Како да се изнесуваат принципите на здравствената реформа

Сподели го ова:

Имајте ја предвид големата цел на реформата

  1. Постои голема потреба од поучување за реформа во исхраната. Лошите навики во јадењето и употребата на нездрава храна се во голема мерка одговорни за неумереноста, гревот и распуштеноста што го мачат светот.

При изнесувањето на здравствените принципи имајте ја предвид големата цел на реформата – целта да се обезбеди најдобар развој на телото, разумот и душата. Покажете дека природните закони, бидејќи се Божји закони, се одредени за наше добро и дека послушноста на нив донесува среќа во овој и помага во подготовката за идниот живот.

Водете ги луѓето да го проучуваат изразот на Вожјата љубов и мудрост во делата на природата. Водете ги да го проучуваат тој прекрасен организам, човечкото тело, и законите кои управуваат со него. Оние кои ги забележуваат доказите на Вожјата љубов, кои разбираат нешто од Неговата мудрост и благотворноста на неговите закони и исходот од послушноста, ќе дојдат до тоа да на своите должности гледаат од сосем поинаква гледна точка. Наместо на почитувањето на здравствените закони да гледаат како на жртва или самооткажување, тие ќе ги сметаат за она што тие навистина се: непроценлив благослов.

Секој евангелски работник ќе чувствува дека давањето упатства во врска со принципите на здравиот начин на живот е дел од работата што му е одредена. Голема е потребата од оваа работа и светот е отворен за неа.         (1905) МН 146, 147

  1. Вожјите барања треба да се врежат во совеста. Мажите и жените мораат да се разбудат и да ја согледаат должноста од владеењето со себе, потребата од чистота и ослободување од секоја расипана желба и навика. Во нив треба да се втисне фактот дека нивните умствени и телесни сили се дар од Вога, па како такви треба да се сочуваат во најдобра можна состојба за негова служба. (1905) МН 130

Следете ги методите на Спасителот

  1. Единствено Христовиот метод ќе донесе вистински успех во приближувањето до луѓето. Спасителот им се приближил на луѓето како Оној Кој им посакува добро. Тој ги покажал Своите чувства кон нив, им служел на нивните потреби и ја придобил нивната доверба. Тогаш ги повикал: “Појдете по мене”.

На луѓето треба да им се приближиме со лични напори. Кога би се посветило помалку време за проповедање, а повеќе време за лична служба, би се покажал поголем успех. На сиромасите треба да им се помогне, болните треба да се негуваат, нажалените и неволните треба да се утешат, оние кои не знаат треба да се поучат, неискусните треба да се советуваат. Ние треба да плачеме со оние кои плачат и да се радуваме со оние што се радуваат. Проследена со силата на верата, силата на молитвата, силата на Вожјата љубов, оваа работа не може и нема да биде без плод.

Секогаш треба да имаме предвид дека цел на здравствено-мисионската работа е да им укажеме на мажите и жените болни од гревот на Човекот од Голгота Кој ги зема гревовите на светот. Угледувајќи се на Него и ние ќе се преобразиме во Неговиот лик. Ние треба да ги охрабриме болните и оние кои страдаат да гледаат во Христа и да живеат. Работниците треба постојано да го воздигнуваат Христа, Големиот Лекар, пред оние на кои болеста на телото и душата им донела обесхрабрување. Укажете им на Оној Кој може да ги излекува и телесните и духовните болести. Зборувајте им за Оној Кој е трогнат од сочувство за нивните слабости. Поттикнете ги да Му се препуштат на Оној Кој го дал Својот живот за да им овозможи вечен живот. Зборувајте им за Неговата љубов, зборувајте им за Неговата сила со која спасува!

(1905) МН 143, 144

Покажете тактичност и љубезност

  1. Во секоја работа мислете на тоа дека сте поврзани со Христа, дека сте дел од големиот план на спасението. Христовата љубов, како исцелителна и животворна река треба да тече низ вашиот живот. Бидејќи сакате да ги доведете другите во кругот на Неговата љубов, чистотата на вашиот јазик, несебичноста на вашата служба, радоста на вашето однесување треба да бидат доказ за силата на Неговата милост. Покажете Го Христа на овој свет толку чист и праведен, што луѓето ќе Го гледаат во Неговата убавина.

Малку полза има од обидите да се реформираат другите со тоа што ќе го напаѓаме она што можеби го сметаме за лоши навики. Ваквиот напор често донесува повеќе штета отколку корист. Во Својот разговор со Самарјанката, наместо да го омаловажува Јакововиот извор, Христос & покажал нешто подобро: “Кога би го знаела дарот Божји”, & рекол, “И кој е Оној што ти вели: Дај ми да пијам ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал вода жива” (Јован 4:10). Тој го свртел разговорот на богатството што Тој можел да го подари, нудејќи & на жената нешто подобро од она што таа го имала – жива вода, евангелска радост и надеж.

Реформаторите треба да бидат најнесебични, најљубезни и најчовечни од сите луѓе на овој свет. Во нивните животи треба да се гледаат вистинската добрина и несебични дела. Работникот кој покажува недостиг од љубезност, кој покажува нетрпение кон незнаењето или двоумењето на другите, кој зборува избрзано или работи непромислено, може да ја затвори вратата на срцето така што никогаш повеќе да не може да се допре до нив. (1905) МН 156, 157

Реформата на исхраната треба да биде постепена

  1. Од почетокот на делото на здравствената реформа најдовме можност да воспитуваме, воспитуваме, воспитуваме. Вог сака да го продолжиме ова дело на воспитување на луѓето…

Во учењето на здравствената реформа, како и во секоја друга евангелска работа, треба да се запознаеме со луѓето онаму каде што тие се наоѓаат. Се додека не можеме да ги научиме како да подготвуваат вкусни, хранливи, а сепак ефтини јадења по здравствената реформа, ние немаме право да им ги изнесуваме најнапредните предлози за здравата исхрана.

Реформата во исхраната треба да биде пстепена. Народот прво да се поучи како да подготвува храна без млеко или путер. Кажете им дека наскоро ќе дојде време кога употребата на јајцата, млекото, павлаката или путерот веќе нема да биде безбедна, бидејќи болестите кај животните се зголемуваат сразмерно со зголемувањето на злото меѓу луѓето. Влиску е времето кога, поради гревот на паднатиот човечки род, целиот животински свет ќе стенка од болестите кои ја мачат нашата Земја.

Вог на својот народ ќе му даде способност и умешност да подготви здрава храна без овие артикли. Нашиот народ треба да ги остави сите нездрави рецепти. Треба да научи да живее со здрав начин на живот, учејќи ги другите на она што самиот го научил. Треба да го пренесува ова знаење исто како што ви ги пренесувал библиските упатства. Треба да ги научи луѓето како да го сочуваат здравјето и ја зголемат силата со одбегнување на многу готвење поради кое светот е полн со хронични болни. Со збор и пример објаснете им дека храната која Вог му ја дал на Адам во неговата безгрешна состојба, е најдобра за употреба ако човекот сака да ја поврати таа безгрешна состојба.

Оние кои даваат поуки за принципите на здравствената реформа треба да бидат мудри во разбирањето на болестите и нивните причинители, согледувајќи дека секоја дејност на човекот треба да биде во совршена согласност со законите на животот. Светлината што Вог ја дал за здравствената реформа е за наше спасение и за спасение на светот. Мажите и жените треба да бидат информирани за се што се однесува до градбата на човечкото тело кое Таткото го подготвил за Свое престојувалиште, и сака да бидеме негови верни чувари: “Вие сте храм на живиот Вог, како што рекол Вог: ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Вог, а тие ќе бидат Мој народ” (2. Коринтјаните 6:16).

Воздигнете ги принципите на здравствената реформа и Господ нека ги води оние кои се чесни во срцата. Изнесувајте ги принципите на умереноста во нивната најпривлечна форма. Разнесувајте книги кои даваат упатства за здравиот начин на живот.

Влијанието на нашите здравствени публикации

На луѓето им е потребна светлината што свети од страниците на нашите здравствени книги и списанија. Вог сака да ги употреби овие книги и списанија како средства преку чија што светлина ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе ги поттикне да внимаваат на предупредувањето на веста на третиот ангел. Нашите здравствени списанија се орудија во полето кои треба да завршат посебна работа во ширењето на светлината што жителите на светот мораат да ја добијат во овој ден на подготовка за Господа. Тие извршуваат извонредно влијание во интерес на здравјето, умереноста и реформа на моралната чистота во општеството, донесувајќи му голем благослов на народот доколку ги изнесуваат овие теми на соодветен начин и во нивната вистинска светлина.

(1902) 7Т 132-136

Трактати за здравствената реформа

  1. Треба да се направат многу посериозни напори за просветлување на луѓето во поглед

на возвишениот предмет на здравствената реформа. Трактати од четири, осум, дванаесет, шеснаесет или повеќе страници, кои содржат одбраним добро напишани статии во врска со ова големо прашање треба да се растураат како лисје во есен.           Р. & н., N0^. 4, 1875

[Пациентите од санаториумот да бидат поучување преку лекции – 474]

[Пациентите од санаториумот да бидат поучувани на исправна исхрана преку правилно поставена трпеза – 442, 443]

[Пациентите од санаториумот да бидат поучувани на умереност – 474]

Мудро постапување со прашањето на месната храна

  1. Во оваа земја (Австралија) постои организирано вегетаријанско здружение, но бројот на неговите членови и мошне мал. Луѓето од сите општествени слоеви, општо земено, употребуваат многу месо. Тоа е најефтиниот продукт; дури и онаму каде што владее голема сиромаштија на трпезите обично се наоѓа месо. Заради тоа е уште попотребно да постапуваме мудро со прашањето за јадење месо. Во поглед на ова прашање не теба да се работи брзо. Ние треба да ја согледаме состојбата на народот и силата на навиките кои се создавани во текот на целиот живот. Треба да бидеме внимателнини да не им ги наметнуваме нашите сфаќања на другите како да се работи за тест, а да ги третираме оние кои јадат месо како најголеми грешници.

Сите треба да добијат светлина за ова прашање, но таа треба да биде внимателно изнесена. Навиките за кои цел живот се мислело дека се добри не можат да се сменат со брзи и груби мерки. Ние треба да го едуцираме народот на соборите и на другите големи собири. Во текот на објавувањето на принципите на здравствената реформа, внимавајте да не го уназадите учењето со пример. Во нашите ресторани или шатори за ручање не треба да се најде никаков месо, туку неговото место треба да се пополни со овошје, житарки и зеленчук. Ние мораме да го спроведуваме во живот она на што ги поучуваме другите. Кога ќе седнеме на трпеза на која има месо, не треба да ги нападнеме оние што го употребуваат, туку ние самите да не го допираме, а кога ќе не прашаат за причината зошто така постапуваме, треба љубезно да објасниме зошто не го употребуваме.      ^еИег 102, 1896

Време за молчење

  1. Никогаш не сум сметала дека моја должност е да кажам дека никој, под никакви околности не смее да вкуси месо. Да му се каже такво нешто на народот кој е научен да живее на месна храна во толку голема мерка, би значело да се оди во крајност. Никогаш не сум сметала дека е моја должност да дадам сеопфатни тврдења. Се што сум кажала било кажано во смисол на должност, но сум се оградувала во своите тврдења, затоа што не сакав никому да дадам можност да биде совест на некој друг…

Во оваа земја се здобив со искуство слично на она што го стекнав во новите полиња во Америка. Видов семејства чии што околности не би дозволиле да ја опремат трпезата со здрава храна. Неверните соседи им праќаа месо од штотуку заклани животни. Тие од месото направија супа и го нахранија своето големо семејство со оброци од леб и супа. Не беше моја должност, ниту пак сметам дека е должност на било кој друг, да им држи предавања за лошите последици од јадењето месо. Чувствувам искрено сочувство со семејствата кои речиси & пристапија на вистината и кои се толку притиснати од сиромаштијата што не знаат од каде да го создадат следниот оброк. Не е моја должност да им проповедам за здравото јадење. Постои време кога треба да се зборува и време кога треба да се молчи. Можноста која ни е дадена во ваков вид околности е можност да се изговорат зборови на охрабрување и благослов, наместо укор и осуда. Оние кои целиот живот живееле на месна храна не гледаат никакво зло во продолжувањето со ваквиот живот и со нив мора внимателно да се постапува.       ^еКег 76, 1895

  1. Додека работиме против прекумерното јадење и неумереноста, ние мораме да ги

запознаеме условите во кои живее човечкото семејство. Вог се погрижил за оние кои живеат во разни делови на светот. Оние кои сакаат да бидат Вожји соработници, мораат внимателно да размислат пред да одредат која храна треба да се јаде,а која не треба. Ние треба да стапиме во врска со сите луѓе. Ако ја проповедаме здравствената реформа во нејзината најстрога форма пред оние чии што околности го попречуваат нејзиното прифаќање, тогаш ќе се направи повеќе штета отколку корист. Кога им го проповедам Евангелието на сиромасите, упатена сум да им кажам да ја јадат онаа храна која им е најхранлива. Јас не можам да им речам: “Вие не смеете да јадете јајца, или млеко или павлака. Не смеете да користите путер во приготвувањето на храната”. Евангелието мора да им се проповеда на сиромасите, но се уште не е дојдено време за пропишување на најстрогата исхрана.            (1909) 9Т 163

Погрешен метод на работа

  1. Немојте да се држите до мислењата на поединци и од нив да правите тест, критикувајќи ги другите чиј начин на живот можеби не се согласува со вашето мислење; туку проучувајте ја оваа тема опширно и длабоко и обидете се совршено да го усогласите сопственото гледиште и начин на живот со принципите на вистинската христијанска умереност.

Има мнозина такви кои се обидуваат да го поправат животот на другите така што го напаѓаат она што самите го сметаат за лоша навика. Тие одат кај оние за кои сметаат дека грешат и им укажуваат на нивните недостатоци, но се обидуваат да ги насочат нивните мисли кон вистинските принципи. Ваквиот начин е често мошне ограничен и не може да ги донесе саканите резултати. Кога се обидуваме да ги поправиме другите, ние многу често ја разбудуваме нивната борбеност и правиме повеќе штета отколку корист. Тоа е опасност и за оној што предупредува. Оној што зема на себе да ги поправи другите, има изгледи да создаде навика на изнаоѓање грешки и наскоро целиот негов интерес ќе се сведе на барање грешки и изнаоѓање мани. Не ги набљудувајте другите за да чепкате по нивните грешки, или да ги изнесувате нивните мани. Со силата на својот пример научете ги на подобри навики.

Секогаш имајте предвид дека големата цел на здравствената реформа е да овозможи највисок развој на умот, душата и телото. Сите природни закони – кои се Вожји закони – се одредени за наше добро. Послушноста кон нив ќе ни донесе среќа во овој живот и ќе ни помогне во подготвувањето за животот кој ќе дојде.

Постои нешто подобро за разговор од маните и слабостите на другите. Зборувајте за Вога и Неговите прекрасни дела. Проучувајте ги изразите на Неговата љубов и мудрост во сите дела на природата.            (1890) С.Т.В.Н. 119, 120

Поучувајте со пример

  1. Во вашето дружење со неверните немојте да дозволите да ве одвлечат од

вистинските принципи. Ако седнете на нивната трпеза, јадете умерено и само онаа храна која нема да создаде сметеност на умот. Чувајте се од неумереност. Не можете да ги заслабнувате своите умствени или физички сили зашто ќе станете неспособни за духовно расудување. Чувајте го својот ум во состојба во која ќе може да ги втисне во него скапоцените вистини од Својата реч… Не ги набљудувајте другите за да укажете на нивните грешки и мани. Поучувајте со пример. Вашето самооткажување и вашата победа над апетитот треба да бидат сликовит приказ на послушност кон вистинските принципи. Вашиот живот треба да сведочи за посветувачкото и облагородувачкото дејство на вистината.          (1900)6Т 336

Прикажете ја умереноста во нејзината најпривлечна форма

  1. Господ сака секој проповедник, секој лекар, секоја верник на црквата да биде претпазлив да не ги принудива оние што не ја познаваат нашата вера да направат избрзани промени во исхраната и на тој начин да ги доведе во прерано искушение. Издигнете ги принципите на здравствената реформа и Господ нека ги води чесните по срце. Тие ќе чуваат и веруваат. Господ не побарува од Своите гласници да ги изнесуваат прекрасните вистини на здравствената реформа на начин кој ќе создаде предрасуди во душите на другите. Никој да не постави камен за сопнување пред оние кои се на темните патишта на незнаењето. Дури и кога се фали нешто што е добро, добро е да не бидеме премногу воодушевени за да не ги одвратиме од патот оние што ќе дојдат да слушаат. Изнесете ги принципите на умереноста во нивната најпривлечна форма.

Ние не смееме невнимателно да напредуваме. Работниците кои влегуваат во нови подрачја да подигнат цркви, не смеат да создадат тешкотии обидувајќи се да направат истакнато прашање од исхраната. Тие мораат да внимаваат да не повлечат премногу тесни граници. На тој начин ќе стават пречки на патот на другите. Немојте да го присилувате народот. Водете го. Проповедајте ја Речта онаква каква што е во Исуса Христа… Работниците треба да вложат одлучни и истрајни напори, имајќи на ум дека не може да се направи се наеднаш. Треба цврсто да одлучат дека народот ќе го поучуваат со трпение.         ^еНег 135, 1902

  1. Зарем не мислите дека секој од нас е лично одговорен? Ние од исхраната нема да

направиме тест, туку ќе се трудиме да го едуцираме умот и да ја издгинеме моралната моќ, за да може здравствената реформа да биде прифатена на мудар начин, како што тоа Павле го изнесува во Римјаните.13:8-14; 1.Коринтјаните. 9:24-27; 1.Тимотеј 3:8-12.  МЅ 1 а, 1890

Да ги пресретнеме луѓето онаму каде што тие се наоѓаат

  1. Во една пригода Сара (Макентерфер) беше повикана во едно семејство во Дора Крик во кое сите членови беа болни. Таткото беше од едно мошне угледно семејство но, почнал да пие, а неговите жена и децата се најдоа во голема немаштија. За време на болеста во куќата немало ништо што би било соодветно за јадење. Тие одбиваа да јадат се што ќе им однесевме. Веа навикнати на месо. Затоа, сметавме дека нешто мора да се направи. и реков на Сара: “Земи пилиња и направи им чорба.” Така Сара ги негуваше во нивната болест и ги хранеше со оваа чорба. Набргу, тие оздравеа.

Тоа е начинот на кој работевме. Не им кажавме на луѓето: “Не смеете да јадете месо.” Иако ние самите не употребувавме месо, тогаш кога сметавме дека тоа е важно за ова семејство во нивната болест, ние им го дадовме она што сметавме дека им треба. Има ситуации кога ќе мораме да ги сретнеме луѓето онаму каде што тие се наоѓаат.

Таткото на ова семејство беше интелигентен човек. Кога семејството закрепна, ние го отворивме Светото Писмо и овој човек се обрати и ја прифати вистината. Тој го отфрлил; и своето луле, се откажа од пиењето и, од тоа време, до крајот на животот ниту пушеше ниту пиеше. Штом се укажа можност за тоа, ние го земавме нашиот имот и му го доверивме обработувањето на земјата. Кога заминавме да присуствуваме на состаноците во Њукасл овој човек умре. Некои наши работници внимателно го негуваа и лекуваа, но телото, злоупотребувано долго време, не можеше

да им одговори на овие напори. Меѓутоа, тој умре како христијанин и како човек кој ги држи заповедите.   ^еКег 363, 1907

Средба со крајности – историска изјава

  1. Кога есента 1870 се вративме од Канзас, братот В. лежеше во куќата болен од треска… Неговиот случај беше критичен…

За нас немаше ниту малку одмор иако ни беше потребен. “Преглед”, “Реформатор” и “Инструктор” мораа да излезат. (Сите нивни уредници во тоа време беа болни)… Мојот сопруг започна со работа, а јас му помагав во она што можев…

“Реформатор” беше во опасност да згасне. Вратот В. го препорачуваше екстремниот став на др. Трол. Тоа, пак, влијаеше на докторот уште да истапи уште поодлучно за напуштањето на млекото, шеќерот и солта во “Реформатор”. Ставот за целосно отфрлање на овие продукти може да биде исравен по својата суштина, но се уште не е дојдено време да се завземе одлучен став по овие точки. Оние кои навистина завземаат ваков став и се залагаат за целосно исфрлање на млекото, путерот и шеќерот од употреба, треба од нив да ги исчистат своите трпези. Вратот В., дури иако во “Реформатор” завземаше ваков став заедно со др. Трол за штетното влијание на солта, млекото и шеќерот, не го спроведуваше во живот она за штро се залагаше. На неговата трпеза овие артикли секојдневно се употребуваа.

Мнозина од нашите луѓе го загубија интересот за “Реформатор” и од ден ден пристигнуваа писма со ова обесхрабрувачко барање: “Ве молиме да престанете да ни испраќате “Реформатор”… Никаде на западот не можевме да разбудиме интерес за “Здравствениот реформатор” кај нови претплатници. Увидовме дека писателите во “Реформаторот” отишле далеку од народот, оставајќи го зад себе. Ако застанеме на ставот кој совесните христијани, вистинските застапници на здравствената реформа не можат да го прифатат, како можеме да очекуваме да направиме добро за општеството до кое можеме да допреме само од здравствена гледна точка.

Трпение, предострожност и истрајност се потребни во реформаторското движење

Ние не смееме да одиме побргу отколку што можеме да ги поведеме со себе оние чии што совест и разум се убедени во она што го застапуваме. Мораме да се сретнеме со луѓето онаму каде што тие се наоѓаат. На некои од нас им требале многу години додека стасаат до сегашниот став во поглед на здравствената реформа. Да се оствари здравствена реформа во исхраната е бавна работа. Ние треба да се судриме со моќниот апетит бидејќи светот се оддал на прекумерно уживање во јадењето. Кога на луѓето би им дозволиле онолку време колку што нам ни било потребно за да дојдеме до сегашната напредна состојба во реформата, тогаш би биле мошне трпеливи со нив и би им дозволиле да напредуваат чекор по чекори, како што и ние сме напредувале, се додека нивните стапки не зацврснат на платформата на здравствената реформа. Но, мораме да бидеме мошне внимателни да не напредуваме премногу бргу за да не бидеме принудени да се враќаме по истите стапки. Во реформата е подобро да се направи помал чекор кон целта, отколку да ја надминеме целта за еден чекор. А ако воопшто постои грешка, таа треба да биде на страната која не доближува до народот.

Пред се, не треба со нашето перо да ги застапуваме ставовите кои не сме ги испитале практично во своите семејства, на своите трпези. Тоа е преправање, еден вид лицемерие. Во Мичиген можеме да поминеме подобро без сол, млеко и шеќер, отколку кај оние населени на далечниот запад или исток каде има недостиг од овошје… Ние знаеме дека прекумерната употреба на овие продукти му наштетува на здравјето, и во многу случаеви сметаме дека без нивна употреба здравјето би било многу подобро.

Меѓутоа, нашата сегашна должност не е поврзана со овие појави. Народот е толку заостанат, што и ние гледаме дека единствена линија што ќе ни дозволи да ја повлечеме е онаа преку стимулансите – наркотиците. Јасно сведочиме против тутунот, жестоките пијалаци, бурмутот, чајот, кафето, месната храна, путерот, зачините, богатите колачи, питите со месо, големите количества сол, како и стимулативните средства кои се употребуваат во исхраната.

Ако дојдеме кај лица кои не се просветени во однос на здравствената реформа и веднаш им ги изнесеме нашите најстроги ставови, постои опасност дека ќе се обесхрабрат кога ќе видат од

што се треба да се откажат, и дека нема да направат никаков напор да се реформираат. Ние мораме да ги водиме луѓето трпеливо и постепено, сеќавајќи се на дупката од која сме извадени.

(1870) 3Т 18-21

Сподели го ова:

Слични објави