Пијалоци
Дел 1 – Пиење вода
Чистата вода е благослов
- Кога сме здрави и кога сме болни чистата вода е еден од најодбраните небесни
благослови. Нејзината соодветна употреба го поправа здравјето. Тоа е пијалокот кој Вог го обезбедил за згаснување на жедта на животните и човекот. Пијте ја слободно, таа помага во обезбедувањето на неопходните состојки во организмот и & помага на природата да им се спротивстави на болестите. (1905) МН 237
- Треба да јадам умерено, тоа го ослободува мојот организам од непотребниот товар; треба да го поттикнувам ведрото расположение и да си ги овозможам благодетите од соодветното движење на чист воздух. Треба често да се капам и да пијам многу чиста, мека вода. НеаИИ ВеГогтег, Јапиагу, 1871
Употреба на водата за време на болест
- Водата може да се употреби на многу начини за да ги олесни страдањата. Неколку
голтки чиста, топла вода земени пред јадење (околу 150мл.) никогаш нема да наштетат, туку напротив ќе донесат добро. ^еКег 35, 1890
- Илјадници кои можеле да живеат умреле од недостиг на чиста вода и чист воздух… Овие благослови им биле потребни за да можат да се чувствуваат добро. Да сакале да бидат просветлени, да се оттргнат од медицината и да се навикнат себеси на движење на свеж воздух, и на воздух во нивните домови лете и зиме, да употребуваат мека вода за пиење и капење, тие би биле неспоредливо добри и среќни наместо да се влечкаат низ бедното постоење. (1866) Н. 1о Ц, с1г 4, р.56
Во случај на треска
- Кога би давале за пиење многу вода и би ставале надворешни облоги од истата во случај на треска, би заштедиле долги ноќи и денови на страдања и би спасиле многу скапоцени животи. Но илјадници умреле од треска, додек горивото што ја поттикнува горело, животот се јадел, а тие умирале во најголема агонија без да им биде дозволено да се напијат вода за да ја изгаснат својата жед. Водата, која се користи за да се изгасне пожар и да се спаси некоја градба, не им се дозволува на човечките суштества за да го изгаснат огнот кој ги јаде нивните животи.
(1866) Н. 1о Ц, сИ. 3, р. 62, 63
Правилна и погрешна употреба на водата
- Мнозина грешат пиејќи студена вода со своите оброци. Земена за време на оброкот, водата го намалува лачењето на плунката; а колку е водата постудена, толку е поштетна за желудникот. Водата или лимонадата со мраз, земена за време на оброкот, ќе го запре варењето
на храната се додека организмот повторно не постигне доволна топлина за да продолжи со својата работа. Топлите пијалаци заслабнуваат; а освен тоа, оние кои уживаат во нивната употреба, стануваат робови на навиката. Храната не треба да се одмива; не е потребно да се пие за време на оброкот. Јадете полека и дозволете & на плунката да се измеша со храната. Колку повеќе течност ќе внесете во желудникот заедно со храната, толку нему ќе му биде потешко да ја преработи, бидејќи ќе мора прво да се апсорбира течноста. Не јадете многу сол; откажете се од киселите краставички; држете ја лутата храна надвор од вашиот желудник; јадете овошје за време на вашите оброци и дразбата која толку многу бара да се напиете нешто ќе исчезне. Но доколку сепак ви треба нешто да ја згаснете жедта, чистата вода, пиена малку време пред или по оброкот, е се што & треба на природата. Никогаш не пијте чај, кафе, пиво, вино или некакви алкохолни пијалаци. Водата е најдобрата можна течност за чистење на ткивата. в. & н., Ји1у 29, 1884 [Повеќе за пиење за време на оброците – 165, 166]
[Еден од Божјите лекови – 451, 452, 454]