Исхраната во разни земји

Сподели го ова:

Храна подесена според годишното време и поднебје

  1. Храната која што се употребува треба да одговара на поднебјето. Некоја храна која е соодветна за една земја, нема воопшто да одговара на друго место.

^еНег14, 1901

  1. Секоја храна иако сама по себе е здрава, не одговара на нашите потреби во сите околности. Треба да се обрати внимание при изборот на храната. Нашата исхрана треба да одговара на годишното време, поднебјето во кое живееме, и професијата со која што се занимаваме. Некоја храна која што е погодна за употреба во текот на едно годишно време или во едно поднебје, не е соодветна за друго. Според тоа постојат разни видови на храна кои најдобро одговараат за пооделни личности од различна професија. Често пати храната која благотворно делува на оние кои што се занимаваат со тешка физичка работа, е несоодветна за личности кои што се занимаваат со седечка работа или кои што работат претежно со умот. Вог ни дал разновидно изобилство на здрава храна и секој треба да го одбере она, што врз основа на своето искуство и здравото расудување, смета дека најдобро одговара на неговите потреби. (1905) МН 296, 297

Хранлива храна може да се најде во секоја земја

  1. Да направиме разумен напредок во поедноставувањето на нашата исхрана. Според

Вожјото провидение секоја земја произведува намирници кои што се одликуваат со хранливост неопходна за изградување на организмот. Тие намирници можат да се подготват во здрави и вкусни јадења.           ^еНег 135, 1902

  1. Доколку ние мудро планираме, сето она што е најкорисно за здравјето, може да се

обезбеди скоро во секоја земја. Ширум светот се испраќаат разновидни производи подготвени од ориз, пченица, пченка и овес, како и грав, грашок и леќа. Овие, заедно со домашното или увозното овошје, и разновидниот зеленчук кој што се одгледува во секоја област пружа можност да се одбере храна која е целосно без употреба на месото. . . Каде што е можно да сувото овошје како: грозјето, сливите, јаболките, крушките, праските и кајсиите, се најдат по умерени цени, ќе се дојде до заклучок дека тие би можеле да бидат употребувани како главна намирница во исхраната многу пообилно отколку вообичаено, со најдобри резултати по здравјето и силата на сите видови на работници. (1905) МН 299

Сугестија за тропските предели

  1. Во топлите поднебја на работниците кои работат во која и да е гранка, треба да им се даде помалку работа отколку во оние со посвежа клима. Господ си споменува дека сме прав. . .

Во топлото поднебје ќе се почувствува помалку тешкотија со тоа што помалку шеќер ќе се додаде на храната за време на подготвувањето.      ^еНег 91, 1898

Потребен е такт во поучувањето на здравстената реформа

  1. Со цел својата задача да ја извршиме правилно и едноставно, мораме да ги сфатиме условите под кои живее човечкото семејство. Господ се погрижил за оние кои живеат во разните

земји на светот. Оние кои што имаат желба да бидат Божји соработници мораат внимателно да размислуваат за тоа како ќе поучуваат за здравствената реформа во Божјето големо лозје. Тие мораат да бидат претпазливи во одредувањето на тоа која храна треба а која храна не треба да се јаде. Човечкиот весник мора да се соедини со божествениот Помошник во изнесувањето на веста на милоста до мноштвото кое што Бог сака да го спаси.    ^еНег 37, 1901

[Види исто 324]

[Во новите земји и сиромашните области треба претпазливо да се постапува во поглед на употребата на месото, млекото и јајцата – 324]

  1. Ние во исхраната не одредуваме некаков пат по кој што треба да се оди, туку велиме дека во земјите каде што во изобилие има овошје, житарки и зрнести производи, месната храна не е вистинска храна за Божјиот народ. (1909) 9Т 159
  2. Господ има желба да оние кои што живеат во земјите каде што во текот на поголемиот дел од годината може да се добие свежо овошје, бидат свесни за благословот кој што го имаат во него. Колку повеќе се потпираме на свежото овошје, кое само што е набрано од дрвото, дотоклу ќе имаме поголем благослов.

[Види – 397]    (1902) 7Т 126

Сигурност за Божјето водство

  1. Господ ќе поучува многумина во сите делови на светот како да го комбинираат овошјето, житарките и зеленчукот и добијат храна која ќе го одржува животот, и нема да донесе болест. Оние кои што никогаш немаат видено рецепти за подготвување на здрава храна која е сега на пазарот, ќе работат мудро, вршејќи проби со прехранбените производи на земјата и ќе добијат светлина за употребата на тие производи. Господ ќе им покаже што треба да прават. Оној кој што им дава вештина и разбирање на Својот народ во еден дел на светот, ќе му даде вештина и разбирање на Својот народ и во другите делови на светот. Негова замисла е да прехранбените блага на секоја земја бидат така подготвени за да можат да бидат употребувани во земјите каде што тие не се погодни за употреба. Како што Бог им даде мана од небото за да ги одржи во живот синовите Израилови, исто така Тој сега ќе му даде на Својот народ, на различни места, мудрост и вештина во употребата на производите на тие земји во подготовка на храната која што ќе го замени месото. (1902) 7Т 124, 125
  2. Господов план е мажите и жените во секое место се охрабруваат да ги развијат своите

способности во подготовката на здрава храна од природните производи на својата земја. Доколку гледаат на Бога, користејќи ја својата вештина и оштроумност под водство на Неговиот Дух, тие ќе научат како од природните намирници да подготвуваат здрава храна. На тој начин тие ќе станат способни да ги поучуваат сиромашните како самите да се снабдуваат со храна која што ќе го замени месото. Оние кои што така се поучени, можат за возврат да поучуваат други. Ваквото дело треба да биде завршено со посветена ревност и сила. Доколку тоа порано се завршеше, денес ќе имаше многу повеќе луѓе во вистината кои ќе можеа да поучуваат. Да го научиме она што е наша должност, и тогаш да ја извршуваме. Ние не треба да бидеме зависни и беспомошни, очекувајќи други да ја вршат работата која што Бог нам ни ја има доверено.   (1902) 7Т 133

[Види – 401, 4^7]

Сподели го ова:

Слични објави