина во денешно време, и тој мислеше дека умерената исхрана ќе им даде на овие момчиња блед и болежлив изглед и слаби мускули, додека обилната храна од царевата трпеза би ги направила нив румени и убави, вградувајќи им поголема телесна сила.
Даниел замоли случајот да биде решен преку десетодневен тест – На еврејските младичи за време на тој краток период да им биде дозволено да јадат едноставна храна, додека нивните другари земаат дел во царското јадење. Варањето конечно беше одобрено и Даниел се чувствуваше уверен дека го има добиено случајот. Иако млад, тој ги имаше увидено штетните влијанија на виното и раскошниот живот врз телесното и умственото здравје.
На крајот на десетте дена беше востановено дека добиениот резултатот беше далеку спротивен од очекувањата на Амелсар. Не само во личниот изглед, туку и во физичката сила и умственоста, оние кои што беа умерени во своите навики биле забележливо посупериорни од своите другари кои што му попуштаа на апетитот. По оваа проба, на Даниел и неговите другари им беше дозволено да продолжат со својата едноставна исхрана во текот на целото нивно образование за должностите во царството.
Божјето одобрение придобиено
Господ со одобрување ја набљудуваше цврстината и самооткажуваањето на овие еврејски момчиња, и Неговиот благослов ги следеше. Тој “им дарува знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниел му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа.” По истекот од трите години од образованието, кога царот ја испитуваше нивната способност, тој “не најде ниту еден како Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј, и потоа тие почнаа да служат пред царот. И во се, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десет пати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство.”
Ова е поука за сите нас, а посебно за младите. Строгата покорност на Божјите барања благотворно делува на здравјето на телото и умот. Со цел да се достигне највисок степен на морално и умно достигнување, потребно е да се бара мудрост и сила од Бога, и да се придржува до строга умереност во сите навики на животот. Во искуството на Даниел и неговите другари, имаме пример за победата на начелата над искушенијата да се попушти на апетитот. Тоа ни покажува дека младите можат да трумфираат над страстите на телото, благодарејќи на верските начела и да останат верни на Божјите барања, дури и по цена на голема жртва. R. & H., Jan. 25, 1881R. & H., Jan. 25, 1881 [Ishranata na Daniel – 117, 241, 242]
Неподготвени за Гласната Вика
- Мене ми беше покажано дека здравствената реформа, е дел од тројната ангелска вест, и исто толку тесно поврзана со неа како што раката и дланката се поврзани со човечкото тело. Јас видов дека ние како народ мораме да направиме чекор напред во ова големо дело. Проповедниците и народот мораат сложно да работат. Божјиот народ не е подготвен за гласниот вик на Третиот ангел. Тој треба за себеси да изврши дело кое не треба да му се препушти на Бога да го изврши за него. Тоа е дело на секој поединец; никој не може да го изврши за друг. “Имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква нечистотија на телото и на духот, па да усовршуваме светост во страв Божји.” Неумереноста во јадењето е гревот кој што преовладува во овој век. Похотниот апетит направил робови од мажите и жените, ги замрачил нивните умови и ги отапил до тој степен нивните морални чувства така да светите, возвишени вистини на Божјиот збор не се ценети. Ниските страсти имаат завладеано со луѓето.
Со цел да биде подготвен за преобразување, народот Божји мора да се познава себеси. Тој мора да го познава своето тело, за да може заедно со псламистот да извикне: “Те прославувам, затоа што сум чудесно создаден.” Тие секогаш треба апетитот да го имаат под власт на моралните и на умните сили. Телото треба да биде слуга на умот, а не умот на телото. (1867) 1Т 486, 487
Подготовка за Освежувањето
- Бог бара од Својот народ да се очисти себеси од сета нечистотија на телото и духот, усовршувајќи светост во страв Божји. Сите оние кои што се рамнодушни и кои го одбегнуваат ова дело, очекувајќи Бог да го стори за нив тоа што Тој бара тие да го сторат за себеси, ќе се најдат лесни, кога кротките од Земјата, кои што ги извршиле Неговите судови, ќе бидат заштитени во денот на Божјиот гнев.
Мене ми беше покажано тоа дека доколку Божјиот народ не се обидува, да го изврши својот дел, туку чека освежувањето да дојде врз него и ги отстрани нивните зла и ги исправи нивните грешки; доколку се потпираат на тоа така да се очистат од нечистотијата на телото и духот, и се оспособат за учество во силниот вик на Третиот ангел, тој ќе се најде неподготвен. Освежувањето или силата Божја ќе дојде единствено врз оние кои се имаат подготвено себеси за тоа, на начин извршувајќи го она кое што Бог им го наложува, односно чистејќи се себеси од сета нечистотија на телото и духот, во страв Божји. (1867) 1Т 619
Повик до колебливите
- Неспроведувањето на исправните начела ја има расипано историјата на Божјиот народ. Непрекинато назадување во здравствената реформа, услови голем недостаток на духовност кое што го има обесчестено Бога. Подигнати се препреки какви никогаш не би се виделе доколку Божјиот народ чекореше во светлината.
Зар ние кои имаме такви големи предности ќе дозволиме во овој свет други да напредуваат пред нас во поглед на здравствената реформа? Зар ќе ги омаловажиме нашите умови и ќе ги злоупотребиме своите таленти преку погрешен начин на исхрана? Зарем нашата недоследност ќе стане предмет на осуда? Зар ќе живеме така нехристијански живот што Спасителот ќе биде засрамен да не нарече свои браќа?
Зар нема попрво да го вршиме здравствено-мисионското дело кое што е Евангелие во пракса, и да живееме на таков начин, за да мирот Божји може да владее во нашите срца? Зарем нема ли да го остраниме секој камен на сопнување од пред нозете на неверниците, секогаш имајќи го на ум она што е вистинско Христијанство? Многу е подобро да се откажеме од христијанското име отколку да исповедаме дека сме христијани, додека во исто време му попуштаме на апетитот, кој што ги засилува несветите нагони.
Господ повикува секој верник да го посвети својот живот безрезервно во Неговата служба. Тој повикува за одлучна реформа. Сите созданија под небото воздишуваат под проклетство. Божјиот народ треба да завземе такво место за да може да расте во благодатта, посветувајќи ги со вистината, телото, душата и духот. Кога тие ќе се одвојат од сите попуштања кои што го нарушуваат здравјето, ќе добијат појасно сфаќање за тоа во што се состои вистинската побожност. Прекрасна промена ќе се доживее во верското искуство. (R. & H., May 27, 1902) C.H. 578, 579
Сите ќе бидеме испробани
- Од голема важност е да сите ние поединечно го извршуваме добро својот дел, и да изградиме правилно мислење за тоа што треба да јадеме и пиеме, и како треба да живееме за да го запазиме здравјето. Сите ќе бидат испробани за да се види дали ќе ги прифатиме начелата на здравствената реформа или ќе одиме по патот на самоугодувањето.
Нека никој не мисли дека може да чини онака како што му е угодно во поглед на исхраната. Нека сите кои пред вас седат на трпезата, видат дека се држите за начелата на правилната исхрана, како и сите други начела, како би можела славата Божја да се открие. Вие не можете поинаку да чините; затоа што треба да изградите карактер за идниот, вечен живот. Големи одговорности почиваат врз секоја човечка душа. Да ги разбереме тие одговорности, и благородно да ги носиме во Божјото име.
До секој еден кој паѓа во искушение да му попушта на апетитот јас би можела да порачам: “Не му се предавај на искушението, туку ограничи се во употребата на здрава храна. Вие можете да се учите да уживате во здравата исхрана.” Господ им помага на оние кои што настојуваат да си помогнат себеси, но ако луѓето не вложат посебни напори да ја следат Божјата волја и намера, како тогаш Тој може да работи со нив? Да го извршиме својот дел, изградувајќи го своето спасение со страв и треперење – со страв и треперење за да не грешиме во постапувањето со своето тело, бидејќи сме обврзани пред Вога да ги сочуваме во што е можно подобра состојба. R. & H.,R. & H.,Feb. 10, 1910
Вистинската реформа е реформа на срцето
- Оние кои што би сакале да работат во Божјата служба не треба да тежнеат кон световни уживања и себични угодувања. Лекарите во нашите установи мора да бидат исполнети со живите начела на здравствената реформа. Луѓето нема никогаш да бидат вистински умерени, се додека благодатта Христова не стане начело кое пребива во срцето. Сите свечени обврски во светот нема да те направат тебе или твојата сопруга здравствени реформатори. Само буквалното воздржување од храната нема да ги излекува вашите заболени апетити. Вратот и Сестрата нема да постигнат умереност во сите нешта, се додека нивните срца не бидат преобразени од Божјата благодат.
Околностите не можат да извршат реформи. Христијанството предложува реформа во срцето. Она што Христос го чини внатре, ќе се покаже однадвор по налогот на обратениот ум. Планот да се започне однадвор, а потоа да се работи внатре никогаш не успевал, и никогаш нема да успее. Божјиот план со вас е да се започне во самото седиште на сите тешкотии, во срцето, и тогаш од срцето ќе произлезат начелата на праведноста; реформата ќе биде остварена однадвор како и одвнатре. (1896) Special Testimonies, Series A, No. 9, p. 54
- Оние кои што ги воздигнуваат стандардите, приближувајќи ги според Божјата наредба колку што можат во согласност со светлината која што Бог им ја дал преку Својот збор и сведоштвото на Неговиот Дух, нема да го променат својот начин на делување за да им угодат на желбите на своите пријатели или роднини, било да се тоа еден, двајца или цело мноштво, кои што живеат во спротивност од Божјите мудри одредби. Доколку напредуваме во овој поглед во согласност со начелата, доколку строго се придржуваме до правилната исхрана, доколку како христијани ги воспитуваме своите вкусови според Божјиот план, ние ќе вршиме влијание кое што ќе ја исполни Божјата цел. Прашање е: “Дали ние имаме волја да бидеме вистински здравствени реформатори?” Letter 3, [Види -720]
Прашање од основна важност
- Јас бев поучена да понесам порака до сиот наш народ во поглед на здравствената реформа затоа што многумина имаат отстапено од својата поранешна верност на начелата на здравствената реформа.
Божја цел за Неговите деца, е тие да пораснат до полнотата на мажите и жените во Христа. Со цел да го сторат тоа, тие мораат да ја користат правилно секоја сила на умот, душата и телото. Тие не можат да си дозволат залудно трошење на која и да е од умствените или физичкити сили.
Прашањето како да се запази здравјето е од примарна важност. Доколку ние го проучуваме ова прашање во Божји страв, ќе дознаеме дека е најдобро, за нашиот физички и духовен напредок, да се придржуваме до едноставноста во исхраната. Трпеливо да го проучуваме ова прашање. Нам ни треба знаење и расудување со цел мудро да напредуваме во тој поглед. На природните закони не треба да се противиме, туку да ги почитуваме.
Оние кои што имаат примено упатства во поглед на злата кои доаѓаат од употребата на месната храна, чајот и кафето, богатата и нездраво подготвената храна, и кои имаат одлучено да направат завет со Бога преку жртва, нема да продолжат да му попуштаат на апетитот за храната која што тие знаат дека не е здрава. Бог бара апетитот да се очисти, и да се покаже самоодрекнување во сето она што не е добро. Ова е работата која треба да биде извршена пред Неговиот народ за да може да застане пред Него како совршен народ.
Остатокот од Божјиот народ мора да биде обратен народ. Презентацијата на оваа порака треба да доведе до обратување и посветување на душите. Ние треба да ја чувствуваме силата на Светиот Дух во ова движење. Ова е прекрасна, јасна порака; таа значи се за оние кои што ја прифаќаат и таа треба да биде објавена со гласен вик. Ние мораме да имаме вистинска, постојана вера за тоа дека оваа порака ќе напредува, зголемувајќи ја својата важност се до завршетокот на времето.
Постојат некои верници кои прифаќаат одредени делови од Сведоштвата како порака од Бога, додека ги отфрлаат оние делови кои што ги осудуваат нивните омилени попуштања. Таквите личности работат спротивно од своето добро, и благосостојбата на црквата. Неопходно е ние да чекориме во светлината додека ја имаме. Оние кои што исповедаат дека веруваат во здравствената реформа, но сепак чинат спротивно на нејзините принципи во секојдневниот живот, ја рануваат својата душа и оставаат погрешен впечаток врз верниците и неверниците.
Свечена одговорност почива врз оние кои што ја познаваат вистината за сите нивни дела да одговараат со нивната вера, и за да нивните животи бидат префинети и посветени, а тие подготвени за делото кое мора брзо да биде завршено во овие завршни денови на објавувањето на оваа порака. Тие немаат време ниту сила за трошење во задоволување на апетитот. Зборовите треба да допрат до нас со сериозност која обврзува: “Покајте се затоа, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат времињата за освежувањето од лицето Господово.” (Дела 3:19) Постојат многумина меѓу нас на кои им недостасува духовност, и кои, доколку целосно не се обратат, сигурно ќе бидат загубени. Зар можете да си дозволите таков ризик? . . .
Единствено силата Христова може да изврши преобразба во срцето и умот, и затоа сите што би сакале да земаат учество со Него во новиот живот во небесното царство, мораат тоа да го вкусат. “Доколку некој не се роди повторно,” Спасителот рече, “не може да го види Божјето царство.” (Јован 3:3) Верата која што доаѓа од Бога е едиствена вера која што води до Бога. Со цел да му служиме Нему правилно, ние мораме да бидеме родени од Божествениот Дух. Тоа ќе не направи внимателни. Тоа ќе ни го очисти срцето и ќе ни ги обнови мислите, и ќе ни даде нови капацитети да го запознаеме и сакаме Бога. Тоа ќе ни даде нам волја за послушност на сите Негови барања. Тоа е вистинска служба на Бога. (1909) 9T 153-156
Да бидеме соединети
- Нам ни беше дадено делото на унапредување на здравствената реформа. Бог копнее Неговиот народ да живее во хармонија еден со друг. Како што ви е познато, ние мора да ја напуштиме положбата во која, според Божјиот налог стоиме последните триесет и пет години. Чувајте се од спротивставувањето на делото на здравствената реформа. Тоа ќе напредува затоа што е Божје средство за намалување на страдањата во нашиот свет, и за прочистување на Неговиот народ.
Бидете внимателни за тоа каков став ќе заземете, за да не се најдете како предизвикувачи на поделба. Брате мој, и покрај тоа што пропушташ да ги внесеш во својот живот и во животот на своето семејство благословите кои што доаѓаат од следењето на начелата на здравствената реформа, не им наштетувај на другите противејќи и се на светлината која е дадена од Бога во тој поглед. Letter 48, 1902
- Господ му има дадено на Својот народ порака во поглед на здравствената реформа. Таа светлина го осветлува нивниот пат веќе триесет години; и Господ не може да ги подржи Своите слуги на патот кој што ќе биде спротивен. Нему не му е угодно кога неговите слуги делуваат спротивно од пораката кон овој предмет, која што Тој им ја дал за да тие ја даваат на другите. Може ли Тој да биде задоволен кога половина од работниците, кои што работат во едно место, поучуваат дека начелата на здравствената реформа се така тесно поврзани со пораката на тројната ангелска вест како што раката е поврзана со телото, додека нивните соработници, преку своте дела, поучуваат начела кои се сосема спротивни? Тоа се смета за грев во Божјите очи. . .
Ништо не донесува такво обесхрабрување кон Божјите стражари, колку да се биде поврзан со оние кои што имаат ментална способност, и ги разбираат причините за нашата вера, но преку делата и примерот манифестираат рамнодушност кон моралните обврски.
Не можеме несериозно да се однесуваме кон светлината што Бог ни ја дал за здравствената реформа, затоа што оние кои што така чинат ќе доживеат штета; и никој човек не може да има надеж за успех во Божјето дело додека преку начело и пример, делува во спротивност на светлината која што Бог ја има испратено. С.Н. 561,562
- Важно е проповедниците да дадат упатства за умерениот начин на живеење. Тие треба да покажат како начинот на исхраната, работата, одморот и облекувањето го одржуваат здравјето. Сите кои што веруваат во вистината за овие последни денови, мораат да направат нешто во тој поглед. Тоа се однесува до нив, и Бог бара тие да се разбудат и заинтересираат за оваа реформа. Тој нема да биде задоволен со нивниот начин на живеење доколку тие го разгледуваат рамнодушно тоа прашање. (1867) 1Т 618
Сопнување за благословот
- Ангелот рече: “Воздржувајте се од телесните желби кои што војуваат против душата.” Вие се имате сопнато кај здравствената реформа. Вам ви се чини дека таа е непотребен додаток на вистината. Тоа не е така; таа е дел од вистината. Пред вас стои работа која мора да се заврши, и која е потешка од сето она што до сега било ставено пред вас. Додека вие се двоумите и стоите назад, неуспевајќи да положите надеж кон благословот како своја привилегија да го примите, трпите загуба. Вие се сопнувате над самиот благослов кое што небото го има сместено на вашиот пат за да ви го олесни напредокот. Сатаната тоа ви го презентира во најнепријатна светлина, за да се борите против она што е од најголема полза за вас, и што може да допринесе за вашето телесно и духовно здравје. (1867) 1Т 546
[Изговор за погрешните постапки под влијанието на сатаната – 710]
Размислување за судот
- Бог повикува доброволци да стапат во Неговата армија. Болните мажи и жени треба да станат здравствени реформатори. Бог ќе соработува со Своите деца во зачувувањето на нивното здравје, доколку тие се хранат грижливо, чувајќи се непотребно да не го оптоварат желудникот. Тој милостиво го направил природниот пат сигурен и безбеден, доволно широк за сите кои чекорат по него. Тој дал корисни и здрави производи од земјата за одржување на нашиот живот.
Оној кој што не обрнува внимание на Божјите поуки дадени во Неговата Реч и Неговите дела, оној кој не ги почитува божествените заповеди, има дефектно искуство. Тој е болежлив Христијанин. Неговиот духовен живот е слаб. Тој живее, но неговиот живот е лишен од убавината. Тој залудно ги троши драгоцените моменти на благодатта.
Многумина на телото му имаат нанесено многу штета преку непослушноста кон законите на животот, и можеби никогаш нема да заздрават од последиците на својата немарност; меѓутоа, дури и сега тие можат да се покајат и да бидат обратени. Човекот се има обидено да биде помудар од Бога. Тој станал закон за самиот себеси. Бог не повикува да посветиме внимание на Неговите барања, и да повеќе не Го обесчестуваме со тоа што ќе го спречуваме развојот на физичките, менталните и духовните способности. Прераното пропаѓање и смртта се резултат на одалечувањето од Бога во настојувањето да се чекори по патиштата на светот. Оној кој што си попушта самиот себеси, мора да сноси казна. На судот ние ќе видиме колку сериозно Бог гледа кон кршењето на законите на здравјето. Потоа, доколку ние фрлиме поглед наназад на токот на својот начин на живот и работа, ние ќе видиме колку знаење сме можеле да стекнеме за Бога, каков благороден карактер сме можеле да изградиме, доколку сме ја зеле Библијата за свој советник.
Бог очекува од Неговиот народ да стане мудар во разбирањето. Кога ја гледаме бедата, изопаченоста, и болеста, кои што имаат дојдено на светот како резултат на непознавањето за правилната грижа за телото, како можеме да се воздржуваме а да не предупредуваме? Христос рече дека како што беше во деновите на Ное, кога земјата беше исполнета со престап и изопачена преку злото; исто така ќе биде и кога ќе се појави Синот Човечки. Бог нам ни има дадено голема светлина, и доколку ние чекориме во таа светлина, ќе го видиме Неговото спасение.
Постои потреба од одлучни промени. Време е да ги понизиме своите горди, самоволни срца, и да го бараме Господа додека може да се најде. Како народ ние треба да ги понизиме своите срца пред Бога; затоа што дамките од недоследноста стојат на нашите дела.
Бог не повикува да се усогласиме со Него. Денот е далеку одминат. Ноќта веќе е на доглед. Судовите Божји веќе се гледаат, како на копното така и на морето. Нема да ни биде подарено второ време на милост. Сега не е време за правење на погрешни движења. Нека секој му благодари на Бога за тоа се уште имаме можност да обликуваме карактери за идниот вечен живот. Letter 135, 1902