Постење
Христовата победа преку откажувањето од апетитот
- Кај Христа, како и кај светата двојка во Едем, апетитот претставувал основа на првото големо искушение. Токму таму каде што почнал падот, мора да започне и делото на нашето откупување. Како Адам што паднал попуштајќи му на апетитот, така и Христос мораше да победи откажувајќи се од желбите. “И постеше четириесет дена и четириесет ноќи и најпосле огладне. Тогаш му пристапи искушувачот и рече: Ако навистина си Син Вожји, нареди овие камења да станат лебови. Исус одговори: Пишано е: Човекот не живее само од лебот, туку од секој збор што излегува од Вожјата уста.”
Во периодот од Адама до Христа, попуштањето на самиот себеси ја зајакнало силата на желбите и страстите, така што тие речиси неограничено завладеале. Така луѓето станале морално унижени и болни, и сами по себе не биле во состојба да победат. Христос победил наместо човекот, издржувајќи најтешки искушенија. Заради нас покажал самовладеење кое било посилно од гладот или смртта. Во оваа прва победа биле опфатени и други прашања што влегуваат во сите наши борби со силите на темнината.
Кога Исус влегол во пустината, бил опкружен со славата на Отецот. Обземен во заедницата со Вога, бил издигнат над човечките слабости. Но славата го напуштила и Тој бил оставен да се бори со искушението. Тоа секој миг се уривало врз него. Неговата човечка природа се повлекла пред борбата што го очекувала. Четириесет дена постел и се молел. Слаб и исцрпен од глатта, премален и измачен со душевен очај – “Лицето му беше во толкава мерка нечовечки обезличено, што со својот изглед не личеше повеќе на човек” (Исаија 52:14). Сега настапил мигот на сатаната. Сега тој претпоставувал дека ќе може да го победи Христа. (1898) ^А 117, 118
- Христос влезе во искушението на апетитот, и скоро шест седмици му се спротивставуваше во полза на човекот. Тој долг пост во пустинатата треба да биде поука за човекот во сите времиња. Христос не беше победен преку силните искушенија на непријателот, и тоа е охрабрување за секоја душа која што се бори против искушението. Христос му овозможи на секој член од човечкото семејство да може да се спротивставува на искушението. Сите кои што ќе сакаат да живеат побожен живот можат да победат како што Христос победи, со крвта на Јагнето, и со словото на своето сведоштво. Тој долг пост на Спасителот му даде нему сила да издржи. Тој му покажа на човекот дека Тој ќе го започне делото на победувањето токму таму каде што и пропаста започна – во поглед на апетитот. ^еКег 158, 1909
- Кога Христос бил најповеќе нападнат со искушенија, не јадеше ништо. Тој се предавал
себеси на Вога, и преку срдечна молитва и совршено потчинување на волјата на Својот Отец, излегол како победник. Оние кои што ја исповедаат вистината за овие последни денови, повеќе од секоја друга класа на таканаречени христијани, треба да се угледаат на големиот Пример во овој ПОГЛед. (1869) 2Т 202, 203
[За контекст види 70]
- Откупителот на светот знаел дека попуштањето на апетитот ќе донесе телесна слабост, и така умртви моќта на запазувањето кога не ќе може да се распознае светото и вечното. Христос знаеше дека светот беше предаден на прејадување, и дека самоугодувањето ќе ги изопачи моралните сили. Доколку задоволувањето на апетитот беше толку силно врз луѓето што со цел да се скрши неговата сила, божествениот син Вожји, заради човекот беше потребно да пости скоро шест седмици, каква ли задача му претстои на христијанинот за да може и тој да победи онака како што и Христос победи! Силата на искушението да му се угодува на апетитот може да биде измерена само со неискажливата Христова агонија во тој долг пост во пустината. (1875) 3Т 486
Како подготовка за проучување на Виблијата
- Во Светото Писмо има такви текстови кои се тешки за разбирање и кои, според Петровите
зборови, неуките и колебливите ги извртуваат на своја погибел. Можеби во овој живот нема да можеме да бидеме во состојба да го пронајдеме значењето на секој дел од Светото Писмо, меѓутоа не постои ниту една важна точка од практичната вистина која ќе остане неразјаснета. Кога по Вожјото провидение ќе настапи време кога светот ќе биде ставен на проба за вистината за ова време, Неговиот Дух ќе поттикне многу умови да ја проучуваат Виблијата дури преку пост и молитва се додека не бидат пронајдени сите алки и не се спојат во совршен синџир. Секој факт кој што е во врска со спасението на душите ќе стане толку јасен, така што никој нема да мора да греши ниту пак да талка во темнина. (1870) 2Т 692
- Тешките проблеми на вистината биле откриени преку сериозните напори на неколкумина
кои биле посветени на делото Вожје. Постот и срдечната молитва кон Вога го задвижиле Господа да ги отвори своите ризници на вистината за нивното разбирање. (1870) 2Т 650, 651
- Оние кои што искрено копнеат по вистината нема да се двоумат да дозволат испитување и
критикување на своите ставови и нема да им пречи доколку нивните мислења и идеи не се прифатат. Тоа беше духот што кај нас беше негуван пред четириесет години. Ние доаѓавме заедно со обременетите души, молејќи се за да бидеме единствени во верата и учењето, затоа што ние знаевме дека Христос не е поделен. Секој пат само една точка беше предмет на истражување. Свеченост ги карактеризираше тие собири на истражување. Виблијата беше отварана со чувство на стравопочит. Често пати ние постевме, за да бидеме подобро подготвени за разбирање на вистината. (1892) С & Т. 47
Кога е потребна посебна божествена помош
- За одредени нешта, постењето и молитвата се препорача-ни и соодветни. Во Вожјата рака тие се средства за чистење на срцето и промовирање на отвореност за разбирање на умот.
Ние добиваме одговори на нашите молитви затоа што ги понизуваме нашите души пред Вога.
^еИег 73, 1896
- Вожја намера е оние кои што носат одговорности често да се среќаваат за да се советуваат еден со друг и да се молат сериозно за онаа мудрост која што само Вог може да ја даде. Изнесете ги соединети своите проблеми пред Вога. Помалку зборувајте; многу драгоцено време е загубено во разговори кои не донесуваат никаква светлина. Здружете се во постење и молитва за мудроста која што Вог ветил дека ќе ја даде на секој кој што ќе ја побара. (1892) ЅМ 236
- Кога и да е неопходно за напредокот на делото на вистината и за славата Вожја, да се сретне некој противник, колку внимателно и со каква понизност, е потребно застапниците на вистината да влезат во судирот. Со испитување на срцето, со исповедање на гревовите, со срдечна молитва, често постејќи за одредено време, тие треба да бараат Вог посебно да се застапува за нив, и да & даде на Својата спасителна, драгоцена вистина славна победа, за да се покаже заблудата во својата вистинска деформација, и нејзините застапници да бидат целосно поразени. (1867) 1Т 624
[Постот на Спасителот поука за нас, кои живееме во страшни времиња – 238]
Вистинскиот пост
- Вистинскиот пост кој што треба да биде препорачан за сите, е воздржување од секој
надразнувачки вид на храна, и правилна употреба на здрава, едноставна храна, која што Вог ја обезбедил во изобилство. Луѓето треба да мислат помалку за тоа што треба да јадат и пијат од земската храна а многу повеќе на небесната храна, која му дава карактер и живот на целото верско искуство. (1896) мм 283
- Сега и понатаму се до крајот на времето Вожјиот народ треба да биде посрдечен, сосема буден, не потпирајќи се на својата мудрост, туку во мудроста на својот Водач. Тие треба да одредат денови за постење и молитва. Целосно воздржување од храната можеби нема да биде потребно, меѓутоа тие би требало да јадат умерено од наједноставната храна. р. & н., РеР. 11, 1904
- Сето постење во светот нема да може да ја замени едноставната доверба во речта Вожја.
“Варајте”, Тој вели “и ќе добиете.” . . . Од вас не се бара да постите четириесет денови. Господ го издржа тој пост за вас во пустината на искушението. Нема да постои сила во еден таков пост; меѓутоа постои сила во крвта Христова. ^еИег 206, 1908
- Духот на вистинското постење и молитва е духот кој што му го предава умот, срцето и
својата волја на Вога. (1900) мѕ 28
Како лек за болести
- Неумереното јадење често пати е причина за болеста, и тоа што на телото му е најпотребно е да се ослободи од непотребното бреме кое што е ставено на него. Во многу случаеви на болест, најефикасен лек за болниот е тој да изостави оброк или два со цел на преморените органи за варање да им овозможи одмор. На оние кои што работат претежно со умот, големо олеснување често пати би им донела овошна исхрана во период од неколку дена. Многу пати краток период на целосно воздржување од храна, проследена со умерено земање на едноставна храна, благодарение на напорите на самата природа довело до целосно оздравување. Намалувањето на храната која што се јаде за месец или два би уверило многу страдалници дека патот на самооткажувањето е патот до здравјето. (1905) мн 235
- Некои луѓе повеќе би се ползувале со воздржување од храна во еден или во два дена
секоја седмица, отколку од какво и да е лечење или совет. Да се пости еден ден во седмицата би била од непресметлива полза за нив. (1902) 7Т 134
- Честото земање на храна во многу големо количество ги обременува органите за варење и создава трескавична состојба на организмот. Крвта станува нечиста, и тогаш доаѓа до разни заболувања. . .
Во вакви случаеви, страдалниците можат да сторат за себеси тоа што другите неможат да го направат за нив. Тие треба да започнат со тоа што ќе ја олеснат природата од бремето кое е поставено врз неа. Најпрвин тие треба да го отстранат причинителот. Постот за кратко време ќе му пружи на желудникот можност за одмор. Намалете ја трескавичната состојба на системот со грижлива и разумна употреба на вода. Тие обиди ќе и помогнат на природата во нејзината борба да го ослободи организмот од нечистотиите. (1864) Ѕр. Ѕ^ТСѕ IV, 133, 134
- Личностите кои му угодувале на апетитот така што јаделе изобилно месо, високо зачинети
сосови и различни видови на богати колачи, неможат веднаш да уживаат во едноставната, здрава и хранлива храна. Нивниот вкус е толку изобличен така што тие немаат апетит за здрава исхрана од овошје, едноставен леб и зеленчук. Тие не треба да очекуваат од почеток да уживаат во храната толку поинаква од онаа со која тие имале навика да си угодуваат. Доколку од почеток тие нема да можат да уживаат во едноставната храна, тие треба да постат се додека не дојдат во состојба да можат. Постот за нив ќе се покаже од поголема полза отколку лекарствата, затоа што измачениот желудник ќе го најде тој одмор кој толку долго му бил потребен, и вистинската глад ќе биде задоволена со едноставна храна. Ќе треба да помине време чувството на вкус да се опорави од измачувањата кои ги има претрпено, и да си ја придобие својата природна здравствена состојба. Меѓутоа истрајноста во самооткажувањето од јадењето и пиењето наскоро ќе стори едноставната и здрава храна да биде вкусна, и наскоро ќе се јаде со поголемо задоволство отколку што гурманот ужива над своите богати деликатеси. (1864) СН 148
Заштита против воздржуње кои води кон слабост
- Во случаеви на тешка треска, воздржувањето од храна за кратко време ќе ја намали
треската, и ќе ја направи употребата на водата поделотворна. Меѓутоа лекарот треба да ја разбере вистинската состојба на пациентот, и да не му дозволи да биде ограничен во исхраната за подолго време кога самиот организам е веќе ослабнат. Додека треската владее, храната може да ја иритира или возбуди крвта; меѓутоа кога силата на треската ќе биде намалена, исхраната треба да биде дадена на грижлив, добар начин. Доколку пациентот не внесува храна за подолго време, гладувањето на стомакот ќе создаде треска, која што ќе биде прекината со правилно давање на храна со добар квалитет. Тоа & дава на природата со нешто да работи. Доколку постои голем копнеж изразен за храна, дури и за време на треската, помалку е штетно да се задоволи тој копнеж со умерено количество на храна отколку тоа да не му се даде на пациентот. Кога тој нема да може да го насочи својот ум кон ништо друго, организмот нема да биде оптоварен со мало количество на едноставна храна. (1870) 2Т 384,385
Совет до еден постар проповедник
- Јас бев известена дека ти имаш јадено само еден оброк на ден за одредено време; меѓутоа знам дека тоа е погрешно во твојот случај, затоа што мене ми беше покажано дека тебе ти треба хранлива храна, и дека ти беше во опасност да се воздржуваш премногу. Твојата сила не би се покорила на твојата тешка дисциплина. . . .
Јас мислам дека си погрешил во тоа што си постел два дена. Бог не го бараше тоа од тебе. Јас те премолувам да бидеш внимателен и да јадеш слободно од добрата здрава храна два пати на ден. Твојата сила сигурно ќе се намали и твојот ум ќе изгуби рамнотежа во случај да не го промениш својот начин на хранење. ^еКег 2, 1872