Здравствената реформа и Веста на Третиот ангел

Сподели го ова:

Како рака за телото

  1. На 10 декември 1871 повторно ми беше покажано дека здравствената реформа е гранка на големото дело кое треба да го подготви народот за Господовото доаѓање. Таа е така тесно поврзана со Веста на Третиот ангел, како што е раката за телото. Човекот несериозно ги сфатил Десетте Божји заповеди, но Господ нема да дојде да ги казни престапниците на тој закон, а претходно да не им прати вест на предупредување. Третиот ангел ја објавува таа вест. Дко луѓето беа послушни на Законот од Десетте заповеди, применувајќи ги во својот живот начелата на тие правила, проклетството на болестите кои сега го преплавуваат светот, не би постоело.

Да го подготви народот

Кога мажите и жените го кршат природниот закон попуштајќи му на изопачениот апетит и похоттите, не е можно да при тоа не го прекршат Божјиот закон. Затоа Господ дозволи да не осветли светлина на здравствената реформа, како би можеле да го видиме својот грев во престапувањето на законот кој што Тој го воспостави во нашето битие. Сите наши радости или страдања можат да се препишат на послушноста или престапувањето на природниот закон. Нашиот милостив, небесен Татко ја гледа жалната состојба на луѓето, од кои некои свесно, а многумина несвесно – живеат во кршењето на законот кој што Тој го поставил. Во својата љубов и сожалување кон човештвото, Тој сторил светлината да ја осветли здравстената реформа. Тој го објавил Својот закон, како и казната која ќе го прати престапот на законот, како би можеле да дознаат сите и да внимаваат да живеат во согласност со природните закони. Тој така јасно го објавил Својот закон и така го истакнал, така што прилега на град соѕидан на ритче. Сите одговорни битија можат да го разберат, доколку сакаат. Малоумните нема да бидат повикани на одговорност. Да се објасни природниот закон и потикне послушност кон него е дело кое ја прати Веста на Третиот ангел, како би го подготвил народот за Господовото доаѓање.

Ддамовиот пораз – Христова победа

Ддам и Ева паднаа заради неумереноста. Христос дојде и го издржа најжестокото сатанско искушение и во името на човештвото го победи апетитот, покажувајќи дека човекот може да победи. Како што Ддам падна заради апетитот и го изгуби Едемското блаженство, Ддамовите деца можат, со Христова помош, да го победат апетитот и со умереноста во сите нешта повторно да го придобијат Едем.

Помош во распознавање на вистината

Незнаењето не е причина за престап на законот. Светлоста свети јасно и никој не треба да биде во незнаење, затоа што Самиот голем Вог е човековиот учител. Сите се обврзани пред Вога со најсвети обврски да внимаваат на вистинската филозофија и вистинското искуство кое Тој сега им го дава во однос на здравствената реформа. Тој одредил големиот предмет на здравствената реформа да се задвижи и луѓето да бидат потикнати на истражување; затоа што е невозможно за луѓето, со сите свои грешни, по здравјето штетни навики кои го слабеат умот, да ја распознаваат

светата вистина преку која треба да бидат осветени, облагородени, воздигнати и подготвени за друштвото на небесните ангели во царството на славата. . .

Посветени или казнети

Апостолот Павле ја повикува црквата: “Враќа, во името на милоста Вожја, ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Вога, кое што е вашата духовна служба” Луѓето, можат да ги обесветат своите тела со грешни попуштања. Доколку се несвети, тогаш тие не се подесени за духовна служба и не се достојни за небото. Доколку човекот нежно внимава на светлината, која Вог во Својата милост ја дава да светли над здравствената реформа, ќе може да биде посветен со вистината и ќе биде подготвен за бесмртноста. Меѓутоа, доколку ја занемари светлината и живее кршејќи го природниот закон, ќе мора да ја прими казната. (1873) 3Т, 161, 162

Делото на Илија и Јован како пример

  1. Со години Господ го повикуваше вниманието на Својот народ кон здравствената реформа. Тоа е една од големите гранки на делото на подготовка за доаѓањето на Синот човечки. Јован Крстителот одеше напред во силата и духот на Илија, да го подготви патот за Господа и обрати народот кон мудроста на праведните. Тој беше претставник на оние кои што живеат во последните денови, на кои Вог им доверил свети вистини да ги објават пред народот, да го подготват патот за второто Христово доаѓање. Јован беше реформатор. Ангелот Гаврил, пратен од небото, им даде упатства за здравствената реформа на Јовановиот татко и мајка. Ангелот рече дека тој не смее да пие вино ниту жестоки пијалоци, и дека уште од своето раѓање ќе биде исполнет со Светиот Дух.

Јован се одвои од пријателите и од животните раскоши. Едноставноста на неговото облекување, облеката исткаена од камилски влакна, биле постојан прекор за претераноста и раскошот на еврејските свештеници и народот. Неговата храна, целосно вегетаријанска, составена од рогачи и див мед, биле укор за попуштањето на апетитот и прејадувањето кое секаде преовладувало. Пророкот Малахија изјавува: “Ете јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи големиот и ужасниот ден Господен; и тој ќе ги обрне срцата на татковците – кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни.” Овде пророкот го опишува карактерот на делото. Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање, претставени се преку верниот Илија, како што Јован дојде во духот на Илија да го подготви патот за првото Христово доаѓање.

Големиот предмет на реформата треба да се разбранува, и умот на јавноста да се раздвижи. Умереноста во сите нешта треба да биде поврзана со Веста, да го обрати Вожјиот народ од своето идолопоклонство, прејадување и претераност во облекувањето и другите нешта.

Видлива спротивност

На народот треба да му се изнесе: самоодрекнувањето, понизноста и умереноста која што се бара од праведникот, кого Вог посебно го води и благословува, спротива од лошите навики кои го уништуваат здравјето на оние кои што живеат во овој изопачен век. Вог покажа дека здравствената реформа така цврсто е поврзана со Веста на Третиот ангел, како што раката е поврзана со телото. Никаде на друго место не може да се бара причина за телесна и морална дегенерација отколку во занемарувањето на овој значаен предмет. Оние кои што му попуштаат на апетитот и страстите и ги затвораат очите пред светлината, од страв да не го видат своето грешно попуштање кое тие не сакаат да го напуштат, се виновни пред Вога.

Срцето на секој што се одвратува од светлината во еден случај, ќе затврдне и ќе ја потцени светлината која што се однесува на други предмети. Оној кој што ги прекршува моралните обврски во врска со јадењето и облекувањето, се подготвува да ги крши Вожјите барања во погледот на вечните интереси. . .

Народот кој Вог го води ќе биде посебен народ. Тој нема да биде сличен со светот. Меѓутоа, доколку го прифати Вожјото водство, тој ќе ги исполни Неговите цели, и ќе ја предаде својата волја на Неговата волја. Христос ќе пребива во срцето. Храмот Вожји ќе биде свет. Вашето тело, вели апостолот, е храм на Светиот Дух.

Бог не бара од Своите деца да со самоодрекнувањето си нанесат штета на телесната сила. Тој од нив бара да бидат послушни на природниот закон, да го запазат телесното здравје. Природниот пат е пат кој што Тој го обележува,и доволно е широк за секој христијанин. Бог со Својата дарежлива рака не има снабдено со богати и различни дарови за нашето одржување и уживање. Меѓутоа, за да уживаме во природниот апетит кој што ќе го запази здравјето и продолжи животот, Тој го ограничува апетитот. Тој вели: “Чувај се, одрекни се од неприродниот апетит.” Доколку креираме изопачен апетит, ние ги кршиме законите на своето битие и ја преземаме врз себеси одговорноста заради злоставување на своето тело и навлекување на болести кон себеси. (1872) 3Т 61-64

Дај му го на здравственото дело неговото место

  1. Незаинтересираноста која што многумина ја имаат покажано кон книгите за здравјето, е навреда заБога. Да се одвои здравственото дело од големото тело на делото не е според Неговиот налог. Сегашната вистина почива врз делото на здравствената реформа како и на останатите гранки на евангелското дело. Ниту една гранка, кога ќе се одвои од останатите, не може да биде совршена целина.

Евангелието на здравјето има способни застапници, но нивната работа е многу отежната затоа што толку многу проповедници, претседатели на конференции и други на влијателни положби, пропуштиле му посветат правилно внимание по прашањето на здравствената реформа. Тие не го признале него во неговиот однос кон делото на Веста како однос на десната рака и телото. Додека многу луѓе, а дури и некои проповедници, покажале многу малку почитување кон ова дело, Господ ја покажа Својата грижа за него со тоа што му подари голем успех.

Кога правилно се води, здравственото дело е продорен клин, кој што го отвара патот другите вистини да стигнат до срцето. Кога Веста на третиот ангел ќе се прими во својата полнина, здравствената реформа ќе го добие своето место во одборот на конференцијата, во работата на Црквата, во домот, на трпезата и во сите активности во домот. Тогаш десната рака ќе му служи и ќе го заштити телото.

Меѓутоа, додека здравственото дело има свој дел во објавувањето на Веста на Третиот ангел, неговите поборници не треба, на никој начин да настојуваат тоа да го завземе местото на Веста. (1900) 6Т 327, 1900

Потреба од владеење со себеси

  1. Една од најжалните последици од првобитниот пад беше загубата на човекова сила во способноста за владеење над самиот себеси. Вистински напредок може да имаме само доколку повторно се здобиеме со таа сила.

Телото е единствен посредник преку кој умот и душата се развиваат во изградбата на карактерот. Заради тоа непријателот на душите ги насочува своите искушенија на тоа да ги ослаби и деградира физичките сили. Неговиот успех во ова значи потчинување на целото битие на злото. Наклонетостите на нашата телесна природа, доколку не се под контрола на повозвишена сила, сигурно ќе придонесат за наша пропаст и смрт.

Телото треба да се потчини. Возвишените сили на битието треба да владеат. Волјата треба да владее над страстите, а со неа пак треба да управува Бог. Во нашите животи треба да преовладува царската сила на разумот, посветена со божествената благодат.

Божјите барања мора да допрат до совеста. Во мажите и жените треба да се разбуди свеста за должноста да владеат со себеси, потребата за чистота, ослободувањето од секоја изопачена желба и секоја нечиста навика. Потребно е тие да бидат импресинирани со сознанието дека сите нивни сили на умот и телото се Божји дарови, и дека истите треба да се запазат во најдобра можна состојба за Негова служба. (1905) МН 129, 130

Проповедниците и верниците треба да делуваат во согласност

  1. Значаен дел од проповедничката работа е верно изнесување на здравствената реформа до народот, онака како што таа е поврзана со Веста на Третиот ангел како дел и гранка на истото

дело. Тие не треба да ја одбегнуваат и самите да ја прифатат и треба да сторат се за да ја прифатат сите кои што исповедааат дека веруваат во вистината. (1867) 1Т 469, 470

  1. Мене ми беше покажано дека здравствената реформа е дел од Веста на Третиот ангел и дека е исто така поврзана со неа како што раката е поврзана со човечкото тело. Видов дека ние како народ мораме да се задвижиме напред во ова големо дело. Проповедниците и верниците мора сложно да делуваат. Божјиот народ не е подготвен за гласниот вик на Третиот ангел. Тие имаат да извршат дело за себеси кое не треба да го остават на Бога, Тој да го изврши наместо нив. Тој го остави тоа дело да народот го изврши. Тоа е лично дело; никој не може да го извршува за друг. (1867) 1Т 486

Дел од Веста, меѓутоа не цела Вест

  1. Здравствената реформа е цврсто поврзана со делото на Третата вест, но сепак таа не е Веста. Нашите проповедници треба да зборуваат за здравствената реформа, меѓутоа, тие не треба тоа да го направат главна тема на местото на Веста. Нејзиното место е меѓу оние предмети кои го унапредуваат делото на подготовката за средба на настаните кои што ги изнесува Веста; меѓу нив таа се истакнува. Ние треба ревно да ја прифатиме секоја реформа, но сепак треба да одбегнуваме да не оставиме впечаток дека сме непостојани и подложни на фанатизам. (1867) 1Т 559
  2. Здравствената реформа е така тесно поврзана со Веста на Третиот ангел, како што раката

е поврзана со телото; меѓутоа раката не може да го заземе местото на телото. Објавувањето на Веста на третиот ангел, Божјите заповеди и сведоштвото Исусово е бремето на нашето дело. Веста треба да се објави со гласен вик и мора да допре до целиот свет. Изнесувањето на здравствените начела мора да биде соединето со оваа Вест, но во никој случај не смее да биде независна од неа, или на некој друг начин да го заземе нејзиното место.  ^еНег 57, 1896

Нејзината врска со медицинските установи

  1. Санаториумите, кои што се основани, мораат да бидат тесно и нераздвојно поврзани со Евангелието. Господ има дадено упатства дека евангелието мора да напредува, а тоа ја содржи здравствената реформа во сите нејзини фази. Наша работа е да го осветлиме светот, затоа што тој е слеп за настаните кои се случуваат и кои го подготвуваат патот за злата кои што Бог ќе дозволи да дојдат врз светот. Божјите верни стражари мора да предупредуваат. . .

Здравствената реформа треба да биде поистакната во објавувањето на Веста на третиот ангел. Начелата на здравствената реформа можат да се најдат во Божјата реч. Евангелието на здравјето треба цврсто да е поврзано со проповедањето на Речта. Божја замисла е обновувачкото влијание на здравствената реформа да биде дел од последниот голем напор во објавувањето на веста на евангелието.

Нашите лекари треба да бидат Божји соработници. Тие треба да бидат луѓе чиишто сили се посветени и преобразени преку Христовата благодат. Нивното влијание треба да биде цврсто поврзано со вистината која треба да биде дадена на светот. Во совршено и целосно единство со евангелската служба, делото на здравствената реформа ќе ја открие својата од Бога дадена сила. Под влијание на Евангелието, големи реформи ќе бидат направени преку здравствено – мисионерското дело. Меѓутоа доколку го одвоите здравствено – мисионерското дело од Евангелието, делото ќе биде осакатено.  МЅ 23, 1901

  1. Нашите санаториуми и нашите цркви можат да достигнат повозвишен, посвет стандард. Нашиот народ треба да проповеда и во дело да ја спроведува здравствената реформа. Господ повикува да се оживеат начелата на здравствената реформа. Адвентистите на седмиот ден имаат специјална задача како гласници да работат за душите и телата на луѓето.

Христос им рече на Своите апостоли: “Вие сте светлината на светот.” Ние сме од Господа одреден народ да ги објавиме вистините од небесно потекло. Најсвеченото, најсветото дело кое што некогаш им било доделено на смртниците е објавувањето на Веста на Првиот, Вториот и Третиот ангел до овој свет. Во нашите големите градови треба да постојат здравствени установи

кои би се грижеле за болните и би ги поучувале за величествените начела на здравствената реформа.       ^еНег 146, 1909

Продорен клин

  1. Мене ми беше дадено упатство дека не треба да се колебаме во извршувањето на делото кое треба да биде извршено во прашањето на здравствената реформа. Преку ова дело ние треба да стигнеме до душите на главните и споредните патишта.

^еНег 203, 1905

  1. Јас можам да видам во Божјото провидение дека здравствено – мисионерското дело треба да биде величествен продорен клин со чија помош може да се допре до болните души. (1893) СН 535

Отстранети предрасуди – зголемено влијание

  1. Многу од предрасудите кои спречуваат вистината на Третиот ангел да допре до срцата на луѓето, можат да се отстранат доколку се посвети поголемо внимание на здравствената реформа. Кога народот ќе се заинтересира за овој предмет, тогаш често патот е веќе подготвен за прифаќањето на другите вистини. Доколку видат дека сме паметни по прашањето на здравјето, тие ќе бидат поподготвени да веруваат дека сме доследни на библиската наука.

На оваа гранка на Господовото дело не & е посветено потребното внимание и заради таа немарност многу се има изгубено. Кога црквата би пројавила поголем интерес за реформата, преку која Вог Самиот сака да ја подготви неа за Своето доаѓање, нејзиното влијание би било далеку поголемо отколку што е тоа случај сега. Вог му зборуваше на Својот народ и Негов план е тие да го слушнат и послушаат Неговиот глас. Иако здравствената реформа не е Веста на Третиот ангел, таа е тесно поврзана со неа. Оние кои што ја објавуваат Веста, треба, исто така да ја поучуваат и здравствената реформа. Таа е предмет кој ние мора да го разбираме, мора да има истакнато место и кој што мораме да го разбираме, како би можеле да бидеме подготвени за настаните кои наскоро ќе се случат. Сатаната и неговите сили сакаат да го спречат ова дело на реформа, и ќе сторат се што можат како би ги збуниле и оптовариле оние кои од сето срце се залагаат за него. Но сепак никој заради тоа не треба да биде обесхрабрен, или пак да престане со своите напори. Пророкот Исаија зборува за тоа како една од карактеристиките Христови: “Нема да изнемошти, ниту ќе се обесхрабри, додека на земјата не утврди суд.” Според тоа, нека Неговите следбеници не зборуваат за неуспех или обесхрабрување, туку нека се сеќаваат за цената која е платена за избавување на човекот како не би загинел, туку да има живот вечен. (1890)

С.Т.В.Н. 121, 122

  1. Делото на здравствената реформа е Вожјото средство за намалување на страдањето во нашиот свет и очистување на Неговата црква. Поучувајте ги луѓето дека тие можат да работат како рака која му помага на Вога, со тоа што ќе соработуваат со Големиот Работник во обновувањето на телесното и духовното здравје. Ова дело носи Небесен знак и ќе отвори врати за влегувањето на другите драгоцени вистини. Постои место за сите кои што сакаат да работат; за оние кои што мудро се прифаќаат за ова дело. (1909) 9Т 112, 113
Сподели го ова:

Слични објави