ВДАХНОВЕНИЕТО И ОБЛЕКАТА

Сподели го ова:

Во Еден

Првата информација за облеката во Божјата реч е запишана во Битие 2:25: “И беа обајцата голи, Адам и жената негова, и не се срамеа.”

Вие сигурно во себе ќе се запрашате: “Текстот не зборува за облека, туку за голотија!” Само момент! Каков вид на облека ја карактеризирал првата брачна двојка пред гревот?

“Безгрешната брачна двојка немала на себе вештачка облека; тие биле наметнати со плашт на светлина и слава, со облека каква што носат и ангелите. Со таа облека на светлина биле облечени сѐ додека му биле послушни на Бога.” – Патријарси и пророци, 45.

Тажно е тоа што од сите илустрации за Адам и Ева во рајот се стекнува впечаток дека тие биле голи, но всушност во реалноста тие биле целосно прекриени со божествена слава, како што е случај со ангелите кои никогаш не згрешиле. Обратете внимание на реченицата од првиот цитат: “Со таа облека на светлина биле облечени сѐ додека му биле послушни на Бога.”

Што се случило со покривката од светлина кога безгрешниот пар не ги послушал божествените инструкции?

“Тогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.“ (Битие 3:7).  Сега да, тие навистина биле голи!

“Откако згрешил, и на Адама му се сторило како да преминал во повисоки сфери на постоење. Но помислата дека згрешил набргу го исполнила со ужасен страв. Воздухот, кој до тогаш бил толку благ и со постојана температура, сега на грешната брачна двојка им се чинел остар и грозно студен. Исчезнала нивната дотогашна љубов и мир, а наместо тоа се појавило чувство на вина, страв од иднината и свест за голотијата на душата. Исчезнала и облеката на светлината со која до тогаш биле препашани, па морале да се потрудат, наместо неа, да си „направат себеси скутници“, зашто не можеле необлечени да излезат пред Бога и пред светите ангели.” – Патријарси и пророци, 57.

Има неколку точки кои треба да се нагласат во оваа инспиративна порака напишана од Ellen G. White:

После гревот, првата двојка го загубила мирот со Бога и ги опфатило чувство за голотија. Тие се чувствувале голи во душата. Таа внатрешна голотија – во срцето – нашла одек во отстранувањето на прекривката од светлина која ги обвиткувала. Физички тие биле исто така голи. Тие се труделе да се покријат со “смоквини лисја.” Можам да замислам како нивната нова облека, направена од лисја, се покажала целосно неефикасна во Божјото присуство. Кога Господ ги побарал, се обиделе да се сокријат од својот Создател. Кога Бог го побарал Адам тој одговорил: “Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.” (Битие 3:10). Колку засрамени биле Адам и Ева во присуство на Бога со таков вид на прекривка! Голотијата на душата била проследена со физичка голотија, бидејќи внатрешната праведност се открива однадвор. Душата што е покриена со Христовата праведност го покрива телото со нешто што претставува праведност внатре. Физичката голотија како општо правило е резултат на духовната голотија.

Откако Адам и Ева биле убедени во нивниот тежок грев, Бог не ги напуштил, туку го претставил планот на откуп (Битие 3:15) и им дал достоинствена и соодветна прекривка. “А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив.”  (Битие 3:21). Преку Евангелието, Бог ни дава духовни облеки на Христовата правда за да можат луѓето да дојдат повторно пред Неговото присуство, а Тој ни обезбедува и пристојна и соодветна облека што ја одразува праведноста на Христос во срцето.

“Внатрешната правда се открива однадвор. Оној кој е праведен одвнатре нема да биде груб или без сочувство, туку од ден на ден тој се преобразува во Христовиот лик, од сила во сила. Кој е посветен со вистината, тој знае да владее со себе и го следи Христовиот пример додека славата не ја замени милоста. Правдата со која се оправдуваме ни се припишува; а правдата со која се посветуваме, ни се дава. Првата ни дава право на небо, а втората нѐ оспособува за небото.” – Messages to Young People, p. 35.

Пред да се облечеме како христијани, ние мора да станеме христијани. Пренасочувањето на овие фактори може да биде фатално за душата. Христијанинот е некој кој е сличен на Христос, а вистинскиот христијанин е подготвен да ги жртвува сите желби и навики кои се спротивни на Христовата волја. “Ако некој сака да врви по Мене,”  рекол Исус, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи.”  (Матеј 16:24).

“Но, иако Бог е праведен, Тој сепак може да го оправда грешникот преку Христовите заслуги, никој не може да ја покрие својата душа со облеката на Христовата праведност, додека ги практикува познатите гревови или ги занемарува познатите должностите. Бог бара целосно предавање на срцето, пред да може да оправда. И за да може човекот да остане оправдан, тој треба да биде постојано послушен преку активна, жива вера, која работи со љубов и ја чисти душата.” – Faith and Works, p. 100. 

Сина врвца

Бог му дал конкретни упатства на древниот Израел во врска со нивната облека: И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: ‘Зборувај им на Израеловите синови и речи им: Нека прават реси на рабовите на своите облеки, од род до род; а за ресата на секој раб нека врзуваат сина врвца, Ќе имате реси за да ве потсетува погледот врз нив на сите Господови заповеди. Исполнувајте ги, а не се занесувајте со своето срце и со своите очи што толку лесно ве заведуваат во неверие. Така ќе си спомнувате за сите Мои заповеди, ќе ги исполнувате и ќе бидете свети пред вашиот Бог.”  (Броеви 15:37-40). 

Ellen G. White прави паралела помеѓу сината врвца која им била дадена на Израелците и реформираната облека која треба да го карактеризира Божјиот народ денес:

“Упатена сум на Броеви 15:38-41 [цитирано погоре]: Овде Бог изрично заповедал многу едноставен стил на облека за израелските деца, со цел да ги разликува од идолопоклонските народи околу нив. Откако ќе ја виделе нивната особеност во облекувањето, луѓето  требало да се потсетат дека тие се оној народ кој ги држи Божјите заповеди, и дека Тој на чудесен начин ги избавил од египетското ропство, за да Му служат Нему и да бидат Негов свет народ. Тие не смееле да се поведуваат по своите желби, ниту да ги имитираат идолопоклонските народи околу нив, туку да останат посебен, особен народ, за да можат сите што гледаат на нив да речат: Ова се оние што Бог ги изведе од египетската земја и кои ги држат Десетте заповеди. Припадниците на израелскиот народ секој можел да ги препознае штом ќе ги види, бидејќи со ова едноставно обележје Бог ги издвоил како Свои.

“Наредбата која Бог им ја дал на Израелците да постават сина врвца на својата облека немала директно влијание врз нивното здравје. Божјите благослови биле условени единствено со нивната послушност, а врвцата само ги потсетувала на високите барања на Јехова: да не се мешаат со другите народи, и да не присуствуваат на нивните гозби и пијанки каде се јадело свинско месо и други богати јадења штетни за здравјето. Бог сака Неговиот народ да ја прифати реформата во облекувањето,  не само како Негов “избран народ” да се разликува од останатиот свет, туку затоа што реформата во облекувањето е важна и за физичкото и за менталното здравје. Додека тврдат дека се Божји народ, тие во голема мера ги загубиле своите посебни белези; почнале постепено да се прилагодуваат на припадниците на останатиот свет и да се мешаат со нив, така што во многу нешта станале исти како нив. Тоа не е според Божјата волја. Тој ги повикува, како некогаш и Израеловите синови, да се одвојат од неверниците и да ги остават нивните идолопоклонички обичаи, да не се поведуваат по своето непосветено срце (зашто нивните срца се непосветени) и по своите очи, кои често ги наведуваат да се одвојат од Бога и да се прилагодуваат на овој свет.

“Мора да се преземе нешто, со што Божјиот народ ќе ја раскине својата толку голема поврзаност со светот. Реформната облека е едноставна и здрава, но да се прифати значи да се земе крстот. Му благодарам на Бога за крстот и со задоволство се наведнувам да го подигнам. Како народ, толку сме се соединиле со светот, така што сме го загубиле од поглед крстот и подготвеноста нешто да поднесеме поради Христос.

“Не треба самите да си создаваме крст, но ако Бог ни го покаже крстот, ние треба да го носиме со радост. Со подготвеноста да го прифатиме крстот ние се разликуваме од светот, кој не нѐ сака и ни се потсмева на нашата особеност. Христос беше омразен од светот, бидејќи Тој не беше од светот. Можат ли Неговите следбеници да очекуваат да поминат подобро од својот Учител? Ако не наидуваме на никаква осуда и неодобрување од страна на луѓето од светот, тоа треба да нѐ загрижи, затоа што тоа значи дека сме се прилагодиле со светот во толкава мера, така што сме станале како нив и со ништо не ја предизвикуваме нивната завист или злоба; нема никакви причини за судири. Светот го презира крстот.Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.” (1 Коринтјаните 1:18). А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот.” (Галатјаните 6:14).” – 1 Сведоштво, 524. 525.      

Облеката и богослужбата

Бог јасно го поучил Својот народ за соодветната облека што требало да се носи кога се поклонувал во светилиштето. Во врска со свештеничките облеки, напишано е:

А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата; и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев (врз себе), та да не умрат. Тоа нека биде вечен закон за него и за потомството негово по него.” (Излез 28:42.43). 

И да не се качуваш по скали до жртвеникот Мој, за да не се открие голотијата твоја.” (Излез 20:26).

Да разгледаме некои важни детали. Мојсеј добил конкретни упатства во врска со облеката на свештениците. Една од инструкциите на Господ, која детално ја објаснува, се чини дека не е толку важна, но Бог имал за цел: “да не се открие голотијата твоја“. Кога ќе се земат во предвид стиховите што веќе се спомнати во 28. глава, стих 42 и 43, каде што вели дека ленените кошули треба да ги покриваат “од крстот до бедрата“, каква голотија се спомнува во Излез 20:26? Делот од бутот надолу. Со други зборови, таа делумна голотија била осудена од Господ. Затоа, кога Божјото Слово зборува за голотија, тоа не секогаш се однесува на целосно отсуство на облека. Делумната голотија е исто така осудена од Господ, и за мажите и за жените. Претставете си некој поклоник во светиот храм, и таму  гледа некого само делумно гол, доволно е за да го оддалечи својот ум од Бога. Вниманието, што треба да биде насочено исклучиво на поклонувањето, ќе биде пренасочено поради излагањето на делумна голотија.

Некој можеби ќе рече: “Ние не можеме да ги примениме правилата што се однесуваат на свештениците и на луѓето воопшто.” Да не заборавиме дека Божјиот народ во христијанската религија е познат како “избран род, царско свештенство, свет народ.” (1 Петрово 2; прв дел). Која е Божјата цел за Неговиот народ? “Да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина.” Апостол Павле додава: “Кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ; вие кои некогаш не бевте помилувани, сега сте помилувани.” (1 Петрово 2: 9,10).

Во популарните цркви, во некои посебни случаи, одговорните преземаат неопходни чекори за да се осигурат дека кога некоја сестра ќе излезе на подиумот, таа ќе биде соодветно облечена со што нема да го одвлече вниманието на верникот.

Визијата за трите модели на женска облека

Во деветнаесеттиот век, кога “божицата на модата” ги заробила особено жените со стил на облекување, тоа само предизвикало проблеми во секоја смисла на зборот – физички, морални и финансиски – и Бог му испратил посебна светлина на Својот народ за потребата од реформа.

Кога предметот на облекување го добива своето најголемо внимание, Ellen G. White добива визија за  три категории облечени во различен стил на фустани.

“Три категории на жени поминаа пред мене, со различна должина на нивните фустани: Првите беа со модерна должина, ги оптоваруваа екстремитетите, го попречуваа чекорот и ја собираа целата нечистотија по улиците; лошите резултати на оваа категорија целосно ги појаснив. Оваа категорија, која беше роб на модата, изгледаше слаба и апатична.

Облеката на втората категорија на жени која помина пред мене во многу аспекти беше како што треба. Екстремитетите беа добро покриени. Тие беа ослободени од тиранинот, модата, кој ја имаше окупирано првата категорија, но отишле до таа крајност што со кратката облека предизвикуваа одвратност и предрасуди кај добрите луѓе и си го уништуваат сопствениот углед… Должината на фустанот не стига ниту до колено. Нема потреба да кажам дека овој стил на облекување ми беше прикажан дека е прекраток.” – The Review and Herald, October 8, 1867 [3SM, 278].

Да разгледаме некои важни детали за оваа втора категорија. Во оваа категорија беа, да речеме, повеќе од 50% добро облечени, делови од телото беа добро покриени. Кои делови? Не нозете, бидејќи недостатокот на овој стил беше токму краткоста на фустанот. Заклучуваме дека рамената се добро покриени, нели? Ако фустанот не стига до колената, а телото е добро покриено, тоа значи дека рацете се добро заштитени, а не нозете.

Да ја разгледаме третата категорија:

“Третата категорија помина пред мене со радосен изглед, и слободен, еластичен чекор. Должината на нивниот фустан ја опишав како правилна, скромна и здрава… Фустанот беше чист и покрај нечистотијата на улицата и беше неколку инчи над земјата во сите околности, како што се качувањето и симнувањето од некоја висина.” –Исто.  

Одлики на третата категорија: 1. Радосен изглед; 2. слободни, еластични чекори така што нивните фустани не ги метеа улиците; 3. соодветна должина. Ќе стигнеме до идеалната должина, според инструкциите на слугата Божји… 

“Како што реков претходно, должината не ми беше дадена во инчи..

Односот на визијата во писмена форма и во пракса

“И овде ќе кажам дека иако сум зависна од Господовиот Дух во пишувањето на моите ставови додека ги примам, сепак, зборовите што ги употребувам во опишувањето на она што сум го видела се мои, освен ако не се зборови на ангел, кои јас секогаш ги ставам во наводници.”

„Како што напишав по предметот на облекување, погледот на овие три категории оживеа во мојот ум јасно како кога ги гледав во визија; но мене ми беше оставено да ја опишам должината на пристојниот фустан на мој начин најдобро што можев, што јас го направив наведувајќи дека долниот дел од фустанот би требало да стига блиску до горниот дел од женска чизма, што би било неопходно за да се исчисти нечистотијата од улиците под претходно споменатите околности.

Ја одредив должината на фустанот според тоа што го видов и ја опишав според моето гледиште. Моите сестри од Северен Мичиген го прифатија тоа. Со цел да се обезбеди унифицираност на должината насекаде, беше донесено правило и утврдено е дека должината на фустанот се движи од осум до десет инчи од подот. Некои од нив беа малку подолги од примерокот што ми беше покажан, додека други беа малку пократки. ” — Исто.

Ве молам имајте на ум важен детал:  “Нашите фустани се движеа од осум до десет инчи од подот.”

Инч е стандардна мерка што се користи во Соединетите Американски Држави, еквивалентна на 2.54 центиметри. Значи, осум инчи, се 20.32 центиметри, а десет инчи се 25.4 центиметри, во ред?

Должината на препорачаниот фустан се движи помеѓу овие две мерки во зависност од висината на личноста.

Разбирање на Второзаконие 22:5

Друго прашање што влијаеше на некои сестри во некои места е искушението да се носат долги панталони или тренерки. Што вели Вдахновението за ова?

Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.” (Второзаконие 22:5).   

Која е целта на Сатаната да ги направи облеките на мажите и жените толку слични?

Во денешното општество често сме збунети од личноста поради неговиот/нејзиниот изглед. Гледаме мажи со долга коса и жени со кратка коса. “Мажи” со женски гестови и манири, и “жени” со однесување соодветно за мажите. Нивната облека, исто така, создаде многу проблеми со идентитетот. Сатаната сака мажите и жените да бидат толку слични така што ќе ги елиминираат карактеристиките што ги идентификуваат, создавајќи сличност што доведува до грешна сексуална определба.

“Постои уште еден стил на облекување, кој ќе биде усвоен од категоријата на т.н. реформатори на облекувањето. Тие ќе го имитираат спротивниот пол, колку што е можно повеќе… Во овој стил на облекување Божјиот поредок е обратен и неговите посебни насоки не се земаат во предвид. Второзаконие 22: 5. “Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.” Овој стил на облекување, Бог не би го одобрува за Неговиот народ. Тоа не е скромна облека и воопшто не одговара за скромни, понизни жени кои тврдат дека се Христови следбеници. Божјите забрани лекомислено ги сфаќаат сите оние што се залагаат за отстранување на разликата на облеката помеѓу мажите и жените…

“Бог одредил дека треба да постои јасна разлика помеѓу машката и женската облека, и го смета ова прашање како  доволно важно за да даде експлицитни упатства во врска со тоа; Истата облека што ја носат двата пола ќе предизвика конфузија и голем пораст на криминалот.” –Selected Messages, vol. 2, pp. 477, 478.

Многу Божји слуги во минатото биле идентификувани по нивната облека. Пророците Илија и Јован Крстител имале слични карактеристики и биле препознаени од царевите и луѓето преку пораките што ги проповедале и според нивниот стил на облека. Царот Охозија го идентификувал пророкот Илија кога го слушнал описот на неговата облека.

Тој ги праша (Охозија): „Каков беше на изглед тој човек кој ве сретна и кој ви ги рече тие зборови? А тие му одговорија: „Тоа беше човек во кожув и со кожен појас околу половината.” Тој рече: „Тоа е Илија Тесвиецот .” (2 Цареви 1:7, 8).

Во врска со облекувањето на Јован напишано е: А Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.”  (Матеј 3:4). 

“Во времето на Јован Крстител, алчноста за богатството, љубовта кон раскошот и надворешното покажување биле широко распространети. Сетилните задоволства, гозбите и пијанките предизвикувале телесни заболувања и дегенерација, што ги затапувале духовните перцепции и ја намалувале чувствителноста кон гревот. Јован требало да стои како реформатор. Со својот умерен живот и едноставната облека, тој претставувал укор за неумереноста во тоа време.” Копнежот на вековите, 100, 101.

Реформата во облекувањето е суштински дел од пораката на Реформното Движење, како што тоа било за пророчката служба на Илија и Јован Крстител; Сепак, оваа реформа мора да доаѓа од внатрешноста на срцето во кое владее Исус. Ова ќе биде очигледно во надворешните практики од нашиот секојдневен живот.

Исус потврдил, Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè.” (Матеј 17:11).

Свечено предупредување

“Ужасен грев е за нас како народ, ако дозволиме членовите на црквата да се облекуваат на начин што не е во согласност со нивната вера. Ние мора да се спротивставиме и да и ја затвориме вратата на модата. Ако не го сториме тоа, нашите цркви ќе бидат деморализирани.” – Testimony Treasures, vol. 1, p. 600.

“Сите пројавувања на гордост во облекувањето, што е забрането во Божјото Слово, треба да бидат доволна причина за црковна дисциплина. Ако постои континуитет во предупредувањето, во апели и молби, и ако тие и понатаму ја следат сопствената волја, тоа се смета како доказ дека срцето не е соединето со Христа. Јас, и само Јас, е предмет на обожавање, и еден таков самобендисан христијанин може да одвои многумина од Бога.“ – Ibid.

“Во Христово име, препороденото срце ќе отфрли сѐ што не е во согласност со Божјата реч. Залудно е да се кинат лисја од живо дрво. Тие пак ќе израснат. Секирата мора да се постави во коренот на дрвото, тогаш лисјата кои ќе паднат никогаш веќе не можат да се вратат. За да ги научиш мажите и жените на безвредноста на земните работи, мора да ги доведеш до Изворот на жива вода, и да ги натераш да пијат од Христа, сѐ додека нивните срца не се наполнат со Божјата љубов, а Христос во нив ќе биде извор на Вода која тече во вечен живот” – The Signs of the Times, July 1, 1889. 

“Очистете го изворот и потоците ќе бидат чисти. Ако срцето е исправно, твоите зборови, твојата облека, твоите дела ќе бидат исправни.” Testimony Treasures, vol. 1, p. 51.

Оживување и реформација

Треба да ја разбереме целта на вистинско оживување на првобитната побожност меѓу Божјиот народ и поврзаноста што оваа оживување ги носи со нејзините ефекти во нашиот секојдневен живот. Оживувањето без реформација води само кон емоционална религија. Реформацијата без оживување доведува до студен и критички легализам. Затоа, и двете мора да бидат обединети и да се надополнуваат еден со друг.

“Најголемата и најитната од сите наши потреби е оживувањето на вистинската побожност. Потрагата за ова треба да биде наша прва задача. Мора да постои сериозен напор за да го добиеме Божјиот благослов, не затоа што Бог не сака да ни го дарува Својот благослов, туку затоа што ние не сме подготвени да го примиме. Нашиот небесен Отец е повеќе наклонет да им ги го даде Својот Свет Дух на оние кои го бараат, отколку што земните родители се подготвени да им дадат добри дарови на своите деца. Но, наша работа е преку признавање, покајание и срдечна молитва да ги исполниме условите под кои  Бог ни ветил дека ќе ни го даде Својот благослов. Оживување може да се очекува само како одговор на молитвата. Сѐ додека луѓето се толку сиромашни со Божјиот Свет Дух, тие не можат да го ценат проповедањето на Неговото Слово; но кога силата на Духот ќе ги допре нивните срца, тогаш изнесената проповед нема да биде без ефект. Водени од учењето на Божјото Слово, манифестацијата на Неговиот Дух и користење на здравото расудување, оние што присуствуваат на нашите состаноци ќе стекнат драгоцено искуство и, кога ќе се вратат во своите домови, ќе бидат во состојба да шират здраво влијание.” Selected Messages, vol. 1, 121.

Забележете некои клучни изрази во овој цитат: “Наша работа е, преку признавање, покајание и срдечна молитва да ги исполниме условите под кои  Бог ни ветил дека ќе ни го даде Својот благослов.

Бог повикува на духовно оживување и духовна реформација. Ако до тоа не дојде, оние кои се млаки ќе стануваат сѐ поодвратни во Божјите очи, сѐ додека Тој нема да сака да ги признае за Свои деца.

Мора да дојде до оживување и реформација под влијание на Светиот Дух. Оживување и реформација се две различни работи. Оживување означува обновување на духовниот живот, оживување на силите на умот и срцето, воскресение од духовна смрт. Реформација означува реорганизација, промена на идеи и теории, навики и практики. Реформацијата нема да донесе добри плодови на праведноста ако не е поврзана со оживувањето на Духот. Оживувањето и реформацијата треба да го извршат своето дело, и во тој процес треба да се стопат” – Selected Messages, p. 127,128. 

На легитимното оживување му претходи вистинска реформација, а вистинската реформација е резултат на вистинско оживување. Овие два елементи мора да бидат тесно поврзани или ќе паднеме во екстремен либерализам или во екстремен фанатизам. Оваа рамнотежа е можна само ако гледаме на Исуса и го прифатиме како наш целокупен Спасител и Господар на нашиот живот.

Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и грев, што лесно се прилепува за нас, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.”  (Евреите 12: 1, 2).

Значи, ориентирајќи  се според  Библијата и Духот на пророштвото, Генералната Конференција и доктринарниот одбор  на Генералната конференција им се обраќаат на сите наши членови ширум светот да обрнат внимание и да ги почитуваат принципите на реформа во облекувањето. Еве некои конкретни упатства во врска со ова:

  1. Неумесно е нашите браќа, сестри и кандидати за крштевање да носат шорцеви, накит, облека без ракави и проѕирна облека.
  2. Неумесно е нашите сестри да носат долги панталони (тренерки), високи потпетици, да ја скратуваат косата, да се шминкаат, да ги бојат или лакираат ноктите или слични суети.

“Видов дека надворешниот изглед е одраз на срцето. Кога надворешноста е накитена со панделки, накит, и други непотребни работи, тоа покажува дека љубовта за таквите нешта доаѓа од срцето; сѐ додека таквите лица не се очистат од нивната расипаност, никогаш нема да го видат Бога, зошто само чистото срце ќе го види Него.” – 1 Сведоштво 136 (1856).  

Дали сме подготвени да го прифатиме крстот пред да можеме да ја примиме круната? Не постои друг начин. Нека Бог ни биде милостив да можеме да ги исполниме условите на вистински ученици!

Davi Paes Silva

Сподели го ова:

Слични објави