6 Неделни закони

Сподели го ова:

Сатански предизвик на божествениот авторитет

Бог го укорува Вавилон „зашто ги напои сите народи со отровното вино на своето блудство“…

За шест дена Бог го создал светот, а во седмиот ден си починал, го посветил и го издвоил тој ден од сите други денови, го прогласил за Своја светиња и му наредил на Својот народ од сите поколенија да го празнува. Меѓутоа, човекот на беззаконието, воздигнувајќи се себеси над Бога, намислил да ги смени времињата и законите. Таа сила, сакајќи да докаже дека не е само еднаква со Бога, туку и над тоа, го сменила денот за одмор, ставајќи го првиот ден во седмицата на местото на седмиот. А протестантскиот свет го прифатил тоа дете на папството како светиња. Во Божјата Реч ова се претставува како блуд. (Откровение 14,8). (7ВС стр. 979)

Во текот на христијанското владеење со светот, големиот непријател на човековата среќа особено го напаѓал денот за одмор од четвртата заповед. Сатаната вели: „Јас ќе дејствувам спротивно на Божјите заповеди. Ќе ги овластам своите следбеници да го тргнат споменот на Бога, седмиот ден, Саботата. Така ќе го убедам светот дека е сменет денот кој Бог го посветил и го благословил. Тој ден не смее да живее во мислите на луѓето. Јас ќе го избришам споменот за него. Наместо него ќе поставам ден кој нема да има божествена потврда, ден кој нема да може да биде знак помеѓу Бога и Неговиот народ. Оние што ќе го прифатат тој ден ќе ги наведам нему да му ја припишат светоста која Бог му ја дал на седмиот ден!” (PK стр. 183,184)

Саботата големо спорно прашање

Во војната што ќе се води во последните денови, против Божјиот народ заеднички ќе станат сите зли сили што отпаднале од Господа и станале неверни на Неговиот закон. Во таа војна денот за одмор од четвртата заповед ќе стане големо спорно прашање, зашто во саботната заповед големиот Законодавец се претставува како Создател на Небото и Земјата. (3SM стр. 392)

Господ вели: „Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение во поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам!” (2. Мојсеева 31,13). Некои ќе се обидат да подигнат пречки за празнување на Саботата, велејќи: „Вие не знаете кој ден е вистински ден за одмор!“ Меѓутоа, се чини дека тие не го знаат тоа кога е во прашање неделата и дека затоа покажуваат голема ревност да донесат закони што ќе ги принудат луѓето да ја празнуваат. (KC стр. 148)

Движење за прогласување на неделни закони во 1880-тите години

Ние веќе многу години очекуваме во нашата земја да се донесат неделните закони и сега, кога тоа движење е толку активно, се прашуваме: што ќе сторат нашите верници на тоа подрачје?… Сега мораме посебно да Му се обратиме на Бога да му подари милост и сила на Својот народ. Бог е жив и ние не веруваме дека е веќе дојдено времето да се ограничат нашите слободи.

Пророкот видел „четири ангела како стојат на четирите агли на земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ниту на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел, кој се издигна од исток и кој имаше печат на живиот Бог, па почна да им вика со силен глас на четирите ангела, на кои им беше дадено да им напакостат на земјата и на морето, велејќи: ‘Не пакостете и на земјата, ни на морето, ниту на дрвјата, додека не ги запечати челата на слугите на нашиот Бог!’“ Тоа укажува на делото кое треба сега да го извршиме, имено, да плачеме кон Господ ангелите уште да ги задржуваат ветровите додека во сите краишта на светот не бидат испратени мисионери за да го објават предупредувањето против кршењето на Господовиот закон. (RH Extra 11.12.1888)

Застапниците на неделните закони не сфаќаат што прават

Движењето за донесување на неделни закони засега чекори во темнина. Водачите ги кријат нивните вистински намери, а мнозина кои се придружуваат кон движењето ни самите не гледаат каде ги водат неговите прикриени струења…

Тие се заслепени во своето делување. Не гледаат дека, доколку протестантската Влада ги жртвува принципите кои од нас направија слободен, независен народ и по пат на законодавство во нашиот Устав внесе прописи кои ги поддржуваат папските лаги и папските измами, ќе влета право во римските ужаси на темниот среден век. (RH Extra 11.12.1888)

Има многу луѓе, дури и помеѓу оние кои дејствуваат во рамките на движењето за озаконување на неделата, што се заслепени и не ги гледаат последиците од своето настојување. Тие не гледаат дека директно стануваат против верската слобода. Има многу такви кои никогаш не ја сфатиле задолжителноста на библискиот ден за одмор и лажноста на темелите врз кои лежи институцијата на неделата…

Оние што настојуваат да го сменат Уставот и да го протуркаат законот за задолжително празнување на неделата одвај да можат да ги разберат последиците од тоа настојување. Кризата е токму пред нас. (5Т стр. 711,753)

Не смееме да седиме мирно не правејќи ништо

Наша должност е да сториме се што е во наша моќ за да ја оттргнеме опасноста што ни се заканува… Голема одговорност лежи врз мажите и жените во целата земја да Му се обратат на Бога во молитва да го запре овој облак на зло и да додели уште неколку години милост за сеуште да се работи за Учителот. (RH Extra 11.12.1888)

Оние што сега ги држат Божјите заповеди треба да се потрудат да добијат особена помош која само Бог може да им ја даде. Тие треба да работат многу посериозно за да ја одложат, колку е тоа можно, катастрофата што им се заканува. (RH 18.12.1888)

Господовиот народ, кој ги држи Неговите заповеди, во ова време не смее да молчи како покорно да се помирува со постоечката состојба. (7ВС стр. 975)

Ние не ја исполнуваме Божјата волја ако седиме мирно, не правејќи ништо да ја сочуваме слободата на совеста. Усрдни делотворни молитви треба да се издигаат кон Небото да се одложи оваа неволја се додека не го завршиме делото кое толку долго беше запоставувано. Да упатиме најсериозни молитви, а потоа да дејствуваме во согласност со своите молитви! (5Т стр.714)

Има мнозина кои делуваат опуштено, кои се однесуваат како да спијат. Тие велат: „Ако пророштвото најавило прогласување на закон за принудно празнување на неделата, тој закон сигурно ќе биде прогласен!” Доаѓајќи до тој заклучок, тие мирно седат и спокојно очекуваат пророштвото да се исполни, утешувајќи се со помислата дека Господ ќе го заштити Својот народ во часот на неволјата. Меѓутоа, Бог нема да не избави ако не вложиме никаков напор да го завршиме делото кое ни го доверил…

Како верни стражари треба да го видите мечот што доаѓа и да упатите предупредување, така што мажите и жените нема поради незнаење да тргнат по патот по кој не би тргнале кога би ја знаеле вистината. (RH Extra 24.12.1889)

Бидете против неделните закони и со перо и со гласање

Ние не смееме да се трудиме да им угодуваме на луѓето кои ќе се послужат со своето влијание за да ја изгаснат верската слобода и да воведат насилни мерки со кои ќе ги наведат или принудат своите сограѓани да ја празнуваат неделата како ден за одмор. Првиот ден во седмицата не е денот што треба да се почитува. Тоа е лажен ден за одмор. Членовите на Божјото семејство не можат да ги поддржат луѓето кои го воздигнуваат тој ден и го кршат Божјиот закон, газејќи го Неговиот ден за одмор. Божјиот народ не може да гласа тие луѓе да бидат избрани на одговорни места, зашто кога би го правел тоа, би станал соучесник во гревовите што тие ќе ги направат во текот на својата служба. (FE стр. 475)

Јас навистина се надевам дека трубата ќе даде разбирлив глас во врска со ова движење за озаконување на принудно празнување на неделата. Мислам дека би било многу добро кога во нашите списанија на прашањето за трајноста на Божјиот закон би се гледало како на посебно важно прашање… Ние сега мораме да преземеме се што е во наша моќ за да го собориме предложениот закон за неделата. (CW стр. 97,98)

Соединетите Американски Држави ќе го прогласат неделниот закон

Кога нашата нација толку ќе се откаже од принципите на својата власт што ќе го прогласи законот за неделата, со тој чин протестантизмот ќе ги соедини силите со папството. (5Т стр. 712)

Протестантизмот ќе ги стави своето севкупно влијание и силата на страната на папството. Со државен акт кој го наметнува лажниот ден за одмор тие ќе го дадат својот живот и силата на расипаната вера на Рим, оживувајќи ги неговата тиранија и притисок врз совеста на луѓето. (Mar. стр. 179)

Порано или подоцна неделните закони ќе бидат прогласени. (RH 16.02. 1905)

Наскоро неделните закони ќе бидат прогласени и луѓето на доверливи положби огорчено ќе станат против малата група Божји народ која го почитува Божјиот закон. (4MR стр. 278)

Пророштвото од тринаесеттата глава од Откровението објавува дека силата, претставена со симболот на ѕверот со два рога како на јагне, ќе направи „земјата и оние што живеат на неа” да му се поклонат на папството кое тука е претставено со симболот на „рисот”… Тоа пророштво ќе се исполни кога Соединетите Држави со сила ќе го наметнат празнувањето на неделата, што Рим го смета за особено признание на својата превласт…

Расипаноста во политиката ја уништува љубовта кон праведноста и почитувањето кон вистината; Дури и во слободна Америка властодршците и законодавците, за да ја обезбедат наклонетоста на јавноста, ќе попуштат пред сеопштото барање да се издаде закон кој ќе го наметне празнувањето на неделата. (GC стр. 578,579,592)

Аргументи со кои се служат застапниците на неделниот закон

Сатаната ги објаснува настаните на свој начин и тие ќе помислат, како што тој и би сакал да помислат, дека несреќите што ја снашле Земјата можат да се припишат на кршењето на светоста на неделата. Мислејќи дека со тоа ќе го стивнат Божјиот гнев, овие влијателни луѓе ќе прогласат закони со кои ќе го наметнат почитувањето на неделата. (10MR стр. 239)

Токму таа иста група тврди дека се поголемата расипаност воглавно може да му се припише на непочитувањето на таканаречената „христијанска сабота” и дека озаконување на задолжителното празнување на неделата во голема мерка би го поправило општествениот морал. Тоа барање особено се поставува во Америка, во која доктрината за вистинската Сабота е најшироко проповедана. (GC стр. 587)

Протестантизмот и католицизмот дејствуваат усогласено

Протестантизмот ќе и подаде рака на заедништво на римската сила. Тогаш ќе биде прогласен закон против Саботата која е спомен на божественото дело на создавањето и тогаш Бог ќе го направи Своето „необично дело” на Земјата. (7ВС стр. 910)

Ние не можеме да видиме како Римската црква може да се измие од обвинението за идолопоклонство… А токму тоа е религијата кон која протестантите почнуваат да фрлаат поглед полн со наклонетост и која на крајот ќе се соедини со протестантизмот. Меѓутоа, до ова заедништво нема да дојде така што католицизмот ќе се смени, бидејќи Рим никогаш не се менува. Тој смета дека е непогрешлив. Протестантизмот ќе се смени. Прифаќањето либерални идеи ќе му овозможи на протестантизмот да му подаде рака на католицизмот. (RH 01.06.1886)

Таканаречениот протестантски свет ќе склучи сојуз со човекот на беззаконието, па Црквата и светот ќе бидат во изопачена хармонија. (7BC стр. 975)

Католицизмот во Стариот свет и отпаднатиот протестантизам во Новиот, ќе постапуваат на ист начин кон оние кои ги почитуваат сите божествени прописи. (GC стр. 616)

Неделните закони го воздигнуваат Рим

Кога водечките цркви во Америка ќе се согласат околу оние доктринални учења кои им се заеднички и кога ќе влијаат врз државата да ги прогласи нивните прописи и да ги поддржи нивните институции, тогаш протестантска Америка ќе стане икона, слика и прилика на римската хиерархија, а наметнувањето граѓански казни за отпадниците ќе биде неизбежна последица.

Кога протестантските цркви ќе ги принудуваат луѓето да ја празнуваат неделата, тие всушност ќе ги принудуваат да му се поклонуваат на папството…

Со самиот чин на наметнување верска должност со помош на државната власт, црквите самите ќе му направат икона на ѕверот; според тоа, наметнување на празнувањето на неделата во Соединетите Држави би

било наметнување на поклонување на ѕверот и неговата икона. (GC стр. 445,448,449)

Кога протестантизмот ќе ја подаде раката преку бездната за да ја прифати раката на римската сила, кога таа ќе ја подаде раката преку бездната да ја прифати раката на спиритизмот, кога под влијание на тој троен сојуз нашата земја ќе ги отфрли сите уставни принципи на својата протестантска и републиканска власт, кога ќе овозможи ширење на папските лаги и измами, тогаш можеме да знаеме дека е дојдено времето на сатаната да ги прави своите чудесни дела и дека крајот е близу. (5T стр. 451)

Рим повторно ќе ја задобие својата загубена превласт

Додека се приближуваме кон последната криза, од животна важност е помеѓу божествените орудија да владеат склад и слога. Светот е полн со бури и војна и неслога. Меѓутоа, под еден поглавар папската сила луѓето ќе се обединат да Му се спротивстават на Бога во ликот на Негови сведоци. Тоа единство ќе го зацврсне големиот отпадник. (7Т стр. 182)

Законите што ќе го наметнуваат празнувањето на неделата како ден за одмор, наместо Саботата, ќе доведат до тоа целата наша држава да ги отфрли републиканските принципи врз кои се темели нашиот систем на власта. Властодршците ќе ја прифатат религијата на папството, а Божјиот закон ќе биде укинат. (7MR стр. 192)

Се покажа дека деновите на големата интелектуална темнина биле поволни за успехот на папството. Сега ќе се види дека и деновите на голема интелектуална просветеност се исто толку поволни за негов успех. (4ЅР стр. 390)

Во обидите кои сега се прават во Соединетите Држави на институциите и обичаите на Црквата да им се обезбеди поддршка од државата, протестантите одат по стапките на папистите. Не, дури и повеќе од тоа, тие ја отвораат вратата за папството во протестантска Америка да се здобие со превласта што ја загуби во Стариот свет. (GC стр. 573)

Државен неделен закон значи и државен отпад

За да му се умилкуваат на народот и да ја сочуваат својата положба, законодавците ќе го прифатат барањето да се донесе закон за неделата… Со овој Декрет, со кој се наметнува папската институција и кршење на Божјиот закон, нашата држава потполно ќе се откаже од праведноста…

Како што приближувањето на римските војски било знак за учениците дека Ерусалим наскоро ќе биде разурнат, така тој отпад би требало да биде знак за нас дека е постигната границата на Божјото трпение. (5Т стр. 451)

Ние мораме да донесеме цврста одлука дека првиот ден во седмицата нема да го празнуваме како ден за одмор, затоа што тој ден Господ не го благословил ниту го посветил, па, празнувајќи ја неделата, би се ставиле на страната на големиот измамник…

Кога Божјиот закон ќе биде отфрлен и кога државата ќе биде виновна за гревот на отпадот, Господ ќе работи во полза на Својот народ. (3SM стр. 388)

Народот на Соединетите Држави беше во милост, но, кога тој ќе ја ограничи верската слобода, кога ќе се откаже од протестантизмот, кога ќе почне да го поддржува папството, мерката на неговата вина ќе биде полна и отпадот на тој народ ќе биде забележан во небесните книги. (RH 02.05.1893)

Сеопштиот отпад ќе доведе до сеопшта пропаст

Кога нашата нација, во своите законодавни тела, ќе ги прогласи неделните закони со кои се ограничуваат правата на човековата совест на подрачјето на верските слободи, кога ќе го наметне празнувањето на неделата и својата државна сила ќе ја насочи против оние кои го празнуваат седмиот ден како ден за одмор, Божјиот закон, заедно со своите намери и цели, ќе биде отфрлен во нашата земја и тој сеопшт отпад ќе биде проследен со сеопшта пропаст. (7BC стр. 977)

Токму во време на тој сеопшт отпад, властодршците на нашата земја, дејствувајќи во согласност со политиката на сатаната, ќе се стават на страната на човекот на беззаконието. И тогаш ќе се исполни мерката на вината. Тој сеопшт отпад ќе биде знак за сеопшта пропаст. (2SM стр. 373)

Римокатоличките принципи ќе уживаат поддршка и заштита од државата. По овој сеопшт отпад бргу ќе уследи и сеопшта пропаст. (RH 15.06.1897)

Кога протестантските цркви ќе се обединат со световната сила за да ја поддржат лажната религија, за да му се спротивстават на она поради кое нивните претци поднесувале најѕверски прогонства, тогаш папскиот ден за одмор ќе биде наметнат со здружените сили на Црквата и државата. Тогаш ќе дојде до национален отпад (САД), што неизбежно ќе доведе до пропаст на нацијата. (Ev стр. 235)

Глобално законодавство за неделата

Историјата ќе се повтори. Ќе се воздигнува лажната религија. Првиот ден од седмицата, обичен работен ден кој нема никаква светост, ќе биде издигнат како некогаш кипот во Вавилон. На сите народи и јазици и племиња ќе им биде заповедано да го празнуваат тој незаконски ден за одмор… Декретот со кој се прогласува празнувањето на тој ден ќе биде објавен по целиот свет. (7BC стр. 976)

Кога Америка, земја на верска слобода, ќе се обедини со папството во ограничувањето на слободата на совеста, кога ќе ги принуди луѓето да ја празнуваат лажната сабота, народите од сите земји на светот ќе бидат наведени да го следат нејзиниот пример. (6Т стр. 18)

Прашањето на Саботата ќе биде предмет на расправа во големиот конечен судир во кој ќе учествува целиот свет. (6Т стр. 352)

Останатите народи ќе го следат примерот на Соединетите Држави. Иако Америка ќе предничи, истата криза ќе ги снајде и нашите верници во сите делови на светот. (6Т стр. 395)

Заменувањето на вистинското со лажно ќе биде последниот чин во оваа драма. Кога таа замена ќе стане општа, Бог ќе се покаже. Кога човечките закони ќе бидат издигнати над Божјите закони, кога земските сили ќе се обидат да ги натераат луѓето да го празнуваат првиот ден во седмицата, знајте дека е дојдено времето Бог да дејствува! (7BC стр. 980)

Заменувањето на Божјите закони со човечки закони, издигнувањето на неделата наместо библиската Сабота, втемелено единствено на човечки авторитет, ќе биде последниот чин во таа драма. Кога таа замена ќе добие светски размери, Бог ќе се покаже. Тој ќе се подигне во сето Свое величество за страшно да ја потресе Земјата. (7Т стр. 141)

Целиот свет ќе го поддржи законодавството за неделата

Злите… објавија дека ја имаат вистината, дека натприродни настани се случуваат помеѓу нив, дека небесните ангели разговараат со нив и чекорат со нив, дека големи знаци, сили и чуда се случуваат меѓу нив и дека завладеал овоземскиот милениум што толку долго го очекувале. Целиот свет се сменил и им се прилагодил на законите за неделата. (3SM стр. 427,428)

Оние што го газат Божјиот закон ќе прогласат човечки закони кои со сила ќе им ги наметнуваат на луѓето. Тие ќе размислуваат, ќе се договараат и ќе планираат што да прават. Целиот свет ја празнува неделата, ќе велат тие, па зошто тогаш и тие луѓе, толку малубројни, да не им се покорат на законите на својата земја? (Мѕ 163)

Судирот ќе биде најтежок во скутот на христијанството

Таканаречениот христијански свет треба да биде сцена на која ќе се одвиваат големи и одлучувачки настани. Луѓе на власт ќе прогласуваат закони со кои ќе ја ограничуваат слободата на совеста, по углед на папството. Вавилон сите народи ќе ги напои со виното на своето блудство. Сите народи ќе бидат вклучени. За тоа време Јован во Откровението зборува вака: „…И земните цареви блудствуваа со неа, и земните трговци се збогатија од нејзината претерана раскош!’ И чув друг глас од небото да вели: излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла; зашто нејзините гревови стигнаа до небото и Бог си спомна за нејзините неправди. Платете и како што и таа ви плаќаше вам; и вратете двојно, според нејзините дела; во чашата, во која таа налеваше, налејте двојно! Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто вели во своето срце: ‘седам како царица и не сум вдовица и нема да видам тага.’ „Овие се истомисленици, па ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот. Овие ќе војуваат против Јагнето, но јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, а со Него се повиканите, избраните и верните!” „Овие се истомисленици!” Ќе се создаде сеопшто единство, голем склад, сојуз на сатанските сили. „…па ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот!” И така ќе се покаже истата самоволна, насилничка власт која станува против верската слобода слободата на човекот да Му служи на Бога во согласност со принципите на својата совест како што беше папската, која во минатото ги прогонувала сите што ќе се осмелеле да одбијат да се приклонат кон верските обреди и церемонии на римокатолицизмот. (3SM стр. 392)

Во големата борба помеѓу верата и неверието ќе биде вклучен целиот христијански свет. (RH 0702.1893)

Целото христијанство ќе биде поделено на две големи групи на оние кои ги држат Божјите заповеди и ја имаат верата Исусова, и на оние кои се поклонуваат на ѕверот и неговата икона и го примаат неговиот жиг. (GC стр. 450)

Кога Саботата во целото христијанство ќе стане посебна точка околу која луѓето ќе се судираат, кога световните и црковните власти ќе се здружат да го наметнат празнувањето на неделата, упорното одбивање на беззначителното малцинство да се покори на барањето на мнозинството ќе направи да бидат предмет на светски презир. (GC стр. 615)

Бидејќи декретите на разни христијански властодршци, издадени против оние кои ги почитуваат Божјите заповеди ќе им ја ускратат заштитата на власта и ќе ги предадат во рацете на оние што сакаат да ги уништат, припадниците на Божјиот народ ќе бегаат од големите градови и села, ќе се здружуваат во групи и ќе се населуваат на најпусти и најосамени места. (GC стр. 626)

Немојте да се спротивставувате

Верниците што ги сочинуваат нашите цркви според карактерните особини се такви што, ако не бидат многу внимателни, сигурно ќе се разжестат кога некој, погрешно толкувајќи го законот, ќе им ја ускрати слободата да работат во недела. Немојте да се жестите во такви случаеви, туку проблемот изнесете Му го на Бога во молитва. Единствено Тој е во состојба да ја сопре силата на властодршците. Немојте да се однесувате непромислено. Никој да не се повикува неразумно на својата верска слобода, служејќи се со неа за да ја прикрие својата нерасположеност, туку како Божји слуги, „Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!” (1. Петрово 2,17)

Овој совет ќе биде скапоцен како злато за сите оние што ќе се најдат во теснец. Не смееме да покажеме никаков отпор или било што, што би можело да се протолкува како нерасположеност. (2MR стр. 193,194)

Воздржете се од работа во недела

Што се однесува до местата на Југ*, делото мора да се извршува колку е можно помудро и повнимателно, онака како што би работел самиот Христос. Луѓето многу бргу ќе согледаат што верувате за неделата и Саботата, бидејќи ќе ви поставуваат прашања. Тогаш можете да им кажете, но не така што ќе го привлечете вниманието врз својата работа. Никако не смеете самите да го загрозувате своето дејствување со тоа што ќе работите во недела…

Ако се воздржуваме од работа во недела, не значи дека сме го примиле жигот на ѕверот… Во местата во кои спротивставувањето е толку остро што може да дојде до прогонства кога би работеле во недела, нашите браќа тој ден нека го искористат за мисионска работа. (SW стр. 69, 70)

Кога луѓето би дошле тука кај нас и би рекле: „Морате да ја затворите вашата печатница, бидејќи вашите машини не смеат да работат во недела!” јас не би ви рекла: „Продолжете да работите!” Судирот тука не би се одвивал помеѓу вас и вашиот Бог! (Мѕ 163)

* Примената на законите за неделата во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од деветнаесеттиот век била особено остра во јужните краишта на Соединетите Држави.

Ние не смееме да сметаме дека наша должност е да ги лутиме соседите, кои ја величаат неделата, со тоа што ќе се трудиме намерно да работиме во тој ден пред нивните очи за да ја покажеме својата независност. Нашите сестри не треба да ја избираат неделата за да ги сушат своите алишта. (3SM стр. 399)

Во недела занимавајте се со духовни активности

Ќе се обидам да одговорам на вашето прашање што би требало да правите доколку се прогласат законите за неделата.

Светлината што ми ја даде Господ токму во времето кога ја очекувавме кризата, која според вашето мислење сега се приближува, од нас бара да покажеме мудрост и во мигот кога луѓето, под влијание на лажните сили, ќе се обидат да го наметнат празнувањето на неделата, да се воздржиме од работа во недела и тоа време да го посветиме за мисионска работа.

Спротивставувањето на законите за неделата само би ги засилило напорите на верските фанатици кои се трудат да ги наметнат. Немојте да им дадете никаква можност да ве прогласат за борци против законот… Никој нема да го прими жигот на ѕверот само поради тоа што согледал дека е мудро да го сочува својот мир воздржувајќи се од постапките со кои би ги повредил своите ближни…

Неделата може да се искористи за разни активности кои придонесуваат за успех на Господовото дело. Во тој ден можат да се одржуваат предавања на отворено или по куќи. Може да се работи од куќа до куќа. Оние

што пишуваат можат тој ден да го посветат за пишување статии. Секогаш кога е тоа можно, верските состаноци треба да се одржуваат во недела. Потрудете се тие да бидат особено интересни. Пејте вистински песни за разбудување и зборувајте силно, сигурни во љубовта на Спасителот. (9Т стр. 232,233)

Поведете ги учениците со себе да одржуваат пре давања во разни места и да се занимаваат со здравственоевангелска работа. Така ќе се среќаваат со луѓето во нивните домови и ќе имаат извонредна можност да им ја објават вистината. Таквиот начин на искористување на неделата секогаш Му е угоден на Господа. (9Т стр. 238)

Спротивставувањето придонесува да дојде до израз убавината на вистината

Кога светот и Црквата ќе се обединат да го укинат Божјиот закон, ќе се зголеми и ревноста на оние што Го слушаат Господа. Секој приговор што ќе се упати против Божјите заповеди ќе и овозможи на вистината да напредува побргу и ќе ги оспособи нејзините претставници уште поуспешно да укажат на нејзината вредност. Вистината има убавина и сила кои ништо не ги истакнува толку многу и не ги прави толку видливи како спротивставувањето и прогонството. (13MR стр. 71,72)

Ова време, кога се вложуваат толкави напори да се наметне празнување на неделата, претставува вистинска можност на светот да му се објави вистинскиот ден за одмор како спротивност на лажниот. Господ во Своето провидение е далеку пред нас. Тој дозволил прашањето на неделата да избие во преден план за денот за одмор од четвртата заповед да може да се објави во законодавните собранија. На тој начин на водечките луѓе од нашиот народ може да им се сврти вниманието кон сведоштвото на Божјата Реч во полза на вистинскиот ден за одмор, вистинската Сабота. (2MR стр. 197)

Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето

Како почитувачи на вистината, ние сега сме повикани да се одлучиме помеѓу непочитување на јасните барања на Божјата Реч и губење на својата слобода. Ако ја отфрлиме Божјата Реч и ги прифатиме човечките обичаи и традиции, можеби ќе ни биде дозволено да останеме меѓу луѓето, да живееме со нив, да купуваме и про даваме, да ги задржиме своите права. Но, ако останеме верни на Бога, тогаш тоа мора да биде на сметка на нашите права меѓу луѓето, зашто неприателите на Божјиот закон се обединија да го скршат нашето независно расудување и преку прашањата на верата да завладеат со човековата совест…

Божјиот народ ќе ги признава човечките власти како поставени од Бога и ќе покажува со зборови и дело дека послушноста кон властите е света должност на христијанинот се додека тие се служат со својот авторитет во рамките на законските овластувања. Меѓутоа, кога барањата на власта се косат со божествените барања, ние мораме да одлучиме дека повеќе ќе Го почитуваме Бога отколку човекот. Божјата Реч мора да се признава и да се слуша како авторитет кој е над сите човечки закони. „Така вели Господ!” не смее да се отфрли за да добие предност „Така вели Црквата или државата!” Христовата круна мора да се издигне високо над дијадемите на сите земски силници. (HM 01.11.1893)

Сатаната им ги нуди на луѓето царствата на овој свет доколку ја признаат неговата превласт. Мнозина го прават тоа и на тој начин го жртвуваат Небото. Подобро е да се умре отколку да се греши; Подобро е да се нема отколку да се мами; Подобро е да се гладува отколку да се лаже. (4Т стр. 495)

 

Сподели го ова:

Слични објави