Протеини

Сподели го ова:

Дел 1 – Зрнести плодови и храна од нив

Дел од добрата исхрана

  1. Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ја сочинуваат храната која за нас ја одбра нашиот Создател. Оваа храна, подготвена на што е можно поедноставен и поприроден начин, е најздрава и најхранлива. Таа ги зголемува силата, издржливоста и бистрината на умот што не може да се постигне со посложената и постимулативна исхрана.

(1905) МН 296

  1. Во житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови можат да се најдат сите хранливи состојки кои ни се потребни. Доколку дојдеме кај Вога со едноставност на умот, Тој ќе не подучи како да подготвиме здрава храна ослободена од штетното влијание на животинското месо.

МЅ 27, 1906

Зрнестата храна треба да биде внимателно подготвена и ефтина

  1. Вог ни дал големо мноштво здрави продукти и секој од нас треба да одбере од нив она што искуството и здравото расудување покажале дека е најдобро за неговите потреби.

Природното богатство на овоштија, зрнести плодови и житарки е огромно, а од година во година, поради зголемените можности за транспорт, земјините производи од целиот свет се повеќе се дистрибуираат насекаде…

Зрнестите плодови и храната од нив влегуваат во широката потрошувачка заменувајќи го местото на месото. Со зрнестите плодови може да се комбинираат житарки, овошје и некои корења, за да се подготви здрав и хранлив оброк. Сепак, треба да се води сметка да не се употребуваат премногу зрнести плодови. Оние кои чувствуваат потешкотии поради ваквата исхрана можат да ги отстранат со едноставното држење до оваа мерка на претпазливост. (1905) МН 297, 298

[Житарките, зрнестите плодови, зеленчукот и овошјето како замена за месната храна – 492]

  1. Треба да поминеме многу време во учење како да подготвиме зрнеста храна. Но

треба да се погрижиме да не го намалиме менито од многу на само неколку артикли, употребувајќи малку повеќе од зрнестата храна. Мнозинството луѓе кај нас не знаат правилно да ги приготват зрнестите плодови; дури и кога можат да ги купат.        ^еИег 177, 1901

  1. Храната што ја употребуваме треба да соодветствува со поднебјето. Некоја храна,

која е соодветна за одредена земја, воопшто нема да биде добра на некое друго место. А зрнестата храна треба да биде колку е можно поефтина, за да може да им биде достапна и на сиромасите.            ^еКег 14, 1901

Сооднос на зрнестите плодови со другите продукти

  1. Треба да се посвети посебно внимание на соодветната употреба на зрнестата храна.

Некои видови зрнести плодови не се толку здрави како други. Не го намалувајте менито со тоа што ќе јадете главно зрнеста храна. Ваквата храна не треба премногу да се конзумира. Поумерената употреба ќе доведе до подобри резултати. Доколку ги комбинираме со другите артикли од рецептите, но во несразмерен однос, тие толку ќе ја збогатат храната што организмот нема да може правилно да ја асимилира.            ^еКег 135, 1902

  1. Покажано ми е дека зрнестата храна често не се употребува мудро, дека се користи премногу голем сразмер на зрнести плодови и дека не сите зрнести плодови се еднакво здрави. Бадемите се подобри од кикириките; но кикириките, во ограничено количество можат да се употребуваат заедно со житарките и да создадат хранлив и лесно сварлив оброк. (1902) 7Т 134
  2. Пред три години до мене дојде едно писмо во кое се велеше: “Јас не можам да јадам

зрнести плодови; мојот желудник не може да ги свари.” Потоа ми беа прикажани неколку рецепти; еден од нив велеше дека зрнестите плодови треба да се комбинираат со други состојки, при што не треба да се користат големо количество зрнести плодови. Во зависност од комбинациите, ќе биде доволна една десетина до една шестина од зрнестите плодови. Го пробавме тоа и беше успешно.            ^еИег 188, 1901

[Користење на премногу зрнести плодови – 400, 411]

[Сите не можат да ги употребуваат зрнестите плодови – 589]

[Употребата на зрности плодови во домот на Вајтови – Додаток 1:16]

Сподели го ова:

Слични објави