Сало и животинска маст

Сподели го ова:

Дел 2 – Сало и животинска маст

  1. Мнозина не чувствуваат дека се работи за должност, па затоа не се трудат соодветно

да ја приготват храната. Тоа може да се направи на едноставен, здрав и лесен начин, без употреба на сало, путер или месо. Умешноста мора да биде обединета со едноставноста. За да се направи тоа, жените мораат да читаат, а потоа трпеливо да го применуваат во пракса она што го прочитале. (1909) 9Т 162

[Салото исклучено како принцип – 317]

  1. Овошјето, житарките и зеленчукот, подготвени на едноставен начин, без зачини и било какви маснотии, заедно со млекото или павлаката претставуваат најздрава исхрана.

(1890) СН 115

  1. Храната треба да биде приготвена едноставно, а сепак со убавина која ќе отвора

апетит. Треба да ги исфрлите маснотиите од вашата исхрана. Тие го уништуваат секое приготвување на храната.    (1868) 2Т 63

  1. Многу мајки поставуваат трпези кои се стапица за нивните семејства. Меса, путер,

сирење, богати колачи, зачинета храна и разни додатоци слободно се трошат како од постарите така и од младите. Овие нешта учествуваат во заслабнувањето на желудникот, ги надразнуваат нервите и го заслабнуваат интелектот. Органите кои што ја произведуваат крвта не можат овие нешта да ги преработат во добра крв. Маснотиите од животинско потекло со кои што се подготвува храната ја прават истата тешка за варење.    (1890) СН 114

  1. Ние не мислиме дека пржените компири се здрави, бидејќи за нивна подготовка се употребува повеќе или помалку маснотија или путер. Добро печените или сварени компири, сервирани со павлака и малку сол се најздрави. Остатоците од белиот или обичниот компир подготвени со малку павлака и сол и повторно запечени, а не пржени, се извонредни. ^еНег 322, 1905
  2. Сите кои ќе седнат на вашата трпеза треба да видат добро зготвена, хигиенска и

вкусна храна. Бидете многу внимателни во врска со вашето јадење и пиење, брате          , за да

не продолжите да имате болно тело. Јадете редовно и само храна ослободена од маснотии.

^еИег 297, 1904

  1. Едноставната храна, без зачини, месо и маснотија од било каков вид, ќе биде благослов за вас, а вашата сопруга ќе ја ослободи од многу страдања, жалост и обесхрабрување.

(1868) 2Т 45

  1. Житарките и овошјето приготвени без маснотии и на најприроден можен начин, треба

да бидат храна на трпезите на сите кои што тврдат дека се подготвуваат за преобразување на Небото.          (1869) 2Т 352

[Маста не беше користена во домот на Вајтови – Додаток 1:4]

[Храната на соборите да биде едноставна и без маснотии – 124]

[Мрсните смеси не беа користени во домот на Вајтови – Додаток 1:21]

Сподели го ова:

Слични објави