Туршија и Оцет
Дел 4 – Туршија и Оцет
- Во ова брзо време, колку храната е помалку надразнувачка, толку подобро. Зачините се штетни по својата природа. Сенфот, црниот пипер, зачините, туршиите и другите нешта со сличен карактер, го иритираат стомакот и ја заболуваат и загадуваат крвта. (1905) МН 325
- Еднаш седев на трпеза со неколку деца помлади од дванаесет години. Месото беше
сервирано во изобилство, а потоа едно нежно, нервозно девојче побара туршија. И беше подадена тегла со мешана туршија, лута со сенф и преполна со зачини, од која што таа слободно се послужи. Детето беше познато по својата нервоза и раздразливост, а ваквите штетни јадења како да беа добро осмислени да предизвикаат токму таква состојба. (1890) РЕ 150, 151
- Месните пити и туршијата, кои што никогаш не би требале да влезат во човечкиот
желудник, доведуваат до лош квалитет на крвта. (1870) 2Т 368
- Органите кои што произведуваат крв не можат да зачините, месните пити, туршиите и
заболените меса ги преработат во добра крв. (1870) 2Т 383
[За контекст, види 336]
- Не јадете многу сол, одбегнувајте туршија и зачинета храна, јадете многу овошје и
желбата да се напиете нешто за време на оброкот ќе исчезне. (1905) МН 305
[Туршијата го надразнува желудникот и ја загадува крвта – 556]
Оцет
- Кога салатите се приготвуваат со масло и оцет, во желудникот доаѓа до ферментација и храната не се вари туку се распаѓа или стврднува; како последица на што крвта не е нахранета туку се исполнува со нечистотии и доаѓа до заболувања на црниот дроб и бубрезите.
^еИег 9, 1887