Првобитната храна

Сподели го ова:

Одбрана од Создателот

  1. Со цел да знаеме која храна е најдобра, мораме да го проучуваме првобитниот Вожји план за човековата исхрана. Оној кој што го создаде човекот и кој што ги разбира неговите потреби, му одреди храна на Ддама. “Еве,” рече Тој, “ви дадов секаков вид на растение, што дава семе, . . . и секое дрво, што во себе има плод според својот вид и род: тоа да ви биде за храна.” Кога го

напушти Едем и тргнал да си обезбеди за својата живеачка, тешко обработувајќи ја земјата под проклеството на гревот, на човекот му било дозволено да јаде и “зелје полско”.

Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ја сочинуваат храната која што за нас ја одбра нашиот Создател. Оваа храна, подготвена на што е можно поедноставен и поприроден начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и бистрината на умот кое што не може да се постигне со посложената и постимулативна исхрана. (1905) МН 295, 296

  1. Бог им даде на нашите прародители храна, која ја одреди за човештвото. Одземањето на животот на кое и да е создание беше спротивно од Неговиот план. Во Едем не требаше да има смрт. Плодовите од дрвјата во градината беше храна која одговарала на човековата потреба. (1864) Ѕр. СГСѕ IV, 120 [Види – 639]

Повик за враќање

  1. Господ има намера Својот народ да го врати на исхраната од едноставното овошје,

зеленчук и житарки. . . .Вог обезбеди овошје во природна состојба за исхраната за нашите прародители. (1890) Е ѓгот ^Т 5, 6

  1. Господ работи во полза на Својот народ; Тој не сака нив да ги остави без средства за живот. Тој ги враќа нив на исхраната која на почетокот беше дадена за човекот. Неговата исхрана требаше да се состои од храна составена од намирниците кои што Тој ги имаше обезбедено. Главните продукти употребени во оваа исхрана ќе бидат овошјето, житарките и зрнестите плодови, а ќе се користат и разни видови на корења. (1902) 7Т 125, 126
  2. Повторно и повторно ми беше покажано дека Вог го враќа Својот народ, назад на Својот првобитен план, а тоа е да не се храни со месото на мртвите животни. Тој има желба ние да го поучуваме народот за подобриот начин на исхрана. . .

Доколку месото се остави, доколку вкусот се воспитува во таа насока, доколку се изградува желба за храна од овошје и житарки, тогаш наскоро ќе биде онака како што Вог во почетокот замислил да биде. Неговиот народ нема да употребува месо. ^еНег 3, 1884

[Израел вратен назад кон првобитната исхрана – 644]

[Вожјата цел во ограничувањето на исхраната на Израел – 641, 643, 644]

Дел 2 Едноставна храна

Помош за бистрина на умот

  1. Сега е потребно повеќе отколку кога & да е претходно храната да стане што поедноставна. (1869) 2Т 352
  2. Господ сака луѓето да изградат цврст карактер. Непостојаните нема да добијат богата награда. Тој сака оние кои работат во Неговото дело да бидат луѓе со изострени чувства и брзо сфаќање. Тие треба да бидат умерени во јадењето; богата и луксузна храна не треба да се најде на нивните трпези. Кога мозокот е постојано оптоварен и кога недостигаат физичките вежби, тие треба да јадат умерено, дури и од едноставната храна. Даниеловата бистрина на умот и цврстината на целта, силата на неговиот разум во стекнувањето на знаење, во голема мерка биле резултат на неговата едноставна исхрана поврзана со неговиот живот на молитва. (1980) 4Т 515, 516

[Едноставната храна која ја одбра Даниел – 33, 34, 241, 242]

  1. Драги мои пријатели, наместо да се спротивставите на болеста, вие со неа нежно постапувате и паѓате под нејзина власт. Вие треба да ја одбегнувате употребата на лекови и грижливо да ги почитувате законите на здравјето. Доколку го вреднувате својот живот треба да јадете едноставна храна, подготвена на наједноставен начин и повеќе да се занимавате со физички вежби. Секој член на семејството има потреба од ползата на здравствената реформа. Меѓутоа, земањето на лекови треба засекогаш да се напушти, затоа што тие не лекуваат, туку го слабеат телото и го прават повеќе подлежно на болести. (1885) 5Т 311, 1885

Ослободува од многу страдања

  1. Потребно е да ја спроведуваш здравствената реформа во својот живот, да се одрекнеш од самиот себеси и да јадеш и пиеш на Божја слава. Воздржувајте се од телесните желби кои што војуваат против душата. Потребно е да применуваш умереност во сите нешта. Тоа е крстот кој што ти го одбегнуваш. Твоја задача е да се определиш за едноставна храна која што ќе те запази во најдобро здравје. Да живееше според светлината, која Небото дозволи да го осветлува твојот пат, твоето семејство би било поштедено од многу страдања. Твојот начин на однесување донесе сигурни последици. Се додека продолжуваш во таа насока, Господ нема да дојде во твоето семејство за посебно да ве благослови и да стори чудо, спасувајќи ве вас од многу страдања. Едноставната исхрана, без зачини, месо и маст од кој и да е вид, ќе се покаже како благослов за вас и ќе ја ослободи твојата сопруга од многу страдања, жалости и обесхрабрувања. . .

Поттик за едноставен живот

Со цел да му служите на Вога совршено, морате да имате јасни сфаќања за Неговите барања. Треба да употребувате наједноставна храна, подготвена на наједноставен начин, како нежните мозочни нерви не би ослабнале и станале нечувствителни или парализирани, така што не можете да го распознавате светото ниту да ги вреднувате Помирувањето и Христовата крв за очистувањето како непроценлива вредност. “Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. Секој што се бори, од се се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние траен. Јас, пак, се така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар; туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден.”

Кога луѓето се потчинуваат на умереност во сите нешта, за предмет кој што не е повреден од распадлив венец како награда за нивната амбиција, колку повеќе тогаш треба да имаат волја да се прифатат за самоодрекнување оние кои што тврдат дека тежнеат не само за венец на бесмртна слава, туку за живот кој што ќе трае колку и престолот на Јехова, и за богатствата кои што се вечни, почестите кои што се непоминливи и за славата која вечно ќе трае.

Зар поттикот даден на оние кои што трчаат во христијанската трка, нема да ги води да покажат самоодрекнување и умереност во сите нешта, како би ги потчиниле своите животински наклонетости, и умртват својата телесност како би го контролирале апетитот и страстите? Тогаш можат да станат соучесници во божествената природа затоа што избегале од изопаченоста која што владее во овој свет која е предизвикана преку телесните похотти. (1868) 2Т 45, 46

Награда за истрајноста

  1. Лицата навикнати на богата и високо стимулативна исхрана, имаат неприроден вкус и не можат оддеднаш да уживаат во едноставната храна. Ќе биде потребно некое време за вкусот да им стане природен и стомакот да закрепне од страдањето заради злоупотребата што ја поднесувал. Меѓутоа, оние кои што ќе опстојат во употребата на здрава храна, по некое време, ќе ја сметаат таа храна за вкусна. Тие ќе го вреднуваат нејзиниот благ и пријатен вкус и ќе ја јадат со поголемо задоволство, отколку штетните деликатеси. Желудникот ќе биде во здрава состојба, и така ниту вознемирен ниту преоптоварен, ќе може добро да ја извршува својата задача. (1905) МН 298, 299

Да напредуваме

  1. Реформата во исхраната е заштеда на трошоци и работа. Потребите на семејството, кое е

задоволно со едноставна, здрава храна, може лесно да бидат задоволени. Вогата храна ги уништува здравите органи на телото и умот.            (1864) Ѕр.С^ѕ IV, 132

  1. Мораме да водиме сметка да не претеруваме во кој и да е поглед. Мораме да се

задоволиме со чиста, едноставна храна, подготвена на наједноставен начин. Таков треба да биде начинот на исхраната како на богатите така и на сиромашните. Штетните состојки треба да ги одбегнуваме. Ние се подготвуваме за идниот, бесмртен живот во небесното царство. Ние очекуваме да ја извршуваме својата работа во светлината и силата на големиот, моќен Исцелител. Сите треба            во самопожртвување да го извршат својот дел.

^еНег 309, 1905

  1. Многумина ме имаат запрашано: “Како да живеам за најдобро да го запазам своето здравје?” Мојот одговор гласи: “Престани да ги престапуваш законите на своето битие, престани да го задоволуваш својот изопачен апетит, јади едноставна храна, облекувај се здраво со скромна едноставност, не претерувај во работата и нема да бидеш болен.” Неа1Ш ГСеѓогтег, Аидиѕѓ, 1866

Исхрана за време на состаноците под шатори

  1. Ништо со исклучок на најздрава храна, подготвена на едноставен начин и без каков и да е зачин, како и масти, не треба да се донесат на состаноците под шаторите.

Јас сум убедена дека никој не мора да се разболи подготвува-јќи се за состаноците под шатори, доколку се придржува до здравствените закони за време на готвењето. Доколку тие не прават колачи и пити, туку едноставен Грахамов леб, и доколку се хранат со готвено или сушено овошје, тие не треба да се разболат додека се подготвуваат за состаноците, и не треба да бидат болни, додека се на состаноците. Никој не треба да биде на состаноците без топла храна. На просторот за одржување на состанокот, секогаш постојат кујни од каде таа може да се добие.

Враќата и сестрите не мораат да бидат болни за време на кампувањето. Доколку правилно се облекуваат наутро и навечер, кога е студено; доколку ја менуваат својата облека според промената на времето за да ја запазат правилната циркулација; доколку строго почитуваат редовност во спиењето и во јадењето на едноставна храна, не земајќи ништо помеѓу оброците, не треба да бидат болни. Можат да се чувствуваат добро за време на состанокот, нивните умови ќе бидат бистри и способни да ја ценат вистината, и тие ќе можат да се вратат во своите домови телесно и духовно освежени. Оние кои што од ден на ден биле вклучени во напорна работа, сега престануваат со работа и затоа не треба да го внесуваат своето вообичаено количество на храна. Доколку пак така прават, нивните стомаци ќе бидат оптоварени.

На овие состаноци ние сакаме да имаме посебно силен ум и во најдобра здравствената состојба да ја слушаме вистината, да ја цениме и да ја запаметиме, за да можеме сите да ја примениме по враќањето од состанокот. Доколку желудникот е оптоварен со одвишок дури и на едноставна храна, силата на умот е повикана на помош на органите за варење. Мозокот е умртвен. Скоро е невозможно очите да се држат отворени. Токму оние вистини кои што би требало да се слушнат, разберат и применат во животот, целосно се изгубени заради нерасположението или заради тоа што мозокот е скоро парализиран како последица од квантитетот на внесената храна.

Јас би препорачала на сите барем наутро да изедат нешто топло. Тоа можете да го постигнете без многу труд. Можете да подготвите пченична каша. Доколку брашното е премногу крупно, просејте го, и додека кашата е топла додајте млеко. Тоа ќе биде највкусно и најздраво јадење за време на состаноците. Доколку лебот е сув, прекршете го и ставете го во кашата и тогаш ќе можете да го јадете. Не одобрувам употреба на премногу студена храна, затоа што на организмот му се одзема сила за затоплување на храната до температурата на желудникот, како варењето би можело да отпочне. Друго едноставно, но сепак здраво јадење е варениот или печениот грав. Разреди порција на грав со вода, додади млеко или павлака, и направи чорба. Лебот може да се употреби како и во пченичната каша.     (1870) 2Т 602, 603

[Продавање на слатки, сладолед и друго на местото на кое се одржуваат состаноците под шатори – 529, 530]

[Непотребно готвење во подготвувањето за состаноците под шатори – 57]

Ручек на излет

  1. Нека неколку семејства, кои живеат во град или на село се договорат и ги остават своите работни обврски кои што телесно и умствено ги имаат оптоварено, и нека направат излет покрај брегот на некое убаво езеро или во некоја шумичка, каде што сцените на природата се прекрасни. Тие треба да обезбедат едноставна и здрава храна, најдобро овошје и житарки, и да ја постават својата трпеза во сенка на некое дрво или под ведро небо. Возењето, движењето и природата ќе го зајакнат апетитот и тие ќе уживаат во оброкот на кој и царевите би им позавиделе. (1867) 1Т 514

[Одбегнувај претерано готвење – 793]

[Совет за работниците кои имаат седечки работни места – 225]

[Едноставни оброци за сабота – 56]

  1. Нека оние кои што се застапуваат за здравствената реформа сериозно настојуваат да ја спроведат онака како што тие кажуваат за неа. Нека го отфрлат сето она што му штети на здравјето, користејќи едноставна, здрава храна. Овошјето е одлично и не бара многу подготовка. Отфрлете ги богатите торти, колачи, десерти и други јадења подготвени да го искушуваат апетитот. Внесувајте малку видови на храна за време на еден оброк и јадете со благодарност. ^еНег 135, 1902

Бдноставност во гостопримството

  1. Христос со Својот живот има дадено поука за гостопримството. Кога беше опкружен со гладното мноштво покрај езерото, Тој не ги отпушти нив дома незакрепнати. Тој им рече на Своите ученици: “Подајте им вие да јадат!” (Матеј 14:16) Со чин на создавачка сила, Тој обезбеди храна која што беше доволна да ги задоволи нивните потреби. Но сепак храната која што Тој ја обезбеди беше едноставна! Немаше раскошност. Тој кој што ги имаше на располагање сите извори на Небото, можеше на народот да му пружи богат оброк. Меѓутоа, Тој им го даде само она кое што ја задоволи нивната потреба, тоа што беше дневна храна на рибарите околу езерото.

Доколку луѓето денес имаат поедноставни навики, живеејќи во хармонија со законите на природата, тогаш сите потреби на човечкото семејство би биле богато задоволени. Би постоеле помалку нескромни желби и повеќе можности да се работи на Божјите начини. Христос не сакаше да ги привлече луѓето кон Себеси, задоволувајќи ја нивната желба за раскошен живот. Едноставната храна која што им ја даде, не беше само потврда за Неговата сила туку потврда за Неговата љубов и Неговата нежна грижа за нив во нивните секојдневни животни потреби. (1900) 6Т 345

  1. Мажите и жените кои што исповедаат дека се Христови следбеници често пати се робови на модата и на нескротениот апетит. Времето и силата, кои што би требало да се посветат на повозвишените и поблагородните цели, се трошат на подготовка на разни нездрави јадења, наменети за модните собирања. Затоа што тоа е мода, многу сиромашни кои што зависат од својата секојдневна работа, се изложуваат на трошоци во подготвувањето на разни видови на богати колачи, слатко, пити и разновидна модерна храна за посетителите, која само ќе им наштети на оние кои што ќе учествуваат во неа; додека во исто време тие имаат потреба од истиот износ на своите пари така потрошен за набавка на облека за себеси и за своите деца. Времето потрошено за подготовка на храна, за задоволување на апетитот на штета на желудникот, би требало да се посвети на морално и верско поучување на своите деца.

Модерните собирања станале можност за неумерено јадење. штетната храна и пијалоците се земаат во толкаво количество така што тешко ги оптеретуваат органите за варење. Животните сили мораат непотребно да работат за да ги сварат, а тоа предизвикува исцрпеност и во голема мерка го пореметува крвотокот, така што среде тоа во целото тело се чувствува недостиг на животна сила. Благословите кои што би можеле да произлезат од ваквите посети често пати се

изгубени затоа што вашата домаќинка, наместо да има полза од вашиот разговор, се мачи околу печката, подготвувајќи разни јадења за да ве угости. Христијаните и христијанките, со тоа што нема да јадат од јадењето подготвено на таков начин, нема да дозволат нивното влијание да даде подршка на таквиот живот. Дадете им до знаење дека целта на вашата посета не е задоволување на апетитот, туку меѓусебен благослов кој произлегува од дружењето и размената на мислите и чувствата. Разговорот треба да биде од возвишен, облагородувачки карактер, на кој потоа ќе се сеќаваме со чувства на највозвишено задоволство.    (1865) Н. ѓо сб. 1,54, 55

  1. Оние кои што примаат гости треба да имаат здрава храна од овошје, житарки и зеленчук, подготвени на едноставен и вкусен начин. Ваквото подготвување ќе побара само малку повеќе посебна работа или трошоци, и доколку се зема во умерени количества, нема на никого да му наштети. Доколку луѓето во светот го одберат жртвувањето на времето, парите и здравјето за задоволување на желбите за јадење, нека така направат и платат казна за прекршок на законите на здравјето; меѓутоа христијаните треба да го завземат својот став во поглед на ова и да го вперат своето влијание во правилна насока. Тие можат да сторат многу за реформата на овие модерни обичаи, кои го разоруваат здравјето и душата. (1865) Н. ѓо ^. сб. 1,55, 56

[Примерот на христијанинот на трпезата – помош на оние кои што се слаби во владеењето над себеси – 354]

[Богатите гозби, бреме и штета – 214]

[Влијанието на богатите приеми кон децата и семејството – 348]

[Г ревот на оскудната храна за семејството и преобилност за гости – 284]

[Едноставната исхрана најдобра за децата – 349, 356, 357, 360, 365]

[Едноставноста во подготвувањето на здрава храна – 399, 400, 401, 402, 403, 404, 405, 407, 410]

Подготвени за неочекуван гостин

  1. Некои домаќини ја притеснуваат трпезата на своето семејство, со цел да обезбедат скапи приеми за своите посетители. Тоа не е мудро. Во угостувањето треба да се покаже поголема едноставност. На прво место треба ни да бидат потребите на семејството .

Неразумното штедење и извештачените обичаи често пати спречуваат гостољубивоста да дојде до израз таму каде што таа е потребна и каде што таа би била благослов. Храната која што редовно се изнесува на нашите трпези треба да биде таква, така што неочекуваниот гостин може срдечно да биде примен, а домаќинката да не се оптовари со дополнително подготвување. (1905) МН 322

[Праксата на Елена Вајт – без посебно готвење за гостите – Додаток 1:8]

[Едноставна храна сервирана во домот на Вајт – Додаток 1:1, 13, 14, 15]

[Јадењата треба вкусно да се подготвуваат и да се менуваат од оброк до оброк – 320]

Мислете помалку за поминливата храна

  1. Ние мораме постојано да размислуваме за Речта, да се храниме со неа, варејќи и усвојувајќи ја така што таа да влезе во текот на нашиот живот. Оној кој што секојдневно се храни со Христа, ќе ги поучи со својот пример другите помалку да мислат за она што го јадат, чувствувајќи многу поголема грижа за јадењето со кое ја хранат душата.

Вистинскиот пост кој што на сите им се препорачува е воздржување од секој вид на храна која надразнува и правилна употреба на здрава, едноставна храна која Вог ја има обезбедено во изобилство. Луѓето треба помалку да мислат за она што ќе јадат или пијат, за поминливата храна, а многу повеќе за храната од Небото која ќе му даде сила и животна моќ на целото верско искуство.            ^еНег 73, 1896

Обновувачко влијание на едноставниот живот

  1. Доколку едноставно и скромно се облекуваме не држејќи се до модата, доколку на нашата трпеза секогаш се изнесува едноставна и здрава храна ослободена од секој луксуз и претераност, доколку нашите домови се скромно изградени и наместени, тогаш ќе се покаже

посветувачката сила на вистината и таа ќе има успешно влијание кон неверните. Меѓутоа, се додека во ова се прилагодуваме кон светот, во некои случаеви очигледно сакајќи да ги надминеме луѓето од светот во фантазијата на уредувањето, дотолку проповедањето на вистината ќе има мало или никакво влијание. Кој ќе верува на свечената вистина за ова време, кога оние кои исповедаат дека веруваат, & противречат на својата вера со своите дела? Вог нам не ни ги затвори прозорците на небото, туку тоа го има сторено нашето прилагодување на обичаите и животот кон светот. (1862) 5Т 206

  1. Со чудо на божествената моќ Исус нахрани мноштво; но сепак колку скромна храна беше таа – само риби и јачмен леб кои беа секојдневна храна на галилејските рибарски семејства.

Исус можеше за народот да подготви богат оброк, меѓутоа храната подготвена само за задоволување на апетитот не би можела да пружи никаква поука за нивното добро. Со своето чудо Исус сакаше да пружи поука за едноставноста. Кога и денес луѓето би биле едноставни во своите навики, живеејќи во хармонија со законите на природата, како што тоа го правеа Адам и Ева на почетокот, тогаш би постоело храна во изобилство за потребите на човештвото. Меѓутоа, себичноста и задоволувањето на апетитот донеле грев и беда, од вишок на една до потреба на друга страна.      (1905) МН 47

  1. Кога оние што исповедаат дека се христијани, би трошеле помалку од своето богатство за украсување на телото и украсување на своите домови, и кога помалку би трошеле на раскошна храна, која го разорува здравјето, тогаш би можеле да внесат многу повеќе средства во Вожјата ризница. На тој начин тие би се угледале на својот Искупител кој што го напушти Небото, Своите богатства и Својата слава и заради нас стана сиромашен, за да можеме да имаме вечни блага. (1875) 3Т 401
Сподели го ова:

Слични објави