Житарки

Сподели го ова:

Храна по избор на Создателот

  1. Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот представуваат храна која за нас ја одбрал нашиот Творец. Оваа храна, припремена што поедноставно и поприродно, најздрава е и има најголема вредност. Таа дава снага, издржливост и сила на умот која неможе да се добие од посложената и надразнувачката храна. (1905) МН 296

[За контекст види – 111]

  1. Оние кои што јадат месо, јадат житарки и овошје од втора рака; затоа што животните

примаат од овие растенија храна која го подобрува растењето. Животот кој што бил во житарките и зеленчукот преоѓа на оној кој што ги јаде. Ние тоа го примаме со јадење на животинско месо. Колку е тоа добро да се добие непосредно, со земање на храна која што Вог ја предвидел за наша употреба!            (1905) МН 313

[Луѓето треба повторно да прифатат исхрана со овошје, зеленчук и житарки – 515]

Дел кој одговара на исхраната

  1. Грешка е да се претпоставува дека силата на мускулите зависи од употребата на месна исхрана. Потребите на телото можат подобро да се задоволат и може да се ужива многу подобро здравје со изоставување на таквата храна. Житарките со овошјете, зрнестите плодови и зеленчукот ги содржат сите хранливи состојки потребни за создавање на добра крв.

(1905) МН 313

  1. Во житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови се наоѓаат сите хранливи состојки

кои ни се потребни. Ако дојдеме кај Господа со едноставен ум, Тој ќе не научи како да подготвуваме здрава храна без дамка штетно месо.      МЅ 27, 1906

[Содржи потребни хранливи состојки – 513]

Вогато снабдување

  1. Вогатото снабдување со овошје, зрнестите плодови и житарки кои што ги дава природата,

сосема е доволно, и од година во година производи од разни краеви на светот можат секаде да стигнат, затоа што постојат големи олеснувања во транспортот. Заради тоа многу намирници кои што пред неколку години се сметаа за скап луксуз, сега се на дофат на секого како храна која што е во секојдневна употреба.         (1905) МН 297

  1. Доколку планираме мудро, тогаш се она што најповеќе придонесува за здравјето може да

се набави во секоја земја. Разни производи од ориз, жито, пченка и овес можат да се најдат секаде, исто така и грав, грашак и леќа. Се ова, заедно со домашното или увезеното овошје, и разновидниот зеленчук кој успева на секое тло – дава можност да се избере храна која што е комплетна и без употреба на месо.    (1905) МН 299

[Житарките се една од богатите природни слатки – 503]

Правилна подготовка

  1. Овошјето, житарките и зеленчукот подготвени на едноставен начин, без зачини и маснотии од било кој вид, прават со млекото и павлаката најздрава храна. Таа го храни телото и му дава сила, издржливост и енергија на умот, кои неможат да се добијат од храната која надразнува.

(1890) СН 115

[За контекст види – 137]

  1. Житарките и овошјето подготвени без животински масти и во што поприродна состојба,

треба да бидат храна на трпезите на сите оние кои што тврдат дека се подготвуваат за живот на Небо.  (1869) 2Т 352

[Да се адаптираме на исхрана со овошје, житарки и зеленчук – 514]

[Житарките составен дел на здравата исхрана – 399, 400, 403, 404, 407, 810]

Каша

  1. Житарките кои што се употребуваат за каша или качамак треба да се варат по неколку часа. Меѓутоа, меките и течните јадења не се така здрави како тврдата храна која што бара темелно џвакање. (1905) мн 301
  2. Некои искрено мислат дека правилата исхрана се состои главно од каши. Обилното земање каши нема да обезбеди здравје на органите за варење, затоа што таа е многу слична на течност. Поттикнувајте јадење овошје, зеленчук и леб. VI., Мау 31, 1894

[Преголемата употреба на кашата претставува грешка – 499]

Г рахам – каша

  1. Вие можете да направите грахам – каша. Ако грахам – брашното е премногу крупно, просејте го и додека е кашата топла, додајте млеко. Тоа ќе биде највкусно и најздраво јадење за состаноците под шаторите. (1871) 2Т 603

Да го заземе местото на месната исхрана

  1. Кога ќе се напушти месната исхрана, нејзиното место тре-ба да го земе разнообразната храна од житарки, зрнести плодови, зеленчук и овошје, која што ќе биде хранлива и вкусна… Местото на месото треба да се надополни со здрава но ефтина храна. (1905) МН 316, 317 [Зазема место наместо месната исхрана – 765, 795]

[Месната храна не е потребна таму каде што има овошје, житарки и зрнести плодови – 138]

[Едноставна исхрана за посетителите – 129]

[Употреба на житарките на трпезите на помошниците – 444, 651]

[На трпезата на Елена Вајт – Додаток 1:15-23]

[Болните во санаториумите да се навикнуваат на негова употреба – 767]

Сподели го ова:

Слични објави