Млеко и павлака

Сподели го ова:

Дел од хранлива и вкусна диета

  1. Вог го опремил човекот со изобилни средства за задоволување на неизопачениот апетит. Тој ги раширил пред него производите на земјата – богата разновидност од храна која што е пријатна за вкусот и хранлива за организмот. Нашиот добар Татко вели дека од неа смееме слободно да јадеме. Овошјето, житарките и зеленчукот, приготвени на едноставен начин, без зачини и животинска маст од кој и да е вид, заедно со млекото или павлаката ја сочинуваат најздравата исхрана. Тие го хранат телото и даваат издржливост и сила, како и живост на интелектот што стимулативната исхрана не може да го постигне. (1890) СН 114, 115
  2. Храната треба да биде приготвена на таков начин што ќе биде не само хранлива туку и вкусна. Не треба да & недостига она што му е потребно на организмот. Јас употребувам, и секогаш сум употребувала малку сол, бидејќи солта, не само што не е штетна туку е всушност суштествена за крвта. Зеленчукот треба да биде вкусно приготвен со малку млеко или павлака, или со нешто слично на нив…

Воздржувајќи се од од млеко, јајца и путер некои не успеале да го обезбедат организмот со соодветните хранливи материи и како последица на тоа станале слаби и неспособни за работа. На тој начин здравствената реформа се доведува на лош глас…

Ќе дојде време кога можеби ќе треба да отфрлиме некои од артиклите кои денес ги употребуваме во исхраната, како што се млекото, павлаката и јајцата; но не е потребно да си нанесуваме неволји со прерани и екстремни ограничувања. Почекајте додека околностите не го наложат тоа, и додека за тоа Господ не го приготви патот.          (1909) 9Т 162

Опасноста од нездравото млеко

  1. Млекото, јајцата и путерот не треба да се ставаат во иста категорија со животинските меса. Има случаи каде употребата на јајца е корисна. Не е дојдено време да кажеме дека употребата на млекото и јајцата треба да биде сосема исфрлена. Постојат сиромашни семејства чија што исхрана се состои главно од леб и млеко. Тие имаат малку овошје, а не можат да си дозволат да купат зрнеста храна. Во проповедањето на здравствената реформа, како и во секоја друга евангелска работа, треба да се сретнеме со луѓето онаму каде што се. Се додека не бидеме способни да ги поучиме како да приготват здрави, реформирани јадења кои се вкусни и ефтини, ја немаме слободата да ги изнесуваме најнапредните предлози во врска со исхраната според здравствената реформа.

Нека реформата во исхраната биде прогресивна. Научете ги луѓето како да приготвуваат храна без употреба на млеко или путер. Кажете им дека наскоро ќе дојде времето кога употребата на јајцата, млекото, павлаката или путерот нема да биде безбедна поради болестите кај животните кои што се зголемуваат пропорционално со зголемувањето на злото на човечкиот род. Блиску е времето кога, поради гревот на паднатиот човечки род, целиот животински свет ќе стенка под товарот на болестите кои што ќе ја снајдат нашата Земја.          (1902) 7Т 135

[Оние на кои млекото им е особено потребно не треба целосно да го исфрлат – 625]

[Народот треба да се учи како да готви без млеко – 807]

  1. Ние секогаш сме употребувале малку млеко и шеќер. Никогаш не сме го негирале тоа,

ниту во списите ниту во проповедите. Ние веруваме дека добитокот ќе стане толку заболен што овие продукти ќе треба да се исфрлат, но се уште не е дојдено времето за целосно да ги отстраниме млекото и шеќерот од нашите трпези.      ^еКег 1, 1873

[За употребата на млекото и шеќерот заедно, види во отсекот XX “Млеко и шеќер”]

  1. Животните од кои што се добива млекото не се секогаш здрави. Тие можат да бидат и заболени. Кравата може да изгледа добро наутро, а да угине пред доаѓањето на ноќта. Тогаш, таа и наутро била болна, но вие не сте го знаеле тоа. Животинскиот свет е заболен.

(1870) 2Т 369

  1. Светлината што ми е дадена вели дека нема да потрае уште долго пред да треба да

се откажеме од секаква животинска храна. Дури и млекото ќе треба да биде отфрлено. Болестите брзо се натрупуваат. Вожјото проклетство е врз Земјата затоа што човекот го има предизвикано тоа.            Шшп Сопѓегепсе Ресогб, Ји1у 28, 1899

Стерилизација на млекото

  1. Ако употребувате млеко, тоа треба да биде внимателно стерилизирано; со ваквата мерка на претпазливост постои помала опасност од заболување поради неговата употреба.

(1905) МН 302

  1. Можеби ќе дојде време кога нема да биде безбедно да се употребува млеко. Но

доколку кравите се здрави, а млекото внимателно сварено, нема потреба предвреме да го создаваме времето на неволјата.         ^еИег 39, 1901

Замена за путерот

  1. Јас јадам само два оброка дневно и се уште ја следам светлината која ми беше дадена пред 35 години. Не употребувам месо. што се однесува до мене, јас го решив прашањето на путерот. Не го употребувам. Ова прашање треба да биде лесно решено секаде каде што не може да се добие најчист производ. Ние имаме добри крави молзници – Џерси и Холштајн. Употребуваме павлака и сите се задоволни со тоа.

^е«ег 45, 1903

  1. Јас не гледам никаква потреба од путер онаму каде што има изобилство од овошје и стерилизирана павлака.

[За контекст, види 588]        (ММ 269, 1904)

  1. Ние не изнесуваме путер на нашата трпеза. Нашиот зеленчук, воглавно, се готви со

млеко или павлака и е мошне вкусен… Сметаме дека на умерената употреба на млеко од здрава крава не треба да се приговара.    (Леттер 5, 1870)

[Употреба на млеко и павлака во домот на Вајтови – Додаток 1:4, 13, 14, 16, 22]

[Употреба на млеко и павлака во приготвувањето на храната – 517, 518, 522]

[Препорачливо како храна за состаноците под шатори – 491]

Најстрогата исхрана не е најдобра

  1. Ние треба да се поврземе со масите. Доколку ги подучуваме на здравствената рефора во нејзината нај екстремна форма, ќе направиме штета. Ние бараме од нив да престанат да јадат месо и да пијат чај и кафе. Тоа е добро. Но некои велат дека треба да се откажеме и од млекото. Тоа е тема со која треба внимателно да се ракува. Постојат сиромашни семејства чија што исхрана се состои од леб и млеко и, доколку можат да си дозволат, малку овошје. Сета месна храна треба да биде исфрлена, но зеленчукот треба да биде вкусно приготвен со малку млеко, павлака или нешто слично. Кога им ја презентираме здравствената реформа, сиромасите велат: “Што ќе јадеме? Ние не можеме да си дозволиме да купиме зрнеста храна!” Кога им го проповедам евангелието на сиромашните, упатена сум да им кажам да ја јадат онаа храна која што има најмногу хранливи вредности. Не можам да им речам: “Не смеете да јадете јајца, или млеко, или павлака. Не смеете да користите путер при готвенењето на храната!” Евангелието мора да им се проповеда на сиромасите, но се уште не е дојдено времето да се препише најстрогата исхрана.

Ќе дојде време кога можеби ќе мораме да отфрлиме некои од артиклите кои сега ги употребуваме во исхраната, како што се млекото, павлаката и јајцата, но моја порака е да не се ставате во времето на неволјите предвреме и на тој начин да се изложите на смртта. Почекајте додека Господ не го приготви патот пред вас.

Ве уверувам дека вашите идеи во врска со исхраната на болните не се препорачливи. Промената е премногу голема. Иако јас би го исфрлила месото како штетно, би ја оставила употребата на помалку штетните нешта, како што се јајцата. Не го отстранувајте млекото од трпезата и не ја забранувајте неговата употреба при готвењето на храната. Млекото треба да биде добиено од здрави крави и треба да биде стерилизирано.

Ќе дојде време кога млекото нема да може да се употребува толку слободно како сега; но сегашноста не е време за негово отфрлање…

Но сакам да кажам дека кога ќе дојде времето кога употребата на млекото. Павлаката, путерот и јајцата веќе нема да биде безбедна, Вог ќе ни го открие тоа. Не треба да застапуваме никакви екстремности во здравствената реформа. Прашањето за употребата на млекото, путерот и јајцата ќе отвори нови проблеми. Засега не сме обременети со таа точка. Нека вашата умереност им биде позната на сите луѓе.          ^еИег 37, 1901

Вог ќе се погрижи

  1. Гледаме дека добитокот станува мошне заболен, самата земја е расипана и знаеме дека ќе дојде време кога нема да биде најдобро да употребуваме млеко и јајца. Но тоа време се уште не е дојдено. Знаеме дека кога ќе дојде, Вог ќе се погрижи. Се поставува прашањето, многу значајно за сите загрижени, дали Вог ќе постави трпеза во дивината? Мислам дека одговорот може да гласи: “Да, Вог ќе обезбеди храна за Својот народ.”

Во сите делови на светот ќе бидат обезбедени артикли кои ќе ги заменат млекото и јајцата. Вог ќе ни стави на знаење кога ќе дојде време да се откажеме од нив. Тој посакува сите да чувствуваат дека имаат милостив небесен Татко кој ќе ги поучува за сите нешта. Вог ќе му ги даде на својот народ насекаде низ светот, готвачка уметност и умешноста во исхранувањето, поучувајќи ги како да ги користат производите на земјата за да го одржат животот.      ^еКег 151, 1901

Сподели го ова:

Слични објави