5 Големите градови

Сподели го ова:

Првични градители на големи градови

Откако над него било изречено Божјото проклетство, Каин се повлекол од домаќинството на својот татко. Тој веќе порано како своја животна определба го одбрал обработувањето на земјата, а сега основал и град, нарекувајќи го според името на својот најстар син (1. Мојсеева 4,17). Тој заминал од Господовата близина, го отфрлил ветувањето за обновувањето на Едем, за својот имот и уживања да ги побара на земја оптоварена со проклетството на гревот. На тој начин се нашол на чело на онаа голема група луѓе кои го обожуваат богот на овој свет. (PP стр. 81)

Некое време потомците на Ное продолжиле да живеат во планините на кои застанал ковчегот. Кога нивниот број се умножил, отпадот наскоро предизвикал поделба. Оние кои сакале да Го заборават својот Создател и да ги отфрлат оградите на Неговиот закон, чувствувале постојана одбивност кон учењата и примерот на своите богобојазни соседи, па по некое време решиле да се одделат од Божјите следбеници. Во согласност со таа одлука, тргнале кон Сенарската рамнина, на бреговите на реката Еуфрат…

Тука одлучиле да изградат град и во него да подигнат кула која со својата височина ќе претставува едно од големите светски чуда. (1. Мојсеева 11, 2-4). (PP стр. 118, 119)

Големите градови се расадници на пороци

Трката по уживања и забави е најжестока во градовите. Многу родители, кои избрале да живеат во град со своите деца, мислејќи дека така ќе обезбедат многу предимства, се соочуваат со тешко разочарување и премногу доцна ја согледуваат својата голема грешка. Денешните големи градови бргу стануваат се послични на Содом и Гомор. Мноштвото празници поттикнува на безделничење. Возбудливите забави театарски претстави, коњски трки, коцкање, пијанчење, разврат сето тоа придонесува страстите да се распламтат до максимум. И така матицата омилени уживања ги однесува младите. (COL стр. 54)

Покажано ми е дека големите градови ќе бидат бојно поле на немири, насилства и злосторства, и дека тие зла ќе се умножуваат се до крајот на историјата на оваа Земја. (7T стр. 84)

По целиот свет, градовите ќе стануваат расадници на пороци. На сите страни се гледаат сцени и се слушаат звуци на злото. Од сите страни одекнуваат повици на телесни задоволства и распуштеност. (MH стр. 363)

Божјите судови ќе ги погодат големите градови

Страшни удари ќе ја погодат Земјата така што господските палати, подигнати со големи издатоци, сигурно ќе се претворат во купишта урнатини. (3MR стр. 312)

Кога ќе се тргне Божјата заштитничка рака, разурнувачот го почнува своето дело. И тогаш нашите големи градови ќе ги снајдат најголеми катастрофи. (3MR стр. 314)

Господ им упатува предупредувања на жителите на Земјата. Тој го сторил тоа преку пожарот во Чикаго и пожарите во Мелбурн, Лондон и во градот Њујорк. (Мѕ 127)

Крајот е блиску и секој голем град во секој поглед ќе биде свртен наопаку. Ќе дојде до немири во секој голем град. Се што може да се расклати ќе биде расклатено и никој не знае што ќе се случува по тоа. Божјите судови ќе бидат сразмерни со расипаноста на луѓето и со светлината на вистината што ја примиле. (1MR стр. 248)

О, кога Божјиот народ би бил свесен за несреќата што им се заканува на илјадници градови, денес речиси потполно предадени на идолопоклонство! (Ev стр. 29)

Блиску е времето кога големите градови ќе бидат избришани; затоа сите тие треба да се предупредат на овие судови што ќе дојдат. (Ev стр. 29)

Градбите отпорни на катастрофи ќе се претворат во пепел Видов градби во кои се поставени најскапи противпожарни уреди за да се осигураат од уништување. Но, како што некогаш Содом и Гомор исчезнале во пламенот на Божјата одмазда, така и тие горди згради ќе се претворат во пепел… Тие ласкави споменици, подигнати во чест на човековата големина, ќе бидат соборени во прав дури и пред светот да го снајде последното големо уништување. (3SM стр. 418)

Бог Го повлекува Својот Дух од расипаните големи градови, кои станале слични на градовите од времето пред потопот или Содом и Гомор… Скапоцени палати, чуда на архитектонската умешност, ќе бидат уништени без претходно предупредување кога Господ ќе согледа дека сопствениците ги пречекориле границите на простувањето. Уништувањето на тие величествени згради со оган, за кои се претпоставуваше дека се безбедни од пожар, е само приказ на она што ќе се случи кога за кусо време земската архитектура ќе лежи во урнатини. (TDG стр. 152)

Луѓето ќе продолжат да ги градат своите скапи градби и во нив да вложуваат милиони. Особено внимание ќе се посветува на нивната архитектонска убавина, цврстината и трајноста на градењето, но мене Господ ме предупреди дека тие градби и покрај својата необична цврстина и својот разметлив изглед, ќе ја доживеат судбината на ерусалимскиот Храм. (5BC стр. 1908)

Градот Њујорк

Бог сеуште не му дозволил на гневот без милост да го изврши своето дело. Неговата рака и натаму е испружена. Неговата порака мора да се објави во Њујорк и неговата околина. На луѓето мора да им се покаже дека за Бога е можно со допирот на Својата рака да го уништи имотот што тие го собирале за големиот последен ден. (3MR стр. 310,311)

Јас немам некоја посебна светлина за тоа што ќе го снајде Њујорк; единствено знам дека еден ден големите градби во тој град ќе бидат соборени со Божјата сила која ќе ги урне и испреврти… Смртта ќе се појави на сите места. Токму затоа толку сакам нашите големи градови да бидат предупредени! (RH 05.071906)

Во една пригода, додека се наоѓав во градот Њујорк, во ноќно видение ми беа покажани градби кои спрат по спрат се издигаа високо кон небото. Им била загарантирана отпорност против пожар и требало да ги прослават своите сопственици и градители…

Потоа видов сцена на противпожарна тревога. Луѓето гледаа во високите и навидум сигурни згради и велеа: „Ним ништо не може да им се случи!” Меѓутоа, огнот ги зафати како да беа премачкани со катран. Противпожарните машини не можеа да го запрат уништувањето. Пожарникарите не успеваа да ги придвижат. (9Т стр. 12, 13)

Чикаго и Лос Анџелес

Исто така ми беа покажани и сцени од она што ќе се случува во Чикаго и другите големи градови. Додека злобата се умножуваше и додека се повлекуваше Божјата заштитничка рака, се појавуваа разурнувачки ветрови и бури. Зградите беа уништувани со оган и земјотреси…

Некое време по тоа ми беше покажано дека видението за зградите во Чикаго, за трошењето средства од нашите верници за тие да бидат подигнати, како и за нивното уништување, требало да им послужи на нашите верници како практична порака, предупредувајќи ги да не вложуваат голем дел од своите средства во имоти во Чикаго, или во било кој друг голем град, се додека Божјото провидение изрично не ја тргне забраната и јасно не каже дека нашата должност да градиме и да купуваме е исто толку значајна како и должноста да ја објавуваме веста на предупредување. Слично предупредување беше дадено и за градењето во Лос Анџелес. Неколку пати ми е кажано дека не смееме да вложуваме средства во подигнување скапи згради во големите градови. (PC стр. 50)

Сан Франциско и Оукленд

Сан Франциско и Оукленд стануваат се послични на Содом и Гомор и Господ ќе ги посети. Нема долго да потрае и тие ќе ги претрпат Божјите казни. (Мѕ 30)

Страшниот земјотрес што го погоди Сан Франциско* ќе биде проследен и со други пројавувања на Божјата сила. Неговиот Закон бил прекршен. Големите градови станаа загадени од гревот. Проучувајте го извештајот за Ниневија. Бог преку Јона испратил посебна порака за тој расипан град… Многу пораки слични на неговата би биле упатувани и во наше време кога расипаните градови би се каеле како што се каела Ниневија. (Мѕ 61а 03.06.1906)

Дури ни во градовите врз кои се излеаа Божјите судови, како последица на нивните престапи, нема знаци на покајание. Гостилниците се и понатаму

* ЗемјоШресоШ и пожароШ во Сан Франциско од 18. и 19. април 1906. Година, осШавија зад себе 503 загинаШи и предизвикаа маШеријална шШеШа од преку 350 милиони Шогашни долари.

отворени и многу искушенија ги мамат луѓето. (Letter 268 20.08.1906)

Други расипани големи градови

Како што ќе се приближуваме кон крајот на историјата на оваа Земја и на други места ќе се случуваат катастрофи слични на онаа од Сан Франциско… Сето тоа во мене предизвикува многу сериозно расположение, затоа што знам дека денот на судот е токму пред нас. Судовите кои веќе се излеани служат само како предупредување, но не претставуваат и крај на казната што ќе ги снајде расипаните градови…

(Прочитај ги текстовите во Авакум 2,1-20; Софонија 1,1-3,20; Захарија 1,1-4,14; Малахија 1,1-4 !) Овие слики наскоро ќе се видат онака јасно како што се опишани.

Ги истакнувам тие прекрасни текстови од Библијата и ве повикувам сите вас да размислувате за нив. Пророштвата запишани во Стариот Завет ја претставуваат Господовата порака за последните денови и ќе се исполнат исто толку сигурно како што видовме дека е опустошен Сан Франциско! (Letter 154 26.05.1906)

Наредено ми е да ја објавам пораката дека градовите кои се полни со престапи, беззаконие и неморал ќе бидат уништени со земјотреси, оган, вода. (Ev стр. 27 27.04.1906)

Сите Христови предупредувања кои се однесуваат на настаните што ќе се случуваат кон крајот на историјата на оваа Земја сега се исполнуваат во нашите големи градови. Бог дозволува се да излезе на видело за да може да ги разбере и оној што трча. Градот Сан Франциско е само пример на она што се случува во целиот свет. Злонамерното поткупување, злоупотребата на средства, измамите кои се прават во деловните потфати помеѓу луѓето што имаат власт да отпуштаат виновници и да казнуваат невини сето тоа беззаконие ги преплавува и другите големи градови на Земјата и помага денешниот свет да станува се посличен со светот од времето пред потопот. (Letter 230)

Работничките синдикати во големите градови

Сатаната вредно работи во големите градови. Неговото дело се огледува во збрката, во судирите и несогласувањата помеѓу работниците и работодавците, во лицемерството кое се вовлекло во црквите… Телесната желба, желбата на очите, гордоста на животот, злоупотребата на моќта, суровоста и силата која се употребува со цел да ги наведе луѓето да пристапат кон разни здруженија, врзувајќи се самите себеси во снопови за последниот голем оган сето тоа е дело на сатанските орудија. (Ev стр. 26)

Злите се поврзуваат во снопови, се поврзуваат во картели, синдикати и сојузи. Да немаме никаква работа со тие организации. Бог е наш Владетел, наш гувернер и Тој не повикува да излеземе од светот, да се одделиме: „Затоа излезете од меѓу нив и одделете се говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам;” (2. Коринтјаните 6,17). Ако одбиеме да го направиме тоа, ако и понатаму се поврзуваме со светот, ако сите проблеми ги разгледуваме од световен аспект, ќе станеме слични на светот. Кога световната политика и световните замисли ќе почнат да управуваат со нашите потфати, нема веќе да бидеме во состојба да останеме на светата и возвишена платформа на вечната вистина. (4ВС стр. 1142)

Работничките синдикати извор на неволји за нас

Работничките синдикати ќе бидат меѓу силите кои на Земјата ќе го донесат времето на неволја какво што немало откако настанал светот…

Неколку луѓе ќе се здружат да ги приграбат сите средства што можат да се добијат во одредени подрачја на делување. Ќе се организираат работнички синдикати и оние кои ќе одбијат да им се придружат ќе бидат обележани…

Токму поради тие синдикати и сојузи наскоро за нашите институции ќе стане многу тешко да го продолжат своето дело во големите градови. Моето предупредување гласи: „Држете се далеку од градовите! Немојте да градите санаториуми во големите градови!” (2SM стр. 142)

Бргу се приближува времето кога работничките синдикати на многу насилен начин ќе се служат со своето право на надгледување. (2ЅМ стр. 141)

Мнозина во големите градови копнеат по светлината и вистината

Бог ќе постапи строго со големите градови, меѓутоа, врз нив нема да дојде силината на Божјиот гнев, затоа што некои души сепак ќе се оттргнат од стапиците на непријателските измами и ќе се обратат, додека другите ќе натрупуваат гнев за Денот на судот. (Ev стр. 27)

Духовната темница која го прекрива целиот свет е, сепак, уште погуста во пренаселените центри на чо вечката популација. Токму во големите градови евангелскиот работник се среќава со најупорно непокајание и со најголеми потреби. А во тие исти големи градови, на оној кој задобива души му се овозможуваат најдобри можности за работа. Измешани со мноштвото кое воопшто не размислува за Бога и небото живеат и мнозина што копнеат по светлина и чистота на срцето.

Дури и помеѓу безгрижните и рамнодушните има голем број такви кои можат да се привлечат ако им се открие Божјата љубов кон човечките души. (RH 1711.1910)

Неопходно е вложување сериозни напори во големите градови

Подготвувајќи се за доаѓањето на нашиот Господ, треба да извршиме обемно дело во големите градови. Треба да дадеме сериозно сведоштво во тие големи центри. (Зборови на охрабрување за доброволните евангелски работници. (Ph 113 стр. 5))

Веста на предупредување за ова време не им беше сериозно објавена на големите деловни луѓе во светот. Трговските и деловните центри се секогаш полни со мажи и жени на кои им е неопходна вистината за ова време и кои не добиваат никакво спасоносно познавање на нејзините скапоцени принципи единствено затоа што не се вложуваат сериозни, истрајни напори да се дојде во допир со тој вид на луѓе во самото нивно окружување. (CW стр. 14)

Веста на третиот ангел сега треба да се објави не само во далечните земји туку и во блиските занемарени места, во кои мноштво луѓе не го слушнале предупредувањето за да се спасат. Нашите големи градови на сите страни пекаат за сериозна, предадена работа на Божјите слуги. (RH 1711.1910)

Засега не можат сите да ги напуштат големите градови

Секогаш кога е тоа можно, должност на родителите е да изградат дом во природа за своите деца. (AH стр. 141)

Како што ќе одминува времето, нашите верници ќе бидат принудени се повеќе и повеќе да ги напуштаат градовите. Со години добивавме упатства дека нашите браќа и сестри, особено семејствата со деца, треба да планираат да ги напуштат големите градови кога ќе им биде дадена можност да го сторат тоа. Мнозина ќе мораат сериозно да се потрудат за да го постигнат тоа. Меѓутоа, се додека не им биде возможно да отидат, се додека мораат да останат, треба многу активно да се занимаваат со мисионска работа, колку и да е ограничено подрачјето на нивното влијание. (2ЅМ стр. 360)

Нашите големи градови стануваат се порасипани и се поочигледно е дека оние што непотребно остануваат во нив го прават тоа за сметка на спасението на својата душа. (CL стр. 9)

Големите и малите градови се преплавени со грев и морална расипаност, меѓутоа, постои и понекој Лот во секој Содом. (6Т стр. 136)

Училишта, цркви и ресторани се неопходни во големите градови

Многу повеќе може да се стори за спасението и образованието на децата на оние кои за сега не можат да ги напуштат големите градови. Тоа прашање е достојно за најголеми напори. За децата што живеат во големите градови треба да се формираат црковни училишта; Освен тоа, тие училишта треба да нудат и можност за повисоко образование, секогаш кога ќе се укаже потреба за тоа. (CG стр. 306)

Нашите ресторани мораат да бидат во големите градови, инаку на нашите луѓе кои работат во тие ресторани нема да им се даде можност да се запознаат со луѓето и да ги учат на принципите на здравиот начин на живот. (2ЅМ стр. 142)

Многу пати Господ ни кажувал дека големите градови треба да ги обработуваме од надворешни центри. Во тие големи градови треба да имаме молитвени домови, како потсетници на Бога; Меѓутоа, институциите за издавање на наша литература, за лекување на болните и за образование на евангелските работници треба да ги формираме надвор од големите градови. Тоа е особено важно за да се сочува нашата младина од искушенијата на градскиот живот. (2ЅМ стр. 358)

Избрзаните преселби на село не се препорачливи

Секој да оддели доволно време внимателно да размисли за се, за да не бидеме како човекот од приказната кој почнал да гради, а не бил во состојба да ја заврши работата. Никаква преселба не смее да се презема додека внимателно не се разгледа и таа самата и се што е поврзано со неа додека не се измери се…

Можеби ќе има поединци кои ќе побрзуваат да се преземе нешто и да се започнат потфати за кои тие не знаат ништо. Бог не го бара тоа од нас…

Ништо не треба да се прави неорганизирано и без ред, за да не дојде до големи губитоци и жртвување на имотот под влијание на огнени, непромислени говори и воодушевување кое не е во согласност со божествениот налог. На тој начин победата што треба да се постигне, поради недостиг на трезвено насочување, соодветно размислување, здрави принципи и цели, би се претворила во пораз. (2SM стр. 362,363)

Знак за напуштање на големите градови

Не е далеку времето кога, како некогаш првите ученици, ќе бидеме принудени да побараме засолниште во ненаселени, повлечени места. И како што доаѓањето на римската војска под ѕидините на Ерусалим на јудејските христијани им било знак да бегаат, така и издавањето на наредбата со која се наметнува папскиот ден за одмор, кога нашата нација дрско ќе си го присвои тоа право, нам ќе ни послужи како предупредување. Тогаш ќе биде време да ги напуштиме големите градови, подготвувајќи се да ги напуштиме дури и помалите и да се повлечеме во осамени домови во зафрлени места на планините. (5Т стр. 464,465)

Некои праведници ќе останат во големите градови и по прогласувањето на смртната пресуда

Во времето на неволјите сите ги напуштивме градовите и селата, бегајќи пред злите кои со мечеви влегуваа во домовите на светите. (EW стр. 34)

Кога светите ги напуштаа градовите и селата, по нив тргнаа и злите, обидувајќи се да ги убијат. Но мечевите, подигнати да го убијат Божјиот народ, се кршеа како сламки и без сила паѓаа на земјата. Божјите ангели ги штитеа светите. (EW стр. 284,285)

Иако со општа наредба беше одредено времето кога треба да се убијат оние што ги држат заповедите, нивните непријатели во некои случаеви одеа и пред наредбата и се обидуваа да им го одземат животот пред време. Меѓутоа, никој не можеше да се пробие покрај моќните стражари кои стоеа околу секоја верна душа. Некои беа нападнати додека бегаа од своите градови и села, но мечевите, подигнати против нив, се кршеа како сламки и без сила паѓаа на земјата. Други беа одбранети од ангели со лик на воини. (GC стр. 631)

Сподели го ова:

Similar Posts