Редовност во јадењето
Дел 1 – Број на оброци
На желудникот му е потребен одмор
- Желудникот треба внимателно да се чува. Тој не смее непрекинато да работи. Дајте му на овој злоупотребуван и измачуван орган малку мир, спокојство и одмор. Откако желудникот ја завршил својата работа за еден оброк, немојте повеќе да му натрупувате работа пред да му дадете можност да се одмори, и пред телото да може да создаде доволно желудечен сок за да свари повеќе храна. Најмалку пет часови треба да поминат помеѓу секој оброк и секогаш имајте на ум – доколку се обидете, ќе видите дека два оброка се подобри отколку три. ^еИег 73а, 1896
Јадете солиден појадок
- Обичај и ред во општеството е да се земе лесен појадок. Меѓутоа, тоа не е најдобар начин на постапување со желудникот. За време на појадокот желудникот е во подобра состојба да свари повеќе храна отколку што тоа може да го стори за вториот или третиот оброк во текот на денот. Погрешен обичај е да се појадува штедливо, а да се јаде изобилно за главниот оброк. Нека вашиот појадок најприближно одговара на најсилниот дневен оброк. ^еИег 3, 1884
Доцни вечери
- За личностите кои што многу седат, доцните вечери се посебно штетни. Пореметувањата кои што се јавуваат кај нив, често пати предизвикува заболување кое што завршува со смрт.
Во многу случаеви слабоста која што создава желба за храна се чувствува затоа што органите за варење биле преоптоварени во текот на денот. По варењето на еден оброк органите за варење имаат потреба од одмор. Најмалку пет или шест часови треба да поминат помеѓу оброците, и повеќето луѓе кои што ќе се обидат да го спроведат овој план ќе воочат дека е подобро да имаат два отколку три оброка. (1905) МН 304
- Многумина & попуштаат на штетната навика на земање на храна непосредно пред спиење. Тие можеби имаат земено три редовни оброка, но, сепак, заради тоа што чувствуваат слабост, како да се гладни, тие ќе земат лесна вечера или четврт оброк. Попуштањето на овој лош обичај станува навика, и таквите сметаат дека не можат да спијат доколку не земат лесна вечера пред спиење. Во многу случаеви причината за оваа слабост е во тоа што органите за варење веќе
биле преоптоварени во текот на денот од варењето на нездравата храна внесена во желудникот, многу често и во преголеми количества. Органите за варење вака оптоварени, се заморуваат така што им е потребно време на целосен одмор од работа за да можат да ги обноват своите исцрпени сили. Втор оброк не треба никогаш да се земе се додека желудникот немал време да се одмори од варењето на претходниот оброк. Доколку воопшто се земе трет оброк, тој треба да биде лесен и неколку часови пред заминување во постела.
Меѓутоа, кај многу несреќници, уморениот желудник може напразно да се жали барајќи одмор. Во него се внесува повеќе храна, која ги става органите за варење во движење за повторно да ја вршат истата работа и за време на спиењето. Сонот на таквите личности често пати е пореметен со непријатни соништа и наутро тие се будат неосвежени. Се јавува чувство на изнемоштеност и губиток на апетит. Низ целото тело се чувствува недостиг на сила. За кратко време органите за варење се исцрпени, заради тоа што немале време за одмор. Овие луѓе стануваат несреќни болни кои што патат од лошо варење и се прашуваат што ги сторило такви. Причината предизвикала сигурни последици. Доколку долго време & се попушта на оваа навика, здравјето сериозно ќе се наруши. Крвта ќе стане нечиста, бојата на лицето бледа, а често пати ќе се јави и осип. Често пати ќе слушнете како таквите се жалат на зачестени болки и мачнина во пределот на желудникот. Желудникот толку се заморува со тешка работа што таквите се приморани да ја прекинат работата со цел да се одморат. Ним им се чини дека се во загуба заради таквата состојба, затоа што, доколку тоа се стави на страна, тие се привидно здрави.
Причина и лечење на ваквата истоштеност
Оние кои што преминуваат од три оброка дневно на два, во почеток, помалку или повеќе, ќе се чуствуваат слаби, посебно во времето кога имале обичај да земаат трет оброк. Меѓутоа доколку истрајат за само кратко време, таа слабост ќе исчезне.
Желудникот треба да ја заврши целата своја работа кога заминуваме на починка за да може и тој да добие одмор како и останатите делови на телото. Варењето не би требало да продолжува за време на спиењето. Откако преоптоварениот желудник ја завршил својата работа, тој станува исцрпен, и тоа предизвикува слабост. Тука многумина се измамени и мислат дека недостигот на храна го предизвикува таквото чувство, па не давајќи му на желудникот време за одмор, земаат уште храна која привремено ја отстранува слабоста. Доколку повеќе му се попушта на апетитот, дотолку неговите барања ќе бидат поголеми. Оваа слабост главно е резултат на употребата на месото и честото, обилно јадење. Желудникот се заморува со тоа што постојано работи и вари храна која што не е најздрава. Немајќи време да се одморат, органите за варење слабеат и оттука чувството на “изнемоштеност” и желбата за често јадење. Лекот кој што на таквите им е потребен е да јадат поретко и поскромно и да се задоволат со едноставна скромна храна која треба да ја земаат два или највеќе три пати на ден. Желудникот мора да има свои временски интервали за работа и одмор, и оттука нередовното земање на храна и јадењето помеѓу оброците е најтешка повреда на законите на здравјето. Со правилните навики и здравата храна, желудникот постепено ќе заздрави. (1865) н. ѓо С, сМ. 1, рр. 55-57
- Желудникот толку многу може да се навикне на храна, така што да ја побарува и осум пати дневно и да создаде чувство на слабост доколку не ја добие. Меѓутоа, тоа не е доказ во прилог на честото јадење. Р. & Н., Мау 8, 1883
[Вудење со нечист здив и обложен јазик – 245]
План за два оброка
- Во најголем број на случаеви подобро е да се земаат два оброка наместо три. Вечерата, ако се зема порано, се меша со варењето на претходниот оброк. Кога се зема подоцна, тогаш не се сварува до времето пред заминување во постела. Така на желудникот не му се овозможува потребиот одмор. Спиењето е пореметено, мозокот и нервите заморени, апетитот за појадок намален, а целото тело е неосвежено и неподготвено за дневните должности. (1903) Е^ 205
[Два оброка за децата – 343, 344]
- Земањето на само два оброка на ден генерално се покажа-ло како полезно за здравјето; но сепак под одредени околности, некому може да му биде потребен и трет оброк. Тој треба, доколку воопшто се зема, да биде многу лесен и составен од храната која најбрзо се вари. Крекери или двопек и овошје, или кафе од житарки е храната која најдобро одговара за вечерниоте оброк.
(1905) МН 321
- Многу луѓе имаат подобро здравје кога земаат два оброка дневно, а не три; на други во дадени околности, можеби ќе им биде потребна и вечера, меѓутоа тој оброк треба да биде многу лесен. Нека никој не се смета себеси како мерило за сите – дека сите мораат да постапуваат така како што тој чини.
Никогаш не одбегнувајте на желудникот да му го дадете она што здравјето го побарува и никогаш немојте да го измачувате со внесување на бреме кое што тој не може да го носи. Негувајте контрола над самите себеси. Скротете го апетитот, држете го под контрола на умот. Кога имате посетители немојте да мислите дека е неопходно да ја натрупате својата трпеза со нездрава храна. Треба да се земе во предвид здравјето на вашето семејство и влијанието врз децата, како и навиките и вкусот на своите посетители. (1890) СН 156
- За некои претставува големо искушение, на кое тешко му се спротивставуваат, кога
гледаат како другите земаат трет оброк. Тогаш тие замислуваат дека се гладни. Таквото чувство не е барање на желудникот за храна, туку само желба на умот кој што не е засилен со цврстото начело и дисциплиниран во самоодрекнување. (1881) 4Т 574
[Види – 260]
Лек против раздразливоста
- Однесувањето на братот X. не беше такво какво што требаше да биде. Неговите наклонетости се многу изразени, затоа што своите чувства не ги држел под контрола на разумот. Врате X., претераното јадење во неправилни временски интервали го има нарушено во голема мерка твоето здравје. Тоа предизвикува насобирање на крвта во мозокот. Умот станува збркан и ти не владееш со себеси. Изгледаш како човек со неурамнотежен ум. Ти правиш избрзани чекори, лесно си раздразлив и ги гледаш нештата во претерано и извитоперено светло. За твоето здравје е неопходно многу да вежбаш на свеж воздух и умерено да се храниш. Ти не треба да јадеш повеќе од два пати дневно. Доколку чувствуваш дека треба да јадеш навечер, напи се една чаша ладна вода и наутро ќе се чувствуваш многу подобро затоа што не си вечерал. (1880) 4Т 501, 502
Никој не треба да се присили да го остави третиот оброк
- Во однос на прашањето за исхраната ова треба мудро да се разгледа, за да не дојде ни до какво наметнување. Треба да се укаже на тоа дека земањето два на местото на три оброка е многу подобро за здравјето. Меѓутоа, во ова не смее да постои никакво присилување. Никој кој што е во врска со санаториумот не смее да биде приморан да прифати начин на исхрана од два оброка. Убедувањето е многу попогодно отколку присилувањето.
Деновите сега стануваат покуси и тоа е време за изнесување на овој предмет. Кога деновите се скусуваат нека и ручекот биде малку подоцна и тогаш третиот оброк нема да се смета за потребен. ^еНег 145, 1901
- Земањето на два оброка немојте да го сметате за обврска. За здравјето на некои е
подобро кога јадат три лесни оброка, затоа што кога се ограничени на два, ним оваа промена им причинува потешкотии. ^еКег 200, 1902
[Штети заради укинувањето на третиот оброк во нашите санаториуми – 424]
Да не биде Тест
- Јас јадам само два оброка дневно. Меѓутоа не сметам дека бројот на оброците треба да биде тест. Доколку има такви кои што се поздрави кога јадат три оброка, нивно право е да имаат
три оброка. Јас одбрав два оброка. Триесет и пет години го спроведувам овој начин на исхрана од два оброка. ^еКег 30,1903
Лоши резултати од воведувањето на два оброка во нашите училишта
- Многумина се под притисок дека прашањето за исхраната има отидено во крајност. Кога учениците ќе го спојат умствениот и телесниот напор, во толку голема мерка како што тоа го прават во ова училиште (Авондејл), забелешката за третиот оброк воглавно е отстранета. Тогаш никој не треба да се смета за измамен. Оние кои што свесно земаат само два оброка не треба воопшто да се менуваат во тоа. .
Фактот дека некои професори и ученици имаат предност да јадат во своите соби, не дава добар пример. Во определувањето на оброците мора да се постигне хармонија. Доколку оние кои што земаат само два оброка сметаат дека за вториот оброк треба толку да јадат за тоа да го опфати и третиот оброк, ќе ги оштетат своите органи за варење. Нека студентите земаат и трет оброк, подготвен без зеленчук, туку од едноставна, здрава храна како што е овошјето и лебот. ^еИег 141, 1899
[Два оброка се покорисни за телесното и духовното здравје на проповедникот – 227]
[Планот на два оброка следен од Елена Вај – Додаток 1:4, 5, 20, 22, 23]
[Трпезата на Елена Вајт поставена два пати на ден – 27]