Соодветна исхрана
Да не бидеме амнодушни
- Затоа што не е добро да јадеме само за да му угодуваме на изопачениот вкус, тоа не значи дека треба да бидеме рамнодушни во поглед на својата храна. Тоа е предмет од најголема важност. Никој не треба да прифати осиромашена исхрана. Многумина се ослабени од болест, и имаат потреба од хранлива и добро подготвена храна. Приврзаниците на здравствената реформа, најмогу од сите останати, треба да бидат внимателни да ја одбегнуваат крајноста. Телото мора да има доволно храна. Вог кој што на Своите возљубени им дава сон, исто има така и соодветна храна за да го одржуваат своето тело во здрава состојба. (1890) СН 118
- Со цел да имаме добро здравје, ние мораме да имаме добра крв, затоа што крвта е струја на животот. Таа ја надоместува загубата и го храни телото. Кога е снабдена со соодветни хранливи елементи и кога е прочистена и оживеана преку допирот со чистиот воздух, таа носи живот и сила до секој дел на телото. Колку е подобра нејзината циркулација, толку подобро таа ќе ја изврши својата задача. (1905) МН 271
[Поврзаност меѓу соодветната исхрана и здравиот ум – 314]
[Поврзаност меѓу соодветната исхрана и здравото духовно искуство – 324, параграф 4]
Вожјето изобилно снабдевање
- Вог обилно го има снабдено човекот со средства за задоволување на неизопачениот апетит. Тој пред него ги има рапространето производите на Земјата – огромна разновидност на храна која одговара на вкусот и која е хранлива за телото. Нашиот небесен Татко има речено дека од тоа ние можеме слободно да јадеме. Овошјето, житарките и зеленчукот подготвени на едноставен начин, без зачини и масти од кој и да е вид, приготвени со млеко или павлака се најздрави за јадење. Тие го хранат телото и даваат сила на издржливост и енергија на умот која не може да се добие од надразнувачката храна. (1890) СН
114,115
- Во житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови се наоѓаат сите хранливи состојки кои нам ни се потребни. Доколку дојдеме кај Господа во понизност, Тој ќе не поучува за тоа како да подготвуваме здрава храна, која не содржи дамка месна храна. МЅ 27, 1906
Осиромашената храна го руши угледот
на Здравствената Реформа
- Некои од нашите луѓе совесно се воздржуваат од употребата на нездравата храна, но
истовремено занемаруваат да јадат од храната која ги содржи состојките потребни за правилно одржување на телото. Никогаш да не сведочиме против здравствената реформа со тоа што ќе ја занемариме употребата на здрава, вкусна храна на местото на штетните намирници кои ги имаме отфрлено. Потребно е многу умешност и внимателност во подготвувањето на хранливи оброци на местото на оние кои што претставувале храна на многу семејства. Овој напор побарува вера во Вога, сериозност на намерата во подготвеност да си помогнеме еден на друг. Храната која има недостиг од здрави и хранливи состојки, нанесува срам на делото на здравствената реформа. Ние сме смртни и мораме да се снабдуваме со храна која ќе даде правилна хранливост на телото. ^еНег
135, 1902
[Осиромашената исхрана не се препорачува – 315, 317, 318, 388]
[Осиромашената исхрана резултат на крајноста – 316]
[Заштита од осиромашената исхрана кога се отрфла месната исхрана – 320, 816]
[Духовното искуство не се продлабочува со осиромашената исхрана – 323]
[Случаи на членови на семејства кои умираат заради недостаток на едноставна, здрава храна – 329]
- Испитувајте ги своите навики во исхраната. Проучувајте од причина до последица, но не сведочете лажно за здравствената реформа, постапувајќи во незнаење, кое што се бори против неа. Немојте да го занемарите или злоставувате телото и бидејќи така ќе го онеспособите и нема да можете да му ја пружите службата која со право му припаѓа на Вога. Колку што јас сигурно знам, некои од најуспешните работници во нашето дело имаат умрено заради такво занемарување. Грижата за телото, обезбедувајќи храна која што е угодна и која засилува, е една од првите должности на домаќинот. Многу е подобро да имаме поефтина облека и мебел, отколку да се притеснуваме во снабдувањето на трпезата со неопходните намирници. (1890) СН 155, 156
Прилагодување на ихраната според индивидуалните потреби
- Во употребата на храната ние треба да покажеме добар и здрав разум. Кога ќе откриеме дека одредена храна не ни одговара, тогаш не е потребно да пишуваме писма барајќи да ја дознаеме причината за пореметувањето. Променете ја исхраната; употребувајте помалку од некој вид на храна; обидете се да ја подготвите на друг начин. Наскоро ние ќе дознаеме како влијаат врз нас некои состојки. Како разумни човечки битија, да ги проучиме одделно принципите и да го користиме своето искуство и расудување во одлучувањето за тоа која храна нам најдобро ни одговара.
(1902) 7Т 133, 134
[Не можат сите да се хранат со иста храна -322]
- Вог ни дал разновидно изобилство на здрава храна и секој треба да го одбере она, што врз основа на своето искуство и здравото расудување, смета дека најдобро одговара на неговите потреби.
Природата не снабдува изобилно со овошје, зрнести плодови и житарки и од година во година производите од сите земји стануваат достапни до сите, со подобрувањето на транспортните средства. Заради тоа многу намирници, кои пред неколку години беа сметани за
скап луксуз, сега се достапни до сите како секојдневна храна. Тоа е посебно случај со сувото и конзервирано овошје. (1905) МН 297
[Да не се ограничува исхраната пред времето на неволјите – 323]
[Разновидност и финост во подготовката – 320]
[Соодветна храна во нашите санаториуми – 426, 427, 428, 429, 430]
[Во домот на Вајтови немаше сиромашна храна – Додаток 1:8, 17]