Месна храна

Сподели го ова:

Месната исхрана – последица од гревот

  1. Вог на нашите прародители им ја дал храната која ја опредил дека треба да ја јаде целиот човечки род. Одземањето на животот на било кое суштество е спротивно на Неговиот план. Во Едем не требало да има смрт. Овошките од дрвјата во градината биле храната што ја барале потребите на човекот. Вог не му дал на човекот дозвола да јаде животинска храна се до после потопот. Видејќи било уништено се од што човекот можел да се одржува, Вог во нивната потреба му дал на Ное дозвола да јаде од чистите животни кои ги повел со себе во бродот. Но животинската храна не била најздравиот прехрамбен продукт за човекот.

Луѓето кои живееле пред потопот јаделе животинска храна и ги прославувале своите страсти се додека чашата на неправдата не се преполнила и Вог ја исчистил Земјата од таквото морално загадување со потоп. Тогаш на Земјата паднала третата страшна клетва. Првата биила фрлена врз потомството на Адам и врз земјата, поради непослушноста. Втората клетва дошла за тлото откако Каин го убил својот брат Авел. Третата, најстрашна клетва од Вога на земјата дошла со потопот.

По потопот луѓето јаделе многу животинска храна. Вог видел дека патиштата на човекот се расипани и дека тој посакал гордо да се издигне над својот Творец и да ги следи наклоностите на сопственото срце. и затоа дозволил долговечната раса да јаде животинска храна со што ги скрати нивните грешни животи. Набргу по потопот човештвото почнало забрзано да опаѓа во големината и должината на живеење.       Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 120, 121, 1864

Претпотопната расипаност

  1. Жителите на Стариот Свет биле неумерени во јадењето и пиењето. Тие јаделе месо иако Вог не им дозвоилил да јадат животинска храна. Јаделе и пиеле прекумерно и нивниот изопачен апетит не знаел за граници. Се оддале на гнасното идолопоклонство. Станале насилни и сурови и толку корумпирани што Вог веќе не можел да ги поднесе. Чашата на нивната неправда била полна, па Вог ја исчистил Земјата од ваквото морално загадување со потоп. Како што се множеле луѓето на Земјата по потопот, тие Го заборавиле Вога и ги расипале своите патишта пред него. Неумереноста во секој облик се зголемила до огромни размери. Н. ѓо С, сИ.1, р. 52, 1865

Неуспехот и духовната загуба на Израел

  1. Исхраната која што на човеот му била назначена на почетокот не вклучувала животинска храна. Дури по потопот, кога било уништено сето зеленило на Земјата човекот добил дозвола да јаде месо.

При изборот на храна за човекот во Едем, Господ покажал кој е најдобриот начин на исхрана; истата поука ни ја покажал и кога го направил изборот за израелскиот народ. Тој ги извел Ираелците од Египет, и раководел со нивната обука, за тие да можат да бидат Негов народ. Преку нив Тој сакал да го благослови и подучи светот. Им ја обезбедил најдобрата храна за таа цел, не месо, туку мана: “леб од небото”. Само поради нивното незадоволство и мрморењето за лонците со месо од Египет им била дозволена месна исхрана, но и тоа за кусо време. Нејзината употреба донела смрт и болести на илјадници. Па сепак, ограничувањето на безмесна исхрана никогаш не било во потполност прифатено. Тоа продолжило да биде причина за јавни или сокриени незадоволства и мрморење и никогаш не било постојано применувано.

По нивното сместување во Ханан, на Израелците им било дозволено да јадат животинска храна, но со внимателни ограничувања, кои имале за цел да ги намалат лошите последици. Употребата на свинското месо била забранета, како и од други животни и птици чие месо било прогласено за нечисто. Од дозволените меса било најстрого забрането да се јаде мрснотијата и крвта.

За храна можеле да се употребуваат само оние животни кои што биле во добра состојба. Ниту едно суштество кое било растргнато, умрено од природна смрт или чија што крв не била внимателно исцедена не смеело да се користи како храна.

Оддалечувајќи се од планот кој Вог го покажал за нивната исхрана, Израелците претрпеле голема загуба. Тие сакале месна исхрана и ги пожнеале резултатите од тоа. Не го постигнале Вожјиот идеал на карактерот ниту ја исполниле Неговата цел. Вог “го исполни нивното барање, но прати пораз на душите нивни” (Псалм 106:15). Тие го вреднувале земското повеќе од духовното, па затоа светото првенство кое било Негова цел за нив не го добиле. (1905) МН 311, 312

Везмесната изхрана го менува карактерот

  1. Господ јасно му кажал на Својот народ дека ќе го добијат секој благослов доколку ги

држат Неговите заповеди и бидат особен народ. Тој ги предупредил преку Мојсеј во пустината, потенцирајќи дека здравјето ќе биде награда за послушност. Состојбата на умот е блиску поврзана со телесното здравје, а особено со здравјето на органите за варење. Општо земено, Вог не го обезбедил Својот народ со месна храна во пустината затоа што знаел дека ваквата исхрана ќе доведе до болести и непокорност. За да го модифицира карактерот и за активно да ги вклучи нивните умни способности, Тој го отстранил месото од мртвите животни од нив. Им дал ангелска храна, мана од небото.           МЅ 38, 1898

Побуна и казната за неа

  1. Вог продолжил да ги храни Израелците со леб кој паѓал од небото; но тие не биле задоволни. Нивните изопачени апетити копнееле за месо, кое Вог, во Својата мудрост им го одземал… Сатаната, авторот на болестите и несреќата, ќе му се приближи на Вожјиот народ онаму каде што може да има најголем успех. Тој во голема мерка го контролирал апетитот уште од времето на неговиот успешен експеримент со Ева, кога ја навел да јаде од забранетиот плод. Тој со своите искушенија прво дошол кај странците, односно кај Египтјаните кои поверувале и ги поттикнал на бунтовничко мрморење. Тие не биле задоволни со здравата храна што Вог ја обезбедил за нив. Нивните изопачени апетити копнееле по поголема разновидност, осбено по месо.

Ова мрморење наскоро се проширило кај речиси целиот народ. Најпрвин, Вог не им удоволил на нивниот апетит, туку предизвикал врз нив да падне Неговиот суд и ги уништил највиновните со молња од небото. Но, наместо да ги понизи, се чини дека тоа го зголемило нивното мрморење. Кога Мојсеј ги слушнал луѓето како плачат пред вратите од своите шатори и се жалат низ своите семејства бил мошне незадоволен. Тој ја изнел тежината на својата ситуација

поради непокорниот дух на Израелците пред Господа, како и положбата на која Вог го поставил пред народот – положбата на грижлив татко, кој ќе страда заедно со страдањата на народот…

Вог го упатил Мојсеј да собере пред Него седумдесет старешини, за кои знаел дека се водачи на народот. Тоа не биле само луѓе во понапредна возраст, туку достоинствени, здраворазумни и искусни луѓе кои биле квалификувани да бидат судии или началници. “Доведи ги кај скинијата на сведоштвото за да застанат таму заедно со тебе. Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е во тебе, и ќе им наредам ним, да го носат заедно со тебе товарот на народот, а не ти сам да го носиш“ (Второзаконие 11:16, 17).

“А на народот кажи му: очистете се за утрешниот ден, и ќе јадете месо; зашто плачете пред Господа велејќи: – кој ќе не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, – затоа Господ ќе ви даде месо, и ќе јадете месо; ќе јадете не ден, не два, не пет дена,не десет и не дваесет дена, но цел месец ќе јадете, додека не ви излезе од ноздрите и не ви омрзне, затоа што Го презревте Господа, Кој што е меѓу вас, и плачете пред Него, велејќи: – што ни требаше да излегуваме од Египет? и рече Мојсеј: шест стотини илјади пешаци има во тој народ, меѓу кои сум и јас, а Ти велиш: Јас ќе им дадам месо, и ќе јадат цел месец! Зар треба да се заколат сите овци и волови, па да им биде доволно, или ќе се собере сета морска риба, па да ги задоволи? И му рече Господ на Мојсеј: Зар е раката Господова кратка: сега ќе видиш, ќе се оствари ли зборот Мој кон тебе, или не.” (Второзаконие 11:18-23)

“Потоа ветар дувна од Господа, и донесе од кај морето потполошки и ги натрупа околу логорот на еден ден пат од едната страна и на еден ден пат од другата страна околу логорот, речиси до два лакта од земјата. Се крена народот, и целиот оној ден и цела ноќ и целиот нареден ден се собираа потполошки; и оној, кој малку собираше, и тој набра десет гомери: и си ги наредија околу логорот да се сушат” (Второзаконие 11:31,32).

“Месото беше уште во нивните заби и уште не беше изедено, и се разгоре гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со мошне голем пораз” (Второзаконие 11:33).

Во овој случај Вог им го дал на луѓето она што не е најдобро за нив, затоа што тие тоа го сакале. Тие не се покориле да го примат од Вога она што ќе се покажало добро за нив. Тие се предале на бунтовнички мрморења против Мојсеј, и против Господа, затоа што не ги добиле оние нешта кои би се покажале штетни за нив. Нивните изопачени апетити ги контролирале, и Вог им дал животинско месо, како што сакале, и ги пуштил да страдаат од последиците на задоволувањето на својот стрвен апетит. Треските покосиле мноштво од луѓето. Оние кои биле највиновни за мрморењето биле погубени штом го вкусиле месото по кое копнееле. Доколку Му дозволеле на Вога да ја одбере нивната храна, и биле благодарни и задоволни од храната од која можеле да јадат слободно без штетни последици, тие не би ја загубиле Вожјата наклоност, ниту би биле казнети за своето бунтовничко мрморење со погубувањето на мнозина од нив.

Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 15-18, 1864

Божјата цел за Израел

  1. Кога Вог ги извел децата на Израел од Египет, Негова цел била да ги насели во Хананската земја како чист, здрав и среќен народ. Да ги погледнеме средствата преку кои Тој би го постигнал тоа. Тој ги подложил на тренинг на дисциплина кој, доколку бил внимателно следен, ќе резултирал со добро како за нив, така и за нивното потомство. Тој во голема мерка ја отстранил месната храна од нив. Им дозволил месо поради нивните барања, токму пред да стигнат до Синај, но и тоа само за еден ден. Вог можел да обезбеди месо исто толку лесно како и маната, но ограничувањето било ставено врз луѓето за нивно добро. Негова цел била да им овозможи на луѓето храна која е посоодветна за нивните потреби отколку трескавичната исхрана на која мнозина од нив биле навикнати во Египет. Изопачениот апетит требал да биде доведен во поздрава состојба, за да можат да уживаат во храната која првично им била наменета на луѓето – плодовите на земјата, кои Вог им ги дал на Адам и Ева во Едем.

Доколку тие биле подготвени да се откажат од апетитот како знак на послушност на Неговите ограничувања, слабостите и болестите би биле непознати помеѓу нив. Но тие не сакале да им се покорат на Вожјите барања, и не успеале да го достигнат стандардот кој Вог го поставил за нив и да ги примат благословите што можеле да бидат нивни. Тие мрмореле поради Вожјите ограничувања и копнееле за лонците со месо од Египет. Вог им дозволил да имаат месо, но тоа се покажало како проклетство за нив.  (1890) С.Т.В.Н. 118, 119

Пример за нас

  1. “А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи на злото, како што тие беа похотливи.” “Сето тоа стануваше, та да служат како пример, а беше напишано за поука на нас, до кои стигна крајот на вековите” (1.Коринтјаните 10:6, 11).
  2. Општо земено, црквата во Ватл крик воопшто не го поткрепувала Институтот со пример. Тие не ја вреднувале светлината на здравствената реформа со тоа што ќе ја внесат во своите семејства. Волестите кои посетија многу семејства во Ватл Крик не требале да се случат, доколку тие го следеа светлото кое Вог им го даде. Како древниот Израел, тие не ја почитувале светлината, и не можеле да ја согледаат потребата од ограничувањето на своите апетити повеќе од древниот Израел. Децата на Израелот сакале месо и, како мнозина денес, велеле: “ќе умреме без месо”. Вог му дал месо на бунтовничкиот Израел, но со него дошла и неговата клетва. Илјадници од нив умреле додека месото што го посакувале се уште било меѓу нивните заби. Ние го имаме примерот на древниот Израел и предупредувањето да не го правиме она што тие го сториле. Приказната за нивното неверување и побуна е оставена во записот како посебно предупредување дека ние не треба да го следиме нивниот пример и да мрмориме против Вожјите барања. Како можеме да бидеме толку рамнодушни, одбирајќи лично проклетство, следејќи ја нашата сопствена виделина и да се оддалечуваме се подалеку и подалеку од Вога, како што сториле Евреите? Вог не може да направи големи нешта за Својот народ поради тврдоста на нивните срца и нивното грешно неверување.

Вог не гледа кој е кој; но во секоја генерација, оние кои се плашеле од Господа и праведно работеле биле прифатени од Него; додека оние што мрмореле, не верувале и се бунтувале, нема да ја имаат Неговата милост ниту благословите ветени за оние кои ја сакаат вистината и чекорат во неа. Оние кои ја имаат светлината, а не ја следат, туку не ги почитуваат Вожјите барања, ќе откријат дека нивните благослови се сменети со проклетства, а милостите наменети за нив со осуда. Вог сака да се научиме на понизност и послушност додека ја читаме приказната за древниот Израел, кој бил Негов одбран и посебен народ, но кој се уништил самиот себеси следејќи ги сопствените патишта. (1873) 3Т 171, 172

  1. Нашите навики во пиењето и јадењето покажуваат дали сме од светот или се

вбројуваме во оние кои што Вог, со Својот моќен меч на вистината ги издвоил од светот. Тие се Неговиот посебен народ, ревносни за добри дела. Вог проговорил во Својата Реч. Во случајот на Даниел и неговите тројца придружници се наоѓа проповед за здравствената реформа. Вог проговорил преку приказната за Древниот Израел од кој Тој сакал да ја отстрани месната исхрана за нивно добро. Тој ги хранел со леб од небото: “Човекот јадел ангелска храна; но тие го охрабрувале својот земски апетит; и колку повеќе ги насочувале своите мисли кон лонците со месо во Египет,толку повеќе ја мразеле храната што Вог им ја дал за да ги одржи физички, ментално и морално здрави. Тие копнееле по лонците со месо, и така го правеле истото што мнозина го прават во наше време.   (1900) 6Т 372

[Дополнителни изјави во поглед на користењето на месото од претпотопниот свет и Израелците – 231, 233]

Назад кон првичната исхрана

  1. Повторнно и повторно ми е покажано дека Вог се обидува да не врати назад, чекор по чекор, на Неговиот првичен план – човекот да се одржува од природните производи на земјата.

(1890) СН 450

  1. Зеленчукот, овошјето и житарките треба да ја сочинуваат нашата исхрана. Ниту еден

грам месо не би требало да влезе во нашите желудници. Јадењето месо е неприродно. Ние треба да се вратиме кон Вожјиот првичен план при создавањето на човекот.  МЅ 115, 1903

  1. Зарем не е време сите да се стремат кон отфрлувањето на месната храна? Како можат оние кои сакаат да станат чисти, обновени и свети, за да уживаат во друштвото на

небесните ангели, да продолжат да се хранат со нешто што е толку штетно и за душата и за телото? Како можат да убиваат Божји созданија за да го конзумираат нивното месо? Наместо тоа, нека се вратат кон здравата и вкусна храна која му била дадена на човекот во почетокот, и самите да практикуваат, но и да ги учат своите деца на милост кон немите суштества кои Вог ги создал и ги ставил под наше владеење.           (1905) МН 317

Подготовка за преобразување

  1. Меѓу оние кои го чекаат Господовото доаѓање, јадењето месо ќе биде конечно

напуштено; месото ќе престане да биде дел од нивната исхрана. Ние секогаш треба да го имаме во предвид тој крај и да се трудиме да се стремиме кон него. Јас не можам да мислам дека јадејќи месо ние можеме да бидеме во согласност со светлината што Вог толку милостиво ни ја дал. Сите што се поврзани со нашите здравствени институции треба особено да се научат себеси да се одржуваат со овошје, житарки и зеленчук. Доколку во оваа работа се раководиме според принцип, доколку како христијански реформатори го едуцираме својот сопствен вкус, и ја доведеме нашата исхрана во согласност со Вожјиот план, тогаш можеме да имаме влијание и врз другите за оваа тема, а тоа ќе Го задоволи Вога.          (1890) С.Т.В.Н. 119

  1. Најважаната цел на човекот не треба да биде да го задоволи својот апетит. Постојат телесни потреби кои треба да се задоволат; но зарем е потребно човекот поради тоа да биде контролиран од апетитот? Зарем луѓето кои сакаат да бидат свети, чисти, обновени, за да можат да бидат примени во друштвото на небесните ангели, ќе продолжат да го одземаат животот на Вожјите созданија и да уживаат во нивното месо како луксуз? Од она што Вог ми го покажал, редот на нештата ќе биде сменет, и Вожјиот посебен народ ќе биде умерен во се. (1890) СН 116
  2. Оние кои што примиле упатства во врска со штетните последици од месната исхрана,

чајот и кафето, како и подготвувањето тешки и нездрави јадења, и кои одлучиле да склучат завет со Вога преку жртва, нема да продолжат да го задоволуваат својот апетит со храна за која знаат дека е штетна. Вог побарува апетитот да биде исчистен, и да практикуваме самооткажување во врска со оние нешта кои не се добри. Тоа е работата што треба да ја завршиме пред да можеме да застанеме како Негов совршен народ пред Него.      (1909) 9Т 153, 154

  1. Поради нејзино добро Вог ја советува црквата на остатокот да го отфрли месотот,

чајот и кафето, како и другата штетна храна. Има многу други нешта со кои можеме да се одржуваме, а кои се здрави и добри.     МЅ 71, 1908

Усовршување на светоста

  1. Помеѓу луѓето кои тврдат дека го очекуваат скорото Христово доаѓање треба да се видат поголеми реформи. Здравствената реформа треба меѓу нашиот народ да го заврши делото кое се уште не е завршено. Има такви кои мораат да станат свесни за опсаноста што ја носи јадењето месо, кои се уште јадат животинско месо, загрозувајќи го на тој начин своето физичко, ментално и духовно здравје. Мнозина кои се денес само половично обратени по прашањето на јадење месо ќе заминат од Вожјиот народ за да не одат повеќе со него.

Во сите наши дела ние мораме да им се покориме на законите што Вог ги дал, за нашата физичка и духовна енергија да може да работи во хармонија. Луѓето можат да делуваат побожно, можат дури и да го проповедаат Евангелието, а сепак да бидат неисчистени и непосветени. Проповедниците треба да бидат строго умерени во нивното јадење и пиење, за да не направат погрешни патеки за своите нозе, скршнувајќи ги хромите – слабите во вера- надвор од патот. Доколку, објавувајќи ја најсвечената и најважна порака што Вог некогаш ја дал, луѓето бидат против вистината, уживајќи во погрешни навики во јадењето и пиењето, тие ја одземаат целата силина на пораката што ја носат.

Оние кои уживаат во јадењето месо, пиењето чај и алчноста, сеат семе од кое ќе пожнеат болка и смрт. Нездравата храна која ќе влезе во желудникот ги засилува апетитите кои се борат против душата и развиваат пониски наклоности. Исхраната со животинско месо се стреми да

развие животински тенденции. А тоа ја намалува духовноста и го онеспособува умот да ја разбере вистината.

Вожјата реч јасно не предупредува дека доколку не се воздржиме од телесните уживања, нашата физичка природа ќе биде доведена во судир со духовната природа. Алчното јадење војува против здравјето и мирот. На тој начин се објавува војна помеѓу пониската и повисоката природа на човекот. Ниските страсти, силни и активни, & се спротивставуваат на душата. Највисоките интереси на душата се загрозени со задоволувањето на апетитот без Небесните ограничувања. (1902) СН 575, 576

  1. Оние кои што тврдат дека веруваат во вистината треба внимателно да ги чуваат силите на телото и умот, за Вог и Неговото дело на ниту еден начин да не бидат обесчестени од нивните зборови или дела. Навиките и делата треба да бидат доведени во согласност со Вожјата волја. Треба да обрнеме големо внимание на нашата исхрана. Јасно ми е покажано дека Вожјиот народ треба да застане цврсто против јадењето месо. Зарем Вог цели 30 години ќе му ја упатуваше на Својот народ пораката дека треба да престанат да јадат месо доколку сакаат да имаат чиста крв и јасен ум, ако не сакал Неговиот народ да се придржува до тоа? Со употребата на животински меса се засилува нашата животинска природа, а заслабнува духовната природа. ^еИег 48, 1902
  2. Моралните зла од месната исхрана не се помалку обележани од физичките неволји. Месната храна е штетна за здравјето, а се што се одразува на телото, соодветно ќе се одрази и на умот и душата. Помислете само на суровоста кон животните која ја вклучува јадењето месо, како и на ефектот од тоа врз оние кои го убиваат животното и оние кои се вклучени во тоа. Колку тоа ја уништува нежноста со која треба да се однесуваме кон овие Вожји суштества! (1905) МН 315
  3. Широката употреба на месото од мртвите животни имала уништувачки последици врз

моралот, како и врз физичката градба на човекот. Доколку ги погледнеме резултатите од лошото здравје, во неговите најразлични облици и тргнеме да ја бараме причината за тоа, сигурно ќе стигнеме до јадењето месо.           МЅ 22, 1887

  1. Оние кои што јадат месо ги занемаруваат сите предупредувања што Вог ги дал во врска со ова прашање. Тие немаат никаков доказ дека чекорат по сигурна патека. Немаат никаков изговор за јадењето месо од мртви животни. Врз животинскиот род почива Вожјото проклетство. Многу пати кога се јаде месо, тоа се распаѓа во стомакот и предизвикува болести. Карциномите, туморите и белодробните заболувања се во многу предизвикани токму од јадењето месо.

РааИс Ш^оп ВесогЦег, Осѓ. 9, 1902

  1. О, кога сите би можеле да ги согледаат овие теми онака како што ми се покажани мене, оние кои сега се толку безгрижни, толку рамнодушни во врска со изградувањето на сопствениот карактер; оние кои што копнеат за уживањето во месната исхрана, никогаш не би ги отвориле своите усни за да го оправдаат апетитот за месото од мртви животни. Таквата исхрана ја загадува крвта во нивните вени и ги стимулира ниските животински страсти. Ја заслабнува острината на запазувањето и живоста на мислата за разбирањето на вистината и знаењето за себеси. МЅ 3, 1897

Јадењето месо е посебно опасно денес

  1. Месото никогаш не било најдобрата храна; но неговата употреба денес е двојно непогодна поради толку забрзаниот пораст на болестите кај животните. (1905) МН 313
  2. Животните стануваат се повеќе и повеќе болни, и нема да помине долго пред

животинската храна да биде отфрлена од мнозина кои не се Адвентисти на седмиот ден. Треба да се подготвуваат јадења кои се здрави и го подржуваат животот, па мажите и жените наме да имаат потреба да јадат месо.        (1900) 7Т 124

  1. Кога оние што ја знаат вистината ќе застанат во одбрана на здравите принципи за овој

и за вечниот живот? Кога ќе бидат искрени кон принципите на здравствената реформа? Кога ќе научат дека е опасно да се јаде месо? Поучена сум да кажам дека ако јадењето месо воопшто било безопасно некогаш, денес воопшто не е така.    МЅ 133, 1902

  1. Светлината која ми е дадена вели дека набргу ќе треба да се откажеме од употребата

на секаква храна од животинско потекло. Дури и млекото ќе треба да биде отфрлено. Болестите бргу се множат. Вожјото проклетство е на Земјата, бидејќи човекот го предизвикал тоа. Навиките и делата на луѓето ја довеле Земјата во состојба во која за човечкото семејство мора да се изнајде друга храна, која не е од животинско потекло. Нам воопшто не ни е потребна месна исхрана. Вог може да ни даде нешто друго.    ШЈоп Сопѓегепсе РесогЦ, Ји1у 28, 1899

  1. Кога само би ја познавале природата на месото што го јадете, кога би можеле да го видите живо животното чие мртво месо го јадете, со гадење би се одвратиле од вашите месни оброци. Истите тие животни кои вие ги јадете се често толку заболени што, оставени, би умреле самите; но додека во нив е здивот на животот, биле убиени и донесени на пазарот. Вие во вашиот организам директно внесувате сокови и отрови од најлош вид, а не сте свесни за тоа. (1870) 2Т 404, 405

Страдањата на животните и последиците од тоа

  1. Животните често се изнесуваат на пазар и се продаваат како храна, кога се толку заболени што на нивните сопственици им е страв подолго да ги чуваат. И некои од постапките за нивно одгледување за пазарот предизвикуваат болести. Оставени без сончева светлина и чист воздух, вдишувајќи ја атмосферата на нечистите штали, можеби и хранејќи се со храна која се распаѓа, целото нивно тело наскоро станува загадено со штетни состојки.

Животните често се транспортираат на големи далечини и се подложени на големо страдање додека не стасаат до пазарот. Одведени од зелените пасишта, патувајќи илјадници километри по жештината и правливите патишта, или пренатрупани во нечисти камиони, трескавични и исцрпени, често повеќе часови без храна и вода, кутрите животни се возат кон својата смрт, за луѓето да можат да се насладуваат со нивните лешеви. (1905) МН 314

  1. Мнозина умираат од болести кои се во потполност предизвикани со јадењето месо; па сепак, се чини дека светот не станува помудар. Често се убиваат животни кои патувале големи далечини до кланиците. Нивната крв станала загреана. Тие се згоени и лишени од здраво движење, па кога треба да патуваат далеку стануваат нервозни и исцрпени и во таква состојба се убиваат за Пазар. Нивната крв е многу трескавична и оние кои јадат од нивното месо, јадат отров. Некои не го чувствуваат веднаш неговото влијание, додека други веднаш ги пресекува болка и умираат од треска, колера или некои непознати болести.

Многу од животните продадени за градските пазари биле заболени при продажбата и нивните сопственици го знаеле тоа, па дури и оние кои ги купиле не секогаш не се свесни за тоа. Ова особено се практикува во голема мерка во поголемите градови во кои месојадците не знаат дека јадат месо од заболени животни.

Некои од животните водени на кланица, се чини, инстиктивно разбираат што ќе се случи, па стануваат возбудени и буквално луди. Нив ги убиваат во таква состојба и го подготвуваат нивното месо за пазарот. Нивното месо е затруено и, кај оние кои што го јаделе, предизвикало грчеви, болка, инфаркт и ненадејна смрт. Па сепак, причината за сите овие страдања не му се припишува на месото.

Некои од животните биле нехумано третирани додека биле водени на кланица. Тие биле буквално измачувани и, дури по многучасвовно страдање, убиени. Свињите се подготвуваат за пазарот дури и кога меѓу нив беснееше чума, а нивното месо ширеше заразни болести и донесе многу смрт.     Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 147, 148, 1864

Физичките последици од јадењето месо ја намалуваат отпорноста кон

заболувањата и ненадејната смрт

  1. Подложноста на заболувања со јадењето месо се зголемува за десет пати.

(1868) 2Т 64

  1. Лекарите во светот не можат да го објаснат брзото зголемување на болестите помеѓу човештвото. Но ние знаеме дека многу од овие страдања се предизвикани од јадењето месо.

^еѓѓег 83, 1901

  1. Животните се заболени и, јадејќи го нивното месо, ние сееме семе на болест во нашето ткиво и крвта. Потоа, ако бидеме изложени на промени во маларична околина, ние тие промени ги чувствуваме многу посилно; или, кога ќе бидеме изложени на епидемични или заразни болести, нашиот организам нема да биде во состојба да & се спротивстави на болеста. (1896) Е. ѓгот ит. 8
  2. Вие сте полни, но тоа не е добар материјал. Вам ви е само полошо поради вашата телесна тежина. Кога секој од вас би се подложил на поедноставна исхрана, која би намалила 12- 15 килограми од вашата тежина, би биле многу помалку подложни на заболувања. Јадењето месо кај вас довело до слаб квалитет на крвта и ткивото. Вашите органи се во трескавична состојба, подготвени да заболат. Подложни сте на акутни напади на болест и на ненадејна смрт, бидејќи вашата градба ја нема потребната сила да се соочи со болеста и да & се спротивстави. ќе дојде време кога силата и здравјето со кое си ласкате ќе се покажат како слабост. (1868) 2Т 61

Заболена крв

  1. Поттикната сум од Вожјиот Дух пред некои да го изнесам фактот дека нивните страдања и слабото здравје се предизвикани од непочитувањето на светлината која им е дадена за здравстената реформа. Јас сум им покажала дека нивната месна исхрана, која за нив е главен извор на храна, не е потребна и дека, бидејќи се изградени од она што го јадат, нивниот мозок, коските и мускулите се во нездрава состојба, затоа што се одржуваат со месо од мртви животни; дека нивната крв е расипана со оваа несоодветна исхрана; дека месото кое го јаделе било заболено и дека целиот нивни организам станува згоен и затруен. (1896) Е. ѓгот ит. 4
  2. Месото ја намалува вредноста на крвта. Гответе го месото со зачини и јадете го со богати слатки и пити и ќе имате крв со лош квалитет. Месните пити и туршијата, кои никогаш не би требало да влезат во човечкиот желудник даваат лош квалитет на крвта. А лошиот квалитет на храната, зготвена на несоодветен начин, и во незадоволителни количини, не може да даде добра крв. Месото и тешките јадења, како и недоволната храна ќе дадат исти резултати. (1870) 2Т 368
  3. Карциномите, туморите и сите воспаленија се главно предизвикани од јадењето

месо.

Од светлината што Вог ми ја дал, распространетоста на ракот и туморот се должи главно од хранењето на месо. (1896) Е. ѓгот ит. 7

Карцином, туберкулоза, тумори

  1. Месната исхрана е сериозно прашање. Треба ли човечките суштества да живеат од месото на мртви животни? Одговорот, според светлината што Вог ни ја дал, е не, категорично не. Институциите на здравствената реформа треба да едуцираат по ова прашање. Лекарите кои тврдат дека го разбираат човечкиот организам не смеат да ги охрабруваат своите пациенти да се одржуваат со месото на мртвите животни. Тие треба да укажат на зголемувањето на болестите помеѓу животните. Истражувањата покажуваат дека многу малку животни се здрави и дека навиката да се јаде многу месо донесува секакви видови болести – ракови, тумори шкрофула (туберкулоза на лимфните жлезди), туберкулоза и други слични заболувања. МЅ 3, 1897
  1. Оние кои што се на месна исхрана знаат малку за тоа што го јадат. Често, кога би

можеле да го видат животното додека било живо и кога би го познавале квалитетот на месото што го јадат, со гадење би се одвратиле од тоа. Луѓето постојано јадат месо полно со туберкулозни и канцерогени честички. На тој начин заболуваат од туберкулоза, карцином и други фатални болести.            (1905) мн 313

  1. Трпезите на многу жени кои што тврдат дека се христијанки секојдневно се полни со

различни јадења кои предизвикуваат трескавична состојба во организмот. Месото е главниот извор на храна на масите во многу семејства, додека нивната крв се полни со канцерогени и шкрофулозни честички. Нивните тела се составени од она што тие го јадат. Но кога ќе ги снајдат страдања и болест, тоа се смета за Вожја волја.           (1875) 3Т 563

Намалена живост на умот

  1. Оние кои неограничено употребуваат месо, немаат секогаш јасен ум и активен интелект, бидејќи употребата на животинско месо претендира да доведе до гојазност и да ја намали чувствителноста на умот. (1890) СН 115
  2. Вог сака моќта за запазување на Неговиот народ да биде јасна и способна за тешка

работа. Но доколку живеете на месна исхрана, не треба да очекувате вашиот ум да биде плодоносен. Мислите мораат да бидат исчистени; тогаш Вожјиот благослов ќе почива врз неговиот народ.     Ѕеп. Сопѓ. ВиНеѓт, АргН 12, 1901

  1. За оние кои неограничено јадат месо е невозможно да имаат јасен ум и активен

интелект.       (1868) 2Т 62, 63

  1. Постои алармантна затапеност во несвесната чувствителност. Јадењето месо е вообичаена појава Тоа ги стимулира пониските страсти на човечкиот организам. (1896) Е. ѓгот ит. 4
  2. Месната исхрана го менува карактерот и го засилува животинското во нас. Ние сме составени од она што го јадеме, а јадењето многу месо ќе ги намали интелектуалните активности. Учениците би постигнале многу повеќе во учењето кога никогаш не би јаделе месо. Кога животинскиот дел од човекот се засилува со јадењето месо, пропорционално со тоа опаѓаат интелектуалните моќи. Религиозниот живот може многу поуспешно да се постигне и одржи доколку го отфрлите месото, бидејќи ваквата исхрана, преку силината со која дејствува ја зголемува похотта, а ја намалува моралната и духовната природа на човекот. “Телото сака спротивни работи на духот, а духот – спротивни на телото” (Галатјаните 5:17). (1896) Е. ѓгот ит. 7

Г и засилува ниските страсти

  1. Ако некогаш постоело време кога исхраната треба да биде од наједноставен вид, тоа

е сега. Пред децата не треба да се изнесува месо. Неговото влијание ги возбудува и засилува пониските страсти, и има тенденција да ги намали моралните сили.  (1869) 2Т 352

  1. Поучена сум дека употребата на месо во исхраната тежнее да ја анимализира природата и да им ја одземе на мажите и жените љубовта и симпатиите што би требале да ги чувствуваат кон сите луѓе. Ние сме изградени од она што го јадеме, и оние чија што исхрана главно се состои од животински преработки се доведуваат во состоба во која им дозволуваат на пониските страсти да ја превземат контролата над повисоките сили на душата…

Ние не означуваме никаква прецизна линија која што треба да се следи во исхраната. Постојат многу видови здрава храна. Но, велиме дека месото не е соодветна храна за Вожјиот народ. Тоа го анимализира човечкото суштество. Во земја како оваа, во која има овошје, житарки и зрнести плодови во изобилство, како може некој да помисли дека може да јаде месо од мртви животни?    мѕ 50, 1904

  1. Кога во семејствата од кои се составени нашите цркви работите би стоеле онака како

што треба, ние би можеле да извршиме двојна служба за Господа. Дадена ми е светлина дека во врска со здравствената реформа треба да се објави најодлучната порака. Оние кои што употребуваат месо ги засилуваат пониските страсти и им подготвуваат пат на болестите кои ќе се залепат за нив.            ^еКег 200, 1903

  1. Вашето семејство се одржува главно со месо, па кај вас се засилени животинските страсти, додека интелектуалното е заслабнато. Ние сме составени од она што го јадеме, и доколку се одржуваме главно со месо од мртви животни, тогаш ќе ја попримиме нивната природа. Вие сте го поддржувале погрубиот дел од вашата природа, заслабнувајќи го порафинираниот.

(1868) 2Т 60, 61

  1. Ние сакаме вистината на Божјата Реч која поттикнува да дојде до секој еден од нашиот народ пред да заврши состанокот. Сакаме тие да разберат дека животинското месо не е соодветна храна за нив. Таквата исхрана кај нив и нивните деца ги негува животинските страсти. Бог сака да ги поучиме нашите деца на правилни навики во јадењето, облекувањето и работата. Тој сака да направиме се што можеме за да ја поправиме веќе расипаната машинерија. Ѕепега1 СопГегепсе ВиНеѓт, АргП 12, 1901

[Влијанието на месото и богатата храна врз децата – 348, 350, 356, 357, 361, 578, 621, 711]

Најсигурниот пат

  1. Интелектуалните, моралните и физичките сили се намалуваат со навиката на јадење месо. Јадењето месо го заслабнува организмот, го замаглува интелектот и ја затапува моралната чувствителност. Ви велиме, драги брате и сестро, најсигурниот пат е да го оставите месото.

(1868) 2Т 64

Непрепознаената причина

  1. Последиците од месната исхрана не мораат веднаш да се согледаат; но тоа не е

доказ дека таа не е штетна. Малкумина можат да се натераат да веруваат дека месото што го јаделе ја загадило нивната крв и ги предизвикало нивните страдања.           (1905) МН 315

  1. Оваа тема ми е покажана од различни аспекти. Смртноста предизвикана со јадењето месо не е признаена; кога би биле ние веќе не би слушале аргументи и оправдувања во полза на задоволувањето на апетитот со мртво месо. Имаме многу добри нешта за да го задоволиме апетитот, без да ставаме лешеви на нашите трпези и да правиме од нив составен дел од нашето мени. (1896) Е. Ггот иТ. 8
  2. Мнозина умираат од болести кои во потполност се должат на јадењето месо; во

меѓувреме, ниту тие, ниту другите не се многу свесни за вистинската причина за тоа. Некои не ги чувствуваат веднаш неговите последици, но тоа не е доказ дека месото не им наштетило. Тоа може полека но сигурно да го прави своето на организмот, а за тоа време жртвата да не биде свесна за тоа.            (1890) СН 115

  1. Постојано велите во одбрана на вашето попуштање на јадењето месо: “Колку и да е тоа штетно за другите, за мене не е штетно, па јас го јадам цел живот!” Но не знаете колку поздрави би биле кога би се воздржувале од јадењето месо. (1868) 2Т 61

Свинското посебно осудено

  1. Бог ви дал светлина и знаење, за кое сте признале дека доаѓа директно од Него, и во кое Тој ве поучува да го победите апетитот. Вие знаете дека употребата на свинското месо е во спротивност со Неговата директна заповед, дадена не затоа што Тој сакал посебно да го истакне Својот авторитет, туку затоа што тоа е штетно за оние кои го јадат. Неговата употреба ќе предизвика загадување на крвта, при што шкрофулата и други честички ќе го загадат системот,

при што ќе страда целиот организам. Осоебно ќе заслабнат фините, чувствителни мозочни нерви, кои ќе станат толку замаглени што нема да можете да ги препознавате светите нешта, туку ќе ги ставите на пониско ниво заедно со обичните нешта.       (1868) 2Т 96

  1. Ткивото на свинското месо е преполно со паразити. За свинското месо Вог рекол: “Од

месото нивно да не јадете, ниту, пак, до мршите нивни да не се допирате – тие се за вас нечисти” (Вроеви 11:8). Оваа заповед е дадена затоа што свинското месо е неподобно за храна. Свињите се хранат со нашите нечисти отпадоци и тоа е единствената намера на која тие се создадени да & служат. Никогаш, под никакви околности, нивното месо не би требало да биде јадено од човечките битија. (1905) МН 313, 314

  1. Свинското, иако еден од најчестите продукти во исхраната, е еден од најштетните. Вог не им забранил на Евреите да јадат свинско само за да го покаже Својот авторитет, туку затоа што тоа не е соодветен артикал за човечка исхрана. Тоа ќе го наполни организмот со шкрофула, а особено во онаа топла клима ќе доведе до лепра и разни други болести. Неговото влијание на организмот во оние климатски услови било далеку поштетно отколку во подрачја со постудена клима. Но Вог никогаш не го наменил свинското да биде храна, под никакви услови. Незнабожците употребувале месо како дел од исхраната, а Американците го употребувале слободно како важен дел од исхраната. Во својата природна сосотојба свинското месо воопшто не би било вкусно. Зачините се оние кои го прават пријатно за вкусот, со што уште повеќе се влошува и онака многу лошата работа. Повеќе од сите други меса, свинското месо ја влошува состојбата на крвта. Оние кои слободно јадат свинско месо, не можат да не бидат болни. Оние кои многу се рекреираат на отворено не ги чувствуваат лошите последици од јадењето свинско како оние кои што поголемото време го поминуваат во затворени простории и кои малку се движат, а работат умствена работа.

Но со јадењето свинско не се нарушува само физичкото здравје. Тоа има влијание и на умот, и најфините сетила се замаглуваат со употребата на овој одвратен прехрамбен производ. Организмот на ниту едно живо суштество не може да биде здрав, ако неговата природна средина е ѓубрето и се храни се секакви одвратни нешта. Свинското месо е составено од она што свињите го јадат. Доколку луѓето го јадат нивното месо, нивната крв, и нивниот организам ќе биде загаден од нечистотиите што ги внесуваат во себе преку свинското месо.

Јадењето свинско довело до шкрофула, лепра и канцерогени заболувања. Јадењето свинско се уште ги предизвикува најтешките страдања на човечкиот род.

1865 Н. ѓо Ц, еИ.1, р.58

[Ставот на Даниел кон свинското месо – 34]

Животински маснотии и крв

  1. Како семејство, вие сте далеку од тоа да бидете слободни од болестите. Вие сте

употребувале животински маснотии кои Вог во Својата реч изрично ги забранил: “Никаков лој и никаква крв да не јадете” (Вроеви 3:17). “Никаква крв да не јадете во сите живеалишта свои, ни од кое било животно, ниту, пак, од птици. А кој ќе јаде било каква крв, ќе се истреби од народот свој!” (Вроеви 7:26, 27).        (1868) 2Т 61

  1. Месото се послужува со мирис на маст, затоа што тоа му одговара на изопачениот

вкус. И крвта и маснотиите од животните се конзумираат како специјалитети. Но Вог дал јасни упатства дека тоа не треба да се јаде. Зошто? Затоа што нивната употреба ќе доведе до болен крвоток во човечкиот организам. Непочитувањето на Вожјите особени упатства донело мноштво тегоби и болести во човештвото… Доколку луѓето во својот организам го внесуваат она што неможе да создаде добро ткиво и крв, тие ќе мораат да ги поднесуваат последиците од своето непочитување на Вожјата реч.         ^еКег 102, 1896

Рибите често се загадени

  1. Во многу места рибите станале толку загадени од нечистотијата со која што се хранат така што станале причина за болести. Тоа е посебно случај онаму каде што рибите доаѓаат во допир со отпадоците од големите градови. Рибите кои се хранат со содржината од канализацијата

можат да отидат во далечните води и да бидат фатени онаму каде што водата е чиста и свежа. На тој начин, користени како храна, тие ќе доведат до болести и смрт кај оние кои не се сомневаат на опасноста.     (1905) МН 314, 315

Препознавање на итните услови

  1. Кога можеме да набавиме доволно добро млеко и овошје, речиси и да немаме изговор

за јадење храна од животинско потекло; не е потребно да се одзема животот на било кое Вожјо создание за да ги задоволиме нашите основни потреби. Во одредени случаи на болест или исцрпеност можеби ќе биде најдобро да се употребува малку месо, но треба да се поведе многу грижа тоа да биде од здрави животни. Се поставува многу сериозно прашање дали во денешниот свет е воопшто безбедно да се јаде било каква храна од животинско потекло. Подобро е никогаш да не се јаде месо отколку да се употребува месо од животни кои не се здрави. Кога не сум можела да ја снабдам храната која ми е потребна, понекогаш сум јадела малку месо; но се повеќе и повеќе се плашам од него.       (1890) С.Т.В.Н. 117, 118

[Елена Вајт некогаш била присилена да јаде малку месо – Додаток 1:10]

  1. Некои искрено мислат дека соодветната исхрана се состои главно од каши. Јадењето многу каши нема да ви обезбеди здрави органи за варење; бидејќи кашите се премногу течни. Завземете се за јадење овошје, зеленчук и леб. Месната исхрана не е најздравата исхрана, но сепак не завземам став дека месото треба сите да го отфрлат. Оние кои имаат воспаление на дигестивните органи можат често да употребуваат месо, кога нема да можат да јадат овошје, зеленчук или каша. Доколку сакаме да се одржиме во најдобро здравје, ќе одбегнуваме јадење овошје и зеленчук во ист оброк. Доколку желудникот е воспален, тоа ќе предизвика неволји, ќе го замагли умот кој нема да биде во состојба да издржи ментални напрегања. Јадете овошје во еден, а зеленчук во друг оброк…

Колачите, пудинзите и благите преливи ќе ги нарушат органите за варење; и зошто да ги доведуваме во искушение оние околу масата со поставување вакви јадења пред нив? Колку повеќе месо се користи во исхраната на наставниците и учениците, толку помалку мозокот ќе биде приемчив за духовните нешта. Се зајакнуваат животинските нагони, а се замаглува фината чувствителност на умот. Вредното учење не е главната причина за исцрпување на менталните сили. Главната причина за тоа е несоодветната исхрана, нередовните оброци и недостигот на физичките вежби. Нередовното јадење и спиење ги поткопуваат менталните сили. У.1., Мау 31, 1894

[Во нашите институции во 1884 година не било подготвено месото целосно да се отстрани, и покрај тоа што тој чекор подоцна ќе се направи – 720]

[Здравото месо е попожелно од неограничената употреба на млекото и шеќерот – 527, 533]

[Лекарите мора да зборуваат за одвикнување од месото, а не да го забрануваат – 434, 438]

[Непромисленото оставање на месната храна од оние кои умираат од туберкулоза – 435]

[Месната храна не смее да се осуди, доколку нема одговарачка безмесна храна како замена – 796]

[Месната храна не е вистинска храна за Вожјиот народ во земјите во кои во изобилство има овошје, житарки и зрнести плодови – 719]

[Месото сервирано на пациентите во нивните соби во санаториумите – 437]

Исхраната без месо е соодветна

  1. Месото не е суштествено за здравјето или силата. Во спротивно, тоа би значело дека Вог згрешил со храната што ја одбрал за Адам и Ева пред паѓањето во грев. Сите хранливи состојки можеме да ги најдеме во овошјето, зеленчукот и житарките. Р. & Н., Мау 8, 1883
  2. Погрешно е да се мисли дека силата на нашите мускули зависи од животинска храна. Потребите на организмот можат да бидат подобро задоволени и ќе можеме да уживаме во подобро здравје доколку не ја употребуваме истата. Житарките, заедно со овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ги содржат сите потребни хранливи елементи за создавање на добра крв. Овие состојки нема да можеме да ги задоволиме ниту толку добро ниту толку потполно со употреба на животинска исхрана. Кога месото би било суштествено за нашето здравје и силата,

тогаш храната од животинско потекло би била вклучена во исхраната која му била назначена на човекот во почетокот (1905) мн 316

Зошто да јадеме храна од втора рака?

  1. Животните се хранат со зеленчук и житарки. Мора ли зеленчукот да стане составен

дел на животинскиот организам пред да го употребиме? Треба ли да го внесуваме нашиот зеленчук така што ќе јадеме месо од мртви суштества? Бог за Нашите прародители обезбедил плодови во нивната природна состојба. Тој му дал на Адам да управува со градината и да се грижи за неа со зборовите: “Тоа да ви биде за храна” (Битие 1:29). Ниту едно животно не требало да убива други животни за да се прехрани. Леттер 72, 1896

  1. Оние кои јадат месо, всушност само јадат житарки и зеленчук од втора рака; бидејќи животните од нив ги добиваат состојките поради кои растат. Животот кој бил во житарките и зеленчукот поминува во оној кој ги јаде. Ние го примаме јадејќи го месото на животните. Колку е подобро да тоа го добиваме директно, така што ќе ја јадеме храната која Бог ја наменил за нас!

(1905) МН 313

Месото е типично стимулативно средство

  1. Кога ќе се престане со употребата на месото, често доаѓа до чувство на слабост, на

недостиг на живост. Мнозина го користат тоа како доказ дека месото е неопходно; но тоа е затоа што овој вид храна е стимулативен, затоа што ја прави крвта трескавична и ги надразнува нервите и поради тоа толку им недостасува. Некои ќе откријат дека да се престане со јадењето месо е исто толку тешко како што за алкохоличарот е тешко да се откаже од пиењето; Но на таквите ќе им биде подобро да ја направат промената.          (1905) МН 316

[За контекст види 61]

  1. Месото е исто така штетно. Неговиот природен стимулативен ефект би требал да

биде доволна причина за негово оставање; а речиси универзално лошата здравствена состојба на животните уште повеќе ја доведува во прашање неговата употреба. Тоа тежнее да ги надразнува нервите и да ги засили страстите, на тој начин нарушувајќи го нашиот внатрешен баланс во полза на ниските нагони.         (1903) 203

  1. На некој начин ме изненади вашиот аргумент за тоа како месото ве одржува силен, бидејќи, доколку се изземеш себеси, разумот ќе ти каже дека месната исхрана нема толку преимства колку што ти тврдиш. Ти самиот знаеш што треба да му се одговори на пушачот кога, за да ја оправда употребата на тутунот, ги истакнува неговите предности! Истото го правиш и ти за оправдување на месната исхрана.

Слабоста што ја чувствуваш поради оставањето на месото е еден од најсилните аргументи што можам да ти ги посочам зошто треба да престанеш да јадеш месо. Оние кои јадат месо по јадењето на оваа храна се чувствуваат стимулирани и претпоставуваат дека станале посилни. Откако некој ќе го остави месото, може извесно време да чувствува одредена слабост, но кога орагнизмот ќе биде исчистен од последиците на ваквата исхрана, тој веќе нема да чувствува слабост, и ќе престане да го посакува она за кое тврдел дека е суштествено за неговата сила.

Леттер 73а, 1896

[Елена Вајт чувствувала слабост кога јадела многу месо – Додаток 1:4, 5, 10]

[Ворбата на Елена Вајт при оставањето на месната исхрана – Додаток 1:4, 5]

Погрижете се за замена

  1. Кога ќе го оставите месото, неговото место треба да биде пополнето со мноштво житарки, зрнести плодови, зеленчук и овошје кои ќе бидат и хранливи и вкусни. Ова е особено важно за оние кои се слаби и обременети со постојана работа. Во некои земји, во кои владее сиромаштија, месото е најефтина храна. Под вакви околности е мнегу тешко да се направи промена; но не и невозможно. Сепак, треба да ја имаме предвид состојбата на луѓето, како и

силата на целоживотната навика, и да внимаваме да не без причина го забрзаме спроведувањето дури и на добрите идеи. Никој не смее да биде охрабруван да ја направи промената наеднаш. Местото на месото треба да биде заменето со здрава храна која нема да биде скапа. Тука многу зависи од готвачката. Со грижа и умешност можат да се направат јадења кои ќе бидат не само здрави туку и вкусни и кои, во голема мерка, ќе ја заменат месната исхрана.

Во секој случај, подучувајте ја совеста, засилувајте ја волјата, погрижете се за добра, здрава храна и ќе се подготвите за промената, а потребата од месо наскоро ќе исчезне.

(1905) МН 316, 317

  1. Доброто готвење е најважно достигнување. Особено онаму каде што месото не е главна состојка на исхраната е многу важно доброто готвење. Мора да се подготви нешто што ќе го заземе местото на месото, а овие замени мораат да идат добро зготвени, за да немаме желба за месо. ^еКег60а, 1896

[Направете промени разумно – 320, 380]

[Потребна е соодветна исхрана при оставањето на месото – 320]

[БОГ ќе даде мудрост во подготвување на здрава храна која ќе го замени месото – 376, 400, 401, 404]

[Исхраната составена од овошје, житарки, зрнести плодови и зеленчук треба да бидат замена за месото – 472, 483, 484, 513]

Нелогични изговори

  1. Кога Сатаната ќе завладее со умот, колку бргу избледуваат и остануваат без сила упатствата што Господ толку милозливо ни ги дал! Колку многу измислени причини и непостоечки неопходности, за да се одржат на погрешниот пат, да ја оттурнат светлината и да ја погазат под своите нозе! Јас зборувам со сигурност. Најголемата замерка на здравствената реформа е тоа што луѓето не живеат според неа; а сепак имаат смелост да кажат дека не би можеле да живеат според здравствената реформа и да си ја зачуваат силата.

Во секој таков случај успеавме да најдеме добра причина зошто овие луѓе не би можеле да живеат според принципите на здравствената реформа. Тие никогаш не живееле според нив, ниту пак правилно ги следеле, па затоа и не можат да имаат полза од неа. Некои западнале во грешката дека, откако ќе го остават месото, не мораат да го заменат неговото место со најдоброто овошје и зеленчук, подготвен на најприроден начин, без маснотии и зачини. Кога само вешто би го аранжирале изобилството со кое Вог ги опкружил, родителите и децата со чиста совест заедно ангажирани во работата, тие би уживале во едноставна храна и тогаш би можеле разбирливо да зборуваат за здравствената реформа. Оние кои не биле преобратени за здравствената реформа и никогаш целосно не ја прифатиле, не можат да судат за нејзините придобивки. Оние кои повремено отстапуваат за да му удоволат на вкусот јадејќи мрсна мисирка или друго месо, ги изопачуваат своите апетити и не можат да ги осудуваат придобивките на системот на здравствената реформа. Нив ги контролира нивниот вкус, а не принципите. (1870) 2Т 486, 487

Искрени повици на реформа

  1. Многу родители се однесуваат како да го загубиле разумот. Тие се во состојба на летаргија, парализирани со попуштањето на изопачениот апетит и основните страсти. Нашите проповедници, кои ја знаат вистината, треба да ги издигнат луѓето од нивната одземеност и да ги наведат да ги отфрлат оние нешта кои побудуваат желба за месо. Ако тие пропуштаат да се реформираат, ќе ја загубат духовната моќ, и ќе станат се повеќе унижени од грешното попуштање. Навиките кои му се одвратни на небесниот универзум, навиките кои го унижуваат човечкото суштество повеќе и од ѕверовите, се практикуваат во многу домови. Сите што ја знаат вистината треба да кажат: “Вегај од телесните желби кои војуваат на душата”.

Ниту еден од нашите проповедници да не поставува лош пример јадејќи месо. Тие и нивните семејства треба да живеат според светлината на здравствената реформа. Нашите проповедници не треба да ја анимализираат сопствената природа и природата на своите деца. Децата чии желби не се под контрола, доаѓаат во искушение да им попуштаат не само на вообичаените навики на избувливост, туку и да им дадат слобода на пониските страсти и да не ги почитуваат чистотата и доблеста. Нив ги води Сатаната кој сака да ги корумпира не само нивните

тела, туку и да им ги дошепнат своите лоши убедувања и на другите. Доколку родителите се заслепени од гревот, тие често нема да успеат да ги забележат овие нешта.

На родителите кои живеат во градовите, Господ им испраќа предупредувачки повик: “Соберете ги вашите деца во вашите домови; оддалечете ги од оние кои не ги почитуваат Божјите заповеди, кои подучуваат и практикуваат зло. Излезете од градовите што е можно побргу.”

Родителите можат да обезбедат мали домови во селата, со земја за обработување, каде можат да имаат овоштарници и да одгледуваат зеленчук и мали овошки кои ќе го заменат месото, кое толку ја загадува крвта на животот што тече низ вените. МЅ 133, 1902

Постот и молитвата ни даваат сила да се спротивставиме

  1. Доколку копнееме по месо од мртви животни, неопходно е да постиме и да се молиме

на Вога да ни ја даде Својата милост да му се спротивставиме на копнежот по месо кој војува против душата.          ^еКег 73, 1896

[Постот е благотворен при замената на месната и богатата храна – 312]

Кога молитвата за исцелување е недоследна

  1. Меѓу Адвентистите на седмиот ден има такви кои нема да ја следат светлината дадена по ова прашање. Месото е дел од нивната исхрана. Се разболуваат. Волни и во маки поради својот погрешен пат, тие бараат Вожјите слуги да се молат за нив. Но како може Вог да работи во нивна полза, кога тие не сакаат да ја исполнуваат Неговата волја, кога одбиваат да ги следат Неговите упатства во врска со здравствената реформа?

Светлината за здравствената реформа веќе триесет години доаѓа кај Вожјиот народ, но мнозина од неа направиле тема за потсмев. Тие продолжиле да употребуваат чај, кафе, зачини и месо. Нивните тела се полни со болест. Како можеме ние, прашувам јас, да Му ги претставиме ваквите луѓе на Господа за излекување?     ^еКег 200, 1903

  1. Топлите бисквити и месото се во потполна несогласност со принципите на

здравствената реформа. Кога би му дозволиле на разумот да го заземе местото на импулсот и љубовта кон попуштањето на сетилата, ние не би го пробале месото од мртвите животни. што е поодвратно за сетилото за мирис од мирисот на продавници во кои се чува месо за продавање? Мирисот на живото месо е навредлив за сите чии сетила не се унижени со негување на неприродни желби. Постои ли понепријатна глетка за умот кој размислува од животно заклано за да биде изедено? Доколку не се почитува светлината што Вог ни ја дал во врска со здравствената реформа, Тој нема да направи чудо да ги одржи здрави оние кои го следат патот што ги разболува.           (1884) Е. ѓгот ит., 2

Водачи во реформата

  1. Иако за нас употребата на месото не е тест, иако никого не принудуваме да се откаже

од него, сепак наша должност е да бараме ниту еден наш проповедник во областите да не го сфаќа ова несериозно, или да се спротивставува на пораката да се реформира по ова прашање. Доколку, соочени со светлината што Вог ни ја открил во врска со последиците од јадењето месо по нашиот организам, вие сепак продолжите да јадете месо, ќе морате да се соочите со последиците. Но не заземајте став пред луѓето кој ќе ги наведе да мислат дека не е неопходно да повикаат на реформа во врска со јадењето месо; бидејќи Вог повикува на реформа. Господ ни ја дал задачата да ја објавуваме пораката за здравствена реформа, и доколку не можете да истапите напред во редовите на оние кои ја пренесуваат оваа порака не треба да го истакнувате тоа. Спротивставувајќи се на трудот на вашите соработници, кои подучуваат за здравствената реформа, вие сте неупотребливи и работите за погрешната страна.  ^еИег 48, 1902

[Делото на здравствената реформа ќе напредува; внимавајте да не му се спротивставувате – 42]

  1. Зарем ние, како Вожји гласници не треба одлучно да го исповедаме сведоштвото против попуштањето на изопачените желби?… Вог обезбедил изобилство од овошје и зеленчук, кое може здраво да се зготви и да се јаде во соодветни количини. Зошто тогаш, луѓето

продолжуваат да го одбираат месото? Можеме ли да имаме доверба во проповедниците кои седнуваат на трпезите на кои е послужено месо и јадат со другите?…

“Држете ги добро заповедите на Господ вашиот Вог. Секој кој ги престапува здравствените закони, секако ќе биде посетен од Вожјото незадоволство. О, колку многу Свет Дух би можеле да имаме од ден во ден, кога би живееле промислено, откажувајќи се од нашето Јас и практикувајќи ги доблестите на Христовиот карактер.     РааИс Ш^оп РесогЦег, ОсѓоРег 9, 1902

  1. Нашите проповедници и литерални евангелисти треба да застанат под знамето на строгата умереност. Никогаш не срамете се да кажете: “Не, благодарам, јас не јадам месо. Совеста не ми дозволува да јадам месо од мртви животни” Доколку ви биде понуден чај, одбијте го изнесувајќи ги причините зошто го правите тоа. Објаснете дека е штетен и, иако одредено време стимулативен, дразбата набргу исчезнува, а по неа доаѓа соодветен пад на расположението. МЅ 113, 1901
  2. Во врска со месото, сите можеме да кажеме: оставете го! И сите треба да исповедаме јасно сведоштво против чајот и кафето, со тоа што никогаш нема да ги употребуваме. Тие се наркотици, штетни како за мозокот така и за другите органи во телото. Се уште не е дојдено времето кога можам да кажам дека употребата на млекото и јајцата треба да биде целосно прекината. Млекото и јајцата не треба да се ставаат во ист ранг со месото. Кај некои болести, употребата на јајца е многу благотворна.

Членовите на нашите цркви треба да & се спротивстават на секоја себична желба. Секоја пара потрошена за чај, кафе и месо е полоша отколку загубена; бидејќи овие продукти го оневозможуваат најдобриот развој на физичките, менталните и духовните сили.

^еИег 135, 1902

[Месната храна не била сервирана во домот на Вајтови ниту била користена од страна на Елена Вајт – Додаток 1:4, 5, 8, 10, 14, 15, 16, 17, 18, 21, 23]

[Месната храна била протерана од трпезата на Елена Вајт – Додаток 1:12, 13]

Содржина

  1. Кога би можеле да имаме полза од попуштањето на желбата за месо, јас не би ви го упатила овој повик; но знам дека не можеме. Месото е штетно за физичкото здравје и ние треба да научиме да живееме без него. Оние кои се наоѓаат во сосотјба каде можат да добијат вегетаријанска храна, но кои одбираат да ги следат сопствените приоритети, јадејќи и пиејќи според своите желби, постепено ќе станат незаинтересирани за Вожјите упатства во врска со другите фази од денешната вистина и ќе загубат осетот за вистината, Тие сигурно ќе го жнеат она што го посеале.

Покажано ми е дека учениците во нашите училишта не треба да се послужуваат со месо, или со готвени јадења за кои се знае дека не се здрави. Ништо што ќе послужи за охрабрување на желбата за надразнувачки средства не треба да се изнесе на трпезите. Ги повикувам старите, младите и средовечните: Не им попуштајте на желбите за оние работи за кои знаете дека се штетни. Служете Му на Господа со жртва.

Децата треба да имаат разумен удел во ова дело. Сите ние сме членови на Вожјото семејство, и Вог сака Неговите деца, и младите и старите, да бидат одлучни во непопуштањето на апетитот, штедејќи средства потребни за изградба на цркви и издржување на мисионерите.

Покажано ми е да им пренесам на родителите: Поставете се себеси, со душа и дух, на Вожјата страна по ова прашање. Секогаш треба да имаме на ум дека во овие денови на искушенија ние сме на суд пред Господа. Зарем нема да престанете да си попуштате и да си наштетувате? Уверливите зборови не значат ништо; вашето однесување и самооткажување треба да сведочат дека ќе им бидете послушни на барањата кои Вог ги поставува пред Својот посебен народ. Потоа, донесете го она што сте го заштедиле самооткажувајќи се, и така ќе може да продолжи Војото дело.

Мнозина мислат дека нема да можат да живеат без месна храна; но кога тие би се поставиле на Вожјата страна, одлучни во намерата да чекорат под Неговото водство, ќе ги примат истата сила и мудост како Даниел и неговите содружници. ќе откријат дека Вог ќе им даде здрав

разум. Мнозина ќе се изненадат кога ќе видат колку многу може да се заштеди за Божјото дело со самооткажување. Малите заштеди направени со жртва ќе придонесат повеќе за изградување на Божјото дело отколку поголемите дарови кои не доаѓаат од самооткажувањето.

Ддвентистите на седмиот ден ја носат вистината за ова време. Пред повеќе од четириесет години Бог ни дал посебна светлина за здравствената реформа, но како ние ја следиме таа светлина? Колкумина одбиле да живеат во согласност со Божјите совети! Ние како народ треба да напредуваме пропорционално со светлината што сме ја примиле. Наша должност е да ги разбереме и почитуваме принципите на здравствената реформа. што се однесува до умереноста, тука треба да бидеме пред сите други луѓе; а сепак меѓу нас има добро поучени членови на црквата, па дури и проповедници на Евангелието, кои малку ја вреднуваат светлината што Бог ни ја дал за оваа тема. Тие се хранат како што сакаат и работат како што сакаат…

Ние не означуваме никаков одреден пат кој треба да се следи во исхраната; но велиме дека во земјите во кои има овошје, житарки и изобилство од зрнести плодови, месната храна не е вистинската храна за Божјиот народ. Покажано ми е дека месната храна има тенденција да ја анимализира природата, да им ги одземе на мажите и жените онаа љубов и сочувство кои треба да ги чувствуваат за секого и да им дозволи на пониските страсти да ги контролираат повисоките сили на организмот. Доколку јадењето месо некогаш било здраво, сега веќе не е. Карциномите, туморите и белодробните заболувања се во голема мерка предизвикани од јадењето месо.

Јадењето месна храна не треба да стане предуслов за примање во црквата, но треба да го имаме предвид влиијанието на, таканаречените верници кои јадат месо, врз останатите браќа и сестри. Зарем како Божји гласници не треба да му објавиме на народот: “јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја” (1.Кор. 10:31). Зарем не треба да исповедаме одлучно сведоштво против попуштањето на изопачениот апетит? Зарем некој од проповедниците на Евангелието, која ја објавува најсвечената вистина што некогаш им била дадена на смртниците ќе постави пример со тоа што ќе се врати кај казаните со месо во Египет? Зарем оние кои се издржуваат со десетокот од ризниците ќе си дозволат себеси самопопуштањето да ја затруе животодавната крв што тече низ нивните вени? Дали ќе ја потценат светлината и предупредувањата кои што Бог им ги дал? Кон телесното здравје треба да се однесуваме како кон клучен фактор за растење во милоста и за добивање на урамнотежено однесување. Доколку не се грижиме за желудникот како што треба, тогаш нема да можеме да изградиме правилен, морален карактер. Мозокот и нервите се поврзани со желудникот. Погрешното јадење и пиење резултира со погрешно размислување и однесување.

Сега сите се испитуваат и докажуваат. Ние сме крстени во Христа и доколку го одиграме својот дел така што ќе се одделиме од се што би можело да не повлече надолу и да направи од нас нешто што не треба да бидеме, тогаш ќе ни биде дадена сила да растеме во Христа, Кој е нашата жива глава и ќе го видиме Божјото спасение.     (1909) 9Т 156-160

Прогресивна реформа во исхраната

[Забелешка: Историски податок е дека здравствените институции на Ддвентистите на седмиот ден во своите почетоци на пациентите и персоналот им послужувале месо во поголеми или помали количини. Реформата во овој дел од здравото живеење била прогресивна. Во постарите институции, по долга борба, месото било конечно отстрането од сите трпези. Во случајот на санаториумот во Батл Крик овој чекор бил направен во 1898, главно како пследица на советот од перото на сестра Вајт кој можете да го прочитате во оваа глава (722). Во санаториумот Св. Елена промената се случила во 1903. До тоа време знаењето по прашањето на безмесната исхрана било широко раширено, и месото било исфрлено од исхраната на гостите со помалку тешкотии отколку кога тоа би било направено порано. На радост на управниците на постарите институции, во новите кои се отворале некаде во тоа време, на пациентите не им била давана месна храна.

Советот во врска со месото не е целосен без сликата за борбата за негово неупотребување во нашите институции која може да се согледа од неколку преписки на сестра Вајт, и упатствата во кои се повикувало на прогресивна реформа на исхраната. Многу е важно читателот да ги има предвид овие факти како и времето во кое биле напишани неколку цитати додека ја проучува оваа етапа од прашањето за месото. – Компилаторите.]

Повици за безмесна исхрана во нашите рани здравствени институции (1884)

  1. Утрово се разбудив во четири часот за да ви напишам неколку реда. Во последно време многу размислував за тоа како институцијата со која што вие раководите да биде онаква каква што Вог би сакал и имам да ви предложам неколку мисли.

Ние сме здравствени реформатори, кои се стремат да се вратат, колку е тоа можно, на Вожјиот првичен план на умереноста. Умереноста не се состои само од воздржување од отровнниот алкохол и тутунот; таа оди подалеку од тоа. Таа мора да управува со она што го јадеме.

Сите вие сте запознаени со светлината за здравствената реформа. Но кога јас го посетив одморалиштето, забележав дека мошне јасно отстапување од здравствената реформа по пршањето на јадењето месо и уверена сум дека тоа мора да се смени, и тоа веднаш. Вашата исхрана е составена главно од месо. Вог не води во таа насока; непријателот се труди да го постави прашањето на храната на погрешни темели наведувајќи ги луѓето задолжени за нашите инстиуции да ја прилагодат храната на жлебите на пациентите.

Кога Вог ги извел децата на Израилот од Египет, Негова намера била да ги насели во Ханан како чист, здрав и среќен народ. Да го проучуваме Вожјиот план за да видиме како тоа било постигнато. Тој ја ограничуил нивната исхрана. Во голема мерка им ја одземал месната храна. Но тие мрмореле по казаните со месо од Египет, па Вог им дал месо, а со него и неизбежните последици од него.

Здравственото одморалиште е воспоставено со големи трошоци за лекување болести без медикаменти. Тоа би требало да се управува според хигиенските принципи. Медикаментите би требале што побргу да бидат намалени и конечно, сосема исфрлени. Треба да се едуцираат луѓето за соодветната исхрана, облекување и рекреација. Не треба да се едуцира само нашиот народ, туку и оние кои не ја примиле светлината за здравствената реформа треба да бидат поучени како да живеат здраво, во согласност со Вожјите правила. Но доколку самите немаме високи стандарди по тоа прашање, зошто да правиме толку голем трошок за да отвориме здравствена институција? Каде е реформата?

Не можам да се согласам дека се движиме според Вожјите уредби. Нашиот ред на нештата треба да биде поинаков, или да се откажеме од името Здравствено одморалиште; зашто тоа е сосем несоодветно. Господ ми покажал дека Здравствениот институт не смее да биде формиран така што ќе ги задоволи желбите или идеите на било кого. Свесна сум дека оправданието за јадењето месо кое се дозволува во институцијата се трагачите по задоволство кои доаѓаат кај вас и не се задоволуваат со никаква друга исхрана. Тогаш, пуштете ги да одат онаму каде што ќе можат да ја добијат храната што ја сакаат. Кога институцијата не може да биде водена, дури и за гостите, според вистинските принципи, тогаш нека таа го отфрли името што го присвоила. Но изговорот кој упорно се истакнуваше не постои, бидејќи надворешните посетители се мошне малкубројни.

Со постојаното јадење месо, на телото неизбежно му се нанесува штета. За тоа нема друг изговор освен ниските, изопачени желби. Можеби ќе прашате, дали сосем би прекинале со јадењето месо? Мојот одговор е дека на крајот ќе дојде до тоа, но дека се уште не сме подготвени за тој чекор. На јадењето месо конечно ќе му дојде крајот. Месото од животните веќе нема да претставува дел од нашата исхрана, а ние со гадење ќе гледаме кон месарниците…

Ние сме изградени од она што го јадеме. Треба ли да ги засилуваме животинските страсти со тоа што ќе јадеме животинска храна? Наместо да го поучуваме сетилото за вкус да ужива во оваа гурманска храна, крајно време е да се поучиме себеси да живееме од житарки, овошје и зеленчук. Тоа е задача на сите кои се поврзани со нашите институции. Користете се помалку и помалку месо, додека сосем не го исфрлите. Кога месото ќе биде исфрлено, кога сетилото за вкус нема да биде навикнато на него, кога ќе се охрабрува желбата за овошје и зеленчук, наскоро ќе биде онака како што Вог одредил дека треба да биде. Неговиот народ нема да употребува месо.

Кога месото веќе нема да се употребува како до сега, ќе научите поисправен начин на готвење и ќе можете да го замените местото на месото со нешто друго. Многу здрави оброци можат да се подготват без маснотии и месо од мртви животни. Вез месото можат да се подготват широк спектар едноставни оброци, кои ќе бидат совршено здрави и хранливи. Здравите луѓе мораат да јадат многу зеленчук, овошје и житарки. Повремено може да им се даде малку месо на луѓето од надвор кои така го навикнале својот вкус што мислат дека доколку немаат месо нема да

можат да ја зачуваат силата. Но тие ќе имаат поголема издржливост ако се воздржуваат од месото отколку ако живеат главно од него.

Основната пречка за лекарите и помошниците во Здравственото одморалиште поради која не се откажуваат од месната исхрана е таа што тие сакаат месо и тврдат дека мораат да го добијат. Затоа и самите ја охрабруваат неговата употреба. Но Бог не сака оние кои дошле во Здравственото одморалиште да бидат поучени да живеат на месна исхрана. Со разговори и пример воспитувајте ги во друга насока. Тоа ќе бара голема умешност во приготвувањето на здрава храна. ќе бара повеќе работа, но сепак, мора постепено да се направи. Употребувајте помалку месо. Оние кои готват и оние кои ја носат одговорноста треба да го навикнат сопствениот вкус на храна која е согласна со здравствените закони.

Ние претпочитаме да се вратиме во Египет наместо да појдеме во Ханан. Зарем не би требало да го смениме редот на нештата? Зар не би требало да имаме чиста, здрава храна на нашите трпези? Зар не би требало да завршиме со топлите бисквити кои само придонесуваат за лошото варење? Оние кои ги подигаат стандардите колку што можат поблиску до Божјите уредби, во согласност со светлината што Вог им ја дал преку Својата реч и Сведоштвата на Неговиот Дух, нема да го сменат правецот во кој дејствуваат за да ги задоволат желбите на своите пријатели или роднини, без оглед дали се работи за еден, двајца или мнозинство такви кои живеат во спротивност со Вожјите мудри совети. Доколку во овие нешта се раководиме според принципите, доколку ги одржуваме строгите правила на исхраната, доколку како Христијани го навикнуваме нашиот вкус во согласност со Вожјиот план, тогаш ќе го имаме влијанието што Вог сака да го имаме. Прашањето е: “Дали сакаме да бидеме вистински здравствени реформатори?”

Мошне е важно да се одбегнува постојана едноличност во исхраната. Доколку храната е разновидна и апетитот ќе биде многу подобар. Видете доследни. Не изнесувајте повеќе видови храна на трпезата во еден оброк, без разновидност во следниот. Научете да бидете штедливи во исхраната. Оставете ги луѓето да се жалат доколку го сакаат тоа. Нека наоѓаат мани доколку сметаат дека нешто не ги задоволува. Израелците постојано се жалеле на Мојсеја и на Вога. Ваша должност е да ги одржите стандардите на здравствената реформа. Со регулирањето на исхраната можете да постигнете многу повеќе за болните луѓе отколку со сите купки кои би можеле да им ги направите.

Истите пари кои сега ги трошите на месо, потрошете ги за овошје. Покажете им го на луѓето правилниот начин на живеење. Ако тоа беше уште од почеток направено во институцијата         , Господ ќе беше задоволен и ќе го одобрел тој напор…

Во подготвувањето на храната треба да се вложат внимание и умешност. Се надевам дека

докторката    ќе ја исполни улогата која & е назначена, дека ќе се советува со готвачот,

така што храната изнесена на трпезите во здравственото одморалиште ќе може да биде во согласност со здравстената реформа. Само затоа што некој сака да му угодува на сопствениот апетит, тој нема право да тврди дека така треба да се живее; не смее поради правецот по кој тргнал да се стреми да ја обликува институцијата така што таа ќе им соодветствува на неговиот вкус и навиките. Оние кои ја носат одговорноста за институцијата треба често взаемно да се советуваат. Тие треба да делуваат во совршена хармонија.

Немојте, ве молам, да докажувате дека јадењето месо може да биде во ред, затоа што овој или оној, кој му робува на апетитот, рекол дека не може да живее во Здравственото одморалиште без месо. Одржувањето на животот со месо од мртви животни е одвратен начин на живот и, како народ, ние треба да се бориме за промена, за реформа, учејќи ги луѓето дека постојат здрави начини за приготвување на храната кои ќе им дадат повеќе сила и подобро ќе го зачуваат нивното здравје отколку месото.

Г ревот на ова време е неумереноста во јадењето и пиењето. Попуштањето на апетитот е богот кој мнозина го обожуваат. Оние кои се поврзани со Здравствениот институт треба да постават добар пример во овие нешта. Тие треба да живеат разумно во страв од Вога, и да не бидат контролирани од изопачен вкус. Треба да бидат внимателно запознаени со принципите на здравствената реформа и под секакви околности да останат да стојат под нејзиното знаме.

Се надевам, докторе           , дека се повеќе и повеќе ќе учите да готвите здраво.

Обезбедете изоблиство од добра, здрава храна. Не штедете во оваа насока. Ограничете ги вашите сметки за месо, но имајте многу добро овошје и зеленчук, и тогаш ќе уживате гледајќи го здравиот апетит со кој сите ќе се послужуваат од она што сте го приготвиле. Никогаш немојте

добрата, чиста храна која се изела да ја сметате за загуба. Таа ги изградува крвта и мускулите и дава сила за секојдневните обврски.     ^еНег 4, 1884

[Готвењето на месна храна да не биде поучувано во нашите училишта – 817]

[Лекарите кои јадат месо да не се вработуваат во нашите санаториуми – 433]

  1. Многу размислував за здравствениот институт во . Многу мисли поминуваа

низ мојот ум и сакам да ви изразам некои од нив.

Си ја привикував во умот светлината што Вог ми ја дал, а преку мене и вам, за здравствената реформа. Дали внимателно и низ молитва баравте да ја разберете Вожјата волја по ова прашање? Изговорот беше дека луѓето од надвор ќе сакаат месна исхрана, но дури и да им давате малку месо, јас знам дека со грижливост и умеење можат да се подготват јадења со продукти кои во голема мерка ќе го заменат месото, а овие луѓе можат за кусо време да бидат обучени да го остават месото од мртвите животни. Но доколку главниот продукт во нечија кујна е месото, тој сигурно ќе го поддржува јадењето месо а унижениот апетит ќе наоѓа секакви изговори за ваквиот начин на исхрана.

Кога видов како се одвиваат работите, дека доколку    нема месо за готвење, таа не

знае што да зготви како замена и дека месото е клучниот продукт во исхраната, почувствував дека таму мора веднаш да се направи промена. Можеби ќе имате туберкулозни пациенти кои ќе побаруваат месо, но дајте им да го јадат во нивните соби и не го искушувајте веќе изопачениот апетит на оние кои не би смееле да го јадат. .. Можеби мислите дека не би можеле да работите без месо. И јас некогаш мислев така, но знам дека во Вожјиот првичен план, месото од животните не било вклучено во човечката исхрана. Гнасниот, изопачен вкус ја посакува оваа храна… Потоа податокот дека месото е главно заболено би требало да не наведе на сериозни напори за целосен прекин на неговата употреба. Мојот сегашен став е месото сосем да се исфрли. За некои ќе биде тешко да го направат тоа, исто како што за пијачот на рум е тешко да се откаже од својата чашка; но промената ќе им донесе подобрување.    ^еИег 2, 1884

Непосреден пристап кон проблемот

  1. Санаториумот работи добро. Штотуку дојдовме до спорното прашање за месото. Треба ли оние кои дошле во санаториумот да имаат месо на трпезите, па постепено да се поучуваат да го остават?… Пред многу години ми беше дадена светлина дека не треба да завземеме одлучен став за исфрлување на целото месо, затоа што во некои случаи тоа е подобро од десертите и оброците составени од слатки. Тоа сигурно ќе предизвика пореметувања. Дали разновидноста и мешањето на месото, зеленчукот, овошјето, вината, чајот, кафето, слатките и тешките пити го уништува желудникот и ги става луѓето во позиција во која стануваат инвалиди со сите непожелни последици кои што болестите ги имаат врз расположението…

Го претставувам зборот на Господа Вога Израелов. Поради престапот, клетвата паднала на самата земја и над стоката и над месото. Човечките суштества страдаат поради последиците од сопствената насока на делување која ги оддалечува од Вожјите заповеди. И ѕверовите страдаат под оваа клетва.

Јадењето месо не треба да му биде препишано на ниту еден инвалид, од ниту еден лекар кој ги разбира овие работи. Волестите кај стоката прават од јадењето месо опасна работа. Клетвата Господова е над земјата, над човекот, над ѕверовите, над рибите во морето; и како што престапувањето станува речиси универзално, на клетвата ќе & биде дозволено да стане толку раширена и толку длабока колку што е и престапот. Волестите се шират преку употребата на месото. Заболеното месо на ваквиот мртов добиток се продава на пазарите, а сигурна последица од тоа се болестите меѓу луѓето.

Господ ќе го доведе својот народ во состојба во која тој нема да го допре или вкуси месото од мртвите животни. Затоа, овие нешта не треба да бидат препишувани од ниту еден лекар кој го има знаењето за вистината за сегашното време. Нема безбедност во јадењето месо од мртвите животни, а за кусо време кравјото млеко исто така ќе биде исклучено од исхраната на Вожјиот народ кој ги држи заповедите. За кусо време нема да биде безбедно да се употребува ништо што доаѓа од животинскиот свет. Оние кои Го држат Вога за Неговиот збор и им се покоруваат на Неговите заповеди со цело срце, ќе бидат благословени. Тој ќе биде нивниот штит и заштита. Но не можете со Вога да постапувате несериозно. Неверувањето, непослушноста, застранувањето од

Божјата волја и патот ќе го доведат грешникот во положба во која Вог нема да може да му ја даде Својата Вожествена милост…

Повторно ќе се навратам на прашањето за исхраната. Ние сега не можеме да го правиме она што во минатото се осмелувавме да го правиме во однос на јадењето месо. Тоа отсекогаш било проклетство за човечкото семејство, но особено станало такво поради клетвата што Вог ја изрекол над стоката поради престапите и гревот на човекот. Волестите меѓу животните стануваат се повообичаени и сега за нас е единствено сигурно сосем да го отфрлиме јадењето месо. Денес се најзастапени токму најтешките заболувања, па последна работа која еден осведочен лекар би требало да ја направи е да ги советува пациентите да јадат месо. Токму поради толкавата застапеност на месото во исхраната на оваа земја мажите и жените стануваат деморализирани, нивната крв е загадена, а болестите зачнати во организмот. Мнозина умираат поради јадењето месо, а не ја разбираат причината. Кога тие би ја познавале вистината, таа би им посведочила дека јадењето месо ги одвело во смрт. Веќе самата помисла да се храниме со мртво месо е одрватна, но има и нешто повеќе од тоа. Кога јадеме месо ние земаме заболено мртво ткиво кое го сее своето семе на расипаност во човечкиот организам.

Ти пишувам, брате мој, дека препишувањето месо не треба веќе да се препишува во нашиот санаториум. Нема оправдание за тоа. Неговото влијание и последиците по човековиот ум се крајно опасни. Да бидеме здравствени реформатори во секој смисол на зборот. Да ставиме во нашите институции на знаење дека веќе нема место за месна трпеза, дури ниту за оние кои доаѓаат од надвор. Тогаш едукацијата што ја даваме за нејадењето месо нема да биде само на зборови туку и на дело. Па што ако се намали бројот на гостите. Принципите ќе имаат многу поголема вредност кога ќе бидат разбрани, кога ќе биде познато дека животот на ниту едно живо суштество не треба да биде одземен за да одржи во живот еден Христијанин. ^еИег 59, 1898

Второ писмо за пристап кон проблемот

  1. Го примив вашето писмо, и ќе ви објаснам најдобро што можам во врска со месото.

Зборовите што вие ги споменавте беа во писмото до    и некои други во времето кога сестра

            беше во Здравственото одморалиште [720]. Јас ги пронајдов овие писма. Некои од нив

беа препишани, а некои не. Им реков да го назначат датумот кога биле дадени овие изјави. Во тоа време месната храна се препишуваше и многу се употребуваше. Светлината која мене ми беше дадена беше дека месото не треба веднаш да се прекине во здрава состојба, но требаше да се разговара за употребата на било кое мртво месо; дека житарките, овошјето и зеленчукот, соодветно приготвени, се се што на нашиот организам му е потребно за да се одржи здрав; но тие прво мораа да покажат дека нам не ни е потребно месото онаму каде што има овошје во изобилство, како во Калифорнија. Меѓутоа, во Здравственото одморалиште не беа подготвени да превземат одлучни чекори по толкавата употреба на месо како што беше случајот кај нив. За нив ќе беше неопходно прво да го употребуваат месото многу ретко, за конечно да прекинат со него. Мораше да има само една трпеза која ќе се викаше: “трпеза за пациентите кои јадат месо”. На другите трпези требаше да изостанува овој артикал…

Јас најискрено се трудев за целосно отфрлање на месото, но на ова тешко прашање мора да му се пристапи темелно, никако избрзано онаму каде што месото се употребувало по три пати дневно. Пациентите мораат да се едуцираат од здравствена гледна точка.

Тоа е се на што можам да се сетам по тоа прашање. Нам ни е дадена поголема светлина која треба да ја разгледаме. Животинскиот свет е заболен, а степенот на заболенноста на човечкото семејство која е резултат на јадењето месо е тешко да се одреди. Постојано во дневните весници читаме за прегледувањето на месото. Месарниците постојано се затвораат: месото кое се продава е оценето како неподобно за употреба.

Пред многу години добив светлина дека јадењето месо не е добро ниту за здравјето ниту за моралот. И ми делува многу чудно што одново и одново повторно се сретнувам со прашањето за јадење месо. Имав многу близок и одлучен разговор со лекарите во Здравствениот дом. Тие ги

разгледаа браќата и сестрите и братот и сестрата         се најдоа во многу непријатна

положба. На пациентите им се препишуваше месо… Додека бев на состанок на Австралиската Унија во Станморе, во саботата се почувствував повикана од Господовиот Дух, да проговорам за

случајот на Здравствениот дом основан во Самер Хил, кој се наоѓа само неколку станици подалеку од Станмор.

Ги претставив предностите кои треба да се согледаат од овој санаториум. Покажав дека месото никогаш не требало да биде изнесено на трпезите како дел од храната, дека животот и здравјето на илјадници се жртвуваат на олтарот на кој се нуди мртво месо за консумација. Никогаш не сум упатила поискрен и поодлучен повик. Реков дека сме благодарни што тука имаме институција во која месото од мртвите животни не му се препишува на ниту еден пациент. Треба да се обзнани дека ниту еден залак месо не бил изнесен на тамошните трпези, ниту за лекарите, управниците и помошниот персонал, ниту за пациентите. Реков дека имаме доверба во нашите лекари дека кон ова прашање ќе се однесуваат од здрава гледна точка; бидејќи на мртвите тела секогаш треба да се гледа како несоодветни за исхраната на Христијаните.

Не му дадов на овој предмет поголемо значење отколку што тој заслужува. Реков дека доколку во нашите здравствени домови се изнесува месо од мртви животни на трпезите, тие ќе се соочат со Вожјото незадоволство. Тие ќе го осквернат Божјиот храм и ќе треба да им се упатат зборовите: “Кој ќе го разори Вожјиот храм, него Вог ќе го разори.” Вог ми дал светлина дека Вожјото проклетство е на Земјата, на морето, на добитокот, на животните. Наскоро нема да биде безбедно да се чуваат стада. Земјата пропаѓа под Вожјото проклетство.          ^еИег 84, 1898

Остануваме верни на нашите принципи

  1. Во последно време бројот на пациентите во санаториумот се намали, како последица од низа околности на кои не можеше да им се помогне. Мислам дека една од причините поради недостигот на гости е ставот кој го зазедоа водачите на институцијата против служење месо на пациентите. Уште од отворањето на санаториумот, во трпезаријата било послужувано месо. Почувствувавме дека е дојдено времето да заземеме одлучен став против оваа пракса. Знаевме дека Вог е незадоволен поради тоа што на пациентите им се дава животинско месо.

Сега во институцијата не се сужи кафе, чај ниту месо. Ние сме одлучни да живееме според принципите на здравствената реформа, да чекориме по патот на вистината и праведноста. Не смееме, поради стравот дека ќе ги загубиме посетителите, да бидеме половични реформатори. Ние го заземавме нашиот став и, со Вожја помош треба да останеме на него. Храната која им се дава на пациентите е здрава и вкусна. Менито е составено од плодови, житарки и зрнести плодови. Тука во Калифорнија има изобилство од секаков вид овошје.

Доколку дојдат пациенти кои што се толку зависни од месната исхрана што мислат дека не можат да живеат без неа, ние треба да се обидеме да ги натераме да го согледаат ова прашање од разумна гледна точка. А доколку не сакаат да го сторат тоа, доколку се одлучни да го јадат она што го уништува здравјето, не треба да одбиеме да им го дадеме, доколку се согласат да го јадат во своите соби и се подготвени да се соочат со последиците. Но тие мораат да ја превземат одговорноста за своите постапки. Ние не треба да го казнуваме начинот на кој живеат. Не се осмелуваме да ја обесчестиме нашата служба казнувајќи го јадењето на она што ја загадува крвта и донесува болести. Ќе Му бидеме неверни на нашиот Господар доколку го правиме она што знаеме дека Тој не го одобрува.

Тоа е нашиот став. Ние одлучивме да им бидеме верни на принципите на здравствената реформа и моја молитва е Вог да ни помогне во тоа.

Мора да се направи и спроведе план кој што ќе го зголеми бројот на посетителите. Но дали за нас ќе биде исправно да се вратиме на служењето месо за да добиеме повеќе пациенти? Треба ли на болните да им го даваме она што ги разболело и поради што ќе останат болни доколку продолжат да го употребуваат како храна? Не треба ли наместо тоа да го задржиме ставот на луѓе кои се решени да ги одржат принципите на здравствената реформа?       мѕ 3а, 1903

[Чај, кафе и месо сервирани во собите на пациентите – 437]

  1. Во нашите институции има такви кои што тврдат дека веруваат во принципите на здравствената реформа, а сепак & попуштаат на употребата на месо и друга храна за која што знаат дека е штетна за здравјето. Во името на Господа, јас на таквите им велам да не прифаќаат положби во нашите институции додека одбиваат да живеат согласно со принципите за кои таа институција се залага; бидејќи, на тој начин вие двојно ја отежнувате работата на учителите и

водачите кои се борат да ја одржат работата на вистинскиот пат. Расчистете го кралскиот пат. Престанете да го блокирате патот на пораката што Тој ја испраќа.

Покажано ми е дека принципите кои ни се дадени во раните денови на пораката нашиот народ треба да ги смета за исто толку важни како што биле тогаш. Има такви кои никогаш не ја следеле светлината што ни е дадена во врска со исхраната. Време е да ја извадиме светилката од под капакот и да ја оставиме да свети со јасни и чисти зраци.          МЅ 73, 1908

[Да не биде сервирано во нашите санаториуми – 424, 431, 432]

[Да не биде сервирано на помошниците – 432, 444]

[Претераната употреба на слатките е исто така штетна како и употребата на месото – 533, 556, 722]

Сподели го ова:

Слични објави