11 Седумте последни зла и праведниците

Сподели го ова:

(Време на голема неволја, втор дел)

Времето на големата неволја отпочнува по истекот на времето на милоста

Кога Христос ќе ја заврши Својата посредничка служба во полза на човекот, ќе започне времето на големата неволја. Случајот на секоја душа тогаш веќе ќе биде одлучен. А крвта на помирувањето нема да стои на располагање за да го измие грешникот од гревот. Кога Исус ќе го напушти Своето место на посредник за човекот пред Бога, ќе биде дадена сериозна изјава: „Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онесчистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!“ (Откровение 22,11) и тогаш Божјиот Дух, Кој ги задржувал настаните, ќе биде повлечен од Земјата. (РР стр. 201)

Божјиот народ се подготвил за тешките времиња што му претстојат Кога ќе заврши објавувањето на веста на третиот ангел, милоста веќе нема да се заложува за грешните жители на оваа Земја. Божјиот народ тогаш ќе ја заврши својата работа. Веќе го примил „позниот дожд” или „освежувањето од лицето Господово” и ќе биде подготвен за тешките времиња што го очекуваат.

Ангелите брзаат натаму наваму по Небото. Ангелот кој се вратил од Земјата објавува дека го завршил своето дело; Светот бил изложен на последната проба и сите оние кои се покажале верни на божествените прописи го примиле „печатот на живиот Бог”. Тогаш Исус ја завршува Својата посредничка служба во небесното светилиште… Христос го извршил помирувањето за Својот народ и ги избришал нивните гревови. Бројот на Неговите слуги се пополнил; „Царството и величеството и власта под сето Небо” треба да им се предадат на наследниците на спасението, а Христос да завладее како Цар над царевите и Господар над господарите. (GC стр. 613,614)

Божјиот народ се подготвил за тешките времиња што му претстојат

Кога ќе заврши објавувањето на веста на третиот ангел, милоста веќе нема да се заложува за грешните жители на оваа Земја. Божјиот народ тогаш ќе ја заврши својата работа. Веќе го примил „позниот дожд” или „освежувањето од лицето Господово” и ќе биде подготвен за тешките времиња што го очекуваат.

Ангелите брзаат натаму наваму по Небото. Ангелот кој се вратил од Земјата објавува дека го завршил своето дело; Светот бил изложен на последната проба и сите оние кои се покажале верни на божествените прописи го примиле „печатот на живиот Бог”. Тогаш Исус ја завршува Својата посредничка служба во небесното светилиште… Христос го извршил помирувањето за Својот народ и ги избришал нивните гревови. Бројот на Неговите слуги се пополнил; „Царството и величеството и власта под сето Небо” треба да им се предадат на наследниците на спасението, а Христос да завладее како Цар над царевите и Господар над господарите. (GC стр. 613,614)

Незамисливо тешки времиња

Времето на неволји и страв што е пред нас ќе бара вера која може да издржи замор, одложување и глад вера која нема да се поколеба иако ќе биде изложена на тешки искушенија…

„Жалосно време какво што немало” наскоро ќе настапи и ќе ни биде потребно искуство кое сега го немаме и кое мнозина пропуштаат да го стекнат. Често се случува да ја преувеличуваме неволјата додека ја очекуваме, но тоа не може да се рече за кризата која е пред нас. И најживата фантазија не може да ја замисли тежината на тоа искушение. (GC стр. 621, 622)

Кога Исус ќе ја напушти Светињата над светињите, Неговиот Дух, Кој го задржувал злото, ќе се повлече од владетелите и од народот. Тие ќе бидат препуштени на власта на злите ангели. И тогаш, според советите на сатаната и под негово раководство, ќе бидат донесени закони кои, кога времето не би било кратко, никого не би оставиле во живот. (1Т стр. 204)

Мнозина ќе појдат на починка пред времето на големата неволја

Не секогаш е добро да бараме безусловно излекување… Бог знае дали оние за кои молитвите се упатуваат ќе бидат во состојба да ги издржат неволјите и пробите што ќе дојдат на нив доколку останат живи. Тој од почетокот го знае крајот. Мнозина ќе бидат земени на починка пред страшните искушенија кои во времето на неволја ќе го снајдат нашиот свет. (CH стр. 375)

Господ често ми велеше дека многу малечки ќе бидат земени на починка пред време на неволјата. Ние повторно ќе ги видиме нашите деца. Ќе ги сретнеме и ќе ги препознаеме во небесните дворови. (2SM стр. 259)

Целта на сатаната е да ги уништи сите што ја празнуваат Саботата

Големиот измамник вели… „Наша основна грижа е да ја замолкнеме сектата на оние што ја почитуваат Саботата… Ние конечно ќе прогласиме закон да се истребат сите кои нема да се покорат на нашиот авторитет.“ (TM стр. 472,473)

Сатаната има намера да направи тие да се избришат од Земјата за да не биде оспорувана неговата превласт на Земјата. (TM стр. 37)

Црквата на остатокот ќе биде изложена на големи неволји и искушенија. Оние што ќе ги држат Божјите заповеди и ќе ја имаат верата Исусова ќе го почувствуваат гневот на змевот и неговите следбеници. Сатаната ги смета луѓето во светот за свои слуги. Тој постигнал контрола над отпаднатите цркви; Но сега се појавува мала чета која се спротивставува на неговата превласт. Кога би успеал да ги избрише од Земјата, неговата победа би била потполна. И како што влијаел врз незнабожечките народи да го уништуваат Израилот, така во блиска иднина ќе ги придвижи безбожните сили на Земјата да го уништат Божјиот народ. (9Т стр. 231)

Докази што се наведуваат против Божјиот народ

Видов дека четири ангели ќе ги задржуваат четирите ветришта се додека Исус не го заврши Своето дело во светилиштето, а тогаш ќе бидат излеани седумте последни зла. Тие зла ќе ги разгневат безбожниците и ќе ги подигнат против праведниците; Ќе помислат дека ние сме виновни што Божјите судови се излеани врз нив и дека злата ќе престанат ако ја исчистат Земјата од нас. (EW стр. 36)

Кога ангелот на милоста ќе ги склопи своите крила и ќе замине, сатаната конечно ќе може да ги направи злата што веќе одамна сакал да ги направи. Бури и луњи, војни и крвопролевања тој ужива во тоа и така ја прибира својата жетва. Тој толку совршено ќе ги заведува луѓето што тие ќе изјавуваат дека тие катастрофи се последица од непочитување на првиот ден во седмицата. Од проповедалните на познатите цркви ќе одекнуваат зборови дека светот е казнет затоа што неделата не се почитува онака како што би требало. (RH 1709.1901)

Ќе се зборува дека малцинството кое се спротивставува на институцијата на Црквата и на законот на државата не смее повеќе да се поднесува; Дека е подобро да страда малцинството отколку цели народи да влетаат во неволји и беззаконие. Со истата причина пред деветнаесет векови се послужиле против Христа „управителите на народот“… таа причина ќе делува уверливо. (GC стр. 615)

Смрт за сите кои не ја почитуваат неделата

Издадена е наредба да се убијат светите и таа ги наведе и дење и ноќе да се молат за избавување. (EW стр. 36,37)

Како што Навуходоносор, царот на Вавилон, издал наредба да бидат убиени сите кои нема да паднат да се поклонат пред неговиот лик, така ќе биде објавен проглас со затвор и смрт да се казнуваат сите кои не ја почитуваат институцијата на неделата… сите внимателно да ја прочитаат тринаесеттата глава од Откровението, затоа што таа се однесува за секој човек, и мал и голем. (14MR стр. 91)

Наскоро за Божјиот народ ќе настапи време на неволја. И тогаш ќе биде издадена наредба дека оние што ја почитуваат Господовата Сабота не можат ниту да купуваат ниту да продаваат. Ќе им се закануваат со казни, дури и со смрт, ако не го почитуваат првиот ден во седмицата како ден за одмор. (HP стр. 344)

Земските сили, здружени во борбата против Божјите заповеди, ќе издадат наредба дека „сите мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови“ (Откровение 13,16) мораат да им се покорат на обичаите на Црквата и да го празнуваат лажниот ден за одмор. Сите што ќе се спротивстават на тоа ќе бидат казнети со граѓански казни, а на крајот ќе биде објавено дека заслужуваат и смрт. (GC стр. 604)

Гневот на луѓето особено ќе се насочи против оние кои го празнуваат денот за одмор според четвртата заповед и конечно ќе биде издаден сеопшт проглас дека заслужуваат смрт. (PK стр. 512)

Смртната пресуда слична на онаа што ја издал

Асвир

Прогласот што конечно ќе биде издаден против остатокот од Божјиот народ ќе биде многу сличен со прогласот што Асвир го издал против Евреите. Денес непријателите на вистинската Црква во малата чета која ја почитува заповедта за денот за одмор го гледаат Мардохеј пред вратата. Почитувањето што Божјиот народ му го укажува на Божјиот закон е постојан укор за оние што го отфрлиле стравот Господов и го газат неговиот ден за одмор. (PK стр. 605)

Видов дека водечките луѓе на Земјата се советуваат и дека сатаната и неговите ангели се вработени околу нив. Видов списи, чии преписи беа испратени во различни делови од Земјата, со наредба дека светите, доколку не се откажат од својата чудна вера, доколку не ја отфрлат Саботата и не го прифатат првиот ден во седмицата, по извесно време може да ги убие секој што ќе сака. (EW стр. 282,283)

Ако Божјиот народ има доверба во Бога и ако со вера се потпре врз Неговата сила, сатанските стапици ќе бидат уништени исто така славно како што биле уништени и во времето на Мардохеј. (ST 22.02.1910)

Бог ќе го одбрани Остатокот

„Во она време ќе стане Михаел, големиот кнез кој ги штити синовите на твојот народ. Тоа ќе биде време на страдање какво немаше откако се луѓето па до тоа време. Во тоа време ќе се спаси Твојот народ сите кои ќе се најдат запишани во Книгата.“ (Даниел 12,1) Кога ќе дојде времето на неволјата, секој случај веќе ќе биде решен; Нема веќе време на милост, нема веќе сомилост кон непокајаните. Печатот на живиот Бог веќе е ставен на Неговиот народ.

Тој мал остаток, без сила самиот да се брани во борбата на живот и смрт со земските сили со кои управуваат четите на змевот, ќе Му ја довери својата одбрана на Бога. Највисоките земски власти ќе издадат наредба дека и Остатокот мора да му се поклони на ѕверот и да го прими неговиот жиг, инаку ќе биде казнет со прогонства и смрт. Бог нека му помогне на Својот народ денес, бидејќи што би можел тој да стори сега, во тој страшен судир, без божествената помош! (5Т стр. 212, 213)

Божјиот народ ги напушта градовите; мнозина се затворени

Бидејќи наредбата, која многу владетели на христијански земји ја издале против оние што ги држат Божјите заповеди, ќе им ја ускрати заштитата на власта и ќе ги предаде во рацете на оние кои го сакаат нивното уништување, припадниците на Божјиот народ ќе избегаат од градовите и селата, ќе се здружуваат во групи и ќе живеат на најпустите и најосамени места. Мнозина ќе најдат прибежиште во заклонот на планините… Но, многу припадници од сите народи и раси, угледни и беззначајни, богати и сиромаси, црни и бели, ќе бидат фрлени во најнеправедно и најсвирепо ропство. Божјите миленици ќе минуваат тешки денови во пранги, зад затворски решетки, осудени на смрт, некои навидум оставени да умрат од глад во темните и одвратни зандани. (GC стр. 626)

Иако со сеопшта наредба било одредено времето кога треба да се убијат оние што ги држат Божјите заповеди, нивните непријатели во некои случаеви ќе се обидат пред време да им го одземат животот. Меѓутоа, никој нема да може да помине покрај моќните чувари кои стојат околу секоја верна душа. Некои ќе бидат нападнати додека бегаат од градовите и селата, но мечевите кренати против нив ќе се кршат како трски и ќе паѓаат на земја. Други ќе ги одбранат ангели во лик на војници. (GC стр. 631)

Припадниците на Божјиот народ во тоа време нема сите да бидат на исто место. Тие ќе бидат поделени во групи и ќе се наоѓаат во сите краишта на Земјата. И ќе бидат искушувани поединечно, а не во групи. Секој ќе мора сам да помине низ проба. (4BC стр. 1143)

Верата на секој поединечен верник во Црквата ќе биде испитана како да тој е единствената личност на светот. (7BC стр. 983)

Куќите и земјата ќе станат бесполезни

Куќите и земјата нема да им бидат од полза на светите во време на неволја, бидејќи тогаш ќе мораат да бегаат од разјареното мноштво. Се разбира дека нема да можат ниту да го продадат својот имот за да го унапредат делото на вистината за ова време…

Видов дека има некои кои го задржуваат својот имот и не прашуваат што им е должност пред Господа. На таквите Бог нема ни да им покаже што се очекува од нив, туку ќе им допушти да задржат се што спечалиле. Меѓутоа, во времето на неволји имотот ќе се испречи пред нив како планина подготвена да ги затрупа. Тие ќе се обидуваат да го продадат, но нема да можат… Но, да сакале да бидат поучени, Бог во време на потреба ќе им покажел кога да продадат и колку да продадат. (EW стр. 56, 57)

Сега е веќе премногу доцна да се припиваме кон своите земски добра. Наскоро непотребните куќи и имоти веќе никому нема да му користат бидејќи Господовото проклетство се потешко ќе ја притиска Земјата. Повикот одекнува: „Продајте го својот имот и дајте го како милостина!“ (Лука 12,33). Таа порака мора верно да се објавува да се вреже во срцата на слушателите дека Божјиот имот мора да Му се врати Нему во вид на прилог за унапредување на Неговото дело на Земјата. (16MR стр. 348)

Како во времето на Јакововите маки

Конечно ќе биде издаден декрет против оние кои го празнуваат денот за одмор според четвртата заповед, одбележувајќи ги како луѓе што заслужуваат најтешка казна и дозволувајќи секому, по одреден рок, да ги убие. Римокатолицизмот на Стариот свет и отпаднатиот протестантизам на Новиот ќе заземат ист став кон оние кои ги почитуваат сите божествени прописи. Божјиот народ тогаш ќе падне во неволји и опасности кои пророкот ги опишува како време на Јакововите маки. (GC стр. 615,616)

На човечкото око ќе му се чини дека припадниците на Божјиот народ наскоро ќе мораат со крв да го потврдат своето сведоштво, како и мачениците пред нив. И тие самите ќе се исплашат дека Господ ги оставил да паднат од раката на нивните непријатели. Тоа ќе биде време на ужасна агонија. И дење и ноќе ќе Го преколнуваат Бога да ги избави… Како и Јаков, сите ќе се борат со Бога. Нивните бледи лица ќе ја одразуваат нивната внатрешна борба. Сепак, тие нема да престануваат да упатуваат најусрдни молитви кон небото. (GC стр. 630)

Искуството на Јаков во текот на таа ноќ на борба и страв претставува борба низ која Божјиот народ ќе мора да помине непосредно пред второто Христово доаѓање. Пророкот Еремија, гледајќи го тоа време во видение, вели: „Слушам крик и ужас, а тоа е стравотија, а не мир… Зошто се сите лица изобличени и побледени? Леле, зашто е голем овој ден, сличен нему не бил! Време на неволја за Јакова, но ќе се избави од неа“ (Еремија 30,5-7) (PP стр. 201)

Праведните немаат скриени престапи

Кога Божјиот народ во време на неволјата, додека се бори со трепетот и стравот, би морал да се сеќава и на своите непризнаени гревови, би бил надвладеан; Очајот би ја поткопал неговата вера и не би имал храброст да Му се обрати на Бога и да бара избавување. Меѓутоа, иако е длабоко свесен за својата недостојност, тој нема никакви непризнаени престапи што би можел да ги изнесе. Неговите гревови се испратени на суд и веќе избришани; Така што веќе не може ниту да се сети на нив. (GC стр. 620)

Божјиот народ… е длабоко свесен за своите недостатоци и додека размислува за својот живот, неговата надеж не се гаси. Меѓутоа, сеќавајќи се на големината на Божјата милост и на своето искрено покајание, ќе се потпре на ветувањата што Христос им ги дал на беспомошните грешници кои се кајат. Неговата вера нема да ослабне ако неговите молитви не бидат веднаш вослишени. Тој ќе се потпре на Божјата сила, како што Јаков се потпрел на ангелот. Молитвата на неговата душа ќе гласи: „Не те пуштам додека не ме благословиш!“ (PP стр. 202)

Светите нема да го загубат животот

Бог нема да дозволи злите да ги убијат оние што очекуваат вознесение и не сакаат да им се поклонат на наредбите на ѕверот ниту да го примат неговиот жиг. Видов дека сатаната и сите негови зли ангели, и сите кои Го мразат Бога, би биле многу задоволни кога би им било дозволено да ги убијат светите. О, колку победоносно би се чувствувало неговото сатанско величество кога во последната завршна борба би добил власт над оние кои веќе толку долго чекаат да Го видат Оној кого Го љубат! Оние кои се подбивале со помислата дека светите ќе бидат земени на Небо ќе мораат да гледаат како Бог се грижи за Својот народ и како славно го избавува. (EW стр. 284)

Божјиот народ нема да биде поштеден од страдања; Но, иако ќе биде прогонуван и малтретиран, иако ќе мора да трпи немаштија, иако нема да има доволно храна, нема да биде оставен да пропадне. (GC стр. 629)

Кога крвта на Христовите верни сведоци би била пролеана во тоа време, не би станала, како некогаш крвта на мачениците, семе кое би донело жетва за Господа. (GC стр. 634)

Бог ќе се погрижи

Господ неколку пати ми покажа дека не е во согласност со Библијата да создаваме било какви залихи поради подмирувањето на своите телесни потреби во време на неволја. Видов дека храната, што светите би ја сокриле кај себе или во полето во време на неволја, кога мечот, гладот и болеста ќе пустошат со земјата, од нив би ја одземале рацете на насилниците и дека туѓинци би ги пожнеале нивните полиња.

Тоа ќе биде време кога целосно ќе се потпираме на Бога и кога Тој ќе не храни. Видов дека Тој ќе ни обезбеди леб и вода, дека нема да бидеме скудни ниту ќе трпиме глад, зашто Бог е во состојба да ни постави софра и во пустина. Кога тоа би било неопходно, Тој би испратил гаврани да не хранат, како што го хранеле Илија, или би пуштил мана од небото, како што сторил за Израелците. (EW стр. 56)

Видов дека пред нас е време на неволја, кога сериозна потреба ќе го натера Божјиот народ да живее на леб и вода… во време на неволја никој нема да работи со своите раце. Неволјите ќе бидат од духовна природа и Бог ќе се грижи за храната. (Мѕ 2)

Време на неволја е непосредно пред нас и тогаш, поради крајна немаштија, од Божјиот народ ќе се бара да си ускрати многу нешта и да јаде само колку да го одржи голиот живот. Бог ќе не подготви за тоа време. Во тоа страшно време нашата потреба ќе биде можност за Бога да ни ја подари Својата сила, да го зајакне и одржи Својот народ. (1Т стр. 206)

Леб и вода, тоа е се што му е ветено на Божјиот народ во време на неволјата. (SR стр. 129)

Во време на неволјата, непосредно пред Христовото доаѓање, праведните ќе бидат сочувани со помош на небесните ангели. (PP стр. 256)

Без посредник, но во постојана врска со Христа

Христос го извршил помирувањето за Својот народ и ги избришал неговите гревови. Бројот на Неговите слуги е пополнет…

Кога Тој ќе го напушти светилиштето, темница ќе ги покрие жителите на Земјата. Во тоа страшно време праведните ќе мораат да живеат пред лицето на светиот Бог без посредник. (GC стр. 613,614)

Ќе го заборави ли Господ Својот народ во тоа тешко време?… Иако непријателите можат да ги фрлат во затвор, ѕидовите на ќелиите не можат да ја прекинат врската помеѓу нивните души и Христа. Оној Кој ја познава секоја нивна слабост, Кој е запознаен со секое нивно искушение, е повисок од сите земски сили; Затоа ангелите ќе доаѓаат во нивните осаменички ќелии и ќе им донесуваат светлина и мир од Небото. Затворот ќе стане како палата, бидејќи во него ќе живеат богати со вера, темните ѕидови ќе бидат осветлени со небесна светлина како кога Павле и Сила на полноќ се молеле и пееле благодарствени песни во ќелијата во Филипи. (GC стр. 630,633)

Никој не е во состојба да го опише искуството на Божјиот народ кој ќе живее на Земјата во времето кога небесната слава ќе се измеша со повторувањето на прогонствата од минатото. Тие ќе чекорат во светлината што блеска од Божјиот престол. Со помош на ангелите ќе се одржува постојана врска помеѓу небото и Земјата…

Среде времето на неволја кое доаѓа неволја каква што немаше откако постојат народите па до тогаш Божјиот избран народ ќе остане непоколеблив. Сатаната и неговите војски нема да можат да го уништат, бидејќи ќе го штитат ангели кои се полни со сила. (9Т стр. 16,17)

Божјиот народ нема да има никакви грешни желби

Сега, додека нашиот голем Поглавар свештенички го извршува помирувањето за нас, треба да се трудиме да бидеме совршени во Христа. Дури ни во мислите, нашиот Спасител не можел да биде наведен да попушти пред силата на искушението. Во човечките срца сатаната наоѓа некоја точка што може да ја искористи како свое упориште; Се негува по некоја грешна желба со чија помош неговите искушенија добиваат сила. Меѓутоа, Христос за Себе рекол: „зашто доаѓа кнезот на овој свет; тој нема ништо во мене!“ (Јован 14,30) Во Божјиот Син атаната не можел да пронајде ништо што би му помогнало да извојува победа. Христос ги држел заповедите на Својот Отец и во него немало грев кој сатаната би можел да го претвори во своја предност. Тоа е состојбата во која мораат да се најдат оние што сакаат да опстанат во време на неволјата. (GC стр. 623)

Продолжува битката против самиот себе

Се додека сатаната владее, ние ќе мораме да се откажуваме од себеси, да ги победуваме вкоренетите гревови; се додека трае животот, нема да има починка, нема да има состојба која би можела да не наведе да кажеме: „потполно достигнав!“ Посветувањето е последица на послушноста во текот на целиот живот. (AA стр. 560,561)

Мораме да водиме постојана битка против својот телесен ум; Во тоа мора да ни помага Божјата милост со своето влијание кое ќе не облагороди, кое нашиот ум ќе го привлече кон она што е горе, кое ќе го навикне да размислува за она што е чисто и свето. (2Т стр. 479)

Ние во своите мисли можеме да си создадеме некој нереален свет или да замислуваме некоја идеална Црква во која искушенијата на сатаната веќе нема да не наведуваат на зло; Но, совршенството ќе постои само во нашата фантазија. (RH 08.08.1893)

Кога човечките суштества ќе добијат посветено тело, нема да останат на Земјата, туку ќе бидат земени на Небо. Иако гревовите им се простени веќе во овој живот, нивните последици сеуште не се потполно отстранети. Дури при Своето доаѓање Христос „ќе го преобрази нашето унижено тело, според дејствието на Неговата сила“ (Филипјаните 3,21). (2SM стр. 33)

Сто четириесет и четири илјади

„И пееја нова песна пред престолот“ песна која никој не можел да ја научи освен сто четириесет и четирите илјади. Тоа е песната на Мојсеј и на Јагнето песна на избавувањето. Никој освен сто четириесет и четирите илјади не може да ја научи таа песна, затоа што тоа е песната на нивното искуство искуство кое ниту една друга група никогаш не го имала. „Тие одат по Јагнето каде и да оди.“ Тие се пренесени од Земјата, помеѓу живите, и вброени во „првенците на Бога и на Јагнето“ (Откровение 15,2.3; 14,1-5). „Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја“ (Откровение 7,14); Тие поминале низ време на неволја каква што немало откако постојат народите па до тогаш; Тие го издржале стравот во времето на Јакововите маки; Тие опстанале без посредник во текот на конечното излевање на Господовите судови. (GC стр. 648,649)

Не е по Божја волја тоа што тие се судираат околу прашања кои нема да им донесат никаква духовна полза, како што е прашањето: Кој ќе ги сочинува сто четириесет и четирите илјади? Тоа, оние кои се Божји избраници, без сомнение ќе го знаат за кусо време. (1SM стр. 174)

Божјиот народ избавен

Четите на сатаната и безбожните луѓе ќе ги опколат ликувајќи, бидејќи ќе се чини дека им е пресечена секоја отстапница. Меѓутоа, среде таа бучна, победоносна веселба ќе одекне татнеж и повторно татнеж како најголема грмотевица. Небото е темно, а го осветлува единствено блескава светлина и страшна божествена слава додека Бог проговара од Своето свето престојувалиште.

Темелите на земјата се тресат, градбите се нишаат и паѓаат со силен тресок. Морето е зовриено како вода во котел и целата Земја е страшно разбранувана. Праведниците не се веќе робови и тие со пријатен, свечен шепот се обраќаат едни на други: „Ние сме слободни. Тоа беше Божјиот глас!“ (1Т стр. 353,354)

Кога заштитата на човечките закони ќе им биде ускратена на оние што го почитуваат Божјиот закон, во разни земји истовремено ќе бидат организирани движења за нивно уништување. Кога времето означено во декретот ќе наближи, луѓето ќе почнат да се договараат како да ја истребат омразената секта. Ќе биде одлучено една ноќ да се зададе одлучувачкиот удар, кој засекогаш ќе го замолкне гласот на раздор и укор.

Божјиот народ некои во затворски ќелии, некои сокриени во оддалечените сокровишта по шумите и планините и натаму ја бара Божјата заштита, додека на сите страни група вооружени луѓе, подбуцнувани од четите на злите ангели, се подготвуваат за своето смртоносно дело… Со победоносна вика, подбивање и клетви четите злосторници се подготвуваат да тргнат на својот плен, но, ете, длабока темнина, потемна од ноќта, ја обвиткала земјата…

Токму на полноќ Бог ја покажува Својата сила за да го ослободи Својот народ… Среде разјареното небо се гледа блескав простор со неопишана слава од каде допира Божјиот глас како звук на многу води, велејќи „Се сврши!“ (Откровение 16,17) Тој глас ги потресува и небото и земјата…

Господските палати, во кои најпознатите луѓе на светот го вложувале своето богатство за да се прослават, се распаѓаат пред нивните очи. Ѕидовите на ќелиите се уриваат и Божјиот народ, кој бил затворен поради својата вера, сега е слободен. (GC стр. 635-637)

Сега, додека нашиот голем Поглавар свештенички го извршува помирувањето за нас, треба да се трудиме да бидеме совршени во Христа. Дури ни во мислите, нашиот Спасител не можел да биде наведен да попушти пред силата на искушението. Во човечките срца сатаната наоѓа некоја точка што може да ја искористи како свое упориште; Се негува по некоја грешна желба со чија помош неговите искушенија добиваат сила. Меѓутоа, Христос за Себе рекол: „зашто доаѓа кнезот на овој свет; тој нема ништо во мене!“ (Јован 14,30) Во Божјиот Син сатаната не можел да пронајде ништо што би му помогнало да извојува победа. Христос ги држел заповедите на Својот Отец и во него немало грев кој сатаната би можел да го претвори во своја предност. Тоа е состојбата во која мораат да се најдат оние што сакаат да опстанат во време на неволјата. (GC стр. 623)

Продолжува битката против самиот себе

Се додека сатаната владее, ние ќе мораме да се откажуваме од себеси, да ги победуваме вкоренетите гревови; се додека трае животот, нема да има починка, нема да има состојба која би можела да не наведе да кажеме: „потполно достигнав!“ Посветувањето е последица на послушноста во текот на целиот живот. (AA стр. 560,561)

Мораме да водиме постојана битка против својот телесен ум; Во тоа мора да ни помага Божјата милост со своето влијание кое ќе не облагороди, кое нашиот ум ќе го привлече кон она што е горе, кое ќе го навикне да размислува за она што е чисто и свето. (2Т стр. 479)

Ние во своите мисли можеме да си создадеме некој нереален свет или да замислуваме некоја идеална Црква во која искушенијата на сатаната веќе нема да не наведуваат на зло; Но, совршенството ќе постои само во нашата фантазија. (RH 08.08.1893)

Кога човечките суштества ќе добијат посветено тело, нема да останат на Земјата, туку ќе бидат земени на Небо. Иако гревовите им се простени веќе во овој живот, нивните последици сеуште не се потполно отстранети. Дури при Своето доаѓање Христос „ќе го преобрази нашето унижено тело, според дејствието на Неговата сила“ (Филипјаните 3,21). (2SM стр. 33)

Сто четириесет и четири илјади

„И пееја нова песна пред престолот“ песна која никој не можел да ја научи освен сто четириесет и четирите илјади. Тоа е песната на Мојсеј и на Јагнето песна на избавувањето. Никој освен сто четириесет и четирите илјади не може да ја научи таа песна, затоа што тоа е песната на нивното искуство искуство кое ниту една друга група никогаш не го имала. „Тие одат по Јагнето каде и да оди.“ Тие се пренесени од Земјата, помеѓу живите, и вброени во „првенците на Бога и на Јагнето“ (Откровение 15,2.3; 14,1-5). „Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја“ (Откровение 7,14); Тие поминале низ време на неволја каква што немало откако постојат народите па до тогаш; Тие го издржале стравот во времето на Јакововите маки; Тие опстанале без посредник во текот на конечното излевање на Господовите судови. (GC стр. 648,649)

Не е по Божја волја тоа што тие се судираат околу прашања кои нема да им донесат никаква духовна полза, како што е прашањето: Кој ќе ги сочинува сто четириесет и четирите илјади? Тоа, оние кои се Божји избраници, без сомнение ќе го знаат за кусо време. (1SM стр. 174)

Божјиот народ избавен

Четите на сатаната и безбожните луѓе ќе ги опколат ликувајќи, бидејќи ќе се чини дека им е пресечена

секоја отстапница. Меѓутоа, среде таа бучна, победоносна веселба ќе одекне татнеж и повторно татнеж како најголема грмотевица. Небото е темно, а го осветлува единствено блескава светлина и страшна божествена слава додека Бог проговара од Своето свето престојувалиште.

Темелите на земјата се тресат, градбите се нишаат и паѓаат со силен тресок. Морето е зовриено како вода во котел и целата Земја е страшно разбранувана. Праведниците не се веќе робови и тие со пријатен, свечен шепот се обраќаат едни на други: „Ние сме слободни. Тоа беше Божјиот глас!“ (1Т стр. 353,354)

Кога заштитата на човечките закони ќе им биде ускратена на оние што го почитуваат Божјиот закон, во разни земји истовремено ќе бидат организирани движења за нивно уништување. Кога времето означено во декретот ќе наближи, луѓето ќе почнат да се договараат како да ја истребат омразената секта. Ќе биде одлучено една ноќ да се зададе одлучувачкиот удар, кој засекогаш ќе го замолкне гласот на раздор и укор.

Божјиот народ некои во затворски ќелии, некои сокриени во оддалечените сокровишта по шумите и планините и натаму ја бара Божјата заштита, додека на сите страни група вооружени луѓе, подбуцнувани од четите на злите ангели, се подготвуваат за своето смртоносно дело… Со победоносна вика, подбивање и клетви четите злосторници се подготвуваат да тргнат на својот плен, но, ете, длабока темнина, потемна од ноќта, ја обвиткала земјата…

Токму на полноќ Бог ја покажува Својата сила за да го ослободи Својот народ… Среде разјареното небо се гледа блескав простор со неопишана слава од каде допира Божјиот глас како звук на многу води, велејќи:

„Се сврши!“ (Откровение 16,17) Тој глас ги потресува и небото и земјата…

Слични објави