Житарките како замена за чајот и кафето

Совети за животот и исхраната — Житарките како замена за чајот и кафето

Совети за животот и исхраната

Житарките како замена за чајот и кафето

Сподели го ова:
  1. Ниту чајот ниту кафето не треба да се послужуваат. Наместо овие напитоци кои го уништуваат здравјето треба да послужуваме вкусно приготвени пржени житарки. — Letter 200, 1902 {СЖИ 431.3}
  2. Во посебни околности, некои единки можат да побаруваат и трет оброк. Меѓутоа, тој, доколку воопшто се зема, треба да биде многу лесен и составен од лесно сварлива храна. Крекери или двопек, овошје и кафе од житарки се храна која е најсоодветна за третиот оброк. — (1905) Здравје и среќа 321 {СЖИ 431.4}
  3. Јас употребувам малку варено млеко со моето едноставно домашно кафе. — Letter 73а, 1896 {СЖИ 432.1}

Неумерена употреба на топлите и штетни напитоци

  1. Топлите напитоци се непотребни, освен доколку се земаат како лек. Со употребата на поголеми количества топла храна и напитоци му наштетуваме на желудниког. Така ги заслабнуваме грлото и органите за варење, а преку нив и другите органи во телото. — Letter 14, 1901 {СЖИ 432.2}
Сподели го ова:

Поврзани статии