Овошје, житарки и зеленчук

Сподели го ова:

 

Дел 1 – Овошје

Влагослов во свежото овошје

  1. Јас сум му многу благодарна на Вога што не го укинал снабдувањето со овошје кога Адам го изгубил својот дом во Едем. ^еКег 157, 1900
  2. Господ сака и оние кои живеат во земјите во кои може да се добие свежо овошје во текот на поголемиот дел од годината, да го разберат благословот кој го имаат во него. Во колку повеќе се потпираме врз свежо овошје, онака како што е набрано од дрво, во толку ќе биде поголем благословот. (1902) 7Т 126
  1. За нас би било добро помалку да го подготвуваме, а пове-ќе да го јадеме овошјето во

неговата природна состојба. Да ги научиме луѓето обилно да јадат грозје, јаболки, праски, крушки, јагоди и сите други видови на овошје кое може да се добие. Нека сето ова се подготви за зима со конзервирање во стакло а не во лименки.           (1902) 7Т 134

[Овошјето е прекрасна храна, штеди многу подготвување – 546]

  1. За желудникот кој што слабо вари, можете да изнесете на маса разно овошје, но не многу

видови за еден оброк.         (1870) 2Т 373

  1. Ние посебно би го препорачале овошјето како извор на здравје. Меѓутоа, дури и овошјето

не треба да се јаде по комплетен оброк од друга храна.           МЅ 43, 1908

  1. Овошјето и зеленчукот кои што се вкусно подготвени ќе бидат благородни ако се со одличен квалитет и не покажуваат ни најмал знак на труење, туку е здраво и неоштетено од било која болест или труење. Повеќе одколку што можеме да замислиме, се умира од затруено овошје и зеленчук кое што ќе помине низ желудникот предизвикувајќи труење на крвта. ^еКег 12, 1887
  2. Обично, едноставно, но богато снабдување со овошје е најдобрата храна која може да се

изнесе пред оние кои што приготвуваат за Вожјото дело.         ^еИег 103, 1896

[Овошјето и житарките се храна за оние кои што се подготвуваат за преобразување – 488, 515]

Дел кој одговара на исхраната

  1. Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот претставуваат храна која што за нас ја одбрал нашиот Создател. Оваа храна е најздрава и со најголема хранлива вредност, тогаш кога е подготвена на наједноставен и најприроден начин. Таа дава сила, издржливост и зајакнување на умот кои што неможат да се добијат од многу сложена и надразнувачка храна.

[Овошје, житарки, зеленчук со млеко и павлака – најздрава храна 487]

[Зеленчукот на трпезата на Елена Вајт – Додаток 1:4, 8, 15]

  1. Во житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови можат да се најдат сите сите оние важни хранливи состојки кои што ни се потребни. Ако дојдеме кај Господа во едноставен дух, Тој ќе не поучи како да подготвуваме здрава храна ослободена од штетните влијанија на месото.

МЅ 27, 1906

[Овошјето – дел од соодветната исхрана – 483, 486, 513]

[Вогато снабдување во природата – овошје, зрнести плодови и житарки – 485]

[Овошјето како состојка за здрава храна – 339, 400, 403, 404, 407, 810]

Привремена овошна исхрана

  1. Неумереното јадење често пати е причина за болеста, и тоа што на телото му е

најпотребно е да се ослободи од непотребното бреме кое што е ставено на него. Во многу случаеви на болест, најефикасен лек за болниот е да тој изостави оброк или два за да на преморените органи за варање им овозможи можност за одмор. На оние кои работат претежно со умот, големо олеснување често пати им донела овошна исхрана во период од неколку дена. Многу пати краток период на целосно воздржување од храна, проследена со умерено земање на едноставна храна, благодарение на напорите на самата природа довело до целосно оздравување. Намалувањето на храната која што се јаде за месец или два би уверило многу страдалници дека патот на самооткажувањето е патот до здравјето. (1905) МН 235

Замена за штетните намирници

  1. Во нашите здравствени институции потребно е да се дадат јасни упатства за умереноста. На болните е потребно да им се укаже на злото од опојните пијалоци и на благословот од потполното воздржување. Ви требало да се замолат да го напуштат она што го уништило нивното здравје и сето тоа да се замени со обилно овошје. Портокали, лимони, суви сливи, праски и многу

други видови на овошје можат да се набават; затоа што земјата Господова е родна ако се вложат напори.           ^еИег 145, 1904

  1. Немојте да јадете многу сол, одбегнувајте употреба на туршија и зачинети јадења, јадете овошје во изобилие и дразбите кои што бараат многу течности за време на оброкот ќе исчезнат во голема мерка. (1905) мн 305

[Да го заземе местото на месото – 149, 312, 320, 492, 514, 649, 795]

[Да го заземе местото на слатките – 546]

[Не е по вкус на оние кои што навикнале на богата и многу зачинета храна – 563]

[Да го заземе местото на јадење многу каша – 490, 499]

Конзервирање и сушење

  1. Секаде каде што овошјето може да се негува во изобилие, би требало во изобилие да се подготвува за зима со конзервирање или сушење. Ситните плодови како што се рибизлите, јагодите, малините и капините можат лесно да се чуваат во многу места, таму каде што многу малку се употребуваат и каде што нивното одгледување е занемарено.

За домашно конзервирање потребно е да се употреби, кога е тоа можно, стакло наместо лимени садови. Особено е важно овошјето кое што се конзервира да биде во добра состојба. Употребете малку шеќер и варете го овошјето само толку колку што е потребно да се одржи во добра состојба. Овошјето подготвено на таков начин представува одлична замена на свежото овошје.

Онаму каде што може да се добие по умерена цена сувото овошје, како што е суво гројзете, сливите, јаболката, крушите, праските и кајсиите, ќе се согледа дека тоа може да се употреби како главна намирница многу повеќе отколку што е тоа вообичаено. Тоа ќе имдаде многу повеќе здравје и сила на сите категории работници.  (1905) мн 305

  1. Сосот од јаболка во тегли е многу здрав и вкусен. Крушите и црешите, ако можат да се

добијат, приготвени на ист начин многу се корисни за зимска употреба.       ^еНег 195, 1905

  1. Ако можете да добиете јаболки, вие сте во добра положба што се однесува за овошје, доколку немате ништо друго…

Јас мислам дека и не е важна толку големата разновидност на овошје, но тоа мора внимателно да се собере и во сезоната да се запази за употреба тогаш кога нема јаболки. Јаболките се над секое друго овошје како резерва која што треба да се чува.  ^еКег 5, 1870

Свежо од овоштарник и градина

  1. Постои една друга предност од држење овошје во нашите санаториуми. На тој начин

овошјето е потполно заштитено од трулење и може да се употреби, свежо обрано од дрвјата за трпеза.           мѕ 114, 1902

  1. Семејствата и институциите треба да научат да направат повеќе во обработувањето и подобрувањето на земјата. Кога би ја знаеле само вредноста на производот кој што го раѓа земјата во одреден годишен период, тогаш луѓето би вложиле многу повеќе грижа и напори, во обработка на земјата. Сите би требало да се запознаат со посебната вредност на свежото овошје и зеленчук од овоштарниците и градините. Бидејќи бројот на студенти и болни се зголемува, ќе биде потребно повеќе земја. Лозјата можат да се чуваат, затоа што така може да им се овозможи на институциите да произведуваат свое гројзе. Добра плантажа на портокали би била предност. мѕ 13, 1911 [Важноста на одгледување на овошје и зеленчук за трпеза – 519]

[Овошје и зеленчук во ист оброк – 188, 190, 722]

[Овошје во болничка исхрана – 441]

[Употреба на овошје на трпезите на помошниците – 444, 651]

[Овошје во исхраната за време на состаноците под шатори – 124, 765]

[Да се вклучи во едноставната исхрана за посетителите – 129]

[Делот од здрава, вкусна исхрана – 204, 503]

[Доматите препорачани од Елена Вајт – Додаток 1:16, 22, 23]

Сподели го ова:

Similar Posts