2 Знаците на Христовото скоро доаѓање

Сподели го ова:

Големото пророштво на нашиот Господ

Христос однапред ги предупредил Неговите ученици за разурнувањето на Ерусалим и за знаците што ќе се случат пред доаѓањето на Синот Човечки. Целата дваесет и четврта глава од Евангелието по Матеј е пророштво за случувањата што ќе му претходат на тој настан. И разурнувањето на Ерусалим е употребено како симбол за последното големо уништување на светот со оган. (Мѕ 77)

На Маслинската Гора Христос зборувал за страшните судови што ќе му претходат на Неговото второ доаѓање: „А ќе чуете за војни и гласови за војни… зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство… но сето тоа е само почеток на страдањата.” (Матеј 24,68). Иако овие пророштва делумно се исполниле при разурнувањето на Ерусалим, истите можат многу понепосредно да се применат на последните денови. (5T стр. 753)

Знаци на небото

На крајот од големото папско прогонство, изјавил Христос, Сонцето ќе се помрачи и Месечината ќе ја загуби својата светлина. Потоа, и ѕвезди ќе паѓаат од небото. А Тој вели: „…од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе се смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу. Така и вие, кога ќе го видите се тоа, знајте дека е близу пред вратата!” (Матеј 24,32.33).

Христос ги дал знаците на Неговото доаѓање. Тој изјавува дека ние можеме да знаеме кога тоа ќе биде блиску, дури пред вратата. За оние што ги гледаат овие знаци, Тој вели: „Ова поколение нема да помине додека не се збидне се тоа!” Сите знаци се покажаа. Сега сигурно знаеме дека Господовото доаѓање е блиску. (DA стр. 632)

Знаци на Земјата

Изус изјавил: „и ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови” (Лука 21,25; Матеј 24,29; Марко 13,2426; Откровение 6,12-17). Оние што ќе ги здогледаат тие весници на Неговото доаѓање треба да знаат „дека е близу пред вратата” (Матеј 24,33). (GC стр. 37,38)

Народите се вознемирени. Настапи време на неволја. Луѓето умираат од страв и од чекање на она што доаѓа на Земјата. Меѓутоа, оние што веруваат во Бога, среде бурата, ќе го слушнат Неговиот глас кој вели: „Јас сум, не плашете се!” (ЅТ 09.10.1901)

Чуден и значаен извештај се внесува во небесните книги се запишуваат настаните за кои е проречено дека непосредно ќе му претходат на големиот ден Господов. Се на светот се наоѓа во состојба на несигурност. (3MR стр. 313)

Лажни пророци

Како еден од знаците за разурнувањето на Ерусалим, Христос спомнал: „ќе излезат многу лажни пророци и ќе прелажат мнозина!” Излегле лажни пророци кои го прелажале народот и одвеле мнозина во пустината. Маѓепсници и бајачи, тврдејќи дека поседуваат чудотворна моќ, го одвлекувале народот по себе во планинските карстови. Меѓутоа, ова пророштво е изговорено и за последните денови. Тоа е знак и на второто доаѓање. (DA стр. 631)

Ние ќе се соочуваме со луѓе кои лажно се прет ставуваат, ќе се појавуваат лажни пророци, ќе има и лажни сништа и лажни виденија, но проповедајте ја Речта; не давајте да ве одвлечат од Божјиот глас кој се слуша од Неговата Реч! (2 SM стр. 49)

Покажани ми се мнозина што ќе тврдат дека Бог посебно ги поучил и кои затоа ќе се обидат да ги водат другите. Тие, заведени од лажните идеи за својата одговорност, ќе се зафатат со работа која Бог никогаш не им ја доверил. Резултатот ќе биде само метеж. Секој треба многу сериозно сам да го бара Бога, така што поединецот ќе може да ја разбере Неговата волја. (2SM стр. 72)

Алчност и неумереност

Алчноста и неумереноста ја претставуваат с’ржта на големата морална расипаност во нашиот свет. Сатаната е свесен за тоа и постојано ги наведува мажите и жените да му попуштаат на својот вкус за сметка на здравјето, па дури и на самиот живот. Јадењето, пиењето и облекувањето станаа животна цел во светот. Таква состојба владеела и пред потопот. Оваа состојба на раскалашност е еден од истакнатите докази за блискиот крај на историјата на овој свет. (Letter 34)

Описот на претпотопниот свет кој ни е даден од Провидението навистина во потполност одговара на состојбата на која нашето современо општество бргу и се приближува; (PP стр. 102)

Ние знаеме дека Господ многу скоро ќе дојде. Светот станува се посличен со светот од времето на Ное. Луѓето се препуштиле на себичното задоволување на своите желби. Во јадењето и пиењето се претерува до крајност. Луѓето пијат отровни жестоки пијалаци кои им го поматуваат разумот. (Letter 308)

Насилнички дела

Во времето на Ное големо мнозинство од луѓето станувале против вистината и биле маѓепсани со лаги. Земјата била полна со насилство. Војните, злосторствата и убиствата претставувале секојдневни појави. Токму така ќе биде и пред Христовото второ доаѓање. (1BC стр. 1090)

Работничките синдикати бргу прибегнуваат кон насилство ако нивните барања не бидат прифатени. Станува се појасно и појасно дека жителите на овој свет не се во согласност со Бога. Никаква научна теорија не може да го објасни постојаното делување на причинителите на злото под заповедништво на сатаната. При секое собирање на масите на дело се злите ангели, кои ги поттикнуваат луѓето на насилство…

Изопаченоста и суровоста на луѓето ќе достигнат такви размери што Бог ќе мора да се покаже во сето Свое величество. Многу бргу расипаноста на светот ќе ги премине границите и, како во деновите на Ное, Бог ќе ги излее своите судови. (UL стр. 334)

Страшните известувања за убиства и грабежи, за железнички несреќи и за насилнички дела кои ги слушаме, како да ни зборуваат дека се приближил крајот на се. Сега, токму сега, треба да се подготвиме за Господовото второ доаѓање. (Letter 308)

Војни и катастрофи

Се наближува бура. Ние мораме да се подготвиме за нејзиниот бес каејќи се пред Бога и покажувајќи вера во нашиот Господ Исус Христос. Господ ќе стане страшно да ја потресе Земјата. На сите страни ќе гледаме неволји. Илјадници бродови ќе завршат во морските длабочини. Ќе бидат потопувани морнарици и жртвувани милиони човечки животи. Пожарите ќе избувнуваат неочекувано и никакви човечки напори нема да можат да ги изгаснат. Палатите на Земјата ќе исчезнуваат во огнената стихија. Железничките катастрофи ќе се случуваат се почесто. На големите сообраќајници ќе доаѓа до ненадејни метежи, судири и смрт. Крајот е близу, времето на милоста истекува. О, да Го бараме Господа додека може да се најде, да Го призиваме додека е блиску! (MYP стр. 89,90)

Во текот на последните сцени од историјата на оваа Земја ќе беснеат војни. Ќе има болести, помор и глад. Водите од длабочините ќе ги преплават своите граници. Оган и поплави ќе уништуваат имоти и животи. Ние треба да се подготвуваме за становите што Исус отишол да ги приготви за оние кои Го љубат. (Mar стр. 174)

Големи огнени топки

Минатиот петок наутро, пред да се разбудам, ми беше прикажана многу впечатлива сцена. Беше како да се будам од сон, но не во својот дом. Од прозорецот набљудував застрашувачки пожар. Големи огнени топки паѓаа врз куќите, а огнени стрели од топките летаа во сите правци. Беше невозможно да се сопрат пожарите што избувнуваа. Цели населби беа уништени. Луѓето ги обземаше неискажан страв. По извесно време се разбудив и увидов дека се наоѓам дома. (Ev стр. 29)

Видов огромна огнена топка како паѓа меѓу прекрасни палати и како предизвикува нивно моментално уништување. Слушнав како некој зборува: „Знаевме дека Божјите судови ќе се излеваат на Земјата, но не знаевме дека ќе дојдат толку скоро!” Други со очајнички глас извикуваа: „Зарем знаевте! Зошто тогаш не ни кажавте? Ние не знаевме!” (9T стр. 28)

Земјотреси и поплави

Непријателот работел и не престанал да работи. Тој се симнал со голема сила, а Духот Божји се повлекува од Земјата. Бог ја тргнал Својата рака. Треба само да се сетиме на Џонстаун* во Пенсилванија. Бог не го спречил сатаната да го избрише тој град од лицето на Земјата. Токму такви настани ќе стануваат се почести како што ќе се приближуваме кон крајот на светската историја. (1SAT стр. 109)

Земјината кора ќе биде раскината од провали на елементи од длабочината на Земјата. Тие елементи, кога еднаш ќе се ослободат, ќе ги однесат ризниците на оние кои со години го умножувале и натрупувале своето богатство, плаќајќи им бедни дневници на оние што работеле за нив. И религиозниот свет ќе биде страшно потресен, зашто се приближи крајот на се. (3MR стр. 208)

Настапува време кога во еден миг ќе се наоѓаме на цврсто тло, а веќе во следниот земјата под нашите нозе ќе се разниша. Земјотресите ќе се случуваат кога најмалку ги очекуваме. (TM стр. 421)

Пожарите, поплавите, земјотресите, бесот на силите на големата бездна, катастрофи на море и на копно, ни упатуваат предупредување дека Божјиот Дух нема довека да се препира со луѓето. (3MR стр. 315)

Пред Синот Човечки да се појави на небесните облаци, ќе се раздвижат сите природни сили. Молњи од небото, кои ќе се соединуваат со огнот на земјата, ќе направат планините да чадат како печки и реки од лава да покријат села и градови. Маси растопени камења кои ќе стасуваат во водата под дејство на силите сокриени во утробата на Земјата, ќе направат водата да зоврие и да почне да исфрла камења и земја. Ќе дојде до силен земјотрес и до загуба на голем број човечки животи. (7BC стр. 946)

* На 31. мај 1889 година околу 2 илјади жители на Џонстаун ги загубиле животите во поплавата која се урнала врз Градот кога водата по повеќедневните дождови ја срушила браната.

 

Злосторства, глад и помори

Сатаната делува во атмосферата на Земјата; Тој го труе воздухот и затоа само Бог може да го сочува нашиот живот нашиот сегашен и нашиот вечен живот. И бидејќи се наоѓаме во таква положба, мораме да бидеме потполно будни, потполно предадени на Бога, потполно обратени, потполно посветени на Бога. Меѓутоа, се чини дека ние седиме како да сме парализирани. Боже небесен, разбуди не од сонот! (2SM стр. 52)

Бог не ги ограничил силите на темнината во извршувањето на нивното смртоносно дело на загадување на воздухот, еден од изворите на животот и исхраната, со смртоносни испарувања. Не е загрозен само растителниот свет, туку и самиот човек трпи поради болештини… Сето тоа се капки на Божјиот гнев* кој се излева на Земјата, и тие претставуваат само слаби навестувања на она што ќе се случува во блиска иднина. (3SM стр. 391)

Ќе има се повеќе глад. Поморите ќе однесуваат илјадници. Опасности се закануваат насекаде околу нас, од силите кои се надвор од нас и од сатанското дејствување во нас, но сега сеуште дејствува Божјата сила која ги ограничува. (19MR стр. 382)

* Бог ја превзема одговорноста за сето она што го дозволува или не го спречува. Види 2. Мојсеева 3,7; 8,32; 1. Дневникот 10,4.13.14

Ми беше покажано дека Божјиот Дух се повлекува од Земјата. Божјата одржувачка сила наскоро ќе им биде ускратена на сите оние што ќе продолжат да ги кршат Неговите заповеди. Извештаи за измамнички трансакции, убиства и секакви злосторства, секојдневно доаѓаат до нас. Беззаконието станало толку вообичаена појава што веќе не ги ужаснува нашите сетила како некогаш. (Letter 258)

Зошто Бог дозволува катастрофи

Што значат страшните катастрофи на морето кога бродовите одеднаш исчезнуваат во длабочината? Што значат несреќите на копното кога пожари ги уништуваат богатствата што луѓето ги натрупале, главно експлоатирајќи ги сиромасите? Господ нема да се меша да го заштити имотот на оние што го престапуваат Неговиот закон, го кршат Неговиот завет, ја газат Неговата Сабота, прифаќајќи го наместо неа лажниот ден за одмор.

Злата од Господа веќе се излеваат на Земјата уништувајќи ги најскапоцените градби, како да ги однесува огнен здив од небото. Зарем тие судови нема да ги одмаздат оние кои себеси се сметаат за христијани? Бог дозволува да се случуваат за да светот им обрне внимание и грешниците да се исплашат и затреперат пред Него. (3MR стр. 311)

Бог има одредена намера кога дозволува да се случат сите тие катастрофи. Тие се Негово средство да се одмаздат мажите и жените. Делувајќи на необичен начин преку природата, Бог сака на сомничавите човечки суштества да им го покаже она што толку јасно го објавил во Својата Реч. (19MR стр. 279)

Колку често слушаме за земјотреси и урагани, за уништувања со оган и вода со големи губитоци во животи и имоти! Привидно, тие несреќи се само каприциозни провали на неорганизираните, несредени природни сили, сосема надвор од човечка контрола, но со нивна помош сепак можат да се разберат Божјите намери. Тие се вбројуваат во средствата со кои Тој се обидува мажите и жените да ги направи свесни за опасноста што им се заканува. (PK стр. 277)

Идните настани се во Господовата рака

Светот не е без владетел. Програмата на идните настани е во Господовата рака. Величеството на небото ја има во Своја власт судбината на народите како и грижите што ја мачат Неговата црква. (5Т стр. 753)

Овие симболични појави (огнени змии во пустината) имаат двојна цел. Од нив Божјиот народ учи не само дека физичките сили се под контрола на Создателот, туку дека под Негова управа се и верските потфати на народите. Тоа особено се однесува на озаконувањето на празнувањето на неделата. (19MR стр. 281)

Во големата завршна работа ќе се соочиме со неприлики кои нема да знаеме да ги решиме, но да не заборавиме дека трите големи небесни сили работат, дека божествената рака е на кормилото и дека Бог ќе ги изврши Своите намери. (Ev стр. 65)

Како што комплицираниот механизам на тркалата се наоѓал под управа на крилата на херувимите, така и сложената игра на човечките збиднувања се наоѓа под божествена контрола. Среде судирите и вревата на народите, Оној Кој седи над херувимите уште и денес управува со случувањата на оваа Земја. (Ed стр. 178)

Во аналите на човечката историја, нараснувањето на народите, издигнувањето и исчезнувањето на империите, како да зависат од волјата и способноста на човекот; обликувањето на настаните е навидум во голема мерка одредено со неговата сила, амбиција и тврдоглавост. Меѓутоа, во Божјата Реч завесата е поттргната на страна и ние во сите игри и противигри на човечките интереси, сили и страсти, над и зад нив, ги гледаме силите на Семилостивиот, кои тивко, трпеливо ги остваруваат „советите” на Неговата волја. (PK стр. 499,500)

Небесен надзор над случувањата на Земјата

Поштедувајќи му го животот на првиот убиец, Бог на целата вселена и ја објавил пораката која се однесува на големата борба   Негова намера е не само да го скрши

бунтот, туку и на целата вселена да и ја прикаже природата на бунтот… Светите жители на другите светови со најдлабок интерес ги набљудувале настаните што се случувале на Земјата… Бог ги има зад Себе поддршката и љубовта на целата вселена додека чекор по чекор го остварува Својот голем план, полека приведувајќи го кон конечното исполнување. (PP стр. 78, 79)

Христовиот чин на умирање за спасението на човекот нема само да овозможи Небото да стане достапно за човекот, туку пред целата вселена ќе Го оправда Бога и Неговиот Син затоа што постапиле така во случајот на бунтот на сатаната. (PP стр. 69)

Целата вселена со неискажан интерес ги набљудува завршните сцени во големата борба помеѓу доброто и злото. (PK стр. 148)

Нашиот мал свет е учебник на вселената.* (DA стр. 19)

* Духот на пророштвото вели дека безгрешните светови и небесните ангели со „Голем интерес” (DA стр. 693) ја набљудувале Христовата борба во Гетсиманија. Разгледувајќи ја Христовата четири илјади години долга борба со сатаната и Неговата конечна победа на крстот, Духот на пророштвото се служи со изрази како што се „небесната вселена гледаше”, ‘„целото Небо и сите безгрешни светови беа сведоци”, „Тие слушнаа”, „Небото набљудуваше”, „каква глетка за целата небесна вселена” и така натаму. Види (DA стр. 693, 759, 760)!

Сподели го ова:

Слични објави