Неумереност во јадењето

Сподели го ова:

Општ, меѓутоа сериозен грев

  1. Преоптоварување на желудникот е општ грев, и кога премногу храна е внесено, целото тело е оптоварено. Животот и животната сила, наместо да се зголемува, таа се намалува. Тоа е според плановите на сатаната. Човекот ја троши својата животна сила во непотребен напор да се ослободи од вишокот на храната.

Со земањето на големи количества на храна, ние не само што лекомислено ги губиме Божјите благослови, предвидени за природните потреби, туку му нанесуваме голема штета на целото тело. Ние го осквернуваме Божјиот храм; тој е ослабен и онеспособен, а природата не може да ја изврши својата задача мудро и добро, како што тоа Бог го предвидел. Заради себичното попуштање на својот апетитот, човекот ја оптоварил силата на природата принудувајќи ја да врши работа која никогаш не би се барала од неа.

Кога сите луѓе би биле запознаени со живата, човечка машинерија, тие не би биле виновни правејќи го ова, освен, доколку навистина толку многу го сакаат самозадоволувањето, па би продолжиле со својот самоубиствен живот умирајќи со прерана смрт, или со години живеејќи на товар на самите себеси и своите пријатели. ^еКег 17, 1895

Попречување на човечкиот организам

  1. Не е возможно да се јаде неумерено дури и од најздравата храна. Не значи тоа дека

заради тоа што некој ја напуштил употребата на штетните продукти, сега може да јаде онолку колку што му е угодно. Неумереното јадење, без оглед на квалитетот на храната, го запушува организмот и го спречува во неговата работа.    (1890) СН 119

  1. Неумерноста во земањето, дури и на здравата храна, ќе има штетни последици по телото

и ќе ги затапи умствените и моралните способности.    Ѕјдпѕ, Ѕер! 1, 1887

  1. Скоро сите членови на човечкото семејство јадат повеќе отколку што телото побарува.

Ова прекумерно количество се распаѓа и станува гнила маса. . . Доколку во стомакот се внесе повеќе храна, дури и од наједноставен квалитет, отколку што тоа организмот го побарува, тогаш тој одвишок станува бреме. Телото прави безнадежни напори да ја преработи и оваа дополнителна работа предизвикува чувство на замор. Некои кои што постојано јадат тоа го нарекуваат чувство на глад, меѓутоа, тоа е предизвикано преку претераната работа на органите за варење.      ^еИег 73а, 1896

[Последиците од неумерното јадење дури и од наједноставната, здрава храна – 33, 157]

  1. Непотребна грижа и бремиња се создадени со желба да се покажеме во угостувањето на

посетителите. За да се подготви богата и разновидна трпеза, домаќинката претерано работи. Заради тоа што се подготвени многу јадења, гостите се прејадуваат, а болеста и страдањето се последица на претераната работа од една страна, и неумереното јадење од друга страна. Овие богати гозби се бреме и штета.         (1900) 6Т 343

  1. Ждерачките гозби и храната која што се внесува во желудникот во непогодни времиња, оставаат последици врз секое влакно на телото. Умот е, исто така, под сериозно влијание од она што го јадеме и пиеме. НеаИИ Реѓогтег, Јипе, 1878
  2. Тешката работа е штетна за младите во развој. Меѓутоа, таму каде што стотици го уништиле својот организам само со претерана работа, неактивноста, неумереното јадење и безделничењето посеале семе на болест во телото на илјадници кои итаат кон брза и сигурна пропаст. (1876) 4Т 96

Лакомоста – главен престап

  1. Некои не владеат со својот апетит, туку му попуштаат на вкусот на штета на здравјето. Умот е заради тоа затемнет, нивните мисли стануваат спори и тие пропуштаат да го извршат она што би можеле да го извршат кога би покажале самоодрекнување и воздржливост. Тоа го лишува Вога од онаа телесна и умствена сила која би можела да му биде посветена на Неговата служба доколку во сите нешта се покажало умереност.

Павле кој беше здравствен реформатор рече: “Туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.” Тој чувствуваше дека врз него почива одговорност целосно да ги запази своите сили, како би можел да ги употреби на Вожја слава. Доколку Павле беше во опасност од неумереноста, ние сме уште во поголема опасност, затоа што не ја чувствуваме и сфаќаме како него потребата од прославување на Вога во своите телеса и души кои што се Негови. Неумереното јадење е грев на денешницата.

Вожјата реч го става гревот на прејадувањето во иста листа со пијанството. Овој грев бил толку тежок во Вожјите очи така што му беа дадени упатства на Мојсеј, во случај детето, кое не би сакало да го заузда својот апетит, туку лакомо се храни со она што неговиот вкус го бара, родителите морале да го донесат пред управителите на Израел за да биде каменувано. Состојбата на таквиот човек се сметала за безнадежна. Тој не би бил ниту од каква и да е полза за другите и би бил проклетство на самиот себеси. На него во ниту едно нешто не би можело да се надева. Неговото влијание секогаш би им штетело на другите и светот би бил подобар без таквиот човек, затоа што неговите страшни мани постојано би се повторувале. Никој кој поседува чувство на одговорност кон Вога нема да дозволи животинските наклонетости да владеат со разумот. Оние

кои што така чинат не се христијани, кои и да се, и колку високо име да исповедаат. Христовиот налог е: “Но бидете совршени, како што се совршен вашиот Татко небесен.” Тој овде ни укажува на тоа дека можеме да бидеме совршени во својот делокруг, како што е совршен и Вог во својот делокруг.  (1880) 4Т 454, 455

Начинот на изнесување на храна поттикнува прејадување

  1. Многумина кои што ја отфрлуваат месната храна и другите мрсни и штетни производи мислат дека можат заради тоа што нивната храна е едноставна и здрава, да му попуштаат на апетитот без ограничување и затоа претерано јадат, понекогаш ненаситно. Тоа е грешка. Органите за варење не треба да се преоптоварат со количество и квалитет на храна која ќе го оптовари организамот.

Распространет е обичајот јадењата да се изнесуваат на трпеза едно по друго. Не знаејќи што следи, некој може доволно да јаде од некоја храна која можеби најдобро не му одговара. Кога ќе се изнесе и последното јадење, тој е во опасност да ја премине границата и да земе од слатките кои го мамат, и кои се се, само не за негово добро. Доколку целата храна која е наменета за еден оброк, се изнесе на трпезата, веднаш на почетокот, тогаш човекот има можност да направи најдобар избор.

Понекогаш претераноста во јадењето веднаш се чувствува. Во други случаеви изостанува чувството на болка, меѓутоа органите за варење ја губат својата животна сила, и основата на телесната сила е поткопана.

Вишокот на храна го оптоварува телото и создава болна и трескавична состојба. Таа донесува големо количество на крв во желудникот, предизвикувајќи брзо ладење на екстремитетите. Таа става тешко бреме врз органите за варење, а кога овие органи ќе ја завршат својата задача, настанува чувство на слабост или малаксаност. Некои кои што постојано претерано јадат, ова чувство го нарекуваат глад. Меѓутоа, тоа чувство е создадено поради претераната работа на органите за варење. Понекогаш доаѓа до укоченост на мозокот па човекот станува помалку способен за умствените или телесните напори.

Овие непријатни знаци се чувствуваат затоа што природата ја извршила својата задача со непотребно трошење на животните сили и целосно е исцрпена. Желудникот зборува: “Дај ми одмор!” Меѓутоа, многумина оваа слабост ја толкуваат како желба за повеќе храна, па така, наместо на желудникот да му се даде одмор, врз него се става дополнително бреме. Како последица од, органите за варење се често пати истрошени, иако се уште би можеле да бидат способни за извршување добра работа.           (1905) мн 306, 307

[Органите можат да ја изгубат животната сила, иако не се чувствува болка – 155]

[Вожјите работници треба да спроведуваат умереност во јадењето – 117]

[Елена Вајт не можела да побара Вожји благослов врз нејзината работа ако била неумерна во јадењето –

117]

Причина за телесната и умна ослабеност

  1. Како народ, покрај сето свое исповедање на здравствена-та реформа, ние јадеме

премногу. Попуштањето на апетитот е причина за телесната и умствената ослабеност и лежи во основата на бројните и очигледните слабости.  (1890) С.Т.В.Н. 154

  1. Многумина кои што ја имаат прифатено здравствената реформа, го оставиле сето она што е штетно, но дали заради тоа што сето тоа го оставиле, можат да јадат колку што им е угодно? Тие седнуваат на трпезата и наместо да размислат колку треба да јадат, му се препуштаат на апетитот и јадат претерано. Заради тоа желудникот во остатокот на тој ден мора да се мачи со бремето кое му е наметнато. Сета храна која што се внесува во желудникот, и од која телото не може да има полза, го обременува организмот во неговата работа. Тоа & пречи на живата машина. Телото е попречено во успешното извршување на својата работа. Животните органи непотребно се оптоварени и силата на мозочните нерви е повикана во желудникот за да им помогне на органите за варење да ја извршат својата работа и да се ослободат од количеството на храна која не му чини никакво добро на телото.

Какво е влијанието на претераното јадење врз желудникот? Тој се исцрпува, органите за варење слабеат, и болеста, заедно со сите свои зла доаѓа како последица. Доколку личностите

биле претходно болни, тие на тој начин ја зголемуваат својата потешкотија и ја намалуваат својата животна сила со секој ден од својот живот. Тие ги вклучуваат своите животни сили во непотребна работа околу храната која ја внесуваат во својот желудник. Колку е страшно да се најде некој во таква состојба. . .

Какво влијание има тоа прекумерно внесување на храна на желудникот? Тој слабее, органите за варење ја губат својата сила и како последица доаѓа болест. Личностите кои и порано биле болни, само ја зголемуваат својата неволја и ги рушат животните сили секој ден. Тие луѓе непотребно ги трошат животните енергии на својот организам за да излезат на крај со храната која ја натрупуваат во својот желудник. Колку е страшно да се наоѓа во таква состојба!

Ние од искуство нешто знаеме за слабото варење. Го имавме во своето семејство, и сметаме дека тоа е болест од која треба многу да се плашиме. Кога некој ќе стане вистински болен неа, тој многу страда умствено и телесно, и неговите пријатели мораат исто така да страдаат, со исклучок доколку се лишени од секое сочуство.

Но сепак, дали ќе кажете: “Не е ваша грижа што ќе јадам или каков начин на живот ќе живеам?” Дали оние кои што се наоѓаат во близината на човекот со слабо варење страдаат? Сторете само нешто што на каков и да е начин ќе ги возбуди. За нив е природно да бидат раздразливи! Тие се чувствуваат лошо и им се чини дека нивните деца се многу лоши. Тие не можат смирено да разговараат со нив, ниту пак без посебна благодат да постапуваат смирено во своето семејство. Сите околу нив се погодени со нивната болест; сите треба да страдаат заради последиците на нивната слабост. Тие фрлаат мрачна сенка. Зарем тогаш вашите навики во јадењето не влијаат врз другите? Тие сигурно влијаат. Затоа треба да сте посебно внимателни и да се запазите себеси во најдобра здравствена положба, како би сте можеле да извршувате совршена служба на Бога и да ја исполнувате својата обврска во општеството и во своето семејство.

Меѓутоа, дури и поборниците на здравствената реформа можат да згрешат во количеството на храната. Тие можат неумерено да јадат дури и од здравата храна.    (1870) 2Т 362-365

  1. Бог ми даде упатства за тоа дека ние во повеќето случаеви внесуваме во желудникот премногу храна. Многумина се доведуваат себеси во непријатна положба со тоа што се прејадуваат и болеста е често пати последица. Господ на нив не ја прати таа казна. Тие самите на себеси ја имаат навлечено, а Бог сака тие да сфатат дека болката е последица на престапот.

Многумина јадат многу брзо. Некои за еден оброк јадат храна која што не се сложува. Доколку мажите и жените би ја имале на ум огромната штета која што и ја нанесуваат на својата душа кога му штетат на желудникот и колку длабоко го обесчестуваат Христа мачејќи го желудникот, тогаш би биле разумни и полни со самоодрекнување, давајќи му на желудникот можности да ја обнови својата здрава работа. Додека седиме на трпезата можеме да вршиме здравствено – мисионерско дело, јадејќи и пиејќи на Божја слава.     МЅ 93, 1901

Поспаност за време на богослужението

  1. Ние грешиме против своето тело кога јадеме неумерено. Во сабота во Божјиот дом

неумерените ќе седат и ќе ги преспијат големите вистини на Божјата реч. Тие не можат да ги држат своите очи отворени, ниту пак да ги сфатат свечените излагања. Дали мислите дека таквите го прославуваат Бога во своите тела и души? Не, тие Го обесчестуваат. Таквиот начин на живот создал болен од слабо варење. Наместо да се придржува до редовност во исхраната, тој дозволил со него да завладее апетитот и јадел помеѓу оброците. Можеби, доколку неговите навики се седечки, немал живототворен воздух да му помогне во варење, ниту пак со доволното движење и вежбање му користел на своето здравје.           (1870) 2Т 374

  1. За Саботата не треба да се подготви пообилна или поразновидна храна отколку што тоа се чини за останатите денови. Наместо тоа, храната треба да биде многу поедноставна и помалку треба да се јаде, за да умот биде бистар и енергичен, за да ги разбере духовните вистини. Преоптоварен стомак значи и оптоварен мозок. Најдрагоцени зборови можат да се слушнат и да не се ценат правилно, затоа што разумот е поматен преку неправилна исхрана. Прејадувањето во сабота, онеспособува многумина, повеќе отколку што тие мислат, за светите придобивки и можности кои што таа ни ги нуди. (1905) МН 307

[Дремење за време на саботните богослуженија – 93]

[Умерената храна дава умствена и морална сила – 85. 117]

[Влијанието на претераното јадење кон духовноста – 56, 57, 59, 251]

[Претераното јадење за време на состаноците под шатори – 57, 124]

[Самоубиствени навики – 202]

[Десертите како искушение за неумереност во јадењето – 538, 547, 550]

[Извор на проблеми во црквата – 65]

[Прејадување – грев на нашето време – 35]

[Претераното јадење води кон распуштеност – 244]

[Чување на чиста совест – 263]

[Неумереност и прејадување кое мајките го охрабруваат – 351, 354]

Причина за заборавеност

  1. Господ ми даде светлина за тебе во врска со умереноста во сите нешта. Ти си неумерен во јадењето. Ти често пати внесуваш во желудникот двојно поголемо количество на храна од она што твоето тело го побарува. Таа храна се распаѓа. Твојот здив станува непријатен, твоите маки предизвикани преку воспланието на носот и грлото отежнуваат, твојот желудник е преморен, а животот и силата се повикани од мозокот да ја задвижуваат воденицата која што го меле материјалот кој што си го внел во желудникот. Во тоа имаш покажано малку милост кон себеси.

Ти си гурман кога си покрај трпезата. Тоа е една од големите причини за твојата заборавеност и губиток на паметење. Ти зборуваш нешта кои јас знам дека си ги кажал, а тогаш повторно се враќаш на тоа и тврдиш дека не си рекол ништо спротивно. Јас тоа го знам, но преминувам преку тоа како преку сигурна последица на претераното јадење. Каква полза би имало да зборувам за тоа? Тое не би го излекувало злото.           ^еИег 17, 1895

Совети до проповедниците и оние кои што работат седејќи

  1. Претераното јадење посебно им штети на оние кои што се спори по темперамент. Тие треба да јадат умерено и доволно да се рекреираат. Постојат мажи и жени кои што поседуваат извонредни природни способности, а кои не постигнуваат ни половина од она што би можеле да го постигнат, кога би пројавувале само-контрола во одрекнување на апетитот.

Тука паѓаат многу писатели и говорници. По обилното јадење тие се зафаќаат со работа која што бара седење: читање, проучување или пишување, не одвојувајќи време за рекреација. Како последица на тоа се попречува слободниот тек на мислите и зборовите. Тие не можат да пишуваат или зборуваат со сила и интензитет кои се неопходни за да се допре до срцето; нивните напори се безживотни и безплодни.

Оние врз кои почиваат големи одговорности, а најмногу чуварите на духовните интереси, треба да се луѓе со изострени чувства и брзо запазување. Повеќе отколку останатите тие треба да бидат умерени во исхраната. Вогатата и луксузната храна не треба да има место на нивната трпеза.

Луѓето на доверливи положби секојдневно треба да донесува-ат важни одлуки од кои зависи многу. Често пати мораат брзо да мислат, а тоа успешно можат да го сторат само оние кои се строго умерени. Умот зајакнува преку правилно постапување со телесните и умствени сили. Доколку напорот не е преголем, нова сила доаѓа при секое ново оптоварување. Често пати работата на оние кои треба да разгледуваат важни планови и донесат значајни одлуки е погодена од нивната лоша исхрана. Несредениот желудник предизвикува несредена и несигурна состојба на умот. Тоа често пати предизвикува раздразливост, грубост и неправедност. Многу планови кои би требале да бидат благослов за светот, се отфрлени, а многу неправедни, насилнички, дури и сурови мерки, спроведени се како последица на болната состојба предизвикана со лошите навики во исхраната.

Еве еден совет за сите кои што работат умствена работа или седејќи; нека оние кои имаат доволно морална храброст и самовладеење се обидат за секој оброк да земаат само два или три вида на едноставна храна и не јадат повеќе од она што е потребно за да се задоволи гладта. Вредно вежбајте секој ден и ќе видите дека ќе имате полза.

Силните луѓе кои што се занимаваат со телесна работа не се приморани да бидат внимателни кон количеството и квалитетот на храната, како што тоа треба да го чинат луѓето кои работаат седејќи, меѓутоа, дури и тие би биле со подобро здравје доколку имаат самоконтрола во јадењето и пиењето.

Некои посакуваат да се одреди точно правило за нивната исхрана. Тие се прејадуваат и тогаш жалат и така постојано размислуваат за тоа што јадат и пијат. Тоа не треба така да биде. Никој не може да постави точно правило за друг. Секој треба да пројавува расудување и самоконтрола и да се раководи според начелата. (1905) МН 308-310

[Доцните оброци се посебно штетни – 270]

Отежнато варење и одборски седници

  1. Покрај изобилните трпези луѓето често пати јадат повеќе од она што може лесно да се свари. Преоптоварениот желудник не може правилно да ја врши својата работа. Последица на тоа е непријатно чувство на замагленост на мозокот и успореност на умот. Пореметувањето настанало поради неправилниот состав на храната; ферментацијата започнува, крвта е затруена, а умот поматен.

Навиката за неумерено јадење или јадење на многу видови на храна за еден оброк, често пати предизвикува лошо варење. На тој начин сериозно се оштетуваат чувствителните органи за варење. Напразно желудникот бунтува и повикува кон мозокот да расуди од причината до последицата. Преголемата количина на внесена храна или неправилната комбинација ја врши својата разорна работа. Напразно претходно, непријатните предупредувања се дадени. Страдањата се последица и болеста го завзема местото на здравјето.

Некој можеби ќе праша: “Каква врска има тоа со одборските седници?” Има многу. Последиците од лошата исхрана се донесуваат на советите и одборските седници. Состојбата на желудникот влијае врз мозокот. Пореметениот желудник предизвикува пореметена, несигурна состојба на умот. Заболениот желудник предизвикува болна состојба на мозокот и често пати прави некого да биде тврдоглав во подржувањето на погрешно мислење. Привидната мудрост на таквиот е лудост пред Вога.

Го изнесувам ова како причина за состојбата на многу совети и одборски седници, на кои за прашањата се барало грижливо проучување, а им се посветило многу малку внимание и на кои одлуките од најголемо значење се донесени на брзина. Често пати кога требало да се постигне еднодушност на настроение во позитивна смисла, донесениот негативен суд целосно ја изменил атмосферата која владеела на седницата. Ваквите последици често пати ми беа предочени.

Ова сега го изнесувам затоа што добив упатства на своите браќа проповедници да им кажам: “Со неумереноста во јадењето се онеспособувате себеси јасно да ја видите разликата помеѓу светиот и обичен оган. Со таквата неумерност вие, исто така, го откривате своето потценување на предупредувањето кое Вог ви го има дадено. Неговата реч упатена кон вас гласи: “Кој од вас се плаши од Господа, го слуша гласот на Неговиот слуга, кој чекори во темнина, и нема светлина? Нека се надева на името Господово и да се потпира врз својот Вог.” Зар нема да му се приближиме на Вога за да може да не избави од секоја неумереност во јадењето и пиењето, од секоја похот, од секое зло? Зарем нема да се понизиме себеси пред Вога, отфрлајќи го сето она што му штети на телото и духот, за да можеме во Неговиот страв да ја усовршиме светоста на карактерот?  (1902)7Т 257, 258

Никаква препорака за здравствената реформа

  1. Нашите проповедници не се доволно внимателни во поглед на своите навики во исхраната. Тие земаат преголеми количества на многу разновидна храна за еден оброк. Некои се приврзаници на здравствената реформа само по име. Тие немаат правила според кои би ја регулирале својата исхрана, туку попуштаат и јадат овошје или зрнести производи помеѓу оброците и на тој начин врз органите за варење наметнуваат премногу големо бреме. Некои земаат три оброка дневно, додека два би им биле многу покорисни за телесното и духовното здравје. Доколку се прекршат законите на здравјето кои што Вог ги воспоставил да управуваат со телото, казната мора сигурно да следи.

Заради непромисленост во јадењето, сетилата на некои изгледа како да се полупарализирани, и тие се троми и поспани. Овие проповедници со бледи лица, кои ги трпат последиците на себичното попуштање на апетитот, не се никаква препорака за здравствената реформа. Доколку некој пати од последиците на претераната работа, би било многу подобро да изостави од време на време некој оброк и на тој начин на природата да и даде можност да закрепне. За унапредување

на здравствената реформа нашите работници би можеле да сторат многу повеќе со својот пример отколку со проповедањето. Кога ќе им се подготват гозби од страна на добронамерните пријатели, тие паѓаат во големо искушение да ги занемарат начелата. Меѓутоа со одбивањето на деликатесните јадења, богатите зачини, чајот и кафето, докажуваат дека се практични поборници на здравствената реформа. Некои сега страдаат заради последиците на кршењето на животните закони и на тој начин создаваат дамка која почива врз делото на здравствената реформа.

Претерување во јадење, пиење, спиење или гледање претставува грев. Соодветна, здрава работа на сите телесни и умствени сили донесува среќа; и доколку е посовршена и поцелосна силата, дотолку среќата е почиста и поголема.       (1880) 4Т 416, 417

Копање на гробови со сопствените заби

  1. Причината заради која што многу наши проповедници се жалат на болест е во тоа што тие пропуштаат доволно да вежбаат и што попуштаат на неумереноста во јадењето. Тие не сфаќаат дека таков начин на живот ја доведува во опасност и најсилната телесна градба. Оние кои што се како и ти со спор темперамент, треба да јадат многу умерено и да не ги одбегнуваат телесните напори. Многумина од нашите проповедници си копаат себеси гроб со своите заби. Телото страда водејќи грижа за бремето кое е ставено на органите за варење, а и мозокот е премногу оптоварен. За секој престап на законот на здравјето, престапникот мора да плати казна во своето сопствено тело. (1880) 4Т 408, 409
Сподели го ова:

Слични објави