Владеење со апетитот

Сподели го ова:

Недостаток на владеење над самите себе – Првиот грев

  1. Адам и Ева во Едем беа со благородна става и совршени во својата симетрија и убавина. Тие беа безгрешни и со совршено здравје. Каква спротивност со денешниот човечки род! Убавината ја снемало. Совршеното здравје е непознато. Каде и да се свртиме, насекаде гледаме болест, изобличеност и малоумност. Варав причина за оваа страшна дегенерација и ми беше укажано назад на Едем. Змијата со измама ја навела прекрасната Ева да јаде од плодот од единственото дрво од кое Вог им беше забранил да јадат, па дури и да го допираат, затоа што ќе умрат.

Ева имаше се што би можело да ја направи среќна. Таа беше опкружена со разни плодови. Но сепак плодот од забранетото дрво многу повеќе го посакуваше отколку плодовите на сите останати дрвја во градината од кои можеше слободно да јаде. Таа беше неумерена во своите желби. Таа касна од плодот, а под нејзиното влијание јадеше и нејзиниот сопруг, па така проклетството падна врз нив двајцата. Земјата исто така беше проколната заради нивниот грев. Почнувајќи од падот, неумерноста се јавува скоро во секој облик. Апетитот владее со разумот. Човечкото семејство заради тоа што тргнало по пат на непослушност и, како и Ева, е измамено од сатаната да не се придржува кон Вожјите забрани, зборувајќи си самите себеси дека последиците нема да бидат така страшни како што тоа било предвидено. Човечкото семејство ги прекршувало законите на здравјето, и одело скоро во сите нешта, кон претерување. Волестите постојано се зголемувале. Последицата следела по причината.     (1864) Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 120

Ноевото време и нашето

  1. Исус, седејќи на Маслинската гора, им даде упатства на Своите ученици во врска со знаците кои ќе претходат на Неговото доаѓање: “Како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби се, – така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки.” Истите гревови кои што донеле осуда на светот во Ноевото време, постојат и во нашето време. Мажите и жените во јадењето и пиењето одат толку далеку што тоа се завршува со пијанство и ждерење. Овој распространет грев; попуштањето на изопачениот апетит, ги има распалувано човечките страсти во Ноевото време,

водејќи кон распространетост на изопаченоста. Престапите и гревовите допирале до небото. Оваа морална изопаченост со потопот била конечно збришана од земјата. Истите гревови на ждерење и пијанство ја отапувале моралната чувствителност на жителите на Содом, така што гревот им изгледаше како задоволство на жителите на тој зол град. Христос вака го предупредува светот: “Исто така, како што беше во Лотовите дни: тие јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки.” (Лука 17:28-30)

Христос нам овде ни оставил најважна поука. Тој нам ни ја предочи опасноста која што ни се заканува доколку јадењето и пиењето ги ставиме на прво место. Тој нам ни го предочува резултатот на нескротливото попуштање на апетитот. Моралните сили се ослабнати, така што гревот не изгледа како грев. Гревот лесно се прифаќа и страстите владеат со умот, се додека не се искоренат добрите начела и побуди и додека не се похули на Вога. Сето тоа е последица на претераното јадење и пиење. Тоа е вистинската состојба за која Исус кажува дека ќе биде во времето на Неговото второ доаѓање.

Спасителот нам ни укажува на нешто повозвишено кон кое треба напорно да се стремиме, отколку само да мислиме за она што ќе јадеме и пиеме или во што ќе се облечеме. Јадењето, пиењето и облекувањето одат во таква крајност така што стануваат грев. Тие спаѓаат во назначените гревови на последното време и претставуваат еден од знаците на Христовото скоро доаѓање. Времето, парите и силата кои што му припаѓаат на Господа и кои што Тој нам ни ги доверил, се губат во одвишното облекување и луксузна храна, подготвени за да го задоволат изопачениот апетит, кој што ги намалува животните сили и донесува страдање и распаѓање. Не е возможно да ги принесеме своите тела во жива жртва на Вога, кога постојано ги полниме со изопаченост и болест преку своето грешно попуштање.   (1890) С.Н. 23, 24

  1. Апетитот е едно од најсилните искушенија со кои што човекот се сретнува. Во почетокот Вог го создаде човекот праведен. Тој беше создаден со совршено врамнотежен разум. Големината и силата на сите негови органи се развивале целосно и во хармонија. Меѓутоа, заради измамата на лукавиот непријател, Вожјата забрана е занемарена, и целосна казна е извршена според природните закони. . .

Од првото потчинување на апетитот, човечкиот род се повеќе си попуштал на самиот себеси, додека здравјето не било принесено на олтарот на апетитот. Жителите на претпотопниот свет биле неумерени во јадењето и пиењето. Тие јаделе месо, иако Вог во тоа време не му дал никакво одобрување на човекот да јаде таква храна. Тие толку јаделе и пиеле така што попуштањето на изопачените желби не познавало граници. Тие станале толку изопачени така што Вог неможел повеќе да ги трпи. Нивната чаша на безаконие била полна и Тој со потоп ја очистил Земјата од нејзината морална изопаченост.

Содом и Гомор

По потопот луѓето се намножиле на Земјата, повторно заборавајќи го Вога и изопачувајќи ги своите патишта пред Него. Неумереноста во секој облик се зголемувала, додека скоро целиот свет не & се предал на неа. Цели градови биле збришани од лицето на земјата заради гревот и бунтовната неправда која од нив сторила неубаво место во полето на прекрасните Вожји дела. Задоволувањето на неприродниот апетит водело до гревовите кои што предизвикале уништување на Содом и Гомор. Вог му го препишува падот на Вавилон на неговото ждерење и пијанство. Попуштањето на апетитот и страстите бил темел на сите нивни гревови. (1890) С.Н. 108-110

Исав беше победен од апетитот

  1. Исав, имајќи желба за омиленото јадење го жртвувал своето првенство за да му угоди на апетитот. Откако ја задоволил својата похотна желба за јадење, ја увидел својата лудост, но немало место за каење, иако барал благослов дури и со солзи. Има многумина кои што се како Исав. Тој ја претставува класата кои на дофат на рацете имаат посебни, драгоцени благослови – бесмртно наследство; живот кој што е така вечен како што е животот Вожји, Создателот на вселената; непроценлива среќа и вечна слава – но која така долго му попуштала на апетитот,

страстите и наклонетостите така што ја ослабила нејзината способност за разликување и проценување на вредностите на вечното.

Исав имаше посебна, силна желба кон одреден вид на јадење и така долго си попуштал себеси што не чувствувал потреба да го остави тоа јадење кое го искушувало и кое го посакувал. Тој размислувал за него, не правејќи некој посебен напор да го скроти својот апетит, додека неговата сила не го потиснала секое друго размислување и завладеала со него. Тој замислувал дека ќе претрпи големи непријатности, дури и смрт доколку не можел да го добие тоа посебно јадење. Доколку повеќе размислувал за тоа, дотолку неговата желба станувала посилна, додека неговото свето првенство, не ја изгубила својата вредност и својата светост. (1868) 2Т 38

Израеловата похот за месо

  1. Кога Израилевиот Вог го изведе Својот народ од Египет, Тој во голема мерка му го скратил месото, давајќи им леб од небото и вода од тврда карпа. Тие со тоа не биле задоволни и се гнаселе од храната која им била дадена, сакајќи да се вратат во Египет, каде што ќе можеа да седат покрај лонците со месо. Повеќе сакале да поднесат ропство, па дури и смрт, отколку да се лишат од месото. Вог им ја исполнил нивната желба. Давајќи им месо ги оставил да јадат, додека нивната ненаситност не предизвикала помор во кој многу изумреле.

Сите тие се примери

Пример по пример може да се цитира за да се покажат последиците од попуштањето на апетитот. На нашите прародители им се чинело безначајно кршењето на Вожјите заповеди во тој еден чин – во јадењето на плодот од дрвото кој што било така убав за гледање, и така угоден по вкус. Меѓутоа, тоа ја прекинало нивната врска со Вога и ја отворило вратата на поплавата на гревот и несреќите кои го преплавиле светот.

Светот денес

Гревот и болеста се зголемувале со секоја следна генерација. Неумереноста во јадењето и пиењето и попуштањето на ниските страсти ги умртвиле благородните човекови способности. Наместо разумот да биде господар над човекот, тоа во вознемирувачки размери станал апетитот. Со зголемена желба за богата храна се попуштало се додека не станало обичај желудникот да се полни со секаква можна привлечна храна. Посебно му се попушта на апетитот за јадење на седенките каде што зауздувањето е мало. Тогаш се служат богати ручеци и доцни вечери кои се состојат од многу зачинето месо со богати сосови, торти, пити, сладолед, чај, кафе, итн. Не е никакво чудо што покрај ваквата храна луѓето имаат бледо лице и поднесуваат болки предизвикани од лошото варење.   (1890) С.Н. 111, 112

  1. Ми беше прикажана сегашната состојба на светот. Сцената беше ужасна. Јас се чудев на тоа дека жителите на земјата не се уништени како луѓето од Содом и Гомор. Видов доволна причина за сегашната состојба на дегенерација и смртност во светот. Слепите страсти владеат со разумот и многумина на похотта & ја жртвуваат секоја возвишена побуда.

Првото големо зло беше во неумереноста во јадењето и пиењето. Луѓето станаа робови на апетитот за јадење. Тие се неумерени во работата. Се извршуваат многу тешки работи за да се наполни трпезата со јадење, кое многу му штети на веќе преоптовареното тело. Жените поминуваат голем дел од своето време над загреаниот шпорет, подготвувајќи многу зачинета храна, за да го задоволат вкусот. Последица на тоа е занемарување на децата, кои што не примаат морално и верско образование. Мајката која претерано работи занемарува да негува благост на темпераментот кој што е сончева светлина за домот. Вечните побуди се ставаат на второ место. Сето време се употребува за подготовка на она што ќе го задоволи апетитот кој што го уништува здравјето, ги помрачува способностите за расудување и го расипува темпераментот правејќи го мрзоволен.          (1864) Ѕр. ѕтѕ IV, 131, 132

  1. Секаде среќаваме неумереност. Ја гледаме во возилата, на бродовите и насекаде каде што одеме. Треба да се прашаме што треба да направиме за да ги спасиме душите од власта на

искушителот. Сатаната е секогаш подготвен човештвото целосно да го стави под своја контрола. Неговото најсилно упориште во човекот е апетитот и тој тежнее да го поттикне со сите можни средства. Сите неприродни, надразнувачки средства се штетни и создаваат апетит за жесток пијалок. Како можеме да го просветлиме народот и да ги спречиме страшните зла, кои се последица на употребата на овие средства? Дали имаме сторено се што можеме во оваа насока? (1890) С.Т.В.Н. 16

Служба на олтарот на изопачениот апетит

  1. Бог на Својот народ му има дадено голема светлина, но сепак, ние не се наоѓаме надвор од дометот на искушенијата. Кој меѓу нас бара помош од боговите во Акарон? Погледајте ја оваа слика која не е плод на фантазијата. На колкумина, дури и меѓу адвентистите на седмиот ден, можат да се видат нејзините главни карактеристики? Некој инвалид – очигледно многу свесен, но сепак тесноград и вообразен – отворено го истакнува своето презирање на законите на здравјето и животот, кои божественото милосрдие ги водело за нас како народ да ги прифатиме. Неговата храна мора да биде подготвена на таков начин да ги задоволи неговите болни желби. Наместо да седи покрај трпезата на која се наоѓа здрава храна, тој посетува ресторани, затоа што таму може без никакво ограничување да му попушти на апетитот. Зборлест застапник на умереноста, а се оглушува од нејзините основни начела. Тој сака олеснување, меѓутоа одбива да плати со самоодрекнување. Тој човек служи пред олтарот на изопачениот апетит. Тој е идолопоклоник. Силите, посветени и облагородени, кои би можеле да се употребат на слава Божја, се ослабени и пружаат мала корист. Раздразливиот темперамент, поматениот ум, растроените нерви, се некои од последиците на неговото непочитување на природните закони. Тој е неспособен, човек на кого не може да се смета. (1882) 5Т 196, 197

Христовата победа во наша полза

  1. Во пустињата на искушението Христос се сретна со големите искушенија кои ќе го

нападнат човекот. Тука, Тој сам го сретна лукавиот, подмолен непријател и го победи. Првото големо искушение беше искушението во подрачјето на апетитот, другото во самоувереноста, третото во љубовта кон светот. Сатаната има победено милиони искушувајќи ги да му попуштаат на апетитот. Со задоволувањето на вкусот, нервниот систем се надразнува а умствените сили ослабнуваат, така што е невозможно да се мисли смирено и разумно. Умот е неврамнотежен. Неговите возвишени, благородни способности се изопачени и им служат на животинските побуди, а на светите, вечни интереси не се обрнува внимание. Кога ќе има победи во тоа, сатаната може да настапи со другите две главни искушенија, и ќе најде слободен пристап. Неговите многубројни искушенија израснуваат од овие три најважни точки.     (1876) 4Т 44

  1. Од сите поуки кои што треба да ги научиме од првото големо искушение на нашиот Господ, најважна е онаа која што е во врска со владеењето над апетитот и страстите. Во сите векови искушувањето на телесната природа имало најголемо влијание врз изопачувањето и понижувањето на човештвото. Сатаната работи на тоа да преку неумереноста ги уништи умствените и моралните сили, кои што Бог му ги дал на човекот како бесценет дар. На тој начин на луѓето им е оневозможено да го ценат она што е од вечна вредност. Со попуштањето на страстите сатаната сака од душите да ја избрише секоја трага на сличноста со Бога.

Нескротеното попуштање што за последица ги има болестите и понижувањата кои постоеле во времето на првото Христово доаѓање, повторно ќе се појават со својата сила на злото пред Неговото второ доаѓање. Христос објавува дека состојбата на светот ќе биде како во деновите пред потопот и како во Содом и Гомор. Секоја помисла на срцето постојано ќе биде зло. Ние сега живееме на границите на тоа страшно време и нам треба добро да ни е позната поуката за постот на Спасителот. Единствено преку неизкажливото страдање кое го претрпе Спасителот, можеме да го процениме злото на нескротливиот апетит. Неговиот пример ни зборува нам дека нашата единствена надеж во вечниот живот е во потчинувањето на апетитот и страстите на Божјата волја.

Поглед кон Спасителот

Со сопствена сила е невозможно да се одрекнеме од барањата на својата падната природа. Сатаната преку тој канал не доведува во искушение. Христос знаеше дека непријателот ќе дојде до секое човечко битие и дека, користејќи се со наследените слабости и своите лажни навестувања, ќе ги зароби оние кои што не се надеваат во Вога. Поминувајќи преку тлото по кое човекот мора да оди, нашиот Господ нам ни го подготви патот за победата. Не е Негова волја да дојдеме во неповолна положба во судирот со сатаната. Тој не посакува ние да бидеме заплашени и обесхрабрени од нападите на змијата. “Не плашете се,” вели Тој, “Јас го победив светот.” (Јован 16:33)

Нека оној кој што се бори против силата на апетитот гледа кон Спасителот во пустињата на искушението. Нека го гледа Него во Неговата агонија на крстот кога извикнува: “Жеден сум!” (Јован 19:28). Тој го претрпи сето она кое што и ние можеме да го понесеме. Неговата победа е и наша победа.

Исус се потпираше на мудроста и силата на Својот небесен Татко. Тој изјави: “Господ Вог ќе ми помогне, затоа нема да се збунам. . . И знам дека нема да бидам посрамен . . . Ете, Господ Вог ќе ми помага.” Укажувајќи на Својот пример, Тој нам ни вели: “Кој од вас се плаши од Господа? Кој чекори во темнина, без светлина? Нека се надева на името Господово и нека се потпира врз својот Вог.” (Исаија 50:7, 9, 10)

“Ете иде кнезот на овој свет,” рече Исус, “и во мене нема ништо.” (Јован 14:30) Во него немаше ништо што би одговарало на вештото лукавство на сатаната. Тој не се согласуваше на грев. Дури ни во мислите не му попуштил на искушението. Така можеме и ние. Христовата човекова природа беше соединета со божествената; Тој беше подготвен за судир затоа што во Него пребиваше Светиот Дух. Тој дојде нас да не направи соучесници во божествената природа. Се додека ние со вера сме соединети со Него, гревот нема никаква власт над нас. Вог ја прифаќа раката на верата во нас, да не насочи цврсто да се фатиме за Христовата божествена природа, за да можеме да постигнеме совршенство на карактерот.           (1898) ^А 122, 123

  1. Сатаната му приоѓа на човекот, како што му пријде на Христа, за со своите моќни

искушенија да го принуди на попуштање на апетитот. Тој добро ја познава својата моќ со која го победува човекот во овој поглед. Тој преку апетитот го победил Адам и Ева во Еден, и тие го изгубиле својот среќен дом. Со колку насобрани беда и зло се има наполнето овој свет како последица на Адамовиот пад. Цели градови биле збришани од лицето на Земјата заради страшното зло и бунтовничката неправда која од нив направила дамка во вселената. Попуштањето на апетитот беше основа на сите нивни гревови.       (1875) 3Т 561

  1. Христос го отпочна делото на откупување таму каде што започнал падот. Неговото прво искушение било во онаа иста точка во која Адам паднал. Со искушувањето на апетитот, сатаната го победил поголемиот дел од човештвото и неговиот успех во него создал чувство дека управувањето со оваа падната планета е во неговите раце. Меѓутоа, во Христа наишол на Оној кој што бил во состојба да му се спротивстави и да го принуди да го напушти бојното поле како победен непријател. Исус вели: “И во мене нема ништо.” Неговата победа е наша сигурност дека и ние исто така можеме да станеме победници во нашите судири со непријателот. Меѓутоа, целта на нашиот небесен Татко не е да не спаси без ние од наша страна да не вложиме напор во соработка со Христа. Ние мораме да го извршиме својот дел, а божествената сила, соединета со нашите напори, ќе донесе победа. (1890) С.Т.В.Н. 16

[Заради нас Христос прикажа самоконтрола посилна од гладта или смртта – 295]

[Христос зајакнуваше со постот за да може да издржи; Неговата победа е охрабрување за сите – 296]

[Кога беше најтешко искушуван, Христос ништо не јадеше – 70]

[Силата на искушението да му се попушти на апетитот мерена со Христовите страдања за време на Неговиот пост – 298]

Даниеловиот пример во победувањето

  1. Искушенијата кои настојуваат кон попуштање на апетитот имаат таква моќ, која може да се совлада единствено со помошта која што Вог може да ја даде. Меѓутоа, со секое искушение имаме и Вожјо ветување дека постои излез. Зашто тогаш многумина се победени? Затоа што не се

надеваат на Вога. Тие не се користат со средствата подготвени за нивна сигурност. Изговорите со кои што се оправдува задоволувањето на изопачениот апетит немаат никаква важност пред Вога.

Даниел ги вреднуваше своите човечки способности, но не се надеваше на нив. Неговото надевање беше во онаа сила која што Вог ја има ветено на сите оние кои што сакаат да дојдат кај Него во понизна зависност, потпирајќи се целосно на Неговата сила.

Тој во своето срце одлучи да не се осквернува со јадењето од царската трпеза, ниту со виното кое го пиеше царот, затоа што знаеше дека таквата храна нема да ги засили неговите телесни сили ниту зголеми неговата умна способност. Тој не сакаше да употребува вино ниту кое и да е друго неприродно надразнувачко средство; тој не сакаше да стори ништо што би го помрачило неговиот ум; и Вог му даде “знаење и разбирање на секоја книга и мудрост”, а и да “толкува и секакви виденија и соништа. . . “

Неговите родителите во неговото детство го одраснале навикнувајќи го на строга умереност. Тие го подучувале дека мора да ги прилагоди природните закони во сите свои навики; дека неговото јадење и пиење имаат непосредно влијание врз неговата телесна, умствена и морална природа и дека е одговорен пред Вога за своите способности, затоа што нив ги сметал како дар од Вога и дека со никаков начин на постапување не смеел да ги спречи или онеспособи во развојот. Воздигнувањето на Вожјиот закон во неговите мисли и почитувањето во неговото срце било резултат на таквото подучување. За време на првите години на своето ропство, Даниел поминал низ тешко искушение кое требало да го запознае со величенственоста на дворот, лицемерството и незнабоштвото. Навистина, тоа беше чудно училиште кое требало да го подготви за животот на трезвеноста, вредноста и верноста! Но сепак, живееше неизопачен од атмосферата на злото со кое бил опкружен.

Искуството на Даниел и неговите млади другари укажува на корисноста која произлегува од умерената исхрана и покажува што Вог сака да стори за оние кои соработуваат со Него во очистувањето и воздигнувањето на душата. Тие му беа на чест на Вога и беа сјајна и јасна светлина на вавилонскиот двор.

Во овој настан го слушаме Вожјиот глас кој му се обраќа на секој поединечно, заповедајќи ни нам да ги собереме сите драгоцени зраци на светлината во врска со овој предмет на христијанската умереност и да завземеме правилен став во однос на законите на здравјето.

(1890) С.Т.В.Н. 22, 23

  1. Што ќе се случеше доколку Даниел и неговите другари направеа спогодба со незнабожечките службеници, и му попуштија на притисокот па јадеја и пиеја како што тоа било вообичаено кај вавилонците? Тој единствен случај на одвојување од начелата би го ослабнало нивното чувство за правда и нивното гадење кон злото. Попуштањето на апетитот ќе бараше жртвување на телесната сила, бистрината на умот и духовната сила. Еден погрешен чекор веројатно ќе водеше кон друг, се додека нивната врска со небото не се прекинеше и така збришани со искушението. С.Н. 66

[Даниеловата бистрина на умот е резултат на едноставната исхрана и животот на молитва – 117]

[Повеќе за Даниел – 33, 34, 117]

Наша христијанска должност

  1. Кога ќе ги разбереме Вожјите барања, тогаш ќе видиме дека Тој бара да бидеме умерени

во се. Ние сме создани со цел да го прославиме Вога во своите телеса и души кои се Вожји. Како можеме тоа да го правиме, ако му попуштаме на апетитот на штета на телесните и моралните сили? Вог бара ние да ги принесеме своите тела како жива жртва. Тогаш, наша должност е да го запазиме своето тело во најдобра здравствена состојба, за да можеме да ги исполниме Неговите барања. “И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Вожја.” (1 Коринтјаните 10:31)  (1868) 2Т 65

  1. Апостол Павле пишува: “Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. Секој што се бори, од се се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние траен. Јас, пак, се така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар; туку го истоштувам и

поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.” (1 Коринтајните 9:24-27)

Во светот има многумина кои што им попуштаат на штетните навики. Апетитот е закон кој што управува со нив и заради нивните лоши навики помрачено им е моралното сетило а силата за разликување на светите поими им е ослабена во голема мерка. Меѓутоа, неопходно е христијаните да бидат строго умерени. Тие треба високо да ги подигнат своите мерила. Умерноста во јадењето, пиењето и облекувањето е многу важна. Начелото треба да господари на местото на апетитот или фантазијата. Оние кои што јадат премногу, или чија што храна е од сомнителна вредност, лесно можат да бидат доведени до распуштеност или до “многу неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.” (1. Коринтјаните 6:9) Божјите помагачи треба да ја искористат и најмалата можност на своето влијание за да го поттикнат ширењето на начелата на вистинската умереност.

Да се биде верен на Вога значи многу. Тој има барање за сите оние кои што работат во Неговата служба. Тој има желба умот и телото да се запазат во најдобра здравствена состојба, за да секоја сила и дар можат да се стават под божествена контрола, а тоа може да се постигне само со строго умерени и промислени навики. Ние сме обврзни кон Вога себеси да Му се посветиме, без никакво воздржување – како телото така и душата – заедно со сите способности кои ги цениме како Негови доверени дарови, за да можеме да ги употребиме во Негова служба.

Сите наши сили и способности треба постојано да зајакнуваат и да се подобруваат за време на овој период на проба. Само оние кои што ги вреднуваат овие начела и кои што биле воспитани мудро и во страв Господов да водат сметка за своето тело, ќе бидат одбрани да носат одговорност во ова дело. Оние кои што се долго во вистината, но сепак не можат јасно да ги разликуваат чистите начела на правдата од начелата на злото; чиешто сфаќање за правдата, милоста и Вожјата љубов е помрачено, треба да се ослободат од одговорностите. На секоја црква & е потребно јасно, одредено сведоштво, давајќи & на трубата јасен звук.

Доколку можеме да го разбудиме моралното чувство на нашиот народ кон предметот на умереноста, тогаш ќе се извојува голема победа. Умереноста во сите нешта во овој живот треба да биде подучувана и спроведувана на дело. За умереноста во јадењето, пиењето, спиењето и облекувањето е едно од најголемите начела на верскиот живот. Вистината внесена во светилиштето на душата, ќе влијае врз постапките кон телото. Ништо што е во врска со човековото здравје не смее да се смета за рамнодушно. Нашата вечна среќа зависи од употребата на нашето време, сила и влијание во текот на овој живот.     (1900) 6Т 374, 375

Робови на апетитот

  1. Постојат луѓе кои што исповедаат дека веруваат во вистината, кои не употребуваат тутун, бурмут, чај или кафе, но сепак се виновни што на друг начин му попуштаат на апетитот. Тие побаруваат многу зачинето месо со богати сосови и нивниот апетит за јадење станал така извитоперен така што не можат да се задоволат дури ни со месо доколку не е подготвено на најштетен начин. Органите за варење се оптоварени, желудникот е во треска, но сепак тој тешко работи за да го распореди бремето што е ставено врз него. Кога ќе ја изврши својата задача, желудникот станува исцрпен, што предизвикува истоштеност. Тука многу се лажат и мислат дека недостигот на храна има предизвикано такво чувство, и не давајќи му на желудникот време за одмор, земаат повеќе храна која привремено ја отстранува истоштеноста. Доколку повеќе му се попушта на апетитот, дотолку ќе бидат поголеми и неговите барања. Оваа истоштеност воглавно е последица на употребата на месото и честото и претерано јадење…

Затоа што тоа е мода, во согласност со нездравиот апетит, во желудникот се внесуваат богати колачи, пити и пудинзи, како и сето останато што е штетно. Трпезата мора да биде богато и разновидно поставена, затоа што на друг начин нездравиот апетит не може да се задоволи. Наутро, овие робови на апетитот често пати имаат тежок здив и обложен јазик. Тие не се здрави и се прашуваат зошто патат од болки, главоболка и разновидни болести. Многумина јадат три пати на ден, и повторно пред да заминат на спиење. За кратко време органите за варење се исцрпени, затоа што немале време да се одморат. Тие стануваат мизерни луѓе кои патат од слабо варење, чудејќи се што ги има донесено до тоа. Причината довела до сигурни последици. Вториот оброк не треба да се зема се додека желудникот немал доволно време да се одмори од варењето на

претходниот оброк. Доколку воопшто се зема и трет оброк, тој треба да биде лесен и неколку часови пред спиење.

Многумина & се имаат оддадено на неумерноста во толкава мерка што под никакви услови не сакаат да го променат својот начин на задоволување на претераниот апетит за јадење. Тие попрво ќе го жртвуваат здравјето и ќе умрат предвреме, отколку да го ограничат својот неумерен апетит. Многимина од нив се во целосно незнаење каква врска имаат јадењето и пиењето со здравјето. Кога таквите би се просветлиле, тие би имале морална храброст да му се спротивстават на апетитот за јадење и умерено да јадат само здрава храна, и со својот начин на живеење да се запазат себеси од многу страдања.

Воспитување на апетитот

Личностите кои што & попуштале на својата желба за јадење и обилно јаделе месо, многу зачинети сосови, и разни видови на богати колачи и компоти, не можат веднаш да ја засакаат едноставната, здрава и корисна храна. Нивниот вкус е така изопачен така што немаат желба за здрава храна од овошје, едноставен леб и зеленчук. Тие не треба веднаш да очекуваат да ја засакаат храната која се разликува од онаа што ја јаделе попуштајќи си себеси. Доколку на почетокот не уживаат во едноставната храна, тие треба да постат се додека тоа не го постигнат. Тој пост за нив ќе биде од поголема полза отколку лек, затоа што измачуваниот желудник ќе најде одмор кој што долго му бил потребен, а вистинската глад ќе се задоволи со едноставна храна. Ќе биде потребно време вкусот да заздрави од злоупотребата на која што бил изложен и да ја поврати својата природна способност за работа. Истрајноста полна со самоодрекнување во јадењето и пиењето брзо ќе придонесе едноставната и здрава храна да стане вкусна и наскоро таа ќе се јаде со поголемо задоволство отколку што гурманот ужива во своите богати примамливи јадења.

Желудникот не е повеќе вознемирен и преоптоварен со месо, туку е во здрава состојба и подготвено може да ја изврши својата задача. Со реформата не смее да се одложува. Треба да се вложат напори грижливо да се запази преостанатата моќ на животните сили, со отстранување на секое бреме кое нанесува штета. Желудникот можеби нема никогаш повторно да го поврати целосното здравје, меѓутоа правилниот начин на исхрана ќе го поштеди од понатамошно ослабнување и многумина, помалку или повеќе ќе закрепнат, освен доколку не отишле премногу далеку во самоубиство преку прекумерно јадење.

Оние кои што си допуштаат себеси да станат робови на незаситениот апетит за јадење, често пати одат уште подалеку и се понижуваат со попуштањето на своите страсти, кои биле возбудени преку неумереноста во јадењето и пиењето. Тие ги попуштаат уздите на своите страсти се додека здравјето и умот не почнат значително да патат. Способностите за расудување, во голема мерка, се разорени со лошите навики.    (1864) Ѕр. Ѕ^ѕ IV, 129-131

Влијанието на попуштањето – телесно, умно и морално

  1. Жална е вистината колку многу студенти незнаат дека храната силно влијае врз здравјето. Некои никогаш немаат направено одлучен напор да го контролираат апетитот или да се придржуваат кон добрите правила во поглед на исхраната. Тие јадат премногу за време на своите оброци, а некои јадат помеѓу оброците секогаш кога искушението ќе се појави. Доколку оние, кои што тврдат дека се христијани, сакаат да ги решат прашањата кои што се толку тешки за нив – зошто умот им е толку затапен, и верските чувства им се толку слаби – во многу случаеви не треба да го бараат решението подалеку од трпезата; тука има доволно причини, доколку воопшто постојат други.

Многумина се одвојуваат себеси од Бога преку своето попуштање на апетитот. Оној кој што го забележува падот на врапчето, Кој што ги брои сите влакна на главата, го бележи секој грев на оние кои што му попуштаат на изопачениот апетит за сметка на слабеењето на телесните сили, на умртвувањето на умот и на замаглувањето на моралната свест. (1890) С.Т.В.Н. 83

Идниот ден на покајание

  1. Многумина се онеспособени како за умствена, така и за телесна работа со неумереното

јадење и со задоволувањето на страстите. Животинските наклонетости зајакнуваат, додека моралната и духовната природа слабее. Кога ќе стоиме околку големиот бел престол, какво известување ќе дадат животите на многу присутни. Тогаш ќе се види што се можеле да сторат ако не ги понизеа своите од Вога дадени сили. Тогаш ќе разберат колкава височина на умствената големина можеле да достигнат доколку на Вога му ги дале сета телесна и умствена сила која што Тој им ја доверил. Во својата агонија и каење, ќе посакаат уште еднаш да го проживеат својот живот.       (1882) 5Т 135

[Влијанието на неумереното јадење врз умот и телото – 219, 220]

Неприродниот апетит да биде скротен

  1. Провидението го изведува Вожјиот народ од настраните навики на светот, од попуштањето на апетитот и страстите за да го завзеде својот став на полето на самоодрекнувањето и умереноста во сите нешта. Народот кој што Вог го води ќе биде посебен народ. Тој нема да биде сличен на светот. Доколку го следи Вожјото водство, ќе ја исполни Вожјата намера и ќе ја потчини својата волја на Неговата волја. Христос ќе пребива во срцето. Вожјиот храм ќе биде свет. Вашето тело, вели апостолот е храм на Светиот Дух. Вог не бара од Неговите деца да се одрекнуваат на штета на своите телесни сили. Тој од нив бара да му бидат послушни на природниот закон за да го запазат телесното здравје. Природниот пат е пат кој што Тој го обележал и е доволно широк за секој христијанин. Со изобилна рака Вог нам ни дал богати и разновидни дарови за нашето одржување и радост. Меѓутоа, за да уживаме во природниот апетит кој што ќе го запази здравјето и ќе го продолжи животот, Тој го ограничува апетитот за јадење. Тој вели: “Чувајте се, ограничете го, откажете се од неприродниот апетит.” Доколку создадеме изопачен апетит за јадење, ние ги кршиме законите на своето битие и примаме одговорност заради злоупотреба на своето тело и навлекување на болести врз себеси. (1890) С.Т.В.Н. 150, 151
  2. Оние кои што примиле упатства за злото кое произлекува од употребата на месната

храна, чајот и кафето, како и богатата и нездраво подготвуваната храна и кои што решиле да сторат завет со Вога на жртва, нема да продолжат со попуштањето на желбата за храна за која што знаат дека е нездрава. Вог бара апетитот за јадење биде очистен и да се покаже самоодрекнување од она што не е добро. Тоа е дело кое што треба да се стори пред Неговиот народ да застане пред Него како совршен народ.        (1909) 9Т 153, 154

  1. Вог не се променил, ниту има намера да го измени нашето тело, за да можеме да

престапуваме дури и еден единствен закон а да не ги почувствуваме последиците на тој прекршок. Меѓутоа, многумина своеволно ги затвораат очите пред светлината. . . Со попуштањето на своите наклонетости и апетитот, тие ги престапуваат законите на животот и здравјето; и доколку ја послушаат совеста, нив во јадењето и облекувањето ќе ги води начелото, попрво отколку наклонетоста, модата и апетитот. (НеаИМ Реѓогтег, ЅерѓетРег, 1871)

Корисноста на Вожјите работници зависи од владеењето со апетитот

  1. Изнесувај ја пред народот потребата за спротивставување на искушението во попуштањето на апетитот за јадење. Тука многумина имаат паднато. Објасни во каква телесна врска се телото и умот и укажи им на потребата за држењето на едното и другото во најдобра состојба. . .

Сите кои што му попуштаат на апетитот, ги растураат телесните сили и ја слабеат моралната сила, и порано или подоцна ќе ја почувствуваат платата која следи за прекршувањето на телесниот закон.

Христос го даде својот живот за да ги откупи грешниците. Откупителот на светот знае дека попуштањето на апетитот донесува телесна неспособност и ги умртвува способностите на сфаќањето, така што не може да се распознава она што е свето и вечно. Тој знаеше дека само- попуштањето ги имаше изопачено моралните сили и дека големата човекова потреба беше обраќањето – во срцето, умот и душата од животот на самоугодување кон живот на самоодрекнување и самопожртвување. Нека Вог ти помогне, како на свој слуга, да упатиш повик

кон проповедниците и да ги разбудиш црквите кои спијат. Нека твојата работа како лекар и проповедник биде во хармонија. Нашите санаториуми се основани од таа причина; да ја проповедаат вистината за вистинската умереност. . .

Како народ, нам ни е потребна реформа, а посебно треба да се реформираат проповедниците и учителите на Речта. Добив упатсво да им кажам на нашите проповедници и претседатели на нашите области: “Вашата корисност како работници за Вога во делото на придобивање на душите кои гинат, многу зависи од вашиот успех во победувањето на апетитот. Совладајте ја желбата да му удоволувате на апетитот и доколку така чините, лесно ќе можете да владеете со своите страсти. Тогаш вашите умствени и морални сили ќе бидат силни. И тие го победија… со крвта на Јагнето и речта на сведоштвото свое.” (Откровение 12:11)            ^еКег 158, 1909

Повик кон еден соработник

  1. Вог тебе те одбрал да го вршиш Неговото дело, и доколку работиш грижливо и мудро, и

доколку своите навики во јадењето ги ставиш под строга контрола на знаењето и разумот, ќе имаш многу повеќе пријатни и убави часови отколку кога не работиш мудро. Постави сопирачки, држи го својот апетит за јадење под строга контрола и тогаш препушти се во Вожјите раце. Продолжи го својот живот под грижлива контрола над самиот себеси.         ^еНег 42, 1892

Воздржпивоста ја зголемува силата

  1. Луѓето кои што се вработени во објавувањето на последната вест за предупредување на светот, веста која што треба да ја одлучи судбината на душите, треба практично да ја применат во својот живот, вистината која што им ја проповедаат на другите. Тие треба да бидат пример за народот во јадењето, пиењето, во своите чесни разговори и однесување. Прејадувањето, попуштањето на страстите и тешките гревови се сокриени под раката на побожноста кај многумина кои што тврдат дека се претставници Христови во целиот свет. Постојат луѓе кои што поседуваат прекрасни природни способности, а кои не извршуваат дури ни половина од работата која што би можеле да ја извршуваат кога би биле умерени во сите нешта. Попуштањето на апетитот и страстите го затемнува умот, ја намалува телесната сила и ја слабее моралната моќ. Нивните мисли не се јасни. Нивните зборови не се изговорени во сила, не се оживеани со Вожјиот Дух, за да можат да допрат до срцата на слушателите.

Како што нашите прародители го изгубиле Едем со попуштањето на апетитот, нашата единствена надеж повторно да го придобиеме Едем е строгото одрекнување на таквото попуштање како и на страстите. Умереноста во јадењето и владеењето со сите страсти, ќе го запази умот и ќе даде умствена и морална сила, оспособувајќи ги луѓето да ги стават сите свои наклонетости под контрола на вишите сили и да прават разлика помеѓу доброто и злото, светото и несветото. Сите кои што ја познаваат смислата на жртвата која што Христос ја направи; во оставањето на Својот дом на небото и со доаѓањето на овој свет, за да со Својот живот му покаже на човекот како да се спротивстави на искушението, со добра волја ќе се одрекнат од самите себеси и ќе одлучат да бидат Христови соучесници во Неговите страдања.

Стравот Господов е почеток на мудроста. Оние кои што ќе победат како што Христос победи, треба постојано да се чуваат од искушенијата на сатаната. Апетитот и страстите треба да се ограничат и треба да се под контрола на просветлената совест, за да нивниот ум остане неоштетен, силите на запазување јасни, така што делата на сатаната и неговите стапици не се толкуваат како Вожјо провидение. Многумина ја посакуваат конечната награда и победа, која што ќе им се даде на победниците, меѓутоа немаат волја да истраат во тешката работа, како и во лишувањето и самоодрекнувањето како што тоа го чинеше нивниот Откупител. Единствено преку послушноста и постојаните напори ќе победиме како што и Христос победи.

Моќта на апетитот ќе ја потврди пропаста на илјадници, кои што можеле, доколку победиле во оваа точка, да имаат морални сили за извојување на победа над секое друго искушение на сатаната. Меѓутоа, оние кои што му робуваат на апетитот нема да успеат во усовршувањето на христијанскиот карактер. Постојаното човеково престапување во текот на шест илјади години донело како свои последици болест, неволја и смрт. И колку повеќе се приближуваме кон крајот на времето толку повеќе сатанските искушенија ќе бидат посилни за да му попуштиме на апетитот и многу потешко да ги победиме. (1875) 3Т 490-492

[Патеката на самоодрекнување е патека на здравјето – 473]

Односот помеѓу навиките и посветувањето

  1. Невозможно е некој да ужива во благословите на посветувањето доколку е себичен и неумерен во јадењето. Таквите воздивнуваат под бремето на немоќта заради лошите навики во јадењето и пиењето со кои ги престапуваат законите на животот и здравјето. Многумина ги имаат ослабнато своите органи за варење преку попуштањето на изопачениот апетит за јадење. Силата на човековото тело да му се спротивставува на искушението е прекрасна, меѓутоа постојаните, лоши навики во претераното јадење и пиење, ќе ја ослабнат секоја телесна функција. Нека овие слабаци размислат за тоа какви можат да бидат доколку живеат умерено унапредувајќи го своето здравје, наместо да го злоупотребуваат. Со попуштањето на изопачениот апетит и страстите, дури и оние кои што тврдат дека се христијани, ја онеспособуваат природата во нејзината работа и ги намалуваат телесните, умствените и моралните сили. Некои кои што тоа го прават, тврдат дека се посветени на Вога, меѓутоа таквото тврдење е без основа.

“Синот го почитува татка си, а робот – господарот свој; а ако сум Јас татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене – вели Господ Саваот; вие старешините, кои го презирате името Мое. Вие велите: во што го презираме името Твое? Со тоа што велите: трпезата Господова не заслужува почитување. И кога како жртва принесувате слеп добиток – не е ли тоа лошо, или кога принесувате хромо и болно, зар и тоа не е лошо? Дко го однесеш тоа на твојот кнез – ќе биде ли тој задоволен од тоа и ќе те прими ли со радост, вели Господ Саваот. . . принесувате раскинато, хромо и болно; па можам ли со благонаклонетост да го примам тоа од рацете ваши? вели Господ Саваот.” (Малахија 1:6-8, 13)

Да посветиме внимание на овие предупредувања и укори. Иако се упатени до стариот Израел, тие можат и денес не помалку да важат за Вожјиот народ. Ние треба да ги разгледуваме зборовите на Апостолот кој што ги повикува своите браќа да ги предадат своите тела во “жива жртва, света и угодна на Вога.” (Римјаните 12:1) Тоа е вистинско посветување. Тоа не е само теорија, чувство или низ на зборови, туку живо делотворно начело кое треба да влезе во секојдневниот живот. Тој бара од нас нашите навики во јадењето, пиењето и облекувањето да бидат такви за да ни обезбедат одржување на телесното, умственото и моралното здравје, и за да можеме да ги принесеме своите тела на Господа – не како жртва која е уништена со лошите навики – туку “жива жртва, света и угодна на Вога.”

Нека никој кој што исповеда дека е побожен не гледа со рамнодушност кон телесното здравје и нека не се залажува самиот себеси дека неумереноста не е грев и дека нема штетно да влијае врз неговата духовност. Постои тесна поврзаност меѓу телесната и моралната природа.

Р. & Н., Јап 25, 1881

Потребна одлучност на карактерот

  1. Одрекнувањето од апетитот бара одлучност на карактерот. Заради недостиг на оваа одлучност многумина се упропастени. Многу мажи и жени пројавуваат слабост и попустливост и лесно се заведуваат така што пропуштаат да станат она што Вог сака да бидат. Оние на кои што им недостасува одлучен карактер не можат да постигнат успех во секојдневниот напор кон победата. Светот е полн со неумерени мажи и жени зашеметени од пијалокот и слабата волја. На таквите им е тешко да станат вистински христијани.

Што вели големиот Здравствен – Мисионер? “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси, нека го земе својот крст и нека оди по Мене.” (Матеј 16:24) Делото на сатаната е да ги искушува луѓето со тоа што тие ќе ги искушуваат своите ближни. Тој се напрегнува да ги наведе луѓето да бидат негови соработници во ова разорно дело. Тој се труди да ги наведе целосно да му се предадат на попуштањето на апетитот, возбудувачките забави и лудостите за кои што копнее човечката природа, меѓутоа кое што Вожјата реч одлучно го забранува, така што можат да се вбројат како негови помошници – работејќи заедно со него на уништување на Вожјиот лик во човекот.

Многумина паднале во стапицата преку делувањето на силните искушенија кои доаѓаат од началствата и силите. Со робувањето на настраниот апетит тие се зашеметени и деградирани. . .

“Зарем не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате на самите себеси? Скапо сте купени. Затоа прославете Го Вога во своите тела и во своите души, кои се Вожји.” (1 Коринтјаните 6:19, 20)

Оние кои што живеат со свест дека стојат во таква врска со Вога, нема да внесуваат во желудникот таква храна која што го задоволува апетитот за јадење, меѓутоа им наштетува на органите за варење. Тие нема да ја расипуваат Вожјата сопственост преку попуштањето на нездравите навики во јадењето, пиењето и облекувањето. Тие ќе посветат големо внимание на својот организам, разбирајќи дека мораат тоа да го чинат за да соработуваат со Вога. Тој посакува тие да бидат здрави, среќни и корисни. Меѓутоа, за да станат такви, мораат да ја стават својата волја на Неговата страна.       ^еИег 166, 1903

  1. На сите страни среќаваме искушенија кои треба да не маѓепсаат за да појдеме по желбата

на телото, желбата на очите и гордоста на животот. Единствено спроведувањето на цврстите начела и строгата контрола на апетитот и страстите во Името на Исуса Победникот, сигурно ќе не проведе низ животот.  НеаИИ Реѓогтег, Мау, 1878

Вескорисен обид за постепено да се спроведе реформата

  1. Кога се прави напор за подучување во овој поглед (употребата на алкохолните пијалоци и

тутунот), некои велат дека тоа постепено ќе се оствари. Меѓутоа сатаната се смее на сите такви одлуки. Тој вели: “Тие се сугурно под моја власт. Јас не се плашам за нив на тоа тло.” Меѓутоа, тој знае дека нема никаква власт над човекот кој, кога грешниците го мамат, има морална сила недвосмислено и сигурно да каже: “Не”. Таквиот го има отфрлено друштвото на ѓаволот и се додека се држи за Христа, тој е сигурен. Тој стои таму каде што небесните ангели можат да се поврзат со него, давајќи му морална сила да победи.           МЅ 86, 1897

Петровиот повик

  1. Апостол Петар, сфаќајќи ја поврзаноста меѓу умот и телото го подигнал својот глас, предупредувајќи ги своите браќа: “Возљубени, ве молам, како придојдени така и гости, да се пазите од телесните желби, што војуваат против душата.” (1. Петрово 2:11) Многумина сметаа дека овој текст предупредува само против развратот, меѓутоа тој има пошироко значение. Тој забранува секакво штетно попуштање на апетитот или страстите. Секоја изопачена желба за јадење станува желба која војува против душата. Апетитот ни е даден за добро, а не за тоа да стане слуга на смртта, станувајќи изопачен, дегенерирајќи се на тој начин во “желба која војува против душата”. . .

Силата на искушението да му се попушти на апетитот може да се мери само со неискажливото страдање на нашиот Спасител за време на тој долг пост во пустињата. Тој знаеше дека попуштањето на изопачениот апетит така ќе ја умртви човековата моќ за сфаќање што нема да биде во состојба да го воочи она што е свето. Адам падна среде попуштањето на апетитот. Христос победи преку одрекнување на апетитот. Нашата единствена надеж за повторно здобивање со Едем е во владеењето над самите себеси. Доколку силата за попуштање на апетитот била толку несовладлива за човештвото, така што со цел за да го скрши нејзиното упориште, Синот Вожји, во полза на човекот, морал да издржи пост од скоро шест седмици, какво ли дело тогаш лежи пред христијанинот! Сепак, колку и да е голема борбата, тој може да победи. Со помош на таа божествена сила која што им се спротивставила на најжешките искушенија, кои што сатаната можел да ги смисли, така и христијанинот може да биде целосно успешен во борбата со злото, и на крајот ќе може да го носи победничкиот венец во Вожјото царство. (1890) С.Т.В.Н. 53, 54

Преку силата на волјата и благодатта Вожја

  1. Преку апетитот, сатаната го надгледува умот и целото битие. Илјадници од оние кои што можеле да живеат, заминале во гроб како телесни, умствени и морални урнатини, затоа што ги жртвувале сите свои сили на попуштањето на апетитот. Потребата на оваа генерација да ја повикува на помош силата на волјата, засилена преку Вожјата благодат, за да им се спротивстави

на сатанските искушенија како и на најмалото попуштање на изопачениот апетит, многу е поголема отколку што тоа било пред неколку генерации. Сегашната генерација има помалку сила за самоконтрола во однос на оние кои тогаш живееле. (1890) С.Т.В.Н. 37

  1. Малкумина се оние кои што имаат морални сили за да им се спротивстават на искушенијата, посебно оние во врска со апетитот, и да во животот покажат самоодрекнување. За некои е многу големо искушение, на кое што треба да се спротивстават, доколку видат како другите јадат трет оброк. Тие замислуваат дека се гладни, и тогаш кога тоа чувство не е барање на желудникот за храна, туку желба на умот кој што не е засилен со цврстото начело и не е воспитан да прифати самоодрекнување. Бедемите на владеењето над самите себеси во ниту еден случај не смеат да се ослабнат или урнат. Павле, апостолот на незнабошците вели: “Туку го истоштувам и поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам станам негоден.” (1. Коринтјаните 9:27)

Оние кои не победуваат во мали нешта, нема да имаат морална сила да се спротивстават ниту на поголемите искушенија.      (1881) 4Т 574

  1. Внимателно разгледајте ја својата исхрана. Проучувајте ги причините и последиците. Негувајте самоконтрола. Држете го апетитот под контрола на разумот. Немојте никогаш да го измачувате желудникот со неумерено јадење, но немојте да се лишувате себеси од здравата, вкусна храна која што здравјето ја побарува. (1905) МН 323
  2. Во своето дружење со неверните немојте да отстапите од вистинските начела. Доколку седите покрај нивната трпеза, јадете умерено и само од онаа храна која нема да го збуни умот. Отфрлете ја неумереноста. Вие не смеете да дозволите да ги ослабнете вашите умствени и телесни сили, во спротивно нема да бидете способни да ги воочите и разберете духовните нешта. Чувајте го својот ум во таква состојба така што Вог може во него да ги втисне драгоцените вистини на Својата Реч. (1900) 6Т 336

Прашањето за моралната храброст

  1. Некои меѓу вас како да сакаат некој да им каже колку треба да јадат. Тоа не треба така да биде. Ние треба да делуваме од морално и верско гледиште. Треба да бидеме умерени во сите нешта, затоа што пред нас е нераспадливиот венец, небесното благо. Ви сакала на своите браќа и сестри да им кажам: Ви требало да имам морална храброст за да изградам свој став и да управувам со самата себеси. Јас не сакав тоа да го ставам на некој друг. Вие јадете премногу и тогаш жалите, па така постојано размислувате за тоа што го јадете и пиете. Јадете го само тоа што е најдобро и чувствувате се чисти во очите на Небото и ослободени од грижата на совеста. Ние не веруваме во целосно отстранување на искушенијата на децата и возрасните. Пред сите нас е борба и ние мораме да завземеме положба за да им се спротивставиме на искушенијата на сатаната; и ние сакаме да знаеме дека имаме сила во себеси тоа да го чиниме. (1870) 2Т 374
  2. Ми беше дадена вест за тебе да ти ја предадам: јади во редовни интервали. Со лошите

навики во јадењето, се подготвуваш себеси за идните страдања. Не е секогаш најдобро да се согласиш на повиците за оброци, дури и доколку тие се дадени од твоите браќа и пријатели кои што сакаат обилно да те послужат со многу видови на храна. Ти знаеш дека можеш да јадеш два или три вида на храна за еден оброк, без штета на органите за варење. Кога си повикан на оброк, одбегнувај многу видови на храна која ја ставаат пред тебе, оние кои што те повикале. Тоа мораш да го сториш доколку сакаш да бидеш верен стражар. Кога пред нас се изнесува храна, која, доколку се изеде, ги приморува органите за варење со часови напорно да работат, ние не смееме, доколку ја јадеме оваа храна, да ги обвинуваме за последиците оние кои што ја поставиле пред нас. Вог очекува од нас самите да се одлучиме само за онаа храна која што нема да предизвика страдања на нашите органите за варење. ^еИег 324, 1905

[Телото треба да слугува на умот – 35]

[Рано воспитување на апетитот – 346, 353]

[Одлучно и ревно да се владее со апетитот – 65]

[Молитва за исцелување од страна на неумерените – 29]

[Делувањето на попуштањето врз личното влијание и корисност – 72]

Победа преку Христа

  1. Христос водеше борба со апетитот и од таа борба излезе како победник. Ние, исто така, можеме да победиме со силата која доаѓа од Него. Кој ќе влезе низ портите во градот? Не оние кои исповедаат дека не можат да ја скршат силата на апетитот. Христос & се спротивстави на силата на оној кој што сака да не држи во окови. Иако ослабнат од долгиот четириесетдневен пост, Тој му се спротивстави на искушението, докажувајќи со тој акт дека нашиот случај не е безнадежен. Јас знам дека ние самите не можеме да извојуваме победа и затоа треба да бидеме многу благодарни за тоа што имаме жив Спасител кој што е подготвен и сака да ни помогне! (1890) С.Т.В.Н. 19
  2. Чист и благороден живот, живот во победа над апетитот и желбата, може да живее секој кој што ќе ја соедини својата слаба, колеблива човечка волја со семоќната и непоколеблива Божја волја.  (1905) МН 176
Сподели го ова:

Слични објави