Физиологија на варењето
Награда за почитување на природните закони
- Вниманието посветено на правилното постапување со желудникот ќе биде наградено со чистота на мислите и со силата на умот. Вашите ограни за варење нема да се истрошат предвремено и нема да сведочат против вас. Ние треба да покажеме дека ја почитуваме интелигенцијата добиена од Бога, со тоа што мудро ќе јадеме, ќе учиме и ќе работиме. Врз нас почива света должност да го запазиме телото во таква состојба за да имаме пријатен и чист здив. Ние треба да ја цениме светлината која Вог ја дал за здравствената реформа, и со зборови и дело, да одблеснуваме јасна светлина кон другите за овој предмет. ^еѓег 274, 1908
Физички влијанија од прејадувањето
- Какво влијание има прејадувањето кон желудникот? Тој ослабува, органите за варење се
ослабени, а резултат на сето тоа е болеста, со сето свое зло кое таа го донесува. Доколку личностите пред тоа биле болни, тие на овој начин ги зголемуваат своите тешкотии и секој ден ги намалуваат своите животни сили. Тие непотребно ги трошат своите животни сили во варењето на храната која ја внесуваат во желудникот. (1870) 2Т 364
- Често оваа неумереност се чувствува веднаш во вид на главоболка, слабо варење и грчеви во желудникот. На желудникот му е ставено бреме кое тој не може да го носи и затоа се создава чувство на мачнина. Главата е збунета; желудникот бунтува. Меѓутоа, ваквите резултати не секогаш го пратат прејадувањето. Во некои случаеви желудникот е парализиран. Не се чувствува никаква болка, но органите за варење ја губат својата животна сила. Темелот на човечката машина постепено се поткопува и животот станува многу непријатен. ^еНег, 73а, 1896
- Те советувам да бидеш умерен во исхраната. Како разумен христијански стражар чувај ја вратата на својот желудник, не дозволувај ништо, што е непријател на твоето здравје и живот, да премине преку твоите усни. Пред Вога си одговорен за послушноста кон светлината која што Тој ти ја има дадено во врска со здравствената реформа. Навалата на крв во главата мора да се отстрани. Во нашите екстремитети постојат големи крвни садови кои ја разнесуваат животворната крв во сите делови на телото. Оганот кој што го запалуваш во својот желудник, прави твојот мозок да наликува на вжарена печка. Јади многу поумерено и јади едноставна храна која нема да побарува силни зачини. Твоите страсти треба да гладуваат, а не да бидат мазени и хранети. Насобраната крв во мозокот ги засилува животинските нагони и ги слабее духовните сили. . .
Она од кое ти имаш потреба е помалку телесна храна, а повеќе духовна, повеќе од лебот на животот. Доколку твојата исхрана е поедноставна, дотолку ќе биде подобро за тебе. ^еНег 142,
1900
Пречки во варењето
- Врате, ти треба многу што да научиш. Ти му попушташ на својот апетит со тоа што јадеш повеќе храна отколку што твојот организам може да претвори во добра крв. Грев е да се биде неумерен во количеството на храна која што ја јадеш, дури и доколку на квалитетот не може да му се забележи. Многумина сметаат дека заради тоа што не јадат месо и тешки артикли на јадења, тие можат да јадат едноставна храна во големо количество. Тоа е погрешно. Многумина кои што ја исповедаат здравствената реформа, не се ништо друго туку прејадувачи. Тие на органите за варење им ставаат толку голем товар така што телото се исцрпува со напорите од него да се ослободи. Тоа врши притисок и врз умот, затоа што силата на мозочните нерви е повикана да му помогне на желудникот во неговата работа. Претераното јадење, дури и наједноставна храна, ги умртвува чувствителните мозочни нерви и ја слабее целата негова животна сила. Неумереното јадење има поопасно влијание на телото отколку претераната работа; душевната сила многу повеќе се троши напразно преку неумерено јадење отколку преку неумерена работа.
Органите за варење никогаш не треба да се обременат со количество или квалитет на храна која ќе го оптовари организмот. Сето она што се внесува во желудникот а кое ги надминува можностите на телото тоа да го претвори во добра крв и става пречка на организмот; заради тоа што не може да се претвори ниту во маса ниту во крв, туку со своето присуство ја оптоварува
сплинката и предизвикува болна состојба на телото. Желудникот е презаморен во своите напори сето тоа да го свари и така се јавува чувство на малаксаност која се толкува како глад, така што уште едно друго неумерено количество на храна се внесува во желудникот кое што ја става во движење и така веќе изморената машина, не дозволувајќи им на органите за варење да се одморат од напорната работа, и да ги обноват своите сили. Организмот прима помалку хранливи состојки од преголемо количество на храна, дури и кога таа е од добар квалитет, отколку од умереното количество на храна која што се внесува во редовни временски интервали.
Варењето потпомогнато со умерени вежби
Брате, твојот мозок е умртвен. Човек кој што внесува толкаво количество на храна како ти, треба да биде човек кој што работи физички. Вежбите се важни за варењето и здравата состојба на телото и умот. Ти имаш потреба од телесни вежби. Ти се движиш и работиш како да си од дрво, како да немаш еластичност. Здрави, активни вежби е тоа што тебе ти треба. Тоа ќе го зајакне умот. Ниту учењето, ниту силните вежби не треба да следат веднаш по оброкот; тоа би било прекршок на законите на телото. Веднаш по јадењето нервите треба да извршат тешка задача. Силата на умот е повикана во активна помош на желудникот; заради тоа кога умот и телото се тешко оптоварени по оброкот, текот на варењето е пореметен. Силата на организмот која треба да изврши работа во една насока, повикана е да работи во друга. (1870) 2Т 412, 413
- Вежбите го помагаат слабото варење со тоа што им овозможуваат здрава работа на
органите за варење. Длабоко проучување и силните вежби веднаш по јадењето, го спречува текот на варењето, затоа што животните сили на телото кои треба да го извршат варењето, се повикани на друга страна. Меѓутоа, кратката прошетка по оброк, со подигната глава, исправен грб и умерените телесни вежби, е од голема полза. Умот е одвратен од себеси кон убавините на природата. Доколку помалку внимание му се посветува на желудникот, дотолку подобро. Доколку стравувате дека храната ќе ви наштети, тогаш тоа и ќе се случи. Заборавете ги своите проблеми; размилувајте за нешто ведро. (1860)
С.Т.В.Н. 101
[Неумереното јадење предизвикува навала на крвта во мозо-кот – 276]
[Вежбите се посебно потребни за оние кои што се спори по природа – 225]
[Пореметен сон, резултат на доцна вечера – 270]
[Причина за чувствување слабост – 213, 218, 245, 269, 270, 561, 705, 707]
[Попуштањето на апетитот ги слабее органите за варење и намалува моќта на варењето – 202]
[На желудникот му е потребен мирен одмор – 267]
Помогнато од чистиот воздух
- Чистиот и свежиот воздух со своето влијание условува здраво струење на крвта во телото.
Тоа го освежува телото, правејќи го силно и здраво, додека во исто време посебно влијае врз умот обогатувајќи го со сталоженост и ведрина. Тој го поттикнува апетитот и чини варењето да биде многу подобро, донесувајќи здрав и сладок сон. (1868) 1Т 702
- На белите дробовите треба да им се овозможи најголема можна слобода. Нивниот капацитет се развива преку слободната активност додека тој се намалува доколку белите дробови се притеснати и заробени. Затоа влијанието на навиката за поднаведнатоста во работењето е многу штетна, посебно во седечките професии. Во таквата положба скоро да е невозможно длабоко да се вдише. Плиткото дишење наскоро станува навика, и белите дробови ја губат својата моќ за ширење. Слично дејство се предизвикува преку цврсто стегање на градите . . .
На таков начин не добиваме доволно кислород. Крвта тече низ вените забавено. Големо количество на отровни материи кои што треба да се исфрлат од градите преку издишувањето, се задржуваат и крвта станува нечиста. Со ова не се погодени само белите дробови, туку и желудникот, црниот дроб и мозокот. Кожата станува жолтеникава, варењете е забавено; срцето ослабнува; мозокот е заматен а мислите збркани; мрачност завладува над духот; целиот организам е премален и неактивен и посебно е подлежен на болести. (1905) МН 272, 273
Попречено преку течна исхрана
- Доколку твоето телесно здравје не е нарушено, ти би била истакнато корисна жена. Ти долго боледуваш и тоа делувало на твојата фантазија, така што своите мисли ги имаш сконцентрирано само на себеси, и тоа го има погодено телото. Твоите навики во многу што не се добри. Твојата храна не е со добар квалитет и е во несоодветно количество. Ти имаш јадено премногу, и тоа храна од слаб квалитет, која што не може да се претвори во добра крв. Ти го имаш навикнато својот желудник на тој вид на храна. Според твоето расудување, тоа за тебе беше најдобра храна, затоа што од неа си имала најмалку потешкотии. Меѓутоа, тоа не беше правилно искуство. Твојот желудник ја нема примено од храната онаа сила која требало да ја прими. Земана во течна состојба, твојата храна не можела да му даде сила или здравје на организмот. Но, доколку ја промениш таа навика, и јадеш повеќе од цврстата, и помалку течна храна, твојот желудник ќе биде вознемирен. Не осврнувајќи се на тоа, ти не треба да попуштиш во таа точка; ти треба да го воспиташ својот желудник да поднесува многу поцврста храна. (1872) 3Т 74
- Јас им реков ним дека подготовката на нивната храна беше погрешна и дека, не е здравствена реформа да се живее, воглавно од супи, кафе од житарки и леб, бидејќи внесувањето на толку течна храна не е здраво за желудникот, и дека сите кои живеат според таков начин на исхрана, им ставаат тешко бреме на бубрезите, и дека многу течната материја го ослабнува желудникот.
Јас бев целосно убедена дека многумина во институцијата патат од слабо варење затоа што имаат јадено од овој вид на храна. Органите за варење се ослабени, а крвта осиромашена. Нивниот појадок се состоеше од кафе и леб со додаток на сос од суви сливи. Тоа не беше здраво. Желудникот, по одморот и спиењето, е поспособен да се погрижи за богатиот оброк, отколку тогаш кога е уморен од работа. Тогаш ручекот беше воглавно супа, а понекогаш и месо. Желудникот е мал, меѓутоа незадоволниот апетитот ќе го оптовари со обилно внесување на таа течна храна. ^еНег 9, 1887
[Овошјето ќе ја ублажи потребата за обилно пиење за време на оброкот – 475]
Храната да биде топла, меѓутоа не жешка
- Јас на сите би им препорачала да внесат нешто топло во желудникот, најмалку секое утро. Вие тоа можете да го постигнете без многу труд. (1870) 2Т 603
- Жешките пијалоци не се потребни, освен како лек. Желудникот значително се оштетува со големи количества на жешки јадења и пијалоци. На тој начин слабеат грлото и органите за варење, а преку нив и другите органи во телото. ^еНег 14, 1901
Животната сила намалена со студена храна
- Храната не треба да се јаде ниту премногу топла ниту премногу студена. Доколку таа е студена, на желудникот му се одзема животната сила, затоа што таа мора да се затопли пред варењето да започне. Студените пијалоци се штетни поради истата причина; додека неограничената употреба на жешките пијалоци исцрпува. (1905) МН 305
[Животната сила се троши на затоплување на многу студена храна во желудникот – 124]
- Многумина грешат пиејќи ладна вода за време на оброкот. Храната не треба да се исплакнува. Водата која што се пие заедно со оброкот го намалува создавањето на плунката; и доколку водата е постудена, дотолку повеќе му штети на желудникот. Водата или лимонадата со мраз, која што се пие за време на оброкот го стопира варењето, се додека телото не создаде доволно топлина во желудникот и го оспособи за повторно да отпочне со својата работа. Џвакајте полека и дозволете & на плунката да се измеша со храната.
Доколку повеќе течности се внесуваат во желудникот за време на оброкот, дотолку храната потешко ќе се свари затоа што течноста прво треба да се впие. (1890) СН 119, 120
[Пиење вода заедно со оброците – 731]
Предупредување до зафатените луѓе
- Јас добив упатство да им кажам на работниците во нашите санаториуми и на учителите и студентите во нашите училишта дека е потребно да обратиме повеќе внимание на апетитот. Постои опасност да станеме небрежни во тој поглед така што ќе им допуштиме на нашите лични грижи и одговорности да го исполнат нашето време, па така во недостиг од него да не јадеме онака како што тоа би требало да го правиме. Мојата порака до вас е: Одвојте време за јадење и не внесувајте во желудникот голема разновидност храна за време на еден оброк. Да се јаде набрзина неколку видови на храна во еден оброк е сериозна грешка. ^еНег
274,1908
Јадете полека, џвакајте доволно
- Со цел да се обезбеди здраво варење, храната треба да се јаде полека. Оние кои што
сакаат да го одбегнат слабото варење и оние кои што ја сфаќаат својата должност да ги запазат своите сили во состојба која ќе им овозможи за да му пружат најдобра служба на Вога, добро ќе сторат доколку тоа го имаат на ум. Доколку вашето време за јадење е ограничено, немојте нетрпеливо и набрзина да ја голтате својата храна, туку јадете помалку и џвакајте полека. Ползата која што доаѓа од храната не зависи толку од количеството на храната која што се внесува, колку од темелното варење; ниту задоволувањето на вкусот не зависи толку од количеството на проголтаната храна колку што зависи од времето на задржување во устата. Оние кои што се возбудени, загрижени или во брзање, ќе сторат најдобро доколку не јадат се додека не се одморат и опуштат, затоа што животните сили, кои што веќе се тешко оптоварени, не можат да ги произведат потребните сокови за варење. (1890) СН 120
- Храната треба да се јаде полека и треба темелно да се соџвака. Тоа е неопходно, со цел
плунката да биде добро измешана со храната, и желудечните сокови да можат да почнат со работа. (1905) МН 305
Поука која треба да се повторува
- Доколку работиме на обновување на здравјето, потребно е да го зауздаме апетитот, да
јадеме полека, ограничувајќи ја разновидноста на храната за време на еден оброк. Ова упатство треба често да се повторува. Не е во согласност со здравствената реформа да за еден оброк се земаат многу разновидни јадења. ^еНег, 27, 1905
- Големо внимание треба да се обрати за време на преминот од месната на вегетаријанската исхрана, како на трпезата би се изнела мудро подготвена и добро сварена храна. Г решка е да се јаде многу кашеста храна. Сувата храна, која бара џвакање е далеку попожелна. Во оваа смисла подготвувањето на здравата храна претставува благослов. Добриот црн леб и ролатите од лебно тесто внимателно и на едноставен начин подготвени, представуваат здрава храна. Во лебот никогаш не треба да се почуствува ниту најмал траг од киселост. Тој треба да се пече се додека не биде целосно испечен. На тој начин мекотијата и лепливоста ќе бидат одбегнати.
Доброто овошје подготвено на здрав начин, за оние кои што можат да го употребуваат е подобро од мекиот качамак или овесната каша. Овошјето употребено со темелно печен леб, стар два или три дена, ќе биде многу поздраво отколку земано со свежиот леб. Тоа на телото ќе му даде сето она што му е потребно, доколку полека и темелно се џвака. МЅ 3, 1897
- За правењето на кифлички употребете мека вода и млеко или малку павлака; направете
тврдо тесто и месете го како за сув кекс. Печете го на решетка во печка. Тоа пециво е слатко и прекрасно. Тоа побарува добро џвакање, кое што им користи на забите и на стомакот. Тоа прави добра крв и вградува сила. К. & Н., Мау 8, 1883
Одбегнувајте претерана загриженост
- Не е можно да се препише количество на храна која што треба да се изеде. Не е препорачливо да се иде по овој пат, затоа што кога така се чини, тогаш тоа станува најважна работа за умот. За јадењето и пиењето тогаш многу се размислува. Постојат многумина кои што имаат понесено големо бреме на одговорност со одредувањето на количеството и видот на најсоодветна храна за исхраната на организмот. Некои, а посебно оние кои патат од слабо варење, многу се загрижени за своето мени, за тоа дека можеби ја немаат внесено во доволно количество храната која што би го хранела телото. Тие имаат нанесено голема штета во домот каде што живеат, и ние се плашиме дека самите себеси се расипале за овој живот. ^еНег142, 1900
- Некои постојано се загрижени за тоа дека нивната храна, може да им наштети колку и да е таа едноставна и здрава. Дозволете да им кажам на таквите: Немојте да мислите дека вашата храна ќе ви наштети, немојте воопшто да мислите на тоа. Јадете онака како што сметате дека е најдобро и кога сте го помолиле Бога да ја благослови храната за зајакнување на вашето тело, верувајте дека Тој ја слуша вашата молитва, и бидете спокојни. (1905) МН 321
[Крајност во пропишувањето на точен број и количество на намирници – 317]
- Да се јаде во неприкладно време, како на пример по силните и претерани вежби, кога човекот е многу исцрпен или загреан е друго сериозно зло. Веднаш по јадењето доаѓа до силно напрегање на нервниот систем и доколку умот или телото се оптоварени непосредно пред или по оброкот, тоа го попречува варењето. Доколку некој е возбуден, загрижен или во брзање, подобро е да не јаде додека не се опушти или одмори.
Желудникот е во тесна врска со мозокот и кога тој е заболен, мозочните нерви се повикани да ги помогнат ослабените органи за варење. Ваквите чести барања го изложуваат мозокот на навала на крв. Кога мозокот постојано е оптоварен и кога недостасуваат физичките вежби дури и јадењето на наједноставната храна треба да се ограничи. За време на оброкот отфрлете ја грижата и неспокојството; не брзајте, туку јадете полека и радосно, со срце полно благодарност кон Бога за сите Негови благослови. (1905) МН 306
Комбинирање на храната
- Знаењето за правилно комбинирање на храната има голема вредност и се добива како
мудрост од Бога. ^еНег 213, 1902
- Немојте за еден оброк да имате многу разновидна храна; доволно е само три или четири јадења. За следниот оброк можете да направите измена. Готвачката треба да ја употреби својата креативна способност, за да јадењата која што таа ги подготвува, бидат разновидни. На тој начин желудникот не се принудува, да вари еден ист вид на храна при секој оброк. К. & Н., Ји1у 29, 1884
- Не треба да има голема разновидност во секој оброк, меѓутоа сите оброци не треба да бидат составени од ист вид на храна без каква и да е промена. Храната треба да се подготви едноставно, но сепак вкусно како би создала апетит. (1868) 2Т 63
- Многу е подобро да се јадат само две или три разновид-ни јадења за еден оброк, отколку да се оптовари желудникот со многу разновидност. ^еНег 73а, 1896
- Многумина имаат заболено заради попуштање на апетитот. . . Толку многу разновидна храна е внесено во желудникот, како резултат на што се јавува ферментација. Оваа состојба води до акутно заболување чија честа последица е смрт.
МЅ 86, 1897
- Разновидноста на храната во еден оброк предизвикува нелагодност и го уништува доброто кое што секој продукт, би го дал на телото кога би бил поединечно употребен. Оваа пракса предизвикува постојано страдање, а често пати и смрт.
^еНег54,1896
- Доколку вашата работа се врши седејќи, вежбајте секој ден, и за секој оброк јадете само
два или три вида на едноставна храна, не земајќи повеќе од она што е потребно за да се задоволи гладта. ^е-Иег 73а, 1896
[Понатамошни предлози до луѓето кои што работат седејќи – 225]
- Потешкотии настануваат поради неправилно комбинира-ње на храната; поради што настапува ферментација и крвта е затруена, а мозокот поматен.
Навиката за прејадување или земање на многу видови на јадења за еден оброк, често пати предизвикува лошо варење. На тој начин се нанесува сериозна штета на чувствителните органи за варење. Напразно стомакот протестира и апелира до мозокот да размислува од причина до последица. Одвишокот количество на изедена храна или неправилната комбинација го вршат своето разорно дело. Непријатните предупредувања напразно предупредуваат. Резултат на тоа се страдања а болеста го завзема местото на здравјето. (1902) 7Т
257
Војна во желудникот
- Друга причина за слабо здравје и неуспех во работата, е лошото варење. Мозокот не е во можност најдобро да ја изврши својата работа кога силите за варење се злоупотребени. Многумина јадат набрзина многу видови на храна, а резултат на тоа е војна во стомакот при што настанува збрка во мозокот. (1892) СМ 174
- Не е добро за еден оброк да се зема голема разновидност на храна. Кога овошјето и лебот, заедно со мноштвото разновидна друга храна која што не се совпаѓа, ќе се натрупаат во желудникот за еден оброк, што можеме тогаш да очекуваме освен да настанат пречки? МЅ 3, 1897
- Многумина јадат пребрзо. Некои земаат за еден оброк храна која што не се совпаѓа. Кога мажите и жените би знаеле колку многу ја мачат душата кога го мачат желудникот, и колку го обесчестуваат Христа кога го измачуваат желудникот, тогаш храбро и полни со самоодрекнување би му давале на желудникот можност да ја обнови својата здрава активност. Додека седиме за трпезата ние можеме да вршиме здравствено – мисионерско дело, јадејќи и пиејќи на слава Вожја. МЅ 93, 1901
Мирен стомак – мирно расположение
- Ние мораме да се грижиме за органите за варење, и да не ги мачиме со голема разновидност на храна. Оној кој што ќе се оптовари со многу видови на храна за еден оброк, си штети самиот себеси. Многу е поважно да го изедеме она што нам ни одговара, отколку да пробаме од секое јадење кое што е изнесено пред нас. Не постои врата на нашиот желудник низ која би можеле да набљудуваме што се случува; па затоа мораме да го користиме својот ум и да расудуваме од причина до последица. Најверојатно страдате од последица на земањето на голема разновидност на храна, доколку чувствувате дека се ве вознемирува и доколку ви се чини дека се иде на лошо.
Органите за варење имаат голема улога во изградувањето на среќниот живот. Вог нам ни дал мудрост за да знаеме што треба да користиме како храна. Зарем нема, како разумни мажи и жени, да проучуваме за тоа дали сето она што го јадеме се сложува или пак ќе предизвика мачнина? Луѓето кои што имаат кисел желудник често пати се луѓе со кисело расположение. Им се чини како се да е против нив и наклонети се да бидат раздразливи и мрзоволни. Доколку сакаме да имаме мир меѓу себе, потребно е да повеќе размислуваме за тоа како да секогаш имаме мирен желудник. МЅ 41, 1908
[Штетни ефекти од преголема разновидност на храна и погрешни комбинации – 141, 225-227, 264, 387, 546, 551, 722]
[Комбинација на многу видови храна во нашите ресторани – 415]
[Г рижа во составување на оброците за болните – 441, 467]
[Елена Вајт внимателна во комбинацијата на нејзината храна – Додаток 1:19, 23, 25]
Овошје и зеленчук
- За еден оброк не треба да има многу разновидна храна, затоа што тоа ја поттикнува желбата за прејадување и предизвикува проблеми со варењето.
Не е добро да се јаде овошје и зеленчук во ист оброк. Докол-ку варењето е слабо, употребата на едното и другото често пати ќе предизвика крајна нелагодност и ќе ги оневозможи менталните способности. Подобро е да се земе овошје во еден, а зеленчук во друг оброк.
Оброците треба да бидат разновидни. Исти јадења, подготве-ни на ист начин не треба да се појавуваат на трпезата; оброк зад оброк, ден зад ден. Јадењата ќе се јадат со поголемо задоволство, а телото подобро ќе се храни кога храната е разновидна.
(1905) МН 299, 300
Вогати десерти и зеленчук
- Пудинзи, преливи, слатки колачи и зеленчук, послужени за еден оброк ќе предизвикаат
пореметување во желудникот. ^еДег 142, 1900
- Потребно е во својата куќа да имате најдобар вид на помош во работата околку
подготвувањето на вашата храна. Во текот на една ноќ изгледаше како да старешината се
разболел, и еден искусен лекар ви рече: “Го запазив вашиот начин на исхрана. Вие јадете многу разновидна храна за еден оброк. Овошјето и зеленчукот земени за еден оброк предизвикуваат киселина во желудникот; тогаш неправилното варење создава штетни состојки во крвта и го онеспособува мозокот.” Треба да сфатите дека кон секој орган на телото треба да се постапува со почит. Во поглед на исхраната, морате да размислувате од причините до последиците. ^еНег312, 1908
Шеќер и млеко
- Вообичаено во храната се употребува премногу шеќер. Тортите, слатките пудинзи,
печивата, слаткото и џемовите, се активни причинители за слабо варење. Посебно се штетни преливите и пудинзите во кои главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилно употребување на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува. (1905) МН 302
- Некои употребуваат млеко и големо количество на шеќер во качамакот, мислејќи дека ја спроведуваат здравствената реформа. Меѓутоа, споени заедно, шеќерот и млекото сигурно предизвикуваат ферментација во стомакот и на тој начин стануваат штетни. (1890) СН 154
[Види млеко и шеќер – 533, 534, 535, 536]
Вогати и сложени состави
- Доколку на трпезата се изнесуваат помалку зачини и слатки, дотолку ќе биде подобро за оние кои што ја земаат таа храна. Сета мешана и сложена храна му штети на човечкото здравје. Немите животни никогаш не би употребиле таква мешавина која често пати се внесува во човечкиот желудник. . .
Вогатата храна и нејзините сложени состави го нарушуваат здравјето.
(Цеѓѓег 72, 1896)
[Вогата храна и разни јадења не се најдобра храна за состаноците под шатори – 74]
[Комбинации на зачинето месо, богати колачи и пити – 673]
[Види Отсек XIX “Десерти”]