Чај и кафе

Сподели го ова:

Надрзанувачките ефекти на чајот и кафето

  1. Надразнувачката исхрана и пијалоците на денешницата не водат кон најдобра здравствена состојба. Чајот, кафето и тутунот се надразнувачки средства и содржат отрови. Тие се не само непотребни, туку и штетни и треба да се исфрлат доколку сакаме да се научиме на умереност. Р. & X., Јулѕ 29, 1884
  2. Чајот (штетниот) е отровен за организмот. Христијаните не треба да го употребуваат. Влијанието на кафето е до одреден степен исто како и на чајот, но последиците од него во организмот се уште полоши. Неговот влијание е возбудливо, но онолку колку што ќе ве подигне, исто толку потоа и ќе ве спушти надолу. Оние кои пијат чај и кафе носат белези на нивните лица. Кожата станува бледа и добива безживотен изглед. Нивните лица го немаат здравиот сјај. (1868) 2Т 64, 65
  3. Човечките суштетсва навлекле врз себе секаков вид болести со употребата на кафе, чај (руски, индиски и итн), наркотици, опиум и тутун. Мораме да се откажеме од овие штетни навики и тоа од сите нив; бидејќи сите се штетни и ги уништуваат физичките, менталните и моралните сили и би требале да бидат прекинати од здравствена гледна точка.

МЅ 22, 1887

[Сеење на семиња на смрт – 655]

  1. Никогаш не земјате чај, кафе, пиво, вино или некакви алкохолни пијалоци. Водата е

најдобрата можна течност за чистење на ткивата.         Р. & Н., Ји1у 29, 1884

  1. Чајот, кафето и тутунот, како и алкохолните пијалаци имаат различен степен на јачина на скалата на вештачки стимуланси.

Ефектот на чајот и кафето, како што е покажано, води во иста насока како и оној од виното или ликерот, алкохолните пијалоци и тутунот…

Кафето е штетна навика. Тое времено го поттикнува умот на несакана активност, но подоцнежниот ефект од него е исцрпеност, изнемоштеност, блокирање на менталните, моралните и физичките сили. Умот станува слаб и доколку оваа навика не се прекине со одлучни напори, мозочната активност станува трајно намалена. Сите овие нервни надразнувачи ги заслабнуваат животните сили, а немирот предизвикан од оштетените нерви, нетрпеливоста, менталната трескавичност стануваат елементи на борба против духовниот напредок. Зарем тогаш оние кои се залагаат за умереност и реформа да бидат поттикнати да се борат против овие штетни пијалоци? Во некои случаи е тешко да се прекине навиката на пиење чај и кафе, исто како што за алкохоличарот е тешко да прекине со алкохолот. Парите потрошени на чај и кафе се полоши отколку фрлени. Тие на корисникот му прават само штета, и тоа постојано. Оние кои употребуваат чај, кафе, опиум и алкохол некогаш можат да доживеат старост, но овој податок не е аргумент во

полза на користењето на овие стиумалнси. Она што ваквите луѓе можеле да го постигнат, а не успеале поради своите неумерени навики, само големиот Божји ден ќе ни го открие.

Оние кои зависат од чај и кафе како поттик за работа ќе ги почувствуваат лошите последици од тоа преку треперливите ненрви и недостигот од самоконтрола. На изморените нерви им треба одмор и мир. На природата & е потребно време за да ги обнови своите исцрпени сили. Но доколку нејзините сили се поттикнуваат со употреба на стимуланси тогаш, тогаш секаде каде што овој процес се повторува, доаѓа до намалување на вистинската сила. Одредено време ќе може да се постигне повеќе под дејството на неприродните стимуланси, но со тек на време ќе станува се потешко да ја кренете енергијата на саканото ниво, додека конечно вашата исрпена природа нема да има веќе сили да одговора на стимулацијата.

Штетните последици им се припишуваат на други причинители

Навиката на пиење чај и кафе е поголемо зло отколку што често се претпоставува. Мнозина кои се навикнале себеси на употреба на стимулативни напитоци страдаат од главоболки и нервна исцрпеност, па губат многу време поради болест. Тие замислуваат дека не можат да живеат без стимуланси и не се свесни за нивните последици по здравјето. Она што нив ги прави уште поопасни е тоа што штетните последици од нив често им се припишуваат на други причинители.

Последици по умот и моралот

Преку употребата на стимуланси страда целиот организам. Нервите се неурамнотежени, црниот дроб неправилно ја извршува својата функција, погодени се и квалитетот и циркулацијата на крвта, а кожата станува неактивна и бледа. И умот, исто така е погоден. Моменталното влијание на овие стимуланси е поттикнување на умот на невообичаена активност, само за потоа да го остави послаб и помалку способен за сериозна работа. Конечниот ефект од нив е не само ментална и физичка, туку и морална исцрпеност. Како резултат на тоа гледаме нервозни мажи и жени, со нездраво расудување и неурамнотежен ум. Тие често покажуваат непријатен, нетрпелив, обвинувачки дух која како да ги гледа туѓите мани низ лупа, а е сосем неспособен да ги согледа сопствените неправилности.

Кога овие корисници на чај и кафе ќе се состанат за заедничко дружење се манифестираат последиците од нивната штетна навика. Сите слободно земаат од саканите напитоци и под дејство на стимулансот им се разврзуваат јазиците, па почнуваат да зборуваат против другите. И тоа не со малку и добро одбрани зборови. Мрежата на озборувањето се шири наоколу, а често и отровот на скандалот. Овие неразумни озборувачи забораваат дека имаат сведок. Невидлив набљудувач ги запишува нивните зборови во небесните книги. Сите овие непријатни критики, претерани известувања, завидливи чувства изразени под дејството на шолја кафе, Исус ги забележува како да се упатени против Него. “Ако му направивте на еден од Моите најмали браќа, Мене сте Ми направиле”.

Ние веќе страдаме поради погрешните навики на нашите родители, а сепак колкумина тргнуваат по пат кој е во секој поглед полош од нивниот! Опиумот, чајот, кафето, тутунот и алкохолот забрзано ја уништуваат искрата на виталност која се уште останала во човечката раса. Секоја година се испиваат милиони литри затруени пијалаци и се трошат милиони долари за тутун. А робовите на апетитот, постојано трошејќи ја својата заработка на уживања им ја ограбуваат на своите деца храната и облеката, како и предимствата од доброто образование. Никогаш нема да имаме добро општество додека постојат овие зла. (1890) С.Т.В.Н. 34-36

Г и надразнуваат нервите, а не даваат сила

  1. Вие сте многу нервозни и раздразливи. Чајот влијае на надразнувањето на нервите, а кафето го умртвува мозокот; и двете се мошне штетни. Треба да внимавате на вашата исхрана. Јадете најздрави, хранливи продукти и бидете смирени во умот, за да не станете раздразливи и да & подлегнете на страста. (1879) 4Т 365
  1. Чајот делува како стимуланс и до извесна мерка интоксинира. Слично е и дејството на кафето и многу други популарни пијалаци. Првичниот ефект е пријатен. Стомачните нерви се надразнети; тоа предизвика надразнетост на мозокот кој, за возврат поттикнува зголемена работа на срцето и краткорочна енергија на целито организам. Заморот е заборавен, се чини дека силата се зголемува. Интелектот е разбуден, мечтата станува пожива.

Поради овие резултати мнозина сметаат дека чајот или кафето им прават добро. Но тоа е грешка. Чајот и кафето не го хранат организмот. Ефектот од нив се постигнува пред да има доволно време тие да бидат сварени и асимилирани, а она што изгледа како сила е само дразба на нервите. Кога влијанието на стимулансот ќе престане, неприродната сила исчезнува, а како последица останува соодветен степен на малаксаност и истоштеност.

Постојаната употреба на овие нервни надразнувачи е проследена со главоболки, слабост, срцебиење, проблеми со варењето на храната, тремор и многу други зла, бидејќи тие ги уништуваат животните сили. На изморените нерви им е потребен одмор и мир, а не стимулација и пренапрегање. На природата & треба време да ги обнови исцрпените енергии. Кога нејзините сили се поттикнати со употреба на стимуланси, одредено време можеме да постигнеме повеќе; но како што организмот заслабнува со нивната постојана употреба, постепено ќе станува се потешко да ја разбудиме енергијата до саканото ниво. Потребата од стимуланси се потешко се контролира, додека волјата не заслабне толку што ќе се чини дека веќе нема сили да им се спротивстави на неприродните желби. Бараме се посилни и посилни стимуланси, додека исрцпената природа не може повеќе да одговори на нив.            (1905) МН 326, 327

[Чајот и кафето го нарушуваат желудникот – 722]

Немаат хранлива вредност

  1. Употребата на овие нешта кои надразнуваат за одредено време не доведува до

никакво подобрување на здравјето, туку подоцна предизвикува реакција која го остава организмот на пониско ниво отколку пред тоа. Додека делуваат, чајот и кафето го поттикнуваат ослабувањето на силите, но кога ќе помине нивното влијание, како последица од нив останува само депресија. Овие напитоци не содржат никакви хранливи вредности. Сета хранливост што можеме да ја добиеме од шолја чај или кафе се млекото и шеќерот додадени во нив.     ^еКег 69, 1896

Отапена духовна свест

  1. Чајот и кафето надразнуваат. Нивното влијание е слично на влијанието на тутунот;

само што тие влијаат во помала мерка. Оние кои ги употребуваат овие бавнодејствувачки отрови, како и оние кои употребуваат тутун, сметаат дека не можат да живеат без нив бидејќи се чувастваат мошне лошо кога ги немаат овие идоли… Оние кои му попуштаат на изопачениот апетит го прават тоа на сметка на здравјето и умот. Тие не можат да ја проценат вредноста на духовните вистини. Нивните чувства се затапени па гревот не им делува толку страшен и не можат да ја сметаат вистината за повредна од земските богатства.  (1864) Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 128, 129

  1. Употребата на чајот и кафето е грев, штетно попуштање на себеси, кои – како и другите зла, & наштетуваат на душата. Овие сакани идоли создаваат возбуда, болна работа на нервниот систем, а откако моменталното влијание на стимулативното средство ќе помине, тоа опаѓа во толкава мерка во колкава се подигнал под дејство на неговите надразнувачки својства.

^еИег 44, 1896

  1. Оние што употребуваат тутун, чај и кафе, треба да ги отфрлат тие идоли и да ја стават нивната парична вредност во Господовата резница. Некои никогаш не направиле никаква жртва за Божјото дело и спијат во однос на она што Вог го побарува од нив. Некои, кои се мошне сиромашни ќе имаат најголема борба да се откажат од овие надразнувачки средства. Оваа лична жртва не се бара затоа што на Вожјото дело му недостасуваат средства. Но, секое срце ќе биде искушано, секоја карактер ќе биде испитан. Тоа е принципот по кој што Вожјиот народ мора да работи. Живиот принцип мора да биде спроведен во животот. (1861) 1Т 222

Желбите го попречуваат служењето на Вога

  1. Чајот, кафето и тутунот имаат штетно влијание на телото. Чајот интоксинира; иако во помала мерка, тој има исто влијание како она на алкохолните пијалаци. Кафето има посилно влијание со кое го помрачува умот и ја ослабнува силата. Таа не е толку силна како тутунот, но има слично влијание како него. Доказите кои се употребуваат против тутунот можат да се искористат и против чајот и кафето.

Оние кои што имаат обичај да употребуваат чај, кафе, тутун, опиум или жестоки пијалаци, кога ќе си го забранат навикнатото самоугодување не можат да Му служат на Вога. Доколку ги повикате да земат учество во богослужението кога се откажуваат од овие надразнувачки средства, божествената милост ќе ја нема потребната сила да ги вдахнови и да им даде елан, да ги продухови нивните молитви или нивните сведоштва. Овие таканаречени христијани треба да размислат за средствата во кои уживаат. Дали тие доаѓаат одозгора или оддолу?   Р. &

Н., Јап. 25, 1881

Зашеметениот престапник не е без вина

  1. Сатаната гледа дека кога владееме со нашиот апетит, тој не може да има толку големо влијание на умот како кога му попуштаме, па затоа постојано работи да ги наведе луѓето на самопопуштање. Под влијание на нездравата храна совеста отапува, умот се помрачува и се намалува неговата способност за примање на влијанија. Но, вината на престапникот не се намалува поради тоа што ја повредувал совеста се додека таа станала нечувствителна.

Видејќи здравата состојба на умот зависи од нормалната состојба на животните сили, потребно е да се обрне многу внимание да не се употребуваат ниту стимулативни средства ниту наркотици. Па сепак, гледаме дека голем број од оние кои велат дека се христијани употребуваат тутун. Тие не ги одобруваат злата на неумереноста но, додека зборуваат против употребата на жестоките пијалаци, истите тие луѓе плукаат од тутунот што го џвакаат. Мора да дојде до промена на чувствата во однос на употребата на тутунот, пред ова зло да фати корен. Ние се повеќе се приближуваме кон овој предмет. Чајот и кафето поттикнуваат желба за уште посилни стимуланси. Тоа уште повеќе не приближува до состојбата во домот, до начинот на приготвување на храната, па се прашуваме: “Дали сме умерени во се? Дали тука се спроведуваат реформи кои се темел на здравјето и среќата?”

Секој вистински христијанин ќе владее со своите желби и нагони. Се додека не се ослободи од робувањето на апетитот, тој нема да може да биде верен, послушен слуга на Христа. Попуштањето на апетитот и ниските страсти го отапува влијанието кое вистината го има во нашите срца.         (1890) С.Т.В.Н. 79, 80

Загубена битка со апетитот

  1. Неумереноста почнува на нашите трпези, со употреба на нездрава храна. По извесно време, поради постојано попуштање, органите за варење на храната ослабнуваат и храната што се зема не го задоволува апетитот. Се создава нездрава состојба и доаѓа до силна желба за посилна стимулативна храна. Чајот, кафето и мрсната храна имаат моментално влијание. Под влијание на овие отрови се надразнува нервниот систем и – во некои случаеви – привремено се чини дека умот е окрепен, а мечтата пожива. Видејќи овие стимуланси имаат толку пријатно моментално дејство мнозина доаѓаат до заклучок дека тие им се навистина потребни и продолжуваат да ги употребуваат. Меѓутоа, секогаш доаѓа до реакција. Нервниот систем, поради прекумерно надразнување, ја позајмува силата за сегашните напрегања од идните извори на енергија. Депресијата е неминовна последица од ова привремено освежување на телото. Опаѓањето на моќта на надразнетите органи по престанокот на дејството на стимулансот ќе биде сразмерен со привременото зајакнување на телото поради нив. Апетитот е воспитан да бара нешто посилно, се стреми да го засили и одржи ова пријатно чувство се додека попуштањето не стане навика која се изразува со постојана силна желба за посилни стимуланси како што се тутунот, виното и жестоките пијалаци. Колку повеќе ќе му се попушти на апетитот, толку почести ќе бидат неговите барања и толку потешко ќе биде да се владее со него. Колку повеќе телото ослабнува и е помалку способно да живее без неприрони поттикнувања, толку повеќе ќе се

зголемува копнежот по нив, се додека волјата не ослабне и не се создаде впечаток дека веќе не постои сила со која би можеле да се отфрлат неприродните големи желби за ваквото попуштање.

Единствен сигурен пат

Единствен сигурен пат е да не се допре, да не се вкуси, да не се послужува со чај, кафе, вино, тутун, опиум и алкохолни пијалаци. Потребата на луѓето од денешната генерација да ја повикаат на помош силата на волјата, засилена со Вожјата милост за да им се спротивстават на искушенијата на Сатаната и да му се спротивстават и на најмалото попуштање на изопачениот апетит, е двојно поголема отколку пред неколку поколенија.        (1875) 3Т 487, 488

Судирот помеѓу вистината и попуштањето на себеси

  1. Фактите кои важат за Кореј и неговата дружина, која се побунила против Мојсеј и Арон и против Јехова, се забележани како предупредување до Вожјиот народ, особено до оние кои живеат на Земјата пред крајот на времето. Сатаната ги води луѓето да го поддржуваат примерот на Кореј, Датан и Авирон во дигање бунт меѓу Вожјиот народ. Оние кои си дозволуваат на себеси да станат против јасните сведоштва, се самозалажуваат, и навистина мислат дека оние кои се повикани да го носат товарот на Вожјото дело се издигнати над другите, и дека не се повикани да даваат совети и предупредувања. Тие се кренале наспроти јасните сведоштва што Вог им ги дал за да го укори злото меѓу Вожјиот народ. Сведоштвата дадени против штетното попуштање, како што се употребата на чај, кафе, бурмут и тутун, погодија одредена група луѓе, затоа што тие ги уриваат нивните идоли. Мнозина беа во неизвесност дали сосем да ги жртвуваат сите овие штетни состојки или да ги отфрлат јасните сведоштва кои се дадени и на тој начин да попуштат пред бучното негодување на апетитот. Нивниот став не беше одлучен. Дојде до судир меѓу нивните уверувања за вистината и личното попуштање. Таквата неодлучност само ги направи уште послаби, па кај нив победи апетитот. Нивното сфаќање за она што е свето беше изопачен од употребата на овие подмолни отрови, па тие конечно се одлучија да не се откажат од себеси, без оглед на последиците. Оваа страшна одлука веднаш крена ѕид на одделување помеѓу нив и оние кои веќе се чистеа како што Вог наредил, од секаква духовна и телесна нечистотија, посветувајќи се со стравопочит кон Господа. Недовсмислено дадените сведоштва кои се нашле на нивниот пат, предизвикаа голем неспокој и тие најдоа олеснување во борбата против нив, трудејќи се да се убедат и себе и другите дека тие се невистинити. Велеа дека народот е добар, но дека Сведоштавата кои укоруваат, создаваат неволји. Кога бунтовниците го развиорија своето знаме, сите кои беа незадоволни повторно се собраа околу своето знаме и сите кои имаа духовни мани, кривите, сакатите и слепите го обединија своето внимание ширејќи и сеејќи несогласување.

(1864) Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 36, 37

Корените на неумереноста

  1. Се прават големи напори за совладување на неумереноста; меѓутоа, се работи за напор кој не е насочен кон вистинската цел. Застапниците на реформата за умереност треба да бидат будни во однос на злото што настанува со употреба на нездрава храна, зачини, чај и кафе. Ние на сите следбеници на умереноста им посакуваме Вожји благослов. Но, ги повикуваме многу подлабоко да ја согледаат причината на злото против кое се борати да бидат сигурни дека се постојани во реформата.

На луѓето треба постојано да им се истакнува дека вистинската рамнотежа на умните и моралните сили во голема мерка зависи од добрата состојба на нашето тело. Сите наркотици и неприродни стимуланси, кои ја ослабнуваат и унижуваат телесната природа, се стремат да ги намалат и силите на умот и моралот. Во темелите на моралната изопаченост на светот лежи токму неумереноста. Со попуштањето на изопачениот апетит, човекот ја губи силата да му се спротивстави на искушението.

Реформаторите на умереноста да го воспитуваат народот во секој поглед. Научете ги дека здравјето, карактерот, па дури и животот се загрозени со употребата на надразнувачки средства кои ги поттикнуваат веќе исцрпените сили на неприродна, грчевита работа.

Издржете и природата ќе закрепне

Во однос на чајот, кафето, тутунот и алкохолните пијалоци, единствен сигурен пат е да не се допре, да не се вкуси, да не се тргува со нив. Влијанието на чајот, кафето и сличните напитоци се движи во иста насока како и влијанието на алкохолните пијалаци и тутунот. Во некои случаи оваа навика се совладува исто толку тешко како што на алкохоличарот му е тешко да се откаже од жестокиот пијалак. Оние кои се обидуваат да ги остават овие стимуланси ќе чувствуваат, извесно време, загуба и ќе страдаат без нив. Но, доколку истрајат, тие ќе ја совладаат желбата и ќе престанат да чувствуваат недостиг. Природата ќе побарува малку време да се опорави од злоупотребата што ја претрпела; но дајте & можност и таа повторно ќе се прибере и благородно и добро ќе ја изврши својата работа.            (1905) МН 335

  1. Сатаната ги расипува умовите и ги уништува душите со своите подмолни искушенија.

Дали нашиот народ го согледува гревот во попуштањето на изопачениот апетит? Дали ќе ги остави чајот, кафето, месото и другата стимулативна храна и ќе ги приложи средствата наменети на овие штетни видови попуштање за ширење на вистината…? Каква сила да го запре напредувањето на неумереноста може да има љубителот на тутунот? Во нашиот свет мора да дојде до пресврт во однос на употребата на тутунот пред да може секирата да биде ставена под коренот на дрвото. Ние одиме уште подалеку во овој предмет. Чајот и кафето поттикнуваат желба за потешки и посилни стимуланси, како тутунот и алкохолните пијалоци.       (1875) 3Т 569

  1. Што се однесува до месната храна, сите можеме да кажеме: “Оставете ја!” Сите мораат јасно да сведочат против чајот и кафето така што никогаш нема да ги употребуваат. Тие се стимуланси, штетни како за мозокот така и за другите органи…

Верниците на нашата црква треба да се откажат од себичниот апетит. Парите потрошени за чај, кафе и месна храна се полоши отколку загубени; зашто сето тоа го попречува најдобриот развој на физичките, менталните и духовните сили.          ^еКег 135, 1902

Влијанието на сатаната

  1. Некои сметаат дека не можат да се сменат, дека ќе го жртвуваат здравјето ако се обидат да ги остават чајот, тутунот и месната храна. Тоа е влијание на сатаната. Овие штетни стимуланси сосем сигурно го поткопуваат физичкиот состав и го подготвуваат телото за акутни заболувања така што го нарушуваат чувствителниот физички состав и ги уриваат тврдините што тој ги подигнал против заболувањата и преуранетото пропаѓање…

Употребата на неприродни стимуланси го урива здравјето и го затапува мозокот, правејќи го неспособен да ги вреднува вечните вистини. Оние што ги негуваат овие идоли не можат правилно да го проценат спасението што Исус го издејствувал за нив, преку живот на самоттокажување, постојано страдање, срам и конечно, преку жртвувањето на Својот безгрешен живот за да го спаси од смрт човекот кој пропаѓа. (1867) 1Т 548, 549

[Влијанието на чајот и кафето врз децата – 354, 360]

[Чајот и кафето во нашите санаториуми 420, 424, 437, 438]

[Чајот, кафето и месната храна се непотребни – 805]

[Одбивањето на чајот и кафето покажува дека работниците се здравствени реформатори во пракса – 227, 717]

[Последици од земањето чај и кафе на ручеците и вечерите – 233]

[Оние кои што имаа желба за чај и кафе треба да бидат подучени – 779]

[Да се направи завет со Вога за напуштање на чајот и кафето – 41]

[Чајот и кафето не беа користени од страна на Елена Вајт – Додаток 1:18, 23]

[Чајот како медицина, бил понекогаш користен од страна на Елена Вајт – Додаток 1:18]

Сподели го ова:

Слични објави